КАФЕ ПАУЗА

Tag: Tip of the Week

  • Страст кон работите, што беше тоа!?

    Страст кон работите, што беше тоа!?

    Автор: Горан ВелковскиrnrnНе знам колку сте забележале, ама во последно време, а на тоа мислам повеќе години наназад, некако ја изгубивме страста кон работите. Без оглед дали се работи за страст спрема професионалната работа, кариера или, пак, некое хоби, културно случување, спорт, дружење со пријателите, едноставно, повеќе не се радуваме на активностите што ги правиме, не гледаме кон тие активности со желба, туку ги правиме механички и без елан.rnrnstrast-kon-rabotite-shto-beshe-toa-kafepauza.mkrnrnСе прашувам, дали полека стануваме робови на сопствените животи, дали полека ја губиме смислата на живеењето и само „преживуваме“, бидејќи сме ја изгубиле страста кон работите. Брзиот начин на живот на нашите денешни генерации, или како што Петар милува да каже „инстант генерации“, носат толку многу нови работи, што за жал брзо ни стануваат здодевни, и не дозволуваат да се претворат во наша страст која ќе нè мотивира и ќе ни даде комфор. Многу е важно да се има страст кон некоја работа, хоби или активност, и да се извршуваат посветено и да се биде навистина добар во нив.rnrnОва се неколку работи за кои сметам дека навистина ќе ни помогнат да ја пронајдеме својата страст или, пак, да развиеме страст кон тоа што веќе го работиме:rnrnЗабавете го начинот на живот – Кога ќе забавиме со сите наши дневни активности, можеме да ја откриеме најдобрата верзија од нас самите, и најчесто можеме да ги откриеме одговорите што сме се труделе толку многу да ги најдеме. Забавувањето на нештата ќе ни дозволи вистински да ја спознаеме нашата средина и да се слушнеме себеси што точно сакаме, и на тој начин правилно ќе се мотивираме да дадеме сè од себе.rnrnБидете уникатни – Само Ние го поседуваме тој уникатен микс на талент, мудрост, сила, вештини и креативност. Токму тие работи нè одделуваат од другите луѓе и ни помагаат да ја пронајдеме нашата страст, нашата цел. Треба да ја спознаеме нашата уникатност и да направиме сè што треба другите да го забележат тоа.rnrnНаучете да бидете трпеливи – Да бидеме страсни кон некоја активност, ќе мора да работиме на нашата трпеливост. Ако вежбањето гитара ќе ни ги повреди прстите на рацете, ако заклучување продажба значи вртење на 100 телефони, тогаш страста ни вели „Така нека биде“. Исклучителните резултати ќе дојдат само кога ќе бидеме подготвени да ризикуваме, да се жртвуваме и трпеливо да работиме на остварување на целите.rnrnОслободете се од изговори – Секогаш е лесно да кажеме дека ќе направиме некоја активност за која сонуваме подолго време, кога ќе имаме повеќе пари, повеќе искуство, повеќе време, но да бидеме искрени, тоа нема да се случи. Единствено само кога ќе се ослободиме од овие „изговори“, ќе можеме да започнеме со пронаоѓање на нашата вистинска страст, без оглед за каква страст станува збор.rnrnСите така работат – Треба да престанеме да ги гледаме другите околу нас. Ако се тие мрзеливи и немаат страст, сакаат резултати веднаш и не се професионални, не мора да нè префати тој вирус. Треба да даваме сè од себе, да не се штедиме. Индијанците имаат едно мото: „Што и да работам, давам сè од себе, за да не можам потоа да се каам зошто не сум го направил тоа“.rnrnФокусирајте се на забавата – Треба да се запрашаме што навистина нè прави среќни? Што прави да се насмееме? Решението на тоа е фокус на нашата страст кон активност која ќе н исполнува, но најважно од сè, која ќе биде забавна за нас и за нашата околина. Што и да работиме, треба едноставно да се забавуваме.rnrnМногумина не можат да ја разбудат својата страст, бидејќи работат нешто што не го сакаат. Без оглед, дали се работи за хоби, нашата професионална работа или, пак, нешто сосема друго, треба да дадеме максимум од себе, бидејќи само така ќе бидеме повеќе задоволни од самите себе. Вака, само ќе се фрустрираме, ќе ја празниме нашата негативна енергија врз околината и врз домашните, и на крај повторно продуктивноста и резултатите ќе ни бидат просечни.rn

    Страста води кон мотивација, мотивацијата води кон продуктивност. Продуктивноста води кон успех, а пак, успехот води кон задоволството!rnБидете успешни и задоволни, пронајдете ја вашата страст!!!

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Во гужва сум! – Кога сите станавме толку зафатени и како да се „одгужваме“?

    Во гужва сум! – Кога сите станавме толку зафатени и како да се „одгужваме“?

