Колкупати јасно и гласно сте си кажале самите на себе дека од следен месец сериозно ќе почнете да штедите? Постојат многу начини на кои можете да штедите, но овие методи најчесто траат по неколку месеци, и потоа едноставно се забораваат. На крајот од месецот повторно се наоѓате на нула, размислувајќи како да продолжите од тука.rnrn
rnrnЖивеењето од плата до плата и чекањето покачување може само да ви ја влоши финансиската состојба. Токму затоа и ви препорачуваме да издвоите едно попладне за кратко размислување и да ги ставите нештата црно на бело, така што ќе направите едноставен план за трошење којшто ќе ви заштеди многу пари на долг рок.rnrnСè што треба да направите е да земете едно парче хартија и да ги напишете сите оние нешта на што би сакале да трошите пари, како на пример, нова облека, патување, шминка, мебел, возење со такси или автомобил… Вклучете ги сите нешта на што би потрошиле пари, без разлика за колку ситна сума станува збор.rnrnОткако ќе ја имате листата пред себе, што со сигурност ќе биде многу долга, обидете се да ги издвоите приоритетите, односно наредете ги сите нешта што сте ги напишале според важност. Кога ќе ја завршите оваа листа, со најважните нешта на врвот, а најмалку важните на дното, размислете од што би можеле да се откажете, барем привремено, за да можете да уживате во оние нешта што ви се поприоритетни.rnrnСледниот чекор е отворање нова сметка во банка што нема да биде поврзана со вашите картички и на која секој месец автоматски ќе се префрла одредена сума пари која вие самите ќе ја одредите за штедење. Водете се со мислата дека тие пари воопшто не постојат сè додека не ја достигнат бројката за приоритетите на вашата листа.rnrnНа овој начин не само што ќе научите како да живеете со помалку пари, туку и ќе заштедите доволно за да си ги дозволите сите оние нешта што одамна сте ги посакувале, но за кои едноставно не сте можеле да најдете пари. Исто така, ќе сфатите и дека некои нешта ви се навистина непотребни и само џабе фрлате пари за нив.rnrnПогледнете ги и овие 7 правила за штедење кои секоја жена треба да ги следи.
Tag: штедење
-

За девојките што обожаваат да трошат: Едноставен трик што ќе ви помогне конечно да заштедите некој денар
-

7 правила за штедење кои секоја жена треба да ги следи
Многумина од нас попрво би се одлучиле да потрошат одредена сума пари, наместо да ја заштедат. Ова особено се случува откако ќе завршите некоја задача добро и за тоа ќе добиете соодветен паричен надоместок, па сметате дека треба да си подарите нешто, затоа што навистина заслужувате. Исто така, се случува и честото импулсивно трошење пари, односно нервозата и стресот кои ги лечиме со купување нешто ново.rnrn
rnrnКолку и да ни е привлечна идејата за трошење на парите кои ги заработуваме, секогаш е потребно трошоците да бидат што порационални и да воспоставиме построг однос кон финансиите. Внимавајте на трошењето, за да не завршите со блокирани сметки или во минусни суми кои тешко ќе ги надоместите. Затоа, потребно е да се следат овие правила:rnПравило 1
rnСекој би сакал да живее во одлично опремен стан, со убав и модерен мебел и на атрактивна локација во градот. Но, ова подразбира и поголеми трошоци за одржување, за сметки или пак повисока кирија. Идеален износ за кирија би бил една четвртина од вашите месечни примања, помал дел за комуналните трошоци и остатокот за вас. Следејќи ја оваа формула ќе избегнете непотребни трошоци надвор од вашите можности.rn
Правило 2
rnОбрнете внимание на исхраната. Можно е да се храните здраво и квалитетно без да трошите големи суми пари, а притоа да намалите со порачување готова храна или хранење во ресторани. Едноставните решенија често се и најздрави и најекономични. Научете да подготвувате оброци дома, од избрани квалитетни состојки. На овој начин и штедите и се грижите за себе.rnrn
rnПравило 3
rnНаместо да одите на работа со автомобил, користете јавен превоз. Трошокот би бил уште помал доколку е возможно да стигнете со велосипед. Исто така, доколку сте за кратка релација, најдобро е да ја испешачите. Ако веќе морате да користите автомобил, договорете се да го делите трошокот со колеги или пријатели кои се движат во иста насока.rn
Правило 4
rnБидете дисциплинирани кога е во прашање шопингот. Вистина е дека некогаш би се откажале од оброк за да можеме да купиме нов кармин, но размислете дали веќе имате доволно шминка и облека. За поголема заштеда, можете да користите и картички и купони за попуст.rn
