КАФЕ ПАУЗА

Tag: скулптури

  • Неверојатни скулптури од плетена жица

    Неверојатни скулптури од плетена жица

    Британскиот уметник Дерек Кинзет, жицата за изградба на кокошарници ја претвора во илјадници фунти. Се разбира, не буквално. 🙂 Тој дошол до брилијантна идеја од плетената жица да изработува тродимензионални скулптури. Тие се неверојатно прецизни и во природна големина. За секоја од нив му се потребни најмалку 100 часа. Покомлицираните пак, ги прави со месеци. Но, затоа трудот го наплатува 6.000 фунти по модел.rnrnМеѓу љубителите на неговите дела е и холивудскиот актер Николас Кејџ. Тој купил една од скулптурите и ја поставил во неговиот дом, лоциран во близина на Гластонбери, Вилтшир.Неверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаПокрај човечки скулптури, 45-годишниот уметник изработува и 3Д модели на суштества од имагинарниот свет, како и многу други предмети. Тој одбива во текот на својата работа да носи заштитни ракавици, бидејќи според него, тие би му ги нарушиле чувството за допир и би влијаеле на квалитетот на неговите уметнички дела.rnrnПред да почне со изработка, Дерек црта скици или пак фотографии конвертира во цртежи. Потоа тие ги користи како водич според кој, со резбарски нож прави калапи во пурпена. Тој по пет пати ја намотува жицата околу калапот, со цел кога ќе го отстрани, моделот да биде доволно јак и да не се деформира. Жицата ја прска со цинк за да спречи нејзино ‘рѓосување, а потоа со специјален спреј ја враќа нејзината оригинална боја.Неверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жица
    rn

    „Кога студирав, моите дела имаа толку многу детали кои не сакав да ги покривам. Започнав да правам сè поголеми скулптири и да додавам уште повеќе детали. Така го развив овој стил и станав тоа што сум денеска.  Кога луѓето гледаат скулптури, тие често поминуваат покрај нив без да им обрнат особено внимание, но кога станува збор за моите модели, тие се враќаат два пати, за да ги видат одблизу. Се обидуваат да сфатат како сум ги направил“, вели Кинзет.

    rnНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаНеверојатни скулптури од плетена жицаМоже да се каже дека Кинзет ù нашол одлична примена на жицата, многу подобра од онаа на нејзините производители. :-)rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најстарите музеи во светот

    Најстарите музеи во светот

    Автор: Горана КоневскаrnrnСè додека не измисли човекот машина за патување низ времето, наша единствена шанса да зачекориме во минатото е да влеземе во музеј. И книгите исто така претставуваат добар метод за истото, но ништо не може да се спореди со разгледување на елементи кои биле користени или произведени во одреден период во историјата. Доколку сакате неверојатно патување, посетете некој од најстарите музеи на планетата. Освен археолошки откритија, овие музеи ќе ви презентираат и некои од светските уметници кои имаат оставено голем печат на денешната уметност и на нашите животи.rn

    1. Музеј Капитолини

    rnОва место е сплет од неколку различни музеи на уметност и археологија. Првиот чекор за создавање на овој музеј датира од 1471 година, кога Папата Сикстус IV донирал бронзени предмети со потекло од античкиот Рим. Тој ги сместил овие артефакти во Капитолини Хил. Во 1536 година Микеланџело Буонароти дизајнирал градба со три куполи и плоштад на средината. За да биде комплетирано ова место, домот на музеите, биле потребни повеќе од 400 години. Кога ќе го посетите овој музеј, сигурно ќе останете воодушевени од ренесансната уметност, древните римски статуи, колекции на монети и накит и други артефакти.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    2. Музеј Ватикан

