КАФЕ ПАУЗА

Tag: Tip of the Week

  • Успорете!

    Успорете!

    Автор: Петар Лазаровrnrn„Кажи побрзо, немам време“, „се брзам“, „еј, во гужва сум голема“, „рокот е за вчера“, „мора да го завршам ова веднаш“, „дај ми одговор сега“, „да побрзам, да го фатам семафоров на зелено“, „кажи ми во 2 реченици“…rnrnusporete-kafepauza.mkrnrnДали ви се познати овие реченици!? Секојдневно се среќаваме по стотина пати со исти или слични на нив и ги кажуваме несвесно и механички. Цело време некаде брзаме, сакаме да ги направиме работите веднаш и сега. Тоа се очекува од нас, а и ние го бараме од другите. Најважно е тоа што сето ова не е природно за нас, туку ни е наметнато од проклетството на денешницата и денешниот начин на живеење и работење. Тука влијаат и очекувањата од нашите родители, ривалитетот со пријателите, колегите, братот/сестрата, медиумите кои влијаат на нашите (преценети) очекувања од себе и желби, технологијата (сѐ е на едно копче) итн.rnrnНо, мора да сме свесни дека нашите тела и мозоци не се дизајнирани да се справуваат со сите тие предизвици и брзи реакции во животот. Тој начин на живеење и функционирање влијае на нашето здравје и хармонија на живот.rnrnПонекогаш мислиме дека таков ни е карактерот (многу сме динамични) и не може да се сопреме и смениме. Мора да трчаме и брзаме цело време. Тоа не е точно! Прашање на време е кога и како тоа ќе се рефлектира на нашето здравје.rn
    rn

    „Оној што брза, не живее!“rn- ЗЕН поговорка

    rnКога одиме низ животот споро го намалуваме стресот, ги забележуваме деталите околу нас, ги живееме моментите подолго, го зголемуваме денот, минутата, правиме помалку грешки, поквалитетно ги извршуваме задачите, ги менуваме негативните навики и најважно, живееме позадоволно. Идејата не е да не сонуваме или немаме големи желби и цели, туку како да го најдеме балансот помеѓу потрагата по големите работи, без да ги жртвуваме малите/ситни работи, кои го прават животот исполнет и убав.rnrnНо, како да успориме?!rnrnЕдна многу едноставна и безболна техника која може да ја искористите за да работите на вашето успорување е едноставно да ги извршувате работите обратно од стандардниот и шаблонски начин на работење. Тоа значи, да ги четкаме наутро забите со другата рака, да вежбаме пишување со другата рака или со истата но од друг агол, да ги миеме чиниите обратно од регуларниот начин, да ја смениме страната на „глувчето“ од компјутерот, да го смениме седењето, начинот на одење (поспоро чекорење), држење на телефонот, пишување на СМС со другата рака и сите ситни детали што ги правиме секојдневно. Оваа техника изгледа шашаво, но верувајте делува.rnrnКога сакаме да промениме нешто ние си задаваме тешки и огромни задачи, кои не можеме да ги изведеме и затоа брзо се откажуваме. И неуспехот е неизбежен. Но, со оваа техника правиме мали и здодевни работи, во кои мораме да внесеме многу свесност и намера и на тој начин правејќи мали корекции во нашата моторика, одмрзнуваме многу закоравени ставови и концепти во нашиот мозок. Оваа техника самата нѐ тера да успориме, бидејќи мора да ги правиме бавно и внимателно работите за да не направиме грешка.rnrnНа овој начин, успеваме да ги промениме и нашите (негативни) навики, бидејќи преку повторување на истите работи цело време, ние секогаш ќе ги правиме тие работи на ист начин (исти грешки, исти чекори, исти одлуки). Со оваа техника и менувајќи го текот на работите, успорувајќи и менувајќи ја перспективата, ние влијаеме на нашите навики. Воедно, правиме ресет на целиот наш систем, бидејќи ги повторуваме веќе научените работи и механики, но од друга перспектива.rnrnЈас ја сменив страната на „глувчето“, вежбам пишување со другата рака и свесно ги успорувам чекорите. Па ќе видиме! Се надевам дека оваа едноставна техника ќе ја пробате и вие во секојдневниот живот и дека ќе ги почувствувате бенефитите во брзо време.rnrnБрзајте споро…rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да се надмине вечниот проблем во односот помеѓу менаџерите и вработените?

    Како да се надмине вечниот проблем во односот помеѓу менаџерите и вработените?

    Автор: Надица ЧесмаџискаrnrnКако и секој понеделник така и овој пат поминав до кафулето каде редовно се среќавам со моите пријатели за да се релаксираме после напорниот работен ден. Дискусијата и овој пат ја отворивме со вечната проблематика – однос менаџер-вработен. „Како и секогаш, у 5 за 12 ми рекоа да го средам документот“, „е стварно не можам да работам под притисок“, „цела работа ја направив тип-топ и едно фала не може да каже!“ и она што посебно ми се виде интересно „значи што и да направам пак сум у грешка“ – се провлекуваа неколку пати во текот на разговорот.rnrnНесвесно си ги повторувавме коментарите и се случи во текот на 3-часовното наше дружење барем двајца да се нашле во иста ситуација. Си помислив или ги имаме истите менаџери (ама знам дека се со полно работно време кај нас) или пак постои некој проблем во меѓусебната комуникација помеѓу вработените и менаџерите на генерално ниво.rnrnBusiness DiscussionrnrnИстражувањата на Гугл, многуте панел дискусии, обуките на кои сме присуствувале со колегите, менторските средби кои сме ги имале зборуваат дека односот менаџер-вработен треба постојано да се усовршува. Сите сме емоционално интелигентни, ДА сите зборуваме за тимска работа, сите сме поборници на концептот „да се биде дел од организацијата“, но некако имам чувство дека сѐ се сведува на многубројни стресни ситуации, незадоволство, мноштво саати поминати на работа, незавршени задачи и доста, како што на шега ги викам јас, „креативни дискусии“ (чешлање) помеѓу вработените и менаџерите.rnrnОвие совети можат да ви помогнат во подобрување на односот со претпоставените:rn