    Автор: Жаклина ГерасимовскаrnrnОвие совети ги пишувам како реакција на неколку ситуации кои во последно време свесно или несвесно ги забележувам кај другите, но ги правам и јас лично.rnrnvo-guzhva-sum-koga-site-stanavme-tolku-zafateni-i-kako-da-se-odguzhvame-kafepauza.mkrnrnДали ви е познато:rn

      rn011

    • „Извини, во гужва сум, јави ми се подоцна или некој друг ден.“
    • rn011

    • „Ве молам побарајте ме некој друг ден, во гужва сум.“
    • rn011

    • „Леле извини те заборавив, ептен сум во гужва.“
    • rn

    rnИмам чувство како сите да сме во гужва и премногу зафатени!? Размислувајќи на темава сфатив дека веќе и несвесно кога ќе ни се јави некој, првото нешто што ќе нè праша е: „Извини да не си во гужва? Да те побарам подоцна?“ Не велам дека ова е некултурно да се праша, но некако како само по себе да ни наметнува да бидеме во гужва. А зарем е можно сите да сме во „толкава“ гужва?rnrnБарајќи повеќе информации за концептот „да сме во гужва“, дојдов до интересно истражување кое покажува дека овој концепт потекнува од 80-тите години на минатиот век кога економската несигурност толку дошла до израз што вработените за да се издвојат од другите работеле повеќе часови од предвиденото за да ја обезбедат нивната работа.rnrnВсушност, зошто најчесто сме во гужва?! Постојат многу причини кои го објаснуваат ова. Дел од нив се: недоволно добро приоретизирање на обврските; давање преголема важност на нашите обврски и нашето време поради што не би можеле да зборуваме со другите; неделегирање на обврските на луѓе кои може да ни помогнат; преголеми и недоволно јасно поставени лични очекувања и очекувања од луѓето околу нас (менаџери, родители, пријатели и сл.); неразумно поставување рокови за извршување на обврските; преценување на способностите и капацитетите за извршување на задачите и уште многу други.rnrnМногу често грешиме што се фокусираме на тоа дека сме во гужва поради големиот број обврски, отколку да сфатиме зошто, т.е. која е причината што сме во гужва. Затоа, во продолжение ви презентирам некои совети кои може да ви помогнат да не дојде до моментот „во гужва сум“ и паметно да ги завршите работите:rnrnОграничете го времето. Колку повеќе ќе го ограничите времето, толку попродуктивни и пофокусирани ќе се чувствувате и помалку време ќе губите на понеприоритетни работи. Ако можете да си дозволите да потрошите само 1 час на еден проект, тогаш потрошете само 1 час и продолжете понатаму.rnrnКористете планер. Ако навистина имате многу обврски кои треба да ги завршите, користете планер, виртуелен или некој друг тип, кој ќе ви овозможи да ги распоредите обврските на вашиот календар. Понекогаш е многу подобро да потрошите повеќе време на планирање, а да заштедите време на извршување на обврските отколку да се фокусирате да ги завршите сите обврски одеднаш.rnrnНамалете ги непотребните состаноци. Откако еднаш ќе ги избришете непотребните состаноци кои не се продуктивни и не ве водат кон развој на нови идеи и бизниси, значително ќе се подобри ефикасноста на извршување на обврските.rnrnПомогнете им на другите, но не мора веднаш доколку не е толку итно. Доколку некој ве праша за помош околу некој проект, а веќе на вашиот планер имате обврски кои мора да ги завршите што побрзо, едноставно кажете: „Секако дека ќе ти помогнам. Тоа може да го направам до… (одредете точно време и датум до кога може да го завршите тоа)“.rnrnНие и само ние го креираме притисокот од недостаток на време. Времето може да биде нашиот пријател или непријател. Кога времето ни е непријател, ќе забележите дека стравот од незавршување на предвидените обврски се зголемува и нормално е во такви ситуации да сме во гужва. Одредени истражувања велат дека итноста на завршување на обврските е само проблем на нашето размислување кога сме под притисок да завршиме нешто. Затоа, секогаш трудете се да ги распоредувате обврските, настаните и задачите кои ги имате.rnrnКонтролирајте ги вашите очекувања. Коренот на проблемот да бидеме во гужва е дека секогаш сакаме да направиме многу повеќе од тоа што се очекува од нас или сме разумно способни да го направиме. Поради тоа треба да работиме на тоа кои се всушност нашите ограничувања.rnrnСлушајте повеќе. Кога зборувате со други, слушајте повеќе отколку што зборувате. Психолозите знаат дека малку се учи кога се зборува многу. Како резултат на тоа, со слушање повеќе и зборување помалку, вие всушност успорувате и се концентрирате на тоа што другото лице вели, а од тука може да ви излезат многу идеи како поефикасно да ги завршите обврските.rnrnСе надевам дека овие совети ќе ви бидат од корист и следниот пат добро ќе размислите пред да кажете дека сте „во гужва“.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Ефикасна алатка за ефикасно завршување на работите