Правило 5
rnЗа да можете да заштедите, обидете се да одвоите 10% од месечните примања и тргнете ги настрана или чувајте ги на штедна сметка. На овој начин секогаш ќе располагате со одредена сума пари за оние „црни денови“ кога се појавуваат непланирани трошоци. Исто, доколку планирате да си купите нешто поголемо и поскапо, ваквото штедење е добар начин побрзо да ги соберете парите кои ви се потребни.rnrn
rnПравило 6
rnТрошете одговорно и во домот. Обичните светилки заменете ги со штедливи, загревајте го бојлерот на евтина струја и трошете ја водата рационално. Веднаш ќе забележите разлика во износите на режиските трошоци.rn
Правило 7
rnДобро е да си купите нешто што ве развеселува, но не претерувајте со тоа. Можете да одделите одредена сума и да ја потрошите на нешто што ви прави задоволство, на пример поскапа чоколада или ручек во поексклузивен ресторан. Но, најважно е никогаш да не ја надминете однапред определената сума и не трошете дополнителни пари кои не се наменети за овој вид задоволства.rnrnСледете ги и овие 10 одлични совети од луѓето кои умеат да штедат.
-

Како секој месец да штедите по малку и да соберете пари за патување?
Постојат многу причини да почнеме со штедење, а една од омилената на повеќето е патувањето. Ако и вие спаѓате тука, погледнете ги овие совети кои ќе ви помогнат да го направите тоа, а да не се лишите од ништо.rnrn
rnУтврдете колку ви изнесува вистинскиот месечен трошок и уште веднаш раздолжете се
rnСоберете ги сите месечни сметки и дознајте колку пари трошите во таа област. Обидете се да намалите некои работи. На пример, поделете ги сметките со членовите од семејството кои живеат со вас, или пак бидете поскромни со телефонот или електричната енергија.rn
Не купувајте скапи подароци за Денот на вљубените и останатите празници
rnНа средината на февруари доаѓа Денот на вљубените, и сите вљубени сакаат да си даваат подароци. Оваа година договорете се со партнерот да не трошите премногу пари, туку покажете внимание со романтична вечера која сте ја подготвиле дома и шише вино. Ако ви се ближи и годишнината, прославете ја на истиот начин. Нема потреба од скапи подароци за да ја покажете вашата љубов.rn
Организирајте домашен пазар
rnНа пролет речиси секој се одлучува за чистење на домот. Па сите ситници и работи кои не ви требаат, наместо да ги фрлате, фотографирајте ги и објавете ги на некои веб-сајтови за продажба. Можете да им ги понудите и на познаниците и на пријателите за некоја симболична цена.rn
Намалете со одењето во ресторан
rnВеројатно знаете дека оние кои се хранат во ресторан речиси половина од платата ја трошат на скапи оброци. Наместо тоа, купете храна и подгответе си ручек за на работа од дома. Покрај тоа што ќе заштедите, ќе можете да се храните поздраво.rn
Не мора секаде со автомобил
rnЈавниот превоз или пешачењето до работа се одлична алтернатива и немојте секогаш да ги избегнувате. Понекогаш оставете го автомобилот и користете поевтин превоз. Ако одберете пешачење или велосипед, ќе заштедите повеќе пари, но и тоа одлично ќе се одрази на вашето здравје.rn
Не го „фрлајте“ ситниот кусур
rnСигурно и вам ви пречат монетите во паричникот, па најчесто ги ставате во некоја каса. Но добро е одвреме-навреме да ги замените монетите со банкноти и да ги ставите во буџетот за патување.rn
Користете купони и купувајте на попуст
rnКолку и да сакате да купите нешто, подобро е да го планирате шопингот и да следите кога има попусти. Многу често за време на попустите цената е дупло пониска.rn
Дали навистина го користите членството во теретана?
rnМесечната членарина која ви нуди неограничено користење на теретаната можеби звучи примамливо. Но запрашајте се колку всушност го користите тоа. Подобро платете за групни тренинзи два пати неделно на кои навистина ќе одите, но и со чија помош ќе заштедите. Ова важи и за други видови членарини и курсеви.rn
Купувајте подароци плански или на попуст
rnАко во текот на годината планирате да купувате подароци за најблиските, поделете го тој трошок неколку месеци однапред и купувајте плански. И се разбира, не заборавајте дека нема потреба да купувате скапи подароци. Доволно е само да покажете дека сте помислиле на драгата личност со едноставен подарок.rnrnСега кога знаете како да заштедите, погледнете некои предлози за патување во 2018 година.
-

10 одлични совети од луѓето кои знаат да заштедат пари
На листата со најтешките работи кои некогаш ќе ги направите сигурно е штедењето пари. Тој чин бара многу дисциплина, но и доследност, бидејќи е многу едноставно да избегате од патот и да ги потрошите заштедените пари, можеби дури и за само еден шопинг. Сепак постојат луѓе на кои штедењето природно им доаѓа, па погледнете ги нивните навики кои со сигурност ќе ви помогнат и вие да заштедите некој денар…rnrn
rn1. Направете список пред да отидете во маркет
rnМногу е лесно да заминете во маркет и во корпата за пазарење да ставите производи кои ви се допаѓаат, иако реално воопшто не ви се потребни. Затоа, купувањето извршувајте го промислено и со однапред подготвен план. Така ќе бидете сигурни дека сите производи ќе бидат паметно искористени. И никогаш не заборавајте – пазарете сити, а не гладни.rn
2. Прошетајте или користете јавен превоз
rnНе мора за секое движење низ градот да викате такси или да го возите својот автомобил. Гледајте на своите излегувања како на нешто многу позитивно и кажете си на себе дека вашето одредиште е доволно блиску и дека нема голема оддалеченост од точката А до точката Б. Прошетајте или користете градски превоз. rn
3. Гответе дома
rnРазмислете за својата идна недела и обидете се да организирате и однапред да подготвите оброци кои потоа ќе ги носите со себе на работа. Овој совет ќе ви помогне да заштедите и ќе ве спречи да купувате дополнителни производи. Ви ветуваме дека ќе забележите разлика во вашиот паричник и тоа по само една недела откако ќе носите свои оброци на работа.rnrn
rn4. Предложете алтернативни активности
rnДа бидете социјално активен член на заедницата може да биде многу скапо. Но, за да заштедите, не морате целосно да се изолирате од надворешниот свет. Едноставно, наместо вечера во скап ресторан, повикајте ги пријателите на вечера во вашиот дом или наместо одење во кино, организирајте филмска вечер во топлината на вашиот дом. Бидете креативни!rn
5. Отстранете се од искушенијата
rnАко знаете дека немате доволно самоконтрола за да се воздржите од купување во омилените продавници, ограничете го гледањето на производите во омилените продавници, но и во оние виртуелните. Во слободно време не шетајте во продавниците и омилените места кои само ви ги „земаат“ парите, туку одлучете се за некои поевтини алтернативи.rn
6. Откажете се од непотребните претплати
rnПрегледајте ги вашите сметки за да ги утврдите месечните плаќања. Најдете поволни решенија. Преговарајте со поевтини оператори, држете се до своите месечни рамки и откажете ја членарината за картичките или услугите кои ретко ги користите.rn
7. Поставете систем за награда и казна
rnПрифатете дека сте на лекување и дека сѐ што правите, го правите бидејќи долгорочно ќе ви биде многу подобро и полесно да издржите во сопствената кожа. Придржувајте се до планираната сума во текот на месецот. Ако случајно погрешите, бидете одговорни и вратете се на вистинскиот пат. Ако не се придржувате до правилата, натерајте се да ставите поголема сума пари настрана и на тој начин ќе се казните за наредниот пат на време да размислите што ќе направите.rnrn
rn8. „Направи сам“ проекти
rnКолку што е можно и сѐ што е можно, направете или изработете сами. Подгответе кафе дома наместо да купите од блиската кафетерија. Станете лукави и со подароците. Дознајте што им е потребно на вашите пријатели и направете им сами мали изненадувања.rn
9. Имајте соучесник
rnЗамолете некој од вашите пријатели, кој исто така сака да заштеди пари, да ви се придружи во вашите финансиски патувања. Така секојдневно ќе имате некој што ќе ве охрабрува да штедите, а и вие ќе се потсетувате зошто го правите истото додека му зборувате нему за придобивките.rn
10. Секогаш прашувајте се: „Дали тоа ми е навистина потребно?“
rnСекогаш поставувајте си го ова прашање пред да купите нешто. Продавницата е едно од нашите омилени места, но и место каде што ќе купите многу повеќе од она што ви е потребно, па не дозволувајте да бидете „маѓепсани“ од самите производи и купувајте го само она што навистина ви треба и ќе го користите.