    Емпатија

    rn

      rn011

    • Од аспект на менаџерот – Менаџерите мора добро да го познаваат својот тим (капацитетот со кој располагаат, можностите, мотивацијата) за врз основа на тоа да дадат добар бриф со цел една задача да биде успешно завршена. Во спротива, очекувањата на менаџерите ќе бидат големи, а фрустрациите за недовршената или лошо завршената обврска ќе бидат обострани.
    • rn

    rn

      rn011

    • Од аспект на вработениот – Треба да разбереме дека и менаџерите се вработени како нас, и тие одговараат некому и ги делат донекаде истите проблеми. И од нив се бараат истите резултати, и тие сакаат да се завршат работите во најбрз рок и на најдобар начин итн.
    • rn

    rnПризнајте дека сте згрешиле – Признајте, на почетокот барем во себе, а подоцна и на глас. И не ги повторувајте истите грешки. Кога ќе признаете, нормално е менаџерот да покаже разбирање, а и можноста да научите од грешката е поголема.rnrnАктивно слушање и парафразирање – Не дозволувајте да се најдете во ситуација да донесете погрешна одлука или да преземете акција само затоа што ви било незгодно или пак сте се плашеле да не испаднете глупави бидејќи не сте ја разбрале добро пораката од менаџерот, и не сте го прашале дали го мисли истото што вие сте го сфатиле.rnrnИсполнување на договореното – Помалку ветувајте доколку не сте сигурни дека ќе ја завршите работата докрај. Ситуацијата со сигурност ќе ескалира доколку:rn

      rn011

    1. Ветите дека ќе ја исполните зададената обврска и притоа не го правите тоа од ваши „оправдани“ причини
    2. rn011

    3. Самите сте одлучиле дека активноста е помалку важна и сте направиле лоша приоретизација
    4. rn011

    5. Ја преземате задачата, но менувате нешто во неа бидејќи сте сметале дека така е подобро
    6. rn

    rnИ да го правите ова, секогаш дискутирајте отворено со вашите менаџери и аргументирајте ги вашите постапки. Во спротивно тие ќе ја изгубат довербата во вас, не ќе можат да ви дадат поголема одговорност и едноставно нема да може да се потпрат на вас. Кај нас во фирма се случува да кажат „ставете се во наша ситуација и помислете како вие ќе се чувствувате ако ве зезнат.“rnrnПодобро планирање – Ќе се навратам на коментарот од погоре „како и секогаш, у 5 за 12 ми рекоа да го средам документот“. Ако се случи ова еднаш во 3 месеци е ОК, но ако се повторува секој втор ден тогаш менаџерот или има проблем со вас, или ве фрла во оган сакајќи да го тестира вашиот капацитет и можности или пак едноставно му е потребно подобро планирање.rnrn„Ми треба листава за вчера“ е менаџерски концепт на работа кој ретко на кој му се допаѓа. Сакајќи да нѐ притиснат да не ги заборавиме задачите кои треба да се завршат навреме, менаџерите често знаат намерно да го поместат рокот на исполнување понапред од вообичаено, па наместо успешно завршена работа, најчесто се појавуваат грешки.rnrnЕфект на додадена вредност – Секогаш направете повеќе од очекуваното. Знам дека тоа нѐ чини повеќе време поминато пред компјутер, повеќе работа, повеќе обврски, помалку време за себе, помалку време поминато со пријателите, но чувството е исполнувачко. Направете го тоа пред сѐ за себе, докажете дека сте секогаш спремни за едно скалило погоре.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Спортувањето и животните лекции кои произлегуваат од него

    Спортувањето и животните лекции кои произлегуваат од него

    Автор: Александар Николовски – КиндерrnrnСите знаеме дека спортот е најдобар начин за одржување на физичката кондиција, за правилен развој (посебно ако се спортува од рана возраст) и е фактор за подобро здравје кај луѓето. Меѓутоа, спортот доста влијае и на менталното здравје кај луѓето.rnrn1-sportuvanjeto-i-zhivotnite-lekcii-koi-proizleguvaat-od-nego-kafepauza.mkrnrnОтсекогаш сум спортувал (аматерски) и најмногу сум играл тимски спортови (фудбал, баскет). Но, во последниве неколку години почнав да практикувам индивидуални спортови (возење велосипед, трчање и тенис). Бидејќи за првпат подолго практикувам индивидуален од тимски спорт ги забележувам разликите. Во тимскиот спорт може да победите и ако играте слабо тој ден, додека во индивидуалниот спорт сè зависи од самите нас. Успехот/неуспехот зависи од нашата посветеност, амбиција, вештини. Покрај бенефициите од спортот, како редуцирање на стрес, подобро здравје, подобро расположение, подобна концентрација, натпреварувањето сам со себе ми овозможи да научам доста работи за самиот себе, но и неколку животни лекции кои би ги споделил со вас:rn

    Треба да почнете и да бидете конзистентни

    rnКако и за многу други работи, за да има успех треба да се почне. Почетокот е секогаш тежок, но треба да се буткате сами себе да има континуитет. Колку повеќе вежбаме стануваме подобри. Најтешко е да се натераш сам да почнеш – тоа е и предноста на тимскиот спорт, има други кои ќе те „набуцкаат“…rn
    rn

    „Осумдесет проценти од успехот е да се појавиш.“ – Вуди Ален

    rn2-sportuvanjeto-i-zhivotnite-lekcii-koi-proizleguvaat-od-nego-kafepauza.mkrn

    Мора да истрпите болка за да бидете подобри

    rnКога почнав да возам велосипед не можев да возам многу на прав пат, а камоли да се качувам по угорници. Имав болки во нозете, но издржував и секое наредно возење можев да издржам подолго и понапорно. Кога почнуваме нешто ново нормално е да се судриме со проблеми, но тие треба да се издржат, да се научи од препреките и да се обидуваме повторно и повторно. Ако не излеземе од комфорната зона нема никогаш да успееме.rn

