КАФЕ ПАУЗА

Tag: светки

  • Најновиот тренд за 2017 година: Ставете светки во вашето топло капучино!

    Најновиот тренд за 2017 година: Ставете светки во вашето топло капучино!

    Доколку сакате да блескате во текот на целиот ден, можеби треба да се напиете светкаво капучино! Оваа идеја потекнува од синџирот кафулиња Coffee By Di Bella стациониран во Мумбај, Индија. Напивката што се вика „Златно и дијамантско капучино“ чини по 3 долари од шолја, но затоа, пак, поседува неверојатен потенцијал за објавување уникатни фотографии на Инстаграм.rnrnНајновиот тренд за 2017 година: Ставете светки во вашето топло капучино!rnrnИмено, социјалните мрежи се главната причина зошто воопшто постои овој пијалак.rn

    „Како бренд, ние постојано смислуваме нови работи и сакаме да им понудиме нешто ново и возбудливо на нашите потрошувачи. Го разбираме значењето на социјалните мрежи и сакаме нашите производи да бидат Инста-пријателски“, изјавил Рахул Лика, директорот на Coffee By Di Bella.

    rnНајновиот тренд за 2017 година: Ставете светки во вашето топло капучино!rnrnКафето можеби ќе изгледа одлично на Инстаграм, но не и на вашето лице. Луѓето кои го пробале пијалакот потврдиле дека остава светки насекаде околу усните.rn

    „Да, ќе ви ги извалка усните со сите тие светки. Но, вреди да се има кафе поросено со сребрен прав“, изјавил еден корисник на Инстаграм.

    rnНајновиот тренд за 2017 година: Ставете светки во вашето топло капучино!rnrnАко сакате сами да си направите блескаво капучино, може да најдете светки што се јадат, само внимавајте да бидат проверени и здрави. Купете го вистинскиот вид светки и не заборавајте да ја објавите вашата напивка на Инстаграм.rnrnДоколку не сте расположени за експериментирање, сигурно ќе ви се допадне ова капучино кекси.

  • Инстаграм профили за девојките кои се опседнати со светки

    Инстаграм профили за девојките кои се опседнати со светки

    Светките веќе подолго време се хит во модниот, но и во бјути светот, па затоа и ги гледаме насекаде и во целост сме опседнати со нив. Се наближува летото и сезоната на многубројните музички и модни фестивали, а ние ви ги откриваме најдобрите Инстаграм профили кои нудат светкави фотографии кои можеби и вас ќе ве инспирираат да излезете од вашата сигурна зона и да испробате малку поразличен изглед, или едноставно да се восхитувате на преуавите фотографии.rn

    1. Lemonhead.la

    rn2-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrnПрофилот е преполн со инспиративни фотографии, но и задоволувачки видеа кои би можеле да ги гледате со часови. Освен Инстаграм профилот, lemonhead.la исто така продава вегански светкави суви шампони и балсами за усни.rn

    2. Violette_fr

    rn3-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrnОваа шминкерка може да го направи целосно светкавиот изглед во привлечен и прифатлив. Со многу минималистички фотографии, можете да пронајдете и различни мејкап изгледи.rn

    3. Patmcgrathreal

    rn4-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrnСигурни сме дека веќе сте слушнале за оваа позната шминкерка што работи со многу светски славни ѕвезди, но она што можеби не сте го знаеле е дека нејзиниот профил е преполн со сјајни слики, а ќе видите и дека лансира својата линија на светкави сенки за очи.rn

    4. Itsinyourdreams

    rn5-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrn„It’s in your dreams“ е бјути бренд кој продава додатоци, совршени за летните фестивали, како што се дијамантски лепенки и светкави сенки за очи.rn

    5. Gogetglitther

    rn6-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrnБренд од Лондон кој продава козметика, започнувајќи од сенки за очи, па до светки за тело, а од нивниот светкав Инстаграм профил ќе ви се заврти во главата.rn

    6. Kellymaker

    rn7-samo-za-vistinskite-obozhavateli-instagram-profili-za-lichnostite-koi-se-opsednati-so-svetki-www.kafepauza.mk_rnrnKelly Maker е уметник и фотограф, а многумина би ја нарекле и Пикасо на светките, па затоа погледнете го нејзиниот профил за да сфатите за што ви зборуваме.rnrnНа Инстаграм можете да пронајдете многу профили кои нудат фотографии од разни теми и области, а доколку наскоро планирате венчавка, ова се најинспиративните за вас.

  • Светкав стробинг: Актуелен празничен мејкап тренд за крајот на оваа година!

    Светкав стробинг: Актуелен празничен мејкап тренд за крајот на оваа година!

    Најнапред би требало да го разјасниме самиот поим светкав стробинг. Можеби веќе знаете, можеби и не, но стробинг е техника на нанесување хајлајтер кој подразбира истакнување на клучните точки на лицето со дискретен сјај со кој вашата кожа добива неверојатна свежина и блескавост. Хајлајтерот се нанесува на јаболкниците, под веѓите, и сосема малку на брадата и горниот дел од устата. Секако, јаболкниците се клучни за постигнување на тој посакуван ефект. Кога оваа техника ќе се спои со светките кои во случајот на празниците и дочекот на Новата година се во голема мера дозволени, добиваме занимлив празничен бјути тренд кој моментално се наоѓа високо на листата на „задолжителни“ трендови. Еве како светкавиот стробинг би изгледал во пракса.rnrn1-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_rn

    1. Јаболкници

    rnНа самиот врв на јаболкниците нанесувате хајлајтер, но и малку повеќе светки за уште посјаен ефект. Бидејќи станува збор за јаболкниците, наш совет е да изберете светки кои се во неутрална боја, а класичниот сребреникав сјај е секогаш добар избор. Нема да се забележува, а вашето лице секако ќе изгледа поблескаво, посвежо и поубаво.rnrn2-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 3-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_rn

    2. Очи

    rnОваа техника на шминкање може да ја примените и на очите, а во овој случај слободно изберете светки во впечатливи бои. На пример, во сина. Немојте да ги нанесувате преку целиот капак, туку нанесете ги само во аголот на окото и веднаш под веѓите, како по правилото за стробинг. Со оглед на тоа дека ваквата шминка е впечатлива, додајте само уште малку маскара и тоа е тоа.rnrn4-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 5-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_ 6-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_rn

    3. Усни

    rnИ усните можете да ги истакнете со сјај, но како и во случајот со јаболкниците, со оние дискретни, скоро незабележливи светки. Нанесете кармин во посакуваната боја, а потоа нанесете и малку сјај на центарот на долната усна за визуелен впечаток на полни усни и малку сјај над горната усна и на врвот на носот. Најважно е добро да го „измешате“ хајлајтерот за да се стопи со кожата и да создаде природен сјај.rnrn10-svetkav-strobing-aktuelen-praznichen-mejkap-trend-za-krajot-na-ovaa-godina-www.kafepauza.mk_

  • Најлошите трендови за убавина од оваа година

    Најлошите трендови за убавина од оваа година

    Иако шминката и фризурата често ни помагаат да ја изразиме својата индивидуалност, некои од трендовите за убавина ја преминуваат границата на добриот вкус. Со сѐ поголемото распространување на Инстаграм, некои од овие трендови беше невозможно да ги избегнеме, па затоа и сите паднавме под нивно влијание. Погледнете кои од нив со сигурност можат да се сместат во категоријата за најлоши од оваа година.rn

    1. Кловновско контурирање на лицето

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnОва е еден револуционерен тренд кој го носи шминкањето до екстреми. Кловновското контурирање никако не одговара на вашето лице и ве прави да изгледате како лик од стриповите.rn

    2. Пренагласени усни

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnОвие примери треба на сите да им послужат како инспирација за апсолутно „не“ кога станува збор за изгледот. Треба да бидете задоволни со природните усни кои ви се дадени, бидејќи ваквите усни секогаш изгледаат вештачки.rn

    3. Светкави бради

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnПразничната еуфорија отиде предалеку во моментот кога се појавија мажи кои своите бради ги бојадисуваа во светкави нијанси. Некои заминаа и чекор понапред, па почнаа и да ги украсуваат со најразлични декорации. Едноставно… Не!rn

    4. Светкав корен

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnПоради ваквите зафати ќе се покаете веќе по првото миење на косата, бидејќи во неа сигурно ќе пронајдете уште остатоци од светки кои не се отстрануваат лесно.rn

    5. Додатоци за машки пунџи

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnИако машките пунџи оваа година беа најбараниот поим на Гугл во врска со косата, носењето на ваквите додатоци е целосен апсурд.rn

    6. Необични бои за коса

    rnНајлошите трендови за убавина во 2015-тата годинаrnrnОваа година бевме сведоци на бројни трендови во бојадисувањето на косата, но што е многу – многу е. Експериментирањето е забавно, но во сѐ треба да се има мера.