    Автор: Надица ЧесмаџискаrnrnДали ви се случува при крајот на работниот ден да ви останат обврски коишто не сте успеале да ги завршите иако сте работеле со полн интензитет? Јас на пример, неретко се наоѓам во ситуација по завршување на работното време да ми остануваат невозвратени бизнис повици, задачи кои треба да се делегираат, неизменаџирани во целост лични обврски, мејлови непроследени докрај, недовршени презентации кои создаваат дополнителен стрес и нервоза.rnrn0-efikasna-alatka-za-efikasno-zavrshuvanje-na-rabotite-kafepauza.mkrnrnСе чувствуваме фрустрирани бидејќи секоја активност или обврска која не е завршена докрај и се пролонгира за во иднина, се трудиме да не ја заборавиме, а од друга страна сме конфузни бидејќи често не знаеме на која активност да ѝ дадеме приоритет. Без разлика колку добро сме концентрирани на завршување на задачите, нешто секогаш ни го поместува фокусот.rnrnИстражувањата покажуваат дека главните виновници за ваквиот тип неорганизираност најчесто се класифицираат во три групи:rn

      rn011

    • Прекинувачи/дистрактори: Сигурно ви се случило одредена стандардна задача да ви одземе повеќе време за реализација од вообичаеното токму поради честите прекинувања од типот на СМС-порака, телефонски повик од пријателите, неформален разговор со колегите или пак итна молба.
    • rn

    rn

      rn011

    • Неефикасен организационен систем: Дефокусираност од обврските кои го бараат нашето внимание. Нејасно дефинираните задачи и лошото планирање се карактеристични за ваков тип однесување.
    • rn

    rn

      rn011

    • Лоша приоретизација: Искуството покажува дека одговорностите кои ни се полесни за реализација ги правиме веднаш, односно ги рангираме како приоритетни иако не се со голема итност, додека пак комплексните свесно ги одложуваме најчесто поради недоволно знаење или пак едноставно не ни се допаѓаат.
    • rn

    rnПотребна ни е метода или поинаку кажано систем којшто ќе го минимизира влијанието на т.н. дистрактори и ќе води кон поголемо и подобро себеменаџирање.rnrnМетодот, кој подолу ви го презентирам, ќе ви помогне да се организирате подобро и да останете продуктивни. Можеби ви се чини дека е комплицирано да се изведе, но основата е едноставна. Целта е ефикасно завршување на задачите со помалку напор.rnrnЧекор 1: Добивате задача.rnrnЧекор 2: Дефинирајте ја задачата/обврската според ранг и приоритет (важна, неважна, итна, помалку итна итн.).rnrnЧекор 3: Утврдете дали задачата бара соодветна итна акција од ваша страна? Доколку одговорот е негативен, тогаш зададената обврска ја класифицираме како можна за реализација во иднина. Во случај кога одговорот е позитивен следува:rnrnЧекор 4: Утврдете дали се потребни помалку од 2 минути за извршување на задачата? Ако одговорите со ДА, тогаш завршете ја ВЕДНАШ, во спротивно:rnrnЧекор 5:rnrnА. ДЕЛЕГИРАЈТЕ ја обврската доколку сметате дека другите имаат капацитет да ја завршат и на крајот контролирајте.rnrnБ. Ако пак сте сигурни дека вие сте личноста која треба да преземе одговорност за исполнување на задачата, тогаш:rn

      rn011

    • Запишете ја во вашиот НЕДЕЛЕН КАЛЕНДАР на активности со точно дефинирана дата или,
    • rn011

    • Запишете ја како ДНЕВНА АКТИВНОСТ за реализација веднаш по завршување на тоа што го работите во моментот.
    • rn

    rnКога во иднина вашиот менаџер, колега, соработник, добавувач, ќе ве изненади со некоја нова активност за реализација во момент кога работите на друг проект нема да има потреба да се стресувате или да се трудите да не ја заборавите задачата за подоцна. Сега имате алатка која ќе ви овозможи да ја ставите во систем, односно да ја организирате секоја следна задача побрзо и поефикасно.rnrnМожете да го преземете моделот како шематски приказ и да го закачите во вашата канцеларија, како што е случајот кај мене. Дополнително може да ја набавите и книгата „Getting Things Done“ од David Allen каде може да најдете повеќе интересни содржини и информации од оваа тематика и да ги имплементирате.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каков е вашиот однос со клиентите?

    Каков е вашиот однос со клиентите?

    Автор: Александар Николовски – Киндерrn

    Дали нудиме лоша, просечна или одлична услуга?

    rnAn image of a customer yelling at a cashier.rnrnПред некој ден, ми стигна следниов линк со дискусија помеѓу вработен во Amazon.com и клиент којшто не ја добил книгата што ја нарачал. Заради начинот, сосема нестандарден и уникатен, на кој вработениот го решил проблемот на купувачот, почнав да размислувам за односот и за грижата за корисниците и колку многу е важен овој сегмент за успешно работење и создавање верни купувачи. Јас овој линк го добив на ФБ. Ние сега го споделивме со вас, а кој знае уште колку како мене го споделиле овој разговор на клиентот и продавачот на Амазон. Колкав позитивен ефект и влијание, за компанијата, има направено тој човек, само со тоа што бил оригинален и што дава максимум од себе да го задоволи клиентот на најдобар можен начин.rnrnГрадењето добар однос со клиентите давајќи им професионална услуга е од најголема важност за секој бизнис. Може да се прават реклами, разни промоции со кои ќе се привлечат луѓето, но ако не ги услужиме добро, да ги задоволиме нивните желби и да ги натераме да се вратат повторно, бизнисот нема да биде профитабилен на подолг рок. На долг рок сите бизниси зависат од лојални клиенти. 2/3 од корисниците што преминуваат кај конкуренцијата сметаат дека не добиваат соодветен третман кај претходниот обезбедувач на услугата. Стремежот на секој бизнис треба да биде: секој купувач да го напушти нашиот дуќан, канцеларија, работилница… толку задоволен што ќе каже на сите пријатели за тоа искуство и со тоа ќе отвори можност секој од нив да го направи наш купувач.rnrnЕве, ставете се и вие во ситуација кога сте клиент. Колку пати не ве интересирала цената, локацијата, изгледот. Ако сте задоволни од услугата – другото доаѓа во втор план.rnrnБи сакал да споделам со вас неколку совети кои ќе ви овозможат подобро менаџирање на клиентите.rnrnДобивање реципроцитет – Секој од нас, кога е купувач, за да биде задоволен бара да има реципроцитет на цената со производот/услугата што ја добил. Кога тој реципроцитет не е исполнет во нашите очи, настанува незадоволство. Меѓутоа, ефектот од реципроцитетот не е секогаш заснован на цената. Голем дел има и во услугата што сме ја добиле. Затоа, бидете љубезни. Актот на љубезност има поголем ефект кога луѓето не го очекуваат. Изненадете ги со некоја дополнителна информација која не е никаде спомената (веб-страница, каталози), со разговор помогнете им да го направат вистинскиот избор заснован на нивните потреби. Изненадете ги со љубезност кога имаат проблем и кога се жалат, а не да ги гледате намуртено или, пак, да се расправате со нив.rnrnПокажете дека се грижите за нив – Разговарајте со нив на позитивен и на пријателски начин. Така ќе им се приближите. Најдете заеднички интереси. На сите нас природно ни се допаѓаат луѓе со кои имаме нешто заедничко/слично. Прашувајте кои се нивните потреби, желби. Со тоа се создава пријателски однос кој овозможува добра соработка и доколку се одржи ќе се создаде врска што е тешко раскинлива. Сите ние сакаме да купуваме кај некој што го чувствуваме близок, ни ги задоволува потребите, ни го дава тоа што ни треба, и затоа не би го смениле.rnrnКвалитетно решавање жалби и поплаки – Веројатно никој нема некоја посебна желба за решавање на жалби и поплаки, но тие се дел од секојдневното работење. Статистиките покажуваат дека 80-90% од купувачите купуваат повторно доколку некој им го реши проблемот што го имале на брз и професионален начин. Покажете им дека вистински сакате да го решите нивниот проблем. Направете сè што е во ваша моќ и доведете ги муштериите до моментот кога ќе кажат сами дека сè е во ред и се задоволни. Дозволете им да видат дека вие вредите да се работи со вас и ќе направите сè што треба за да ја здобиете нивната лојалност. Задржувањето на само 5% од вашите досегашни муштерии може да го зголеми профитот на вашето претпријатие за 25-125%.rnrnИнвестирајте во квалитетна услуга – Креирајте култура во организацијата која го става купувачот во центарот на вниманието. Но, навистина. Не само да пишуваме на нашите веб-страници дека нашиот главен фокус е клиентот, а во практиката да не е така. Направете систем со кој ќе ги соберете информациите од муштериите за тоа што им значи нив, што сакаат да добијат, од што се задоволни, а од што не. Анализирајте ги и според тоа составете план какви услуги ќе адаптирате. Инвестирајте во обуки на тимот, квалитетот на услугите кои ги давате не е ништо доколку тие не се даваат на квалитетен начин. Инвестирајте во алатки и направете систем според кој ќе се водат сите вработени во компанијата.rnrnРазговарајте на нивно ниво – Избегнувајте сленг или многу технички изрази кои можеби нема да ги разбере муштеријата. Адаптирајте се на нивното ниво на знаење од областа. Не ги потценувајте, но не бидете ни премногу формални со нив, како да разговарате со претседателот на САД.rnrnНе правете го она што не сакате да ви го (на)прават вам!!!rn(клише кое на жалост многу малку го употребуваме)rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Дали ги правите работите најдобро што можете?