    Бидете позитивни за да напредувате

    rnКога вежбате, за да напредувате треба да се самомотивирате, бидејќи никој друг нема да го прави тоа (за разлика од тимскиот спорт). Треба да се биде позитивен во тој разговор сам со себе за да се издржи и да се оствари целта. Самомотивацијата на тој начин е лекција која помага во сите сфери од животот. Идејата е да бидете позитивни и да се мотивирате, тогаш кога не се чувствувате убаво, позитивно и мотивирано за акција и за вежбање. Ако успеете да го победите тој момент, тогаш вие сте на правиот пат на самоменаџирање.rn

    Ако стане напорно, не застанувајте

    rnНајчесто кога сум мислел дека веќе не можам (да трчам, возам) и треба да застанам, тоа било грешка, се работи за моментална криза. Треба да се издржи и да се надмине кризата. Може да се забави, да се намали темпото, но не треба да се откажеме пред да стигнеме до замислената цел. Секоја промена, секоја акција, нов проект, на почеток секогаш е тежок. Но не смее да се откажеме на првата бариера, туку да најдеме волја и да издржиме до крај. Колку и да се гледа тешко или непотребно, или глупаво, на крајот, направете го тоа за вас самите. Да видите од што сте направени.rn
    rn

    „Не е важно колку бавно одиш сѐ додека не застануваш.“ – Конфучие

    rn3-sportuvanjeto-i-zhivotnite-lekcii-koi-proizleguvaat-od-nego-kafepauza.mkrn

    Спортувајте (работете, дружете се) со подобри од вас

    rnЗа да имате напредок во некоја работа, треба да го правите тоа со подобри од вас. Од луѓето кои знаат повеќе за тоа може да се научи, тие може да ви ги покажат тајните кои ги научиле преку практична работа. Не треба да се гледаат овие луѓе како конкуренција (колеги) или како да нема вредност тоа што ќе ти го кажат (менаџер) или поради предрасуди и давање на преголема вредност на себе, да не послушаме некој наш близок пријател, фамилија итн. „Крадете“ од сите.rn

    Уживајте во патот

    rnНе треба да бидеме среќни само кога ќе заврши активноста и кога ќе ја оствариме дадената цел. Така е и во животот. Треба да се ужива додека ја правиме активноста, да не се молиме и одвај да чекаме да заврши. Така, нема долго да го правиме тоа бидејќи не се забавуваме. Успехот во што било е кога се забавуваме во тоа што го правиме. Тоа значи, треба да одбереме нешто во кое уживаме и да го правиме тоа.rn
    rn

    „Единствениот начин да бидеш добар во работата е да го сакаш тоа што го работиш.“ – Стив Џобс

    rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Интровертност vs. екстровертност: Како да се однесуваме кон различните од нас?

    Автор: Жаклина ГерасимовскаrnrnШто е подобро, да сте интровертна или екстровертна личност? Во кои ситуации шансите да успеете се поголеми? Кои карактеристики, всушност, ги опишуваат интровертните, а кои екстровертните личности? Иако јас лично се сметам за интровертна личност, некои луѓе ми кажале дека во одредени ситуации се однесувам како екстровертна. Водена од таквите размислувања и прашања кои често си ги поставувам, го пишувам овој неделен совет.rnrn1-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnДали во вашето друштво или на работа сте забележале дека некои личности се издвојуваат повеќе од другите, полесно комуницираат со другите, немаат проблем во искажување на своите ставови, а некои личности најчесто стојат настрана, работат сами и во очите на другите изгледаат како воопшто незаинтересирани? Дали сте имале ситуации, непродуктивни состаноци и непотпишани договори, само затоа што едни луѓе премногу доминирале, а други не можеле, буквално, да дојдат до збор и се откажувале од нивните идеи кои можеби би биле многу поуспешни доколку другите ги ислушале внимателно и ги реализирале?rnrnЗа прв пат концептите интровертност и екстровертност ги има дефинирано психијатарот и психотерапевт Карл Јунг во 20-тите години на минатиот век. Неговата теорија е дека секоја индивидуа е уникатна: и интровертните и екстровертните личности се два екстрема на една биполарна скала. Сите ние се наоѓаме помеѓу нив со поголема или помала тенденција кон едниот или кон другиот тип.rnrnВо суштина, сите ние имаме одредена генетска структура и одредени преференции уште од мали, но многу често и самото опкружување влијае на тоа како една личност ќе се оформи и како ќе се однесува во различни ситуации.rnrnЕкстровертните личности најчесто ќе ги препознаете по тоа што: сакаат секогаш да бидат опкружени со многу луѓе, но ова понекогаш може да влијае голем дел од нивното време да го потрошат на непродуктивни разговори и состаноци; забавни се, енергични, шармантни, често се во центарот на вниманието на секој настан, но понекогаш може да бидат многу напорни и да изгледаат како арогантни; динамични се и важно им е да се случува нешто ново, а задачите кои се монотони се, всушност, исцрпувачки за нив; се префрлаат од една тема на друга додека зборуваат, но не мора да значи дека заборавиле на тоа што претходно го кажале, туку од многуте мисли и идеи кои ги имаат во моментот не сакаат нешто да остане некажано.rnrn2-introvertnost-vs-ekstrovertnost-kako-da-se-odnesuvame-kon-razlichnite-od-nas-kafepauza.mkrnrnОд друга страна пак, интровертните личности ќе ги препознаете по тоа што: преголемата фокусираност кон задачите им прави проблем да ги искажат појасно нивните мислења, но можат многу брзо да напишат некој многу важен извештај или имејл додека другите околу нив дискутираат на различни теми; на состаноци најчесто се тивки слушатели и изгледаат незаинтересирано, но тоа што ќе го кажат најчесто е прецизно и директно; зборуваат одмерено, но доколку некој се вклучи ненајавено, може да биде стресно за нив дури и кога не ги прекинуваат во нешто значајно; тешко развиваат односи со другите, но односите и довербата што ќе ја развијат најчесто се долгорочни; често се поврзуваат со срамежливи личности. Срамежливоста може да се јави и кај екстровертите исто толку често колку и кај интровертите, но првите ја прикриваат со својата динамичност и со лесно префрлање на вниманието од една работа кон друга.rnrnДенес пошироко е прифатен митот дека екстровертните личности се повеќе вреднувани на работа, полесно добиваат работа, унапредување, и се подобри продавачи, но историски гледано, личностите со поголема интровертност имале поголема доминација и биле сфатени како позрели, понадарени и полесно доаѓале до суштината на проблемот. Доколку се прашувате дали интровертните личности можат позитивно да влијаат на другите и да бидат добри лидери, тогаш прочитајте повеќе за Ворен Бафет, Бил Гејтс, Опра Винфри, Марк Закерберг, Алберт Ајнштајн, Махатма Ганди, Чарлс Дарвин, Њутн, Еленор Рузвелт, Стив Вознијак и уште многу други.rnrnКонфликтите помеѓу колегите (или луѓето генерално) најчесто настануваат поради тоа што прво не се познаваме добро меѓу себе и не си ги почитуваме разликите. За да ги елиминирате конфликтните ситуации може да примените некој од советите за тоа како да се однесувате кон интровертните, а како кон екстровертните.rn

