КАФЕ ПАУЗА

Tag: штикли

  • Истражување: Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот што им се допаѓа?

    Истражување: Дали изборот на обувки на жените зависи од мажот што им се допаѓа?

    Неодамнешно истражување спроведено на Универзитетот во Словачка покажало дека изборот на обувки за љубовен состанок зависи од мажот со кој жената излегува.rnrnrnrnИмено, научниците спровеле студија на 292 хетеросексуални жени така што им покажале фотографии од двајца мажи, од кои еден бил оценет како поатрактивен, а другиот како помалку. Откако тие ги оцениле мажите со оценка од 1 до 7 (1 – непривлечен, 7 – исклучително привлечен), им покажале фотографии и од црни балетанки и бели штикли чија потпетица била висока 11 сантиметри и ги прашале кој модел би го одбрале и со кој маж.rnrnРезултатите покажале дека повеќе од 60% од жените ги одбрале штиклите за состанок со мажот кој добил повисока оценка за привлечност.rnrnВодечкиот истражувач, професорот Павол Прокоп, објаснил дека жените со носењето високи потпетици праќаат сексуални сигнали до мажот што им се допаѓа и со кој би сакале да отидат чекор понатаму. Ова го открива и нивното сензуално одење и нишање на колковите кога носат штикли.rnrnОд друга страна пак, американскиот психолог, новинар и автор, Самер Бренан, надоврзувајќи се на ова истражување, истакнала дека жените што носат штикли не секогаш го повикуваат мажот за секс, бидејќи тие најверојатно не ни би отишле на состанок со маж што не им се допаѓа. Исто така додала дека и студијата би била поверодостојна ако понудените обувки биле во иста, а не во различна боја.rnrnДали сте знаеле и дека секоја втора жена е склона кон погонофилија! Дали сте една од нив?

  • 14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

    14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли

    Во текот на прекрасната летна сезона, луѓето обожаваат да одат на забави и свадби, а на ваквите настани жените најчесто носат лесни, летни фустани и прекрасни чевли на високи штикли. И покрај тоа што високите штикли ја издолжуваат вашата нога и прават тие да изгледаат поелегантно, не можат да се наречат ваши „пријателки“, бидејќи во поголем дел од времето ви предизвикуваат убиствена болка во стапалата, особено при крајот на вечерта. Многу често, ќе се најдете во ситуација да најдете решение коешто ќе го стопира сето ова страдање.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rnrnЗа таа цел, прочитајте ги овие 14 трикови за преживување на вечерите кога ги носите вашите омилени високи штикли. Со нивна помош, ќе можете да ги носите кога и да посакате, без да се грижите за болката.rn

    1. Ставете ги вашите штикли во замрзнувач

    rnСтавете ги вашите штикли во замрзнувач 30 минути. Кога ќе ги облечете вашите студени чевли, ќе забележите како материјалот почнува да се прилагодува на формата на вашите топли стапала. Исто така, можете да пробате да ставите кеса полна со вода во чевлите и така да ги ставите во ладилникот. Замрзнатата вода ќе ги рашири малку вашите тесни штикли.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rn

    2. Чорапи и топла вода

    rnСо помош на топла вода намокрете еден пар памучни чорапи и облечете ги пред да ги вметнете стапалата во штиклите. Поносете ги некое време така низ дома, пред да треба да излезете надвор. Голема е веројатноста дека чевлите ќе се растегнат малце и веројатно нема толку многу да ве измачуваат.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rn

    3. Селотејп што лепи од двете страни

    rnСо помош на двостран селотејп, залепете го долниот дел од стапалата со внатрешноста на чевлите. Овој трик, ќе ги задржи вашите стапала фиксирани за чевлите, а што е уште поважно ќе спречи појава на плускавци и болка во прстите.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rn

    4. Специјални влошки за високи штикли

    rnОвие влошки се специјално дизајнирани за високи потпетици, а најчесто се направени од силикон или од некоја ткаенина. Ваквите малечки чорапчиња ќе го спречат движењето на вашите стапала кон предниот дел од штиклите, а самото тоа ќе ја намали болката и појавата на плускавци. Доколку носите штикли со отворени прсти, одберете ги силиконските влошки. Силиконските перничиња се практично невидливи, бидејќи се вметнуваат под стапалата, но ја овозможуваат истата заштита.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rn

    5. Хидрантна крема

    rnДоколку нанесете малку хидрантна крема на вашите стапала, пред да ги облечете вашите високи штикли, тоа може да го намали триењето, болката и да спречи појава на плускавци, особено ако чевлите ви се нови и тесни.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rn

    6. Бебешка пудра

    rnДоколку ви се наоѓа бебешка пудра низ вашиот дом, пробајте го овој трик на некој пар високи потпетици. Пудрата ќе го спречи прекумерното потење и лизгање на стапалата, а тоа од своја страна ќе го минимизира триењето и евентуалните повреди.rnrn14 совети кои ќе ви помогнат да го преживеете цел ден на високи штикли rnrnПродолжува на следната страница…rn

  • Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

    Стилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штикли

    Можеби сте голем љубител на удобни патики и рамни чевли, но сигурно не можете да ја игнорирате ниту моќта на убавите штикли, во комбинација со привлечен и интересен стил. Имајте на ум, дека штиклите изгледаат убаво, само доколку се носат на правилен начин и добро искомбинирани со останата облека. Затоа, решивме на едно место да ги склопиме советите од разните модни стручњаци, кои советуваат која облека никако не смее да се комбинира со високи потпетици или чевли на платформа. Никако немојте да ги прекршувате овие модни правила, ако сакате да имате добар стил.rnrnСтилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штиклиrn

    1. Тексас шорцеви и високи потпетици

    rnДоколку имате долги и тенки нозе, сигурно сметате дека во тексас шорцеви и високи потпетици, изгледате како позната холивудска ѕвезда. Но, доколку сакате да се истакнете од толпата, на женствен и елегантен начин, најдобро би било шорцевите да ги комбинирате со рамни сандали со каивчиња или со плитки патики. Доколку пак, сте пониски и сакате да додадете малку висина, тоа сторете го со сандали на платформа, во комбинација со поширока, лелеава маичка.rnrnСтилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штиклиrn

    2. Мини здолниште и чевли на платформа

    rnОпшто познато правило, е дека кратките здолништа, е тешко да ги задржите на место, бидејќи тие постојано се поткреваат и се изместуваат од страните. Доколку пак на тоа, додадете и неколку сантиметри висина коишто ќе ве направат нестабилни во чекорењето, многу непријатни ситуации можат да ви се случат. Затоа, секогаш имајте го ова правило на ум – со мини здолниште носите само рамни чевли, а со миди и макси здолниште, слободно носете и штикли.rnrnСтилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штиклиrn

    3. Ѕвонарки и чевли со отворени прсти

    rnИако пантолоните со широки ногавици, во комбинација со штикли, визуелно ќе ви ги издолжат нозете, сепак со овој аутфит морате да бидете внимателни. Чевлите на платформа со каивчиња или рамни чевли, се најдобрата опција за со ѕвонести пантолони, бидејќи ќе ја урамнотежат ширината на ногавицата. Од друга страна, носењето чевли со отворени прсти, во комбинација со вакви пантолони, изгледа неубаво и одамна не е во мода.rnrnСтилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штиклиrn

    4. Хеланки или тренерки и сите типови чевли на штикла или платформа

    rnДоколку долниот дел од вашиот стајлинг изгледа како штотуку да сте излегле од салата за вежбање, тогаш дефинитивно не треба со сила да правите да изгледате, како да сте се подготвиле за вечерно излегување. Можеби спортскиот стајлинг е „ин“, но доколку немате чувство за мода, оваа комбинација може да изгледа многу невкусно.rnrnСтилски грешки: Облека којашто никако не смеете да ја комбинирате со штиклиrnrnЗа крај, она што е најбитно, е да не носите чевли кои не ви се удобни. Колку и да ви се допаѓаат, неудобните чевли само ќе ви ја уништат вечерта, а со тек на време и стапалата.rnrnМоже да ве интересираат и овие непростливи модни прекршоци: 4 најголеми грешки во облекувањето кои ги прават жените.

  • Штикли поудобни од патики? И тоа е можно!

    Штикли поудобни од патики? И тоа е можно!

    Удобноста и стилот најчесто не одат заедно, особено кога се во прашање чевлите со високи потпетици. Но, креативните иноватори, преку Кикстартер, измислија нов дизајн благодарение на кој чекорењето на висока штикла ќе биде подеднакво удобно како и одењето со патики. Користена е револуционерна технологија на мека влошка која се протега по целата должина на обувката, а дури и самата потпетица е отпорна на кршење.rnrnШтикли поудобни од патики? И тоа е можно!rnrnДизајнот е на Антонија Сеинт од Њујорк, а нејзиниот продукт имал почетна цел да собере фонд од 50.000 долари за реализација, но само за 18 дена, вредноста на проектот достигнала 596.820 долари. Ова покажува колку всушност е важна и прифатлива идејата за удобни високи потпетици кои нема да создаваат непријатна болка.rnrnБлагодарение на овој уникатен и иновативен дизајн, носењето штикли веќе никогаш нема да создава непријатности, особено поради тоа што се наменети за оние кои треба подолго време да поминат на нозе, а пригодата не дозволува да носат патики. Она што е добро во целиот проект е што доколку успее пробниот период, патентот за производство на ваквите чевли ќе стане комерцијален, а со тоа ќе бидат достапни за жените низ целиот свет, на кои добриот и елегантен изглед им е секогаш приоритет.rnrnШтикли поудобни од патики? И тоа е можно!rnrnОна што е најважно е дека овие чевли изгледаат како и сите други и воопшто не се забележува однадвор дека всушност се наменети за лесно чекорење. Оваа дизајнерка докажува дека и елегантна, класична, црна чевла може да биде удобна, без да се нарушува популарниот дизајн. На голема среќа на сите жени во светот, наскоро ќе можеме лесно и удобно да носиме високи потпетици без да се грижиме за болките и неудобноста.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=8vLgZfi8gj4rnrnПрочитајте и како едноставно да го совладате одењето на штикли.

  • Остварување на соништата: Штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли

    Остварување на соништата: Штикли кои лесно се трансформираат во рамни чевли

    Болката во стапалата предизвикана од носењето штикли веќе може да биде минато, со помош на овие чевли дизајнирани од германската компанија „Mime et moi“.rnrnСон на многу жени: Штикли кои лесно се претвораат во рамни чевлиrnrnТие може да ѝ овозможат на секоја жена да стигне до канцеларијата носејќи рамни чевли, кога ќе биде таму да ги претвори во штикли, додека пак вечерта повторно да ги промени. Имено, оваа компанија создала серија чевли со различни големини на потпетици, што значи дека никогаш повеќе со вас нема да треба да носите резервен пар.rnrnСон на многу жени: Штикли кои лесно се претвораат во рамни чевлиrnrnТие може да се пронајдат во повеќе бои, а менувањето на потпетицата е многу лесно. Сѐ што треба е да го повлечете чкрапалото, да ја извадите монтираната потпетица и да ја ставите посакуваната големина, при што потоа треба само да згазнете на задниот дел од стапалото, па ќе бидете спремни за претстојната прилика.rnrnСон на многу жени: Штикли кои лесно се претвораат во рамни чевлиrnrnДодека рамните чевли се со висина од три сантиметри, што се однесува до другите видови штикли, корисниците може да изберат помеѓу три, седум или десет сантиметри.rnrnСон на многу жени: Штикли кои лесно се претвораат во рамни чевлиrnrnОваа уникатна комбинација ќе ви биде совршен придружник во кој било дел од денот или во која било прилика.rnrnПогледнете го видеото и видете како изгледаат чевлите од соништата на многу жени!rnrn

  • 5 совршени есенски комбинации со чизми

    5 совршени есенски комбинации со чизми

    Есента само што не пристигнала и тоа лесно може да се претпостави по временската прогноза. Имајќи го тоа на ум, годинава треба да се подготвите порано за нејзиното пристигнување. Добрите обувки се клучни за добар есенски стил, па токму затоа и ги издвоивме најдобрите 5 комбинации со кои ќе изгледате модерно и фантастично.rn

    1. Цветен фустан

    rn(1) 5 совршени есенски комбинации со чизмиrnrnОвој модел чизми делува како да е дел од машка гардероба, но во комбинација со женствени парчиња облека, како овој неодолив цветен фустан, тие се клучни за оваа есен.rn

    2. Секси здолниште

    rn(2) 5 совршени есенски комбинации со чизмиrnrnДоколку сакате да постигнете секси, но и лежерен изглед, тогаш оваа комбинација е совршената за вас. Едноставно комбинирајте ги вашите омилени есенски чизми со кое било кратко здолниште.rn

    3. Кратки шорцеви

    rn(3) 5 совршени есенски комбинации со чизмиrnrnОваа комбинација е идеална за сончевите есенски денови. Вие ќе бидете подготвени за новото годишно време, додека истовремено впивате топлина од сончевите зраци.rn

    4. Широки пантолони

    rn(4) 5 совршени есенски комбинации со чизмиrnrnДоколку сакате да изгледате гламурозно и елегантно, ова е совршената комбинација за на работа, но и за вечерните свечени настани.rn

    5. Тесни фармерки

    rn(5) 5 совршени есенски комбинации со чизмиrnrnТесните фармерки изгледаат одлично кога се носат со чизми до глуждови. Тоа многу добро го знае и Џиџи Хадид, која често може да се забележи во оваа модна комбинација.

  • Едноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штикли

    Едноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штикли

    Колку пати ви се случило вашиот најубав пар високи потпетици да бидат и оние кои ви создаваат најразлични болки и начини да посакувате да плачете? Но, не грижете се. Благодарение на овој едноставен трик вие ќе можете да се изборите со плускавците и да уживате во вашите чевли целосно, без притоа да се грижите за болката.rnrnЕдноставен трик кој ќе ви помогне да ја спречите појавата на плускавците од вашите омилени штиклиrnrnСè што ви е потребно е дезодоранс, во форма на спреј или стик. Пред да ги обуете вашите „убиствени“ штикли, намачкајте ја или испрскајте ја областа која ви создава триење на вашите стапала или прсти, односно онаму каде што најчесто ви се појавуваат плускавци. И тоа е тоа.rnrnКако функционира овој метод? Дезодорансот е дизајниран да ја впива потта. Со оглед на тоа што потта е виновникот за лизгањето и триењето на вашето стапало од внатрешноста на чевлите, резултирајќи со плускавци, доколку ја отстраните ќе ја спречите целосно и нивната појава.

  • Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате

    Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакате

    Благодарение на храбрите и колоритни дизајни, овие чевли изгледаат совршено за Дизни. Започнувајќи од големите потпетици со карактери и светлите бои, па сè светлото кое свети во чевлите со Чеширската мачка, деталите на овие модели се едноставно импресивни. Токму затоа и воопшто не нè изненадува фактот дека тие скршиле рекорди во областа на обувки инспирирани од анимираните филмови на Дизни. Погледнете…rnrn(1) Инспирирани од „Алиса во земјата на чудата“: Чевли кои веднаш ќе ги посакатеrnrn

  • 6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

    6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтино

    Знаејќи дека дури и скапите чевли за брзо време можат да изгледаат како износени, тешко е да се оправда трошењето многу пари за нив. Но, само затоа што купувате штикли со ограничен буџет, не значи и дека мораат да изгледаат евтино. Сè додека знаете што ги прави штиклите да изгледаат евтино и свесни сте дека она што можеби изгледа добро на скапите, не мора да изгледа убаво и на поевтините, нема да згрешите во вашиот избор на обувки.rn

    1. Платформата е премногу висока

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnЗа жал, колку е повисока платформата, толку поевтино изгледаат штиклите, особено кога се работи за скриена платформа, која често наликува повеќе како копито со штикла, отколку како елегантни чевли со потпетица. Од друга страна, штиклите без платформа секогаш изгледаат софистицирано, но истовремено се и навистина неудобни. Ако сакате да носите штикли без платформа, а сакате тие да бидат и удобни, тогаш барајте модели каде што платформата е помала од ѓонот.rn

    2. Не се добро прилагодени на вашето стапало

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnАко штиклите не ви се точни, не само што ќе изгледате смешно, туку тоа ќе влијае и на начинот на одење, како и на држењето на вашето тело. Без разлика колку некои штикли се прекрасни, ако не ви се совршено точни и прилагодени на вашето стапало, не купувајте ги. Секако, со текот на времето ќе се рашират или може да додадете потпора за да ги направите посигурни, но дали вреди да поминувате низ сето ова? И што ако тоа не е доволно? Не само што сте ги потрошиле парите, туку и времето.rn

    3. Имаат премногу додатоци

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnУкрасувањето секогаш може да биде деликатно. Дури и скапо украсените штикли може да изгледаат евтино, ако орнаментите и украсите не се правилно избрани. Не трошете многу пари за пренакитени штикли. Кога ќе видите луди, украсени чевли кои ви се допаѓаат, размислете кој детаљ од нив најмногу ви се допаѓа, па онлајн побарајте модели кои најмногу го истакнуваат тој детаљ. Подобро изберете чиста и класична форма во бојата што ви се допаѓа, наместо пренакитени штикли.rn

    4. Имаат повеќе видови дезени

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnАко ви се допаѓаат штикли со животински дезени, тогаш изберете ги оние модели со една шара, наместо оние со мешавина од повеќе дезени, бои и текстури.rn

    5. Износени штикли

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnНема ништо софистицирано во носењето износени чевли. Ако забележите какви било оштетувања на вашите штикли, голема е веројатноста дека и другите ќе го забележат тоа. Гребаниците на штиклите со превртена кожа можат да се отстранат со четка за миење заби. Можете да ја зачувате формата на шпиц штиклите ако местото каде што влегуваат прстите го полните со мек материјал кога не ги носите, а со ножици треба да ги сечете испуштените конци од нивните рабови.rn

    6. Штиклите се премногу сјајни

    rn6 причини зошто вашите штикли изгледаат евтиноrnrnБез разлика дали се работи за мат или сјајна боја, кожата изгледа убаво во црна, бела или жолто кафеава варијанта, додека може да изгледа навистина невкусно во изразени варијанти како сина, розова или темно кафеава. Ова посебно важи за вештачката кожа, а кога купувате штикли со ограничен буџет тогаш најчесто не купувате штикли од вистинска кожа. Ако сакате оние модели со силно изразена боја да не изгледаат евтино, тогаш држете со до штиклите со превртена кожа.

  • Обувки по кои лудуваат познатите дами

    Обувки по кои лудуваат познатите дами

    Не е потребно многу време за некој моден тренд во Холивуд да стане апсолутен хит. Во тоа се имаме уверено многупати досега, а историјата се повторува и со моментално најатрактивните и најпопуларни модели на обувки со високи потпетици помеѓу познатите убавици. Станува збор за класичен модел на чевли кај кои дебелината на потпетицата е само неколку милиметри, поради што тие изгледаат уште повртоглаво, а убавиците кои ги носат уште пограциозно и поелегантно.rnrn1-obuvki-za-koi-luduvaat-poznatite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rnrnПознатата убавица која меѓу првите го облече овој модел на обувки е, никој друг, туку Викторија Бекам. Во својот препознатлив манир, Викторија се одлучи за интересни црни салонки од брендот Casadei, кои чинат 585 долари, а чија потпетица делува толку тенко што имате чувство дека во секој момент ќе се скрши. Викторија овој модел на обувки го искомбинира со интересен црн фустан и на овој начин покажа како се носат ваквите чевли, по кои лудуваат сите познати дами.rnrn2-obuvki-za-koi-luduvaat-poznatite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rnrnОвој модел на обувки се прави така што дебелината на штиклата треба да изнесува само 2 см, па поради тоа самите потпетици најчесто се направени од челик кој се полира до најситни детали. Освен тоа, обувката се прави да биде максимално удобна и да одговара на положбата на ногата, бидејќи во спротивно секоја убавица која ќе ги носи би трпела неподносливи болки.rnrnНа овој модел на обувки не можеше да одолее ниту популарната пеачка Џенифер Лопез, која се одлучи за модел на брендот Casadei во црвена боја. Таа овие дамски обувки ги облече со секси црвен фустан и слободно можеме да кажеме дека изгледа спектакуларно.rnrn3-obuvki-za-koi-luduvaat-poznatite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rnrnОна што е интересно да го споменеме, а има врска со обувките на брендот Casadei Blade, е тоа што секој пар се изработува рачно. Самата модна куќа датира уште од 1958 година, но во ерата на брендовите Christian Louboutin и Jimmy Choo, долго време била непозната за пошироките холивудски кругови. Сега со сигурност можеме да кажеме дека овие модели на обувки, на чело со брендот Casadei, длабоко се вкоренети во светската модна сцена.rnrnЦената на обувките се движи од 250 долари, колку што чини пар сандали со оваа потпетица, па сè до 1.120 долари, колку што мора да издвојат сите познати дами доколку сакаат длабоки чизми со оваа милиметарска штикла. Оваа цена не е зачудувачка, со оглед на тоа дека се потребни месеци за да се изработат, но и да бидат удобни за секоја дама.rnrn4-obuvki-za-koi-luduvaat-poznatite-lichnosti-www.kafepauza.mk_rnrnУште една позната дама која имаше привилегија да ги облече, е шпанската актерка Пенелопе Круз. Таа се одлучи за модел во темносина боја со супертенка потпетица и во кои изгледаше заносно на црвениот тепих.rnrnrnrnА тука е секако и Камерон Дијаз. Таа ни покажа урбана варијанта за носење на овој модел на обувки, со оглед на тоа дека ги искомбинира со фармерки и стилска јакна. Со тоа покажа дека овој модел на чевли од брендот Casadei Blade е вистински избор за секоја прилика и за секоја жена.rnrn6-obuvki-za-koi-luduvaat-poznatite-lichnosti-www.kafepauza.mk_