    Автор: Калин БабушкуrnrnКолку пати досега сте си рекле: Е ова е најдоброто што можев да го направам. Или колку пати сте слушнале некој да ви каже: Ова е најдоброто што можев да го направам. Но, дали е тоа доволно и дали е тоа навистина така?rnrndali-gi-pravite-rabotite-najdobro-shto-mozhete-kafepauza.mkrnrnДа направите работи кои најдобро можете да ги направите, не значи дека сте направиле сè за да бидат како што треба. Значи, сте ги истражиле сите опции за да можете да кажете дека сте направиле некоја работа најдобро што може.rnrnСакам да споделам со вас некои мои практични работи кои јас и ние во нашата компанија ги практикуваме за да може да направиме некоја работа најдобро што може:rnrnПрашања – За да може да направите некоја работа најдобро што можете, тогаш треба да си поставите многу прашања (на себеси, пријателите, колегите, фамилијата, итн.) и да стигнете до вистинските одговори. rnrnКреативност – Разбудете ја креативноста во вас и пробајте повеќе начини да го направите тоа што сакате или е побарано од вас на најдобар начин. Си страдаме од рутина, па не дозволуваме креативноста да навлезе во нашите животи при извршување на работите.rnrnТим – Пробајте со тимска работа. Доколку сте во можност, работете во тим затоа што така ќе имате можност за повеќе идеи за извршување на зададената задача.rnrnПланирање – Пред да започнете со работа, имајте повеќе опции пред вас. Секоја опција разработете ја до перфекција и изберете ја најдобрата што вие мислите дека може да е соодветна за таа работа. Споделете ја со вашите колеги/пријатели/фамилија, можеби ќе добиете друга.rnrnФокусираност – Многу е важно за да направите некоја работа најдобро што можете. rnrnПодобрувања – Настојувајте да се подобрувате секој пат. Не се задоволувајте со тоа на што сте. Секогаш стремете се кон повеќе.rnrnИскреност – Бидете искрени кон себе и кон другите. Ако не знаете, признајте си дека не знаете. rnrnЕвалуација – После завршената работа направете евалуација на сработеното (без оглед дали сте дома или на работа) и прашајте се самите себеси: дали е ова најдоброто што можев да го направам?rnrnНо, што и да правите, секогаш имајте го пред вас прашањето: А, зошто да го направам тоа најдобро што можам? Многу е едноставно, затоа што со тоа секој пат сте сè подобри и подобри. Не знаете кои сè промени тоа предизвикува кај вас. Па, само погледнете ги горенаведените точки и ќе видите барем неколку од нив. rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се работи со површни луѓе?

    Како да се работи со површни луѓе?

    Автор: Калин БабушкуrnrnНè утепа површноста во работењето. Многу сме, бре, површни. И проблемот е во тоа што сите тие кои се површни не разбираат дека, ако се површни на работа, тие се површни и дома и со пријателите и со фамилијата и насекаде! И најстрашно од сè е што на тие луѓе секогаш друг или други им се криви, никако тие да разберат дека поради нивната површност се такви какви што се.rnrnkako-da-se-raboti-so-povrshni-lugje-kafepauza.mkrnrnЗа жал, сè повеќе луѓе има кои иако се површни успеваат да напредуваат, но најчесто во јавниот сектор (за жал, што воопшто напредуваат).rnrnЕдно треба да се знае, тие луѓе само ја влечат работата надолу и две решенија се во опција: или ќе си отидат од таму од каде што се (дали сами или со помош на претпоставениот, тоа оставам на вас кои сте на позиција да го направите тоа) или, пак, ќе се променат.rnrnКога зборуваме за површни луѓе, зборуваме за луѓе кои воопшто не го активираат мозокот, кои сакаат да поминат по полесниот пат (најголем број), кои не сакаат ни капка пот да дадат од себе, а сакаат да имаат најголеми заслуги…rnrnПовршноста е карактерна особина и тие коишто се површни во работата треба многу да работат за да променат некои работи кај себе. И за тоа може да пишуваме во некоја друга околност. Тука повеќе би сакал да се задржам на моментот како да се справите/ме со нив и како да ги научиме да се променат, а ако ова не помогне тогаш оставам на вас да решите што понатаму:rnrnБидете специфични – Ако доцнат, кажете им дека доцнеле толку и толку пати во текот на неделата и дека не може да се потпрете на нив. Ако не ги извршуваат работите како што сте се договориле (гледајте да се договорите со нив за точниот период на исполнување на обврските и писмено искомуницирајте го тоа), тогаш наведете им го тоа.rnrnНе дозволувајте да ви го одвлечат вниманието – Не трошете го времето на тоа колку време поминале тие на некој социјален медиум или во неработење. Не велам дека не треба да им кажете, но вие си имате ваши задолженија. Тие ќе пробаат да направат сè за да ги придобијат луѓето кон себе.rnrnНемојте да дозволите да бидете вметнати во моментот на праведност – Сите ние знаеме дека животот не е фер. Како за нас, така и за секој друг. За површните луѓе секогаш се вели дека се извлекуваат, па гледајте да не го дозволувате тоа.rnrnНемојте да дозволите да ве вметнат во својот стил на живот – Ручек кој трае два саата… посета на тоалет на секои 30 минути… празни муабети… сето тоа е карактеристика на овие луѓе и немојте да дозволите да бидете вовлечени во овој круг.rnrnНемојте да дозволите нивната работа да стане ваша работа – Ако сте од ист тим или во иста просторија, најчесто ќе пробаат да се наметнат над вас или да ве „натераат вие да ја завршите нивната работа за нив“. Слободно потсетете ги за временскиот рок во кој сте се договориле дека треба да се заврши работата.rnrnПравилна прераспределба на задолженија – Бидејќи сите знаеме дека се површни, обично ним не им даваме премногу задолженија за разлика од другите кои ги земаат и нивните. И тоа не е фер. Ако сте на менаџерска функција, внимавајте да не се случуваат вакви работи. Ако сте соработник, истакнете го тоа кај вашиот претпоставен.rnrnДали сте се разбрале – Внимавајте кога ќе се разговара за нивните задолженија, дали ве разбрале убаво што треба да направат. Може да се случи подоцна да се „вадат“ на тоа дека не ве разбрале убаво.rnrnИскористете ја нивната површност – Со тоа што ќе се истакнете како лидер во групата и ќе ги извршувате вашите задолженија навремено. Луѓето го забележуваат тоа.rnrnУффф… тие површни луѓе… може да пишуваме уште неколку совети, но пак ќе кажам: тоа е нивна карактерна особина. Колку и да сакате вие да ги промените, тие треба да сакаат да се променат. Но навистина да сакаат!!! Ние може само да им посочиме дека се површни, а другото е до нив.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Охридска приказна за професионалност

