КАФЕ ПАУЗА

Tag: Tip of the Week

  • Фокусирајте се на вашите задолженија, туѓите оставете им ги на другите

    Фокусирајте се на вашите задолженија, туѓите оставете им ги на другите

    Калин БабушкуrnrnСите ние си имаме свои задолженија, како на работа, така и дома, но неретко знаеме да направиме екскурзии и да се „позанимаваме“ со задолженијата на другите, а нашите да ги занемариме. И сè е тоа во ред сè додека нашите задолженија не се завршени навреме и правилно.rnrnfokusirajte-se-na-vashite-zadolzhenija-tugjite-ostavete-im-gi-na-drugite-kafepauza.mkrnrnИма многу работи кои влијаат на тоа, но мислам дека моментот на „туѓото е послатко“ е она што нѐ влече да се зафатиме со туѓите работи, па дури после тоа со нашите. И сето тоа мешање во туѓите работи незавршување на своите, влијае како на вас, така и на самата средина во којашто сте. Влијае на вашата самодовербата, но и на самодовербата на вашите колеги, пријатели, брачни другари итн. Не велам дека не треба да се помогне, туку сакам да обрнам внимание на завршување на своите обврски и задолженија. А не, помагаме на сите, а тоа што ние треба да го завршиме го оставаме последно или го завршуваме површно. Е, па тоа не е во ред.rnrnЕве ви неколку совети како да се држите до вашите задолженија, па дури после тоа на туѓите:rn

      rn011

    • Правилна работна позиција – Можеби ќе треба да поразговарате со тој/таа што ви ги доверил тие задолженија за тоа дали тие се прифатливи за вас, односно дали сте вие за тие задолженија.
    • rn011

    • Фокус – Бидете фокусирани на она што го работите и на вашите задолженија, со тоа што ќе дадете максимум од вас. Дополнително на ова, фокусирајте го целосно вашето внимание на она што го работите. Немојте да бидете површни.
    • rn011

    • Сигурност – Бидете сигурни во себе и во она што ви е дадено како задолжение. И да згрешите, не е крај на светот. Но, гледајте да грешите што помалку.
    • rn011

    • Нека не ве интересира што прават другите, ако вие не сте ја завршиле вашата работа.
    • rn011

    • Емоции – Научете се да ги контролирате емоциите и мислите. Тоа ќе ви помогне многу да бидете фокусирани на она што го работите.
    • rn011

    • Максимум од себе – Давајте максимум од себе за сè што работите, па дури и за оние задолженија кои не ви се баш по ќеиф.
    • rn011

    • Имајте листа на задолженија пред вас и гледајте да се држите до неа. Тоа ќе ви помогне да се држите до вашите задолженија, а не до туѓите.
    • rn011

    • Стрес – Контролирајте го стресот затоа што тој може да ви го одвлече вниманието од вашата работа.
    • rn

    rnИ јас тука можам да ви напишам уште мал милион совети како да се држите до вашите задолженија, но сепак најважно е: Прво средете си го вашиот двор, па мешајте се во дворовите на другите околу вас.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Научете да бидете одговорни

    Научете да бидете одговорни

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали знаете дека број 1 причина за неостварување на нашите цели (деловно и приватно) е немање или недостаток на одговорност?!rnrnnauchete-da-bidete-odgovorni-kafepauza.mkrnrnОдговорноста е една од најважните човечки карактеристики. Правејќи истражување за оваа тема и анализирајќи го значењето на (не)одговорноста како особина, налетав на неверојатен број аспекти каде и како таа ни се одразува на нашиот приватен и деловен живот, а ние не сме свесни дека тоа е поради таа карактерна особина.rnrnОдговорноста го развива и прави нашиот карактер посилен, го зголемува нашиот кредибилитет, влијае на остварување на нашите цели, а и ги прави другите околу нас посреќни. Нискиот степен на одговорност нѐ прави многу слаби и ранливи. Многу лесно може да ни избега паметот, да се занесеме по други „глупости“ и да правиме многу пропусти. И доколку не се менуваме и не работиме на развој на нашата одговорност, ќе стагнираме во развојот и работата и другите ќе нѐ престигнат.rnrnСамоодговорноста се одразува на нашата самодоверба. Помало ниво на одговорност, помала самодоверба и обратно. А самодовербата е таа што нѐ води во животот и ни помага да ги поминеме и најголемите пречки, како на работа така и приватно. Луѓето со поголема самодоверба имаат поголема контрола на својот живот и се поефикасни во извршување на своите задачи. Тие ја преземаат одговорноста за своите емоции, мисли и постапки. Тоа значи дека тие се свесни и одговорни за последиците од своите постапки (позитивни или негативни), и наместо да ги обвинуваат другите или себеси, се фокусираат на решенијата и учење од тие ситуации.rnrnЕдна од најкарактеристичните одлики на неодговорните личности е што многу брзо им се здосадуваат работите. Поради тоа губат интерес за тековните работи, губат фокус и прават грешки. Си викаат дека одговорностите сега им се досадни, неважни и глупави. Ако имале поголеми одговорности, ќе се однесувале попрофесионално и ефикасно. Но, мора да сфатиме, никогаш никој нема да ни даде повеќе или поважни одговорности, доколку не си ги завршиме најпрофесионално и ефикасно сегашните, тековни одговорности. Малите работи најдобро го отсликуваат нашиот вистински карактер.rnrnВо прилог еве една листа на фактори/начини како да влијаете на јакнење на вашата одговорност:rnrn1. Свесност: Секогаш кога сакаме да влијаеме на некоја наша карактерна особина мора да имаме на ум дека треба да сме свесни за сите работи што ги правиме и што ни се случуваат. Да бидеме свесни за нашите постапки и како тие се одразуваат на нас самите, а и на другите. Бидете свесен набљудувач и не се плашете од вистината. Тешко е да ја прифатиме вистината и затоа секогаш мозокот ќе си најде одговор зошто ние го правиме тоа, а не дека сме помалку одговорни.rnrn2. Работете на вашето его: Егото во суштина е најголемата пречка да увидиме и прифатиме дека сме неодговорни. Тоа ќе ѝ застане на патот на нашата свесност да ги воочи нашите пропусти и слабости. А не постои полошо нешто ако сме убедени дека сме многу одговорни, а во реалноста да е сосема спротивно. Тоа значи дека можеби никогаш и нема да се освестиме и да направиме некаква промена за да ја развиеме нашата одговорност. Егото не постои, тоа е измислица на нашиот ум, тоа е наш создаден принцип и заклучок. Сменете ги мислите и принципот/заклучокот ќе се смени.rnrn3. Развивајте ја вашата самодисциплина: Дисциплината е карактеристика на одговорните луѓе. Дисциплина значи поставување на цели, без разлика дали микро, мали, средни или големи и нивно остварување, без притоа да ни летне паметот на други места. Често на нашата дисциплина влијаат надворешните фактории, нѐ заведуваат и оттргнуваат од тековните работи. Наша задача е да не потклекнеме и да бидеме цврсти на зборот/ветувањето што си го имаме дадено на себе и на другите и да ги извршиме зададените цели. Дисциплината најдобро се учи на ситни задачи и обврски. Направете листа на мали работи што сакате да ги направите денес и бидете дисциплинирани во нивната реализација.rnrn4. Развивајте ја вашата вештина за мултитаскинг (работење повеќе работи одеднаш): Малку е контрадикторно со мојот претходен текст за мултитаскинг и тврдењето дека не може ефикасно и ефективно да се работат повеќе работи одеднаш. Но, со свесно развивање (вежбање) на мултитаскингот, го напрегаме мозокот и го тераме да мисли повеќе. Со работење на неколку работи одеднаш, а со цел да ги сработиме ефикасно и квалитетно ќе мора да бидеме повеќе одговорни, фокусирани и внимателни при сите активности.rnrn5. Престанете да барате изговори и да ги обвинувате другите: Изговорите се одлика на неодговорните. Наместо да се фокусирате и да трошите енергија на барање на кривецот (колега, менаџер, времето, кризата, Марсовците итн..) фокусирајте се на причината и признајте си зошто не сте ја завршиле работата. Дали поради тоа што ве мрзело, не ви било предизвик, ви било досадно, сте биле уморни, сте сакале да си работите нешто поинтересно, не сте биле заинтересирани итн. Исто така ако постојано барате кривец во некој друг, се жалите дека тие се виновни за вашите неуспеси, нема да стигнете многу далеку.rnrn6. Признајте ги вашите грешки: Одговорните луѓе не се плашат и не кријат да си ги признаат своите грешки. Луѓе сме и грешиме. Наместо да ги криеме работите и да ги ставаме под черга, треба да се соочиме со нашите грешки, да си ги признаеме, да научиме од нив и да продолжиме помудри понатаму. Ако не ја признаеме грешката ем ќе изгубиме време во нејзино поправање и прикривање, ем нема да научиме од неа (и истата грешка ќе ја направиме следниот пат). А дополнително, доколку ја прикриваме, може подоцна да ни направи уште поголем проблем.rnrn7. Бидете проактивни: Ако видите дека нешто не се прави, а верувате дека ќе биде добро за сите, преземете иницијатива и направете го. Исто важи и за работи што не сакате да ги направите, бидејќи тоа е задача на друг колега (да се исчисти кујната).Тоа ќе ве направи посилни и позадоволни, и повеќе одговорни за работите што се околу вас. На тој начин работите паралелно и на правење работи што не ви се допаѓаат. Тоа пак влијае на подобро искористување на времето (time management). Одложувањето на работите што не ни се допаѓаат е еден од 3-те најважни фактори за лошо менаџирање на времето.rnrn8. Немојте да одложувате: ОДЛОЖУВАЊЕТО е врвот на неодговорноста. Одговорна личност ќе ја заврши работата бидејќи така рекла дека ќе направи. Секое одложување е поврзано со некоја слабост на карактерот – недисциплина, невреднување на нашиот збор, мрзеливост итн.rnrn9. Помагајте на другите: Ќе станете повеќе одговорни, бидејќи не станува збор за вас. Тука треба да мислите за другите. Нашите грешки и пропусти ќе влијаат на другите (може и фатално). Дали ви се случило да ви умре рипката бидејќи сте заборавиле да ја нахраните?! Размислувајте како вашите постапки ќе влијаат на другите. На овој начин ја развивате и вашата вештина за емпатија и ќе го направите она што многу малку луѓе го прават (ние луѓето не размислуваме како нашите постапки влијаат на другите, а во некои ситуации дури заземаме и „баш ми е гајле“ став).rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога е вистинскиот момент?

    Кога е вистинскиот момент?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСите сме во некаква потрага по тоа кога е ВИСТИНСКИОТ МОМЕНТ. Постојано сме во спрега со тоа чудно прашање: дали е вистинскиот момент сега? А кога е?rnrnkoga-e-vistinskiot-moment-kafepauza.mkrnrnНајголемиот проблем е што додека чекаме да дојде вистинскиот момент, времето си поминува. Па така и се враќаме назад на прашањето: кога е вистинскиот момент? Немојте да очекувате или да чекате некој да ви помогне околу наоѓање на одговорoт на тоа прашање, затоа што вистинскиот момент е кога вие ќе се почувствувате подготвени! Тоа е најпростиот одговор.rnrnЕве ви некои совети, како побргу да дојдете до вистинскиот момент, односно да се почувствувате подготвени:rn

      rn011

    • Немојте да седите со скрстени раце и ништо да не преземате, бидете сигурни дека никогаш нема да дојде вистинскиот момент.
    • rn011

    • Истражувајте наоколу за тоа што сакате да направите. Видете како другите го направиле тоа. Консултирајте се.
    • rn011

    • Прашувајте наоколу, но немојте да применувате сè што ќе ви кажат. Учете од туѓите грешки (можеби звучи како клише, но мое е да кажам) и ако може да не ги повторувате нивните грешки, уште подобро.
    • rn011

    • Намалете ги можните ризици до нула или многу малку. Тоа ќе го направите, ако планирате квалитетно и доволно време.
    • rn011

    • Доколку финансиите се проблем (а речиси се секогаш), истражете ги сите опции за наоѓање инвестиции (банки, пријатели, кофинансиери, роднини, итн.)
    • rn011

    • Имајте време и за себе и за себеанализирање, можеби и ќе согледате некои работи што ќе ви помогнат.
    • rn011

    • Размислете многу и за вашата иднина, надвор од работата или обратно.
    • rn011

    • Побарајте, ако ви треба, поддршка од блиската околина, но немојте да се декуражувате доколку не ве поддржат…
    • rn011

    • Верувајте во себе.
    • rn

    rnЗа што и да сте чекале дали е вистинскиот момент, немојте да чекате туку почнете да доаѓате до тој момент што побргу, ако не и веднаш. Вистинскиот момент е кога сте вие подготвени.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Да живееме, цел живот!

    Да живееме, цел живот!