    Доколку сте екстровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја приватноста на интровертните
    • rn011

    • кога им делегирате нови задачи, оставете им малку време да ја набљудуваат целосната ситуација и не барајте им одговори веднаш
    • rn011

    • не прекинувајте ги
    • rn011

    • одвојте дел од вашето време и дадете им што е можно поконкретни насоки
    • rn011

    • не посрамотувајте ги јавно пред другите
    • rn011

    • почитувате ја нивната интровертност и не обидувајте се да ги промените во екстровертни
    • rn

    rn

    Доколку, пак, сте интровертна личност, тогаш:

    rn

      rn011

    • почитувајте ја независноста на екстровертните
    • rn011

    • давајте им пофалби и комплименти
    • rn011

    • прифатете го и охрабрете го нивниот ентузијазам
    • rn011

    • дозволете им да ги искажат нивните ставови и размислувања
    • rn011

    • понудете им опции за различни ситуации
    • rn011

    • оставете ги да блескаат
    • rn

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Знаете ли да го контролирате срамот?

    Знаете ли да го контролирате срамот?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСрамот е општа појава карактеристична за секого. Кај некој повеќе, а кај некој помалку, но сите ние имаме срам. Колку знаеме да го контролираме или дали тој нѐ контролира нас е клучното прашање.rnrn1-znaete-li-da-go-kontrolirate-sramot-kafepauza.mkrnrnКонтролата на срамот е многу тешка работа. Токму поради тоа што не можеме и не знаеме како да го контролираме, во нашиот живот не се случуваат многу работи што ние би сакале да ни се случат. Од друга страна, пак, сите ние сакаме да бидеме перфекционисти и тоа дополнително ни прави проблеми во главата да се срамиме.rnrnПоради срамот што го поседуваме, многу пати не сме поставиле некои прашања, не сме добиле нешто што сме сакале, не сме поканиле дечко/девојка на состанок, итн. Дополнително на ова, поради срам (наш или на тие околу нас) некои луѓе не напредуваат на работа, не се истакнуваат, а имаат предиспозиции, не се активни, а имаат знаење и многу други работи кои доведуваат до фрустрации, но и незадоволство кај вашите надредени (од кај да знаат тие дека се срамите?!). И сега се поставува прашањето: ќе се срамите цел живот или ќе направите некои промени кај вас што ќе ви помогнат да го совладате срамот. Ако сте подготвени да се промените, еве ви неколку совети како да го направите тоа:rnrnЛуѓето не можат да знаат какви сте вие – Само вие знаете какви сте. Имајќи го тоа предвид, само вие знаете дека се срамите, а луѓето можат да го увидат тоа само ако ВИЕ им го дозволите тоа.rnrnОна што се гледа, тоа не сте вие – Ова ви го кажувам затоа што најчесто кога се срамите да направите нешто или поцрвенувате или се препотувате или ви се случуваат промени кои мислите дека се видливи. Но видливи се само, доколку ВИЕ мислите дека се видливи. А и да се видливи, што ви е гајле!! Па вие не сте такви. Не сте вие цело време поцрвенети! Не сте вие цело време испотени!rnrnЗаборавете го минатото – Ако ви се случиле незгодни ситуации или сте се посрамотиле во некоја ситуација, заборавете ја. На грешките учиме за да не ги повториме. Само тој што не греши не напредува!rnrnАко има некои работи што не можете да ги промените, бидете свесни за нив, но нека тие не ви влијаат на вашето однесување.rnrnОколина – Луѓето околу вас знаат понекогаш да бидат многу груби, да исмејуваат и да бидат тенденциозни. Имате избор или да не ги слушате што ви зборуваат (па и да не се дружите со нив) или да ги слушате, но да го земате само тоа што е добро од нив, а другото да го игнорирате. Во секој случај, мојот совет, во однос на околината, е да ја игнорирате.rnrnМоите другари кога бевме во тинејџерски денови ме исмејуваа за мојот лош англиски јазик, но јас и понатаму продолжував да си зборувам со странците како што јас умеам и знам. Од голема помош ми беше една пријателка на моите родители којашто ми рече: Калин, па тоа што ти се трудиш да зборуваш на нивниот јазик е само плус за тебе, а верувај, сите странци се задоволни кога ќе видат дека некој се труди. Каде ќе бев, ако ги слушав задевањата на моите другари, што мислите?rnrnЗемете воздух – Ако сте во некоја ситуација (сакате да поставите прашање пред голем аудиториум или да се истакнете), а свесни сте дека може да има последици за вас и вашето однесување, земете длабоко воздух. Контролирајте го дишењето, затоа што дишењето во тие ситуации е најважно.rnrnНека секоја ситуација влијае позитивно на вас – Ќе имате многу ситуации во кои ќе „заплеткате“ нешто, но немојте да дозволите тие да влијаат на вас негативно, туку баш напротив. Учете од секоја ситуацијаrnrnНов во друштво или на работа – Прво истражувајте и гледајте ги тие околу вас. Бидете културни и внимателни, но и позитивни. Делувајте откако ќе имате доволно информации.rnrnИма уште безброј други работи кои може да ги направите, но ако можете да забележите, сите се однесуваат на вас и само од вас зависат. Што и да правите, потребни се промени кај вас, а не кај околината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Како да останете фокусирани за време на летниот период?

