КАФЕ ПАУЗА

Tag: штедење

  • 12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    12 начини преку кои мислите дека штедите, но всушност ве чинат поскапо

    Колку пати досега ви се случило да купите нешто затоа што е евтино, а тој предмет, парче облека или храна, воопшто не ви се потребни? Или постојано следите попусти, а по некое време кога ќе сe пресметате, ќе сфатите дека и не сте заштедиле многу, дури и сте платиле повеќе од планираното. Постојат некои трикови со кои трговците ги намамуваат потрошувачите, но тоа е и нивната работа. Затоа, внимавајте на што ги трошите вашите пари. Ние ви нудиме 12 моменти за кои мислите дека штедите финансии, а всушност на долг рок ве чинат многу поскапо.rnrn(1) 12 начини преку кои мислите дека штедите, а всушност ве чинат поскапоrn

    1. Купувате евтин мебел или апарати за домаќинство

    rnКога станува збор за штедење при купување мебел и апарати за домаќинство треба добро да се размисли. Голем дел од луѓето тешко се одлучуваат да купат поскапи парчиња мебел или техника. Но, одлуката да се купи евтин мебел и апарати, многу често значи дека набрзо ќе треба да ги замените со нови, па може да ве чини двојно или тројно повеќе. Можеби ќе најдете кревет за многу ниска цена, но по некое време ќе се покаже како сосема неудобен за седење или спиење. Истото се случува и со кујнските апарати и другата техника. Купувајте паметно, некогаш е подобро некои работи да се платат поскапо. Квалитетот игра важна улога при изборот.rn

    2. Купувате работи само затоа што се на попуст

    rnОваа навика може многу да ве чини. Постојано сте опкружени со огласи и реклами за големи снижувања, но потрудете се да не обрнувате многу внимание на нив и запрашајте се што е она што вистински ви треба. Без оглед колку и да е ниска цената на она што го купувате, сепак парите ќе ги дадете за нешто што не ви треба. Таквите предмети или облека обично завршуваат заборавени во плакарите и фиоките.rn

    3. Не плаќате осигурување или ја плаќате најниската стапка

    rnОва е една честа грешка меѓу луѓето. Никој не мисли на „црните денови“, кои секако не значи дека со сигурност ќе дојдат, но секогаш е подобро да сте осигурени, како вие, така и личниот имот. Сè може да се случи во животот. Избегнувајќи ја ниската месечна рата при плаќање на некое осигурување, може да ви предизвика голема главоболка и проблеми во одреден момент од животот.rn

    4. Го игнорирате одржувањето на вашиот автомобил

    rnАвтомобилот секогаш сигнализира кога му е потребна некаква обнова. Колку повеќе вложувате во него, толку подолго ќе ве служи. Доколку не обрнувате доволно внимание може да се создаде дефект кој подоцна скапо ќе ве чини.rn

    5. Постојано пазарувате на сајтовите за попусти

    rnТоа може навистина да се исплати, но не секогаш. Добро е да побарате одредена понуда, но доколку постојано сте вклучени и ги следите сите снижувања, постои опасност да паднете во искушение и да купувате работи и услуги кои не ви се потребни.rn

    6. Премногу го ограничувате буџетот

    rnСфатете ја оваа финансиска навика како претерано амбициозна диета. Колку повеќе се изгладнувате, толку се поголеми шансите планот да не ви успее и по неколку дена да се фрлите на масната и калорична храна. Така е и со претераното штедење. Доколку редовно си ги исполнувате потребите во границите на нормалата, ќе го намалите ризикот од прекумерно трошење одеднаш.rn

    7. Одбивате да ги употребувате кредитните картички

    rnГолем дел од луѓето во текот на животот се соочиле со одредени проблеми поврзани со кредитните картички и поради тоа изгубиле доверба во нив. Вистината е дека треба многу да се внимава на сумата која што ја имате, затоа што лесно може да се изгубите и да отидете во минус, но картичките нудат и удобност и имаат големи предности доколку паметно ги користите. Распрашајте се во вашата банка кои се поволностите кои можете да ги добиете од користењето на картичките. Секогаш советувајте се со финансиски експерти доколку имате некои нејасни прашања.rn