-

7 едноставни начини да заштедите пари за патување
Речиси секој човек сака да патува, но малкумина го прават тоа. Најчестиот изговор се големите трошоци кои доаѓаат со патувањето, како и обврските на работното место. Во реалноста има многу едноставни начини на кои можете да го истражите светот, па дури и да живеете во странство некое време. Сè што ви е потребно е добар план. Во овој план се разбира спаѓа и штедењето пари, а овие 7 методи ќе ви помогнат во тоа.rnrn
rn1. Намалете ги трошоците
rnАко планирате да бидете надвор од државата повеќе од 2 месеци, треба да го подготвите вашиот дом и да ги намалите трошоците кои доаѓаат со него. Исклучувајте ги електричните направи кога не ги користите, трошете помалку вода, исклучете го системот за греење/ладење кога нема потреба од него, исклучувајте ги светилките кога не ви се потребни и на време плаќајте ги сметките за да не создавате дополнителни трошоци. Не само што ќе заштедите пари, туку на овој начин ќе придонесете и за заштита на природата.rn
2. Елиминирајте ги нездравите навики
rnЗа да заштедите пари и да го подобрите вашето здравје пред патувањето, престанете да трошите на нездрави и скапи пијалаци и немојте да јадете по ресторани. Утринското кафе пијте го дома, на работа носете оброк кој сте го подготвиле вие… Ако сакате да заштедите пари за патување отстранете ги сите непотребни (и често нездрави) навики.rn
3. Откажете се од теретаната
rnМожеби веќе сте член на некоја теретана и редовно плаќате за тоа, а голема е веројатноста да не ја посетувате редовно. Наместо да плаќате таму, чувајте ги тие пари за патување. Ако сепак сакате да продолжите со физичка активност, можете да џогирате, да вежбате во парк или пак дома да вежбате јога. Се разбира, ако сте редовен посетител на теретаната можеби нема да ви се допаѓа овој совет, но за луѓето кои не се толку активни ова е одличен начин да заштедат.rn
4. Продајте ги работите кои не ви требаат
rnАко планирате да ја напуштите земјата на подолг период, можете да се ослободите од покуќнината и електрониката во домот која веќе не ви е потребна. Наместо да ја фрлате, продадете ја на соседи, пријатели и слично. На овој начин ќе го исчистите вашиот дом од непотребните работи, но и брзо ќе заработите пари за патувањето.rn
5. Пронајдете некоја хонорарна работа
rnАко не можете да најдете нешто дополнително во вашиот град, секогаш можете да побарате на Интернет каде што има безброј веб-сајтови за фриленс работење. Можеби ќе ви биде напорно, но нека ве мотивира патувањето кое ви претстои.rn
6. Закажете ги авионските карти однапред
rnНајскапиот дел од патувањето секогаш е авионскиот лет. Но, можете значително да го намалите овој трошок ако го купите билетот многу порано. Ако во моментот немате пари за тоа, можете да користите кредитна картичка (иако е најдобро да ја избегнете оваа опција) или пак да побарате мал заем од пријателите и семејството кој ќе го вратите пред да заминете. Разликата во цените е многу голема кога закажувате неколку месеци однапред.rn
7. Закажете ги авионските карти во последен момент
rnАко поради некоја причина претходниот совет не ви се допаѓа, можете да го закажете летот во последниот момент кога сè друго ви е подготвено за патувањето. Веб-сајтовите како SkyScanner ви нудат информации за слободни места и тоа по најниска цена. Единствено треба да бидете подготвени да тргнете 1-2 денови по купувањето на билетот. Но, ако сте подготвени за истражување, што може да ве сопре?rnrnПогледнете ги и овие совети за поевтино патување низ светот.
-

Бидете паметни и економични: 28 начини како да заштедите вода
Без разлика на тоа што моментално го мислите за овој предизвик, ве уверуваме дека овие чекори до парична заштеда и чување на околината и водата за пиење се едноставни, но и многу забавни. За да заштедите вода во вашето домаќинство, вклучете ги овие работи.rnrn
rnrn1. Пократко туширање и капење. Со долгото туширање се трошат барем 4 пати повеќе вода отколку туширањето кое трае од 3 до 5 минути.rnrn2. Користење на главата на тушот со послаб млаз вода. Туширањето со ваков туш сигурно не е подеднакво како и со обичниот, но можете да заштедите до 75% повеќе вода, отколку да користите обичен туш.rnrn3. Поставување тоалетна школка со копче за двојно пуштање вода. Ваквиот механизам овозможува да пуштите појак и послаб млаз вода, во зависност од потребата.rnrn4. Додатокот за славината што ја распрскува водата овозможува рамномерна количина на вода, а истовремено користите помалку вода. Исто така, редуцирајте го прскањето за време на миење раце или садови.rnrn5. Пронаоѓање и поправање на цевките кои течат. Една капка по минута прави скоро 200 литри вода во текот на една година. Стегнете ги цевките и пронајдете ги оние кои течат.rnrn6. Поливање цвеќиња со коцки мраз. Коцките мраз се апсорбираат побавно и оневозможуваат дополнително течење на водата од саксијата. Коцките мраз кои ви паднале на подот, секогаш искористете ги за овој трик.rnrn7. Повторно користење на водата. Ако пронајдете чаша со заостаната вода некаде во домот, со неа залејте ја градината или цвеќето. Под лавабото можете да поставите и некој сад во кој ќе ја собирате ваквата вода, а потоа со неа ќе полеавте.rnrn8. Војничко туширање или туширање кое вклучува гасење на водата додека се нанесува сапун.rnrn9. Користење садови додека се бричите. Наместо со водата која тече, бричот измијте го во мала количина вода која сте ја наполниле во некој сад. Водата од садот подоцна можете да ја искористите за полевање на билките.rnrn10. Туширањето заедно со партнерот не бара дополнително објаснување.rnrn
rnrn11. Поретко туширање. Секој ден не е потребно темелно капење, па измијте ги најбитните делови во мијалникот.rnrn12. Поретко миење на косата. Косата не треба да ја миете секојдневно, особено ако не користите шампони или други производи. Бидете свесни дека колку почесто ја миете косата, отстранувате повеќе хидратантни масла од темето. Потоа, тие побрзо и полесно се насобираат за да го нахранат темето. Од овој маѓепсан круг можете да излезете со намалување на неделното миење на косата. Ако сакате здрава коса, а притоа да ја зачувате околината, применете го овој совет.rnrn13. Користење на цигла во текот на капењето. Без разлика колку необично звучи, овој трик успева. Ставете цигла или шише наполнето со камења (за да остане на дното од кадата). Ќе ви биде потребна помала количина вода за да ја наполните кадата.rnrn14. Фрлајте ги отпадоците во канта, а не во тоалетната школката. Марамчињата, остатокот од храна или помалиот отпад не фрлајте го во школката и не пуштајте вода, туку фрлете го на правилното место.rnrn15. Користете мали чаши додека ги миете забите. Нема потреба водата да тече од славината додека ги миете забите. Наполнете чаша со вода, измијте ги забите, па исплакнете ги со водата од чашата.rnrn16. Мијте го лицето во мијалникот. Ако лицето го миете темелно, користејќи препарати, направете го тоа надвор од времето за туширање. Така нема да потрошите голема количина на вода, што би се случило доколку го миете лицето за време на туширањето.rnrn17. Исклучете ги славините. Немојте никогаш да ја пуштите водата да тече од славината додека ги миете забите, лицето или рацете. Ниту пак, додека се бричите. rnrn18. Намалете ја јачината на славината. Не треба да имате посебен додаток на славината за да го намалите трошењето вода. Едноставно немојте да ја пуштате на најсилно. Дури и најмалото намалување допринесува за штедење.rnrn19. Полнење на машината за садови до крај. Никогаш немојте да ја вклучувате машината за садови доколку не е целосно исполнета со валкани чинии. На тој начин ќе потрошите помалку вода, струја и енергија.rnrn20. Потопување на чиниите со вода. Чистењето на чиниите додека тече вода од славината ќе потроши многу повеќе вода, отколку да ги намокрите. После употребата, чиниите наредете ги во лавабото и наполнете го со вода.rnrn
rnrn21. Не перете ја облеката често. Ако некое парче облека не е извалкано и можете да го носите уште неколку пати, направете го тоа.rnrn22. Перете некои парчиња облека рачно. Лесните и тенки ткаенини едноставно исперете ги на рака. Ќе заштедите вода и енергија.rnrn23. Користење една чаша за цел ден. Нека секој член од семејството користи своја и само една чаша дневно за сите пијалаци кои ги консумира.rnrn24. Мијте го овошјето и зеленчукот во сад. На овој начин ќе ги отстраните пестицидите поефикасно отколку со вообичаеното кратко миење.rnrn25. Бањање на децата заедно. Тие ќе се забавуваат, а вие ќе заштедите литри и литри вода.rnrn26. Едукација за заштита на водата. Разговарајте со наставничката на вашето дете или со другите наставници за начините на кои тие може да ги поттикнат учениците за паметно користење на водата.rnrn27. Повторно користење на водата за домашните миленици. Кога ќе ја менувате водата на вашиот домашен миленик, старата искористете ја за полевање на цвеќињата.rnrn28. Бидете пример на своите најмили. Децата најдобро учат од примери. Објаснете им што правите и обидете се да им вградите чувство на одговорност кон водата и околината.rnrnА, доколку сакате да заштедите и во други аспекти од вашиот живот, погледнете ги овие златни правила за полесно штедење. -

Генијален трик што ќе ви помогне да заштедите пари
„Кога би престанал/а со трошење пари на глупости што не ми требаат, би можел/а да купам толку многу корисни работи!“ Ако некогаш сте го помислиле ова, тогаш сигурно ќе ви се допадне следниов трик за штедење пари. Станува збор за многу едноставен и ефикасен метод што ќе ве воодушеви. Прочитајте за што станува збор…rnrn
rnПрво правило: Секоја вечер направете цифрата на сумата пари што ја имате да завршува на 0
rnМногу е едноставно: Цифрата на непотрошените пари треба да завршува на 0. На пример, сакате да ја сведете цифрата на една 0. Да речеме дека навечер кога сте си дошле дома сте имале 1.532 денари во кеш и 5.425 денари на сметка во банка.rnrnШто треба да направите? Одземете ја последната цифра од секоја бројка за да добиете 0 на крајот. Парите што ќе ги одземете, тргнете ги настрана и почнете да ги собирате.rnrnНа пример:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn1.532 денари – 2 денари = 1.530 денариrnrn5.425 денари – 5 денари = 5.420 денариrnrn[/message_box]rnrnНа овој начин ќе заштедите 7 денари таа вечер. Но, можете да ги сведете бројките на повеќе нули. На пример, на две:rnrn[message_box title=”” color=”yellow”]rnrn1.532 денари – 32 денари = 1.500 денариrnrn5.425 денари – 25 денари = 5.400 денариrnrn[/message_box]rnrnВака ќе заштедите 57 денари.rnrn
rnВторо правило: Префрлете ги сите непотрошени пари на штедна книшка
rnПред да земете плата на крајот од месецот, зачувајте ги сите непотрошени пари. На пример, да речеме дека ви останале 600 денари во кеш и 2.000 денари во банка. Само префрлете ги на вашата штедна книшка.rn
Предности на овој метод:
rn1. Ќе знаете точно колку пари имате секое утро, и таа бројка секогаш ќе биде заокружена.rnrn2. Ќе почнете да го контролирате вашето трошење и ќе престанете со купување глупости.rnrn3. И што е најважно: Навистина ќе заштедите пари!rnrnНе можете да престанете со трошење пари? Прочитајте ги и овие 13 златни правила за полесно штедење.
-

4 чести навики кои треба да ги отстраните ако сакате да заштедите
Кога се парите во прашање, секогаш треба да бидете внимателни, бидејќи постојат ситуации во кои не сме ниту свесни дека трошиме повеќе отколку што треба. Или пак, можеме да заштедиме уште повеќе доколку сме повнимателни. Затоа ви откриваме четири секојдневни навики кои предизвикуваат да трошите многу повеќе одошто е потребно.rnrn
rn1. Непромислено купување
rnКупувањето без план не е добра идеја, па затоа одвојте неколку минути и напишете список на работи кои ви се потребни за да ги избегнете непотребните трошоци за купување на она што моментално не ви е потребно. Во оваа група спаѓаат и купувањето на работи кои се на распродажба и онлајн шопингот. Секако дека цените на распродажбата се секогаш најпривлечни, но нема потреба да купувате работи од кои всушност немате никаква корист. Секогаш добро размислете и запрашајте се дали одредена работа ви е навистина потребна.rn
2. Секојдневно купување кафе
rnСекако дека нема ништо лошо во повременото купување кафе, но секојдневното трошење пари за оваа цел едноставно нема никаква смисла. Многу повеќе ви се исплати да испиете еден филџан кафе дома, наместо секое утро да купувате додека одите на работа. Ова е една од навиките кај која износот можеби не изгледа голем во моментот, но ако пресметате на годишно ниво – бројката е огромна!rnrn
rn3. Често ручање во ресторани
rnАко можете да си дозволите плаќање на оброците тогаш е во ред, но доколку сакате да заштедите ова е еден од оние трошоци кои би требало да ги избегнувате. Купувањето на производите за готвење и нивната подготовка ќе ве чинат помалку отколку секојдневно да купувате целосен оброк. Освен тоа, на овој начин ќе можете да влијаете на тоа што ќе го јадете и дури ќе можете да започнете и поздраво да се храните.rn
4. Им позајмувате пари на вашите пријатели
rnСосема е во ред да им помогнете на вашите пријатели кога им е потребен тој вид на помош. Но, создавање навика за редовно позајмување пари не е добра идеја. Можно е кога вие ќе му позајмите некому пари, токму тогаш да ви затреба тој износ. Или уште полошо, ако вашето пријателство се промени и ако се оддалечите, никогаш повеќе нема да ги видите тие пари. Затоа, многу добро внимавајте пред да се одлучите на овој чекор.
