КАФЕ ПАУЗА

Tag: ситком

  • Епизоди (Episodes)

    Епизоди (Episodes)

    ТВ серија за животот на луѓето кои се дел од холивудскиот шоу-бизнисrnrnЕпизоди (Episodes)Главни улоги: Мет ле Бланк, Тамсин Грејг, Стивен МанганrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Дејвид Крејн и Џефри КларикrnrnПремиера: 9 јануари 2011rnrnБрој на сезони: 2rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 30 минутиrnrnНаша оценка: 7,5rnrnВаша оценка: [ratings]rnСодржина: Во серијата станува збор за британскиот брачен пар Шон и Беверли Линколн, кои се сценаристи и режисери и работат на популарна британска ТВ серија за млади. Тие се повикани во Холивуд да направат американска верзија на истата, која доживеала многу голем успех и почнала да освојува светски награди, па затоа американската телевизиска мрежа почнува да си замислува повеќе доларчиња, доколку ја преземе серијата во свои раце.rn

    rnКога Шон и Беверли пристигнуваат во Холивуд, тие се тотално шокирани од фактот дека телевизијата бара од нив од корен да го изменат шоуто. Главната улога во американската верзија треба да ја толкува секси тренер по хокеј кој ќе го глуми Мет ле Бланк, наместо стариот директор кој ја толкува главната улога во оригиналната серија. Целиот нов свет кој го доживуваат во Холивуд, Шон и Беверли го сметаат за налудничав и комичен. И покрај тоа што на почетокот беа скептични за тоа дали треба да ја прифатат работата, после потпишувањето на договорот, остануваат таму и тогаш во нивниот претходно спокоен брачен живот, почнуваат да се случуваат разни перипетии кои ги носи со себе шоу-бизнисот.Епизоди (Episodes)Зошто да ја гледате: „Епизоди“ е забавна ТВ серија која е малку поразлична од она на коешто сме навикнале да го гледаме во американските серии. Двајцата шармантни британски актери и забавниот сексапилен Мет ле Бланк кој сите го обожаваме уште од ТВ серијата „Пријатели“, како и интересното разоткривање на она што се случува зад камерите во Холивуд, проследено со еден специфичен саркастичен хумор, ја прават ова серија забавна и симпатична за гледање.Епизоди (Episodes)Кога и како да ја гледате: Една епизода трае 30 минути, така што доколку секоја вечер, ви треба нешто да гледате додека се обидувате да заспиете, тогаш таа е одличен избор за овој период од ноќта, бидејќи нема премногу да ве расони и возбуди, но доволно ќе ве расположи за слатко да си заспиете.Епизоди (Episodes)
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Будни цела вечер (Up All Night)

    Будни цела вечер (Up All Night)

    Автор: Александар НиневскиrnrnТВ серија за еден поинаков поглед на родителството, претставен преку мајка која работи премногу и татко кој останува дома со ќерката…rnrnБудни цела вечер (Up All Night)Главни улоги: Кристина Аплгејт, Маја Рудолф, Џенифер Хал, Вил АрнетrnrnЖанр: ситуациска комедијаrnrnКреатор: Емили СпајвиrnrnПремиера: 14 септември 2011rnrnБрој на сезони: 1 (во тек)rnrn rnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    rnРеган и нејзиниот сопруг Крис се гордите родители на малечката Ејми. Во улогата на Реган се појавува Кристина Аплгејт која сите добро ја знаеме од серијата „Во брак со деца“ (Married with children), а Крис го глуми Вил Арнет кој ни е познат од „Забавен развој“ (Arrested development).Будни цела вечер (Up All Night)Будни цела вечер (Up All Night)Приказна: Реган, Крис и Ејми не се типично семејство каде што таткото оди на работа, а мајката седи дома со детето. Крис ја остави својата работа како адвокат за да ја чува својата ќерка, додека Реган работи напорно како продуцент на шоу на нејзината најдобра другарка Ева. Иако звучи едноставно, сепак не е сè така лесно како што изгледа.Будни цела вечер (Up All Night)Кога ќе се врати на работа, Реган ќе биде под голем стрес. Веднаш ќе се почувствува растргната помеѓу мајчинството и нејзината кариера. Ќе биде под притисок од нејзината најдобра пријателка Ева да продолжи со стариот стил на живот кој вклучува многу вечерни излегувања по барови и клубови. Единствената утеха ù е дека и после најголемата журка, секогаш успевала да се врати дома безбедно.Будни цела вечер (Up All Night)Будни цела вечер (Up All Night)Одлучена да докаже дека заедно со Крис сè уште имаат возбудлив љубовен живот, дека може да биде совршена сопруга, добра мајка и професионална жена, Реган малку ќе излета од контрола. Сепак, на крајот ќе сфати дека нејзината ќерка Ејми е нејзиниот приоритет број еден и сè друго е помалку значајно (освен можеби нејзиниот сопруг Крис).Будни цела вечер (Up All Night)Во серијата гостува Меган Мулали во неколку епизоди, која сите ја паметиме како Керен од Вил и Грејс.Будни цела вечер (Up All Night)Кога и како да ја гледате: Може да ја гледате заедно со семејството или пријателите во кој било дел од денот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Нова девојка (New Girl)

    Нова девојка (New Girl)

    Автор: Александар НиневскиrnrnНова девојка (New Girl)Главни улоги: Зои Дешанел, Џејк Џонсон, Макс Гринфилд, Ламорн Морис, Хана СимонrnrnЖанр: ситуациска комедија (ситком)rnrnКреатор: Елизабет МериведрrnrnПремиера: 20 септември 2011rnrnОригинален канал: ФоксrnrnБрој на сезони: 1rnrnСтатус: во текrnrnВреметраење: 20 минутиrnrnНаша оценка: 9rn rnrnВаша оценка: [ratings]rn
    rn


    Како што кажува насловот, серијата се врти околу новата девојка Џес. Таа е весела и насмеана девојка во нејзините доцни дваесетти, која се обидува да го преболи бившото момче откако тој ја измамил. Така таа наоѓа ново место за живеење и нови пријатели кога ќе се всели со тројца млади мажи: Ник кој работи како бармен; Шмит, кој работи некоја досадна работа во канцеларија и мисли дека е Казанова; и Винстон кој е поранешен кошаркар. Иако тројцата  нови цимери сметаат дека Џес се однесува по малку чудно, сепак ја подржуваат најголем дел од времето. Во оваа група на пријатели подоцна се вклопува и другарка ѝ на Џес, Сиси која е модел.rn


    rn
    rn

    rnПриказна: Голем број од интересните случки во серијата се причина на различните особини и карактери на сите ликови. Џес работи како наставничка во основно училиште која често влегува во чудни ситуации затоа што не сака да влегува во конфронтации. Исто така Џес често знае и да запее, притоа измислувајќи сопствени текстови кои одговараат на дадената ситуација.Нова девојка (New Girl)Нова девојка (New Girl)Ник е незавршен студент по право кој работи во еден локален бар. Тој нема среќа во љубовта и често сака да биде оставен на раат.Нова девојка (New Girl)Шмит е самопрогласен Казанова и верува дека е подарок за жените. Тој работи во канцеларија во една фирма каде што е единствениот маж и поради тоа е често исмејуван од своите колешки. Неговите цимери имаат тегла наменета за него, кога ќе каже некоја глупост – мора да стави пари во неа.Нова девојка (New Girl)Винстон е поранешен кошаркар кој играше во Латвија и моментално бара нова работа. Тој има голем натпреварувачки дух, но брзо му здосадуваат обичните работи и задачи.Нова девојка (New Girl)Сиси иако работи како манекенка, сепак има многу повеќе улично знаење и не се плаши од конфронтација за разлика од Џес. Тие две се најдобри другарки од детството. Иако на моменти не сака да признае, сепак постои некаква привлечност помеѓу Сиси и Шмит.rnrnКога и како да ја гледате: Кратка и слатка, по една епизода неделно е токму она што ви треба за си го подигнете расположението. Конзмирајте ја дозирано, но во кој било дел од денот, во друштво на неколку пријатели или со вашиот партнер.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Среќни завршетоци (Happy Endings)

    Среќни завршетоци (Happy Endings)

    ТВ серија за нераскинливото пријателство на „бандата“, кое може да продолжи и по една непријатно раскината венчавка помеѓу двајца од нејзините членовиrnrnСреќни завршетоци (Happy Endings)Главни улоги: Закари Најтон, Елајза Куп, Елиша Катберт, Кејси Вилсон, Адам Пали, Дејмон Вајанс ЏуниорrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 13 април 2011rnrnЈазик: англискиrnrnВреметраење: 22 минутиrnrnБрој на сезони: 2rnrnНаша оценка: 7rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn———————————————————————————————————————————————rnДали друштво кое е оформено околу еден љубовен пар може да опстане откако тој пар ќе се раскине? Што ако раскинувањето се случи на денот на венчавката? Може ли по ваков непријатен настан да се остане во добри пријателски односи? Ако да, како, ако не, кој ќе го добие остатокот од друштвото, напуштениот или оној кој го иницирал немилиот чин? Околу овие прашања се врти приказната во ТВ серијата „Среќни завршетоци“.rn———————————————————————————————————————————————rn

    rnПриказна: Во оваа хумористична ТВ серија се зборува за пријателството, за секојдневното дружење, за врските помеѓу еден брачен пар, помеѓу еден поранешен пар, раскинат на денот на венчавката и помеѓу еден сега пријателски пар, кој некогаш бил и повеќе, но ситуацијата се сменила откако се открила хомосексуалната ориентација на едниот од нив. Но, врските се испреплетуваат уште повеќе, тука има сестри, најдобри пријатели и најдобри пријателки. Сите се дружат со сите.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.Среќни завршетоци (Happy Endings)Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.Среќни завршетоци (Happy Endings)Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „Пријатели“ и иако не може да се оспори сличноста во поставеноста на меѓусебните врски, сепак „Среќни завршетоци“ е сосема поинаку обликувана. Дејството е подинамично, хуморот е вгнезден во него, а карактерите се изградени на свој начин.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Кога и како да ја гледате: Ова не е серија која ќе ве навлече да ја гледате, но ќе ве релаксира и ќе ве оттргне од секојдневието. Затоа, најдобро е да ја гледате по завршувањето на работниот ден, токму кога ќе сакате да се опуштите и да заборавите на актуелните грижи.Среќни завршетоци (Happy Endings)Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.rnrnСлични серии:Пријатели за секс“ (Friends with Benefits), „Заедница“ (Community), „Совршени парови“ (Perfect Couples), „Градот на пумите“ (Cougar Town), „Како ја запознав мајка ви“, „Пријатели“ (Friends)rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пријатели за секс (Friends with Benefits)

    Пријатели за секс (Friends with Benefits)

    ТВ серија за поддршката што меѓусебно си ја даваат пријателите, која понекогаш продолжува и во спалната собаrnrnПријатели за секс (Friends with Benefits)Главни улоги: Данил Еклс, Рајан Хенсен, Зак Крегер, Андре Холанд, Џесика ЛукасrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnПремиера: 5 август 2011rnrnБрој на сезони: 1rnrnВреметраење: 21 минутаrnrnЈазик: англискиrnrnНаша оценка: 6rnrnВаша оценка: [ratings]rn

    Тие се пријатели кои се секогаш тука еден за друг. Секој од нив е опседнат да ја најде својата сродна душа, но секој од нив има и различна дефиниција за тоа. Трагајќи по совршениот партнер, барајќи психолошки и сексуални совети, некои од нив, на крајот од денот сепак завршуваат во истиот кревет. Во нивното друштво, изгледа како внатрешните интимни врски воопшто да не влијаат на дружбата, која секогаш е на прво место.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Романтичниот ситком, прво беше во рацете на ABC уште во 2009, но откако не добија зелено светло за пилот епизодата, им дозволија на NBC да ја продолжат работата.

    rnrn

    rnТрејлерот е направен со актерската екипа од пилот епизодата.rnrnДел од продуцентската екипа која работи на серијата учествувала во работата на серијата „Пријатели“ и на филмот „Непоканети гости“, додека како автори и извршни продуценти на пилотот се јавуваат имињата Scott Neustadter и Michael H. Weber („500 денови со Самер“).rnrnВакви серии, кои ги третираат љубовните ситуации во друштвото на неколку млади луѓе, се појавија доста во последно време. Доколку ви се допаѓаа „Пријатели“, „Совршени парови“ и „Модерна фамилија“, можно е да ви се допадне и „Пријатели за секс“. Оваа серија, е некаков спој од основната на приказната во првата, односите и врските во втората и хуморот во третата серија.Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)Пријатели за секс (Friends with Benefits)rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Community (Заедница)

    Community (Заедница)

    ТВ серија за пријателството, различностите и хуморот во секојдневниот студентски животrnrnrnCommunity (Заедница)Главни улоги: Џоел Мекејл, Џилијан Џејкобс, Дени Пуди, Ивет Никол Браун, Алисон Бри, Доналд Гловер, Чеви Чејс, Кен ЈонгrnrnЖанр: комедија, ситкомrnrnКреатор: Ден ХармонrnrnВреметраење: 22 минrnrnБрој на сезони: 2rnrnПремиера: 17 септември 2009rnrnОфицијален веб-сајтrnrnНаша оценка: 8rnrnВаша оценка: [ratings]rnrn——————————————————————————————————————————————————-rnЗамислете си група во која дружењето делува невозможно, а истовремено многу забавно. Тие ни самите не знаат како функционираат, но знаат дека сакаат да го задржат и одржат тоа што го имаат и тешко би пуштиле нов член внатре. Тие се студенти на колеџот Комјунити, место каде и најголемите лузери добиваат втора шанса. Групата е спој од секакви, меѓусебно многу различни луѓе, кои првенствено имаат желба полесно да си поминат на часовите по шпански јазик. Но, набрзо стануваат цврсто поврзани луѓе, кои желбата за дружење и забава, се чини, вечно ќе ја бараат во изговорот дека треба да се состанат за учење.rn——————————————————————————————————————————————————-rn

    rn

    Приказна: Џеф Вингер е млад, згоден адвокат, кој секогаш има што да каже, без разлика дали е тоа решение на проблем или иронична шега, најчесто успешно комбинирајќи ги двете. За жал, неговата диплома за завршен факултет испаднала неважечка, па тој мора да помине низ целиот процес повторно од почеток. Стигнува на едно необично место, на колеџот Гриндејл комјунити, каде доаѓаат сите кои не успеале да завршат факултет во вистинското време и на вистинскиот начин.Community (Заедница)Community (Заедница)Тргнувајќи со поинаков мотив, тој оформува група за заедничко учење шпански јазик, која станува јадрото на серијата. Во групата има од сè по нешто. Брита е згодна блондинка, која на времето се откажала од студирање, а сега обожава да глуми „hard to get” и постојано се обидува нешто да докажува, Ени – млада зависничка од дрога, која во ова место го гледа нејзиниот спас, но има дури и преамбициозни очекувања со оглед на условите, а Ширли е средновечна црнкиња која го пропуштила животот поради тоа што рано започнала да гради семејство со нејзиниот поранешен сопруг кој ја оставил за стриптизерка.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)На другата страна на групата, балансира машката популација, на чело со Џеф, со ликовите на Пирс, постар човек, кој се има докажано во животот, но кој никако не успева целосно да се вклопи во групата. Не ги разбира нивните шеги и не успева да ги засмее другите со свои. Но, сепак, некако тие не можат ни без него. Трој е средношколска фудбалска ѕвезда, која уште живее во минатото и се чини дека му е тешко да се откаже од славата која го следела во животот.

