КАФЕ ПАУЗА

Водич за комбинирање бои во вашата гардероба

Водич за комбинирање бои во вашата гардероба

Да се соочиме. Повеќето жени сме ограничени кога станува збор за експериментирање со различни бои во нашата гардероба. Така, кога одиме да купуваме чевли најчесто одбираме црни, кафени, а не виолетови, сини или жолти. Како основна боја во облекувањето ја користиме црната или белата и ја комбинираме со некоја друга боја, бидејќи нели црно и бело одат со сè! По излозите во бутиците игнорираме сè што има чудно име на боја како тиркизна или циклама, бидејќи сметаме дека тие бои не би ни стоеле нам. Но, дали таквото ограничување е добар избор?rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrnЖените најчесто „замижуваат“ пред светлите, интересни бои бидејќи потајно стравуваат дека лошо ќе ги искомбинираат. Секоја жена кога се облекува се ограничува на горе-долу исти комбинации на бои, дезени и модни додатоци, повеќе држејќи се до она што го знае дека е добро, отколку да се обиде да експериментира со нешто ново. Реалноста е дека можете на себе да носите повеќе бои, отколку што мислите дека е можно.rnrnСо овој едноставен водич за комбинирање бои, ќе научите како без страв да облечете жиш црвени потпетици, без да се прашувате дали баба ви би ви одобрила така да излезете од дома. Најверојатно до сега сте виделе вакво тркало со бои на часовите по ликовно образование. Епа токму тоа, ќе ви заврши голема работа во правилното одбирање на боите кои ги употребувате при вашето секојдневно дотерување.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrn

Основни бои

rnЦрвената, сината и жолтата е познато дека се основни бои. Сите други бои се разни комбинации од овие три. Основните бои во гардеробата можат да изгледаат одлично и без да ги комбинирате со друга боја. Тоа значи дека ако одберете модерна нијанса од некоја од овие три бои, можете да изгледате шик, без да се китите со додатоци во друга боја за да „разбие“. Носењето една боја го издолжува и убаво го оцртува вашето тело.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrnДоколку униформниот изглед не е по ваш вкус и сакате да изгледате малку посмело, секогаш можете да се одлучите за варијантата: употребување на сите три основни бои во едно облекување, како што е прикажано на сликата долу.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrn

Комплементарни бои

rnrnПронаоѓањето бои кои се меѓусебно комплементарни е многу едноставно. Изберете една боја од тркалото со бои по ваш избор (за да изгледате поуникатно изберете секундарна или терцијарна боја, односно која било освен црвена, жолта или сина) и со прстот повлечете линија кон спротивната страна на тркалото поминувајќи низ центарот на кругот, за да го пронајдете нејзиниот комплементарен пар. Ќе забележите дека тие бои совршено си одговараат за креирање модни комбинации, бидејќи се спротивни бои. Дел од комплементарните бои се: портокалова/сина, виолетова/жолта, црвена/темно зелена.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrn

Аналогни бои

rnАналогните бои се уште полесни за пронаоѓање на тркалото со бои. Едноставно, одберете една боја од тркалото и потоа одберете ја бојата која се наоѓа од нејзината лева или десна страна и работата е завршена. Боите кои се аналогни една на друга, создаваат хармоничен и „слеан“ изглед. На сликата е прикажана модна комбинација од розова и црвена боја, за кои обично се вели дека не си одговараат добро. Но, ако добро ги искомбинирате, можеби ќе се изненадите од фантастичните резултати.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrn

Боја за акцентирање

rnОткако ќе го совладате тркалото со бои и ќе почнете да се гордеете со вашите лимон-жолти потпетици искомбинирани со морнарско сини комбинезонки, сепак не треба да заборавате и на поедноставните варијанти, за оние ситуации кои бараат да бидете поформално облечени. Сепак, можеби вашиот шеф не е голем љубител на тркалото со бои. Кога треба да се облечете поконзервативно, искористете понеутрални бои како црна, беж или морнарско сина и додадете некое парче облека во пожива боја, за да го освежите и модернизирате вашиот изглед. Суштината на модата се состои во слободата да го дадете вашиот сопствен печат преку облеката и постојано да бидете различни.rnrnВодич за комбинирање бои во вашата гардеробаrnrnЗа крај, мало потсетување доколку и понатаму се сомневате дека треба да почнете да носите други бои, од оние кои постојано ги комбинирате. Што и да одлучите престанете да си велите: „Црното ме прави послаба, не смеам да се облечам во портокалово“. Исто така, немојте да носите на едно излегување розов фустан, розови чевли и розова чанта. Зошто да го правите тоа кога не изгледа добро!? Обидете се да го освежите вашиот гардеробер со некоја нова боја, која досега сте се плашеле да ја пробате на себе.rnrnСо малку поголема самодоверба и добра комбинација, можете да изгледате волшебно и да заблескате каде и да зачекорите. Во реалноста, можете да ја носите која боја сакате, но треба да поседувате и желба за експериментирање со вашиот стил. Наскоро, како второ продолжение на овој пост, ќе ви покажеме и како да ги одредите нијансите бои, кои совршено одговараат на вашиот тен, боја на коса и очи.rn
rn


rnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.