Секој знае да се справи со успех и да ужива во него, но како се носиме со неуспесите и разочарувањата кои неминовно се случуваат во нашиот живот, зависи од карактерот. Проверете како вие, односно припадниците на вашиот хороскопски знак, се справуваат со проблемите.rnrn
rnrnОвенот никогаш не дозволува еден неуспех да го совлада. Неговата отпорност и необрнувањето внимание, му овозможува да ги остави проблемите во минатото и да продолжи да се обидува и да се обидува…rnrnБиковите секогаш ги игнорираат работите кои на сите други им личат дека се неуспех и продолжуваат да работат на тоа што почнале. Нивната истрајност често се покажува како одличен метод, но доколку нешто тргне наопаку, можат да се појават проблеми.rnrnБлизнаците се мајстори за опоравување од последиците од погрешна одлука, бидејќи тие често имаат неколку започнати работи одеднаш. Доколку една од нив не успее, тие едноставно вниманието го свртуваат кон некоја од останатите активности.rnrnРаковите имаат многу тешкотии да се соочат со реалноста и да ги остават работите да бидат такви какви што се. Сепак, тие поседуваат капацитет и секогаш пројавуваат иницијатива да создадат инспиративен план. Поради ваквиот начин на функционирање, тие секогаш се спремни да напредуваат самоуверено.rnrnСамоувереноста на лавот може да му опадне многу брзо доколку тој наиде на тешкотија или доколку почувствува дека ја изгубил поддршката од луѓето околу него. Неговата опадната самодоверба ќе го држи воздржан од повторно обидување, а за напредок ќе му биде потребно враќање на честа.rnrnДевиците се екстремно самокритични доколку нешто погрешиле. Сепак, тие веднаш штом сфатат дека направиле некој кикс, никогаш повеќе нема да им се случи да ја повторат истата грешка. Нивната зависност од работа ќе ги натера да ги прават работите како што треба.rnrnВагата може да се загрижи доколку нејзиниот углед е ставен во прашање, но истата оваа нејзина особина ја мотивира да го одржи притисокот во животот, кога нешто не е како што треба. Овие луѓе поседуваат генијални умови кои ќе осмислат паметен план како да се продолжи понатаму и да се избега од хаосот.rnrnСкорпијата сака да биде многу почитувана во нејзината професија и веројатноста за соочување со некаков проблем или грешка ја потресува. После некое време ќе мора да се соочи со тоа, а понекогаш ќе има тешкотии низ тој процес.rnrnКога станува збор за работа, стрелецот секогаш гледа само во еден правец, а тоа е напред. Поседувањето позитивна мисла и беспоштедна надеж, секогаш е спасувач во неговата кариера.rnrnЈарецот знае да биде потиштен кога ќе направи некоја грешка на работа, но најчесто има повеќе алтернативи кои би го вратиле во ритам. Откако ќе се ослободи од негативната енергија, се однесува како ништо да не се случило.rnrnВодолијата не се грижи што мислат останатите, ниту пак слуша многу совети. Како резултат на ова,често знае да „заглави“. Кога ќе се реши да се справи со своите грешки, таа брзо се враќа на правиот пат.rnrnРибите имаат големи проблеми да се вратат во нормала кога ќе погрешат нешто, бидејќи многу им паѓа самодовербата. Сепак, откако ќе сфатат дека грешки се случуваат, колебливо одново се обидуваат.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