  • Светки во коренот – нов тренд за коса по кој полуде интернетот

    Светки во коренот – нов тренд за коса по кој полуде интернетот

    Бојадисувањето на косата во разни дречливи и впечатливи бои како сребрена, морско сина и шарена како виножито е супер забавно, но што да правите кога ќе почне коренот да се познава? Забавниот тренд кој се рашири на Инстаграм го има одговорот – покријте го подраснатиот корен со светки!rnrn1-svetki-vo-korenot-nov-trend-za-kosa-po-koj-polude-internetot-kafepauza.mkrnrnНекои со задоволство го прифаќаат овој блескав тренд, додека други мислат дека изгледа како првут. Што мислите вие – за или против?rnrn

  • Модни митови кои се одамна заборавени

    Модни митови кои се одамна заборавени

    Автор: Сара ТурановиќrnrnВо светот на модата никогаш не е досадно, па затоа секој ден може да видиме некои новитети. Но она што е најважно е вашата креативност и имагинација да бидат ваш главен моден тренд. Во минатото облеката беше „врзана“ за многу пишани и непишани правила. Меѓутоа тие времиња поминаа, а овие правила се заборавени. Сепак погледнете што во минатото било важно, а денес е само мит.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Долгите фустани не се за ситни жени

    rnДолгите фустани се многу практични за жешките, летни денови и супер се комбинираат за дневни и вечерни излегувања. Не постои никаква причина поради која ситните жени би требало да ги избегнуваат. Изберете фустани од лесни лелеави материјали, а избегнете ги оние со големи цветни мотиви и тешки слоеви.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Кратките сукњи се забранети за жени над 35 години

    rnМитот за жените и кратките сукњи потекнува уште од времето кога било срамота жената да ги покажува своите колена. Овој чин се толерирал само за младите девојки и децата. Но овие времиња се далеку зад нас. Мини сукњите секогаш изгледаат прекрасно на убавите жени, без разлика колку години тие имаат. Затоа, слободно облечете кратка сукња и гордо прошетајте ги своите нозе!rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Светките се само за вечерни излегувања

    rnСветките во вечерните комбинации изгледаат гламурозно и свечено, па затоа многу ги гледаат како премногу свечен додаток за преку ден. Меѓутоа, ако ги искомбинирате на вистинскиот начин, може да се претворат во интересен и освежителен додаток на дневната гардероба. Најважно е да не претерувате со нив. Ако одлучите да носите едно парче облека со светки, остатокот нека го сочинуваат едноставни и еднобојни парчиња.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrn

    Никогаш не носете повеќе од една јака боја

    rnАко носите една јака боја, тогаш бидете спремни за погледи. Комбинацијата од две јаки бои е премногу храбар чин и бара почит. Судирот на две неочекувани и воочливи бои ќе ве стави во центарот на вниманието, па ова е добар рецепт ако сакате да бидете ѕвезда на вечерта. Слободно играјте си со боите и не верувајте во овој мит.rnrnМодни митови кои се одамна заборавениrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 начини за украсување лампиони со лак за нокти

    3 начини за украсување лампиони со лак за нокти

    Освен што лакот ни служи за разубавување на ноктите, можеме да го искористиме и како трик за разубавување на лампионите од новогодишното дрво. Со овие 3 начини за декорирање светкави лампиони, вашата елка ќе привлекува внимание со својата уникатност, а можете да подготвите по некој ваков лампион и за ваш пријател или роднина. Ќе ви бидат потребни проѕирни лампиони, неколку поевтини лакови, украсни траки и желба за креативна работа. :)rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете сами: Новогодишна снежна кугла од тегла

    Направете сами: Новогодишна снежна кугла од тегла

    Доколку сте љубители на снежни кугли, ова е дефинитивно одличен и едноставен „направи сам“ туторијал за вас. Со малку труд, оваа интересна занимација ќе ви донесе симпатичен новогодишен украс во вашиот дом, на кој сите ќе му се восхитуваат.rnrnНаправете сами: новогодишна снежна кугла од теглаrn

    Потребни материјали:

    rn

      rn011

    • Тегла со капаче
    • rn011

    • Дестилирана вода
    • rn011

    • Течен глицерин
    • rn011

    • Светки
    • rn011

    • Украс – мала новогодишна елка
    • rn011

    • Лепило
    • rn

    rnНаправете сами: новогодишна снежна кугла од теглаrn

    Начин на изработка:

    rnСо силно лепило залепете ја елката за капакот од теглата и оставете го еден ден, за убаво да се зацврсти. Потоа, наполнете ја теглата до врвот со дестилирана вода. Додадете малку глицерин кој можете да го побарате во аптеките, со цел светките да паѓаат побавно. Потоа додадете одредена количина светки според ваш вкус. Затворете ја убаво теглата со капакот и протресете. Готово. Благодарение на овој едноставен туторијал, сега имате домашно направена снежна кугла, која ќе го внесе празничниот дух во вашиот дом.rnrnНаправете сами: новогодишна снежна кугла од теглаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?

    Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?

    Сигурно низ дома ви се наоѓа барем едно рало чевли, кои се веќе остарени, оштетени или едноставно не ви се допаѓаат повеќе!? Наместо да завршат во контејнер, со малку вложен труд можете да ги дизајнирате, за да направите повторно да заблескаат и што е најважно, да изгледаат сосема различно од првичниот фабрички дизајн. Ви нудиме 3 различни идеи за 3 уникатни дизајни.rn

    Дијамантски штикли

    rnКако вашите стари штикли повторно да заблескаат?rn

    Потребно е:

    rn

      rn011

    • Еден пар стари, износени чевли на висока штикла
    • rn011

    • 40-50 поголеми и средно големи вештачки дијаманти во различни облици (10-15 мм)
    • rn011

    • 30-40 мали кружни вештачки дијаманти (3-6 мм)
    • rn011

    • Лепило
    • rn011

    • Мали клешти, пинцета, чепкалка за заби, мал сад
    • rn

    rn

    Начин на изработка:

    rnСо клештите извадете ја металната подлога од вештачките дијаманти. Стиснете малку лепак во садот, поткренете едно од големите камчиња со клештите и потопете ја задната страна во лепилото. Залепете го дијамантчето на средишниот дел од штиклата. Потоа залепете уште неколку големи камчиња околу, а надолу кон штиклата, продолжете постепено со поситни камчиња. За малите камчиња ви е потребно малку лепило, кое ќе го нанесете со чепкалка за заби, држејќи го со пинцета. Нема некое правило како да ги уредите камчињата, така што можете и да направите некој ваш уникатен дизајн. Истото повторете го и на другата штикла и ќе добиете нов пар дијамантски чевли.rnrnКако вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат? Како вашите стари штикли повторно да заблескаат?rnrn

  • Мозаичен маникир со светкави рабови

    Мозаичен маникир со светкави рабови

    Маникирот кој ви го предлагаме изгледа слатко и паметно истовремено. Воедно нуди многу можности за експериментирање со формите и боите и прилагодување на мозаикот според моменталната инспирација на оние со четкичките во рака. Ви посакуваме трпение и успех за овој маникир. Делува тешко изводлив, но со постапката објаснета чекор по чекор, нема да имате проблем да го изведете и потоа да се воодушевувате на вашите нокти.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrn

    Потребно ви е:

    rn

      rn011

    • Црвен лак
    • rn011

    • Лак со костенлива боја
    • rn011

    • Розов лак
    • rn011

    • Син лак
    • rn011

    • Лак со златни светки и тенка четкичка
    • rn011

    • Проѕирен лак за финиш
    • rn

    rnМожете да користите лакови во секакви бои, но треба да внимавате оние за погорните слоеви да бидат непроѕирни за да можат да ги прекријат подолните слоеви. Исто така, за овој маникир добро би ви дошла помош од асистент.rnrnЧЕКОР 1: Нанесете еден слој црвен лак на сите нокти и почекајте да се исуши.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrnЧЕКОР 2: Потоа нанесете од костенливиот лак во различни аглести форми. Па така, обојте еден агол на еден нокт, а на друг нанесете лак во форма на триаголник во средината на ноктот. Сите нокти нека бидат обоени во различни форми. Не грижете се ако рабовите не ви излегуваат рамни, бидејќи тоа ќе се поправи со лакот со светки. Доколку има потреба, откако ќе се исуши првиот слој, додадете уште еден и почекајте и тој да се исуши.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrnЧЕКОР 3: Сега со розовиот лак направете комплементарни аглести форми како со костенливиот. Нанесете на сите нокти и почекајте да се исуши.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrnЧЕКОР 4: На крај повторете го истото и со синиот лак.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrnЧЕКОР 5: Со тенката четкичка нанесете од светкавиот лак по рабовите на секоја боја повлекувајќи лесни еднакви потези. Можете да повторувате повеќе пати додека да бидете задоволни од густината на светките, секако со паузи за засушување на секој слој.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrnЧЕКОР 6: Кога ноктите ќе се исушат, нанесете и проѕирен лак за финиширање (top coat) и почекајте и тој да се исуши.rnrnМозаичен маникир со светкави рабовиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.