    Охридска приказна за професионалност

    Автор: Петар Лазаровrnrn(Посветено на Славчо – пример за професионалност)rnrnВо Охрид дефинитивно треба да се поработи на нивото на услугата и квалитетот на понудата со цел да се подобри односот и да се промени мислењето на туристите. Тоа е факт (најголем дел од негативните примери и комични коментари за услугата се реалност) и мора да се земе со најголема сериозност, ако сакаме да градиме сериозни туристички капацитети во едно од најубавите места во Македонија.rnrnНо, овој пат сакам да истакнам една моја позитивна ситуација и искуство кое ми се случи викендов во Охрид и кое многу пријатно ме изненади. Со ова, се надевам ќе дадам поддршка на Охрид и ќе влијаам позитивно и стимулативно на другите професионално да си ги извршуваат работите.rnrn1-ohridska-prikazna-za-profesionalnost-kafepauza.mkrnrnБевме на детски роденден кај едни пријатели, каде што беше ангажирано едно младо момче кое требаше да помогне околу сервирањето на пијалаците, храната и водење сметка за гостите да бидат секогаш задоволни и среќни. Уште од самиот почеток се виде неговата голема сериозност и посветеност во работата. Најинтересно е тоа што момчето немаше некое формално образование, туку беше самоук, работејќи по охридските ресторани и кафулиња. Еве неколку аспекти и детали кои јас ги забележав, а од кои може да се сфати што претставува професионалност во работата:rn

      rn011

    • Изглед, став и држење – Со себе носеше чиста и нова облека за да се пресоблече. Стоеше настрана, исправено и со целосна контрола над работите. Беше ненападен, молчелив а сеприсутен.
    • rn011

    • Следење на ситуацијата – Не ми требаа повеќе од 3-4 секунди, или едно подигнување на раката, за да ми го фати погледот и веднаш да реагира со „Повелете, што ви треба?“ (Се случувало и бранови со рацете да правам во некои кафеани за да ме забележи келнерот.)
    • rn011

    • Секогаш чекор пред нас  Во една ситуација на нашата маса ни фалеше сол. Додека ние ја баравме на масата, момчето веќе дојде со соларникот (иако стоеше на неколку метри од нас). За воодушевување е кога некој скока чекори и ги решава експедитивно работите.
    • rn011

    • Снаодливост и брзина – Роденденот беше на 3 локации во дворот. Тој стигаше да ги покрие сите локации и сите гости да бидат задоволни. И на крајот тој постојано беше насмеан и позитивен.
    • rn011

    • Издржливост и професионалност – Интересно е дека дечкото беше пушач, но јас тоа го забележав на крајот (после 5 часа работа), кога запали цигара на одење накај дома. Браво!
    • rn011

    • Знаење – Кога ќе требаше да му наполни пијалак на некој од гостите, секогаш држеше растојание, се местеше од страната каде нема гужва и телото му беше во позиција да не смета никому. Ова или некој треба да те научи или многу добро ги следел другите професионални келнери.
    • rn

    rnСигурно имало уште многу примери за неговото професионално однесување кои јас не сум ги фатил, но и овие што јас ги забележав ме воодушевија.rnrnНемојте да мислите дека тоа е „келнер“ и не значи дека ако ги извршувал така прецизно и педантно работите во тој сегмент, ако го ставиме на друго место нема да се снајде или да го сработи тоа со истата посветеност и професионалност. Јас на работа знам да им кажам на колегите од тимот дека само со миење на садовите и средување на работите околу кујната, може да се запознаат и согледаат сите нивни позитивни и негативни квалитети во работата, и да се предвиди како тие би изреагирале во други, многу посериозни ситуации.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Доколку нешто не разбирате, прашајте!

    Доколку нешто не разбирате, прашајте!

    Автор: Калин БабушкуrnrnСе случува, неретко, некои работи да не ги разбереме кај другите. Се случува, неретко, некои работи другите да не ги разберат кај нас. И токму поради тоа неразбирање, настануваат проблеми или недоразбирања.rnrndokolku-neshto-ne-razbirate-prashajte-kafepauza.mkrnrnИ сè би било убаво и би било мазно, ако се разбираме или барем кога не се разбираме, да си кажеме дека не разбираме. Но не си кажуваме затоа што сме стегнати од многу работи околу нас и многу поставености на кои можеме или не можеме да влијаеме. Но јас велам, без оглед на сите тие влијанија околу нас, треба да си кажеме, доколку нешто или некого не разбираме.rnrnЕве ви неколку совети кои ми помогнале мене да се разберам со луѓето или да разберам нешто:rnrnПрекинување – Ако некого не разбирате што ви зборува, слободно прекинете го. Јас на предавања, ако нешто не ми е јасно, секогаш поставувам прашања. Не за друго, ако оставам да си тече дискусијата, а јас нешто не сум разбрал, тогаш од самиот почеток јас можеби погрешно ќе разберам и целата дискусија ќе има друг тек.rnrnПојаснување – Ако сте во хиерархиски проблем, тогаш на крај на презентацијата или дискусијата (ако ви е незгодно да прекинете) побарајте да ви се појасни. Јас едно време мислев дека доколку побарам да ми појаснат за нешто што не ми е јасно, ќе испаднам дека ништо не разбирам, но тоа е сосема погрешно. Подобро да се објасниме па макар било тоа на крај отколку да донесете погрешен заклучок за тоа што сте го слушнале.rnrnПробајте да бидете како нив – Сакам да кажам да пробате да ја гледате работата од нивна гледна точка. Ако сакам да разберам некого или некоја работа, секогаш пробувам да се ставам во кожата на другите за да може да ги сфатам, а и да разберам што ми зборуваат.rnrnИста бранова должина – Гледајте со луѓето со кои сте во секојдневна комуникација исто да размислувате, тоа ќе ви помогне многу побрзо да се разберете. Немојте да се вознемирувате, ако има луѓе околу вас со кои не можете да се најдете на исто размислување, тоа е сосема нормално!rnrnКомуникација – Мора да разберете дека сите ние имаме различни начини на комуникација. Тоа многу влијае дали ќе се разбереме или не. Или вие ќе се прилагодите на нивниот начин на комуникација или тие ќе се прилагодат на вашиот. Јас комуникацијата ја прилагодувам на ситуацијата и во зависност од соговорникот/ците.rnrnВнимателност – Бидете внимателни во текот на комуникацијата и слушајте што се зборува. Не донесувајте пребрзо заклучоци во својата глава, затоа што тоа може да доведе до различно разбирање на работите.rnrnАко можете да видите, има многу начини како да се разбереме, но најважниот е да си кажеме кога не разбираме! Тоа е најважно. Ако не си кажете, тогаш нема да знаеме дека не разбираме, едноставно е. Немојте да се срамите да си кажете.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е маркетингот, а што не е?

    Што е маркетингот, а што не е?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnМногу е тажно во државава, од бизнис но и од секаков друг аспект, што или немаме знаење да ја искористиме најдобро моќта и користа на маркетингот или го употребуваме во сосема негативна конотација, да ја изманипулираме и спинуваме публиката со цел да си ги оствариме нашите цели (не размислувајќи како тоа ќе се одрази на другата страна). Денес маркетингот се заснова на концептот „брзо и алчно“. Тој се претвора во политичка кампања, каде сите ветуваат сѐ и сешто a на крајот најдебелиот крај го извлекува крајниот потрошувач.rnrn1-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrnМаркетингот/пропагандата според филозофијата на емоционалната интелигенција претставува игра на моќ. Што и навистина е. Преку маркетинг техниките што може да се користат, се манипулира и влијае на публиката. Да си знаете дека ова се однесува на сите нас. И вие сте несвесно под влијание, иако во моментов можеби некои не се сложуваат со ова и си викаат „на мене маркетингот и рекламите немаат влијание“.rnrnМаркетингот е меч со две острици. Дали ќе го користиме правилно и морално, како модел со кој ќе го развиваме нашиот бизнис и преку кој најдобро ќе ги задоволиме барањата на нашите клиенти, или ќе ги користиме неговите „вештерски“ моќи на манипулација и спин, зависи од оној што го користи. Маркетингот ви е како динамитот. Нобел го измислил со цел да го подобри и олесни градежништвото, а не да измисли оружје за масовно уништување.rnrnПроблемот е што сите знаеме маркетинг и сите имаме некој наш цврст и „правилен“ став околу неговото значење, вредност и ефекти. Во Македонија, за жал, ставот кон маркетингот е дека тоа е трошок (се мисли на рекламирањето, а не на маркетингот), дека секој може да го прави (затоа не се внимава многу кој се става во одделот за маркетинг) и малку се инвестира во едукација во маркетинг (да погледнеме само колку обуки за маркетинг се нудат на пазарот, а колку од другите области на доедукација). Но, поради тој став и гледиште кон маркетингот, јас верувам дека Македонија е на ова ниво на економски развој. И од аспект на држава и бизнис имаме фантастичен потенцијал, но не знаеме да го искористиме.rnrn0-shto-e-marketingot-a-shto-ne-e-kafepauza.mkrnrn rn

