КАФЕ ПАУЗА

Tag: телефон

  • Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Барате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефони

    Ако сакате да го исполните слободното време со игри за мобилни телефони, а ви недостасуваат идеи, погледнете ги овие препораки.rn

    Alto’s Odissey

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа зен-игра ќе им се допадне на сите што се грижат за атмосферата. Сè што треба да направите е да го допирате вашиот мобилен телефон на некои места за да го натерате вашиот херој да скокне, а вие сте опкружени со прекрасна глетка и волшебна музика. Можете да ја започнете играта ако имате 10 слободни минути што сакате да ги „потрошите“, но таа може да стане „заразна“.rn

    Tiny Room Stories: Town Mystery

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnОваа игра е одлична за луѓето кои сакаат мистерии бидејќи барате траги за да откриете зошто исчезнале сите во еден мал град. Вие сте детектив кој љубопитно го истражува малото гратче Редклиф и наоѓа траги, решава мали загатки и ја решава истрагата.rn

    House Flipper

    rnБарате нов начин за опуштање? Пробајте ги овие забавни игри за мобилни телефониrnrnДали сакате преуредување и дали сакате да гледате емисии за реновирање? Ќе ја обожавате работата на експертите во разубавување уништени куќи на кои ќе им дадете втор живот и ќе ги продавате за повисока цена.rnrnПогледнете ги и овие апликации кои ќе ви помогнат да се релаксирате.

  • 50-те работи што ги пропуштате додека постојано гледате во вашиот мобилен телефон

    50-те работи што ги пропуштате додека постојано гледате во вашиот мобилен телефон

    Секое просечно дете неделно поминува по 44 часа пред екранот, според истражувањата. Тоа се речиси цели 2 дена. Со тоа е изложено на многу опасности, но вистинската трагедија е во тоа што пропушта многу драгоцени моменти од животот во меѓувреме.rnrn50-те работи што ги пропуштате додека постојано гледате во вашиот мобилен телефонrnrnЕве што сè пропуштате вие и вашите деца додека гледате во вашите телефони:rnrn1. Заодите на сонцетоrnrn2. Полната месечинаrnrn3. „Супер месечината“rnrn4. Ударот од громrnrn5. Повторениот удар од громrnrn6. Автомобилите кои поминуваатrnrn7. Крајот на подвижниот ескалаторrnrn8. Коњот во минувањеrnrn9. Првите кокичиња годинаваrnrn10. Луѓето се лизгаат и паѓаат на мразотrnrn11. Точниот момент кога фризерот ви ја погреши фризуратаrnrn12. Сончевиот отсјај во рекатаrnrn13. Пајаковата мрежаrnrn14. Банкнота од 200 денариrnrn15. Луѓето со телефони во рацете кои се судираат со бандеритеrnrn16. Бандеритеrnrn17. Соседот што готви гол во зградата преку улицаrnrn18. Заплетот на која било ТВ серија без синхронизацијаrnrn19. Расцутените дрвјаrnrn20. Гулабитеrnrn21. Верверицата што собира хранаrnrn22. Кучето и чавката што се „борат“ за фрлената плескавицаrnrn23. Совршено исправниот велосипед фрлен во рекатаrnrn24. Огнометотrnrn25. Снеготrnrn50-те работи што ги пропуштате додека постојано гледате во вашиот мобилен телефон rnrn26. Погледнувањето во огледалоrnrn27. Момчето кое дели бесплатно кафеrnrn28. Стариот познаникrnrn29. Состојбата на вашите ноктиrnrn30. Десетици деца кои одат на маскенбалrnrn31. Новите графитиrnrn32. Тезгитеrnrn33. Столот што „полета“ од терасата од едно кафуле во три часот попладнеrnrn34. Некој кој ви се насмевнуваrnrn35. Необичниот крај на филмот кој можеби ќе го изгледавтеrnrn36. Нештата што човекот пред вас ги гледа во неговиот телефонrnrn37. Секоја постара или бремена жена на која можеби ѝ треба вашето местоrnrn38. Осудувачките погледи на другите луѓе кои корисници на јавниот превозrnrn39. Станицата што ја пропуштивтеrnrn40. Ручекотrnrn41. Суштинските упатства на инструкторот по нуркањеrnrn42. Ронките на сосетката која го тресе чаршафотrnrn43. Возовитеrnrn44. Молбите за помошrnrn45. Нешто интересно за на ’Инстаграм’rnrn46. Колку глупаво изгледаат другите членови од вашето семејството додека „зјапаат“ во нивните телефониrnrn47. Некоја добра книгаrnrn48. Пријателитеrnrn49. Храната во чинијаrnrn50.Сонот.rnrnМожеби сакате да прочитате и зошто родителите треба да поминуваат помалку време на нивните паметни телефони?

  • Апликација што може да ви украде пари

    Апликација што може да ви украде пари

    Штотуку е откриено дека постои вирус што буквално не може да се избрише од телефонот бидејќи повторно се инсталира. Ова е уште една закана за оние што користат андроид телефони.rnrnАпликација што може да ви украде париrnrnАпликација наречена ai.type, која е инсталирана во повеќе од 40 милиони телефони, купува врвна дигитална содржина без знаење на корисникот. Покрај трошењето пари од сопствениците на овие телефони, апликацијата во позадина објавува и реклами и генерира лажни кликнувања.rnrnБезбедносната компанија „Апстрим“ (Upstream) открива дека апликацијата создала големи проблеми во 13 земји, а моментално најпогодени се Египет и Бразил. Оваа безбедносна платформа досега блокирала 14 милиони сомнителни трансакции што се обидувала да ги изврши апликацијата ai.type.rnrnОвие лажни купувања би ги чинеле сопствениците на андроид телефони над 18 милиони долари потрошени за неовластени купувања.rnrnАпликацијата под името ai.type LTD е развиена од страна на компанија од Израел и се рекламира како бесплатна тастатура за емотикони.rnrnИ покрај тоа што е отстранета од Google App Store, таа е сè уште инсталирана во милиони андроид уреди.rnrnИмате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!

  • Имате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!

    Имате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!

    Без разлика дали користите Самсунг, Хуавеи или нешто друго, оперативниот систем Андроид е апсолутно неизбежен. Колку и да сме задоволни (или незадоволни) со него, постојат апликации кои можеби ги имате на телефонот, а се штетни.rnrnИмате телефон со Андроид? Овие апликации треба веднаш да ги избришете!rnrnВсушност, експертите од компанијата за безбедност на Интернет ЕСЕТ тврдат дека пронашле 42 сомнителни апликации кои содржат т.н. адвер – софтвер кој автоматски ви прикажува реклами, дури и кога апликацијата е затворена.rnrnЕСЕТ објавија листа од апликациите кои содржат адвери и кои се препорачува веднаш да ги избришете доколку ги имате:rn

      rn 011

    • Smart Gallery
    • rn 011

    • SaveInsta
    • rn 011

    • Mini lite for Facebook
    • rn 011

    • Free Video Downloader
    • rn 011

    • Free Social Video Downloader
    • rn 011

    • Water Drink Reminder
    • rn 011

    • Smart Notes for You
    • rn 011

    • DU Recorder
    • rn 011

    • Tank classic
    • rn 011

    • Heroes Jump
    • rn 011

    • Solucionario
    • rn 011

    • Ringtone Maker
    • rn 011

    • Video downloader
    • rn 011

    • Ringtone Maker Pro
    • rn 011

    • Basketball Perfect Shot
    • rn 011

    • HikeTop+
    • rn 011

    • MP4 video downloader
    • rn 011

    • Flat Music Player
    • rn 011

    • Free Top Video Downloader
    • rn

    rnЗа разлика од нив, постојат апликации кои се навистина корисни, како овие со кои ќе се чувствувате попаметно.

  • Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот

    Зошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни на креветот

    Доколку сакате да заспивате листајќи низ Фејсбук, тогаш треба да најдете друга занимација пред да легнете во кревет. Оставањето на телефонот во креветот го попречува спиењето, но може да претставува и голем безбедносен ризик.rnrnЗошто треба два пати да размислите пред да го оставите телефонот да се полни до креветотrnrnЕдна објава од пожарникарската служба во Њу Хемпшир стана светски популарна поради предупредувачката порака која ја носеше. Службата сподели слики на Фејсбук од случај во кој тинејџерка заспала откако телефонот го оставила да се полни под перницата. Причината за пожарот биле излезените жици од кабелот.rnrnСекогаш, доколку имате расипани електрични уреди или скинати жици, ќе постои и ризик за пожар. Доколку имате скинат полнач, подобро купете нов отколку да пробате да го залепите или да го поправите. Само внимавајте полначот да биде од истата компанија со вашиот телефон, инаку може да го оштетите.rnrnПовеќето телефони не би требало да предизвикаат дефекти или да се прегреваат, но не велиме дека е невозможно. Ризикот е поголем доколку го држите под перницата. Тоа е бидејќи кога ја полните или трошите батеријата, телефонот се загрева – а доколку ја трошите батеријата додека телефонот е на полнач и се полни, тогаш станува уште потопол. Проблемот се јавува кога е покриен со нешто и тоа не дозволува да се ослободува топлината. Перниците и ќебињата може да предизвикаат несреќа со тоа што ќе го прегреат телефонот.rnrnДоколку телефонот не е приклучен за полнач, не би требало да предизвика пожар. Но доколку комбинирате полнење на телефонот, гледање видеа, а потоа заспиете, згора на тоа телефонот да има некаков дефект, тогаш генерирате доволно топлина за да се појави проблем.rnrnЗатоа, бидете внимателни. Полнете го телефонот на рамна површина која нема лесно запалливи материи околу себе. Доколку забележите дека телефонот почнува да крева температура, исклучете го од полнач и оставете го малку да се излади. Доколку е толку топол да не можете да го допрете тогаш нешто не е во ред во вашиот уред. Најдобро би било да го однесете на поправка.rnrnСледно, прочитајте кои се 10-те работи што го прават вашиот телефон лесна цел на хакерите.

  • Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Студент го создал првото „воздушно перниче“ за телефон

    Оваа направа сè уште не се наоѓа на пазарот, но има одлични критики. Филип Френзел, студент на Универзитетот Аален во Германија ја дизајнирал ADCASE, генијална маска за телефон која отвора воздушно перниче веднаш штом ќе ви падне телефонот.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnИзумот веќе му ја донел првата награда од Германското здружение за мехатроника, кое одбирало помеѓу проекти на студенти од целата држава.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrn

    „Пред 3 години, на Филип му падна новиот ајфон. Екранот беше многу искршен. Потоа купуваше маски за да го заштити новиот телефон, но заштитата воопшто не му се допаѓаше“, изјавил портпарол на ADCASE.

    rnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа почетокот Филип создал механизам за активирање со сензори кои забележуваат кога направата е во слободен пад. Но што би активирал? На почетокот размислувал за вистинско воздушно перниче на телефонот и алтернатива на база на пена. Сепак, овие дизајни не се покажале како практични. На крај се одлучил за нешто помеко – федери.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа Филип му биле потребни 2 и пол години за да ја направи маската. Планот бил да биде компатибилна со најновиот ајфон, почнувајќи од ајфон 6.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnЗа деловите употребил 3Д печатач. Маската се закачува на задниот дел од телефонот и не ја менува неговата естетика.rnrnСтудент го создал првото „воздушно перниче“ за телефонrnrnНа видеото во продолжение можете да видите како функционира направата.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=mLoEcgAaRpIrnrnДодека овој изум да стигне кај нас, погледнете кои се тајните на луѓето кои никогаш не го скршиле својот телефон.

  • Зошто треба да ги исклучуваме телефоните при полетување и слетување на авионот?

    Зошто треба да ги исклучуваме телефоните при полетување и слетување на авионот?

    Пред полетувањето и пред слетувањето, стјуардесите ги замолуваат патниците да ги исклучат нивните електронски направи. Сепак, многу од нас не разбираат како нашите мали телефони може да попречуваат во работата на огромно летало. Па, погледнете што всушност се случува.rnrnrn

    За што е опцијата за летање на телефоните?

    rnКога ја вклучувате опцијата за летање, вашата електронска направа ги исклучува сите сигнали (интернет, блутут, безжична мрежа и слично). Едноставно кажано, вашиот телефон или таблет престанува да функционира како радио приемник. Ако не ја вклучите опцијата за летање, сигналите од вашиот телефон може да попречуваат во чувствителните електронски направи на леталото.rn

    Што ако не го користите телефонот?

    rnКога вашиот телефон е само заклучен и не го користите, тој сепак бара мрежа, и неговата фреквенција може да се поклопи со фреквенцијата на леталото. Дури и ако сметате дека електронската направа која „спие“ не претставува закана, сепак вклучете ја опцијата за летање. Ако ја немате оваа опција, едноставно целосно исклучете ја направата.rn

    Зошто е опасна оваа активност на телефоните?

    rnКако што знаете, полетувањето и слетувањето се најтешките делови на еден лет, за чие време пилотот треба да се координира со центарот за контрола кој се наоѓа на земјата. Сето ова се прави со системот за навигација на леталото. Сигналот од вашиот телефон може да ја попречи радио комуникацијата, и пилотот може да не слушне некоја информација од центарот за контрола. Ова може да води до опасност.rn

    Која електронска направа може да се користи за време на летот?

    rn

      rn011

    • За време на летото можете да ги користите сите направи што не пренесуваат информации безжично или преку интернет и блутут. На пример, камери, фотоапарати, слушалки и слично.
    • rn011

    • Направите кои разменуваат информации може да се користат, но само со вклучена опција за летање. Овде спаѓаат смартфони, таблети и слично. Можете да користите и лаптоп. Ако на него немате опција за летање, исклучете ја антената за интернет.
    • rn011

    • Можете да ја исклучите опцијата за летање во текот на летот (неколку минути после полетувањето) и тоа само ако дозволи екипажот. Но кога сте во воздух, нема ни да имате потреба од исклучување.
    • rn

    rn

    Заклучок

    rnНеколку телефони во функција нема да го срушат телефонот. Но, ако секој патник го користи својот, пречките ќе бидат големи. Ценете ја работата на другите и не им создавајте непотребни тешкотии на пилотите. Потребни се само неколку секунди да ја вклучите опцијата за летање.rnrnДали знаете и зошто авионите оставаат бели траги на небото?

  • Зошто никогаш не треба да ја полните батеријата на вашиот телефон на јавни места?

    Зошто никогаш не треба да ја полните батеријата на вашиот телефон на јавни места?

    Сигурно и вие сте се нашле во ситуација кога сте излезени и потоа забележувате дека батеријата на вашиот телефон паднала на 3%, па седнувате некаде да се напиете кафе, го ставате телефонот на полнач и веќе сѐ ви изгледа во ред. Но, вистината е дека сепак не треба да се чувствувате толку опуштено.rnrnЕве зошто никогаш не треба да ја полните батеријата на вашиот телефон на јавни местаrnrnИако ќе бидете во можност и понатаму во текот на денот да го користите вашиот телефон, ако местото од каде што добивате енергија било пробиено, вие можете сериозно да го загрозите телефонот и податоците кои се наоѓаат во него. На истиот начин, доколку го приклучите вашиот телефон за компјутер со УСБ кабел, вие им овозможувате лесен пристап на хакерите до вашите пораки, фотографии, контакти и слично. Така, бидејќи не постои единствен начин да откриете дали јавните места за полнење се заразени или не, најлесниот начин да се заштитите е да ја избегнувате оваа навика.rn

    Еве уште неколку трикови кои ќе ви помогнат да го заштитите вашиот телефон

    rn

      rn011

    • Обидувајте се секогаш да излегувате со речиси полна батерија на вашиот мобилен телефон.
    • rn011

    • Размислете за купување преносна батерија и бидете сигурни дека секогаш ја носите со себе.
    • rn011

    • Купете си УСБ кабел кој не пренесува податоци, како што тоа го прават повеќето.
    • rn011

    • Во краен случај, доколку сепак треба да се одлучите за јавно полнење на телефонот, тогаш бидете сигурни дека вашиот телефон е заклучен со лозинка.
    • rn

  • Еве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет

    Еве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалет

    Во последната деценија луѓето станаа сѐ повеќе приврзани со нивните мобилни телефони, па тешко им е да се оттргнат од нив, дури и кога треба да ги извршуваат своите физиолошки потреби. Според лекарите, носењето телефон во тоалетот може да биде опасно, а еве и зошто.rnrnЕве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалетrnrnНа повеќето луѓе им се случува да го заборават својот телефон во задниот џеб и доцна да се сетат на тоа, дури откако ќе бидат во тоалетот. Лекарите Чарлс Гербa и Кели Рејнолд, двајцата експерти за микроби, велат дека носењето на телефонот во бањата е сигурен начин да се разболите. Не е тајна дека тоалетите се полни со бактерии.rn

    „Сите тоалети се прекриени со бактерии и патогени, повеќето од фекални материи“, вели доктор Гербa.

    rnДури и да вложите многу труд за да го исчистите, никогаш нема да можете целосно да ги отстраните сите бактерии. Ако пак користите јавен тоалет, шансите за зараза се уште поголеми. Со други зборови, во кој било тоалет и да влезете, тоа ќе биде полно со микроби и бактерии, па многу е важно да ги миете вашите раце секогаш кога ќе излезете, а со тоа се подразбира дека не треба да го носите со себе својот телефон. Освен тоа што овој простор е полн со бактерии, тие исто така може премногу брзо да се прошират на вашиот телефон, а од таму да ги пренесете на лицето и рацете.rnrnЕве зошто не треба да го носите со себе вашиот телефон кога одите во тоалетrnrnСо една студија спроведена во 2013 година било откриено дека паметните телефони и екраните на таблетите се повеќе заразни од самата тоалетна школка. Помислете само што се случува кога ќе го допрете својот телефон на увото и близу до устата. Бактериите кои се пренесуваат на овој начин се многу опасни, особено оние од тоалетот. Вашиот телефон може да собере штетни бактерии кои може да предизвикаат сериозни стомачни проблеми или проблеми со варењето. Имајќи предвид дека се заразни, тие лесно може да бидат пренесени на вашето семејство или пријателите. Па, без разлика колку е чист вашиот тоалет, подобро е да не го носите телефонот со себе.rn

    „Кога пуштате вода во тоалетната школка, во воздухот се создава ‘облак’ кој е преполн со бактерии и се шири речиси два метра во сите правци, а тоа можете да го решите само доколку го затворите капакот на тоалетната школка“, вели доктор Рејнолд.

  • 10 причини зошто е редно време да ѝ се јавите веќе еднаш

    10 причини зошто е редно време да ѝ се јавите веќе еднаш

    Ако сакате да импресионирате некоја девојка, клучот лежи во комуникацијата. Денес постојат милион начини на кои можете да стапите во контакт со личноста која ве интересира. Секако дека е во ред да ѝ пратите порака и треба да го правите тоа често, но сепак ништо не може да се спореди со телефонскиот повик. Без да должиме многу, ова се 10-те причини зошто треба да ѝ се јавите уште веднаш…rnrn10 причини зошто е редно време да ѝ се јавите веќе еднашrnrn1. Поинтимно е. Покажува поинакво ниво на личен интерес. Тоа значи дека навистина сакате да ја запознаете.rnrn2. Ве прави поразлични од останатите момци. Сите го одбираат полесниот пат и праќаат пораки. Ако едноставно ја кренете слушалката и ѝ се јавите, тоа ќе ви даде голема предност. Освен тоа, ако таа има и други додворувачи, а веројатно има, додека тие губат време на праќање пораки, таа ќе разговара на телефон со вас и логично е дека нема да може да им одговори.rnrn3. Девојките сакаат момци кои знаат да слушаат. Оваа ваша дарба ќе можете да ја покажете само преку вистински разговор. Невозможно е да слушате некого преку пораки.rnrn4. Помажествено е. Тоа што нема да се криете позади тастатурата е знак дека имате голема самодоверба. Соберете храброст и јавете се.rnrn5. Ќе имате подобра комуникација. На овој начин ќе ги одбегнете сите недоразбирања. Пораките можат да доведат до голем број пречки во комуникацијата, а тие се главниот виновник за лошите претпоставки и очекувања.rnrn10 причини зошто е редно време да ѝ се јавите веќе еднашrnrn6. Нема да можете да правите правописни грешки. Факт е дека голем број млади имаат проблем со правописот. За некои девојки тоа може да претставува голем минус и ризикувате да оставите лош впечаток ако пишувате „сватив“ наместо „сфатив“ и „незнам“ наместо „не знам“. Побезбедна варијанта е ако едноставно се јавите.rnrn7. Ќе имате вистински разговор. А девојките обожаваат вистински и значајни разговори.rnrn8. Ви нуди можност да покажете дека сте интелигентни. Поголемиот дел од девојките сакаат интелигентни момци. На овој начин ќе можете течно да зборувате за политика, економија, книги и на која било друга тема.rnrn9. Подобро ќе можете да разберете дали навистина ѝ се допаѓате. Ако навистина е заинтересирана, таа ќе се труди да го одржи разговорот и да направи да трае што е можно подолго. Ќе можете да видите дали навистина се смее на вашите глупави шеги и какви се нејзините вистински реакции на вашите коментари.rnrn10. Ќе знаете дали е вљубена до уши во вас. Ако таа без никаков проблем може да зборува со часови со вас во ниедно време од ноќта, можете да бидете сигурни дека комплетно ја изгубила главата по вас.