    8. Купувате евтини парчиња облека

    rnВо ова искушение особено често паѓаат жените. Едноставно не можете да одолеете кога ќе видите дека можете да купите здолниште или блуза по неверојатно ниски цени. Но, проблемот настанува по првото перење. Веднаш ќе ја видите вашата грешка.rn

    9. Штедите на храна

    rnМногу често се случува, наместо храната којашто ја сакате и којашто е здрава да ја замените со некој поевтин оброк. Тоа не е најдобра идеја затоа што мислејќи дека штедите, вие всушност ќе бидете принудени да купите дополнителна храна за да го задоволите апетитот. Исто така, една попаметна идеја е да ја наполните кујната со квалитетни продукти од кои можете да си зготвите здрав ручек или вечера, наместо да немате ништо во фрижидерот, па да одите во најблискиот ресторан, што ќе ве чини многу поскапо.rn

    10. Не штедите за пензионерските денови

    rnОва е една честа грешка, особено меѓу помладата популација. Староста брзо доаѓа, затоа добро би било доколку успеете барем мал дел од вашата заработка да ја вложувате во некои пензиски фондови, кои ќе ви обезбедат долгорочна сигурност.rn

    11. Секогаш избирате промотивни услуги

    rnГолемите компании секогаш нудат промотивни цени кои звучат многу примамливо за потрошувачите. Но, по неколку месеци промоција, може да се соочите со високи цени на услугата, а договорот што сте го потпишале да не можете да го прекинете без да платите одредена казна. Затоа, секогаш кога потпишувате каков било договор, внимавајте што е напишано најдолу, со најситните букви.rn

    12. Купувате поединечни, наместо производи во поголеми пакувања

    rnКолку пати ви се случило да се одлучите да купите едно парче тоалетна хартија, затоа што не сакате да земете пакет со 12 парчиња? Следниот пат добро погледнете ја цената и ќе сфатите колку пари можат да се заштедат на големите пакувања. Тоалетната хартија е само еден пример. Речиси секој производ, барем во големите супер маркети, може да се најде во голем пакет, за неколку пати пониски цени.

  • Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите вода

    Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите вода

    Артистката и едукатор, Елизабет Бјучар, измислила нов и интересен начин на кој можете да штедите вода. Станува збор за проектот наречен „Мојата завеса е зелен воин“, каде што завесата за туширање по само 4 минути се претвора во боцки со цел да ве натера да излезете.rnrn(5) Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите водаrn

    „Овие завеси не се создадени за маркетинг, туку целат кон развивање дебата за проблемите со водата“, вели таа. „Доколку не сакате да бидете заробени, мора да излезете порано со цел да го спречите оштетувањето на околината. Завесата се исполнува со воздух, додека целиот проект е само концепт.“

    rn

    Вие можете да се туширате нормално 4 минути

    rn(1) Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите водаrn

    Но, потоа мора да излезете

    rn(2) Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите водаrn

    Бидејќи ако не го сторите тоа, ќе ве нападнат боцки!

    rn(3) Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите водаrn

    Кои ќе ве избркаат од под тушот

    rn(4) Имате 4 минути да се истуширате пред оваа завеса да ве избрка со цел да заштедите водаrn

    Водата е заштедена и мајката природа е среќна…

  • Луѓе кои не дозволиле нивната лоша финансиска состојба да застане на патот до нивните соништа

    Луѓе кои не дозволиле нивната лоша финансиска состојба да застане на патот до нивните соништа

    Соништата не чинат ништо, а токму тоа можат да го докажат и овие иноватори кои и покрај сè успеале да ги остварат своите соништа и да го живеат животот кој тие го посакуваат. Без разлика на тоа што се шворц, тие се пример дека доколку навистина сакате нешто, вие без проблем ќе успеете да го остварите тоа!rnrn

    Ова момче кое се погрижило да има бесплатни пијалаци во текот на целата вечер.
    Ова момче кое се погрижило да има бесплатни пијалаци во текот на целата вечер.
    rnrn rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да заштедите пари на струја?