    Автор: Калин БабушкуrnrnЛетниот период и топлите денови се наближуваат. Школскиот распуст е веќе започнат. Сè почесто може да го слушнеме прашањето: каде на одмор? Мислите ни се на најблиските плажи, а со нозете сме веќе во вода.rnrnСето тоа влијае на намалување на продуктивноста и фокусираноста на работните обврски. Но и летниот период е исполнување на работните обврски и сакале или не, мора да се биде фокусиран и во овој период. Еве ви неколку совети како да останете продуктивни и фокусирани на работата и на работните обврски што ги имате во овој период:rnrnkako-da-ostanete-fokusirani-za-vreme-na-letniot-period-kafepauza.mkrnrnОблека – Внимавајте со облеката во овој период. Носете лесна облека во светли бои. Доколку работата ви дозволува, носете кратки ракави. Доколку нема потреба, немојте да носите и вратоврски или марами. Доколку сте менаџер или сопственик на компанија, дозволете си поформално облекување, но без одела или сакоа – таквата облека е претопла за ова време.rnrnПланирајте го и искомуницирајте го летниот одмор – Со тоа мозокот ќе го сетирате дека тој период ќе бидете отсутни, а тоа дополнително ќе ви олесни и вам и на вашите соработници да знаат во кој период нема да бидете достапни. Најважно е планираниот одмор да биде барем еден месец однапред испланиран и искомунициран со сите со коишто соработувате.rnrnПланирајте ги работните денови – Доколку треба да излезете надвор, гледајте тоа да биде во раните претпладневни часови, кога сè уште не е толку топло. Топлиот период (пладневните часови) поминете го во канцеларија.rnrnРазладни уреди – Ако е многу топло, употребувајте разладни уреди, но немојте тие да бидат директно насочени кон вас. Дополнително, ако користите разладни уреди, немојте да имате отворени прозори, непотребно трошите енергија. Немојте да ја правите работната просторија премногу студена, затоа што кога ќе излезете надвор може да доживеете шок.rnrnИскористување максимум од периодот – Во зависност од работата, искористете го овој период за планирањето на следниве активности: планирајте го наредниот период, но не само периодот до крај на годината, туку до наредното лето. Навлезете аналитички во работите и направете убаво планирање.rnrnКомуникациски можности – Во ера на интернет и покриеност со мобилни телефони, доколку овозможува работата, дозволете си работа надвор од канцеларијата. Не знам колку нашата свест е висока за таква работа, но можно е. Ако има можност, работете од дома или од друго место, но сепак сработете си ја зададената работа.rnrnКратки одмори – Во текот на работниот ден, земајте кратки одмори. Искористете ги тие одмори за да се разладите и да си помогнете да бидете пофокусирани. Доколку, пак, имате можност, искористете ги викендите за подолг одмор надвор од местото на живеење (на планина, езеро, река или на друго место). Неколкудневни одмори знаат позитивно да влијаат на психата на луѓето.rnrn„Студена глава“ – топлината си го прави своето и пробајте да останете со „студена глава“ во сите ситуации.rnrnИма голем број работи кои треба да ги имате на ум во овој период за да ја задржите својата фокусираност, но најважно е да разберете дека и овој период е време на исполнување на своите обврски. Со прифаќање на тој став од самиот старт ќе ви биде полесно да го прифатите овој период и да бидете попродуктивни.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто е важна самодисциплината и како да ја развиеме?

    Зошто е важна самодисциплината и како да ја развиеме?

    Автор: Петар Лазаровrnrn

      rn011

    • Дали започнувате со некоја активност или проект и го завршувате до крај!?
    • rn011

    • Дали кога ќе ветите нешто (па дури и кога е само на себеси) го исполнувате!?
    • rn011

    • Дали лесно кажувате НЕ на некое провокативно јадење, а притоа сте на диета!?
    • rn011

    • Дали станувате порано секој ден и работите на себе (вежбање, прошетка, читање)!?
    • rn011

    • Дали станувате да завршите некоја работа што сте рекле дека ќе ја завршите, кога само ви се дреме и/или гледа ТВ!?
    • rn011

    • Дали станувате на првото ѕвонење на алармот, или после 4-5 притискања на „snooze”!?
    • rn011

    • Дали сте биле на сите тренинзи на фитнес или пилатес?
    • rn011

    • Дали ја проверувате електронската пошта во одредено време во денот (или постојано пораките ви го одвлекуваат вниманието)!?
    • rn

    rnzoshto-e-vazhna-samodisciplinata-i-kako-da-ja-razvieme-kafepauza.mkrnrnДоколку одговоривте ДА на овие прашања, тогаш вие нема потреба да читате понатаму. Но, доколку во повеќето од прашањата се пронајдовте дека го правите спротивното, тогаш се работи за помала (само)дисциплина и можеби би ви користело да го прочитате текстот во продолжение.rnrnДисциплината е систем на активности кои водат кон остварување на определена цел или идеал. Таа претставува доминација на волјата во однос на некои примални (основни) желби. Дисциплината претставува контрола над нашите емоции и начин како да се надминат нашите слабости. Затоа многу често таа се поистоветува и со самоконтрола и мотивација. Дисциплина е кога го користиме разумот со цел да ја донесеме вистинската и најправилната одлука, а која можеби е спротивна на нашата желба. Често дисциплината значи жртвување на задоволството и возбудата од некоја активност, за нешто што не е толку возбудливо, но сигурно многу повеќе во релација на нашите генерални цели. Тоа е така и така мора да го прифатиме.rnrnСо самодисциплина обезбедуваме контрола и моќ врз нашите животи. Таа е основата за развој на нашиот карактер.rn
    rn

    „Штом ќе се обврзете за нешто, потребна ви е дисциплина и макотрпна работа да го остварите тоа.“rn- Хајле Гебресиласие, маратонец

    rnМногу луѓе сметаат дека ако си дисциплиниран, си војник и ја губиш креативноста и слободата. Но, тоа е огромна грешка. Дисциплината дури и значи слобода. Колку повеќе ја развиваме нашата самодисциплина, толку повеќе се здобиваме со контрола над нашите акции и емоции и со тоа си обезбедуваме поголема продуктивност, намалување на проблемите, како и можност за успех, почит и подобро физичко и ментално здравје.rnrnДобра вест е дека дисциплината, како и секоја вештина, може да се учи и развива. Еве неколку совети кои може да ви помогнат да ја развиете вашата самодисциплина:rnrn1. Свесност: Примарно е да знаеме и да бидеме свесни што правиме и што не правиме. Какви активности и одлуки превземаме, и дали сме сосема свесни за нивните последици. Ако не сме свесни дека нашето однесување е недисциплинирано, тогаш како ќе знаеме да го подобриме?!rnrn2. Самопознавање: Дисциплината е систем за менаџирање на желбите и потребите. Доколку ние си ги познаваме добро нашите потреби, тогаш ќе донесуваме најдобри одлуки кои се во релација со нашите цели и вредности.rnrn3. Обврзување на самодисциплина: Кога ќе ги дефинирате вашите задачи и активности, мора да се обврзете дека ќе ги завршите. Самодисциплина е кога почетниот ентузијазам за некоја работа ќе исчезне, вие сепак да останете мотивирани и да ја завршите задачата.rnrn4. Завршување на работите: Дадете си ветување дека сите работи што ќе ги почнете, ќе ги завршите. Без разлика дали планираниот ефект ќе се изгуби и/или нема поента во завршување на работите, вие бидете доследни на тоа што сте си го ветиле и завршете ја работата.rnrn5. Храброст: Потребна е огромна храброст да се биде дисциплиниран. Мора да си признаеме дека некои работи се тешки да ги направиме и потребна ни е храброст за да ги направиме.rnrn6. Откачете ги изговорите: Бидете свесни и искрени со себе. За да не направите некоја работа, мозокот е спремен да измисли фантастични изговори. Не барајте изговори, туку засукајте ги ракавите и најдете решение и завршете ја работата.rnrn7. Почнете со ситни обврски: Зададете си мали одговорности и задачи за исполнување, или задачи за во точно определено време од денот. Со нивно исполнување вашата самодоверба ќе се зголеми и веројатноста за исполнување на посериозните задачи е поголема.rnrn8. Фокус: Не дозволувајте глупости да ви го одземаат вниманието. Нашиот мозок е дизајниран да ги завршува работите. Но, ако сред некоја активност ни се попречи некоја друга, тогаш мозокот бара таа истата да се заврши. И ако постојано ни се уфрлаат некои други работи, тешко ќе биде да го завршиме она што сме го почнале.rnrn9. Вежбајте рутина: Звучи досадно, но е еден од најдобрите начини за учење на дисциплина. Правење на некои работи секој ден, а не кампањски. Тоа ни дава рутина, што влијае на развојот на позитивните навики.rnrn10. Разговарајте со дисциплинирани луѓе: Алоцирајте некои личности во вашиот живот (пријатели, колеги, роднини) кои сметате дека се самодисциплинирани и разговарајте со нив. Како тие ги прават работите, како тие се справуваат со сите тешкотии итн.rn
    rn

    „Сите ние мора да поминеме низ процесот на патење од една од овие 2 работи: болката што ја предизвикува дисциплината или болката од каењето и/или разочарувањето.“rn- Џим Рон, претприемач и автор

    rnОдбивам каење и разочарување, јас повеќе сакам да се справувам со болката на дисциплината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Што е мудроста и како да ја развиеме во себе?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnВо претходниот мој неделен совет пишував за умешноста на живеењето, т.е. што значи да умееш да донесуваш правилни одлуки, во право време. Сите истражувања и вистини водеа кон тоа дека мудроста е таа што ги донесува тие одлуки. Колку сме помудри, толку поубави одлуки ќе донесуваме.rnrnshto-e-mudrosta-i-kako-da-ja-razvieme-vo-sebe-kafepauza.mkrn

    Но што претставува мудроста?

    rnМудроста е способност да се донесуваат правилни одлуки и да се оди во вистинската насока, по вистинскиот пат, и сето тоа засновано на знаење и разбирање. Мудрост е способноста да мислиме и делуваме употребувајќи знаење, искуство, разбирање и свесност. Тоа е карактеристика која ни овозможува да ги направиме работите со најголемо ниво на прецизност, и тоа во секои услови. Или како што вели еден мој мудар пријател, мудрост значи да си среќен и исполнет и да го правиш со ист елан она што го сакаш, но и она што не го сакаш.rnrnСпоред медицинскиот центар на Харвард, мудроста е способност да се разберат природата и однесувањето на работите, луѓето и настаните. Способност да ги погледнеме работите од други перспективи и да избегнуваме црно-бело размислување. Карактеристика која секој од нас ја поседува (повеќе или помалку) и која е во директна корелација со нашиот внатрешен капацитет (когнитивен, емоционален и физички), надворешниот свет и динамичната релација на внатрешниот со надворешниот свет.rnrnАристотел ја дефинирал мудроста како разбирање зошто работите се такви какви што се, што е огромна разлика отколку само знаење дека работите се такви. Сето ова звучи фолозофски, но и самиот збор „филозофија“ означува „љубов кон мудроста“.rnrnВо секој случај, од горните дефиниции може да се воочи дека, мудроста се поврзува со разбирањето. Прво мора да ја дефинираме разликата помеѓу знаење и разбирање. Основата на знаењето е во разбирање на знаењето, и апликативноста на тоа знаење. Во спротивно ќе имаме само одвишок знаење околу некоја работа. Но тоа не значи дека сме ја разбрале таа работа.rnrnЗнаењето користи еден центар во мозокот, додека пак разбирањето активира неколку центри.rn

      rn011

    • За да се сфати мудроста, понекогаш добро е да се сфати што не е мудрост.
    • rn011

    • Да се зборува или делува на глупав начин, а потоа да се обвинуваат другите за тоа што се случило
    • rn011

    • Да се зборува или делува на начин што ќе предизвика тешкотии за блиските луѓе
    • rn011

    • Да не учиме од нашите грешки, и да ги повторуваме истите грешки
    • rn011

    • Да сме горчливи за минатото и цинични за иднината
    • rn011

    • Да критикуваме постојано
    • rn011

    • Да се водиме обратно од нашите вистински вредности
    • rn

    rnЕдно од најдобрите работи за мудроста е тоа што ни прави баланс на срцето и умот. Овој баланс – мир се постигнува поради тоа што ние дејствуваме во релација со нашите вистински цели, а го избегнуваме губењето на енергија додека трагаме по вистинскиот пат. А генерално ни се случува да се вртиме во круг и секогаш се наоѓаме во иста ситуација, само со различно сценарио.rnrnНајинтересно е тоа што мудроста не е поврзана генерално со годините. Не важи само она старото правило, некој е мудар бидејќи е стар. Сите ние може да ја развиваме нашата мудрост. Како и сѐ друго, и тоа е вештина која може да се развива.rnrn

    „Нам мудроста не ни е дадена, ние мора самите да ја пронајдеме одејќи по дивиот пат кој никој не може да го изоди за нас, и е мака од која никој не може да не поштеди.“ – Марсел Пруст

    rnЕве неколку насоки за размислување (бидејќи глупаво би било да шаблонизираме некоја толку апстрактна тема, и да мислиме дека може да ја ставиме во 6 чекори или 11 основни правила):rnrn Патот до мудроста: За да може да работиме на својата мудрост како вештина, мора прво да сфатиме добро што е мудрост (незнам дали е доволно да го прочитате само овој текст), и најважно да сфатиме дека нема лесен пат до мудроста. Се вели дека, како што потребата е мајка на иновацијата, макотрпноста е на мудроста.rnrnКарактеристики на мудар човек: Сочувство, одговорност, интегритет, прифаќање, желба за знаење, поглед од повеќе перспективи, емпатија, внимателен и добродушен, дарежлив, човек од доверба, скромен, отворен, трпелив итн. Треба да ги развиваме овие убави вредности и напорно да работиме на тоа.rnrnБидете набљудувач: Набљудувајте се себе и другите. За подобро да ги разбереме сите односи и сѐ она што се случува околу нас, мора прво да се познаваме самите себе и другите. И најважно да не судиме. Ниту другите, ниту себе. Тоа значи да се прифатиме какви што сме (и ако не си се допаѓаме, да се промениме) и да ги прифатиме другите какви што се (а нив, да не пробуваме да ги промениме).rnrnМедитација: Едуцирајте се повеќе за медитацијата и почнете да ја практикувате. Многу познати, успешни и мудри луѓе ја користеле и ја користат (Џон Ленон, Стив Џобс, Ајнштајн, Опра, Стинг, Тесла и др.)rnrnВежбање телесни вештини: Источните практики се најдобри за развој на телесната интелигенција. Преку нивно практикување и омекнување на телото, омекнуваме и ги менуваме наши ставови, принципи и заклучоци.rnrnРазговарајте со мудри луѓе: Ако имате некој што го сметате за мудар, поминувајте повеќе време со него. Набљудувајте го и видете што е она што таа личност го има и што може да украдете од неа.rnrnСамоменаџирање: Еден од основните концепти за развој на мудроста како вештина, е да работиме на себе, т.е. да го ставиме фокусот на внатрешниот, а не на надворешниот свет. Ако не ни се допаѓа надвор, треба решението да го бараме внатре. Дознајте повеќе и работете на техники за смирување на умот, развој на мотивација за самознаење, техники за надминување на егото и други техники за самореализација.rnrnПравени се медицински истражувања каде што било евидентирано дека пациентите кои се справувале со тешки и хронични болки, почнувале да зборуваат за нивната состојба со јазикот на мудроста (покажувале сочувство, разбирање на другите и за лимитацијата на знаењето, простувале итн.). Да не чекаме да ни се случи нешто такво за да го научиме јазикот на мудроста. Да бидеме мудри и да почнеме со негово изучување уште сега.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]

  • Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Дали заборавате? Овие совети ќе ви помогнат околу тоа