    rn

    Некаде на страна од сите, а сепак сосема сплотен во групата е ликот на Абед, брзозборесто момче кое делува како да не разбира ништо за животот, а всушност покажува способност за анализирање на животите на другите, така како што тие ни самите не можат да се анализираат себеси. Тој ги гледа сите низ филмската камера, а често режира сцени од познати филмови во салата во која се состанува групата. Тој во серијата настапува спонтано и скоро незабележително, но многу е веројатно дека по неколку изгледани епизоди ќе ви стане омилениот лик и со нетрпение ќе ги очекувате следните негови непредвидливи потези.Community (Заедница)Community (Заедница)Community (Заедница)Гриндејл е навистина необично место. Професорот по шпански е без малку луд, деканот е сосема луд, а бога ми и многу смотан. По ходниците шетаат „старци“, професорките се стари колку нивните секси студенти, но забавата е присутна и покрај сè.Community (Заедница)Глума: Ликовите се толку различни, а сепак, толку сплотени во приказната и меѓу себе, што дури е чудно како е воопшто возможно да функционираат во целина. Еден религиозен, друг атеист, еден црн, друг расист, еден самоуверен, друг повлечен… ваквата споредба нема крај. Ликовите не само што се прецизно донесени од страна на фантастичната актерска екипа, туку нив скоро и да не можете да ги одвоите од самите актери. Ако се загледате повеќе епизоди од „Заедница“ едно по друго, веројатно е дека набрзо ќе се почувствувате како дел од групата или барем ќе сакате да добиете билет за членство.Community (Заедница)Кога и како да ја гледате: Заедница е забавна комедија од типот ситком, па како и другите серии од овој тип, не е за секој. Ранг-листите за ТВ серии ја поставуваат многу високо, но тоа не значи дека секој ќе ужива да ја гледа. Епизодите се кратки, па кога ќе почнете, брзо ќе станете зависни од свежите шеги, кои се разликуваат од оние кои сме навикнати да ги гледаме во серии како „Пријатели“, „Како ја запознав мајка ви“, „Градот на пумите“, па дури и „Теоријата за Биг Бенг“. Совет: не претерувајте, до 3 епизоди на ден се сосема доволни за да ви остане серијата што подолго интересна и секогаш со иста возбуда, едвај да чекате да ја пуштите.Community (Заедница)Во една сезона има по 25 епизоди, а во моментов се прикажува втората сезона, така што имате доста за гледање. Времето и местото воопшто не се битни. Битно е само присуството на други луѓе, но не заради вас, туку заради нив. На моменти очекувајте толку гласно да се смеете што дури може да ги „заразите“ и комшиите од другата страна на ѕидот.

  • Познатите во South Park

    Познатите во South Park

    South Park е американска анимирана ситком серија која сигурно барем еднаш случајно или намерно сте ја „начекале“ на некој телевизиски канал. Серијата е наменета за возрасна публика, затоа што изобилува со црн хумор, нереалност и сатира, кои се однесуваат на најразлични теми. Создадена е од Треј Паркет и Мет Стоун. Своето телевизиско деби серијата го имаше во 1997 година, кога постигна огромен успех и висока гледаност. Главните ликови во серијата се четирите деца Стен Марш, Кајл Брофловски, Ерик Картмен и Кени Меккромик, а во секоја епизода се раскажува некоја необична случка која им се случува на нив во градот Колорадо.Познатите во South Park

    rnОние кои редовно ги следат епизодите на South Park знаат дека продуцентите честопати внесуваат познати ликови од светската музичка и политичка сцена, со цел да исмеат некоја нивна лична карактериситка или да потенцираат нешто што тие направиле. Мајкл Џексон, Бритни Спирс и Барак Обама се само некои од „среќниците“ кои успеале да влезат во некоја епизода од оваа серија. Погледнете кои се другите познати личности кои имаа свое појавување во South Park:rnrn

    Познатите во South Park
    Мајкл Џексон
    rnrn
    Познатите во South Park
    Дедо Мраз и Исус
    rnrn
    Познатите во South Park
    Металика
    rnrn
    Познатите во South Park
    Слипнот
    rnrn
    Познатите во South Park
    Токио Хотел
    rnrn
    Познатите во South Park
    Садам Хусеин и сатаната
    rnrn
    Познатите во South Park
    Линкин Парк
    rnrn
    Познатите во South Park
    Барак Обама
    rnrn
    Познатите во South Park
    Radiohead
    rnrn
    Познатите во South Park
    Париз Хилтон
    rnrn
    Познатите во South Park
    Том Круз
    rnrn
    Познатите во South Park
    The Jonas Brothers
    rnrn
    Познатите во South Park
    Џорџ Лукас, Индијана Џонс и Стивен Спилберг
    rnrn
    Познатите во South Park
    Сестрите Кардашијан
    rnrn
    Познатите во South Park
    Дејвид Духовни
    rnrn
    Познатите во South Park
    Џокер
    rnrn
    Познатите во South Park
    Спајдермен
    rnrn
    Познатите во South Park
    Бетмен
    rnrn
    Познатите во South Park
    Бритни Спирс