КАФЕ ПАУЗА

Tag: Tip of the Week

  • Како да бидете човек од акција?

    Како да бидете човек од акција?

    Автор: Калин БабушкуrnrnНекои работи, за да може да се направат или да се променат, потребно е да се преземат активности. Многу ретко работите се случуваат сами по себе, но и да се случат, не биле сами по себе.rnrn1-kako-da-bidete-chovek-od-akcija-kafepauza.mkrnrn rn

    „Многу одамна дојдов до сознание дека луѓето кои постигнуваат успех ретко седат со скрстени раце и дозволуваат нештата да им се случат. Тие одат и им се случуваат на нештата.“ – Леонардо да Винчи

    rnНо преземањето активности и акција не е секогаш лесно и брзо! И само поради тоа, многу ретко знаеме да преземеме акција и работата да ја завршиме до крај. Сакаме, но бидејќи поголемиот број од нас не се луѓе од акција, работите остануваат недовршени. И тоа е за работи во секој сегмент од нашиот живот (работа, дома, опкружување, итн.)rnrnЕве ви неколку совети како да станете човек од акција и како работите да ја видат светлината на денот:rnrnГОЛЕМИ очекувања наспроти МАЛИ резултати – Најчесто не ги завршуваме работите затоа што си поставуваме високи цели и имаме големи очекувања. Штом целите и очекуваните резултати се поставени, гледајте да ги доведувате до најмала можна остварлива работа. Кога се сведени на помали резултати, полесно е да се остварат. Мали резултати водат кон остварување на голема цел.rnrnTo do листа – Секоја вечер имајте ваква листа со приоритетни работи. Немојте да претерувате со приоритетни работи затоа што секој од нас може да заврши (квалитетно) максимум 7 -11 приоритетни работи во текот на целиот ден (не се смета периодот кога спиеме).rnrnМенаџирање со време – Само со добро менаџирање во времето можете да бидете човек од акција. Сите тие на кои им недостасува по некоја минута, нормално е што не се од акција и имаат отпор кон тоа. Па, немаат време.rnrnВизуализирање на работите – Ако не можете да ги визуализирате резултатите и работите кои треба да ги направите, нормално е да не ги направите. Ако немате способност да ги визуализирате, ќе ви биде тешко да ги разберете.rnrnФокусирајте се на КАКО, а не на ШТО АКО – „Што ако“ може да ви одземе многу време (часови, месеци, години) додека дојдете до заклучок, а и мозокот ќе ви се измори. Наместо тоа фокусирајте се на тоа како да направите некоја работа или решите некој проблем. Направете истражување, ако треба, но фокусирајте се на тоа КАКО да ја завршите работата.rnrnЕнтузијазам и позитивен поглед на работите – Имајте позитивна енергија и мисли дека со извршување на работите или преземање на акцијата правите некои промени коишто позитивно може да се одразат на вас, вашите најблиски и вашето опкружување. Кога ги правите работите, правете ги со ентузијазам и со позитивна енергија.rnrnНе се откажувајте – За работите што ги правите не секогаш ќе имате поддршка. Тоа не значи дека не ги работите добро или дека не треба да ги работите. Поголемиот број луѓе се без акција како што сте биле и вие, па им треба време да се променат.rnrnДополнително на ова, доколку нешто ви пречи или мислите дека треба да се промени или подобри, преземете акција. Бидете иницијатор и немојте да губите надеж. Правејќи ги работите за себе, ги правите и за другите.rnrnkako-da-bidete-chovek-od-akcija-kafepauza.mkrnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали знаете да критикувате? А да примите пофалба?

    Дали знаете да критикувате? А да примите пофалба?

    Автор: Калин БабушкуrnrnЗнаеме да критикуваме, но кога нè критикуваат, тогаш не ни е драго. Дозволете да ве критикуваат (конструктивно), но критикувајте и вие (конструктивно). Ако нешто во вашата околина не ви се допаѓа, напишете писмо до надлежните институции, но и вие помогнете во негово решавање.rnrndali-znaete-da-kritikuvate-a-da-primite-pofalba-kafepauza.mk copyrnrnПоплаките и критиките се добро едукативно средство и за тие што ги даваат и за тие што ги примаат. Дали се едукативни или не, најмногу зависи од вас и тоа како ќе ги гледате тие поплаки.rnrnЗа оние коишто не ја знаат најшироко прифатената дефиниција на поплаката и давањето поплака – тоа е т.н. СЕНДВИЧ систем, каде што се дава позитивна, па негативна и повторно позитивна конотација на поплаката, но сепак намерата е пренесена. На пример: „Ова што го напиша е добро и дава убава основа за следните чекори, но нема користено некои дополнителни работи кои ќе помогнат во следната фаза и целиот развој на фирмата, а ова што го правиш ти е многу важно“.rnrnСакам да споделам со вас неколку начини на поплаки и како да критикувате конструктивно, но сепак тие да бидат разбрани од сите, дека секој од нас може да ги користи, но и да биде подготвен да ги прими и правилно да ги обработи.rnrnИмајте добри намери – Ако критикувате нешто или некого или, пак, сакате да направите некоја поплака, имајте добра намера во тоа. Немојте да напаѓате, навредувате или нешто слично, кое е несоодветно – туку нека биде со намера за подобрување на работите.rnrnФокус на работата, а не на човекот/луѓето/институцијата – Држете се до работите што можат да се променат и немојте да критикувате нешто што може да се промени во некоја наредна фаза.rnrnБидете искрени – Па ако треба и самокритични. Само искреноста може да помогне добронамерно да ве сфати другата страна. Кажете како вие ги гледате работите и може тоа да е точно или не, но тоа е ваш начин на гледање на работите.rnrnНемојте многу да зборувате или да пишувате – Не сакате да претерате во работата. Не за друго, не сме многу подготвени за поплаки или за критики, ако претерате со зборување или  со пишување, тогаш уште повеќе работата се отежнува. Преголемата критика може да предизвика негативни чувства кај другата страна.rnrnМониторинг – Ако сте направиле поплака, мониторирајте дали промената за која сте поднеле поплака е направена. Ако не е, тогаш потсетете ги за тоа што мислите дека треба да се промени/подобри, но ако не сте во право, нека ви дадат одговор зошто не сте во право. Немојте да останете на она: јас направив што треба и толку од мене, туку бидете активен чинител во спроведувањето или добивањето на соодветен одговор.rnrnПофалба – Ако е направена промената што сте ја побарале претходно, можете да ја пофалите другата страна за направената промена. Немојте да штедите на пофалби, ако ништо друго, поттикнувате конструктивно гледање на критиките и подобрување во наредниот период.rnrnКритикувајте и давајте поплаки, но бидете подготвени и да примате поплаки и критики. Исто така, бидете подготвени да примите и пофалби, бидејќи за нив често сме неподготвени, мислејќи дека се двосмислени или неискрени.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 11 работи кои треба да престанете да ги правите за да се фокусирате на една – себеси

    11 работи кои треба да престанете да ги правите за да се фокусирате на една – себеси

    Автор: Калин БабушкуrnrnНови почетоци, нова година. Време е да се фокусираме на самите себеси.rnrn11-raboti-koi-treba-da-prestanete-da-gi-pravite-za-da-se-fokusirate-na-edna-sebesi-kafepauza.mkrnrn1. Прекинете да трошите време на погрешни луѓе – Животот е прекраток да го поминуваме со луѓе коишто се негативни, кои ни одземаат енергија, кои само нè влечат надолу. Да знаете, не треба да ги кривите нив што ви го прават тоа, туку сами да се запрашате дали треба или не треба да го поминувате времето со нив.rnrn2. Прекинете да мислите дали сте подготвени – Маѓепсан круг во кој многу често знаеме да западнеме. Да не избегаме од комфорната зона. Една е вистината: Секогаш сте подготвени за нови работи. Или подобро кажано, никогаш нема да бидете 100% подготвени затоа што едноставно тоа е невозможно. Со текот на времето ќе дојдете на тие 100% и тогаш ќе треба да преминете на нешто ново.rnrn3. Немојте да се враќате на минатото – И да направите промена, немојте да се двоумите – дали доколку сте ја избрале другата опција можеби ќе ви било подобро. Тоа што сте го одбрале е правилната одлука и работете на тоа таа да се оствари и да ве доведе до 100%, и немојте да влегувате во пустото: „Ех, да отидев по другиот пат ќе ми беше подобро“.rnrn4. Немојте да бегате од проблемите – Соочете се со нив веднаш. Немојте да ги криете „под тепих“, затоа што кога-тогаш ќе се појават. Едно треба да знаете, за секој проблем има решение – некои од тие решенија можеби нема да ви се допаднат – но сепак е решение.rnrn5. Немојте да се залажувате – Можете да ги лажете луѓето околу вас, но никогаш самите себеси. Ако сте реални, вие најдобро знаете кои сте и што сте. Ако веќе го знаете тоа, гледајте да ги подобрите работите кај себе, а не да се залажувате.rnrn6. Прекинете да ги ставате потребите на другите пред вашите – Да, помогнете им на другите, но помогнете си и на самите себеси! Да, направете нешто за другите, но направете нешто и за себе! Да, имајте време за другите, но имајте време и за себе!rnrn7. Прекинете да пробувате да бидете некој што не сте – Еден од најголемите предизвици е да се биде тоа што си, а не некој или нешто друго. Најголем предизвик е да не ставаме маски, туку да бидеме она што сме. Немојте да правите сè за да ве сакаат другите, туку бидете тоа што сте. Вистинските луѓе ќе ве сакаат такви какви што сте навистина.rnrn8. Немојте да се плашите да правите грешки – Кој греши, тој/таа учи. Но, учете од грешките, немојте да ги оставете само така. На секој успех му претстоеле безброј грешки и тоа е така и така ќе биде. Тие грешки се инвестиција за во иднина.rnrn9. Прекинете да се натпреварувате – Не се грижете за тоа што можат да направат подобро од вас другите. Фокусирајте се на подобрување на вашите претходни успеси. Всушност, борбата е помеѓу минатото ЈАС и идното ЈАС.rnrn10. Прекинете да се жалите – Ако сакаме, може да се жалиме до утре, но тоа нема ништо да помогне или да ја смени ситуацијата. Подобро е за вас да ја фокусирате енергијата кон промена на работите отколку постојано да се жалите. Од друга страна, пак, ако постојано се жалите, луѓето ќе ве одбегнуваат и никој нема да сака да се дружи со вас.rnrn11. Прекинете да се објаснувате на другите – Тоа не им е потребно на тие коишто ве знаат, а непријателите и вака и онака нема да ве разберат!rnrnВреме е да мислите на себеси. Со тоа ќе го подобрите вашето живеење, но и на најблиските околу вас (семејството, пријателите, соработниците…)rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Заглавени во моментот: Како да се одглавиме и да тргнеме напред?

    Автор: Калин БабушкуrnrnСекојдневно слушам како се жалиме дека економијата не ни била добра, примањата не ни се добри, патиштата не ни се добри, дека на работа не ни е добро, дека колегите не нè сакаат, дека менаџерите нè тормозат итн., итн.rnrnzaglaveni-vo-momentot-kako-da-se-odglavime-i-da-trgneme-napred-kafepauza.mkrnrnСакале ние да признаеме или не, заглавени сме во моментот. Да биде уште пострашно, не сакаме да се одглавиме. Доаѓаат странци и само прашуваат: Добро, зошто е ова вака? А ние само се правдаме дека е поради ова или поради она…, но никако да кажеме дека зависи од секој од нас индивидуално. Од секој од нас зависи дали ќе одиме напред или ќе си останеме тука и ќе обвинуваме некој друг за оваа ситуација (која и да е таа) и ќе си продолжиме да се жалиме за сè и сешто.rnrnЕве неколку идеи како да излеземе од оваа ситуација:rnrnЕдукација – ДЕНЕС ЕДУКАЦИЈАТА Е ПОПРИСТАПНА ОД КОГА БИЛО ДОСЕГА ВО ВАШИОТ ЖИВОТ. Само треба да сакате да се едуцирате затоа што сѐ што треба е на интернет и да напишете што ве интересира и ќе дознаете многу работи. Со едукација ќе добиете нови видици, нови знаења, нови предизвици.rnrnСамосвесност – Прво да си признаете дека сте заглавени во моментот и дека никако не можете да се одглавите. Тоа ќе го сознаете откако ќе увидите дека само кукате, а ништо не правите да се промени сето тоа. Едноставно нели, само треба да сте свесни?rnrnЗаборавете на минатото – Најголема пречка ни предизвикува минатото и „убавиот“ живот којшто тогаш сме го имале. Е, па минатото е минато и затоа треба да го заборавиме.rnrnПреземете ризик – Никој од нас не сака да презема ризик, па затоа и сме во овој момент. Излезете од сигурната зона. Почнете со мали ризици и пополека зголемувајте ги. Размислете што ве радува или што ве прави среќни и направете го тоа.rnrnИнвестирајте во себе – Најчеста причина што сме заглавени е тоа што многу малку инвестираме во себе. Почнете да живеете друг живот. Друг начин на хранење. Друг стил на облекување. Друг начин на размислување. Друг начин на гледање на работите…rnrnСпоредување – Обично знаеме да се споредуваме со другите, па ако веќе го правите тоа, правете го со некои кои, според вас, се успешни и сакате да бидете како нив. Но, немојте тоа да ви биде императив во животот, па ако не успеете, повторно да се разочарате.rnrnЛидер без титула – Има еден интересен концепт на „бидете најдобри во она што го правите…“ Бидете лидер сами на себе, а не за другите… со тоа што ќе бидете лидер сами за себе, ќе видите дека тоа ќе влијае и на другите (тоа е несомнено).rnrnНовитети – Секој ден правете нешто ново. Добро, немојте веднаш да започнете и секој ден, но барем еднаш на две недели. Сменете ја рутата по која одите дома или на работа или каде било. Воведете какви било новитети во вашиот живот, во вашата работа. Сменете ги рутините и работите што ги правите рутински.rnrnКако што може да видите има мал милион работи коишто може да ги направите и пополека да се одглавите од моментот во кој сте заглавени. Ако вие се одглавите од овој момент, не сте ни свесни колку сè луѓе ќе повлечете со вас… тргнете само од тие што се околу вас во моментов додека го читате ова!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали знаете да работите во тим?

    Дали знаете да работите во тим?

    Автор: Петар ЛазаровrnrnАко земеме предвид дека ние луѓето првенствено не можеме меѓусебно да се разбереме (ако не се сложувате со ова само погледнете што се случува околу нас и пошироко), а за да функционираат повеќе индивидуи на едно место пред сѐ треба да се разберат, тогаш јасно е дека не е многу лесно да се вклопиме во еден тим. Функцијата на тимот е многу јасна – група луѓе собрани со определени комплементарни вештини за да остварат некоја иста цел, задача или проект. Имаме иста цел, сакаме исти работи, сами тешко може да ги исполниме задачите, а пак, е многу тешко да се здружиме и заеднички да работиме на секојдневните предизвици.rnrndali-znaete-da-rabotite-vo-tim-kafepauza.mkrnrnОд една страна, сите зборуваме дека заедно сме посилни, дека две глави мислат подобро од една, сите зборуваме за тим и тимско работење, одиме по обуки, се дружиме после работа, но од друга страна, често имаме проблем со колегата кој нема да си ја заврши работата, некој ќе го „намести“ другиот, ќе му стави сопка или ќе изневери во најважниот момент.rnrnПроблемот е во тоа што нашите индивидуални особености и карактеристики ги надвладуваат тимските цели и принципи на работење. Со цел подобро да функционираме како тим ние мора свесно и макотрпно да работиме на себе и на сите членови на тимот, како и да ги следиме некои од основните правила и принципи на функционирање во тим.rnrnВо прилог неколку правила и принципи кои мора да ги имате на ум кога формирате или работите во тимови:rnrn1. Цел – Која е вашата индивидуална цел и дали таа е комплементарна со целите на другите, како и целите на колективот (компанијата) во целост?!rnrn2. Улоги во тимот – Секој тим треба да е составен од индивидуалци кои имаат комплементарни вештини и точно определени улоги и задачи. Тоа по „странски“ се вика „Job Description“. Доколку ги немаме дефинирано улогите и задачите, тогаш многу лесно ќе се случи една личност да извршува нечии други задачи, или некоја задача да не се изврши воопшто. Незадоволството е неизбежно.rnrn3. Тим лидер – Секој тим мора да има една личност која ќе го води тимот и ќе ја преземе одговорноста за успехот или неуспехот на тимот. Лидерот мора да ги постави процедурите на работа, будно да го набљудува и следи својот тим, да биде заштитник и мотиватор.rnrn4. Одговорност – Секој индивидуално треба да преземе одговорност за своите постапки. Ако поради која било причина не сакаме да преземаме одговорност, тогаш веројатноста за да ги исполниме нашите индивидуални задачи како и тимските цели, ја сведуваме на минимум.rnrn5. Заедништво – Меѓусебно помагање на сите членови во тимот. Наполеон Хил вели дека најдобро и најбрзо ќе успееме ако им помогнеме на другите да успеат. Исто така се вели дека еден синџир е силен колку што е силна најслабата алка. Ако не ги поддржиме и помогнеме оние кои се послаби од нас, целиот тим губи (и ние самите).rnrn6. Конфликт – Конфликтот е неизбежен дел од функционирањето на еден тим. Но, доколку членовите промовираат отворена комуникација и искрено разговараат за своите проблеми, секогаш ќе може да се најде заедничко решение без притоа некој да прави огромни отстапки.rnrn7. Доверба – За еден тим да функционира беспрекорно, мора да постои доверба помеѓу членовите. Најдобар начин на градење доверба во тим е доколку првично ние сме луѓе од доверба. Отворената комуникација е исто така важен фактор во процесот на градење на доверба во тимот.rnrn8. Активно слушање – За да се разбереме, мора да се слушаме. Слушањето е ментален предизвик и природно тешко ни оди да го спроведеме. За да станеме подобар слушател, основно е да престанеме да зборуваме и да мислиме дека нашето е подобро, попаметно и поважно од она на другиот.rnrn9. Прашања, повратна информација и парафразирање – Употребувајте ги овие алатки со цел да ја подобрите комуникацијата во тимот. На овој начин ќе ги намалиме претпоставките, нејаснотиите и нецелосните информации.rnrn10. Обука – Мора постојано да ги надградуваме нашите знаења и вештини, и да ги имплементираме и тестираме истите во пракса. Само на тој начин може да очекуваме подобрување на нашите индивидуални вештини, но и перформансите на тимот во целина.rnrnГуските летаат во формација „V“ и на тој начин заеднички, подобро му се спротивставуваат на ветерот и достигнуваат далечини дури до 71% поголеми отколку што може една гуска сама. Ако лидерот се замори, веднаш го заменува некоја од гуските, а во случај на замор, поиздржливите ги бодрат послабите со квакање.rnrnДа учиме од природата!rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мојата прва голема продажба: Како да успеете да продавате?

    Мојата прва голема продажба: Како да успеете да продавате?

    Автор: Жаклина ГерасимовскаrnrnПосле стотина неуспешни и помалку успешни обиди, успеав да ја направам мојата прва голема продажба.rnrnОна што за мене беше посебно возбудливо, по направената продажба, е анализа на изминативе пет месеци кога за првпат активно почнав да се занимавам со продажбата. Една работа што, од една страна е убава, а од друга страна е ужасна, е што успехот во продажбата во голема мера зависи од тоа колку сме подготвени и сакаме да работиме напорно во развојот на својата личност и карактер. Многу често успешните продажби ги поистоветуваме со нашата среќа, дали сме имале или сме немале среќа со клиентот. Но, кога ќе навлеземе во суштината на процесот на продажба ќе сфатиме дека таа најмногу зависи од нас самите, нашата самодоверба, карактер и секако напорната работа.rnrnmojata-prva-golema-prodazhba-kako-da-uspeete-da-prodavate-kafepauza.mkrnrnНекои истражувања покажуваат дека, во просек, е потребно да се јавите 7 до 9 пати во некоја компанија за да ги добиете вистинските луѓе, односно луѓето кои се во позиција да ја донесат конечната одлука за купување. Ова вклучува контактирање со секретарки, вработени во одреден сектор што не се во позиција веднаш да ви одговорат на понудата, праќање на неколку мејлови, состаноци и сл. Во овој процес, за жал, најголем број од продавачите се откажуваат после само 2 или 3 обида, не стигнувајќи ниту на половина пат.rnrnВо однос на пречките со кои се соочував јас, при процесот на продажба, во прилог ви нудам некои совети кои мене ми помогнаа, а верувам ќе ви помогнат и вам за да останете фокусирани на продажбата.rnrnОдлучете се. Првиот чекор којшто треба да го направите е да одлучите дали навистина сакате да го научите процесот на продажба или имате отпор кон продажбата. Одлучете се дали сакате да ги надминете своите стравови во однос на многуте одбивања што ќе ги добиете или ќе останете засекогаш во вашата безбедна зона.rnrnРаботете напорно. Продажбата бара многу работа, дисциплина, откажување и инвестирање во развој на својата личност и карактер. Не само што ќе треба да се трудите да ги задоволите барањата на вашиот менаџер којшто ќе бара резултати од вас, туку ќе траба да научите како да ги задоволите и клиентите кои ќе го бараат она што сте им го ветиле.rnrnПочнете со мали продажби. Многу често новите продавачи се под искушение да направат големи продажби без да ги совладаат претходно основите на продажбата. Тие имаат преголеми очекувања од себе и своите менаџери за правење големи продажби без претходно да направат мали продажби и да го научат продажниот циклус на производот. Поради тоа, по неколку неуспешни продажби тие се обесхрабруваат и се откажуваат од продажбата.rnrnПоставете си цел. Пред да почнете со продажбата, имајте јасно поставени цели за тоа што сакате да ги постигнете. Потоа, направете план и распоред со активности за секој ден, недела, месец и година. Бидете дисциплинирани во остварувањето на целта и мерете ги резултатите и остварувањата.rnrnБидете посветени. Можеби ќе направите најдобар план за продажба за следниот период, но доколку не сте посветени и дисциплинирани да го реализирате, планот ќе ви пропадне и многу брзо повторно ќе се разочарате за продажбата.rnrnВежбајте многу и постојано. Продажбата е како спортот. Ако не вежбаме редовно, нема да ги видиме резултатите. Затоа, користете ги сите можности и настани на кои присуствувате за да го презентирате својот производ. Нетворкинг настаните, состаноците, посета на обуки, семинари и конференции, социјалните медиуми, „cold calling“, подготвувањето на мејлови, newsletter и слично, се само некои од опциите каде што можете да вежбате за да го презентирате својот производ на различни начини.rnrnБидете свесни за своите грешки. Учете од секоја ваша грешка и не ја прифаќајте како ваш конечен пораз. Работете на препознавање на грешките и работете на нивно отстранување. Кога го прашале Томас Едисон како се чувствувал после повеќе од 1.000 неуспешни обиди да ја направи светилката, тој кажал дека, всушност, не е дека тој не успеал, туку дека нашол 1.000 начини што не функционирале за правење на светилка.rnrnНадградувајте го своето знаење постојано. Продажбата е вештина, а секоја вештина се учи и надградува. За да ја направам мојата прва продажба ми требаше релативно доста време, бидејќи требаше да прочитам многу книги, да напишам многу сценарија и скрипти, да посетам многу обуки и семинари, да организираме неколку тим билдинзи со колегите за продажба и слично.rnrnНемојте да се разочарувате и да станете „мрзеливи“. Упорноста и трпеливоста се исто толку важни кога барате нов клиент како и кога сакате да ја затворите продажбата. Од една страна, треба постојано да барате нови клиенти, а од друга страна, треба да го одржувате контактот сè додека не ја направите „големата“ продажба.rnrnБидете опкружени со успешни луѓе. Факт е дека во текот на продажбата ќе бидете одбиени многу пати. Поврзувањето со успешни, позитивни и ориентирани кон резултати професионалци, е одличен начин да се самомотивирате и да се вратите на вистинскиот пат.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каде се изгуби довербата и како да ја повратиме?

    Каде се изгуби довербата и како да ја повратиме?

    Автор: Калин Бабушкуrn
    rn

    „Потребни се 100 добри работи за да стекнеме доверба, но само 1 лоша за да ја изгубиме“ – Зага, мојата класна од основно училиште

    rnДовербата е најважен дел во меѓусебните односи на луѓето. Жално е што иако сме свесни за ова, довербата во односите меѓу луѓето е на толку климави нозе што секоја комуникација започнува со НЕдоверба. Сигурно безброј пати ви се случило да започнете разговор со некого, а соговорникот да ве гледа со недоверба. Повеќе пати ќе испратите некоја понуда за соработка и таа понуда ја гледаат со недоверба. Некогаш ќе се пофалите за некоја добро завршена работа, а луѓето веднаш ве гледаат со недоверба и ве критикуваат. Недовербата е на сите страни.rnrnkade-se-izgubi-doverbata-i-kako-da-ja-povratime-kafepauza.mkrnrnИ сето тоа само се продлабочува и се продлабочува и никој нема намера да се мрдне од таа мртва точка туку баш напротив, сите ја прифаќаат како појдовна точка во секоја комуникација. Започнуваме со НЕДОВEРБА. Започнуваме со негативно.rnrnЗатоа, еве ви неколку совети како да ја повратите довербата кај луѓето и како со доверба да гледате на работите:rnrnПравете го она што го кажувате – Не ги оставајте работите само на зборови. Може да почнете со тоа што ќе кажувате работи коишто навистина можете да ги исполните, па макар тие биле мали и ситни. Од мали работи се гради довербата!rnrnСтојте зад своите ветувања – И немојте да ветувате само поради тоа што така прават другите или за да го завршите разговорот побрзо. Луѓето се ослонуваат на тоа што сте го ветиле и очекуваат дека ќе го исполните. Ако не го исполните, признајте си дека грешката е ваша и немојте да обвинувате други.rnrnКажувајте ја вистината – И немојте да имате скриени агенди. Кажувајте им на луѓето дека ја зборувате вистинатаrnrnНемојте да користите „бели“ лаги – Нема бела или црна лага – има лага! За жал, многу од нас се вадиме на овие обоени лаги, а всушност лажеме.rnrnБидете отворени – Во комуникација, во однос, во давање, во земање… Уште во самиот старт на комуникацијата отворете ги картите и немојте да се плашите од соговорникот. Проблемот е што ние не сме подготвени да бидеме отворени и затоа сите разговори и преговори започнуваат многу затворено и траат ли траат и сè до еден момент додека некој не се „отвори“… И што?? Само поминало многу време, а на крај сите се отвораат.rnrnЧувајте ги тајните за вас – Ако некој ви довери некоја тајна, немојте да ја пренесувате. Таа личност сака да сподели нешто со вас и тоа не ви дава за право да го пренесувате понатаму! Ни на најголемиот непријател немојте да му го правите тоа, а да не зборуваме за дома, на работа, со пријателите, со партнерите.rnrnОзборување – Немојте да озборувате. Немојте да озборувате други луѓе, настани или ситуации пред непознати, па и познати луѓе. Ако тоа го правите пред мене, зашто да не помислам дека тоа го правите и за мене, пред други луѓе?rnrnЛојалност – Со ова го покажувате вашиот капацитет да ги заштитите другите (колеги, другари, партнери…) како и дека сте од иста страна како кога се со вас, но и кога не се во ваше присуство.rnrnНемојте да ги повторувате истите грешки – Aко довербата кај некого ви е нарушена поради некоја работа која сте ја направиле, немојте да ја повторувате кај никого и никаде.rnrnКако што можете да видите, има многу начини како да ја повратиме довербата или како да почнеме со доверба да ги гледаме работите, но најважно е, навистина сите да почнеме со ДОВЕРБА и позитивно да гледаме на работите.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте…

    Моќта на прашањата – Прашувајте, прашувајте, прашувајте…

    Автор: Калин БабушкуrnrnПоттикнат од една случка на ќерка ми, каде што ѝ било срам да постави прашање, па поради тоа не ја разбрала задачата и автоматски лошо поминала на тестот, увидов дека кога поголемиот број луѓе се срамат да постават прашања на некој начин ги потиснуваат во себе. Да биде уште пострашно, од мали нозе нè учат или ги учиме децата дека поставувањето прашања е срамота или е непотребно и во тој случај што да очекуваме од тие деца кога ќе пораснат?!rnrnmokjta-na-prashanjata-prashuvajte-prashuvajte-prashuvajte-kafepauza.mkrnrnНапротив, да се постави прашање е многу убава работа. Eвe само неколку примери каде што со прашања ќе можете да:rnrnЗапознаете подобро со соговорникот или со ситуацијата – И да знаете со кого разговарате и за што разговарате. Прашањата тука се од општа природа и се чисто информативни.rnrnИмате контрола – Со прашања ја контролирате ситуацијата во разговорот и добивате повеќе информации. Со самото тоа што вие поставувате прашања кон соговорникот, автоматски вршите притисок врз него/нејзе да одговори (не секој сака да одговори на прашања), така што ја владеете ситуацијата.rnrnПодобро слушате – Ги развивате способностите за слушање, нешто што многу малку луѓе кај нас го имаат. А дополнително на тоа, ако не ви се зборува, со поставување на прашање, зборувањето го префрлате кај соговорникот. Отворените прашања тука се повеќе од добредојдени.rnrnМислите – Со поставување прашања активно учествувате во конверзацијата и ситуацијата и тоа ве тера да мислите и да бидете постојано ментално активни.rnrnГо уверите соговорникот – Со поставување на т.н. реторички прашања во ситуација сте да го уверите соговорникот во исправноста на тоа што го зборите.rnrnРазвивате комуникациски вештини – Поставувањето прашања е најубава алатка за развој на овие вештини. Со секое прашање, приморани сте да размислувате, зборувате и да слушате.rnrnПродадете услуга или производ – Што повеќе прашања, полесно ќе можете да дознаете што е вистинската потреба на вашиот клиент, партнер, соговорник и полесно ќе можете да го најдете решението за нивната потреба, а со тоа и да понудите и да продадете услуга или продукт.rnrnРазвиете лидерски способности – И да го контролирате вашиот тим , но и да ја владеете ситуацијата во која сте или ќе бидете, а вашиот тим навремено да ги извршува работите.rnrnРешите проблем – Да дознаете што е проблемот и зошто се случил и да ви овозможи полесно да го решите или да најдете некое решение кое ќе биде задоволително за двете страни.rnrnГо менаџирате времето – Да дознаете до кога треба некоја работа да се заврши или кога треба да бидете на некое место.rnrnПриоритизирате – Со поставување прашање ќе можете да донесете одлука, која работа е приоритетна од другата.rnrnКако што можете да видите, прашањата имаат влијание во многу аспекти од нашите животи (приватни или професионални), а ние уште од самиот старт им велиме на децата дека е срамота да прашуват. Поставувајте прашања што повеќе и поттикнете го тоа кај другите околу вас, ќе видите кави промени ќе се случат кај вас и во околината.rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Моќта на зборовите

    Моќта на зборовите

    Автор: Петар ЛазаровrnrnПред некој ден колешка, која е задолжена за продажба на нашите производи и услуги, ми рече „Петар, ми фалат зборови кога продавам. Не знам понекогаш што да кажам, т.е. како да продолжам во комуникацијата“. Во суштина не ѝ фалат зборови. Проблемот не е во количината на зборови, туку во вистинскиот избор и нивниот распоред. Понекогаш само со менување на редоследот или изборот на зборови (збор), може да се добие сосема друга конотација и поента на реченицата.rnrn1-mokjta-na-zborovite-kafepauza.mkrnrnЗборовите имаат огромна моќ и влијаат во нашата секојдневна комуникација, и живот воопшто.rnrnЈа знаете онаа приказна за слепиот бездоминик што просел?! Додека на знакот му пишувало „слеп сум, помогнете ми“, минувачите му давале нешто ситно парички. Но, кога некој минувач му го сменил текстот на знакот, наеднаш сите почнале да му даваат парички на бездомникот. На знакот пишувало „надвор е прекрасен ден, а јас не можам да го видам“.rnrnЗборовите може да те насмеат, зборовите може да те растажат, зборовите може да те возбудат, зборовите може да те смират, зборовите може да предизвикаат омраза, насилство, војна, зборовите може да предизвикаат љубов, среќа и мир. Со зборови може да нè внесат во состојба на хипноза, со зборови може да манипулираме со другите (тоа многу се користи во маркетингот и продажбата, да си знаете). Магионичарите употребуваат „магични“ зборови во своите магии, религиозните луѓе моќта на зборовите ја користат преку молитвите, источњаците преку мантрите, а западната психологија тоа го нарекува: моќта на потсвеста.rnrnЕдна од силните карактеристики на Стив Џобс беа неговите презентации и презентерски вештини. Тој имал моќ да влијае магично на своите соговорници. Анализите покажале дека еден од најважните фактори кој влијаел на уверливоста на неговите презентации, биле зборовите што тој ги користел во нив. Тој користел многу моќни зборови, кои потсвесно влијаеле на слушателите: фантастично, невидено, неверојатно, оригинално, супериорно, феноменално, за прв пат, најдобро во свет, инспиративно, магично, иновативно итн.rn
    rn

    „Внимавајте на вашите мисли тие стануваат зборови, внимавајте на вашите зборови тие стануваат акции, внимавајте на вашите акции тие стануваат навики, внимавајте на вашите навики тие стануваат карактер, внимавајте на вашиот карактер тој станува судбина.“ – Сун Цу

    rn3-mokjta-na-zborovite-kafepauza.mkrnrnВо прилог имате неколку совети кои треба да ги имате предвид следниот пат кога ќе употребите некој збор со цел да пренесете некоја порака, да кажете некому нешто, да примите информација или да се разберете во некоја дискусија:rnrn1. Свесност – Пак на цврсто прво место. Мора да сме свесни дека зборовите имаат огромна моќ, дека имаат влијание. Од друга страна ние најчесто НЕ сме свесни како ги употребуваме зборовите. Треба повеќе да мислиме, бидејќи во спротивно разликите и нејаснотијата во комуникацијата ќе биде уште поголема.rnrn2. Мислете повеќе – Мислете пред да кажете нешто. 2 пати мери, еднаш сечи – рекле старите. Клише, сите го знаеме, а колку го употребуваме вистински?! Мислете како зборовите ќе се одразат на соговорникот, мислете каков индиректен ефект ќе имаат зборовите, како ќе ја пренесат нашата порака, дали правилно сме го направиле изборот, редоследот или начинот на кој се кажани. И да знаете, ова е сериозна когнитивна способност. Ако ви е тешко не се грижете, само продолжете да работите на тоа.rnrn3. Дефинирање на значењето на зборовите – Проблемот во комуникацијата е тоа што ние уште на почеток не можеме да се разбереме. Тоа е поради фактот што сите ние уште пред да почнеме со разговорот, тргнуваме од различна појдовна точка.rn
    rn

    „Почетокот на мудроста е во дефинирање на поимите“ – Сократ

    rnТоа значи дека еден збор за мене има една перспектива, а за тебе друга. Ако дискутираме за љубовта, прво да дефинираме што е љубов за мене а што за тебе.rnrn4. Научете да молчите – Една мудрост вели „ако ја знаевме моќта на зборовите, многу често ќе премолчувавме во негативни ситуации“. Понекогаш и не мора да кажеме сè што ни лежи на душа. Треба да сме мудри и да знаеме кога да кажеме, а кога да премолчиме. Ефектот на кажаното може да е повеќе негативен од ефектот на премолченото.rnrn2-mokjta-na-zborovite-kafepauza.mkrnrn5. Трансформационен вокабулар – Значи контрола на „навикнатиот“ вокабулар, и користење на зборови кои ќе го променат нашиот живот. Основата на овој концепт лежи во тоа дека зборовите што се дел од нашето искуство, стануваат нашето искуство (судбина). Ова значи наместо употреба на зборови кои се оружје, да се употребуваат како алатка:rn[column col=”1/2″]rnrn

    Оружје

    rnДа се обвиниrnДа се наметнеrnДа се излажеrnДа се војуваrnДа се осудуваrnДа се нападнеrnДа се обесхрабриrn[/column]rnrn[column col=”1/2″]rnrn

    Алатка

    rnДа се разјасниrnДа се објасниrnДа се охрабриrnДа се ослободиrnДа се усогласиrnДа се протестираrnДа се обучиrn[/column]rn
    rn4-mokjta-na-zborovite-kafepauza.mkrnrn6. Позадина на зборовите – Не е исто:rn

    Уверување (у-вера) ≠ Убедување (у-беда)

    rnВо секојдневната комуникација ние многу често се „убедуваме“ за некои работи.rn

    Зборовите може да повредат или излекуваат некого! Што направија вашите зборови денес?!

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Знаете ли да се менаџирате себеси?

    Знаете ли да се менаџирате себеси?

    Автор: Петар Лазаров rnrnЗа една личност, вработен, професионалец, менаџер, сопственик, кој било, да биде комплетен и успешен, во справување со секојдневните предизвици (на работа и приватно), освен неговите професионални вештини и знаења, мора да знае како да се менаџира себеси, своите капацитети и емоции. Односно, да знае да се справи сам со своите препреки и бариери.rn
    rn

    „Сите размислуваат да го променат светот, но никој не размислува да се промени самиот себеси.“ – Лев Н. Толстој

    rnznaete-li-da-se-menadzhirate-sebesi-kafepauza.mk rnrnСамоменаџирањето претставува склоп на вештини, методи и стратегии со кои една индивидуа ќе може ефективно да ги насочи своите активности кон остварување на своите цели, но и да знае како тие ќе се одразат на другите. Самоменаџирањето се однесува на: поставување и на исполнување на целите, донесување на одлука, менаџирање на стрес, самомотивација, иницијативност, фокус, организација, планирање, менаџирање на време и најважно за нашата ментална и физичка стабилност. Вработен, со карактеристики што би сакала да го има секоја компанија. Доколку успеам во 500 зборови да ви објаснам и да ви помогнам да ги зајакнете сите овие карактеристики, прво сам себеси ќе си помогнев, а потоа ќе се прогласев за мастер, 9-ти дaн, црн појас. Нажалост тоа не е толку лесно. Тоа бара огромна работа, посветеност, жртва и време. Но, еве неколку совети што може да ви помогнат малку и да ви дадат иницијација повеќе да размислувате и да работите на концептот на самоменаџирање:rn

    1. Да бидеме свесни дека треба да работиме на себеси:

    rn„Свесност“ е вистинскиот збор. Ако немате проблем со овие активности, тогаш вие нема потреба да губите време на самоменџирање:rn

      rn011

    • Не чекате никој да ве мотивира, вие самите си ги исполнувате сите задачи.
    • rn011

    • Немате проблем со пробивање на рокови, бидејќи сте добро организирани и испланирани.
    • rn011

    • Немате стрес или лесно се справувате со сите стресни ситуации, притисоци итн.
    • rn011

    • Не кажувате изговори зошто не може да се реши некој проблем, туку веднаш се фокусирате да пронајдете креативно решение за секоја ситуација.
    • rn011

    • Самостојно ги завршувате задачите и не чекате некој друг да ве „подбутне“.
    • rn011

    • Кога ќе ве извади некој од такт, не се истурате на другите.
    • rn011

    • Размислувате пред да кажете нешто и мислите како тоа ќе се одрази на другиот.
    • rn011

    • Внимавате на својата исхрана и работите на јакнење на вашиот ментален и физички капацитет.
    • rn

    rn

    2. Познавање на самиот себеси

    rnСамоменаџирањето значи свесност за себе и за своите особини. Кога последен пат сте застанале и сте направиле самоанализа – кои се вашите слаби страни и каде и колку треба да работите за да ги зајакнете?! Каде го губите времето, дали сте мрзеливи, што ве мотивира, дали сте проактивни, зошто давам изговори итн.? ВАЖНО! Внимавајте да не донесете погрешен заклучок, бидејќи многу често знаеме да бидеме нереални за себе самите (си даваме преголема важност).rn

    3. Самоменаџирањето претставува склоп на вештини, методи и стратегии

    rnЕдна од најважните точки. Самоменаџирањето не е текст, еден ден работа или книга што се чита за 5 дена. Тоа е цел систем на методи и знаења што треба макотрпно да се имплементираат за да дадат ефект. Не постои брз начин на остварување на целите. Сè си бара посветеност, жртва и многу работа. Направете план за самоменаџирање и работете според него. Ако сте рекле дека ќе вежбате секој втор ден, немој да се откажете (и да си најдете изговор) после 3-то вежбање.rn

    4. Самоменаџирање значи менаџирање на емоции

    rnЕмоциите се тие што нè водат во животот, што нè прават силни или слаби во некои моменти. Читајте повеќе и работете на развој на вашата Емоционална интелигенција (EQ). Его, емпатија, страв, лутина, омраза, љубов, нагон, сите тие се виновни за реакциите и акциите што ги правиме (сакани или несакани).rn

    5. Самоменаџирањето е рутина

    rnТреба да бидеме свесни дека за да направиме каква било промена, таа треба да ни влезе во навика. А некоја работа да ни влезе во навика треба да ја повторуваме минимум 21 ден (најновите истражувања велат дека оди и дури до 60 дена). Да видите колку е тешко да смениме некоја навика, пробајте еден едноставен тест: од денес почнете 21 ден да ги четкате забите со другата рака (наместо со таа со која секој ден го правите тоа).rn

    6. Работете на вашиот ум и тело

    rnМенталните вежби ќе ви помогнат полесно да се справите со стрелите и со боксовите што ги примате секојдневно од околината и од опкружувањето, а физичките ви се издувен вентил и ќе ви помогнат да ја извадите негативната енергија собрана преку денот и ќе ви обезбеди простор за акумулација на нова, свежа енергија.rn

    Живејте живот што е убав однатре, не само што личи убав однадвор!

    rn[message_box title=”” color=”yellow”]Петар Лазаров и Калин Бабушку, основачи на Македонија Експорт, се автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации ќе најдете на нивната страница на Фејсбук. [/message_box]rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.