-

Како да почнете да штедите дури и ако сте голем потрошувач?
Сите сме свесни зошто е важно штедењето пари. Прво, тоа е основниот и најважниот чекор кон финансиската независност. Второ, заштедените пари може да се најдат кога работите ќе тргнат на лошо или пак, ако се појават некои неочекувани трошоци. Трето и последно, важно е да знаете како да управувате со вашите финансии за кога навистина ќе има потреба од тоа, да можете да подигнете кредит.rnrn
rnrnПа како да почнете со штедење? Погледнете некои од овие техники и трикови кои доколку правилно ги примените, сумата на вашите сметки ќе се зголеми.rn1. Кажете им „Не“ на продолжените гаранции
rnСекогаш кога купувате нешто сакате да бидете сигурни дека сте купиле квалитетна роба која ќе ви служи повеќе месеци или години. Како резултат на ова сигурно сте во искушение да го продолжите и рокот на гаранцијата, кој не е ништо друго освен трошење повеќе пари. Ако не сте несмасни, немате потреба од продолжување на гаранцијата. Доколку не сакате да користите нешто повеќе од една година, речиси сигурно ќе купите нешто ново иако старото сè уште функционира.rn
2. Купувајте постара електроника
rnОва е одличен начин да заштедите пари, а истовремено да добиете добри продукти. Обично плаќате многу повеќе за нешто бидејќи е производство на некој познат бренд. Причината за тоа е мислењето дека колку е брендот попознат, толку поквалитетна е робата. Не мора секогаш да ги имате новите модели на смартофони или таблети. Ќе имате одличен продукт, а ќе платите значително помалку. Лошата страна на ова е што нема секогаш да бидете во чекор со најновите модели, но за една година ќе можете да ги најдете за многу пониска цена.rn
3. Направете си неделен предизвик
rnМногу корисен трик за штедење е неделниот предизвик. Сè што треба да направите е да одредите сума која секоја недела ќе ја тргате настрана. На крајот на секоја недела дуплирајте ја сумата. На пример, ако почнете со 50 денари, на крајот на првата недела ќе имате 50, на крајот на втората 100, на крајот на третата 200 и така натаму.rn
4. Научете да бидете трпеливи
rnТрпеливоста е многу важна и тоа со добра причина. Кога станува збор за штедење пари, може да заштедите многу доколку сте трпеливи. Како прво оваа особина ви дава можност да најдете подобар продукт за пониска цена. Потоа, можете да чекате да почне некоја распродажба, па тогаш да го купите она што ви треба. Исто така, многу продавници нудат попуст доколку купите повеќе продукти наеднаш, па подобро е да зачувате пари и да купите неколку работи што ви се потребни, притоа трошејќи помалку пари.rn
5. Зачувајте пари на превоз
rnМногу пари се трошат за превоз без разлика дали станува збор за гориво или пак, плаќање такси. Можете да се договорите со колегите од работа да одите со еден автомобил, или пак ако трошите премногу пари за такси, почнете да го користете јавниот превоз. Доколку не ви се допаѓаат овие опции секогаш можете да инвестирате во велосипед кој покрај превозот одличен е и за вашето здравје.rn
6. Откажете ги непотребните претплати
rnМногу пари се трошат на претплати за работи кои не ги ни користите. Затоа ограничете се само на една претплата која навистина ви е потребна во текот на месецот.rn
7. Не давајте пари за брендови
rnСигурно плаќате многу за нешто бидејќи е бендирано, но всушност таа роба има висока цена без некоја причина. Можеби сакате добар телефон или компјутер и би дале повеќе пари. Сепак тоа е инвестиција која ќе ве служи неколку години. Но, кога станува збор за полначи, кабли, слушалки и слично, подобро е да најдете нешто со поприфатлива цена.rn
8. Избегнувајте да јадете надвор
rnЕден начин да извршите финансиско самоубиство е честото јадење по ресторани. Иако можеби уживате во добро приготвената храна и во услугата, сепак е важно да ја практикувате трпеливоста која ја спомнавме погоре. Многу е поевтино и поздраво сами да си ги подготвувате оброците. Денес има безброј веб-сајтови и видеа кои ќе ви помогнат со готвењето, па шансите да не ви успее ручекот се навистина мали.rn
9. Разгледајте ги апаратите кои штедат енергија
rnПарите кои досега ги имате зачувано може да ги инвестирате во апарати кои штедат електрична енергија. На овој начин значително ќе ги намалите месечните сметки. Може да купите светилки кои штедат или пак, инвестирајте во сончеви колектори.rnrnПогледнете ги и овие правила кои ќе ви помогнат да заштедите.