    Автор: Петар ЛазаровrnrnНеколку пати во последниве недели во различни ситуации се отвора дискусија или некоја ситуација каде што главен фокус е „животот“ и „живеењето“. Меѓутоа посебно ме изненади и позитивно поттикна да споделам со вас една ситуација која се случи пред некој ден. Собрани неколку пријатели во кафуле, еден мој пријател наздрави со здравицата „да живееме, цел живот“. Сите изреагиравме многу позитивно, и нормално се разви пријатна дискусија.rnrn0-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrnАко ја анализираме убаво таа порака и малку подлабоко навлеземе во нејзината суштина, ќе видиме дека во неа се крие еден цел универзум на прашања, сознанија, идеи, техники, методи, стратегии, вештини и што уште не. Овде не ставува збор само да живееме додека не умреме (што генерално сите знаеме и го правиме, т.е. преживуваме), туку нешто многу поголемо. Една цела ЗЕН концепција се крие зад таа мудрост. Овде станува збор за среќен и мирен живот, исполнети и задоволни од себе, исполнети со љубов, реализирани, балансирани во умот и нашите постапки, се мисли на остварување на своите зацртани планови, формирање на задоволно и среќно семејство и многу други работи што ни го прават животот убав.rnrnВо секој случај, да не се правам паметен, многу филозофи, автори, мудреци знаени и незнаени го разработувале прашањето за среќен и исполнет живот, и пак не е најдена некоја едноставна формула како да го постигнеме тоа. Ако некој знае таква формула за успех, го молам да ми ја пише веднаш. Но, мислам дека ќе мора да се задоволиме со фактот дека нема едноставна и брза формула за успех, и со цел да го оствариме тоа, ќе мора да ги засукаме ракавите и да работиме напорно на самите нас. Еве неколку практични совети, кои јас пробувам да ги следам (иако тешко оди) и верувам дека ако работиме на нив напорно и континуирано, може да влијаат позитивно на нашиот живот:rnrn1-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn1. Свесност и искреност со себе: Нема, свесен или не, сите ние сме некаде на скалата на свесноста. Некој повисоко, некој пониско. Идејата е да бидеме што повеќе будни, со отворени очи, и реални за состојбата, случките околу нас и емоциите кои ги развиваме. За жал, опкружувањето, системот, медиумите, родителите, образованието, влијаат на нашата реалност и ни креираат слика која не е секогаш наша. Свесноста е контрола врз умот. Свесност е кога знаеме дека играме безбедно бидејќи ни е страв да не погрешиме, или кога го затвораме срцето, за да не бидеме повредени. Но, не и да се лажеме во тие ситуации дека ние така намерно правиме и дека отсекогаш така сме постапувале. Свесност е да не се лажеме себеси за нашите инстинкти и мотиви. Да бидеме искрени со себе.rnrn2. Следете ја вашата вистинска природа (вредности): Кои сме ние вистински? Кои се нашите желби, мотиви, вредности, потреби? Сето тоа го знае вашето срце, но за жал мозокот е тој што ни ги прави сите пречки. Слушајте го повеќе срцето, и намалете го рациото. Правете го тоа што го сакате и што ве прави среќни. Не (помалку) слушајте ги другите што ќе решат или избегнувајте го концептот „затоа што така треба“. Ако не ви се допаѓа нешто, променете го.rnrn3. Престанете да ја барате љубовта на вашиот живот: Таа ќе се појави кога ќе почнете да правите работи што ги сакате и уживате во нив. Но, прво преиспитајте се дали профилот што го креирате и ви треба е навистина тој или е креиран од вашата имагинација и се базира само на вашите желби.rnrn4. Не се изложувајте на непотребни информации: Намалете на ТВ, вести, весници и други информативни алатки. Читајте повеќе книги и литература од вашата област на специјализација. Тоа многу повеќе ќе ви помогне во животот отколку да ги знаете сите информации од денешните вести, по неколку пати.rnrn5. Отворете се повеќе: Отворете го умот, срцето и рацете. Отворете се за нови искуства и нови луѓе. Ако ви е тешко, почнете со експериментирање со нови вкусови (храна), облека, места за излегување, ситни работи што не ги правите секој ден, а нема да ви се одразат драматично на животот и работата.rnrn6. Бидете оптимисти: Оптимизмот дава надеж. А надежта последна умира. Одете до крај. Оптимизмот води кон ентузијазам.rnrn2-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn7. Живејте во моментот: Овој совет е најЗен! Времето не постои, постои само моментов! Цел живот го поминуваме во мислење за тоа „што се случило“ и „што ќе се случи“. Но, едното поминало, а другото не знаеме дали ќе дојде. Уживајте во моментите, повеќе.rnrn8. Не глумете маченици: Секој си го има својот товар со себе. Како ти е тебе, така му е и на другиот.rnrn9. Страдања: ПРИФАТЕТЕ дека тешки и лоши ситуации, проблеми, несреќи и други неубави работи имало, има и ќе има. Тоа е прво, да прифатиме. Следно е да пробаме да не се фокусираме на тоа што било, туку на пронаоѓање на најдобро и најефикасно решение како да се справиме со новонастанатите ситуации.rnrn10. Не се врзувајте за материјалното: Знам дека ова е многу тешко, посебно кога цел свет промовира и подржува материјалност, но не треба многу да се врзуваме со некои ситници и неважни предмети.rnrn11. Немојте да сте многу строги кон себе: Критичкиот родител кај секој од нас е присутен. Секогаш ќе биде нашиот најголем критичар. Нека се опушти малку.rnrn12. Бидете благодарни на она што го имате: Бидете дете и радувајте се на сите ситници како што тие се радуваат. Гледајте ги децата.rnrn3-da-zhiveeme-cel-zhivot-kafepauza.mkrnrn13. Сите грешиме: Види бр. 11rnrn14. Простете: Сите ние ја чуваме во себе лутината на тие што сме им лути. Нема потреба.rnrn15. Карма: Има секакви објаснувања за кармата. Јас ќе го искористам објаснувањето што се поистоветува со 3-от Њутнов закон и кој вели дека кармата е акција-рекација на животот, односно акциите што ги правиме ни се рефлектираат преку реакциите што ги добиваме. Внимавајте на вашите акции.rnrn16. Натпреварувајте се со себеси: Другите се интересни, но вистинскиот натпревар треба да е со нас самите. Да бидеме подобри од она што сме биле вчера.rnrn17. Вежбајте некоја ментална или физичка активност: Физичката активност ќе ви ја потроши негативната енергија и ќе ве врати во живот, а менталната ќе ве научи како да го избегнете или да се справите со стресот.rnrn18. Животот е краток, живејте го својот сон. Мудро!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Клучот за успешен состанок – дефинирање на работите

    Клучот за успешен состанок – дефинирање на работите

    Автор: Калин БабушкуrnrnНекои луѓе велат, крајот го краси делото. Тука е моментот каде што многу пати знаеме да затаиме. Да се договориме, но не и да ги дефинираме работите.rnrnTeamworkrnrnДефинирањето на работите е нешто што треба да се случи на крај на кој било разговор, состанок или каква било коресподенција. За жал, кај нас голем број состаноци или разговори, завршуваат со недефинирани следни чекори, што доведува до неизвршување на работите или толкување на работите според сопствено убедување (кој како сака). Последица на тоа е:rn

