КАФЕ ПАУЗА

Tag: сопственик

  • Верно куче го чекаше својот сопственик шест дена пред болница во Турција

    Верно куче го чекаше својот сопственик шест дена пред болница во Турција

    Познатата поговорка дека кучето е најдобар пријател на човекот е оправдана во секоја смисла од верноста на кучето Бонџук од Турција, кое шест дена го чекаше својот сопственик пред болницата.rnrnКога Џемал Сентурк бил пренесен со брза помош во болницата во Трабзон, Бонџук побегнал од станот и го следел. Секој ден трпеливо чекал неговиот сопственик да излезе од болницата.rnrn„Персоналот на болницата го извести семејството на Сентурк дека Бонџук чека пред болницата, по што го вратија дома. Сепак, кучето успеа да избега повторно и да се врати во болницата каде што го чекаше сопственикот шест дена“, изјави директорот на болницата Мурат Ерџан. Вработените во болницата секојдневно го хранеле и се грижеле за кучето. За да се обиде да го утеши кучето, Сентурк комуницираше со Бонџук низ прозорецот секој ден за време на неговиот престој во болницата. Двајцата се заедно веќе девет години.rnrnКога конечно бил пуштен, Сентурк го сретнал Бонџук пред вратата на болницата, а на емотивната средба сведочеле многубројни медицински лица и минувачи.rn

    rnrnrnПрочитајте за ова 4-годишно момче кое го „позајмилo“ телефонот на својата мајка и направилo нарачка од Мекдоналдс вредна 100 долари.

  • 5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

    5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува вас

    Питер Баскервил, сопственик на 30 различни компании, од специјализирани продавници до продавници за брза храна, откри некои од најголемите митови за поседувањето претпријатие, особено во раните фази на развојот на бизнисот.rnrn5 митови за започнувањето сопствен бизнис: Вие не ја поседувате компанијата, таа ве поседува васrn

    Мит 1: Поседувањето претпријатие значи дека можете да работите кога сакате

    rnВие не ја поседувате компанијата, туку таа ве поседува вас. Ако правилото на компанијата е да им е достапна на потрошувачите 24/7, вие како сопственик треба да го почитувате тоа, дури и кога тоа значи дека мора да работите. Не е невообичаено луѓето што имаат свои компании да работат дури 80-100 часа неделно.rn

    Мит 2: Ќе стекнете богатство ако имате своја компанија

    rnНабљудувајќи ги цените што работодавците им ги наплаќаат на клиентите, многу вработени мислат дека тие заработуваат богатство. Меѓутоа, дури кога ќе започнат свој бизнис, го гледаат големиот број трошоци што треба да ги покријат со добиениот приход.rn

    Мит 3: Ако имате своја компанија, тоа значи дека сте сам свој шеф и не мора да одговарате пред никого

    rnНа некој начин, ова е точно затоа што кога сте сопственик, навистина не сте одговорни пред вашиот шеф за вашите постапки, но сега треба да им одговарате на уште повеќе шефови, односно на клиентите, на вашите вработени, на партнерите, на добавувачите, па дури и на владините канцеларии.rn

    Мит 4: Да поседувате компанија значи дека можете сами да си ја дефинирате платата

    rnОна што е поважно од личните потреби и желби е опстанокот на компанијата. Поради тоа, ако работата го бара тоа од вас, ќе мора да се откажете од својот удел за да бидете сигурни дека компанијата може да ги плаќа своите сметки и да продолжи да напредува. Вашата плата доаѓа на ред откако ќе се исполнат сите деловни барања.rn

    Мит 5: Компанијата ќе биде успешна од првиот ден

    rnМногу мал број компании се профитабилни уште од првиот ден. На повеќето од нив им треба одреден период за да станат профитабилни, понекогаш тоа е период од 3 месеци до 3 години. Исто така, доколку сопственикот на компанијата нема доволно обртен капитал за да ги покрие настанатите загуби сè додека бизнисот не оствари профитабилност, тогаш ќе дојде до неуспех заради проблеми со ликвидноста.rnrnПрочитајте зад кои фрази што ви ги кажуваат колегите на работа се крие пасивна агресија.