-

Мали трикови со кои навистина можете да заштедите пари
Сакате да купите нова чанта, неопходни ви се патики за пролет, а баш неодамна сте виделе фустан кој изгледа прекрасно, кој не ви е во моментов потребен, но мора да биде ваш? А оние фармерки што се на попуст? Единственото прашање во оваа ситуација е кој ќе го финансира сето тоа. Некој дефинитивно ќе ви каже дека треба за почнете да штедите, но тоа за вас воопшто не е лесно. Како да заштедите кога од сите страни ве мамат ситници кои баш во тој момент мора да ги имате? Единствено, да не излегувате од домот. Но, да заштедите воопшто не е тешко доколку знаете како. Тоа воопшто не мора да биде некоја голема сума, туку секојдневно зачувувајте по малку, а на крајот од месецот ќе се изненадите од резултатот.rnrn
rnrn1. На пример, наместо секое утро да трчате во омилената кафетерија по вашата доза кофеин, едноставно направете си кафе сами. Можеби уживањето не е исто, но кафето си е кафе! Еднаш неделно можете да се почестите со „специјална“ течност, но во текот на останатите денови разбудете се малку порано и уживајте во домашната атмосфера.rnrn2. Понатаму, она што исто така можете да го правите сами е да ги подготвите (барем понекогаш) вашите дневни оброци. Многу ќе заштедите доколку на работа понесете свој сендвич или јадење/салата кои самите сте го подготвиле, наместо да давате пари по скапи ресторани. Повторуваме, можеби не секој ден, но обидете се почесто да го правите тоа.rnrn3. Сами можете да си ги лакирате и ноктите! Дури и ако инвестирате пари во квалитетен лак за нокти, повторно ќе поминете поевтино отколку секоја недела да одите на маникир.rnrn4. Набавете каса и собирајте го ситниот кусур што досега ве нервирал во паричникот, па секаде сте оставале „дебел“ бакшиш. Заборавете на таа каса, а кога ќе дојдат „црни денови“ , ете ви мало богатство.rnrn
rnrn5. Сетете се кога сте биле студент. Пред да излезете во град, пиете една пијачка дома, па во градот купувате само една пијачка.rnrn6. Водете сметка за вашите сметки. Внимавајте кога и колку трошите електрична енергија, навикнете се на евтината тарифа и така натаму.rnrn7. Дали некогаш сте размислувале да ги продадете работите кои не ви се потребни? Целата таа облека која сте ја облекле еднаш, а потоа сте заборавиле на неа, продајте ја и ќе добиете инстант заработка.rnrn
rnrn8. И кога сме веќе кај (не)рационалното купување, пред да тргнете во шопинг, направете листа која ги содржи само оние најосновни и најпотребни парчиња облека и држете се до неа. Контролирајте ги вашите трошоци. Размислете два пати во моментот кога сакате импулсивно да купите нешто. Сетете се дека сакате да заштедите пари и држете се до тоа.rnrn9. Исто така, освен од шопингот, можете да заштедите и на некои социјални активности, како на пример, одете на прошетка, наместо во кафуле на пијалак. Трчајте во паркот, наместо во теретана. Размислете за секој ваш ден и она што го правите и лесно ќе сфатите што можете да исфрлите од својот распоред, а да ставите во паричникот.