КАФЕ ПАУЗА

Tag: штетно

  • Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Откако ќе го почитате овој текст, двапати ќе размислите дали повторно ќе ставите гел на ноктите

    Знаеме дека гелот за нокти е нешто без кое поголемиот број жени не можат да го замислат своето секојдневие. Со него сте сигурни дека вашите нокти нема да се кршат, ниту да пукаат, нема да се случуваат оние неуредни моменти или оштетувања, накратко кажано секогаш ќе имате совршен маникир. Но, не е сè така идеално!rnrn1-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnГелот за нокти навистина делува убаво на нашите раце, ги чува ноктите, ни ги скратува маките околу лакирањето, го штеди нашето време и сето тоа е убаво, само што во овие ситуации секогаш постои некое „Но“. Она што сериозно може да ги ослаби вашите нокти и да ја оштети кожата на рацете е самиот процес на ставање на гелот, поточно – изложувањето на УВ-зраците.rnrnЗа да се исуши гелот на вашите нокти, тие треба да се сушат под УВ-светло, а овој процес се повторува околу 3 до 4 пати. Токму и во тоа се крие недостатокот – вие вашите нокти и кожа ги изложувате на штетно зрачење.rnrnНаучниците дури и утврдиле дека ризикот за добивање рак на кожата се зголемува доколку често користите УВ-ламби. Затоа докторите советуваат да нанесете крем со заштитен фактор пред да ги изложите вашите нокти и раце на УВ-светлина, но тоа нема потполно да ја заштити вашата кожа.rnrn2-kje-razmislite-dvapati-dali-povtorno-kje-stavite-gel-lak-otkako-kje-go-pochitate-ovoj-tekst-www.kafepauza.mk_rnrnДруг недостаток на гелот за нокти е тоа што создава еден вид „зависност“ – кога еднаш ќе го ставите, најверојатно потоа нема да престанете да го правите тоа во брзо време, бидејќи по отстранувањето, вашите нокти навистина се во ужасна состојба – тенки, слаби и многу лесно пукаат.rn

    „Не сакам гел на ноктите, бидејќи тој ги прави нежни и слаби, па тие брзо и лесно се кршат. Но, сепак, го штеди моето време, и затоа е одлично решение кога одите на одмор“, истакнува Џин Сун Кои, експерт за маникир.

    rnТаа советува и да ги мачкате ноктите со витамин Е додека имате гел, за донекаде да ја зачувате цврстината на ноктите.rnrnКакво е вашето искуство и дали сте љубител на овој маникир?

  • Како храната влијае на вашиот мозок?

    Како храната влијае на вашиот мозок?

    Она што го јадете има директно влијание на вашиот мозок. Ова сигурно сте го слушнале повеќе пати, но прекумерната тежина станува сѐ посериозен проблем, така што не е лошо да се спомене уште еднаш со цел да се подигне свеста на што поголем број луѓе. Следуваат неколку работи кои мора да ги знаете во врска со начинот на кој храната влијае на мозочните функции…rnrnШто му прави храната на вашиот мозок?rn

    Мозокот е составен претежно од масти и потребни му се мастите од храната за да функционира

    rnАко ја извадите целата течност од мозокот, поголемиот дел од неговата тежина ќе ја сочинуваат липидите, односно мастите. Останатиот дел од мозочната маса е составен од гликоза, аминокиселини, микрохранливи материи и протеини кои се обновуваат преку храната што ја јадеме. За да го одржите мозокот здрав, јадете многу семиња, ореви и риба полна со маснотии. Масните киселини се содржат само во овие видови храна и помагаат при создавањето нови клеточни мембрани. Тие исто така помагаат да се спречат дегенеративните мозочни нарушувања.rnrn(1) Како храната влијае на вашиот мозок? rn

    Она што го јадете може да ве спречи да заспиете

    rnАко постојано сте будни навечер или се чувствувате уморни по ручекот, тоа се случува веројатно затоа што мозокот не е задоволен од она што сте го изеле. Тешката и масна храна пред спиење ќе ве држи будни, затоа што на телото му е потребно повеќе време за да ја свари. Кофеинот во некои пијалаци и чоколадото исто така ќе го нарушат вашиот сон.rnrn(2) Како храната влијае на вашиот мозок? rn

    Трансмастите се најлоши за вашиот мозок

    rnТрансмастите кои најчесто се содржат во пржената храна и во преработените производи, можат да го нарушат здравјето на вашиот мозок ако ги јадете во големи количества. Истражувањата покажуваат дека трансмастите можат да ја влошат вашата меморија. Кај оние луѓе кои многу јадат ваква храна, постои поголема веројатност да имаат помал мозок. Ограничете ја консумацијата на оваа храна и вашиот мозок (а и линија) ќе бидат среќни!rnrn(3) Како храната влијае на вашиот мозок? rn

    Она што го јадете може да влијае на вашето расположение

    rnИстражувањата велат дека постои поврзаност помеѓу доброто расположение и храната богата со омега-3 масни киселини, магнезиум, триптофан, фолна киселина и други Б витамини. Јадете многу овошје, зеленчук, храна богата со омега-3, протеини и сложени јаглехидрати, пијте доволно вода и веднаш ќе забележите разлика во вашето расположение и општа благосостојба.rnrn(4) Како храната влијае на вашиот мозок? rnrnЗа да го одбегнете недостатокот од концентрација и внимание, прескокнете ги високо гликемичните јаглехидрати како што се белиот леб и благите работи, бидејќи тие можат да го зголемат нивото на шеќери во крвта и потоа драстично да го намалат. Сложените јаглехидрати како што се житарките, побавно го зголемуваат нивото на шеќер во крвта што ќе ви помогне да останете повеќе фокусирани и сконцентрирани.rnrnЗа повеќе информации, погледнете го следново видео…rnrn

  • Еве што им прави неспиењето на телото и мозокот!

    Еве што им прави неспиењето на телото и мозокот!

    Нашето опкружување со екрани на сите страни доаѓа со еден несакан ефект: Не можеме да спиеме. И поради тоа страдаме и физички и психички.rnrnСпоред една неодамнешна анкета, независно дали седиме до доцна навечер за да гледаме уште една епизода од омилената серија или за да разгледуваме разни содржини на Фејсбук, речиси 40% од нас спијат помалку од 7 часа.rnrnOва се 8-те ужасни работи кои можат да ви се случат доколку не спиете доволно:rnrn

    Кликнете за поголема верзија
    Кликнете за поголема верзија

  • Негативни последици од пиењето зелен чај

    Негативни последици од пиењето зелен чај

    Драги дами, доколку сте сакале да ослабете сигурно веќе сте го испробале зелениот чај. Дури и ако го немате лично користено, тогаш сигурно сте слушнале дека служи за намалување на килограмите. Меѓутоа, како и секоја останата работа на овој свет, така и оваа не е совршена. Зелениот чај, како и секој друг препарат, има свои предности и маани. Да, точно е дека е здрав, а и како не би бил кога има билно потекло? Сепак, преголемата количина може да доведе до разни негативни последици. Можеби некои сте ги почувствувале, а воопшто не сте ни претпоставиле дека се од чајот.rnrn1-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_rnrnВеројатно се прашувате која е таа прекумерна количина? Околу 5 шолји дневно. Доколку сте во Англија и ги користите нивните шолји за чај, тогаш можеби 5 шолји на ден се во ред. Но, во наши услови, 2 шолји зелен чај на ден се доволни. Сета количина над оваа ќе биде штетна за вашиот организам.rnrnОвој чај и тоа како е здрав ако го пиете во нормални количини. Нема потреба да го избегнувате, туку само да го прилагодите на себе и на својот организам. Доколку не го направите тоа, може да почувствувате главоболка, вознемирен стомак, немир, треперење, срцева аритмија, мачнина, губење на апетитот… Исто така, обидете се да не пиете зелен чај доцна навечер, бидејќи лошо ќе влијае на вашиот сон.rnrn2-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_rnrnА сега она најважното – според некои истражувања консумирањето зелен чај е штетно во комбинација со антидепресиви, апчиња за смирување, лекови против алергии и пилули за контрацепција. Зелениот чај исто така не се препорачува за анемичните луѓе. За да ги избегнете овие опасности, бидете умерени. Сите добри страни на зелениот чај важат, но со внимателно консумирање.rnrnСепак, добрите страни на зелениот чај, според некои експерти, се дека го забавува стареењето, го забрзува метаболизмот и ги согорува на мастите. Значи, тој има многу предности доколку се консумира во препорачаната дневна доза.rnrn3-negativni-posledici-od-pienjeto-zelen-chaj-www.kafepauza.mk_

  • Неколку начини на кои можете да ја спречите предвремената менопауза

    Неколку начини на кои можете да ја спречите предвремената менопауза

    Неодамнешни истражувања покажале дека жените сè порано влегуваат во менопауза. Тоа се случува поради изложувањето на одредени штетни материи кои се поврзани со слабеењето на функцијата на јајниците, а со тоа влијаат и на репродуктивната функција. Откријте за кои материи станува збор…rnrnНеколку начини на кои можете да ја спречите предвремената менопаузаrnrnОва истражување било спроведено врз 31.575 жени на возраст од 45 до 55 година, каде што анализата на урината и крвта покажала дека жените кои имале поголема концентрација хемикалии во нив влегувале и до 1,9 до 3,8 години порано во менопауза од другите жени. Станува збор за штетни материи како диоксин (кој се наоѓа во пестицидите) и фталат кој се наоѓа во парфемите, пластиката, козметиката и спреовите за коса. Истражувањето покажало дека изложеноста на овие материи била поврзана со слабеење на функцијата на јајниците, што негативно влијае врз репродуктивните способности.rn

    „Тоа е само дел од приказната“, изјавила д-р Купер, водечкиот истражувач.

    rnСо оглед на фактот дека голем дел од овие материи се насекаде околу нас, жените немаат многу простор за делување. Токму затоа и таа ги советува сите да ги избегнуваат парфемите кои содржат фталати и да користат козметика на природна база, онаа која не содржи различни видови пестициди. Исто така предупредува и да се избегнуваат производите пакувани во пластични амбалажи.rn

    „Нашата цел не е да ве плашиме, туку само да го подигнеме нивото на свесност за овој проблем“, рекла таа.

  • Внимание: Овие 4 намирници никако не смеете да ги замрзнувате!

    Внимание: Овие 4 намирници никако не смеете да ги замрзнувате!

    Откако е измислен, замрзнувачот многу ни го подобри и олесни животот. Во него ставаме разни нешта – од месо до зеленчук, готови јадења и слатки кои се тука кога ни требаат. Сепак, не можат и не смеат баш сите продукти да се замрзнуваат – постојат одредени продукти кои се уништуваат од ваквиот начин на складирање. Еве кои се тие.rnrn0-vnimanie-ovie-4-namirnici-nikako-ne-smeete-da-gi-zamrznuvate-kafepauza.mkrn

    1. Храна која содржи голема количина вода

    rnКраставици, ротквички, лубеница, портокал – овие производи никогаш не би требало да ги замрзнувате. Во прашање се продукти кои се преполни со течност кои за време на процесот на замрзнување се кристализираат и веднаш после одмрзнувањето целосно ја менуваат структурата и стануваат како пире. Од друга страна, свежата зелена салата ќе овене и ќе стане кафеава.rn

    2. Млечни производи

    rnИако замрзнувањето на јогуртот, свежите, кремастите и полутврдите сирења нема да ви наштети на здравјето, овие намирници не би требало да се најдат во вашиот замрзнувач. Ниските температури влијаат на нивниот изглед и структура. Откако ќе ги одмрзнете, исто како сочното овошје и зеленчук – тие ќе станат водести и нема да бидат ни приближно вкусни како кога се свежи.rn

    3. Јајца

    rnЈајцата се продукт кој оди со разни јадења и е најдобро да се користат свежи. Замрзнувањето на јајцата може да ви создаде големи проблеми и да ја промени нивната структура. Свежите јајца во лушпа ќе се распрснат, а ледените варени јајца ќе станат гумени. Ако сепак сакате да ги замрзнете, одвојте ги од лушпата и пред да ги замрзнете ставете ги во сад или ќесе.rn

    4. Пржена и печена храна

    rnВеќе подготвената храна, без разлика дали е печена или пржена во длабоко масло или на скара – компири, похувано месо или зеленчук, по замрзнувањето никогаш повеќе нема да биде иста. Нејзината крцкава структура и вкус целосно ќе исчезнат, а ќе останат само гмечени и влажни остатоци.

  • 4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето

    4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат, а можат да бидат штетни по здравјето

    Средствата за хигиена се полни со најразлични состојки, кои само во еден продукт се над десет, а некои од нив можат да бидат опасни по здравјето. Мажите не користат многу средства за хигиена како што тоа е случај со жените, но и во она што го користат понекогаш може да се најде некоја од тие штетни состојки.rnrn4 средства за хигиена кои мажите секојдневно ги употребуваат но можат да бидат штетни по здравјетоrn

    1. Парфем и колонска вода

    rnРечиси сите видови колонска вода кои ги знаете во себе содржат синтетички хемиски супстанци наречени фталати кои штетно влијаат на спермата. Тие ја намалуваат количината и мобилноста на сперматозоидите. Затоа треба да се потрудите да најдете парфем или колонска вода која не содржи вакви супстанци.rn

    2. Дезодоранс и антиперспирант

    rnТие се полни со разни состојки како триклозан, BHT, алуминиумски соли, засилувачи на продирањето во кожата и вештачки мириси. Некои од нив можат да бидат опасни за вашето здравје. Иако во средствата за хигиена се наоѓаат во мали количини, некои од нив се поврзуваат со Алцхајмерова болест, рак на дојката, нарушување на хормоните, негативни ефекти на нервниот систем итн. Обидете се да користите нешто што е направено на природна база.rn

    3. Крем за бричење

    rnПовеќето кремови за бричење содржат триетаноламин, којшто се поврзува со ракот, потоа парабен, кој не се разградува туку се таложи во телото и исто така предизвикува рак, како и синтетички мириси кои, како што веќе рековме, лошо влијаат на сперматозоидите. Предолгото изложување на телото на сите овие хемикалии може да биде многу штетно.rn

    4. Лосион за после бричење

    rnПовеќето лосиони содржат алкохол кој го суши лицето наместо да му ја даде потребната влажност. Миењето на лицето со студена вода е добра алтернатива.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

    Алкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

    Постојат дилеми околу тоа што е поштетно – алкохолот и цигарите или марихуаната, а група американски научници го разрешија делот кој се однесува на ризикот од смрт поради употребата на некоја од овие супстанци.rnrnАлкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуанатаrnrnЗаклучокот бил дека алкохолот носи најголем ризик од смрт од сите испитани супстанци, а веднаш зад него биле хероинот, кокаинот и тутунот. На дното на листата била марихуаната со приближно 114 пати помала опасност од алкохолот. Истражувачите ги направиле овие пресметки според смртоносната доза од одредена супстанца споредена со дозата која ја користи просечен корисник. Овие резултати сепак не значат дека користењето на марихуаната е безопасно. Веќе пишувавме за тоа како таа влијае на мозокот, а покрај тоа придонесува и за намалено либидо.rnrnИнаку оваа студија не била изработена за да истакне дека марихуаната е помалку опасна од други супстанци, туку да покаже колку се потценува штетното влијание на алкохолот. Претставено на дијаграм, тоа изгледа како на следната слика.rnrnАлкохолот и цигарите ќе ве убијат побргу од марихуаната

  • 6 начини на кои етеричните масла можат да бидат штетни по здравјето

    6 начини на кои етеричните масла можат да бидат штетни по здравјето

    Етеричните масла се едни од најпопуларните производи кои се наоѓаат денес на пазарот. Благодарение на социјалните медиуми, тие лекуваат сѐ – од мигрени до егзема. Тие имаат неверојатно моќни терапевтски придобивки и постојат многу истражувања кои го потврдуваат истово. Но, не значи дека ако доаѓаат од растенија автоматски се и целосно безбедни.rnrn1-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjetornrnНе плашете се од етеричните масла, но внимавајте при нивната употреба. Никогаш не оставајте тие да дојдат во контакт со дете. Кон нив однесувајте се како со кој било вид лекови. Истражете ги маслата пред да ги користите бидејќи тие имаат различни нуспојави.rn

    1. Оштетувања на кожата, отекување и горење

    rnНекои етерични масла можат да предизвикаат изгореници од сонце. Пред да тргнете на плажа или во солариум проверете дали имате фотосензитивно масло на вашата кожа. Реакциите од таквото масло можат да бидат во вид на обелување на кожата или болни изгореници.rn

    Фотосензитивни масла се:

    rn

      rn011

    • Етерично масло од бергамот
    • rn011

    • Етерично масло од лимон
    • rn011

    • Етерично масло од лимета
    • rn011

    • Етерично масло од ким
    • rn

    rn

    2. Претставуваат опасност за бебиња и бремени жени

    rnБебињата, бремените жени и оние кои ги дојат децата треба да бидат особено внимателни со ваквите масла. Тие треба да бидат разредени т.е. околу 1% етерично масло да биде растворено во друг вид масло, како на пример кокосовото. Етеричното масло од рузмарин и лаванда никогаш не смеат да го користат бремени жени, дури и да ако се разредени. Исто така се препорачува да не користите вакви масла на бебиња кои се под 1 година. Најбезбедно е да се држите до продукти кои се направени специјално за бебиња и бремени жени, наместо да правите домашни масла.rn

    Бремените жени треба да ги избегнуваат следниве масла:

    rn

      rn011

    • Етерично масло од жалфија
    • rn011

    • Етерично масло од див пелин
    • rn011

    • Етерично масло од естрагон
    • rn011

    • Етерично масло од зимзелени дрвја
    • rn

    rn2-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjetorn

    3. Иритација на кожата и чешање

    rnМалку масло од пеперминт на задниот дел од вратот ја намалува главоболката, но може и да создаде сериозна иритација на кожата. Многу масла ја иритираат кожата ако се нанесат пред да се разредат. Направете мал тест пред да нанесете какви било масла на поголема површина од вашата кожа, дури и кога се разредени со друг вид масло. Не претпоставувајте дека секое масло е безбедно за употреба директно на вашата кожа.rn

    Ова се неколку масла кои предизвикуваат иритација на кожата:

    rn

      rn011

    • Етерично масло од лимонова трева
    • rn011

    • Етерично масло од ливчиња цимет
    • rn011

    • Етерично масло од цитронела
    • rn011

    • Етерично масло од дафина
    • rn

    rn

    4. Опасност за мали животни

    rnЕтеричните масла воопшто не се безбедни за домашните миленичиња. Освен ако имате многу големо животно, како коњ, тогаш не користите етерични масла врз нив. Ако веќе сакате да користите масла, прво консултирајте се за ова со ветеринар.rnrn3-6-nacini-kako-esencijalnite-masla-mozat-da-bidat-stetni-po-zdravjetorn

    5. Опасни се по здравјето на луѓе со здравствени проблеми

    rnДури и вдишувањето на некои масла може да предизвика нуспојави за луѓето со здравствени проблеми. Не користите етерични масла во присуство на луѓе со здравствени проблеми од типот на астма и срцеви маани, освен ако не работите со искусен ароматерапевт.rn

    6. Предизвикуваат смрт при орална конзумација

    rnПостојат масла кои орално се внесуваат, но тоа е многу ризично. Маслата од зимзелени дрвја или малолисно нане можат да бидат особено фатални. Некои отровни масла предизвикуваат и спонтан абортус. Други пак може да предизвикаат иритации ако се премногу стоени. Прескокнете ја оралната употреба, освен ако не ви е препорачана од доктор.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

    Отровни навики кои штетно влијаат на вашата среќа

    За жал, луѓето и не препознаваат колку некои навики можат да им наштетат на нивното здравје, но уште поважно и на нивната среќа. Тие се лажат дека сѐ уште имаат контрола или пак негираат дека тие навики постојат. Но, пред да ги препознаеме „отровните навики“, што точно подразбираме под тоа? Накратко, тоа е негативно и штетно однесување кое се повторува одреден период.rnrn0-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    1. Премногу алкохол

    rn

    „Прво земаш една пијачка, па пијачката зема пијачка, на крајот пијачката те зема тебе.“ – Ф. Скот Фицџералд

    rnВо денешниот неверојатен, стресен и зафатен свет лесно е да се прелие чашата. За многу луѓе седнувањето со чаша алкохол во рацете изгледа како решение на проблемите. За жал, често таа една чаша се претвора во дневна навика и чашата станува шише. Важно е да се запомни дека сѐ што е премногу е лошо за нас, а пиењето не е исклучок. Преголемата доза на алкохол влијае на меморијата, когнитивните и социјалните способности и за жал, најмногу влијае на врските.rn

    2. Прејадување

    rn

    „Скоро сите луѓе кои се прејадуваат го прават тоа поради некоја мината верзија од себеси: обесхрабрено дете, непопуларен тинејџер или збунет младич, а таа повеќе не постои.“ – Дипак Чопра

    rnМногу луѓе гледаат утеха во храната, така што јадењето од утеха е чест проблем на денешницата. Тука се и евтините и вкусни, но навистина нездрави оброци, а ние сме секојдневно во искушение. Но исто како алкохолот, дебелеењето е едно од оние нешта кои се случуваат преку ноќ, ако не се внимава што се јаде. За здрав и среќен живот важно е да знаеме што консумираме.rnrn1-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    3. Чергиче за бришење нозе

    rn

    „Ти ги учиш луѓето како да се однесуваат со тебе врз основа на тоа што им дозволуваш, што не и што ги поттикнуваш да направат.“ – Тони Гескинс

    rnМожеби е убаво еднаш да задоволите нечија желба, но ако тоа премине во навика тоа може да биде многу штетно по вашето здравје. Започнува од најмали нозе, како несигурни и ранливи деца кога нѐ учат дека родителите, професорите или кој било што има авторитет над нас се секогаш во право. Ова може да доведе до мизерен и неисполнет живот. Клучни сигнали по кои ќе го препознаете ваквиот човек се неможност да се каже „не“, неуспешни врски, работа и недоволно ценење себеси.rnrnДобрата вест е што сечија самодоверба може да порасне и да се научи да се кажува „не“. Само треба вежбање и одлучност.rn

    4. Претерано вежбање

    rn

    „Вежбањето нека ви служи за ослободување од стресот, а не како оправдување да се повредувате.“ – Мет Хискокс

    rnПостојат многу луѓе кои се опседнати со поимот „совршено тело“, тие везден се во фитнес центрите, но сепак не се задоволни од својот изглед. Премногу опсесивно–компулсивно вежбање е многу штетна и отровна навика. Не само што е заморно, го повредува телото и создава долготрајни здравствени проблеми, туку е и причина за многу ментални болести, анксиозност, проблеми во врската и создава изолација од социјалниот живот.rnrnАко ова ве потсетува на себеси, тогаш запаметете дека е важно да намалите со вежбањето и да уживате во другите задоволства кои животот ги носи.rnrn2-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    5. Грижење

    rn

    „Грижата никогаш не ве лишува од утрешната тага, туку само ви ја исцедува денешната радост.“ – Лео Бускалја

    rnНормално е дека сите имаме грижи понекогаш, но ако тоа е секој ден и тоа долг временски период тогаш тоа веќе преминува во проблем. Грижењето е како убиец, деструктивна и многу отровна навика која му штети на телото, ја цеди енергијата, ги уништува рутините за спиење и нѐ спречува при важни одлуки.rnrnНо како и повеќето работи во животот, и ова има свој трик. Ако сте од оние кои премногу се грижат, побарајте помош од пријатели, фамилијата или професионалец за да можете да живеете исполнет и здрав живот.rn

    6. Премногу купување

    rn

    „Кога жените се депресивни или јадат или одат на купување. Мажите се како од друга планета, тие имаат целосно поинаков начин на размислување.“ – Елејн Буслер

    rnИако изгледа неверојатно, премногу шопинг е со заслужено место на листава. Луѓето кои наоѓаат спас во шопингот мислат дека купуваат среќа. Но, за жал, среќата не се купува. Кога трошиме пари на работи кои не ни се потребни, не само што ќе завршиме во долгови до гуша, туку и стануваме длабоко незадоволни од она што го имаме, секогаш барајќи уште.rnrnНаправете си услуга и намалете со непотребно трошење. Ако веќе ви се трошат пари, донирајте ги или купете работи кои на некои луѓе им се неопходни. Ќе се чувствувате многу подобро знаејќи дека некому сте помогнале.rnrn3-Otrovni-naviki-koi-stetno-vlijaat-na-vasata-srejka-kafepauza.mkrn

    7. Зависност од социјални мрежи

    rn

    „Деновиве, повеќето од нас можат да го задржат вниманието колку што и верверица зависна од метамфетамин.“ – Кристен Лемб

    rnАко морате да знаете што се случува на социјалните мрежи, а бевте онлајн пред неколку часови и ако чувствувате потреба дека морате да објавите барем 10 селфи фотографии дневно, веројатно ја имате оваа штетна навика. Друг знак дека сте зависни е ако поминувате часови и часови секој ден прелистувајќи по интернет, ако имате опсесија со нови „пријатели“ и „следбеници“ и чувствувате потреба дека светот мора да знае за сите ваши активности.rnrnРешението е едноставно: тргнете ја главата од екранот/телефонот и уживајте во удопствата на животот. Излезете надвор, дишете чист воздух, наместо да зборувате на социјалните мрежи повикајте ги вашите пријатели и разговарајте лице во лице.