    Како да заштедите пари на струја?

    Цената на струјата често пати расте и сè потешко е таа да се плаќа. Сметките „јадат“ добар дел од нашиот месечен буџет и затоа треба да се најдат начини како да се заштеди. Со следење на овие неколку совети можете колку – толку да го постигнете тоа.rnrnКако да заштедите пари на струја?rnrnИсклучете ги електричните апарати од штекерот. Иако не работат, тие пак влечат по малку струја која додава киловат часови на вашата сметка. Микробрановата печка, лаптопот, телевизорот, полначот за мобилниот телефон и сличните трошат малку, но додаваат по некој денар на сметката која треба да се плати. За да си ја олесните работата при исклучувањето на апаратите, можете да употребите продолжен кабел и на него да ставите повеќе приклучоци.rnrnЗаменете ги сијалиците. Ставете штедливи сијалици. Иако се поскапи кога ги купувате, тие трошат до 75% помалку електрична енергија и на долг рок ви штедат пари.rnrnПукнатини во ѕидовите. Доколку ги имате, тоа значи дека домот не ви добро изолиран. Низ нив влегува студен воздух кој ќе ве натера да користите повеќе струја доколку се греете на неа.rnrnПерете на пониска температура. 90% од електричната енергија која ја користат машините за перење алишта оди на загревање на водата. Затоа селектирајте ја облеката која може да се испере на пониска температура и перете ја заедно за да заштедите.rnrnГответе со капак кога тоа е можно. Така топлината ќе остане во садот, храната ќе се зготви побрзо и ќе се потроши помалку струја.rnrnВнимавајте какви електрични апарати купувате. На пример,ако купувате фрижидер,можете да најдете таков што троши двојно помалку струја отколку некој друг фрижидер.rnrnТрошете евтина струја. Ова сигурно веќе го практикувате, но може да се повтори затоа што е најефикасниот начин да се заштеди електрична енергија, особено кога се користи со другите методи кои ги набројавме овде.

  • Како да го научите детето да се однесува одговорно со парите?

    Како да го научите детето да се однесува одговорно со парите?

    Управувањето со парите е многу важна животна вештина која не се учи на училиште, туку дома. Како ќе го научите вашето дете да се однесува со парите, така и ќе се однесува со нив. Сигурно целта ви е од него да направите млад човек кој ќе се стреми кон финансиска независност, а не кон тоа да ве гледа вас како непресушен извор на пари и постојано да очекува да ги пополните дупките кои тој самиот ги направил. Тоа можете да го постигнете ако применувате некој од овие методи додека децата сè уште се мали и интензивно учат од вас.rnrnКако да го научите детето да се однесува одговорно со парите?rn

    Касичка

    rnСекое дете треба да има касичка во својата соба. Обрнете му внимание секогаш кога ќе ставите некоја паричка внатре за да сфати дека правите нешто важно, односно дека штедењето е важно. Растресете ја касичката и покажете му дека го цените тоа што штеди пари. Можеби на почетокот нема му биде мило што парите со кои може веднаш да добие нешто вие го терате да ги трга настрана, но кога ќе стигне наградата за тоа ќе биде помотивирано.rn

    Џепарлак

    rnПоголемите деца од пет години па нагоре веќе можат да добиваат џепарлак, се разбира доколку на таа возраст се доволно зрели за тоа, а сите деца не се развиваат исто. Ако му давате малку пари на почетокот на секоја недела и тоа знае дека со тие пари треба да помине до следната, кај него веќе ќе почне да се развива чувство на одговорност. Ќе научи дека количината на пари која секој човек може да ја потроши е ограничена и не може постојано да бара повеќе.rnrnКако да го научите детето да се однесува одговорно со парите?rn

    Касички за различни намени

    rnКога детето е поголемо и му давате џепарлак, насочете го кон штедење за различни намени. На онаа една касичка која ја има додајте уште две и сега едната нека биде за мали трошоци, како чоколатца и мали играчки, во другата нека штеди за да има пари самото да купи подарок за браќата, сестрите, другарите или другите блиски за роденден, а третата нека биде за некои поскапи работи. Секогаш кога ќе добие повеќе пари и малку ќе заштеди, ќе може да ги насочи каде што мисли дека треба.rn

    Овозможете им и охрабрете ги да заработат

    rnАко тоа сака да купи нови ролерки, скејтборд или нешто слично кое чини неколку илјади денари, со џепарлакот од неколку стотини никогаш нема да успее самото да собере пари. Но, ако му овозможите некако да си ги заработи тие пари и така да добие уште некој извор на приход, тоа е можно, а ќе сфати и дека ако работи повеќе ќе има повеќе. Дозволете му да ви помогне доколку имате некаква работилница или работите работа во која би можело да ви помогне доколку извршува некои поедноставни задачи или пак дајте му повеќе пари ако заврши повеќе домашни обврски од тоа што е вообичаено. Така ќе стекне и работна етика и подобро ќе ја научи врската меѓу поголемиот напор и поголемата награда.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

    Како да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?

    Организирањето на свадба може да биде пекол. Тоа е безнадежен обид еден ден во животот да го претворите во најсреќен дотогаш, а за тоа не ви доволен партнерот туку ви требаат многу храна, алкохол, музика, цвеќиња, балони, покани и уште триста чуда. Сето тоа чини многу пари и бара доста време и нерви за да го организирате, освен ако обрнете внимание на овие неколку работи и совети од оние кои поминале низ ова.rnrnКако да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?rn

    Се памети чувството

    rnАко ги прашате оние кои одамна направиле свадба што најмногу паметат од неа, тие ќе ви речат дека тоа е начинот на кој се чувствувале. Ако вие, ако до сега не сте направиле свадба, се запрашате што паметите од оние на кои сте биле гостин/ка, ќе сфатите дека паметите само како сте се чувствувале на оваа или онаа свадба. Не ви е веќе важно кој каков фустан имал, каква била тортата или какви биле поканите. Памтите само дали ви било убаво тој ден. Затоа нема потреба да фрлате многу пари на најскапите споредни предмети кои не се битни ниту на самиот ден, ниту се паметат.rn

    Вложете во добрата забава

    rnОчигледно дека за да ја паметите свадбата по добро потребно е да организирате добра забава откако ќе заврши венчавката. Затоа вложете во добар ресторан и во добар бенд. Секако, и тие не мораат да бидат најскапите. Доколку тоа ви одговара, ди-џеите се уште поевтини.rn

    Не мора да имате премногу гости

    rnТрошоците и времето за организирање многу зависат од бројот на гостите. Не мора да имате некоја од оние свадби на кои младоженците познаваат само половина од гостите. Поканете ги оние кои ви се поблиски во моментот и споделете ја својата радост со нив. Оние кои не ви се толку блиски ќе се мислат дали да дојдат, а и ако дојдат тоа ќе биде само од љубезност, а не од блискост. Сигурно и вие сте биле во таква ситуација кога ве канеле на свадба.rnrnКако да заштедите време и пари кога ја организирате својата свадба?rn

    Размислете за почитувањето на свадбените обичаи

    rnРеално, на колку свадби сте биле, толку различни свадбени обичаи сте виделе. Тоа покажува дека немате некоја силна обврска да ја почитувате традицијата и да ги испочитувате сите свадбени обичаи и да ги купите сите предмети за да ги испочитувате. Тие не само што не се неопходни, туку додаваат и дополнителни трошоци. Не е фер и кон вас да се потчинувате на барање да правите нешто што не ви се прави, па на крај и да си платите за тоа.rn

    Заштедете на фустан

    rnВенчалните фустани чинат многу десетици илјади денари и затоа звучи разочарувачки тоа што ќе го облечете само еднаш во животот. Најдобро ќе биде да заштедитесо тоа што ќе искористите некој сервис за инајмнување венчаници какви што веќе почнаа да се појавуваат и кај нас. Друга опција за заштеда е да нарачате фустан од кројач, а не е непозната и ситуација во која ќерката на својата свадба ја носи венчаницата на мајка си.rn

    Заштедете на тортата

    rnИ онака ќе нема за сите од свадбената торта. Таа пред сè служи за сликање. Можете да купите поубава и помала која ќе ја изврши таа задача, а да имате на располагање уште неколку поголеми и поевтини од кои сите ќе каснат и нема да ви одземат премногу пари.rn

    Заштедете време и пари на поканите

    rnПоканите се забораваат многу брзо и многу лесно. И на крај сите одат во корпата за отпадоци. Вреди ли да губите време и пари во изборот?rn

    Избегнувајте ги списанијата и ТВ емисиите за свадби

    rnСписанијата и ТВ емисиите за свадби имаат доста предлози да понудат и доста работи да ви продадат. Избегнувајте ги додека не си купите или организирате сè. Не дозволувајте тие да направат да очајувате по кој знае каков фустан. Не се ставајте во состојба да губите време барајќи ги совршените чевли, кои ако воопшто ги најдете веројатно ќе треба да издвоите многу повисока сума за нив. Купете нешто во кое вие ќе бидете „вие“.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!

    Сакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!

    Според Џон Возик, тајната за станувањето милионер се крие во математиката и навиките. Токму затоа тој ги открива овие едноставни начини со чија помош и вие можете да станете милионери…rnrnСакате да бидете милионери? Погледнете како да го постигнете тоа!rn

    1. Штедете од 10 до 15 проценти од вашата плата (или повеќе)

    rnКолку повеќе штедите, толку побрзо ќе станете милионери. Едно 12-годишно истражување покажало дека оние кои штеделе околу 14% од својата плата во просек заштедувале и до 12.000 евра годишно. Доколку ги земете предвид каматите, само во тој период тие заштедиле околу 150.000 евра.rn

    2. Инвестирајте во акции

    rnМилионерите имаат многу пари бидејќи постојано ги вложуваат во акции ширум светот. Акциите ви даваат приходи и дивиденди, вие сте платени бидејќи сте инвеститор и преземате ризици со своето вложување. Истражувањето покажало дека оние кои имале 75% од своите пари врзани за акции и фондови, нивната заработка секоја година растела за 8,75%.rn

    3. Не подигнувајте готовина

    rnВашата сметка не треба да биде доживувана како касичка во форма на прасе ниту пак, како фонд за итни случаи. Стрпете се сè додека вашите пари значително не се зголемат.rn

    4. Уплатувајте во сопствен пензиски фонд

    rnНа страна од она што веќе го плаќате за пензискиот фонд, добро е и сами да се погрижите за ова. Од секоја плата издвојувајте мала сума која ќе оди токму за таа цел и погрижете се да не ги користите тие пари сè додека не се пензионирате.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Пресметајте го вашиот биоритамски број и дознајте како да дојдете до пари

    Пресметајте го вашиот биоритамски број и дознајте како да дојдете до пари

    Автор: Златко ЃорѓијоскиrnrnБиоритамскиот број е бројот кој го добиваме со собирање на броевите од датумот на раѓање, без годината. Може да ви покаже какви прилики ќе имате за напредок и прогрес во животот односно на финансиски план. Исто така, може да ви покаже кои се вашите таленти и сегменти од животот каде ќе имате најмногу успех.rnrn1-presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mkrn

    Пример на пресметување:

    rnАко сте родени на 19 јули, тогаш вашиот број е 1+9+7=17, потоа се собираат броевите додека не се добие едноцифрен број, 1+7=8. Во овој случај вашиот биоритамски број е 8.rnrn[column col=”1/3″]1.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]2.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]3.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]4.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]5.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]6.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]7.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]8.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rn[column col=”1/3″]9.presmetajte-go-vashiot-bioritamski-broj-i-doznajte-kako-da-dojdete-do-pari-kafepauza.mk[/column]rnrn

  • 15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во брак

    15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во брак

    Веќе почнувате да одите по момински забави и свадби на ваши другарки и братучетки и ви станува јасно дека не сте оддалечени од бракот за 1.000 светлосни години како што ви се чинеше до пред некое време. Ова е забавна листа на нешта што секоја девојка треба да ги направи пред да го изговори судбоносното „да“.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во бракrn