    rnОва е уште едно место каде истовремено можете да посетите повеќе музеи. Започнат со градба на почетокот на 16 век, музејот Ватикан се наоѓа во градот Ватикан. Првиот предмет кој е донесен во овој музеј бил порачан од Папата Јулиус II во 1506 година. Иницијалната колекција на предмети била изложена во Борџија апартманот. По некое време, била доградена и зграда за домашни предмети, а денеска музејот Ватикан е група на музеи со неколку скулптурни зданија.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    3. Музеј на кралски оружја

    rnОва е еден од најстарите музеи во Обединетото Кралство, а исто времено и еден од најстарите во светот. Во него се изложени најголемите колекции на оружје во светот: национална артилерија, огнено оружје и слично. Според некои забелешки, овој музеј бил отворен за посета прв пат во 1545 година.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    4. Музејот на ликовна уметност и археологија

    rnМузејот за ликовна уметност и археологија во Безансон е најстариот музеј во Франција. Изграден во 1694 година, овој музеј е познат по своите големи колекции на археологијата, слики и својот ликовен кабинет. Помеѓу популарни предмети кои можат да се разгледаат тука спаѓаат остатоци од древниот Египет, мумии, уметнички творби, дела од значајни италијански, француски и шпански сликари, како и над 5.500 цртежи собрани од европските училишта.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    5. Ешмолскиот музеј

    rnЛоциран во Оксфорд, Англија, ова е најстариот универзитетски музеј во светот. Во 1677 година, во него била изложена првата колекција од Елиас Ешмол. Следната година започнало комплетирањето на колекцијата која била завршена во 1683 година. Денес, музејот содржи значителни колекции на библиски ракописи , слики од Леонардо да Винчи, Рафаел, Микеланџело, дел од церемонијалната облека на Лоренс од Арабија и многу други дела.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    6. Музеј на Британија

    rnИзграден во 1753 година, британскиот музеј е еден од најстарите во светот, а во него може да се погледнат предмети собрани од целата планета. Со повеќе од 7 милиони предмети, во овој музеј можете да го погледнете целиот свет во мало и се што некогаш влегло низ вратите на британскиот музеј. Голем дел од просториите на музејот на Британија денеска се оддели на древен Египет и Судан, оддел за грчки и римски антиквитети, оддел на средниот исток, Азија, Африка, простории на монети и медали, библиотеки и архива.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    7. Галерија Уфици

    rnЛоцирана во Фиренца, Италија, овој музеј не само што е еден од најстарите туку претставува и еден од најпопуларните музеи. Тој исто така е познат како по своите колекции, така и по својата фамозна градба. Главното предворје на музејот е долго и право и води се до реката Арно на својот крај. Во времето кога бил граден овој монумент (изградбата завршила во 1581 година), овој двор бил навистина уникатен. Тука се изложени многу познати дела на Леонардо да Винчи, Сандро Ботичели, Микеланџело, Фра Филипо Липи, Каваџио и на други уметници.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    8. Белведере

    rnОвој дворец е дом на збирка предмети собрани од царското семејство од Виена. Сопственик на овој комплекс – палата, конструирана да биде летната куќа, бил принцот Јуџин од Савоја. По неговата смрт, започнало собирањето на царските колекции, а потоа истиот бил отворен за јавноста. Првите предмети биле сликите на предците од династијата Хабсбург. Сликите во Кралската Галерија најпрво биле сместени во одделот Империал во 1776 година, но подоцна биле пренесенаина горниот дел – Белведере. Пет години подоцна, галеријата била отворена за јавноста.Кога ќе порасне моето дете ќе бидеrn

    9. Лувр

    rnЛувр е можеби еден од најпопуларните и најголеми музеи во светот. И да, се разбира, еден од најстарите. Зградата во доцниот 12 век била замок, а француската револуција е периодот кога ова место било прогласено за музеј. Официјално бил отворен за посета на 10 Август 1793 година, со изложени 537 слики. Голем дел од предметите во овој музеј се превземени од црковно власништво. Денеска, во овој музеј може да се разгледаат на 35.000 слики и предмети.Кога ќе порасне моето дете ќе биде
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ателјето на Бачевци во Охрид

    Ателјето на Бачевци во Охрид

    Автор: Петар ЏајковскиrnrnВо срцето на Охрид, на патот кон Канео се наоѓа ателјето на Бачевци, кое морате да го посетите! Ќе ве пречекаат пријатно, со турско кафе и свежа лимонада, но тоа не е главната причина за да појдете во оваа креативна работилница. Вистинската причина треба да биде она што таму ќе го видите, односно делата кои се раѓаат во неа.Ателјето на Бачевци во ОхридПриродна уметност, давање „нова свежина“ на старите дела на природата е она што го одликува Баче Дизајн како посебен. Почнувајќи од скулптури изработени од старо дрво, фантастични ламби од тиква, па сè до одлично составени мозаици од камчиња и плочки. Во ова ателје секојдневно работат Славко Баче, Сашо Баче, Сања Баче и Номче Џулески.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридСлавко Баче е роден во Охрид, септември 1983 година. Завршил основно и средно образование во родниот град, па потоа студирал класична анимација во Софија на Нов Бугарски Универзитет. За себе вели дека е „уметник во сенка“ и во константна потрага по својот стил. Најголема сатисфакција наоѓа во работата на скулптури од дрво. Најдрага му е првата скулптура која ја изработил, „Архаична свежина“ изработена од стар багрем, а негова најнова скулптура е  „Стар бор-Мајка“ која е направена со посвета и како подарок за свои драги пријатели.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридСвојот стил го дефинира со зборовите „старо, а свежо“. Тој вели дека не се плаши да експериментира и комбинира со најразлични материјали и од нив да направи невообичаен склоп кој на крајот изгледа хармонично. Функционалноста, односно практичната примена на предметите е исто така својство што ги прави посебни.rn
    rn

    Зошто секојдневните предмети од нашиот ентериер како светлечките тела, масички, шанкови, саксии да изгледаат обично и монотоно, кога напротив можат да бидат интересни за око и да зрачат со живот“ – вели Славко.

    rnАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридИзработуваат и мозаици од ситни камчиња, а како најнов експеримент во експанзија се мозаиците изработени од керамички плочки, на кои им се посветува се повеќе време.Ателјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридАтелјето на Бачевци во ОхридЦртањето графити од хоби прераснало во занает, па Баче има насликано преку педесет реклами и логоа низ Охрид. Како најголем и најдобар проект од овој вид е „стрипот“ нацртан пред просториите на Црвен Крст во Охрид, чиј процес на изработка траел три месеци.Ателјето на Бачевци во ОхридrnrnШто би ги советувал младите уметници?rn
    rn

    „Секој шо планират да се занимават или веќе се занимават со уметност, требит да продолжит по истиот пат со многу посветеност и верба во сопствените квалитети. Сон на повеќето уметници е да излезет надвор за да го материјализирет својот труд и да добиет признание за своите дела. Ама јас викам не морат секогаш да работаш за пари, некогаш поработај и за себе. Е тогаш времето ќе ти бидит чирак, ти ќе бидиш то шо сакаш да бидиш и ќе му плашчаш на времето колку шо заслужвит.“

    rnАтелјето на Бачевци во ОхридrnrnКако изгледаат твоите идни планови и кои се плановите на Баче Дизајн?rn
    rn

    „Па пред сè да работам шо појќе. Планирам да организирам приватна уметничка колонија во стариот дел на Охрид која ќе служит за промоција на таленти. Ќе ги сместам артистите, ќе им обезбедам материјали и 10 дена само да работиме и да се дружиме. На крај све то ќе се завршит со една мултимедијална изложба овде во дворов. Крајната цел на ова студио е максимална промоција на името и прераснување во институција која ќе работат во истиот дух и со истиот стил, но на едно многу повисоко ниво.“

    rnЗа крај Баче, какво кафе пијаш?rn
    rn

    „Хахаха! Средно, турско. По три секој ден!“


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неверојатни скулптури од песок

    Неверојатни скулптури од песок

    Сите го сакаме топлото и долго лето, прекрасните плажи и солената вода, а особено го сакаме мекиот песок со кој можат да се направат толку многу интересни нешта. За некои, песокот не е само игра. Правењето скулптури од песок преминува во вистинска уметност, а не е само забавна активност додека се печеме на плажа. Скулптурите кои прикажуваат цели дворци, ликови, животни, па дури и цели автомобили, бараат доста работа и креативност, но резултатот е секогаш неверојатен.rnrnЗа жал, оваа уметност може да биде вечно зачувана само на фотографија. Но и покрај брзото уништување на скулптурите, топлината во срцето на уметниците кои ги создавале, кога ќе слушнат признание за добро завршената работа, за нив сигурно претставува едно незаменливо чувство. Изборот од најубавите скулптури од песок, направени од уметнички души насекаде низ светот, можете да го погледнете во продолжение.Неверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песокНеверојатни скулптури од песок
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Светлосни скулптури

    Светлосни скулптури

    Автор: Горана КоневскаrnrnЈапонскиот уметник Макото Тојики твори со помош на светлина, истражувајќи ја нејзината намена при создавање инсталации, кинетички дела и сликовити скулптури. Неговите дела од серијата „Без сенка“ кои се прикажани на овие фотографии, се едни од неговите најпознати креации во кои тој користи долги снопови светлина за да прикаже фигури на луѓе и животни.Светлосни скулптуриСветлосни скулптуриСветлосни скулптуриСветлосни скулптуриСветлосни скулптуриСветлосни скулптуриСветлосни скулптури
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Музејот на Викторија и Алберт

    Музејот на Викторија и Алберт

    Автор: Симона РистоскаrnrnПознат и под името „V&A“, музејот се наоѓа во областа Бромптон, Лондон и претставува најголемиот музеј во светот за декоративна уметност и дизајн, со постојана колекција од 4,5 милиони предмети. Именуван е по принцот Алберт и кралицата Викторија, а основан е во 1852 година. Оттогаш до денеска се формирани вкупно 145 галерии како дел од музејот. Музејот на Викторија и АлбертКолекциите опфаќаат уметност од последниве 5 милениуми, од античките времиња до денес, а можат да се сретнат културите на Европа, Северна Америка, Азија и Северна Африка. Во него можат да се видат предмети од керамика, стакло, текстил, сребро, разни носии, накит, мебел, скулптури, цртежи, фотографии, и буквално сè што не би можеле да го видите ниту на едно друго место.Музејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Во 2006 година музејот го посетиле 2,37 милиони луѓе, што е највисока бројка на посетители до сега.
    • rn011

    • Музејот всушност ги вклучува Националната библиотека на уметноста, Музејот на детството и театарската колекција (национална колекција поврзана со Британската театарска сцена).
    • rn011

    • Од 2008 година отворена е изложбата „Олимписки постери“ токму во периодот на започнување на Олимписките игри во Пекинг, а истата ќе биде достапна за посетителите сè до Олимписките игри во Лондон, кои ќе се одржуваат оваа година. Како дел од изложбата, вклучен е и Олимпискиот факел од игрите во 1948 одржани исто така, во Лондон.
    • rn011

    • Преку 1.500 тетовирани луѓе го посетиле музејот во 2000 година, на првиот „V&A ден на рекорди“ за да бидат фотографирани за дигиталната архива на тетоважи.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Музејот на Викторија и Алберт има долгогодишна соработка со Кралскиот колеџ на уметност, со што обезбедуваат постдипломски студии за историја на дизајн.
    • rn011

    • За да се осигури дека колекциите се чуваат во оптимални услови, 800 мали радио предаватели се позиционирани низ музејот за мерење на температура и релативна влажност на секои три минути.
    • rn011

    • Првиот директор Сер Хенри Кол, во 1857 година го опишал музејот како „засолниште за сиромашни колекции“ , а дури век подоцна, Сер Рој Стронг го нарекол „екстремно просторна чанта“.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Ова бил првиот музеј во светот кој отворил јавен ресторан. Менијата биле поделени за посетители од прва и од втора класа, но постоеле и менија за третата класа, односно за работниците кои работеле на зградата на музејот и за обичната скромна работничка класа која сакала да го посети.
    • rn011

    • Исто така, овој музеј е првиот во светот кој користел светилки на гас за осветлување на галериите во вечерните отворања.
    • rn011

    • Музејот поседува приближно 17. 500 скулптури и 10.500 слики, што е повеќе отколку што поседува Националната галерија на Велика Британија.
    • rn011

    • Тигарот на Типу (Tippoo’s Tiger) долго време бил еден од најпопуларните предмети изложени во музејот. Дрвениот модел на тигар кој напаѓа војник бил направен за Султанот Типу, владетелот на Мајсор во Индија во 70-тите.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Најмалиот објект кој се наоѓа во Музејот на Викторија и Алберт, е всушност колекција од стаклени тегови кои служеле за мерење на монети. Тие датираат од периодот помеѓу осмиот до десетиот век. Биле најдени во Египет, на нив има арапски написи, а некои од нив се помали од 1 сантиметар во дијаметар.
    • rn011

    • Како дел од колекциите е и познатата копија на првата комерцијално направена божиќна честитка, којашто била креирана од страна на првиот директор Сер Хенри Кол, во 1843 година.
    • rn011

    • Во сопственост на музејот е и „Големиот Кревет од Вер“, кој е најпознатиот кревет во Велика Британија.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и Албертrn

      rn011

    • Кралицата Викторија била шокирана од голотијата на добро познатата скулптура на Микеланџело, Давид, чија копија била изработена од гипс за музејот во реална големина. Било наредено да се изработи, соодветно на пропорциите, а смоквиниот лист го прицврстувале со куки секогаш кога доаѓале достоинственици да ја посетат скулптурата. Денес, смоквиниот лист не се наоѓа на скулптурата, туку во кутија во нејзина близина.
    • rn011

    • Првиот модел кој некогаш дизајнирал сопствена линија на облека е Твиги, а токму музејот поседува мини фустан од „Твиги“ колекцијата која ја дизајнирала во 60тите.
    • rn

    rnМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертМузејот на Викторија и АлбертГолем дел од експонатите се опфатени и во ова видео.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук

  • Заводливи девојки направени од зелка

    Заводливи девојки направени од зелка

    Артистката Ju Duoqi од Пекинг, Кина изработила заводливи скулптури од полуголи девојки, кои  се моделирани според изгледот на познати личности, како Лејди Гага и Мерлин Монро. Интересното во овие скулптури, е што тие се целосно изработени од зелка, вклучително и облеката, накитот и капите на девојките.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаСвојата колекција т.н. „The Fantasies of Chinese Cabbage“ (Фантазиите на кинеската зелка) ја изработила користејќи нож, за да ги сече различните врсти и бои на зелка, по што парчињата ги спојува со чепкалки за заби. Потоа, Ju ги остава листовите зелка да овенат и на крајот ги готви на различни начини, за да ги постигне различните тонови бои и текстура.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаНеобичната идеја за создавање уметнички скулптури од зелка, кај Ju се јавила во летото, 2006, кога решила да купи неколку килограми грашок. Таа два дена мирно си седела и го лупела грашокот и одеднаш почнала да го ниже на жица. На тој начин констатирала дека од зеленчук може да направи блуза, здолниште, украс за коса и магично стапче. Потоа, се фотографирала себеси облечена во облеката од грашок. Тоа бил првиот уметнички проект на Ju, изработен од зеленчук.Заводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаrn
    rn

    „Во следните две години, честопати глумев дека сум домаќинка, лежерно се шетав нив супермаркетите и на тој начин се забавував. Подзастанував кај тезгите со зеленчук, ги поткревав плодовите, размислував што можам да направам со нив и ги враќав назад. Со мало преобликување на различните видови, облици и бои на зеленчук, може да се добие вистинска уметничка инспирација. Зеленчукот изгледа тотално различно во зависност од тоа дали го користам свеж, исушен, овенат, варен, пржен или закиселен. Повеќе не ми се потребни модели, бидејќи од самиот зеленчук се и актерите и реквизитите за нив.“

    rnЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелкаЗаводливи девојки направени од зелка
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Скулптури и портрети од стари весници и книги

    Скулптури и портрети од стари весници и книги

    Автор: Весна ЈовановскаrnrnАмериканскиот уметник Ник Георгиу не се откажува од намерата весниците да ги врати меѓу читателите. Од купишта хартија за рециклирање, тој прави вистинска уметност. Изработува портрети и скулптури од стари локални весници и книги, со цел вниманието да го сврти кон пишаниот збор. Неговите дела, како да зјапаат во вас и како да се обидуваат да ви соопштат нешто. Додека ги гледате, имате чувство дека во секој момент, пред вас ќе ги исфрлат сите информации и приказни, испишани на листовите хартија од кои се изработени.Скулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книгиСкулптури и портрети од стари весници и книги———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вонземски летечки скулптури

    Вонземски летечки скулптури

    Џенет Ечелман е американска артистка која креира несекојдневни летечки скулптури од мрежи, кои спонтано се движат низ воздухот и во вечерно време личат на некое летало од друга планета.Вонземски летечки скулптуриТаа била инспирирана да употребува мрежа во нејзините инсталации додека ги посетувала предавањата на Фулбрајтовата програма во Индија. Таму ги научила техниките на плетење мрежа од некој локален рибар од градот Махабалипурам во индиската држава Тамил Наду. Гледајќи го рибарот како ја врзува мрежата почнала да се запрашува дали таа може да воведе нов пристап во скулпторството, така што ќе создава големи во волумен скулптури, без да употребува цврсти и скапи материјали.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВо соработка со рибарот, на ова место таа ги инсталирала нејзините први мрежести скулптури, а серијата ја нарекла „Bellbottoms“ (панталони-ѕвонарки). Во последниве пет години, таа има направено голем број вакви инсталации во Португалија, Денвер, Сан Франциско, Феникс и Британска Колумбија.Вонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриВонземски летечки скулптуриrnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ламби кои прават забавни сенки на ѕидот

    Ламби кои прават забавни сенки на ѕидот

    Колку од вас кога биле мали си играле со рацете или разни предмети за да создадете интересна сенка на ѕидовите? Луѓето им се восхитуваат на сенките, особено оние кои се занимаваат со фотографија, бидејќи секогаш мораат да следат под кој агол паѓа светлината и каде ќе се создаде сенка.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотДизајнерите Микаел Росинг и Денис Тиз решиле да ги искористат светлината и сенката, кога ги правеле овие фантастични подни ламби кои ги нарекле „Shining Image “. Овие ламби всушност претставуваат дводимензионални скулптури и кога светлото кое е насочено кон нив е вклучено, се создава интересна сенка на ѕидот.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидотУбавината кај овие ламби е нивниот минималистички дизајн и тоа што се достапни во разни варијанти, од кои можете да си ја одберете онаа која ви е вам најзабавна. Па, без разлика дали барате нешто прекрасно или оригинално, овие ламби со сигурност ќе ви изнудат насмевка на вашето лице кога ќе го запалите светлото. Нивната цена се движи од 189 евра па нагоре, а можете да ги купите онлајн на Absolut Lighting.Ламби кои прават забавни сенки на ѕидотЛамби кои прават забавни сенки на ѕидотrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn