КАФЕ ПАУЗА

Tag: светки

  • Лесно отстранете го лакот со светки од вашите нокти

    Лесно отстранете го лакот со светки од вашите нокти

    Лаковите за нокти се супер за нанесување, не се прават меурчиња, траат многу и даваат одличен изглед. Но, на повеќето девојки им е мака кога ќе дојде време да го отстранат. Многу памук, ацетон и притискање. Звучи познато?rnrnЛесно отстранете го лакот со светки од вашите ноктиrnrnСо овој туторијал ќе видите како лесно да го отстраните лакот за нокти со светки со помош на алуминиумска фолија.rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

    Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

    Оваа топла сезона дефинитивно е во знакот на украсните очила за сонце. Модните писти го пренесоа трендот на улиците, па веќе на лицата можеме да видиме впечатливи додатоци кои ги красат рамките, што ги прави очилата за сонце задолжителен и маркантен моден додаток.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиЕве неколку идеи за она што е хит и шик оваа сезона.rn
    rn

    Очила за сонце со украси на работ

    rnОвие очила ќе направат да изгледате гламурозно. Вниманието го привлекуваат пчеличките и цветните декорации на работ. Одат одлично со пролетен фустан со принтови во пастелни бои.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со украсни камчиња во форма на мачка

    rnДоколку цветовите и пчеличките не ви се вклопуваат во имиџот, можеби ќе можете да се навикнете на украсни камчиња, кои ги има во разни облици и големини, понекогаш наредени во низа по целата должина на рамката. Со камчиња во боја различна од онаа на рамката, дефинитивно покажувате дека имате храбар стил, додека за посуптилен изглед можете да изберете тие да бидат во иста боја.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Бисерни очила за сонце

    rnОвие очила се апсолутен хит. Ќе направат да изгледате тренди и забавно.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Кружни очила за сонце со светки

    rnВаквите рамки не се погодуваат лесно за да бидат во согласност со формата на лицето, но начелно нема да погрешите ако одите на поголема варијанта. Изберете кружни рамки со светкав финиш за погламурозен изглед на вашиот секојдневен стил.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со филигран

    rnУште еден тренд во модата со очилата за сонце, се рамките збогатени со елементи од филигран. Тие делуваат впечатливо и изразито декоративно. Комбинирајте ги со шик облека, на пример бела свилена блуза и тесни панталони.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со метални рамки

    rnЗа елегантен и минималистички изглед изберете метални рамки со отсечоци во необични форми. Почнете да ги комбинирате со едноставна облека, па ако ви легнат на стилот, одете кон похрабри комбинации.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Ретро украсени очила за сонце

    rnКлупските очила се повторно ин, со тоа што овој пат специфичната форма е надополнета со многу светкави камчиња. За да го доловите ретро изгледот, комбинирајте ги со обична црна маичка (рамбовка) и светкави фармерки.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиrn

    Очила за сонце со цветни декорации

    rnДекоративниот елемент и во овој модел е додаден на рабовите, овој пат во вид на впечатливи цветови. Флертувачки пролетен фустан е одличен избор за комбинирање со нив во топлите денови.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиОва се само некои идеи доколку сакате очила за сонце со впечатливи декорации, а ако имате лански модел погоден за обработка, некои од овие хит модели можете да ги направите и сами.rnrnПогледнете уште 12 стилски женски модели на очила за сонце кои се носат оваа година.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совети за беспрекорна новогодишна шминка

    Совети за беспрекорна новогодишна шминка

    Дочекот на новата година е на прагот. Веќе го имате на закачалка она што ќе го облечете, ги најдовте и совршените чевли, одлучивте како ќе ја носите косата. Останува уште да се потрудите вашата шминка да биде беспрекорна, и тоа во секоја смисла, трајна и со одличен изглед.rnrnСветкавите очи и црвените усни се секогаш прв избор на девојките кои сакаат празнично да ја дочекаат новата година. Но, тоа не е единствениот стил кој можете да го примените оваа ноќ. Можете да изберете еден дел од вашето лице и да се посветите комплетно на него за да го истакнете на вистинскиот начин. Понекогаш тајната на добрата шминка не е во она што ќе го нанесете, туку во она што нема да го нанесете.rnrnСовети за беспрекорна новогодишна шминкаrn

    1. Покорете им се на светките

    rnСветките се секако добар избор за новогодишната ноќ, но не треба да претерате со нанесувањето. Избегнувајте да ги ставате на изразените делови од очите. Ставете само на внатрешните ќошиња од очните капаци или на средината. Мислете како ќе изгледате од секој агол и под секакво светло.rnrn

    2. Трајни усни

    rnЗа време на оваа ноќ, вашите усни многу пати ќе ја допрат чашата, но и образите на другите луѓе со кои ќе си честитате откако ќе отчука 12 часот. Навистина убаво изгледаат сјајчињата со светки, но тоа веројатно не е добар избор баш за оваа ноќ. На никој нема да му биде пријатно да му залепите од вашиот сјај на лицето, ниту пак да носи остатоци од вашата шминка на себе. Згора на сè, често ќе треба да посегнувате по вашата чанта со цел да го обновите сјајот на вашите усни кој претходно сте го оставале насекаде. Изберете кармин со трајна формула, со мат кадифест ефект и доволна влажност.rnrn

    3. Добра основа

    rnВеројатно ќе носите повеќе шминка од вообичаено, но сигурно и ќе се потите многу повеќе. Затоа треба добро да се посветите при нанесувањето на пудрите за да обезбедите подолга трајност. Најпрво направете блага ексфолијација на кожата, а потоа почнете со нанесување на подлога, врз која ќе ја нанесете течната пудра и пудрата во прав. Задолжително носете си впивливи марамчиња во чантата за повремено да ги отстранувате избиените остатоци шминка на површината.rnrn

    4. Бидете модерни

    rnЛошата шминка може да ви го уништи целокупниот изглед. Затоа, додека се шминкате мора да го земете предвид она што ќе го носите. Доколку носите светкава облека, најдобро ќе биде да се држите до едноставен изглед на вашето лице, со исцртани очни капаци, без сенки во нападни бои. Можете да изберете секаква боја, но водете сметка и за местото каде ќе ја прославувате новата година. Ако носите црвен коктел-фустан, дефинитивно не шминкајте ги усните во иста боја. Истакнете ја структурата на вашето лице со неутрално руменило. На образите треба да има малку или скоро воопшто руменило.rnrnПогледнете и два предлога за новогодишна шминка:rn

    Мачкини очи со сребрени светки

    rnrn

    Светкави зачадени очи во сино-сива комбинација

    rnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете си блескави нокти во домашни услови

    Направете си блескави нокти во домашни услови

    Женските раце секогаш изгледаат нежно, модерно и уметнички доколку се убаво излакирани. Затоа, преку три видео туторијали, ќе ви прикажеме како да си направите блескави, фенси нокти, кои се прелеваат во неколку нијанси и бисерно блескаат на врвовите.rnrnНаправете си блескави нокти во домашни условиrnrnЛетото е годишно време, кога лакирањето нокти е задолжителен моден додаток на вашиот стил, затоа не чекајте, набавете соодветни бои лакови и започнете со работа. Постапката не е комплицирана, така што не ви е потребна некоја особена уметничка дарба за правење ваков маникир.rn

    rn

    rn

    rn

    Забелешка: Не мора да се ограничувате токму на овие бои на лакови. Експериментирајте и стилизирајте си ги нотките по ваш вкус. Доколку немате толку време за да ги средувате, доволно е да имате два лака, да речеме еден зелен и еден со зелени светки. Нанесете слој или доколку е потребно два од обичниот лак и откако ќе се исуши, од средината на нокотот кон врвот нанесете од лакот со светки и работата е завршена – добивте блескави, волшебни нокти.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn