КАФЕ ПАУЗА

Tag: штетно

  • Туна или сардини – што е поздраво?

    Туна или сардини – што е поздраво?

    Сигурно сте се запрашале колку е всушност здрава конзервираната туна. Овој оброк може да го замени ручекот, а за време на постот е еден од изворите на протеини. Сепак, сигурно сте слушнале дека не е многу здрава и се прашувате дали може да му наштети на вашето тело.rnrnТуна или сардини - што е поздраво?rnrnТуната содржи мала количина жива, а сите знаеме дека живата е отровна и опасна за животот на човекот. За среќа, рибите содржат мали количини од овој метал.rnrnПроблемот се јавува кога луѓето почнуваат да јадат премногу туна. Значи, ако јадете премногу туна, постои можност да се отруете со жива и со тоа да си го загрозите сопствениот живот. Се разбира, внесот на туна мора да биде огромен за да се појави вакво труење.rnrnЕдна конзерва туна содржи 18,11 микрограми жива. Живата е еден од најраспространетите токсини во производите од риба и е исклучително штетна за сите, особено за жените кои планираат бременост, бремените жени и децата. Дозволениот максимален внес на жива неделно е 1,6 микрограми на еден килограм телесна тежина.rnrnШокантен е фактот дека туната, во зависност од видот и од местото на собирање, во просек содржи околу 30 микрограми жива во 100 грама конзервиран производ, а максимално може да содржи два и пол пати повеќе. Спротивно на тоа, сардините во конзерва содржат околу 10 пати помалку жива, т.е. околу 3 микрограми во 100 грама производ и овој однос е речиси константен.rnrnЕдна порција туна содржи околу 75 микрограми витамин К, што е околу 60% од препорачаната дневна доза (или околу 83% од препорачаната доза за жени), додека една порција сардини содржи само 4,4 микрограми.rnrnЗаклучокот е дека конзервираната туна не е опасна ако ја јадете во мали количини, но ако сакате да јадете риба од конзерва, подобро е да изберете сардини.rnrnПрочитајте како да направите масло од ѓумбир што помага при стрес и настинки.

  • 5 извори на секојдневна радијациjа за кои не сме свесни

    5 извори на секојдневна радијациjа за кои не сме свесни

    Во текот на годината, ние сме изложени на околу 620 милирени (радиоактивни честички) кои делумно произлегуваат од природни извори (на пример, храната) и уреди кои се дело на човечката рака. Според едно неодамнешно истражувањето спроведено, во текот на годината, една половина од радијацијата доаѓа од природното опкружување, додека другата половина, доаѓа од вештачки извори (медицината, индустријата).rnrn(1) 5-izvori-na-radijacija-za-koi-ne-sme-svesnirnrnПрочитајте ги следниве 5 извори на секојдневна радијација за којашто не сме свесни. Исто така имајте на ум дека рем е мерна единица која ја означува количината на еквивалентната доза јонизациското зрачење. Настаната е врз основа на мерната единица рендген.rn

    1. Воздух и земја

    rnРадон е благороден гас кој најмногу го има во почвата. Станува радиоактивен при распаѓање на радиумот. Според статистиките, радиумот е еден од најчестите причинители на тумор.rn

    2. Храна

    rnСкоро секоја храна содржи траги од радиоактивни елементи на калиум и радиум. Тоа е многу мала количина, која на годишно ниво изнесува околу 30 милиреми. На пример, бананите се познати како овошје кое содржи радиоактивен изотоп. Меѓутоа овие количини не се опасни по здравјето.rnrn(2) 5-izvori-na-radijacija-za-koi-ne-sme-svesnirn

    3. Сонце

    rnИако Земјината атмосфера нè штити од штетните космички зрачења кои пристигнуваат на нашата планета одбивајќи се од ѕвездите и други планети, сепак одредена количина од оваа радијација стигнува до нас. Местото на живеење има улога во количеството радијација на која сме изложени. На пример, на повисоките надморски височини е поголема изложеноста на УВ-зраците.rn

    4. Летање со авион

    rnАпсорбирањето на зрачење за време на летот зависи од висината и ширината на авионот. За време на еден просечен лет, човекот прима од 2 до 5 милиреми, што е помалку од половина од зрачењето од рендгенското снимање.rn

    5. Мобилни телефони

    rnВо Сан Франциско била преземено иницијатива за истакнување на количината на зрачење кое е предизвикано од мобилните телефони на декларациите од произведувачите. Но, ваквите податоци сè уште не се појавени. Исто како и објектите кои емитуваат радио бранови и Интернет мрежите, така и мобилните телефони се извор на зрачење. Експертите советуваат да се користат слушалки за време на разговорите, како и во текот на ноќта, телефоните да се чуваат подалеку од главата.rnrnПогледнете ги и овие 7 чудни нешта што ви го зголемуваат ризикот од рак.

  • 6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

    6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

    Денес сѐ почесто маркетерите се обидуваат да „продадат“ производи и услуги кои ги пласираат како здрави и како такви тие можат да поминат кај младите луѓе кои се силни и здрави. Но, оние луѓе кои имаат хронични болести мора да бидат многу внимателни со трендовите кои ги следат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    1. Интервален тренинг со висок интензитет

    rnЛуѓето кои сонуваат за совршено тело мислат дека овој тренинг е вистинска магија. Но, една студија спроведена од Универзитетот Рутгерс покажала дека оние кои вежбаат на овој начин со брзо темпо се посклони кон повреди и страдаат од воспаление на колената и рамењата. Затоа, доколку сакате да вежбате со овој интензитет, треба претходно да го подготвите телото со некоја друга физичка активност. Но, ако сте целосен почетник во вежбањето, а сакате да изгубите килограми, овој вид тренинг не е најдобрата опција за вас.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    2. Паста за заби со јаглен

    rnНеодамна стана вистински тренд да се користи јагленот, не само за чистење на желудникот, туку и за козметички цели. Ако сакате да користите паста за заби што содржи јаглен, треба да запомните дека таа е абразивна. Чистењето на забите со оваа паста делумно ја уништува и глеѓта, која, за жал, не се обновува. Ова ќе ги направи вашите заби многу почувствителни, а ќе изгледаат и потемни. Дополнително, мали парчиња јаглен може да се залепат за пломбите и да ви предизвикаат иритација. Доколку сакате да имате совршена насмевка, доволно е да одите на редовни контроли кај вашиот стоматолог.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    3. Електронски цигари

    rnЕлектронските цигари станаа многу популарни кај оние кои сакаат да се откажат од пушењето. За нив се верува дека се помалку штетни од обичните цигари. Но, бидејќи загреаните електронски цигари генерираат никотин аеросол, кој се состои од тутун и други хемикалии, тие се уште поштетни за здравјето на луѓето.rnrnВрз основа на резултатите од некои проучувања на бронхијалниот епителиум кај луѓето кои пушат вакви цигари, се дошло до заклучок дека тие може да доведат до воспаление, оксидативен стрес и да имаат други лоши последици врз белите дробови и дишните патишта. Долгорочно, може да доведат и до хронична опструктивна белодробна болест и рак.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    4. Вагинално чистење со клизма

    rnОвој метод на чистење може да доведе до промени во микрофлората на внатрешните гениталии, иритација, чешање и бактериска вагиноза. Исто така, ова може да го зголеми ризикот од развој на рак на грлото на матката.rnrnАко забележите некоја непријатност кај вашите генитални органи, не правете работи на своја рака и посетете лекар.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    5. Пиење витамини без рецепт

    rnЛекарите често нѐ потсетуваат дека честото пиење витамини без препорака може да има негативни последици. На пример, земањето премногу витамин Ц може да доведе до формирање на бубрежни камења. Ако мислите дека не внесувате доволно хранливи материи, направете промена во вашата исхрана или консултирајте се со нутриционист кој ќе ви направи соодветна диета.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравјеrn

    6. Кегелови вежби

    rnКегеловите вежби се специјализирани за стимулација и тонизација на пелвичните мускули. Но, за овој вид на вежбање има многу контрадикции. На пример, ако некој има болка во карлицата или уринарна инконтиненција, овие вежби може да ги влошат работите или да им наштетат на мочниот меур и бубрезите. Исто така, многу луѓе ги прават овие вежби на погрешен начин или прават многу повторувања за да добијат побрз резултат.rnrn6 нови трендови кои му штетат на вашето здравје

  • 8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

    8 штетни производи што треба да престанете да ги користите

    Според Комисијата за безбедноста на продукти, дури 33,1 милиони луѓе само во Америка секоја година се изложени на негативните ефекти од продуктите во домаќинството. Без разлика дали станува збор за повреди, смрт или оштетување на имотот, бројките сепак се застрашувачки. Научниците веруваат дека причината најверојатно се разните хемикалии кои се наоѓаат во одредени продукти. Па, погледнете ги секојдневните предмети кои би требало да престанете да ги користите за да го зачувате вашето здравје.rn

    1. Продукти од стиропор

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnСигурно безброј пати имате слушнато дека производите направени од стиропор се лоши за околината. Лошите вести се тоа што стиропорот не му годи ни на нашето здравје. Овој материјал содржи стирен, токсична хемикалија која е поврзана со појавата на рак, проблеми со видот и слухот и оштетување на нервниот систем. Кога користите чинии или чаши од стиропор, хемикалијата влегува во вашето тело.rn

    2. Предмети од пресувано дрво

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnМалата дрвена масичка во вашата соба не е толку невина колку што изгледа. Проблемот е што производителите ги составуваат предметите од пресувано дрво и ги лепат со помош на смола којашто содржи уреа-формалдехид и која емитува формалдехид во вашата соба. Колку потопла или повлажна е собата, толку повеќе формалдехид се ослободува. Долгорочното изложување на оваа супстанца може да предизвика проблеми со белите дробови, астма, па дури и рак.rn

    3. Продукти со антибактериски својства

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnВистината е дека многу антибактериски продукти содржат и триклосан. Триклосанот не само што е лош за околината, туку му штети и на вашето здравје. Истражувањата покажале дека продуктите со триклосан, кои можат да бидат и шампони, пасти за заби, па дури и козметика, предизвикуваат рак кај лабораториските глувци. Па, најдобро е да ги читате состојките на продуктот за да се осигурите дека не ја содржи оваа супстанца.rn

    4. Стапчиња против комарци

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnНавистина е тешко да си ја замислите топлата летна вечера во дворот без да запалите стапче против комарци. Иако овој изум можеби функционира, не е најдобрата опција за вашето здравје. Научниците откриле дека чадот од овие стапчиња е еднаков на чад од 75-137 цигари. Оваа изложеност не е штетна само за комарците, туку и за луѓето и го зголемува ризикот од појава на разни заболувања на белите дробови.rn

    5. Освежувачи за воздух

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnОвие спрејови со пријатен мирис често содржат и терпени и гликолни етери. Втората состојка е позната како токсична хемикалија, а првата создава токсична комбинација кога доаѓа во контакт со озонот од воздухот. Покрај тоа, освежувачите имаат и други хемикалии кои му штетат на здравјето, особено доколку се користат во мали и лошо проветрени простории.rn

    6. Топчиња против молци

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnТопчињата против молци се можеби најдобриот начин да ја заштитите облеката од овие инсекти. Сепак, нивното испарување е навистина штетно. Истражувањата покажале дека една од главните состојки на топчињата, парадихлоробензенот, е одговорна за предизвикување рак кај животните. Иако сè уште не е познато влијанието врз здравјето на луѓето, препорачливо е внимателно да ги користите овие топчиња. Некои од овие продукти содржат и хемикалија позната како нафталин, којашто ги уништува црвените крвни зрнца доколку сте изложени на неа подолго време.rn

    7. Козметички продукти

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnИзметот од лилјаци во вашата маскара не е најстрашното нешто што ќе го најдете во козметичките продукти . Фталатите, познати и како пластификатори, можат да предизвикаат проблеми со репродуктивните органи кај животните, што значи дека заканата постои и за луѓето. Овие хемикалии им даваат убава боја и миризба на продуктите за убавина и се наоѓаат во дезодоранси, шампони и спрејови за коса. Понекогаш се наоѓаат и во завесите за бања. Па најдобро е внимателно да ги проверувате состојките на продуктите што ги купувате.rn

    8. Миризливи стапчиња

    rn8 штетни производи што треба да престанете да ги користитеrnrnИсто како и стапчињата за комарци, чадот од миризливите стапчиња има штетни состојки кои негативно влијаат врз нашето здравје. Тие можат да бидат причина за астма и други заболувања на белите дробови, па дури и за рак. Затоа бидете внимателни со што било што гори и што емитува чад, бидејќи овие продукти имаат директно влијание на респираторниот систем.rnrnПогледнете некои од најсмртоносните производи за жени кои се појавиле на пазарот во 20-ти век.

