КАФЕ ПАУЗА

Tag: штетно

  • Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Работи кои никогаш не треба да ги ставате во микробранова

    Можеби мислите дека можете да пикнете сѐ во микробрановата печка. Но, всушност постојат низа јадења, садови и амбалажи кои никако не смеете да ги загревате во микробранова. Некои се штетни по здравјето, додека пак други може да го расипат самиот уред, па дури и да предизвикаат пожар.rnrnraboti-koi-nikogash-ne-treba-da-gi-stavate-vo-mikrobranova-kafepauza.mkrn

    Пластични садови за еднократна употреба

    rnПластичните амбалажи од јогурт, маргарин или кисело млеко не смеат да се користат во микробранова печка. Тие се наменети за еднократна употреба и не можат да поднесат висока температура. Овој вид пластични садови можат да се деформираат во микробрановата или дури и целосно да се растопат и да испуштат опасни хемикалии во храната.rn

    Варени јајца

    rnНемојте да се залажувате – тврдо варени јајца во микробранова се апсолутна грешка. Ако сакате да направите тврдо варени јајца во микробранова, најверојатно ќе добиете само голем неред за чистење. Брзото загревање на микробрановата печка, во јајцата создава голема количина пареа, а насобраната пареа на крај резултира со пукање на јајцата.rn

    Амбалажа од стиропор

    rnХраната за носење обично ја пакуваат во амбалажа од стиропор, па ако ви останала од ручекот на работа, не помислувајте да ја подгревате во микробранова пред да ја дојадете. Стиропорот е вид пластика, а микробрановата е огромен непријател на пластиката, освен ако на амбалажата не е наведено поинаку.rn

    Грозје

    rnНекои видови овошје може да издржат високи температури, но не сите. На пример, грозјето ќе експлодира, а сувото грозје ќе зачади.rn

    Метален прибор за јадење

    rnСекако треба да се избегнува користење на метални виљушки, лажици и сл., без разлика дали златни или сребрени. Имено, металот може да реагира на високата температура и да ја оштети микробрановата печка. Ова правило се однесува и на алуминиумската фолија која може дури да се запали.rn

    Пластични садови за складирање храна

    rnПластичните садови за чување храна можат да бидат многу различни, па ако на садот не е наведено дека е погоден за користење во микробранова, немојте да ризикувате.rn

    Лути пиперчиња

    rnЗагревањето на лутите пиперки во микробрановата нема да им направат ништо на самите нив, но во моментот кога ќе ја отворите вратата, тие ќе испуштат хемиско соединение кое силно ќе ви ги надразни очите и грлото.rn

    Ништо

    rnНе е добро ниту да ја пуштите микробрановата празна. Во таков случај, таа нема да има што да апсорбира па може да се расипе.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Што се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?

    Месната преработена храна како виршлите, колбасите и саламите има многу калории, масти и сол. Со редовно конзумирање, по неколку пати неделно, го доведувате организмот до ризик од дебелеење, дијабетес, срцеви болести и рак.rnrnСигурно многупати сте чуле дека сувомесните производи не се добри за вас, но веројатно целата вистина за тоа колку се всушност нездрави не сте ја знаеле досега. Месната преработена храна ги опфаќа сите месни производи кои го поминале процесот на солење и хемиска обработка со кои се продолжува нивниот рок на траење. Еве ги ризиците од нив.rnrnШто се случува ако често јадете виршли, колбаси и салами?rn

    1. Дебелеење

    rnСувомесните производи се полни со сол, калории и масти. Премногу сол во вашето тело доведува до задржување на водата и надуеност. Уште повеќе сол и масти внесувате ако ги јадете овие производи во сендвич со многу сирење, мајонез и слични додатоци.rnrnУште еден проблем со месните производи е што со внесувањето на сол и масти ви се забавува системот за варење што ве прави потроми, па наместо да се позанимавате со физичка активност, ви доаѓа да си поспиете.rn

    2. Срцеви болести

    rnЗнаете ли колкав товар за вашиот организам претставува кога ќе изедете една виршла или некое друго преработено месо? Добивате трипати поголема количина сол отколку кога ќе изедете сендвич со печено пилешко месо. Солта внесена во преголеми количини во организмот е опасна бидејќи тоа ги ослабува крвните садови, а тоа доведува до срцеви болести.rnrnВашето тело не може да преработи толкава количина сол. Задржувањето на водата заради внесената сол го зголемува протокот на крвта и тука доаѓаме до проблемот – што поголем проток на крв, толку вашето срце мора да испраќа повеќе крв до вашите артерии – заради што тие многу се оптоваруваат.rn

    3. Дијабетес

    rnИстражувањата покажуваат знаци на опасност во нитритите кои се содржани во месните производи. Имено, според експертите за дијабетес, нитритите го намалуваат излачувањето на инсулин и негативно влијаат на нивото на глукоза во крвта. Според едно недамнешно истражување на Харвард, само една порција со преработено месо на ден (2 парчиња салама или една виршла), го зголемува ризикот од појава на дијабетес за 29%.rn

    4. Рак

    rnШведските научници откриле дека помеѓу оние кои јадат месни производи е зголемен ризикот на рак на желудникот. Долгогодишна студија спроведена на Хаваи покажала дека оние кои најмногу јаделе преработено месо имале за 67% поголем ризик за рак на панкреасот во однос на оние кои јаделе ретко или никогаш.rnДоколку сакате да продолжите да јадете месни производи, препораката од стручњаците е да не го правите тоа повеќе од еднаш неделно.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинати

    6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинати

    Кога сме болни или пак само нè боли грлото, топлиот чај и супата одлично ни делуваат. Но колку што тие се добри за настинка, толку други работи можат дополнително да ги влошат симптомите.rnrn6 видови намирници кои треба да ги избегнувате кога сте настинатиrn

    1. Купечки овошни сокови

    rnЦедените овошни сокови се полни со витамини и минерали кои му се потребни на организмот кога сме болни, но истово не важи за купечките сокови. Тие содржат многу шеќери кои се врзуваат со крвните клетки и ги крадат витамините од телото на тој начин ослабувајќи го имунитетот.rn

    2. Пржена храна

    rnПржената храна не е добро да се конзумира дури ни кога сме здрави, но колку е штетна за телото кое е ослабено под влијание на вирус, можете само да претпоставите. Таа е полна со заситени масти кои тешко се разградуваат и можат значително да го нарушат дигестивниот систем на организмот кој во текот на болеста и онака не работи со полна сила.rn

    3. Кафе

    rnТочно дека кога сме болни треба да внесуваме повеќе течности во организмот, но кафето, односно кофеинот дејствува како силен диуретик кој може да предизвика дехидрација на веќе ослабениот организам.rn

    4. Кисела храна

    rnОвој вид храна треба да се избегнува од причина што може да ги интензивира симптомите на болеста како резултат на надразнување на веќе оштетената слузница. Избегнувајте кисело овошје, цитрусно, особено портокал, како и сува пиперка.rn

    5. Млечни производи

    rnМлечните производи содржат протеини и витамин Д кој помага во јакнење на организмот, но исто така го поттикнуваат и лачењето на природната слуз што може дополнително да го влоши кашлањето.rn

    6. Алкохол

    rnИсто како и кафето, и алкохолот ја исфрла течноста од телото и со тоа може да предизвика дехидрација, а ако го мешате пак со лекови, може да го намали нивното дејство. Иако познато е дека е здраво да се пие по една чаша вино на ден за зајакнување на имунитетот, кога сте болни, наместо тоа напијте се чај или природен сок.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?

    Зошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?

    Кога некој ќе престане да пуши цигари, кожата почнува да добива повеќе кислород, што ѝ овозможува да ја задржи влажноста и постепено да ја менува својата структура. Потоа ѝ се враќаат бојата и свежината, а брчките стануваат поплитки. Цигарите се многу штетни за вашата убавина и здравје, а ова се дел од последиците.rnrnЗошто цигарите се главен непријател на вашата убавина?rn

    Ќе изгледате постаро

    rnКако што претераното сончање и тешкиот живот придонесуваат да изгледате постаро, така и никотинот додава плус години на вашиот изглед. Со само еден повлечен дим, во ткивото на белите дробови се ослободуваат повеќе милиони молекули на слободни радикали. Слузокожата во дишните патишта изгледа како да е воспалена. Присуството на голем број молекули на слободни радикали и недостатокот на кислород во крвта, придонесуваат кожата да ја губи еластичноста и влажноста. Промената на бојата и квалитетот на кожата е резултат на отровите и иритансите од димот на цигарите.rn

    Го смалува слојот на колаген во кожата

    rnВо цигарите се наоѓаат повеќе од 4.000 различни токсини и иританси. Многу голем број од нив преоѓаат во крвта, а преку неа во кожата. Овие супстанци можат да придонесат малите крвни садови да се стеснат. По само една испушена цигара, малите крвни садови можат да се стеснат за наредните 90 минути. Тоа доведува до намалување на протокот на кислород до кожата, а со тоа и смалување на количеството на колаген. Ќелиите на кожата стануваат чувствителни и ја губат влажноста. Исто така, кожата ја губи способноста за регенерација.rn

    Кожата станува потенка

    rnКожата на лицето на пушачите обично е потенка поради лошата циркулација, а со тоа и нејзината послаба исхранетост. Ова е докажано во едно истражување во кое учествувале 25 пара близнаци, од кои едниот бил долгогодишен пушач, а другиот никогаш немал пробано цигара. Користејќи ултразвучни методи била проценувана дебелината на кожата на внатрешната страна на раката. Кожата на пушачите била за една четвртина потенка во однос на кожата на непушачите. Кај некои парови разликата била и 40%.rn

    Влијаат на фигурата на телото

    rnПушењето предизвикува нерамнотежа на количеството на хормони во телото и на тој начин може да влијае на промена на фигурата на телото. Некои луѓе кога ќе почнат да пушат цигари можат да ослабат или да ја одржат својата моментална тежина, но никој од нив не знае дека димот од цигарите го забрзува метаболизмот и има силно влијание на ендокриниот систем на жлезди кои ги лачат хормоните. Губењето на телесната маса е негативен ефект и може да доведе до трајна хормонална нерамнотежа.rn

    Карактеристики на лицето на пушачот на цигари:

    rn

      rn011

    • Еластичноста на кожата се смалува и како последица се јавуваат брчки на лицето, многу порано отколку кај непушачите. Тоа најчесто се случува на горната и долната усна, околу очите, на образите и околу долната вилица.
    • rn011

    • Сива нијанса на кожата
    • rn011

    • Коските на лицето се поизразени
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Навики кои ѝ штетат на врската

    Навики кои ѝ штетат на врската

    Понекогаш и најситните потези може да ја саботираат врската. Малите нешта кои се акумулираат со текот на времето може да создадат големо растојание помеѓу партнерите. Овие мали и навидум безопасни навики може да прераснат во поголеми проблеми и да ја уништат врската.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Го одбирате мобилниот телефон наместо бакнеж за добра ноќ

    rnМногумина од нас се зависници од модерната технологија, но светот нема да заврши ако не ја проверите електронската пошта пред спиење. Можно е да го користите мобилниот телефон како одвраќање од врската. Од друга страна, важноста на бакнежот за добра ноќ е поголема отколку што мислите. Овој бакнеж е израз на интимност и со него испраќате порака дека вашето момче ви е на прво место. Бакнежот за добра ноќ помага при создавање на цврста врска во која постои взаемна поддршка.rn

    Го проверувате профилот на вашето поранешно момче на Фејсбук

    rnНормално е сè уште да ве интересира поранешното момче, но ако постојано го следите на Фејсбук, тоа би можело да значи дека се обидувате да задоволите одредена интимна потреба поради која не сте задоволни од вашето сегашно момче. Не заборавајте дека во ваква ситуација секогаш постои голема шанса да бидете откриени. Врската со вашето поранешно момче завршила со причина, па наместо да трошите време проверувајќи го неговиот профил на Фејсбук, поминете повеќе време подобрувајќи го односот со вашето сегашно момче.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Ја губите смислата за хумор

    rnДоколку живеете заедно со партнерот, многу лесно може од љубовници да се претворите во цимери и времето да го трошите на логичниот дел од врската, наместо да уживате во неа. Најдете начин да бидете забавни. Играјте игри, дури и ако тоа вклучува прифаќање на предизвици. Хуморот ја менува перспективата и ни помага од критични да станеме креативни, што е повеќе од потребно за една здрава врска.rn

    Заборавате да бидете благодарни

    rnКолку пати сте му префрлиле дека тој треба да ви биде благодарен за сите работи кои вие ги вршите? А колку пати тој завршил некоја задача за која вие сте заборавиле да му се заблагодарите? Мажите сакаат да бидат ценети за она што го прават. Искажете ја вашата благодарност и тој ќе ве направи да бидете уште посреќни.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Енергијата ја трошите на негативни личности

    rnБез разлика дали се работи само за еден „токсичен“ пријател или група негативни личности, обидете се со едноставни потези да се ослободите од нив и насочете ја енергијата кон вашето момче. Понекогаш е невозможно целосно да се изолирате од ваквите личности, но затоа може да го ограничите времето поминато со нив. Колку полесно се справувате со стресот надвор од вашата врска, толку повеќе ентузијазам ќе внесете во неа.rn

    Поминувате премногу слободно време разделени

    rnСоцијализацијата е секогаш добредојдена за секого и нема ништо лошо доколку од време на време излезете без вашето момче. Но, ако слободното време сè помалку го поминувате заедно, тогаш вашата интима почнува да страда и повеќе не можете да функционирате заедно. Излегувајте почесто заедно или ако немате многу слободно време закажувајте состаноци на одредена дата од месецот. Во секој случај, не пропуштајте ја секоја шанса за заедничко дружење надвор од домот.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrn

    Имате проблеми со спиењето

    rnВрската може да страда ако имате проблеми со спиењето. Според едно истражување, кога жените страдаат од несоница, забележани се повеќе негативни отколку позитивни односи помеѓу партнерите, што не е случај кога мажите страдаат од несоница. Иако потребата од одмор може да ја саботира врската, покрај секојдневните обврски, спиењето е веројатно на дното на списокот работи кои треба да ги направите. Следниот пат кога ќе почувствувате замор, лизнете се помеѓу чаршафите и брзо ќе ги почувствувате придобивките и за врската и за здравјето.rn

    Зборувате за сè

    rnОтворената комуникација е клучна за врската, но ако често поставувате прашања за кои веројатно не е потребна дискусија, тоа може да стане проблем. Наместо постојано да го прашувате зошто некоја работа ја прави така како што ја прави, обидете се со поинаков пристап. Престанете со здодевното потпрашување и фокусирајте се на корекцијата на вашето однесување.rn

    Лажете во врска со шопингот

    rnМожеби сте наишле на распродажба и сте го надминале буџетот. Ако се обидувате да скриете голем дел од она што сте го купиле само за да избегнете кавга со партнерот, тогаш само го зголемувате растојанието меѓу вас. Секако дека ќе се загрижите да не западнете во неволја, но со лажењето ќе го направите партнерот авторитативен, наместо да постигнете баланс во врската.rnrnНавики кои ѝ штетат на врскатаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

    Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

    Кафето и неговото влијание врз вашето расположение

    rnКофеинот предизвикува многу ефекти врз вашето тело и кога го консумирате во големи количини, може да биде штетно. Тој влијае врз четири хормони кои ги имате во вашето тело, при што може да влијае и на промена во вашето расположение.rnrn1. Кофеинот може да ја наруши апсорпцијата на хормонот аденозин, кој му помага на телото да се опушти. Ова може да ве држи витални и свежи некое време, но може да предизвика и проблеми со спиењето на долг рок.rnrn2. Кофеинот го покачува адреналинот во вашиот систем, поради што привремено ви ја зголемува енергијата, но откако ќе помине неговото дејство, прави да се чувствувате многу уморно, а можеби и депресивно. Ако го овозможите овој процес со пиење повеќе шолји кафе дневно, може да предизвикате појава на вознемиреност и нервоза.rnrn3. Кофеинот исто така, го покачува кортизолот, хормонот на стресот, што од своја страна, може да доведе до други проблеми по вашето здравје како покачување на телесната тежина, нерасположение, а во најлош случај срцеви болести и дијабетес.rnrn4. Кофеинот го зголемува нивото на хормонот допамин во вашиот организам, кој прави да се чувствувате добро, но кога ќе пројде дејството, може да направи да се чувствувате тажно. Овој процес исто така создава зависност од кафе.Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозокrn

    Кафето и неговото влијание врз работата на мозокот кај жените

    rnИ покрај тоа што кофеинот може негативно да влијае на вашето расположение, новите истражувања покажуваат дека шолјата полна со кафе, може да ја подобри работата на мозокот кај жените, во стресни ситуации.rnrnУниверзитетот Бристол спровел истражување на 64 мажи и жени, за да ги испита ефектите од консумирањето кафе во големи количини, кога телото е веќе под стрес.rnrnИстражувањето открило дека кофеинот ги подобрува функциите на мозокот кај жените, што овозможува да постигнуваат повисоки резултати во работата. Од друга страна, во истото истражување е откриено дека кафето ја ослабува меморијата кај мажите и им го забавува процесот на донесување одлуки.Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозокУчесниците биле поделени во парови од ист пол и им биле зададени задачи како преговарање, тестови за меморија и решавање загатки. На половина од паровите им било дадено да се напијат бескофеинско кафе, а на другата половина, обично кафе.rnrnИстражувањата откриле дека резултатите на мажите во тестовите за меморија кои пиеле обично кафе, биле значително пониски во однос на оние кои пиеле бескофеинско (на првата група мажи им биле потребни 20 секунди повеќе за да ги решат тестовите, во однос на втората).rnrnЖените ги решиле загатките за 100 секунди побрзо откако се напиле шолја обично кафе.rnrnИстражувачите веруваат дека кофеинот влијае различно врз работата на мозокот кај мажите и жените, поради различниот начин на кој секој од овие два пола се справува со стресот.rnrnСе прашувате како да го освежите вашиот мозок со консумирање кафе, а притоа да не дозволите тоа да има негативно влијание врз вашето здравје? Еве го одговорот:rn

      rn011

    • Лимитирајте го консумирањето кафе на 2 шолји дневно. Со ограничување на внесената количина на дневна база, ќе можете да ги искористите придобивките од кофеинот кои ви се потребни и истовремено ќе ги избегнете здравствените ризици и негативните симптоми.
    • rn

    rn

      rn011

    • Немојте да пиете кафе после 14 часот. Кофеинот може да остане во вашиот систем 8 часа или повеќе, па ако застанете со пиење во овој период од денот, ќе си го осигурите цврстиот, убав сон навечер.
    • rn

    rn

      rn011

    • Пијте кафе пред да одите да вежбате. Пиењето на тој вкусен кофеински пијалак пред вашата физичка активност ќе ви ја зголеми енергијата и продуктивноста од вежбањето, а ќе ви овозможи и да ги почувствувате придобивките од справувањето со стресот, благодарение на спортот.
    • rn

    rn

    Влијанието на кофеинот врз вашето тело и мозок

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук