Немањето романтичен партнер не значи дека си несреќен, ниту пак тоа што си сам значи дека си осамен. Статусот сингл, верувале или не, може да биде личен избор. Луѓето во глобала мислат добро иако не секогаш добро се изразуваат. Постојат многу нешта кои се супер во „самечкиот“ живот, но и многу работи кои на оние што не се во врска им е смачено да ги слушаат. Еве што вашиот/ата пријател/ка што не е во врска не сака да чуе од вас.rnrn
rn
1. Знам совршена личност за тебе
rnМислењето дека се во постојана потрага по партнер и дека чекаат од вас да им најдете некој, само остава впечаток дека мислите дека се очајни и осамени кога во суштина не е така.rnrn
rn
2. Треба да созрееш, да најдеш некој итн.
rnКако прво, оставате впечаток на надмена личност која искусила толку нешта и сега може да соли памет за тоа кога некој треба да созрее. Почнувањето љубовна врска, имањето деца и слично е личен избор, а не нешто што треба да се форсира ниту пак да се дозволи некој да размислува наместо тебе.rnrn
rn
3. Старееш
rnИсто и ти, која ти е поентата?rn
4. Како тоа уште си сингл?
rnАко некој не е во врска не значи дека нешто не е во ред со него. Сите ние правиме лични избори какви што мислиме дека се најдобри за нас и не должиме објаснување. Тоа е исто како некој да ве праша „Зошто уште си во врска?“rnrn
rn
5. Не грижи се, ќе си најдеш некој
rnСо ова правите претпоставка дека личноста е осамена, загрижена и депресивна. Во суштина е навредливо бидејќи вистината е дека таа личност може да прави толку супер нешта во моментот и нема потреба од мотивациски говор.rnrn
rn
6. Си пробал/а да запознаеш некој онлајн?
rnНе е дека некому толку му се брза да престане да биде сингл или нема веќе шанси да запознае некој добар во живо, па мора да се фати како давеник за последната сламка.rnrn
rn
7. Можеби ако не беше толку (негативна карактеристика) ќе си најдеше некој
rnЉубовта е прифаќање на несовршеностите, а не маскирање и преправање за некој да те сака. За да се каже нешто вакво треба да си опериран од осет и сочувство бидејќи е навистина голема навреда. Во суштина на личноста ѝ кажувате дека треба да промени нешто кај себе и да не биде своја.rnrn
rn
8. Ќе се случи кога најмалку очекуваш
rnЗначи, доколку таа личност всушност е подготвена за врска треба да почне да се преправа дека не очекува ништо?rnrn
rn
9. Можеби треба да бидеш подостапен/на
rnЗначи дека треба да парадира низ градот за да биде забележан/а? Или да се направи пристапен/на за секого и да заборави на своите критериуми?rnrn
rn
10. Можеби си премногу пребирлив/а
rnТоа што нема да излезе со секој кој ќе ѝ понуди не значи дека е премногу пребирлива, едноставно има вкус и знае што сака а што не. Не значи дека треба да се поднесуваат глупави работи кои ни пречат само за да не бидеме сами и декларирани како пребирливи.rnrn
rn
11. Кога бев на твоја возраст…
rnОва се однесува на повозрасните кои даваат пример дека на одредена возраст веќе биле мажени и имале деца. ОK, значи луѓето едноставно се различни, сакаат различни работи во животот и не секој ја наоѓа вистинската љубов во своите 20-ти, ниту пак постои правило и ограничување. Значи, дури и ако им мислите најдобро, не кажувајте им го ова на вашите сингл пријатели.rnrn





rnrnВоедно, една жена доброволно пристапила на експеримент, за чија цел не ја извадила шминката од лице, цел месец. Ефектите врз кожата биле шокантни. Погледнете го видеото.rnrnrnrn rnrn
rn
rn


Пијалакот наречен АС10, бил направен за да се бори против штетните ефекти на сончевите зраци врз астронаутите кои патувале надвор од заштитното поле на атмосферата на Земјата. Според „New York Daily News“, АС10 бил тестиран врз 180 возрасни со „оштетена“ кожа и покажал одлични резултати. По 4-месечна конзумација, 2 пати дневно, темните точки биле намалени за 30%, а брчките за 17%. Била направена и дигитална анализа на кожата која ги потврдила резултатите.