    Автор: Калин БабушкуrnrnВо време на стресно живеење и обврски кои секој ден сè повеќе натежнуваат околу нас, заборавањето на работите е можеби и нормална работа. Но работата е дека сè повеќе и повеќе луѓето околу нас се „вадат“ на тој момент и дозволуваат сè почесто да забораваат на работи кои треба да ги извршат.rnrnНа заборавањето влијаат многу фактори, но речиси сите се поврзани со вас и зависат само од вас. Тука, би сакал со вас да споделам неколку работи кои би ви помогнале да го намалите заборавањето, да го исполните она што сте го ветиле.rnrnWoman Forgets To Take Her MedicinernrnОдмор – Имајте време за одмор, затоа што само одморен мозок може да памети многу работи.rnrnПодобра организација – Пробајте да одвоите време за ваша подобра организација и приоретизирање на работите.rnrnПотсетници – Користете потсетници. Тие може да бидат од обично ливче, преку мобилен телефон, до потсетник во компјутер.rnrnОдложување на работите – Извршувајте ги работите навреме и што порано. Немојте да ги одложувате.rnrnСподелување – Замолете ги луѓето околу вас или тие директно инволвирани во работата, да ве потсетат.rnrnДА – Немојте веднаш да кажувате ДА. Размислете дали имате време за да ја извршите работата, и после кажете ДА.rnrnОдредено место – Имајте одредено место каде што ќе ги оставате работите што треба да ве потсетат (фрижидер, работна маса итн.) од каде што може лесно да се потсетите што треба да направите.rnrnПриоретизирање – Имајте начин на приоретизирање на работите. Тоа ќе ви помогне да не ги одложувате работите на кои треба да им дадете важност. Но немојте ова да ви овозможи тие работи што за вас не се толку важни, со тек на време воопшто да не бидат изреализирани и извршени.rnrnИзвинување – Имајте доблест да се извините на соодветната личност дека сте заборавиле да го направите тоа за што сте се договориле.rnrnСекако дека има многу други работи кои може да ви помогнат да го намалите моментот на заборавање за извршување на работите. Многу важна работа, околу заборавањето, е да сте свесни дека тоа го правите и да прифатите дека треба нешто да промените. Откако тоа ќе го прифатите, сте направиле голем чекор.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Умешноста на живеењето

    Умешноста на живеењето

    Автор: Петар ЛазаровrnrnДенес е многу тешко умешно да се снајдеме со секојдневието и да се справиме со сите предизвици што ни препречуваат во остварување на своите цели и што не ни дозволуваат да бидеме целосно опуштени и среќни. Секој ден се среќаваме на крстопатот помеѓу (минимум) две ситуации, емоции, желби, одлуки, патишта. Секогаш е прашањето „каде да одиме, по кој пат да тргнеме?!“ Дали да одиме лево, дали десно? Дали нагоре дали надолу?!rnrnumeshnosta-na-zhiveenjeto-kafepauza.mkrnrnТоа и е „умешноста на живеењето“. Да знаеме кога, на каде да тргнеме. Да знаеме кој е вистинскиот момент и како да постапиме во секоја ситуација.rnrnНајдобро може умешноста на живеењето да ја согледаме во стиховите на песната на Paul van Dyk, “Time of Our Lives”:rn

    There’s a time for us to let gornThere’s a time for holding onrnA time to speak, a time to listenrnThere’s a time for us to go

    rn

    There’s a time for living low downrnThere’s a time for getting highrnA time for peace, a time for firernA time to live, a time to die

    rn

    A time to scream, a time for silencernA time for truth against the liesrnA time for fate, a time for sciencernThere’s a time for us to shine

    rn

    There is a time for mis-believingrnThere’s a time to understandrnA time for hurt, a time for healingrnA time you run, to make a stand

    rn

    Oh, this is the time of our lives

    rn

    Hold on

    rnrn

    rnrnrn

    Умешност е да знаеме:

    rn

    кога да скокнеме, кога да се повлечемеrnкога да се опуштиме, кога да се стегнемеrnкога да го отвориме срцето, кога да го затворимеrnкога да откачиме, кога да бидеме сериозниrnкога да викнеме на работа, кога да замолчимеrnкога да зборуваме, кога да слушамеrnкога да се сложиме со шефот, кога неrnкога да застанеме, кога да тргнемеrnкога да врискаме, кога да молчимеrnкога да ја кажеме целата вистина, кога делrnкога да имаме верба, кога да ѝ веруваме на наукатаrnкога да прашаме, кога да премолчимеrnкога да пофалиме, кога да критикувамеrnкога да започнеме свој бизнис, кога да почекамеrnкога да се бориме за врската, кога да ја прекинемеrnкога да се повлечеме, кога да нападнемеrnкога да направиме соработка со клиентот, кога да си станеме од масаrnкога да веруваме, кога да бидеме сомничавиrnкога да се откажеме, кога да бидеме упорниrnкога да наградиме, кога да казнимеrnкога да заплачеме, кога да се воздржимеrnкога да кажеме, кога да замолчимеrnкога да попуштиме, кога да стегнемеrnкога да му кажеме на колегата, кога да премолчимеrnкога да љубиме, кога да се откажемеrnкога да одиме лево, кога десноrnкога да употребиме сила, кога нежностrnкога да бидеме силни, кога да признаеме дека сме слабиrnкога да кажеме не, кога даrnкога да пресечеме, кога да премеримеrnкога да се фокусираме, кога да се опуштимеrnкога да ја донесеме одлуката, кога да ја преспиемеrnкога да кажеме шега, кога неrnкога да се насмееме, кога да сме сериозни.

    rnВо сите овие моменти, за да знаеме да ја направиме вистинската одлука, треба да сме МУДРИ. Умешност на живеењето претставува мудро живеење. Колку сме повеќе мудри и донесуваме мудри одлуки во животот, толку полесно ќе се справуваме со секојдневните предизвици. Во сите вакви случаи нас нѐ водела интуицијата. Донесуваме одлуки врз база на нешто од внатре што нѐ поттикнува и инспирира. Но, многу често знаеме интуитивно да донесеме погрешни одлуки. Тоа е поради тоа што интуицијата нѐ тера да донесуваме одлуки кои не се наши (базирани на вредностите на нашите родители, нашите менаџери, колеги, пријатели, општеството, системот итн.).rnrnМудрите одлуки се во директна релација со интуицијата. Кога ќе ја развиеме нашата „вистинска“ интуиција на повисоко ниво, и одлуките што ќе ги донесуваме ќе бидат помудри и по правилни.rnrnНо, што значи мудроста?! Како се донесуваат мудри одлуки?! За тоа, во следното продолжение.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.