    1. Вљубете се до уши во погрешниот

    rnДа, сите го чекаме г. вистински и совршен, но додека да стигнеш до принцот мора да бакнеш неколку жаби. Тоа може да биде лошо момче кое навистина не ве заслужува, но ќе ве научи на важна лекција во животот.rn

    2. Научете се да готвите макар едно јадење

    rnНе, не омлет. Земете ги рецептите на вашата баба или мајка и научете совршено да подготвувате макар еден покомплициран оброк.rn

    3. Научете како да ја одделувате облеката при перење

    rnКоја облека е за рачно перење, која за вриење а која е за на ниска температура. Така ќе се поштедите од многу главоболки и уништени алишта кои биле облечени само еднаш. Со еден збор, станете мајстор во пералната, за ваше добро.rn

    4. Стремете се кон работата од вашите соништа

    rnНа моменти ќе се чувствувате како кученце кое си ја брка опашката, но во ред е. Важно е да не дозволите нештата за кои сте чувствувале страст да ви се излизгаат низ прсти.rn

    5. Патувајте со најдобрите другарки

    rnНаучете по неколку поздрави, пцовки и пофалби на јазикот од земјата која ќе ја посетите, спакувајте се и подгответе се за луда авантура.rnrn15 работи што секоја девојка треба да ги направи пред да стапи во бракrn

    6. Поминувајте повеќе време со вашата мајка

    rnВеќе знаеме дека мајките ни се број 1 личности, и иако некогаш не сме ги разбирале и сме мислеле дека се паднати од Марс, сфаќаме дека ни се многу важни. Научете да ѝ посветувате повеќе внимание на вашата мајка. Договарајте излегувања, шопинг и кафе муабети сè почесто.rn

    7. Организирајте го и детоксицирајте го својот живот

    rnВозрасни сте, престанете да го нарекувате големиот куп алишта во плакарот организиран. Спремете план за целосна детоксикација на животот, прекинете ги отровните пријателства, прекинете со навиката да пиете премногу по што ве следи мамурлак три дена, и со нездравата исхрана.rn

    8. Направете голем предизвик

    rnТоа може да биде некој екстремен спорт, или што било од што сте се плашеле. Едноставно сторете го тоа.rn

    9. Донирајте го своето време онаму каде што е потребно

    rnНаместо да минете неколку часа на социјалните мрежи, волонтирајте. Ќе бидете попродуктивни, задоволни со себеси, ќе стекнете ново искуство и нови пријатели и познаници.rn

    10. Научете дека оној кој сака да ве има мора да ве заслужи

    rnОва важи за девојките кои не се веќе во врска. Престанете да прифаќате понуди за состанок од типови кои не ви се допаѓаат вистински и не продолжувајте да се гледате со типови кои не се трудат да ве добијат ниту пак се однесуваат кон вас со почит. Заборавете на лигавите додворувања во дискотеките.rn

    11. Почнете да штедите

    rnЗа патувањето од соништата, за нова кола и слично. Најважно од сè, научете вистински да штедите и да не се откажувате до крај.rn

    12. Одредете го вашето мислење за клучните животни прашања

    rnКолку деца сакате да имате? Воопшто, едно, две, три или повеќе? Не дека можете однапред да испланирате сè, но гледајте да стапите во брак со човек кој ги сака приближно истите работи како и вие.rn

    13. Научете како да одите на штикли и да носите црвен кармин

    rnНо, исто така научете да имате доволно самодоверба за да излезете без воопшто шминка. Научете како да реагирате на комплименти, но и дека не ви се неопходни за да бидете среќни.rn

    14. Научете да го кажувате вашето мислење

    rnТоа е вашиот став и не му должите никому извинување ниту пак оправдување. Вашето мислење може да му биде чудно некому, но тоа не ве засега вам. Ако не се согласувате со нешто, ако некој бара од вас нешто што не можете да го направите, речете „не“.rn

    15. И за крај, најважно, научете да кажете „да“

    rnЗаслужувате да бидете среќни и сакани, па кога ќе дојде оној вистинскиот за вас и оној вистинскиот момент, речете „да“.