    „Маркетингот не се користи за да ја зголеми продажбата, тој треба да се користи да ги развива односите со клиентите.“ – Колин Тарнер (автор)

    rn

      rn011

    • Маркетингот е срцето на компанијата. Од него треба сѐ да почне и да заврши. И така цело време – тој не е само сектор во компанијата.
    • rn011

    • Маркетингот е секој наш потег, активност или стратешка определба – тој не е трошок за реклама.
    • rn011

    • Маркетингот не е да продадеш повеќе по секоја цена – туку тој е да ги задоволи потребите и желбите на клиентите.
    • rn011

    • Маркетингот значи вклученост на клиентот – тој не е убедување во нашите ставови и желби.
    • rn011

    • Маркетингот значи знаење, креативност и енергија – тој не значи огромен буџет.
    • rn011

    • Маркетингот е известување на клиентот за вистинските вредности на производот/услугата – тој не е манипулација и спин (за остварување на своите лични цели).
    • rn011

    • Маркетингот значи поврзување на производот со купувачот – тој не е лансирање на производ кој му се допаѓа на директорот.
    • rn011

    • Маркетингот додава вредност (го јакне брендот) – тој не е „само“ промоција на производот.
    • rn011

    • Маркетингот го комуницира карактерот на производот/услугата – тој не е само рекламирање на карактеристиките и користите на производот/услугата.
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Знаете ли да учествувате во отворени дискусии? Со став, но и со спремност да го промените

    Знаете ли да учествувате во отворени дискусии? Со став, но и со спремност да го промените

    Автор: Калин БабушкуrnrnПред некој ден, на една од охридските плажи, имав една убава дискусија со пријателка која го имаше прочитано советот за срамот. Дискусијата беше многу отворена (едно мало појаснување: кога зборувам за отворена дискусија, мислам на искрена и без некоја позадина, без некоја зла намера или идеја дека треба некого да уверам во тоа дека мојот став е правилен, но и да бидам отворен и подготвен на промена на мојот став) и искренa, можеби поради тоа што долго време се познаваме, но мене ме поттикна да истражувам малку повеќе околу тоа – дали водиме отворени или затворени дискусии.rnrnznaete-li-da-uchestvuvate-vo-otvoreni-diskusii-so-stav-no-i-so-podgotvenost-za-promena-na-stavot-kafepauza.mkrnrnЗа жал, испадна дека во поголемиот број случаи, дискусиите не се многу отворени и се со однапред предвиден крај од тој/таа што ја започнале дискусијата. Тоа е така затоа што на соговорниците со кои имаме дискусија не им даваме многу време за подготовка, а и гледаме да си го истераме своето, но и поради тоа што не сме многу отворени за различни ставови од нашите. Ова последното е многу поврзано со нашиот став, генерално кој се сведува на: или ќе биде како што јас ќе кажам или нема да биде никако!rnrnПоттикнат од резултатите од тоа микроистражување, решив да споделам со вас совети како да имате отворена и искрена дискусија со вашите колеги, пријатели, роднини и итн.rnrn1. Одредете ја темата – Во зависност од тоа што сакате да се дискутира, ќе треба да ја дефинирате темата. Темата ќе помогне многу на сите барем малку да се подготват.rnrn2. Подготовка – Подгответе се за темата за која сакате да дискутирате, но споделете и со оние со кои сакате да дискутирате за темата, за да може и тие да се подготват.rnrn3. Одберете почеток – Ако веќе вие ја наметнувате дискусијата, тогаш бидете подготвени за почеток. Одберете прашања или аргументи што сакате да ги споделите со сите, и убаво образложете ги.rnrn4. Одржувајте ја живоста на дискусијата – Имајте секогаш „џокер“ во ракав и бидете подготвени да се „извадите“ со него кога ќе замре дискусијата. Одржувајте го тонусот на дискусијата цело време.rnrn5. Имајте аргументи – Со тоа што убаво ќе се подготвите. Немојте да бидете површни.rnrn6. Учете – Има многу работи кои можеби не ги знаете и бидете подготвени за учење. Не сте секогаш во право! Ако сакате може да ја водите дискусијата од познато во непознато, па пак во познато.rnrn7. Пријателски однос – Во зависност од дискусијата и дискутантите, имајте секогаш пријателски и отворен однос. Нормално, сето ова зависно од позицијата и од околината.rnrn8. Сумирајте – Сумирајте си сами на себе си или групно. Дополнително на ова, ако сте научиле нешто ново, гледајте да го запишете тоа или некако да го меморирате.rnrnШто и да правите, бидете од сега натаму отворени во дискусиите. Немојте завиено да зборувате. Никој не ви мисли лошо, а тие што ви мислат лошо, колку и да се пазите од нив, ви мислат лошо. Немојте поради таквите вие да се менувате.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.