Загубените градини од Хелиган, се најпознатите ботанички градини во цела Велика Британија, а се наоѓаат во близина на Корнвел. Градините биле создавани од страна на семејството Тремејн, во периодот од средината на 18-от век до почетокот на 20-от. Во тој период градините станувале сè поголеми и поекстравагантни како што се менувале генерациите. Пред почетокот на Првата светска војна, семејството вработило 22 луѓе да се грижат за градината, но сите заминале да се борат за својата земја. Поголемиот дел не се ни вратиле, а градините останале запуштени. Имотот низ годините бил издаван на други луѓе, па така сè до 1990 година, тие не биле повторно откриени.Нив повторно ги открил еден далечен роднина на семејството Тремејн, а реставрацијата на градините била извршена од компанијата „Tim Smit“. Градината сега е прекрасна и е составена од повеќе сегменти. Има неколку езерца кои се полнат со помош на пумпа стара повеќе од 100 години, делови насадени со зеленчук, цвеќиња, дрвја, како и добро познатите камени скулптури.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Повеќето уметници кои се занимаваат со цртање, го користат моливот за со нив да ја создадат својата уметност. Далтон Гети има малку поинаков пристап. Тој создава минијатурни маестрални дела директно на врвот од моливот.rnrnСкулптура на Еливс Присли со превез на очите, изработена од еден моливrnrnДалтон работи како столар, а своите мали дела од графит ги изработува веќе 25 години. Тој имал склоност да се занимава со ваков тип уметност уште како мал. Кога одел на училиште, имал обичај да им ги гравира имињата на неговите другари во дрвото на моливите и да им ги подарува. Потоа почнал да резба скулптури на поголеми парчиња дрво, за на крајот да му стане предизвик да ги прави своите дела што е можно помали. Експериментирал со разни материјали, се обидел со креда, но еден ден се сетил да работи директно на графитот во моливот.rnrnМала пила изрезбана од графитот и од дрвото на моливотrnrnКористејќи ја гумата како подлога, Далтон создал мал крст од графитот во внатрешноста на моливот.rnrnДалтон го издлабил центарот на дрвото, а потоа ја изрезбал централната површина од графит за да го создаде ова поврзано висечко срце.rnrnДалтон користи 3 основни алати во неговата работа: жилет, игла за шиење и скулпторско ноже. Тој дури одбива да користи лупа, а со помош на иглата прави дупчиња и исцртува линии вртејќи го парчето графит полека во раката. Интересно е што тој нема продадено ниедно парче од својата колекција, туку сите ги дава како подароци, иако преку неговиот сајт може да се нарачаат разгледници и големи постери од нив.rnrnrnrnДалтон вообичаено поминува неколку месеци работејќи на една фигура. Но, една творба му одзела дури две и пол години. Ова е воедно и најдолгото време што тој го посветил работејќи на едно парче, а причината е поврзувањето во синџир-ефект. За ова свое дело тој изјавува:rnrn
„Меѓусебно поврзаните синџири побараа вложување на најголем напор, но многу сум задоволен со ова дело бидејќи е толку сложено што луѓето мислат дека мора да се два молива.“
rnrnrnrnЗа олку пипава работа, неизбежно е да се запрашаме како Далтон го контролира трпението, но и како се носи со предвреме завршените проекти, прекинати од напукнување и кршење. Во врска со ова, тој вели:rnrn
„Полудував кога заради мала несмасност, врвот од моливот ќе се скршеше. Некогаш многу се вознемирував, особено кога делото е при крај и баш тогаш ќе направев грешка. Потоа решив да го сменам начинот на кој гледам на мојата работа – кога започнувам со нова работа, мојот став е: ова и онака ќе се скрши некогаш, па да видиме до каде можеме да стигнеме. Овој став ми помогна да кршам помалку моливи, и иако ова сè уште се случува, не е толку често.“
rnСтол на врвот на моливотrnrnМало поштенско сандачеrnrnМалечко копчеrnrnЧизма со многу деталиrnrnМал чеканrnrnШраф со многу деталиrnrnПехар в ракаrnrnДалтон има и кутија со 100 скулптури кои ги има скршено во процесот на работа. Оваа колекција тој ја нарекува гробница.rnrn
„Имам повеќе скршени дела, па решив да ги поставам на стиропор. Луѓето може да мислат дека е чудно што ги чувам, но тие се сè уште интересни. Сум работел на нив со месеци, па иако можеби се мртви, во еден момент им имам дадено живот.“
Францускиот артист Alexandre Nicolas, очигледно имал навистина бујна фантазија и уникатна замисла, кога решил да ги создаде овие малку морничави, но сепак преслатки неродени суперхеројчиња. Неговите фантастични скулптури, моментално ги изложува на уметничкото шоу Hey! Modern Art and Pop Culture, организирано од страна на уметничкиот магазин HEY, кое трае до 4 март, 2012 година, а се одржува во парискиот музеј Halle Saint-Pierre. Спакувани во коцки изработени од синтетички кристал, овие неродени бебиња изгледаат како да го очекуваат нивното деби во светот. 🙂 rn
Оваа фотосесија со пливачи е креирана од страна на уметникот Carole Feuerman од Менхетен. Интересното во овие фотографии е тоа што моделите кои ги гледате на нив, не се вистински луѓе, туку совршено извајани восочни фигури. Ви звучи неверојатно? Поверувајте!50-годишната Керол поминува исцрпувачки 6 месеци над секоја скулптура, но нејзиниот макотрпен труд „де факто“ се исплати, со оглед на тоа што една скулптура ја продава по цена 250.000 фунти. Нејзините модели се толку реалистични и „живи“ што луѓето кога ќе ги погледнат, честопати не можат да препознаат дека тоа што го гледаат пред себе е восок, а не човек од крв и месо.Колекцијата хиперреалистични скулптури опфаќа разнообразни женски и машки восочни модели облечени во костими за капење или бикини. Секоја скулптура е различна личност, со посебен идентитет и карактер, а капките кои се лизгаат по „кожата“ ја прават нивната реалистичност уште пореална..rn
„Моето студио може да ги изненади посетителите, бидејќи е секогаш пренатрупано со разни делови од човечкото (т.е. восочното) тело, поради што повеќето честопати малку се вознемируваат кога ќе влезат внатре.“ – вели Керол
rn.rn
„Додека создавам и бојам некоја скулптура, луѓето кога зборуваат за истата, ја употребуваат личната заменка „тоа“. Но, кога делото е завршено, луѓето потсвесно почнуваат да ги нарекуваат „тој“ или „таа“ – за мојата уметноста зборуваат како за вистински луѓе. Дури и оние луѓе кои работат со мене години наназад и се навикнати на мојата уметност, го прават истото.“ – додава таа
rn.rn
„Дизајнот на моите восочни скулптури ретко е вајан според телото на еден човек. Најчесто го користам лицето на еден човек, торзото од друг, а рацете и дланките од трет. Некои скулптури ги имам изработено од деловите на телата на 6 различни луѓе.“
rnЗа воопшто да го започне процесот на изработка на некоја скулптура, Керол најпрвин прави калап од делот од човечкото тело што ù е потребен, така што го премачкува со полиестерова смола и го облепува со газа. Кога смесата ќе се исуши ја одлепува од телото и калапот е готов. Откако ќе го создаде восочниот модел, таа внимателно го струга со шмиргла за да му ја направи кожата мазна како човековата. Потоа неколку седмици го прска моделот во стотици слоеви спреј во кожа-боја и му прикачува коса од природно влакно, за да му даде целосно реалистичен изглед..rn
„Мојата цел како уметник не е само да создадам реалистични модели. Не се обидувам да го правам она кое што го прават во Мадам Тисо и едноставно да создавам „живи“ скулптури. Мојата уметност раскажува приказна и јас сакам набљудувачите да бидат дел од неа и вистински да ја почувствуваат емоцијата која ја пренесува карактерот на секоја скулптура.“
rnПогледнете како изгледа процесот на изработка на восочно торзо, од ултразгодниот манекен Richard Nuzzolese. :)rn
rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Има ли некој кој не ужива во свежа храна и во интригантна уметност? Фотографот Карл Клејнер интересно ги искомбинирал овие две работи во неговата рекламна кампања за Икеа. Тој креирал скулптури од овошје и зеленчук и ги фотографирал на заднина со пастелна боја за повеќе да ги истакне. Дефинитивно вкусните човечиња на Карл поседуваат еден свеж квалитет во себе, кој ве тера да посакате да видите повеќе и евентуално да каснете малку од нив. Ви посакуваме пријатен оброк. :)rnrnrnrnМожеби го паметите Карл Клејнер по кратките креативни видеа, изработени исто така за потребите на Икеа, преку кои ја покажува уметноста на готвењето.rnrn
Најубавите моменти во животот никогаш не траат долго, како што се релаксирачките мигови поминати на убава песочна плажа, страсното бакнување со вашиот љубен партнер на клупата во паркот на почетокот од вашата врска, нуркањето под вода меѓу водниот свет или посетата на вашиот омилен музеј во кој првпат во вашиот живот видовте скелет од диносаурус.rnrnrnrnЈапонскиот артист и архитект Akinobu Izumi креирал еден педантно изработен паралелен свет, во минијатурен облик. Серијaта ја нарекол „A Tiny World in a Bottle“, а сцените од животот ги сместува во малечки теглички, кои дефинитивно ќе ве потсетат на тие кратки, совршени моменти кои никогаш нема да избледат од вашата меморија.rnrnrnrnЗа нивната изработка тој прави минијатурни скулптури кои прецизно ги сече од парче хартија, користи малку плута и кога е потребно, во тегличката сипува течен парафин за да создаде ефект на пливање во вода. Потоа тој ги продава овие теглички како сувенирчиња на сајтот Etsy shop, а нивната цена се движи од околу 23 до 29 американски долари. Ако сакате може да ви стави и врвка, во боја по ваш избор. Досега има продадено 149 парчиња.rnrnrnrnЗнаете како велат: „Добрите работи доаѓаат во мали пакувања“. Додека повеќето од нас го поминуваат денот седејќи пред компјутер или гледајќи телевизија, овој токиец напорно работи на креирањето на еден паралелен универзум. Убаво погледнете низ стаклото и ќе забележите колку е едноставно да си ја визуелизирате сцената во реален формат.rnrnrnrnПогледнете го животот низ призма на минијатури и преку креативните дела на Terada Mokei.rnrn rnrn
Второто место по посетеност во Индија, по Таџ Махал, е малиот град Кхајурахо, познат по неговите храмови кои датираат од периодот помеѓу 9-тиот и 11-тиот век. Некогаш на времето биле изградени 85 храмови, од кои денеска се останати само 25.rnrnrnrnТие постојано биле уништувани од страна на муслиманското население заради еротските скулптури кои се наоѓаат на нив. Името на градот потекнува од индискиот збор за урмино дрво, бидејќи некогаш целиот регион околу храмовите бил преплавен со нив. Ова место претставува одличен пример за комбинација од архитектура и фантастични скулптури.rnrnrnrn rnrn
Овие скулптури биле направени по барање на поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, во 60-тите и 70-тите години на минатиот век, а поголемиот дел од нив ги одбележуваат местата на кои се одвивале најголемите битки од Втората светска војна на територијата на Југославија или пак места каде што се наоѓале некои концентрациони логори.rnТие се дизајнирани од различни скулптори и архитекти како што се Душан Џамоња, Војин Бакич, Миодраг Живковиќ, Јордан и Искра Грабул, Богдан Богданович, Градимир Медаковиќ и други. Сите пренесуваат моќен визуелен ефект да се покаже довербата и силата на една социјалистичка земја. Во 80-тите години на 20 век, овие споменици носеле милиони посетители на годишно ниво, особено млади пионери за нивното патриотско образование. По распадот на Југославија во раните 90-ти години, тие биле тотално напуштени и нивното значење се изгубило во минатото.rnВо периодот од 2006 до 2009 година, белгискиот фотограф Јан Кемпенерас направил тура низ територијата на поранешна Југославија и со помош на мапа на споменици од 1975 година, ги направил овие прекрасни фотографии. Неговите фотографии го поставуваат прашањето: Дали овие поранешни споменици, можат да продолжат да постојат како обични скулптури? Нивната физичка пропадната состојба и институционална негрижа го одразуваат општествениот историски распад, но од друга страна и без нивната симболика тие изгледаат неверојатно.
За фантастичните и необични дизајни на чевли на Коби Леви и порано бевме инспирирани да напишеме пост. Израелскиот дизајнер на чевли има уникатен, весел и шеговит пристап во неговата работа, третирајќи ги обувките како скулптури. Очигледно резултатот е повеќе хумористичен отколку модерен дизајн, бидејќи Леви црпи инспирација од секојдневието, која ја инкорпорира во креативен пар потпетици. „Поттикот да создадам ново парче произлегува од некоја идеја, концепт или слика која ќе ми падне на ум. Производот е уметност која може да се носи. Чевлите се живи.“.
rnrn
Повеќето од моите инспирации се добиени надвор од „светот на чевлите“, кои им даваат на овие обувки екстремна трансформација. Резултатот е најчесто хумористичен, кој создава уникатна перспектива за чевлите воопшто.
Ендру Маерс е еден од најтрпеливите модерни уметници на денешницата. Овој артист, кој доаѓа од Лагуна Бич, Калифорнија, проаѓа низ процес од многу чекори за да создаде едно неверојатно парче уметност, кое мора да го видите, односно да го допрете за да поверувате дека постои.rnТој започнува така што врз шперплоча поставува страници од телефонски именик. Интересен факт е тоа што, тој ги користи страниците од телефонскиот именик според локалната единица каде што живее субјектот. На нив црта лице и рачно прави од 8.000 до 10.000 пробни дупчиња. Потоа, кога на нив ги зашрафува шрафовите, тој се потпира само на себе, не употребувајќи никаков компјутерски софтвер за да му помогне..rn
Повеќето луѓе кои се нацртани на портретите, имаат нешто посебно во нив. Гледајќи ги нив во живо, чувството е сосема различно, отколку кога ќе ги видите на фотографија. Тие имаат длабочина која сликата не може да ја фати.
rnЕден од најпредизвикувачките делови е вадењето на цртежот одоздола, бидејќи потоа треба да ги обои главите на шрафовите, за на крајот скулптурата да изгледа како вистински портрет. Погледнати од вистинскиот агол, неговите портрети изгледаат навистина фантастично.