  • 5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лице

    Дерматолозите најмногу знаат што е најдобро, а што е најлошо за кожата. Во продолжение погледнете ги 5-те продукти за убавина што тие никогаш не би ги ставиле на нивното лице.rnrn5 продукти за убавина што дерматолозите никогаш не би ги ставиле на своето лицеrn

    1. Продукти со вештачки мирис

    rnИако во составот на продуктот е означен само како мирис, вештачките мириси можат да предизвикаат иритација на кожата поради адитивите што ги содржат. Дерматолозите избегнуваат козметика со вештачки мириси. Наместо тоа одбираат продукти со есенцијални масла и екстракти од билки бидејќи се сигурни и имаат благотворни својства за кожата.rn

    2. Продукти со алкохол

    rnАлкохолот е состојка во повеќето продукти за убавина – од оние за нега на коса, до продуктите за нега на кожа. Всушност, токму оваа состојка може да биде причината за вашата сува кожа. За да ја поправите настаната штета добро е да користите серуми и хидратантни креми со состојки кои ќе го поништат делувањето на алкохолот. Побарајте продукти што содржат антиоксиданси, пептиди, хијалуронска киселина и слично.rn

    3. Продукти со масло од лимон

    rnНе сите природни состојки се добри за вашата кожа. Дерматолозите ги избегнуваат продуктите со масло од лимон бидејќи тоа може да ја иритира кожата. Доколку пак ја изложите на сонце може да се предизвикаат силни реакции, но и да се појави хиперпигментација.rn

    4. „Направи сам“ серуми со витамин Ц

    rnДенес многу модни блогерки зборуваат за домашно направениот серум со витамин Ц кој го прават од таблети со овој витамин. Проблемот е што овој облик на витамин Ц тешко продира во кожата. Витаминот Ц е одличен за вашата кожа бидејќи го поттикнува производството на колаген, но само ако е во формула со кој може да продре во кожата. Доколку нанесувате витамин Ц од таблети, тој ќе остане на кожата и ќе ја иритира бидејќи оксидира многу брзо.rn

    5. Продукти за самопотемнување

    rnОвие продукти создаваат хемиска реакција на кожата за која сè уште не се знае дали остава долготрајни последици. Поради ова најдобро е да се прилагодите на природната боја на вашата кожа. Доколку сакате потемен тен, нанесувајте пудра или бронзер на потребните места.rnrnДознајте и кои се процедурите за убавина што козметичарите никогаш не би ги направиле на себе.

  • Дали правите чај од кесички кои имаат метална спојувалка? Прочитајте зошто е тоа штетно!

    Дали правите чај од кесички кои имаат метална спојувалка? Прочитајте зошто е тоа штетно!

    Вистина е дека чаевите се многу корисни за нашето здравје, особено оние што содржат антиоксиданси, како што е зелениот чај. Но, сигурно не обрнувате внимание на тоа какво е пакувањето на чајот кога го купувате. Цел живот пиеме чаеви од кесички, но не внимаваме на еден многу важен детаљ.rnrnДали правите чај од кесички кои имаат метална спојувалка? Прочитајте зошто е тоа штетно!rnrnСтанува збор за мало парче метал од поцинкувано железо кое многу лесно може да испадне од кесичката. Има многу пријавени случаи на луѓе кои се соочиле со сериозни здравствени проблеми поради тоа што го проголтале ова мало парче метал кога испаднало во шолјата чај. Кај некои од нив настанало и крвавење во желудникот!rnrnВо последно време, произведувачите на чај почнаа да го пакуваат во кесички без метални спојувалки на врвот. Токму таа спојувалка може многу да му наштети на вашето здравје и да ги намали придобивките што ги пружа шолјата чај.rnrnТаа исто така може да предизвика и труење. Металната прашина може да предизвика здравствени проблеми на белите дробови, а цинковото соединение може да влијае негативно на дигестивниот систем.rnrnИако шансите за вакви здравствени проблеми се мали, сепак се случуваат и најдобро е да не ризикувате. Бидете внимателни и секогаш бирајте чаеви кои се спакувани во кесички зашиени со конец, а не со метална спојувалка.rnrnВо продолжение прочитајте за 11-те здрави навики што понекогаш може да бидат многу штетни.