  • 10 знаци дека можеби станувате возрасни

    10 знаци дека можеби станувате возрасни

    Стари сте онолку колку што се чувствувате, без разлика на вашите години. Сепак, овие неколку показатели можеби ќе ви докажат дека веќе сте влегле во светот на возрасните.rnrn10 знаци дека можеби станувате возрасниrnrn1. Купувате удобна и квалитетна облека наместо брендирана. Свесни сте дека фенси облеката која ќе ја купите од тренди бутиците би ја облекле еднаш или двапати, па повеќе сакате да инвестирате во попрактични парчиња кои полесно ќе ги комбинирате за разни секојдневни прилики.rnrn2. Едвај чекате да дојде петок или сабота, но за да си останете дома. Обожавате да си се почестите со храна која сте ја нарачале со достава до дома, да се облечете во удобни тренерки и да гледате филмови додека да ви се приспие. Наредното утро наместо со мамурлак, повеќе би сакале да се разбудите свежи и да одите во теретана избегнувајќи го постојаниот нагон за повраќање.rnrn3. Штедењето пари ви станува возбудливо скоро исто колку и трошењето. Излозите по бутиците и разните технолошки гаџети и понатаму ве примамуваат, но чувството дека ќе тргнете некој денар на страна за „црни денови“ ќе ве исполни скоро исто колку и да го купите убавиот фустан, односно 50-инчниот 3Д телевизор.rnrn4. Одењето на гости кај родителите не ви е веќе обврска, туку еден вид задоволство. Иако не би сакале да се дружите постојано, некако почнуваат да ви годат придобивките од повременото дружење со родителите: спремен ручек, испрани алишта, завршување на работите кои вие немате време да појдете да си ги завршите сами.rnrn5. Најдоцна си легнувате за време на викендите. Останувањето до доцна и понатаму може инцидентно да се случи во текот на работната недела, но пиењето и станувањето со двојно поголема глава во среда наутро не ви изгледа баш како добра идеја, бидејќи знаете дека ќе треба да работите цел ден со главоболка и со недостаток на сон.rnrn6. Станувате поздрави. Важно ви е редовно да вежбате. Го регулирате внесот на витамини и минерали. Јадете повеќе зеленчук и овошје и далеку почесто успевате да им одолеете на хамбургерите и останатата брза храна. Едноставно сфаќате дека безгрижниот однос кон вашето тело од пред неколку години веќе не функционира. Ја прифаќате промената и се прилагодувате.rnrn7. Се возбудувате кога ќе добиете подарок за домаќинство. Сè почесто кога одите во маркет, застанувате кај рафтовите за домаќински работи, но особено ве радува кога некој ќе ви подари ново тавче, блендер или модерна правосмукалка.rnrn8. Повеќе не се грижите што мислат луѓето. Ова секако не важи генерално за сè во животот, но за некои работи како музиката што сакате да ја слушате, книгите кои сакате да ги читате и облеката во која одите на пазарење, едноставно веќе не ви грижа кој што ќе мисли. Имате сфатено дека постојат поважни работи во животот и повеќе не им обрнувате внимание на работите кои сосема ве дефинираа во адолесцентските денови.rnrn9. Поселективно ги градите вашите врски. Веќе не ви е грижа за луѓето кои не ве почитуваат и не се добри со вас. Наместо да се заморувате со нив, сè повеќе вложувате во пронаоѓање и задржување на оние луѓе кои вас ви се допаѓаат и ви значат и кои знаете дека исто ве гледаат вас. Сакате да го поминувате времето со нив, со луѓето кои се забавни и со кои се сложувате, а не со луѓе кои ве осудуваат.rnrn10. Полека си заминува носталгичното чувство за факултетските денови. Супер изгледаа забавите среде недела, останувањето до раните утрински часови, пиењето, секојдневното дружење со пријателите и колегите, но да се биде возрасен и зрел си има свои предности. Конечно можете да отидете на кафе сред бел ден и да разговарате за нешто друго освен за испити и колоквиуми, да работите вистинска работа и да заработувате наместо да зависите од џепарлакот од вашите родители или од келнерската плата. Се сеќавате на убавото минато, но го цените и она што го имате сега.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.