  • 10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

    10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на куче

    Сопствениците на кучиња честопати ги измачуваат прашањата без одговори, а ветеринарите конечно дадоа одговори на некои од нив.rnrn10 работи што мора да ги знаете ако сте сопственик на кучеrn

    1. Зошто носот на кучето е секогаш влажен?

    rnГлавната причина зошто кучињата имаат влажни носеви е затоа што тие лачат секрети кои им помагаат да мирисаат. Исто така, тие се потат преку носот и го чистат носот со јазикот.rn

    2. Зошто шепите на кучињата мирисаат на чипс од пченка?

    rnИсто како луѓето, кучињата имаат бактерии и габи на површината на својата кожа и на своите шепи. Тие бактерии можат да создадат мирис каков што имаат чипсот од пченка или квасецот.rn

    3. Дали некои раси се поагресивни од другите?

    rnНиту една раса не е природно агресивна и кучињата не треба да се категоризираат на тој начин. Некои раси имаат помала волја да ги слушаат своите сопственици, но дури и тие кучиња може да бидат многу љубезни и приврзани ако се во рацете на одговорен сопственик.rn

    4. Дали кучињата ја менуваат личноста по кастрацијата?

    rnОтстранувањето на репродуктивните органи кај кучето на соодветна возраст не влијае на личноста на кучето. Не постои научна литература што укажува на тоа дека кастрацијата предизвикува кучињата да бидат помалку енергични или мрзливи.rn

    5. Дали е добро да го храните кучето само со сува храна?

    rnСувата храна може да биде здрава колку и конзервираната храна. Сосема е во ред да го храните вашето куче со сува храна, под услов да е со висок квалитет и да одговара на возраста, на начинот на живот и на сите индивидуални здравствени потреби.rn

    6. Кои кучиња лаат повеќе – малите или големите?

    rnИако секое куче е различно, помалите видови кучиња всушност се одгледуваат да бидат погласни. Некои раси, како што е минијатурниот пинч, се одгледуваат за чување. Други кучиња се родени за да ловат и да го предупредуваат својот сопственик.rn

    7. Дали машките кучиња се попријателски настроени од женките?

    rnПолот нема никаква врска со тоа колку е кучето пријателски настроено. Сето тоа зависи од воспитувањето и од социјализацијата.rn

    8. Дали кучињата имаат доминантна шепа?

    rnКучињата всушност може да имаат доминантна шепа, а направени се неколку тестови за да се открие тоа.rnrnЦелта на овие тестови е да се набљудува однесувањето на кучето во текот на еден временски период и да се утврди колку често кучето ја користи левата или десната шепа за време на одредени активности.rn

    9. Може ли кучињата да јадат сурово месо?

    rnНекои сопственици избираат да го хранат кучето со сурово месо, но не се препорачува да го храните вашето куче со неподготвено говедско или свинско месо.rnrnНема докази дека хранењето на кучето со сурово месо има корисен ефект врз здравјето. Напротив, може да дојде до нерамнотежа во исхраната, хипертироидизам предизвикан од лошата исхрана и бактериски инфекции.rn

    10. Дали може некој што е алергичен на кучиња да се навикне да живее со нив?

    rnОние кои се алергични на кучиња веројатно ја чуле теоријата дека е можно со тек на време да се приспособат на животот со кучиња. За жал, не постои консензус меѓу експертите дали тоа е точно или не.rnrnЕдна теорија вели дека е можно да се навикнете на кучешките алергени веднаш штом ќе го намалите степенот на чувствителност на имунолошкиот систем, но тешко е да се знае со сигурност како се намалува тој степен.rnrnПрочитајте како се однесуваат кучињата кога се во пубертет.

  • Кој е посреќен – сопствениците на кучиња или на мачки?

    Кој е посреќен – сопствениците на кучиња или на мачки?

    Сопствениците на кучиња и на мачки постојано се натпреваруваат кое милениче е подобро, попаметно, поснаодливо, попривлечно итн. Научниците, исто така, се заинтересирани за овие прашања, но ги заинтригирало и прашањето кој е посреќен – сопствениците на кучиња или сопствениците на мачки?rnrnКој е посреќен - сопствениците на кучиња или на мачки? rnrnНајновото американско истражување било спроведено преку анкета, која за првпат вклучила низа прашања за сопствениците на миленичињата. Истражувањето, покрај тоа што открило дека 6 од 10 домаќинства имаат домашно милениче, открило и кои сопственици се посреќни.rnrnСопствениците на кучиња се двапати посреќни од сопствениците на мачки, додека луѓето кои немаат миленик се на второ место. Со други зборови, луѓето кои имаат куче се малку посреќни од луѓето кои немаат домашно милениче, но се двапати посреќни оние што имаат мачка.rnrnИстражувањето, исто така, открило дека сопствениците на кучиња имаат поголема веројатност да стапат во брак и да купат свој дом отколку сопствениците на мачки, а овие 2 фактори влијаат врз среќата и задоволството од животот.rnrnОваа анкета се состоела од голем број прашања за тоа како луѓето комуницираат со своите миленици, а одговорите може да објаснат и некои разлики во среќата. На пример, сопствениците на кучиња бараат утеха кај домашното милениче кога се под стрес, си играат со него и го сметаат за член на семејството.rnrnПретходните истражувања на оваа тема дале различни резултати. Во 2006 година, Центарот за истражување „Pew“ во Вашингтон не открил значајни разлики во среќата помеѓу сопствениците на мачки и на кучиња, додека истражувањето во 2016 година открило дека сопствениците на кучиња се посреќни. Нивното истражување од 2015 година го поврзува присуството на мачката во домот со намалување на негативните емоции, но не и пораст на позитивните.rnrnДали знаете какви се последиците од спиењето со куче или со мачка?

  • Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасило животот на неговата сопственичка

    Едно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасило животот на неговата сопственичка

    Секој сопственик на кучиња со сигурност знае дека понекогаш тие се грижат повеќе за нас отколку што ние се грижиме за себе, но се случува понекогаш и да направат штета. Многу е ретка можноста да се извлече нешто добро од лошото однесување, но токму тоа ѝ се случило на жена од Тајван.rnrnЕдно куче направило штета, а потоа увиделе дека всушност ѝ го спасил животот на неговата сопственичкаrnrnДодека луѓето го задржуваат здивот да дознаат како се шири коронавирусот низ светот, едно специјално куче ја спасило својата згрижувачка и ја спречило да отиде на местото од каде потекнува вирусот.rnrnИ како кучето го сторило тоа? Па, сфатило дека пасошот на неговата газдарица е совршена играчка за џвакање. Бидејќи нејзиното куче го изгризало пасошот, таа не можела да отпатува во Вухан, како што првично планирала. Неколку дена подоцна, пристигнале првите извештаи за појавата на коронавирус во овој регион.rnrnКучето, по име Кими, можеби ја спасило сопственичката на начин на кој таа не можела ниту да предвиди. Илјадници луѓе се заразија со коронавирусот во Кина, а стотици починаа.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и овие 15 интересни ситуации кои докажуваат дека мачките нè имаат како нивни миленици, а не обратно.

  • Вредни, амбициозни, но и неуредни: Дали ги поседувате особините на типичен сопственик на мачка?

    Вредни, амбициозни, но и неуредни: Дали ги поседувате особините на типичен сопственик на мачка?

    За мачките се вели дека се таинствени, ладни и тврдоглави… Поради тоа и им одговара одреден профил личности со кој совршено се сложуваат. Па, проверете дали се вклопувате во овој вид профил…rnrn1-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_rnrnСопствениците на мачки не се секогаш пресликани во своите миленици, туку често можат да бидат со потполно спротивни особини.rnrnЛичностите кои како миленик чуваат мачка, без разлика на полот, немаат многу слободно време и не сакаат да бидат целосно безгрижни и мрзеливи, дури и кога времето им го дозволува тоа. Сопствениците на мачки и не се баш претерано уредни. Всушност, кога чувате мачка во својот дом, после некое време ќе стане невозможно да го одржувате беспрекорен. Односно, наскоро ќе се помирите со фактот дека подот мора секогаш да биде полн со нејзините играчки, но и влакна.rnrn2-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_rnrnСепак, овие личности се многу вредни, а може да се каже и дека се малку мазохистични. Честопати се нервозни, но добро работат под притисок. Тие едноставно не можат да се опуштат кога се не одмор или на излегување, бидејќи постојано мислат на обврските кои ги чекаат…rnrnСопствениците на мачки многу го ценат туѓото време, но не сакаат кога другите непотребно им го трошат нивното. Многу се амбициозни, а исто како мачките, го сакаат она чувство кога ќе го „фатат пленот“ и ги прави горди кога ќе успеат во своите долго планирани намери.rnrn3-vredni-ambiciozni-no-i-neuredni-dali-se-vklopuvate-vo-profilot-na-sopstvenik-na-machka-www.kafepauza.mk_rnrnКако и нивните миленици, така и сопствениците на мачките постојано поставуваат високи цели, а кога ќе ги исполнат, планираат следни.rnrnДали и вие се пронајдовте во особините на типичниот сопственик на мачка?

  • Мала помош и неколку совети: Како да изградите сопствен стил?

    Мала помош и неколку совети: Како да изградите сопствен стил?

    Ако ви е грижа за вашиот изглед и ја сакате модата, тогаш сигурно ви е јасно дека секоја девојка треба да има сопствен стил со кој ќе се издвојува од толпата, но и во кој ќе се чувствува удобно, бидејќи е во склад со нејзиниот начин на живот, личност и вкус. Доколку и понатаму го барате сопствениот стил по кој ќе бидете препознатливи, еве за што треба да водите сметка.rnrn1-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вложете пари во парчиња облека кои ќе можете да ги носите подолго време

    rnМодата е менлива, но стилот е вечен. Затоа, доколку сакате да изградите сопствен стил, потребно е да пронајдете парчиња облека кои ќе ви бидат „вечни“ и кои ќе можете да ги носите подолго време, бидејќи тие ќе бидат вашиот заштитен знак. На пример, посебен модел на кожна јакна доколку сакате да се облекувате во рок стил.rnrn2-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_rn

    2. Прилагодете го стилот на облекување со вашиот стил на живот

    rnДоколку сте постојано во движење, сакате удобност, практичност, неформални дружења и слично, најверојатно најдобро ќе ви одговара спортскиот стил на облекување. Од друга страна пак, ако сте постојано во канцеларија и посетувате формални состаноци, професионалниот, елегантен, стил ќе биде вистинскиот за вас.rnrn3-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_rn

    3. Одберете дизајни и материјали кои најмногу ќе ви одговараат

    rnОва има врска и со стилот на облекување. Дали постојано ќе носите тексас и различни принтови или свила, сатен и други „фини“ материјали, ќе зависи од вашиот стил на живот и потребата кога станува збор за модните комбинации.rnrn4-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_rn

    4. Изберете ги соодветните аксесоари

    rnСтилот го прават деталите, па затоа водете сметка да пронајдете некој аксесоар по кој ќе бидете препознатливи. На пример, нека ваш заштитен знак бидат бразлетните или впечатливите обетки, а можеби дури и марамите. Повторно треба да нагласиме, во зависност од вашиот стил на живот, а со самото тоа и облекувањето, пронајдете ги деталите кои ќе го украсат вашиот стајлинг, но и ќе направат да се издвојувате од толпата. Освен тоа, своите едноставни „класични“ парчиња облека можете успешно да ги освежите со некои тренди парчиња.rnrn5-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_rn

    5. Забавувајте се

    rnМодата треба да биде креативна и забавна! Слободно експериментирајте со својот стил, испробајте повеќе различни работи додека не го пронајдете оној стил кој најмногу ви одговара и кој одново и одново ќе ве инспирира за да го збогатувате и дополнувате. Бидете свои и водете се според сопствениот вкус и чувство за мода и веруваме дека тоа ќе биде навистина доволно за да се истакнете и да изградите ваш сопствен заштитен знак.rnrn6-mala-pomosh-i-nekolku-soveti-kako-da-izgradite-sopstven-stil-www.kafepauza.mk_

  • Снаодлива мачка која не сака да седи сама

    Снаодлива мачка која не сака да седи сама

    Постојат илјадници смешни видеа со мачки на Јутјуб, но никако да ни здодеат. Едноставно секое наредно е посмешно од последното и секојдневно се наоѓа по некое забавно. Оваа мачка не може да седи сама, па нашла начин како да го повикува својот сопственик да ја отвори вратата.rnrnСнаодлива мачка која не сака да седи самаrnrnrn
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Мачиња ја истражуваат визбата на сопственикот

    Мачиња ја истражуваат визбата на сопственикот

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnrnДве слатки мачиња „преговараат“ кое прво да тргне во истражувачка мисија во визбата на сопственикот. Едното од нив, одлучува да зачекори прво. Но, наместо логистика, второто маче-извидник го турнува по скалите. Мачиња ја истражуваат визбата на сопственикотПогледнете го следното видео и насмејте се со палавите миленичиња.rn

    rnМачето од видеото не е повредено. А вие, извлековте ли поука? Ако некој ви рече „после тебе“, ќе тргнете ли први? :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пекинезер подготвен за Холивуд

    Пекинезер подготвен за Холивуд

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnЖу-Жу е пекинезер, кој исправен на задните нозе, се движи наназад по речиси два километри на ден. Ова умно милениче на кинезот Ху Ксианвеј од Хандан ужива на ваков начин да ги импресионира минувачите, пред кои се поклонува кога ќе го погледнат и пофалат.Пекинезер подготвен за ХоливудДодека се движи наназад, повремено ја врти главата за да провери дали нешто му го попречува патот. Четиригодишното куче Жу-Жу е и одличен актер. Кога неговиот сопственик ќе ја исправи раката кон него како да му вперува пиштол, овој неверојатен пекинезер се вкочанува, а кога ќе слушне „бенг“ паѓа на подот и глуми дека е мртов.rnrnЗа да ги научи триковите, на Жу-Жу не му биле потребни повеќе од два дена. Ги изведува без да очекува некаква награда од сопственикот или минувачите. Едноставно ужива да се фали со своите вештини.rnrnХу е среќен кога зборува за талентот на Жу-Жу, но тврди дека никогаш не би се осмелил да извлече некаква корист од тоа или пак да го продаде.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.