  • 9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

    9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзо

    Дали секое утро со нетрпение го очекувате првото кафе? Дали не можете да изгледате филм без огромна порција пуканки со путер? Ако одговорот е да, не сте единствените. Постои верување дека се потребни 21 ден за да се создаде нова навика. Но Филипа Лели и нејзините колеги од Универзитетскиот колеџ во Лондон докажале дека во просек, потребни се 66 денови за да претворите нешто во навика. А ослободувањето од некоја навика која веќе е формирана, бара повеќе време. Сепак, вреди да размислите кои од вашите навики се здрави, а кои можат да ви наштетат. Во продолжение погледнете неколку чести навики кои е најдобро да ги оставите во минатото. И имајте на ум, секоја лоша навика може да се замени со нова и поздрава.rn

    1. Не ставајте ги нозете таблата во автомобилот

    rn9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзоrnrnПатниците сакаат да седат во најудобната можна положба. Сигурно ја имате забележано оваа положба на седење во многу филмови. Но во реалноста таа може да биде навистина опасна. Покрај тоа што ова е ужасна позиција во случај на сообраќајна несреќа, треба да бидете свесни и за кочењето. Ако ги држите нозете на висина со главата, тоа значи дека нозете ќе удрат во вашето лице ако автомобилот нагло застане. Ударот може да резултира со скршеници и долг период на заздравување.rn

    2. Не закачувајте влажни крпи во тоалетот и не ја тргајте завесата на една страна

    rn9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзоrnrnОва движење е речиси несвесно – ја тргате завесата, се сушите и ја закачувате влажната крпа. Но оваа навика е многу нехигиенска. Бактериите лесно се размножуваат во влагата на крпата, а во наборите на тргнатата завеса лесно може да се формира мувла. Најдобро е да ги оставите и крпите и завесата да се исушат, а потоа да ги закачите или да ги тргнете.rn

    3. Не пијте кафе на празен стомак

    rn9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзоrnrnМногу од нас го започнуваат денот со влегување во кујна и подготвување кафе. Ова е можеби најчестата навика низ целиот свет. Но има еден проблем, повеќето пијат кафе на празен стомак. И покрај тоа што кафето си има свои предности, има и неколку недостатоци. Ако пиете кафе на празен стомак, можете да предизвикате дигестивни проблеми и киселини. Кога сте гладни и кога размислувате за храна, вашиот стомак лачи гастрична киселина. Кога пиете кафе, се случува истото, само што по него не следува тврда храна. Ова предизвикува прекумерно лачење на киселината која може да го оштети вашиот желудник. Специјалистите препорачуваат да пиете кафе само по појадокот или попладне.rn

    4. Не јадете пуканки

    rn9 секојдневни навики од кои треба да се ослободите што е можно побрзоrnrnКој не сака огромна солена порција пуканки пред големиот екран? Традицијата да купите пуканки и нешто за пиење за да гледате филм трае многу долго, но всушност е штетна навика. Заболекарите тврдат дека пуканките може да ги оштетат вашите заби. Некои честички од пуканките се заглавуваат во вашите заби и се отстрануваат навистина тешко, без разлика колку добра грижа водите за вашите заби. Исто така имајте на ум дека пуканките во кината имаат премногу масти.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

    Најсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 век

    Идејата дека многу од популарните производи во минатото биле опасни и смртоносни не е воопшто нова. Жените од Елизабетанскиот период користеле козметика што содржела олово, а Викторијанците го употребувале арсенот за сѐ, меѓу другото и за зачинување на пилешко. Но, иако мислиме дека опасните производи за здравје и убавина се дел од минатото, станува збор за загрижувачки проблем на денешницата.rnrnНајсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 векrnrnСекојдневно се рекламираат нови методи кои наводно можат да им помогнат на жените да изгледаат и да се чувствуваат подобро како што е вагиналната бања на пареа. Очигледните негативни последици не ги спречуваат жените одново и одново да ги применуваат штетните методи и производи. Во продолжение прочитајте кои се најсмртоносните женски производи што се појавиле на пазарот во 20-ти век…rn

    Туширање со хемикалии што предизвикуваат воспаленија

    rnНајсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 векrnrnАко мислите дека „здравствените“ производи што предизвикуваат воспаленија се дел од древното минато, грешите. Речиси сите медицински лица тврдат дека миењето на вагината со гелови за туширање е непотребно и проблематично за природната вагинална флора. Меѓутоа, во 20-тиот век тоа било промовирано како нешто што ќе им помогне на жените во бракот (се сметало дека мажите нема да спијат со сопругите кои не користат гелови за туширање редовно поради „женскиот непријатен мирис“), но и како метод за заштита од несакана бременост.rnrnНе само што тоа се покажало како неефективна контрацепција, туку било и многу опасно. Во 1953 година, Лизол (Lysol) бил еден од најпопуларните гелови за туширање на пазарот и тој содржел состојка што можела да доведе до сериозни изгореници и смрт. Иако модерните гелови за туширање нема да ви го направат тоа, со сигурност нема да ви бидат од никаква корист.rn

    Барбитурати

    rnНајсмртоносните производи за жени што се појавиле на пазарот во 20 векrnrnНа жените им се нуделе разни лекови за намалување на болката уште од 19 век. За пораѓање, нервоза, хистерија и менструални болки, жените на почетокот од 1800-тите земале лауданум, односно комбинација од опиум и алкохол, а потоа тие биле главните потрошувачи на нов вид лекови познати како барбитурати.rnrnВеронал, најпознатиот од барбитуратите, бил достапен од 1903-та па натаму и бил користен од страна на славни личности како што е Вирџинија Вулф. Лекот овозможувал подобар сон и ги смирувал нервите, што се сметало за исклучително женски проблем. Меѓутоа, вероналот создавал зависност.rnrnИнтересно е тоа што подоцна лекарствата за нега на менталното здравје станале понеутрални во однос на полот за кој биле наменети. Валиумот бил нарекуван „Малиот помошник на мама“ (Mother’s Little Helper) поради истоимената песна на Ролинг Стоунс од 1966 година, иако во реалноста фармацевтските компании го намениле лекот и за двата пола.rnrnПродолжете на следната страница за остатокот од текстот…rnrn

  • 6 ситуации во кои НЕ треба да користите етерични масла

    6 ситуации во кои НЕ треба да користите етерични масла

    Етеричните масла се природни производи кои се добиваат од билките, па многумина мислат дека токму поради тоа тие се сигурни за употреба. Но, тие се стопроцентни билни екстракти, што значи дека станува збор за доста јаки концентрати. На пример, за да се добие еден литар етерично масло од лаванда потребни се околу 100 килограми цветови од лаванда. Значи, етеричното масло, односно концентратот, ги нема истите својства како и самата билка, туку е многу појако. Етеричните масла се доста благотворни за здравјето, но во следните 6 случаи би требало да ги избегнувате.rnrn1-6-situacii-vo-koi-ne-treba-da-koristete-eterichni-masla-www.kafepauza.mk_rn

    1. Неразредени етерични масла

    rnЕтеричните масла најчесто се нудат неразредени, па директното нанесување на кожата може да предизвика црвенило, нафрлање, па дури и изгореници. Не помага ниту мешањето со вода, туку морате прво да го разредите со некое базично масло како што е маслото од бадем, јојоба, авокадо или масло од гроздови семки, а размерот би требало да биде од 3 до 5 капки етерично масло на една супена лажица базично масло. Сепак најдобро е да се посоветувате со ароматерапевт. Само етеричното масло од лаванда може директно да се нанесува на кожата (за ублажување на убодот од инсекти и полесни изгореници), но за останатите најдобро е да побарате совет од експерт.rn

    2. Нанесување на слузницата

    rnВоопшто немојте да ги нанесувате етеричните масла директно на слузницата (пример, во устата или вагината), бидејќи така би можеле да ги „спржите“. Често можете да пронајдете совети во кои се вели дека етеричното масло од чајно дрво ги лекува габичните вагинални инфекции, но ако само натопите тампон во него и го нанесете во вагината, на тој начин само ќе добиете воспаление. Етеричното масло од чајно дрво може да помогне кај габичните инфекции, но само ако ароматерапевтот ви направил течност со прифатлива концентрација.rn

    3. Земање етеричното масло во вид на таблети

    rnИако капсулите со етерични масла за орална употреба се лесно достапни во продавниците за здрава храна и билните аптеки, сепак не се препорачува да ги земате без советување со лекарот и ароматерапевтот кои ќе проценат дали воопшто ви одговара оралното земање билни концентрати. Треба да внимавате и на квалитетот на капсулите кои мора да имаат посебна, издржлива обвивка, за сигурно да допатуваат низ дигестивниот систем до желудникот, каде што ги раствора желудочната киселина.rnrn2-6-situacii-vo-koi-ne-treba-da-koristete-eterichni-masla-www.kafepauza.mk_rn

    4. Пред излегување на сонце

    rnНекои етерични масла содржат кумарини, соединенија кои реагираат со сончевите УВ зраци и ѝ предизвикуваат на кожата фотодерматититс. Такви се сите цитрусните масла (грејпфрут, лимон, цитрон…), па би требало да ги избегнувате најмалку 12 часа пред излегување на сонце. Општо за сите етерични масла се препорачува да не се нанесуваат доколку наскоро планирате да излегувате на сонце.rn

    5. Алергија на етерично масло

    rnДоколку имате чувствителна кожа или сте склони кон алергии, тогаш внимателно би требало да ги користите етеричните масла. Најдобро е прво да го тестирате ефектот од етеричното масло, односно производот со тоа етерично масло, така што ќе нанесете на мал дел од кожата, поточно на внатрешниот дел од подлактницата. Доколку во текот на наредните часа добиете никаква иритација на кожата, немојте повеќе да го користите.rn

    6. Бременост

    rnПоради силното делување, етеричните масла не се препорачуваат во текот на бременоста. Доколку навистина сакате да ги користите, дозволени се само одредени етерични масла, а примероците би требало да бидат строго контролирани и доволно разредени, па задолжително мора да се советувате со доктор или ароматерпавет.

  • Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!

    Престанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!

    Ова не треба да ве демотивира и да престанете да пиете вода, но најновите истражувања покажуваат дека морате да бидете многу внимателни кога се работи за водата што ја пиете. Резултатите покажале дека бактериите во одново наполнетите пластични шишиња за вода се слични на оние кои ги содржат јавните тоалетни шолји!rnrnПрестанете да пиете вода од стари пластични шишиња: Содржат исто толку бактерии колку тоалетна шолја!rnrnЕкспертите за вежбање ги тестирале одново наполнетите шишиња за вода на група спортисти за да видат колку тие се навистина чисти и откритијата биле вознемирувачки и страшни. Во секое шише вода истражувачите нашле повеќе од 300.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Таа бројка можеби не им значи ништо на луѓето кои не се разбираат во наука. Но, колку да споредиме, употребена кучешка играчка содржи просечно 3.000 бактериски колонии на сантиметар квадратен. Голема разлика, нели?rnrnТоа не значи дека треба да одбегнувате да пиете вода, туку дека треба да бидете внимателни за тоа од каде ја пиете водата и колку често ги миете шишињата. Сѐ што ќе допрете со усните станува заразено со бактерии. Тоа значи дека на површината до која не сте ја допирале устата премногу често, има помалку шанси да се развијат бактериски колонии. Најголем број штетни бактерии се забележани кај шишињата со капачиња и оние кои се затвораат со лизгање горе-долу.rnrnНајдобро решение е да користите цевка која секојдневно ќе ја менувате, но и тогаш ќе треба да го миете шишето редовно и темелно со доволно жешка вода и антибактериски сапун, или едноставно да го ставите во машината за миење садови. Факт е дека мора да пиеме вода и повеќекратната употреба на пластичните шишиња е најдобрата опција која не е штетна за околината. Доколку сте во можност, најсреќниот избор е да користите термос од нерѓосувачки челик, бидејќи кај него нема погодни услови за развој на бактерии.rnrnНе дозволувајте ова откритие да ве обесхрабри. Продолжете да пиете вода од веќе употребени шишиња за вода, но бидете внимателни. Исфрлете ја старата нечиста колекција на шишиња и започнете нова, особено ако во последно време не сте се чувствувале баш најдобро: Вашите шишиња за вода можеби се причината за тоа!