      rn011

    • непродуктивен состанок
    • rn011

    • погрешни или различни заклучоци
    • rn011

    • интерпретација на работите како што ви одговара
    • rn011

    • проблеми во комуникација
    • rn011

    • неизвршување на работата
    • rn011

    • конфликти и ред други непријатни ситуации
    • rn

    rnИ сето тоа затоа што работите на крајот не биле дефинирани како што треба.rnrnНекои од алатките што ви се потребни, за да ги дефинирате работите се:rnrnЗабелешки – при секој состанок, прво дефинирајте кој ќе води записник, а најдобро ќе биде и самите вие да си запишувате некои важни работи.rnrnЗаписник – после секој разговор или состанок, некој ќе треба да направи записник од тоа што сте го разговарале.rnrnСподелување – сè што е запишано, треба да биде споделено со сите кои биле присутни на состанокот или разговорот, за да може да се знае што било договорено.rnrnСумирање – доколку никој од присутните не води записник или запишува, убаво би било состанокот или разговорот на крај да го сумирате со истакнување на важните работите!rnrnПотсетник – доколку сте во можност, испратете до сите потсетник за работите што треба да се направат или сте ги договориле.rnrnСекако, има уште многу работи што можете и треба да ги правите после секој состанок или разговор, но најважно е да не останат работите недефинирани. Со користење на некои од алатките, кои ви ги наведов или не ги наведов, можеби уште во самиот старт ќе разберете дека тотално различно сте се разбрале или пак исто размислувате. Доколку сте се разбрале тотално различно, подобро порано да сфатите отколку после долг временски период.rnrnБез оглед на исходот на состанокот, немојте да ги оставите работите недефинирани или непрецизирани. Последиците што може да се случат, после тоа, можат да бидат контрапродуктивни. Затоа, почнете уште денес да ги дефинирате работите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вистината за мултитаскингот

    Вистината за мултитаскингот

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДали ви се случило да пишувате е-пошта и во исто време да зборувате на телефон/со колега, или да отворите 3 различни е-пораки и да започнете да одговарате на сите паралелно?rnrn1-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМултитаскинг или работење на повеќе работи одеднаш е концепт кој ние многу често го користиме/кажуваме во секојдневното работење (а и живеење). Многу често со моите пријатели и колеги разговараме за ефектот на мултитаскингот, т.е дали можеме да работиме повеќе работи одеднаш, а тоа да нема негативно влијание врз крајниот резултат на некоја од нив. Често знаеме да кажеме, и сме многу уверени во тоа, дека ние сме многу добри во работење на неколку работи одеднаш, а дека тоа не смета на резултатот. Дури јас познавам ѝ неколку горди експерти во мултитаскинг.rnrnНо дали е вистински така или тоа е една голема заблуда со која живееме?!rnrn2-vistinata-za-multitaskingot-kafepauza.mkrnrnМногу истражувања и анализи се правени во последно време за ефектот на мултитаскингот во работењето. И сите резултати велат дека ние не сме толку добри, како што мислиме, во извршување на повеќе работи одеднаш. Првиот проблем е во делот од реченицата што вели „како што мислиме“. Сите ние мислиме и цврсто веруваме дека може да правиме повеќе работи одеднаш. А знаеме дека мозокот е експерт за само-залажување.rnrnСпоред истражувањата мултитаскингот ја намалува нашата продуктивност за дури 40%, го забавува нашиот прогрес, влијае на нашиот фокус и ја намалува можноста за учење на нови информации. Тоа се случува бидејќи мултитаскингот бара голема когнитивна способност. Нашиот мозок, работејќи повеќе работи одеднаш, поминува низ многу тежок ментален предизвик. Првиот предизвик е т.н „менување на целите“ – решаваме да правиме друга работа наместо тековната. Во оваа ситуација 2 задачи се борат да користат ист дел од мозокот. Вториот предизвик е т.н „менување на улоги“ – менување на правилата од тековната активност, во други правила за новата задача. Ова претставува огромен напор за нашите мозоци и поради тоа, несвесно, нам ни се намалува продуктивноста, концентрацијата и фокусот.rnrnЗборот мултитаскинг оригинално доаѓа од компјутерскиот речник и претставува способност микропроцесорот да процесира повеќе задачи (процеси) симултано. И бидејќи компјутерите може да вршат повеќе работи одеднаш, тоа влијае ние да мислиме дека тоа е и наша вештина. Но, она што треба да го имаме на ум е дека компјутерите постојано се надградуваат и менуваат. Тоа значи дека, ако сакаме и ние да ја развиваме нашата вештина за мултитаскинг, треба и ние да ги надградуваме нашите процесори (мозокот). Според истражувањата, мултитаскингот е вештина која се учи/тренира. Но, за тоа треба да се едуцираме, да ги спознаеме техниките на работа и да вежбаме напорно.rnrnИма една приказна што вели дека Моцарт можел да прави 2 работи одеднаш и тоа без никакви последици на финалниот резултат од тие активности. Често знам да им кажам на колегите и другите што мислат дека не им смета мултитаскингот во работата – ако сте како Моцарт во тој случај јас не ви коментирам ништо. Но, ако не сте, тогаш единствено ќе може да прифатам дека сте добри во мултитаскингот само ако работите на техниките за развој на таа вештина. За мало појаснување на ликот и делот на Моцарт – тој ја напишал својата прва симфонија на 8-годишна возраст.rnrnНАПОМЕНА: кога зборуваме за мултитаскингот и неговото негативно влијание повеќе се мисли за извршување на повеќе важни/сериозни активности. Некои ситни и не толку важни задачи, нашиот мозок има капацитет да ги обработи без некои посебни проблеми. Пр. гледање телевизија и јадење, вежбање, пеглање итн.rnrnЗначи може да заклучиме дека „MythBusted“ (митот е разбиен). И следниот пат кога ќе кажете „можам да правам повеќе работи одеднаш“, размислете убаво!rnrnСо успех во имплементацијата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што значи да се биде професионален?

    Што значи да се биде професионален?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСите убаво знаеме дека за да бидеме успешни во која било работа и на кое било поле, треба да бидеме професионални. Но дали е тоа така? Дали сме професионални? Дали се придржувате до она што сте го ветиле или договориле?rnrnshto-znachi-da-se-bide-profesionalen-kafepauza.mkrn

    Постојат 5 работи коишто се својствени за еден професионалец, а тоа се:

    rn

      rn011

    • карактер
    • rn011

    • став
    • rn011

    • стручност
    • rn011

    • компетентност
    • rn011

    • однесување
    • rn

    rnЗнаејќи го нашиот менталитет и скромност, сигурен сум дека поголемиот број ќе кажат дека ги поседуваат сите 5 карактеристики или најмалку 3 од нив.rnrnЈас за секој случај ќе споделам со вас неколку совети што можат да ја зајакнат вашата професионалност и се надевам дека тие ќе влијаат на вас. Се надевам дека советите ќе побудат размислување и ќе ве натераат да промените нешто кај вас и ќе бидете попрофесионални.rnrnЗапишете што сè треба да направите – така ќе ја намалите веројатноста дека нешто или некого ќе заборавите.rnrnНе чекајте до утре – ако може веднаш да го завршите, завршете го. Ако не можете, дефинирајте кога можете или делегирајте.rnrnСтоjте на тоа што сте го договориле – немојте да ги менувате ставовите и работите што сте ги кажале за краток период. Ако ништо друго, дајте им време да дознаете дали тоа зад кое сте стоеле е правилно или не.rnrnДефинирајте ги работите – Инвестирајте време во планирање и во дефинирање на задачите, со тоа ќе имате помала веројатност да испаднете непрофесионален.rnrnБидете стручни во тоа што го работите – Инвестирајте време во дообразување или консултирајте се со луѓе коишто имаат познавање. Немојте да дозволите да бидете назад со времето.rnrnЛичност од доверба – Да може луѓето да ви се доверат, да имаат сигурност во вас.rnrnБидете чесни – Кажувајте ја вистината и она што навистина го мислите. Немојте да зборувате зад грб.rnrnИмајте интегритет – Бидете препознатливи во своите принципи и ставови.rnrnПочитувајте ги другите – Третман кон сите луѓе со подеднаква важност.rnrnБидете позитивни – Никој не сака песимисти. Да се има оптимистички став кон работите и да пробувате да наоѓате решенија на проблемите, прави голема разлика.rnrnСлушајте внимателно – Луѓето сакаат да бидат слушнати, па дајте им можност соодветно да ја презентираат својата идеја.rnrnБидете фокусирани – Немојте да дозволувате лесно да се дефокусирате. Немојте да дозволите приватните проблеми да ви влијаат на работата и обратно.rnrnПоддржувајте ги другите – Помогнете им кога е потребно. Најдете време да им покажете на вашите колеги или пријатели како правилно да ги завршат работите (ако знаете како).rnrnОдржувајте добри релации – Со сите околу вас (пријатели, колеги, соработници, клиенти, итн.).rnrnИмајќи ги предвид поголемиот дел од работите што ги наведов, а и оние што ги немам наведено, многу лесно може да се дојде до заклучок дека е лесно да се биде професионален, само треба да се има желба. Желба да се промените! Желба да бидете навистина професионални!rnrnСо успех во промените!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Контакт со очи: Совладување на вештината за гледање на луѓето во очи

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДоколку, поради лични или професионални потреби сте имале можност да го изучувате говорот на телото, сигурно ви е позната важноста и значењето на контактот со очи. Очите претставуваат еден од најважните фактори во ефективната комуникација и имаат огромно влијание врз социјалните однесувања. Со очите ние разменуваме емоции, покажуваме одредени ставови, a и флертуваме. Преку нашите очи ние комуницираме со светот. Ги апсорбираме информациите од околината, сите убави и сите неубави нешта. Преку очите се поврзуваме со другите. Гледаме длабоко во другите и дозволуваме другите да погледнат кај нас.rnrnrn

    Очите се прозорец на душата – Народна поговорка

    rnkontakt-so-ochi-sovladuvanje-na-veshtinata-za-gledanje-na-lugjeto-vo-ochi-kafepauza.mkrnrnСигурен сум дека старите не навлегувале толку психолошки во концептот на контакт со очи или говорот на тело, како наука, не им бил познат за да ги сфатат очите и нивната важност. Тие низ годините, низ искуството и прераскажувањата, ја препознале важноста на очите и на погледот.rnrnКога гледаме некого или некој не гледа нас, како се чувствуваме?! Дали се чувствуваме пријатно или не? Дали на состаноци секогаш ни е лесно да воспоставиме контакт со соговорникот? Дали сакаме некому да дозволиме лесно да влезе во нашата душа или мисли? Во зависност од ситуацијата и од околностите, понекогаш ни е пријатно да ги гледаме или да нѐ гледаат другите, но понекогаш и не.rn

    Ова се најважните моменти кога не може да ги гледаме луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Криење/лага – Доколку сакате да скриете нешто од другите или да ги излажете, може да имате проблем со гледање во очи. Ние си мислиме дека преку очите ќе им ја кажеме вистината на другите. Е сега, голем број на оние што лажат веќе го знаат ова (свесно или не) и научиле дека кога лажат треба да ги гледаат луѓето во очи. Ова, генерално потекнува уште од нашата најмала возраст кога родителите нѐ учат да ги гледаме во очи и да им ја кажеме вистината. Децата брзо сфаќаат дека кога сакаат да излажат, само треба да ги гледаат родителите во очи.
    • rn

    rn

      rn011

    • Маскирање на емоции – Понекогаш не сакаме да излажеме некого, но сакаме да сокриеме некоја емоција или состојба во која се наоѓаме. Не гледајќи ги во очи, мислиме дека ќе ги намалиме шансите да нѐ фатат.
    • rn

    rn

      rn011

    • Несигурност – Ова е една од најголемите причини за одбивање на гледање во очи. Доколку се најдете во ситуација со подоминантна личност, менаџер од повисока позиција и моќ, доколку сте несигурни во себе, ќе ви биде многу тешко да ги гледате во очи. Кога ќе влезам на состанок, во зависност од тоа дали другата личност ме гледа во очи или го избегнува погледот, мене ми е јасно каде е оската на моќ и како понатаму ќе се развива муабетот. Ако се најдеме некогаш на состанок, гледајте ме во очи :).
    • rn

    rnВо нашето општествено опкружување, фокусот на погледот (гледање во очи) е многу важен во професионалната комуникација и делување. Многу истражувања покажале дека, луѓето што воспоставуваат повисоко ниво при контактот со очи, се перципирани како: подоминантни и моќни, потопли и приемчиви, атрактивни и сакани, со повеќе вештини и знаење, луѓе од доверба, искрени, сигурни и емоционално стабилни.rnrnЗатоа, ако сакате да оставите впечаток некому или во деловната комуникација (преговори) да презентирате сигурен став, мора да научите да ги гледате луѓето во очи.rnrnСепак, кога зборуваме за значењето на очите и погледот, од оваа перспектива, повеќе се мисли на денешната западна култура на живеење и работење.rnrnВо другите култури можно е да добиеме погрешен впечаток, ако го следиме ова правило. На пример, во муслиманскиот свет, фокус и поглед директно во очи на некој од спротивниот пол е навредливо. Јапонците не воспоставуваат контакт со очите, со луѓе со повисоки титули (хиерархија) од нивната. Затоа, многу е важно да ја знаеме точно ситуацијата во која сме и заднината на оној со кого разговараме.rn

    Совети како да ја развиете вашата вештина за гледање на луѓето во очи:

    rn

      rn011

    • Релаксирајте се во разговорот – Не му придавајте големо значење на разговорот и на соговорникот, дали ќе бидете добри или не. Како и со сè друго, што повеќе размислувате на тоа, толку подлабоко навлегувате во проблемот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Концентрирајте се на едното око – Не гледајте ги луѓето наизменично во двете очи. Фокусирајте се на едно око и на тој начин ќе воспоставите поголема контрола.
    • rn

    rn

      rn011

    • Избегнувајте зјапање во очи – Погледот нека ја следи релаксираната атмосфера на разговорот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Активно слушање – Доколку сте активен слушател и внимателно го слушате соговорникот, тогаш нема потреба да се грижите за тоа каков ви е погледот со очите.
    • rn

    rn

      rn011

    • Смејте се со очи – 2 мускула на лицето се најважни во процесот на смеењето. Мускулите на јаболчниците и на надворешната страна на очите. Оние на очите ни покажуваат дали некој вистински се смее или само од култура.
    • rn

    rnГледајте го контактот со очите како ментален предизвик – Најважно е да сфатиме дека гледањето во очи е тешка ментална активност и побарува големо когнитивно напрегање. Доколку сакаме да скриеме нешто или да излажеме или сме несигурни, мозокот секогаш ќе иницира тргање на очите од погледот кон соговорникот. Наше е да не потклекнеме.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Значењето на малите нешта во текот на работниот ден

    Значењето на малите нешта во текот на работниот ден

    Автор: Калин БабушкуrnrnКолку и да не ги забележуваме или се противиме на нив, сепак малите работи го прават нашиот ден. Големите се само шлаг на тортата, но за да дојдете до големата работа, малите работи се тие што ве одржуваат во форма и со концентрација.rnrnznachenjeto-na-malite-neshta-vo-tekot-na-rabotniot-den-kafepauza.mkrnrnИмајќи предвид дека поголемиот дел од времето (не) го поминуваме дома (работа, училиште, итн.), еве некои мали работи што ги правиме секојдневно, а не сме ни свесни дека се случуваат околу нас:rnrnКолеги – колку е убаво кога имаш колеги со кои можеш да поминеш пријатно време во ненапната атмосфера и згора на тоа се насмеани, што дополнително ви ја прави атмосферата на работа пријатна.rnrnАктивности што ги сакате – тие се тука околу вас, сакале вие да признаете или не, но понекогаш сме толку пренатрупани со работи кои не ги сакаме, а ги работиме, па некако ги занемаруваме оние убавите.rnrnВаш простор – со ваша работна маса и само ваш компјутер, кој може да си го средите како што сакате вие.rnrnПауза – можете да ја земете кога сакате, во временски период кој ви одреден за тоа.rnrnКафе-паузи – достапни ви се во кој било период од работниот ден. Па уште и ако сте пушач, кафе и цигара (иако сум голем противник на цигарите, но претпоставувам дека е задоволство за пушачите), задоволство кое нема зборови да се опише.rnrnЕдукација – време за ваша самоедукација и посета на едукативни интернет-страни и ваше самонадоградување.rnrnДел од тимот – чувство кое постојано ви го негуваат со ваша инволвираност во развој на нови проекти или програми, развој на активности, па дури и Ваша инволвираност во понатамошните активностиrnrnПријатна музика – дали во канцеларијата во која работите или на вашето работно место, има нешто што ви овозможува да се смирите и да уживате во она што го работите?rnrnЗабави после работа – во последно време се многу актуелни, каде што се собира пријатен народ и каде што можете да си направите убав и пријатен разговор со ваши колеги, пријатели и/или соработници.rnrnИ многу други мали нешта на кои не им обрнуваме внимание, а се тука околу нас и што е уште пострашно, не сме благодарни за нив. А тие се оние што ни ја прават работата пријатна, што ни овозможуваат да си поминеме убаво на работа и да бидеме продуктивни. Но, не смееме да заборавиме дека сите овие мали нешта ни се овозможени од нешто и некого и дека не смееме да ги злоупотребуваме.rnrnЗатоа и имам еден едноставен совет за вас, уживајте во тие мали нешта, во тие мали работи кои ве прават среќни на работа, а ако ги немате, или најдете си ги, или создадете си ги. Тие се тука околу вас.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прирачник за личен и професионален развој: „Tip of the Week“

    Прирачник за личен и професионален развој: „Tip of the Week“

    Секој четврток, од 2010 година, трпеливо и со голема посветеност авторите Петар Лазаров и Калин Бабушку ги објавуваат неделните совети и бесплатно ги дистрибуираат до повеќе од 20.000 читатели, преку својата дата база и неколку веб-портали во Македонија. Напишано од двајца локални деловни луѓе, тие го пренесуваат своето лично професионално искуство, во комбинација со искуството, знаењето и перспективите од други интернационални професионалци.rnrnUntitled-1
    rn

    „Уште од самиот почеток на проектот, беше планирано да се издаде едитирано издание кое ќе биде сублимат на некои од најинтересните совети што сме ги напишале“ – вели Петар Лазаров, еден од авторите.

    rnЗа таа цел, ова издание содржи обработено (скратено и конципирано) селекција од нивните први 50 неделни совети. Корисно за секого, со лесни и едукативни текстови, прирачникот „TIP OF THE WEEK“ обработува теми од секојдневниот живот, коишто ќе ви помогнат да си го подобрите вашето лично и професионално работење. Малите и практични совети во него, поттикнуваат на размислување како да се справите со предизвиците на новото време.rn
    rn

    „Од секој аспект на развој и реализација на овој производ се трудиме да внесеме нестандарден и креативен пристап, за што велиме дека е „360° ино-производ“ – вели авторот Калин Бабушку.

    rnПроектот „прирачник – Tip of the Week“ е развиван повеќе од една година, низ чии фази на развој, тимот на Македонија-Експорт пробува да внесе иновативна нота, од секој аспект. Иновација во планирање, иновација како производ, цена, иновација од аспект на пакување и структура.rnrnИсто така прирачникот користи и иновативен маркетинг пристап, Социјално Одговорен Спонзорски модел (поддржан од Кока-Кола, МАМАс и Полијестердеј) кој овозможува цената на прирачникот да биде пристапна за секого.rnrnПрирачникот е наменет за секого. Голем број македонски компании (Витаминка, Порше, Комерцијална Банка, Прилепска Пиварница, ЕЛЕМ, ВИВА и други) го имаат обезбедено за своите вработени, уште пред да биде пуштен во официјална продажба. За индивидуална продажба, прирачникот може да се најде во книжарите на: КУЛТУРА, МАТИЦА, ТРИ, ТАБЕРНАКУЛ и ИКОНА, како и преку интернет порталите www.ex.mk и www.kupikniga.mk.rn
    rn

    Другите кажаа…


    rn

    „Оваа книга нѐ учи како се станува среќен човек.“ – Венко Андоновски, Професор и писател

    rn

    „Tip of the week нуди современи и практични идеи“ – Д-р. Златко Муцунски, ПОРШЕ – Македонија

    rn

    „…прирачник за секој што сака да оди напред“ – Сашо Наумоски, А.Д ВИТАМИНКА

    rn

    „…прекрасно универзално четиво“ – Гордана Михајловска, КАПИТАЛ Медиа Гроуп

    rn

    „Практично, корисно за сите нивоа во една организација“ – Поликарп Арсеновски, WRIGLEY Македонија


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.