Додека повеќето од нас го поминуваа карантинот со филмови и готвење, жителите на еден дом за стари лица во Тексас уживаа во забава со алкохол и испробување на привремени тетоважи.rnrn
rnrnПензионерите знаат дека се изложени на голем ризик да заболат од коронавирус, па за да се заштитат морале да седат постојано во домот. Им било многу здодевно, па вработените решиле да ги измешаат работите и да им понудат една поинаква забава.rnrnНа фотографиите можете да видите многу алкохоло и многу пензионери кои ги покажуваат своите привремени тетоважи. Тие велеле дека карантинот ги натерал да бидат луди, но сега уживаат во неколку пијачки и интересно тетоважи.rnrnВо трпезаријата на домот каде што им ги ставале тетоважите, пензионерите можеле да останат 10 минути пред да се вратат во својата собата. Чекале ред пред да влезат, а потоа персоналот ги дезинфицирал сите маси и столчиња за да обезбеди чисто место за следните пензионери.rnrnrnrnrnrnrnrnМожеби ќе сакате да ја запознаете оваа бабичка која ја направила својата прва тетоважа на 103 години.
Tag: стари лица
-

Алкохол и тетоважи: Како жителите на еден дом за стари лица во Тексас го поминаа карантинот?
-

Тајната на долговечноста e во дружењето! Откриваме што ги радува луѓето во зрели години!
Научниците откриле дека кај оние постари лица кои биле изолирани и осамени, способноста за меморирање опаѓа за една петина секоја втора година – или околу 18% на секои 2 години, а тоа нè потсетува на важноста да бидеме заедно.rnrn
rnrnТим од лондонската Школа за економија и политички науки (LSE) ги проучувал податоците од повеќе од 11.000 Англичани на возраст од над 50 години и заклучил дека социјалната изолација не само што предизвикува губење на меморијата во староста, туку може да доведе и до деменција.rnrnОсаменоста обично се поврзува со оштетувањето на памтењето, но сега, истражувачите за првпат имале можност да идентификуваат некои модели. Испитаниците биле тестирани на годишно ниво од 2002 до 2008 година и тоа преку алатките за социјална интеракција и тестот за меморија.rnrnТие изјавиле дека на некој начин, нивните откритија се добра вест, бидејќи зголемувањето на социјалните контакти со постарите луѓе е начин да се спречи или барем да се забави процесот на губење на меморијата, повеќе од што било друго. И бидејќи нема лек за губењето на памтењето, многу е важно да се стори сè што е можно за да го им се олесни животот на постарите лица.rnВежбањето е, исто така, клучно за здравјето во староста
rnСамо една минута вежбање на ден има големо влијание врз здравјето на лицата над 65 години, според истражувањето на Универзитетот во Аберта, вежбањето на дневно ниво се покажало како доволно за подобрување на нивото на шеќер во крвта и општата подвижност.rnrnИспитаниците на возраст од 65 до 75 години биле замолени да возат велосипед што е можно побрзо за време од 6 секунди на статични велосипеди, а потоа имале барем 1 минута одмор и го повторувале процесот сè додека не вежбале вкупно 1 минута.rnrnТаквиот тренинг е познат како тренинг со интервал на спринт, а лицата кои вежбаат двапати на ден по една минута или повеќе може да имаат подобрување и на крвната слика и на мобилноста.rnrnМожеби сакате да дознаете и што го прави животот добар: Лекции од најдолгото истражување за среќата.
-

Не правете нешто за децата и старите личности што можат да го направат и самите
Постои правило до кое би било добро да се држите доколку имате мали деца – не правете го она за децата што можат да го направат и сами. Ова правило може да биде навистина заморно. Доколку вам ви се потребни 15 секунди да го облечете детето, ако му дозволите самото да го направи тоа, облекувањето ќе трае 15 минути или половина час, а сигурно ќе треба и да трчате по него.rnrn
rnrnНо ако им дозволите на децата да научат самите да се облекуваат, оваа обврска повеќе нема да биде ваша. Тие ќе бидат способни сами да го направат тоа. Правете го истото и со поставувањето на масата, или што било што сметате дека вашето дете може да го направи само.rnrnКога родителите мислат дека прават сè наместо нивните деца од љубов, тие всушност прават лошо. Подобро е што порано да му дозволите на детето да ги извршува обврските за коишто е способно.rnrnИстиот принцип важи и во домовите за стари лица – не правете ништо наместо старите што можат да го направат сами. Во спротивно им го скратувате чувството на независност, сила и смисла.rnrnИсто е и во светот на бизнисот – доколку сте добар менаџер, ќе им дадете на другите автономија да ја завршат нивната работа и нема вие да го правите тоа за нив.rnrnДоколку сметате дека ги штитите вашите деца кога ги преземате нивните обврски, не заборавајте дека не можете да заштитите никого. Можете само да му помогнете да стане посилен.rnrnПроблемот е што кога децата ќе почнуваат да стануваат независни, повеќе немаат толку голема потреба од родителите. Токму ова е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Тие како да сакаат да му речат на детето никогаш да не ги напушти, а тие ќе прават сè за него доколку е потребно. Во овој случај, детето никогаш нема да научи нешто за животот, ниту пак како да стане самостојна личност.rnrnБебињата бараат постојана грижа и нега, а родителите го прават токму тоа. Но децата и старите луѓе не се бебиња. Доколку ги третирате така, само ги уништувате.rnrnПогледнете и зошто треба да им давате домашни обврски на вашите деца. -

Лавот ја задржува суетата, а Девицата се жали до крај: Хороскопот открива какви ќе бидете во вашата старост
Карактеристиките на родените во одреден хороскопски знак главно се одредени според положбата на ѕвездите при раѓањето, но постојат и некои промени во карактерот кои стануваат повеќе изразени со минувањето на годините. Особините кои се типични за некој астролошки знак во младоста, понекогаш може да се претворат во својата спротивност во текот на „старите денови“. Прочитајте какви ќе бидете во периодот од раната младост до старост.rnrn
rnОвен
rnМладиот Овен како дете е постојано во акција, полно со живот, љубопитно и секогаш подготвено на предизвици кои понекогаш се и доста опасни. Може нагло да влезе во брак или вечно да го избегнува. Овните по природа се индивидуалисти и секогаш на својот сопруг или сопруга ќе им подготвуваат различни изненадувања и возбудувања. Со нив животот е динамичен и никогаш досаден.rnrnВо староста, исто така, ќе бидат многу активни, освен доколку не ги спречи некоја болест. Тешко дека може да водат мирен живот и ако им недостига активност или возбудување, може да се претворат во вистински давежи. Ако можат, до последниот момент од животот ќе се занимаваат со спорт.rn
Бик
rnВо младоста се големи шармери кои ја освојуваат околината. Ако растат во благосостојба, се многу среќни, но ако растат во сиромаштво, тој период ќе сакаат да го заборават како мачен. Бракот го скопуваат од љубов или материјални интереси. Парите им се важни како и саканата личност. Ќе избегнуваат брак со личност која има послаба материјална состојба. Сакаат да уживаат во животот.rnrnВо староста ќе уживаат во своето животно богатство. Не сакаат да делат по секоја цена. Па доколку остарат во сиромаштија, можат да станат огорчени и незадоволни.rn
Близнаци
rnВо младоста се среќни и исполнети ако се во постојано движење и во контакт со поголемо друштво. Секогаш бараат прилика за да се истакнат и потврда од својата околина. Тие се вешти и успешни во комуницирањето и затоа секогаш им е важно општеството. Тешко е да ги запрете кога ќе започнат да зборуваат, бидејќи обично не ја затвораат устата.rnrnНа нивните партнери во секоја животна доба, од почетокот на врската треба да им биде јасно колку им е важен општествениот живот. Патувања и движење помеѓу луѓето е нешто што ги збогатува и ги прави среќни. Ако до себе имаат животен сопатник кој е со слична чувствителност како нив, никогаш нема да им биде досадно, туку староста ќе ја исполнат со разни активности и патувања. Доколку се случи да останат сами, нема да им биде потребно многу време за да ги обноват старите пријателства или да стекнат нови.rnrn
rnРак
rnМладиот Рак е исклучително чувствителна и интровертна личност со која треба да бидете нежни и внимателни, но тоа не значи дека тој треба да биде под „стаклено ѕвоно“. Потребно е да го поттикнете да излезе од светот на соништата и да го прифати животот со сите радости и таги, како и сите останати. Кога конечно ќе донесат некоја одлука, цврсто чекорат со зацртаната цел.rnrnКога ќе основаат стабилен дом и семејство, ќе поминат пријатна старост исполнета со многубројни семејни собири. Ако останат сами, ќе станат тажни и меланхолични. Овие луѓе ги помнат сите, па често и живеат во минатото.rn
Лав
rnМладиот Лав е едноставно невозможен до моментот кога ќе стане центар на случувањата. Најголемата навреда за нив е игнорирањето. Треба постојано да ги потсетувате дека во животот не постои само потребата и желбата на поединецот. Влегувањето во брак мора да биде бомбастично. Гледаат и бракот да им донесе некаков статус. Сакаат сјај и раскош, а слава уште повеќе. Ако немаат публика, тие се несреќни.rnrnИ во староста се доста суетни. Важно им е да се чуло и да се знае за нив. Ако постигнале нешто, во состојба се со часови да зборуваат за своите постигнувања. Ако резултатите изостанале, се претвораат во личности кои се склони и да лажат за да се прикажат во најдобро светло. Кога ќе пристигнат дома и насамо го анализираат својот живот, гордоста нема да им дозволи да признаат ако не успеале.rn
Девица
rnТие обично се „полирани“ деца кои внимаваат на своето однесување и изглед и секогаш настојуваат да бидат пристојни и добри. Нивните родители се среќни и горди на своите деца. Девиците секогаш сакаат однапред да дознаат што ќе се случува. Таков е случајот и во одлучувањето за заедничкиот живот со партнерот. Најпрво согледуваат каква е нивната заедничка иднина. Ретки се оние кои постојано наоѓаат причина за одложување на бракот.rnrnВо подоцнежните години од животот Девиците сѐ повеќе бараат перфекција во организацијата на животот и работните обврски. Секоја ситница во нивниот живот треба да има точно одредено место. Доколку Девицата во својот живот пропуштила нешто важно, во текот на старите денови доста многу ќе преговара и ќе се мурти. Во спротивно, личностите родени во овој знак ќе проживуваат долга младост.rnrnПреминете на следната страница за останатите знаци…rn
-

3 животни лекции кои можете да ги научите доколку се грижите за стари лица
Кога ќе се почувствувате осамени и ќе мислите дека не постои надеж во вашиот живот, сетете се на старите лица кои на некој начин претставуваат неисцрпен извор за животни мудрости. Тие во својот животен век преживеале многу и се соочиле со многу потешкотии, па затоа може да ви дадат најдобри совети. Покрај другото, погледнете ги и овие животни лекции кои би ги научиле доколку секојдневно се грижите за постарите лица.rnrn
rn1. Ќе научите да се грижите повеќе
rnСтарите луѓе се грижат повеќе отколку помладите генерации. Доколку секојдневно сте опкружени со постари лица, вие можете да научите дека малите работи значат многу во животот. Така ќе сфатите дека треба повеќе да се грижите за својот живот, за животот на другите и за околината. Кога ќе се грижите за постари лица вие ќе отидете неколку чекори понапред во вашиот живот, без да бидете свесни за тоа. Во тие моменти вие навистина слушате сѐ што ви се кажува, па тоа е огромна предност, како во вашиот личен, така и во професионалниот живот.rn
2. Учите да ги цените луѓето и интеракцијата помеѓу нив
rnНовите генерации добро се снаоѓаат со технологијата, но од една страна ова ги прави повеќе да наликуваат на роботи. Тие комуницираат виртуелно и за олеснување на секојдневниот живот користат многу апликации, но не знаат како да се однесуваат кога ќе се најдат лице в лице со друг човек. Овој недостаток на човечка интеракција ги прави младите генерации нечувствителни кон другите. Работата со луѓе во живо кои може да ве прегрнат или да ви раскажуваат приказни, прави повеќе да ги цените луѓето, отколку паметните телефони. Кога се грижите за постарите лица, вие ќе ги подобрите вашите социјални вештини, кои понатаму во животот ќе ви донесат многу придобивки.rn
3. Ќе научите дека животот е борба
rnКога се грижите за стари лица, вие ќе слушнете од нив за нивните борби во животот. Можеби си замислувате дека е тешко да се најде работа од која пристојно ќе се заработува или пак да се одгледаат деца, но кога ќе ги слушате постарите генерации како успеале да поминат низ сите потешкотии, вие ќе сфатите дека животот е борба за секого.rnrnТочно е дека денешниве времиња се тешки и носат многу предизвици, но животот не бил лесен ниту за нашите баби и дедовци, кои морале да се справуваат со многу предизвици. Затоа, запаметете дека секој човек се бори со нешто, но треба да научите како да преживеете во таа борба.
-

Прекрасна идеја: Стари мачки одат во посета на домови за пензионери
Едно прифатилиште за мачки во Охајо покренало прекрасна иницијатива, во која миленичињата кои се постари од седум години се носат во посета на луѓе сместени во домови за пензионери. Спојувањето на мачките и луѓето има за цел да создаде чувство на топлина и меѓусебна утеха. Оваа идеја наишла на отворени врати и голема радост, затоа што луѓето кои се сместени во колективните домови, обично немаат можност да чуваат миленичиња. Посетата на мачките, кои се на приближна возраст со нив им дава одредена сигурност и припадност.rnrn
rn„Изминатата година, преку оваа програма, со нашите мачки посетивме неколку заедници на пензионери. Таму носиме мачки кои се постари од 7 години. Многу од станарите на тие домови немаат можност да чуваат миленичиња, поради што прекрасно ја прифаќаат идејата дека можат да поминат пријатни мигови со своите посетители“, изјави Џордан Амерли, графички дизајнер и посветен волонтер во оваа програма на засолништето за мачки во Охајо.
rn
rnrnТој посочува дека луѓето сакаат да раскажуваат приказни за своите поранешни миленичиња и бараат да бидат фотографирани со мачките, за да можат фотографиите да им ги испратат на своите деца и внуци.rnrn
rnrnНо, во посетите, еднакво уживаат и мачките. Амерли вели дека повеќето од старите мачки во своите поодминати години времето го минуваат само во јадење и спиење.rnrn
rnrnПреку ваквите организирани посети, и ним им се овозможува да излезат надвор од прифатилиштето и да бидат покорисни за заедницата, затоа што ги развеселуваат пензионерите и им внесуваат свежина во нивното секојдневие.rnrn
-

Загатка: Четворица соседи прават 4 добри дела
Четворицата пријатели Алек, Јанко, Крсте и Ристе одлучиле секој од нив да направи по едно добро дело кон некоја постара личност во соседството: г-ѓа Николова, г-ѓа Лутенкова, г-ѓа Бојковска и г. Велимир. Можете ли да заклучите кој на кого му ги чистел прозорите, го шетал кучето, му испазарил продукти или му ја однел колата на перење.rnrn
rnrnЕве ги насоките:rnrn1. Тројца од четворицата пријатели се Алек, оној кој ја пере колата и оној кој му помага на господин Велимир.rn2. Госпоѓа Лутенкова не барала да ѝ купуваат продукти.rn3. Алек не чисти прозори, а Јанко не ѝ помага на г-ѓа Лутенкова.rn4. Г-ѓа Бојковска нема потреба од чистење на прозорите, а Крсте ниту чисти прозори ниту ја пере колата.rn5. Г-дин Велимир не барал перење кола ни чистење прозори.rn6. На г-ѓа Бојковска не ѝ помага Алек.rn7. Ристе не чисти прозори.rnrn[toggle_box]rnrn[toggle_item title=”Решение:” active=”false”] Алек го шетал кучето на г-ѓа Лутенкова, Јанко ѝ ги исчистил прозорите на г-ѓа Николова, Крсте испазарил за г. Велимир, додека Ристе и го испрал автомобилот на г-ѓа Бојковска.[/toggle_item]rn[/toggle_box]rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Дом за поранешни проститутки во Мексико
Дали некогаш сте се запрашале што се случува со проститутките кога ќе остарат? Францускиот фотограф Benedicte Desrus поминал 6 години во Casa Xochiquetzal во Мексико Сити каде 26 поранешни проститутки на возраст од 55 до 86 години ја минуваат нивната старост.rnrn
rnrnПриказната на овие жени е насловена како Las Amorosas más bravas, или „Најхрабрите љубовници“. Сите жени од овој дом носат различни животни приказни и искуства. Една од нив станала проститутка откако ги оставила мажот и децата не можејќи веќе да го поднесе семејното насилство. Друга пак, избегала од дома на 9-годишна возраст за на 17 години да почне да работи како проститутка. Има и такви кои иако живеат во старечкиот дом, сè уште работат на улиците.rnrnОва место било отворено во 2006 откако Кармен Муноз, и самата поранешна проститутка, се изборила за правата на овие жени да бидат згрижени на старост. Како замена за тоа што добиваат храна и покрив над глава нивната задача е да го одржуваат домот. Но, заедничкиот живот на овие жени не е лесен. Тие се навикнати да се гледаат како конкуренција борејќи се за клиенти, а сега мора да научат да живеат заедно и да делат сè.rnrnПогледнете го животот на жените во овој дом низ слики.rnrnrnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

5 важни лекции за работата и кариерата кои постарите би сакале да ги знаете
Автор: Ана ПетровиќrnrnПрофесорот Карл Пилемер од американскиот универзитет Корнел се занимавал со анализа на животните искуства на луѓе во подоцнежните години. Тој направил истражување врз 1.500 лица на возраст од 70 до 100 години за неговата книга „30 Lessons for Living: Tried and True Advice from the Wisest Americans”, барајќи од нив да одвојат неколку лекции поврзани со работата и градењето на кариера, кои тие ги научиле од животните искуства. Еве неколку од нив:rnrn
rnrn1. Изберете кариера која духовно ќе ве наградува, не финансиски. Најголемата грешка која луѓето ја прават е одбирањето на професија од која многу се заработува. Чувството дека имате цел во работата и страст да ја работите е многу поголемо од каква било плата.rnrn2. Не се откажувајте од барањето работа која ве прави среќни. Според експертите, упорноста е клучна во наоѓање на работата од соништата. Не се откажувајте лесно!rnrn3. Извлечете го најдоброто од лошата работа. Кога веќе работите одредена работа, нека не ви пропаѓа искуството. Ваквите искуства ќе ве научат на многу важни работи.rnrn4. Развијте ги вашите интерперсонални вештини доколку сакате да бидете успешни во кариерата. Емоционалната интелигенција е важна дури и во најтехничките професии.rnrn5. Секому му е потребна самостојност. Задоволството од работата честопати произлегува од слободата која ја поседувате на работното место. Потрудете се да се здобиете со слобода да донесувате самостојни одлуки и да се движите во правец за којшто вие сметате дека е вистинскиот, без притисок од надредените.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. -

Однесувајте се добро спрема старите луѓе
Автор: Моника ДимитровскаrnrnЗафатени со желбата да созрееме, да се осознаеме самите себеси, не обрнуваме многу внимание на постарите личности кои ни значат во животот. Се фокусираме на тоа да пораснеме не земајќи предвид дека тие стареат секој ден сѐ повеќе. На крајот ќе го напуштат светот и тогаш сфаќаме дека требало повеќе да им обрнуваме внимание додека биле покрај нас.rnrnТоа што можете да го направите или сакате да го кажете денес, не оставајте го за утре – можеби ќе биде предоцна. На вашиот дедо или баба доволно им е да им посветите дел од денот за разговор за да се почувствуваат згрижени и сакани.rnrnИстото важи и за останатите членови од семејството, не заборавајте дека и вашите родители стареат. Посветете си внимание на себе, но секогаш најдете време во денот и за нив. Ако не сте во можност да ги посетите, доволен е еден телефонски разговор кој ќе им го развесели денот.rnrn
rnrnДоколку моментално немате идеја како да им покажете на постарите луѓе околу вас дека ви значат, ќе ви помогнеме со неколку совети.rnПоминувајте време со нив и разговарајте
rnПокажете им дека ви се важни, прашувајте ги дали се чувствуваат добро. Поставувајте им прашања во врска со нивните животи. Нека ви кажат за времето кога тие биле деца, дури и ако сте ги слушнале истите приказни милион пати. Прашајте ги за повеќето авантуристички нешта што ги сториле. Прашајте ги за нивната прва љубов, нивниот прв бакнеж. Кога во нивните животи тие се почувствувале најмногу среќни, најмногу исплашени, најмногу возбудени. Може да ви откријат неверојатни нешта за нив!rnrnСекако постојат и луѓе кои не сакаат да зборуваат за своето минато. Доколку вашите баба, дедо или родители се вакви личности, не притискајте ги. Уживајте во тишината со нив, понекогаш е пријатно кога не чувствувате потреба од разговор во друштво на некои личности. Искористете ги ваквите моменти бидејќи не можете да ги добиете од пријател, партнер или колега. Ако со нив не се трудите да разговарате, овие луѓе ќе си помислат дека нешто не е во ред со вашиот однос, за разлика од луѓето во вашето семејство.rn
Помагајте им
rnДоколку се работи за физичка работа која сакаат да ја завршат, а не можат, понудете се да го направите тоа вие. Или пак, за промена, понудете се вие да го зготвите ручекот. Помислата на тоа дека нивното внуче/дете знае само да се грижи за себе и за своето семејство ќе ги израдува.rn
Отворете го семејниот албум
rnРазгледувањето слики кои будат убави спомени може многу да ги расположи постарите луѓе. Тие за секоја една слика ќе ви раскажат барем една приказна поврзана со неа.rn
Отворете се!
rnНикој не може да ви даде подобар совет од вашето семејство. Доколку имате проблем на работа, факултет, со пријателите или партнерот, обратете им се на вашите баба или дедо, тие ќе бидат среќни што сте побарале помош од нив и сигурно ќе ви го дадат најискрениот совет.rnrnИли доколку сте среќни, едноставно пофалете им се, вашето семејство никогаш нема да биде љубоморно на вашата среќа за разлика од сите други.rn
И за крај, кажете им дека ги сакате!
rnДа, едноставно изговорете ги тие два збора кои значат многу. Прегрнете ги и бакнете ги, тие го заслужуваат тоа.rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.











