КАФЕ ПАУЗА

Tag: штедење

  • Како да заштедите, а притоа да се храните здраво

    Како да заштедите, а притоа да се храните здраво

    Добрата исхрана е клучот за здрав ум и здраво тело. Сепак, здравата исхрана може да се одрази врз вашиот џеб, а токму затоа и таа е недостапна за семејствата со ниски приходи. Еве како можете да се храните здраво со ограничен буџет.rnrnКако да заштедите, а притоа да се храните здравоrn

    Гответе

    rnЕден од најефикасните начини да заштедите е да готвите без разлика дали работите од дома или одите на работа. Доколку, пак, немате време, можете во недела да зготвите поголема количина која ќе ја ставите во фрижидер.rn

    Купувајте од локалните пазари

    rnПосетете го пазарот за овошје и зеленчук кој се наоѓа во ваша близина. Освен тоа, купувањето сезонски производи може навистина да ви помогне да заштедите.rn

    Искористете ги сите намирници

    rnПогрижете се максимум да ги искористите вашите намирници за да не фрлате ништо. Така, на пример, можете максимално да ја искористите зелката која ви е при рака па да направите чорба од зелка, да ја додадете во други јадења, или пак смуди. Бидете креативни!rn

    Користете ги попустите

    rnПонекогаш продавниците нудат големи попусти кои не смеете да ги пропуштите.rn

    Подготвувајте ги оброците однапред

    rnСигурно не сакате да готвите по напорниот ден. Затоа, добро би било да одвоите еден ден од неделата за подготовка на оброците. Притоа, не заборавајте да додадете колку што е можно повеќе зеленчук и протеини.rn

    Купувајте замрзнати производи

    rnКупувањето замрзнато овошје и зеленчук е одличен начин да се храните здраво кога имате ограничен буџет. Замрзнатите производи се поевтини околу 30 проценти од свежите и траат многу подолго, а освен тоа тие се веќе спремни за употреба така што нема да губите време на сечкање.rn

    Јадете помалку месо и млечни производи

    rnНе заборавајте да вклучите веганска или вегетаријанска опција во вашето неделно мени. На пример, можете да го замените месото со тофу или веганско сирење. Ова може да биде одлична идеја со оглед на тоа дека цената на месото поскапува.rnrnОткако ги прочитавте нашите совете за штедење, можеби ќе сакате да прочитате и за 6-те методи за штедење без одрекување.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Постојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?

    Постојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?

    Постојат многу различни видови луѓе кога станува збор за личните финансии. Откријте како да управувате со вашите пари и како да заштедите според начинот на трошењето.rnrnПостојат 6 начини на управување со вашите пари: Во која група спаѓате вие?rn

    1. Жонглер

    rnОдлуките за купување ги носите со срцето (не со главата). Со други зборови, ако видите нешто без што едноставно не можете, ќе го купите, без разлика дали станува збор за убава блуза што сте ја виделе на Инстаграм или за најновиот вид кафе во кафуле. Да чекате нешто едноставно не е ваша работа, повеќе сакате да го купите веднаш, така што сте познати по импулсивниот шопинг. Иако може да имате различни апликации на вашиот мобилен телефон што ќе ви помогнат да ги следите вашите трошоци, вие сепак не ги користите.rn

    2. Менаџер

    rnПензиски фонд или инвестиција? Најверојатно го имате тоа. Финансиската стабилност е ваша област на експертиза и сакате да планирате и да поставувате финансиски цели на долг рок. Без разлика дали штедите за следниот одмор или за домашен депозит, со вашата организација и со вашите вештини за управување можете да бидете сигурни дека ќе ја исполните својата цел. Сепак, поради оваа посветеност, понекогаш може да ви недостасува малку спонтаност.rn

    3. Живеј во моментот

    rn„Како може да го планирате утрешниот ден, кога не завршил ни денешниот?“ Ова ја сумира вашата животна мантра. Со задоволство ќе ги потрошите сите пари во еден момент, дури и ако тоа значи да позајмите малку. Живеете во моментот, а тоа значи дека многу се забавувате, иако тоа навистина не му помага на вашето идно јас во тој процес.rn

    4. Разумно (рационално) трошење

    rnСигурноста е ваша работа, а преземањето ризик дефинитивно не е. Веројатно имате ниско ниво на она што психолозите го нарекуваат „толеранција на неизвесност“, што значи дека се обидувате да се држите настрана од што било непознато. Не правите ризични набавки, но плаќате повеќе за квалитетни предмети што траат, а за големи трошоци ја користите својата заштеда.rn

    5. Самостојни

    rnИмате тенденција да барате најсоодветен начин за сè што правите, вклучувајќи го и финансиското управување. Вие сте практични, креативни и снаодливи во пристапот. Веројатно имате доволно заштеди за „црни денови“, но исто така сте подготвени да го искористите вашиот буџет ако тоа значи уживање во значајни искуства со семејството и со пријателите.rn

    6. Балансирани

    rnВашата зона на удобност е сè за вас и вие сте реалист кога станува збор за финансиите – знаете како да управувате со парите и колку имате. Вие всушност не чувствувате притисок од врсниците како другите, што значи дека не ви пречи да го прескокнете излегувањето пред платата. Освен тоа, се држите до брендовите што ги познавате и ги сакате, наместо да пробувате нови. Сигурноста ви е важна, но можеби не се чувствувате целосно сигурни во долгорочните финансиски планови.rnrnПрочитајте ги овие 3 финансиски лекции од 2020 година кои ќе ви го олеснат управувањето со парите во 2021 година.

  • 3 финансиски лекции од 2020 година кои ќе ви го олеснат управувањето со парите во 2021 година

    3 финансиски лекции од 2020 година кои ќе ви го олеснат управувањето со парите во 2021 година

    Многумина од нас со нетрпение ја чекаат зрелоста, која во нашите соништа е главно обоена од независноста и непочитувањето на авторитетите, како што се родителите и професорите. Но, она за што речиси никој не нè подготвува е управувањето со финансиите. Многу млади луѓе се губат помеѓу плаќањето сметки, трошењето пари за неопходни и секојдневните работи, угодувањето и штедењето, па за многумина тоа е научна фантастика. Бидејќи малкумина добиваат какви било упатства кога станува збор за буџетот, најчесто сите учиме од сопствените грешки, чии последици понекогаш траат подолго отколку што би сакале. Ако сакате да ги избегнете најчестите грешки што ги прават луѓето кога станува збор за финансиите и да влезете во 2021 година финансиски стабилни, следете ги советите што следуваат.rnrn3 финансиски лекции од 2020 година кои ќе ви го олеснат управувањето со парите во 2021 годинаrn

    Бидете секогаш подготвени за промени во приходот

    rnОваа година ни покажа дека ништо не е трајно. Работните места може да исчезнат преку ноќ, што значи дека приливот на пари што бил редовен до вчера, едноставно може да исчезне. Да се биде подготвен за промени кога станува збор за приходот значи заштеда за црни денови и кризи.rn

    Секогаш постои начин да се заштеди

    rnКолку пати ви се случило да купите нешто што никогаш нема да го изедете, да го носите или да го искористите? Тоа се случува кога трошите пари без никаков план или програма. Ако направите список за трошење на кој ќе ги напишете приоритетите и оние работи што навистина не ви се потребни, ќе можете да заштедите на работите што не ви се потребни навистина. Покрај тоа, можете да следите разни акции, да делите некои трошоци со вашите најблиски и слично. Покрај грижата за менталното и за физичкото здравје и повремените угодувања, штедењето е начин да инвестирате во себе и во својата иднина. Не заборавајте на тоа.rn

    Секогаш пишувајте на што ги трошите парите

    rnТрошењето пари без никаков ред и правила е несовесно и води до точка каде што нема да знаете каде отишле вашите (тешко заработени) пари. За полесен увид во трошењето, но и за полесна заштеда, најдобро би било да ја запишете секоја работа или активност на која ќе потрошите пари. Ова ќе доведе до посвесно и попаметно трошење.rnrnПрочитајте ги овие одлични совети за штедење за време на празничниот шопинг.

  • Интервју со Ангела Игновска: Како да си ја подобрите финансиската состојба и како да заштедите во овие тешки времиња?

    Интервју со Ангела Игновска: Како да си ја подобрите финансиската состојба и како да заштедите во овие тешки времиња?

    Кризата што ја предизвика пандемијата на коронавирусот и желбата да им помогне на луѓето да ја подобрат својата финансиска состојба и да заштетат пари во овој неизвесен период, ја натерале Ангела Игновска да креира профил на Инстаграм каде што ќе споделува корисни совети. Таа има 20 години и студира Менаџмент во Словенија, а во продолжение прочитајте и погледнете некои од нејзините совети како да стекнете навики за штедење.rn

    1. Што претставува „Мои финансии“, од каде потекнува идејата и колку долго се занимавате со ова?

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Мои Финансии (@moi_finansii)

    rnrn

    rnrnrn„Мои финансии“ е профил наменет за сите оние кои сакаат да ја подобрат својата финансиска состојба, но не се сигурни од каде да почнат и како да го направат тоа. Идејата за профилот ја добив од целата ситуација со пандемијата и од огромните финансиски последици со кои луѓето се справуваат како резултат на кризата.rnrnЗа жал, многу луѓе останаа без работа или имаат намалени примања. Не најдов профил кај нас кој преку практични совети би им помогнал на тие луѓе, па решив да го искористам моето знаење на оваа тема, со тоа што ќе го креирам профилот и можеби ќе помогнам некому. Па, така, го креирав профилот пред околу еден месец.rn

    2. Која е целта и од каде црпите информации за ваквите совети? Колку време ви е потребно за подготвување на една објава?

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Мои Финансии (@moi_finansii)

    rnrn

    rnrnrnЦелта на профилот е да им помогне на луѓето да научат нешто повеќе на теми како што се лични финансии, буџетирање и штедење, да создадат навики кои ќе го подобрат квалитетот на нивниот живот и ќе им помогнат да ги остварат своите финансиски цели.rnrnИнспирацијата за креирање квалитетна и лесно разбирлива содржина за сите што го следат профилот ја црпам од книги за финансии, од материјалот што го изучувам на факултет и од разни блогови што ми помогнале мене. За креирање на една објава ми се потребни од 2 до 8 часа, во зависност од темата на која пишувам.rn

    3. Дали советите што ги споделувате ви помогнале во приватниот живот? Споделете некое искуство

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Мои Финансии (@moi_finansii)

    rnrn

    rnrnrnДа, и тоа многу. Најголема промена забележав кога креирав свој буџет и навистина се потрудив да се придржувам до него, без изговори. Успеав да ја зголемам својата заштеда, да патувам и да си купам работи што претходно сметав дека не можам да си ги дозволам со моите примања. Буџетот не ве ограничува, туку напротив, ви помага да ги согледате вашите приоритети во животот.rn

    4. Каква е заинтересираноста за вашите финансиски совети? За што најчесто ви се обраќаат луѓето?

    rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Мои Финансии (@moi_finansii)

    rnrn

    rnrnrnЗаинтересираноста е огромна и тоа ме радува многу. Најголемо внимание привлекуваат 30-дневните предизвици за штедење.rnrnНајчесто добивам пораки од луѓе кои започнале да применуваат дел од советите објавени на профилот и кои за краток период веќе забележале резултати. Таквите пораки ме мотивираат да креирам уште подобра содржина.rn

    5. Дали мислите дека луѓето во Македонија лесно ги прифаќаат и ги применуваат ваквите совети?

    rnДа, и тоа навистина ме изненади. Воопшто не очекував толку голема заинтересираност уште на самиот почеток. Ова искуство ми покажа дека луѓето сакаат да направат промени, да буџетираат и да штедат, но им се потребни практични совети што би ги примениле во секојдневниот живот.rn

    rn

    rnrn rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    View this post on Instagram

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn rn

    A post shared by Мои Финансии (@moi_finansii)

    rnrn

    rnrn

    6. Кој е најдобриот совет што сакате да го споделите со нашите читатели?

    rnЗаработувањето повеќе пари нема да ги реши сите ваши финансиски проблеми. Многу е важно навреме да стекнете добри навики за трошење и штедење бидејќи во спротивно, ќе потрошите сè што сте заработиле, без разлика колку е голема таа сума.rnrnПрочитајте зошто фините и добри луѓе почесто имаат проблеми со финансиите.

  • Одлични совети за штедење за време на празничниот шопинг

    Одлични совети за штедење за време на празничниот шопинг

    Експертите за штедење решија да ги споделат своите најдобри совети кои ќе ви помогнат да потрошите многу помалку за време на празниците.rn

    1. Ослободете се од притисокот дека мора да купите нешто

    rnГабриел Пасторек, аналитичар за шопинг на Finder.com вели дека понудите за оваа година ќе траат подолго, што значи дека ќе имаме повеќе време да ги споредиме производите и цените за да извлечеме максимум од нашите пари.rn

    2. Обрнете внимание на попустите

    rnПатем, најголемите попусти се нудат за Black Friday, но со оглед на состојбата оваа година, попустите веројатно ќе започнат порано и ќе траат подолго.rn

    3. Купете на бескаматни рати

    rnИако овада ве заведе да потрошите премногу, ако сте внимателни, вели Пасторек, може да заштедите значително.rnrnОдлични совети за штедење за време на празничниот шопингrn

    4. Одлучете се за постара технологија

    rnДеновиве нема многу промени од генерација на генерација на одделни уреди. Затоа, за многу пониска цена, можете да добиете само малку послаб уред. Покрај тоа, технологијата од минатата година сигурно ќе се продава со големи попусти.rn

    5. Користете апликации

    rnПостојат различни апликации што ве известуваат каде има најдобри попусти или каде се нудат купони. Ова ќе ви заштеди време што инаку би го потрошиле споредувајќи попусти самостојно, и ќе бидете сигурни дека секогаш знаете каде е најдобрата зделка.rn

    6. Искористете ги придобивките од картичките

    rnЗа време на празниците, многу картички имаат наградни промоции кои го наградуваат купувањето со одредени поени или нешто слично. Искористете го тоа.rn

    7. Поставете буџет

    rnСите знаеме колку е лесно да се претера со шопинг за одмор, но затоа има списоци и буџети. Направете список и поставете буџет, а потоа направете ја најважната работа – држете се до нив.rn

    8. Намалете го списокот со подароци

    rnЕден од најлесните начини да заштедите за празниците е да ја намалите листата на оние на кои ќе им подарите подароци. Оваа година влијаеше на сите подеднакво и сите ќе разберат ако оваа година се согласите дека нема да си дадете еден на друг.rn

    9. Размислете за подароците кои можете да ги направите сами

    rnПодароците што самите ги правите често се најубави. Разбудете ја креативната страна во вас и создадете нешто, а на тој начин можете да заштедите многу.rnrnМожеби ќе ве интересира и 8 работи што успешните жени ги прават секој понеделник.

  • 6 навики што ве прават сиромашни

    6 навики што ве прават сиромашни

    Вашите секојдневни навики многу влијаат врз вашиот живот, па затоа многу е важно што ќе одлучите да направите денес и како тоа ќе влијае врз вашата иднина.rnrn6 навики што ве прават сиромашниrn

    Живот на кредити

    rnЕдна работа е да подигнете кредит за да го решите станбеното прашање, а сосема друга работа е да подигнете кредит за нов ајфон. Тоа е трошење пари без никаква стратегија и обид да се убедите себеси дека можете да си дозволите сè што е околу вас (а всушност не можете). Многу е лошо ако земете повеќе кредити и скоро сè што заработувате да потрошите за плаќање камати.rn

    Желба за штедење

    rnРазумната потрошувачка е прекрасна навика. Но, ако денес сте заштедиле на забар, подгответе пари за уште поскап имплант за шест месеци.rn

    Живот од плата до плата

    rnФинансиски компетентната личност секогаш има барем мала „стратешка резерва“ на банкарската картичка.rn

    Завист

    rnМожеби се грижите за тоа како другите заработуваат повеќе од вас, но попаметно е да го потрошите времето за постигнување на вашите сопствени успеси.rn

    Самосожалување

    rnКолку почесто повторувате дека ви е тешко во финансиската состојба во којашто се наоѓате, толку полошо ќе ви биде затоа што самите се „програмирате“ за уште еден дебакл.rn

    Мрзливост

    rnМногу сиромашни луѓе можат со денови да страдаат поради недостаток на финансиски средства. Поради некоја непозната причина, не им текнува да станат од креветот и да најдат уште една работа за време на викендот.rnrnАко не сакате вашите навики да ве направат сиромашни, прочитајте ги овие 9 практични совети од најбогатите луѓе во светот.

  • 3-те хороскопски знаци што едноставно не можат да заштедат ниту еден денар

    3-те хороскопски знаци што едноставно не можат да заштедат ниту еден денар

    Без разлика дали обожаваат да трошат, не сакаат да работат надвор од нивната удобна зона или едноставно уживаат во убави работи, овие три хороскопски знаци едноставно не знаат како да заштедат. Ако се најдете на оваа листа, тогаш сигурни сме и дека ќе разберете зошто сте тука!rnrnrn

    1. Стрелец

    rnСтрелците навистина знаат како да заработат пари, ни кога станува збор за нивното штедење – тие навистина се ужасни. Нивниот детски однос кон парите и неразумното трошење не им дозволува да тргнат ниту еден денар настрана. Припадниците на овој знак едноставно не прашуваат колку нешто чини, туку веднаш трошат на тоа што им носи задоволство.rn

    2. Риби

    rnРибите постојано имаат финансиски проблеми. Нивните глави се постојано во облаци па затоа и не се навикнати на тешка физичка работа. Тие најчесто заработуваат од својот талент и од отворениот ум. Па, ако е нешто надвор од нивната удобна зона, тие во текот на животот пропуштаат илјадници прилики за нормална работа, само затоа што се плашат од неуспех.rn

    3. Вага

    rnВагите имаат неверојатно чувство за убавина. Тие уживаат во естетиката и во убавината на светот околу нив. Токму затоа и тие постојано трошат на убави нешта, кои најчесто и не им се потребни. Уметникот во нив е постојано гладен за убавина, па често им даваат предност на убавите работи над неопходните, сè додека нема да им остане ни денар во џебот.rnrnДознајте и кои се 4-те најтивки хороскопски знаци во Зодијакот.

  • 7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

    7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-ти

    Никој нема да ве предупреди за искушението да ја искористите вашата прва картичка и за тоа како чувството на независност ве тера да трошите повеќе од потребното. Кога сте подготвени да заштедите, првото нешто што треба да го направите е поставување на неколку цели. Кога ќе целите кон нешто, напорната работа може да ви стане полесна. Ова не значи дека штедењето ќе биде лесно и брзо, но барем ќе бидете мотивирани. Откажувањето од неколку кафиња неделно може навистина да ви помогне во иднина. Па погледнете кои се нештата за кои би требало да почнете да штедите уште во вашите 20-ти.rn

    1. Гарнитура што навистина ќе го надгради вашиот простор

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно вашиот апартман е уреден со покуќнина што сте ја добиле од семејството или со нешто навистина евтино. Можеби сонувате за совршено уредена дневна, но важно е да знаете дека ова чини пари. Па, почнете со штедење уште сега. Квалитетната гарнитура ќе ви трае со години и навистина ќе ви го разубави животниот простор.rn

    2. Дом што можете да го наречете само ваш

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnМожеби веќе ви е преку глава секој месец да плаќате кирија. Можеби секоја година киријата се зголемува, соседите се неподносливи или сте присилени да го делите станот со цимер со кој баш и не се согласувате. Можеби дури и треба да се селите секоја година. Сето ова е навистина заморно. Веројатно гледате кон иднината и сакате место кое можете да го наречете само ваше. Оваа слобода навистина вреди, па почнете да штедите уште сега.rn

    3. Вашиот автомобил од соништата

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно во вашите 20-ти немате сопствен автомобил и го користите оној на родителите. Доколку ви е потребен, автомобилот треба да биде приоритет на вашата листа. Без разлика за каков автомобил сонувате, знаете дека ќе го користите со години за работа и забава, па сериозно размислете за штедење.rn

    4. Незаборавно големо патување

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnАко сакате искуства, веројатно сонувате за некое големо далечно патување. Засега најверојатно можете да си дозволите кратко патување во некоја блиска држава, или престој во некој друг град. Без разлика кој е вашиот одмор од соништата, би било добро да го остварите. Најдобро е да почнете да штедите уште сега за ова искуство, за полесно да ги поднесете трошоците кога ќе дојде моментот за тоа.rn

    5. Домаќински апарати што ќе траат со години

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnМожеби сега имате неколку апарати во домот кои се постари и не се во најдобра состојба. Сепак, се снаоѓате и со нив. Ова не значи дека не сонувате за нешто ново. Па, собирајте пари за да купите апарати што ќе функционираат како што треба и што ќе ви траат со години.rn

    6. Членство во квалитетна теретана

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnКога барате теретана, најверојатно ќе се одлучите за најевтината, но не значи дека не сонувате за некоја подобра. Квалитетните теретани нудат соба со пареа и сауни, добро подготвени тренери и сè што е потребно за да бидете во најдобра форма. Па целта нека ви биде да заштедите за некоја добра теретана, која сега не можете да си ја дозволите.rn

    7. Гардероба што ќе трае

    rn7 нешта за кои вреди да почнете да штедите уште во вашите 20-тиrnrnНајверојатно облеката ви е од голема важност во 20-тите. Во добриот гардеробер треба да има облека за работа, облека за забава и удобна облека за викендите. Наместо да купувате парчиња на попуст кои се распаѓаат по првото перење, обидете се да заштедите и да инвестирате во облека која навистина ќе го издржи тестот на времето. Можете дури и да се почестите со некоја дизајнерска чанта.rnrnДоколку навистина трошите многу, овие совети ќе ви помогнат да почнете со штедење.

  • 6 методи за штедење без одрекување

    6 методи за штедење без одрекување

    Многу луѓе се чувствуваат лошо кога станува збор за парите и нивно распоредување. Најчесто тоа се смета за непријатна, тешка или бескорисна задача, но овие совети навистина ќе ви помогнат да заштедите нешто, и тоа без да се откажувате од многу работи.rnrn6 методи за штедење без одрекувањеrn

    1. Метод 20/80

    rnЗа овој метод потребно е да ги исплатите сите долгови и банкарски кредити. Инвестирајте во бизнис или заштедете околу 20% од вашата месечна плата. Ова се пари кои не смеете да ги потрошите. Останатите 80% трошете ги на кој било начин.rnrnИсто така мора да запомните дека најпрво треба да тргнете пари настрана, а потоа да го трошите остатокот. Доколку 20% се премногу за вас, можете да почнете со 10%, или најмалку 5%. На овој начин ќе стекнете навика и ќе започнете фонд за штедење.rn

    2. Метод 60/10/10/10/10

    rnОвој метод функционира на следниов начин:rn

      rn 011

    • 60% од платата се користи за главните трошоци
    • rn 011

    • 10% се тргаат настрана
    • rn 011

    • 10% се за долгорочни трошоци
    • rn 011

    • 10% се за ретки трошоци
    • rn 011

    • 10% се за забава
    • rn

    rnГлавните трошоци се храна, комуналии, превоз и гардероба. Автомобилот, реновирањето на домот или исплатата на кредитот спаѓаат во долгорочни трошоци. Ретките трошоци се нешта како поправка на автомобил, посета на лекар или некој скап подарок. Доколку имате голем долг, најдобро е да ги пренамените 10-те проценти за штедење додека не го исплатите.rn

    3. Метод 10%

    rnОвој метод значи дека морате да заштедите 10% од вкупниот приход. Овој мал износ нема да влијае на вашиот буџет или квалитет на живот. Уште подобро е да ги ставате парите во банка, доколку немате потреба веднаш да ги потрошите.rn

    4. Метод на поделба

    rnВо овој случај треба да ги поделите вашите пари на два дела – првиот за секојдневни потребни, а вториот за во банка. Кога ќе ја истрошите готовината, одете во банка и извадете половина од вкупниот износ. Повторувајте по потреба. Ова е најдобриот метод за оние кои не можат да ги контролираат нивните секојдневни трошоци.rn

    5. Метод на 4 коверти

    rnНајпрво мора да ја пресметате вкупната сума на вашиот иден приход. Потоа тргате пари за големи трошоци, или штедите 10-20%. Потоа ги тргате и парите за редовни трошоци (кирија, училиште, паркинг и слично). Останатата сума поделете ја на 4 делови. Во 4 разни коверти ставете по еден дел за секоја недела. Овие пари можете да ги потрошите за што сакате, само не заборавајте на буџетот што го имате.rn

    6. Бабински метод

    rnЗа секоја важна категорија трошоци направете посебен коверт. На секој од нив напишете за што е и вкупната количина што ви е потребна. Овие категории ќе зависат од начинот на вашиот живот и можат да вклучуваат работи како храна, облека, лекови, автомобил, забава и слично. Целиот приход го делите на делови, во зависност од бројот на категории. Кога ви се потребни пари, ги земате од соодветниот коверт. Доколку ги потрошите парите за забава, најдобро е да ја избегнувате додека не го дополните ковертот. Доколку ги потрошите парите од важните коверти, како оној за храна, можете да позајмите пари од помалку значајните категории.rnrnПогледнете ги и овие едноставни начини да заштедите за патување.

  • 12-те правила за штедење на богатите луѓе

    12-те правила за штедење на богатите луѓе

    Парите ни помагаат да ги оствариме нашите соништа, сè додека заработуваме доволно и не трошиме премногу. Додека повеќето луѓе ја трошат платата за храна, облека, сметки и можеби едно патување во годината, постојат и луѓе кои имаат многу повеќе. Можеби работат исто колку и вас, но сепак заработуваат и заштедуваат повеќе. Доколку сакате да заштедите нешто, погледнете ги правилата на богатите луѓе.rnrn12-те правила за штедење на богатите луѓеrn

    1. Правилото „24 часа“

    rnМилионерите се колнат во ова правило. Можеби не треба да размислуваат два пати пред да купат нешто скапо, но пред конечно да одлучат чекаат да поминат 24 часа. Импулсивното купување често е непотребно и емоционално. Запрашајте се дали нешто навистина ви треба или само го сакате, па дури потоа одлучете дали ќе го купите.rn

    2. Плаќање само во кеш

    rnМожеби е многу поедноставно да плаќате со картичка, но кешот е подобра опција. Луѓето кои паметно трошат секогаш одбираат да плаќаат во кеш, особено за мали работи. Идејата е да се држите што подалеку од долгови. Па, почнете да ги плаќате барем оброците со кеш, а следете ги сите сметки платени со картичка за да знаете колку сте потрошиле.rn

    3. Одредете буџет и држете се до него

    rnИако ова сигурно не го слушате прв пат, одредувањето буџет и држењето до него може да ви помогне да заштедите многу. Направете ревизија за заработка наспроти трошоци и ограничете го трошењето. 50% од платата одвојте за неопходните работи, 30% за лични, а 20% тргајте настрана.rn

    4. Трошете на работи што ќе ви помогнат да заработите

    rnНема потреба да бидете мизерни за да заштедите пари. Богатите трошат пари на нешта што гарантираат долгорочно инвестирање. Па, обидете се да купувате нешта што ви помагаат со сегашната работа или што ќе ви помогнат да заработите повеќе. На пример кога купувате облека, одберете нешто погодно за работното место. Исто така вложете и во добар лаптоп доколку ви е потребен, или во добар автомобил.rn

    5. Инвестирајте во услуги што ви заштедуваат време

    rnНа богатите не им е проблем да трошат на услуги што им заштедуваат време. Тие се фокусираат на инвестирање наместо на трошење. Најмувањето дадилка, чистачка и слично ќе ви додаде квалитетно време во животот. Овие нешта можеби чинат повеќе, но ќе ви дадат време да се посветите на работата и да правите работи што ги сакате.rn

    6. Искуствата се бесценети

    rnМилионерите секогаш ги додаваат и животните искуства во нивниот календар. Приоритет им е да потрошат на нови искуства кои додаваат вредност на нивниот живот. Без проблем би ги замениле секојдневните непотребни трошоци со патување, членство во теретана и слично.rn

    7. Прво сметките, потоа сè друго

    rnКога ќе ги разберете фиксните трошоци, подобро ќе управувате со вашите пари. Уште првиот ден кога ќе ја добиете платата, најпрво платете ги сметките и долговите. На овој начин ќе знаете колку пари ќе ви останат за остатокот од месецот.rn

    8. Направете шопинг листа за годишни распродажби

    rnСите сакаме распродажби. Но колку и да се примамливи, најчесто нè тераат да потрошиме повеќе од планираното и да купиме работи што воопшто не ни требаат. Најдобро е да го планирате купувањето однапред и секогаш купувајте скапи работи на распродажба.rn

    9. Инвестирајте во работи што ве прават среќни и здрави

    rnСосема во ред е одвреме-навреме да потрошите на нешто што ќе ви помогне во хобито или во вашата страст. Инвестирајте во работи што ве прават среќни. Доколку сакате астрономија, во ред е да заштедите и да си купите телескоп, доколку знаете дека тоа навистина ќе ве направи среќни.rn

    10. Имајте денови или викенди „без трошење“

    rnЛуѓето кои знаат да штедат можат да ја контролираат желбата за непотребно трошење. Обидете се да одвоите барем еден ден од неделата во кој нема да потрошите ништо.rn

    11. Зачувајте го кусурот и искористете го

    rnНикој не ги сака монетите од кусурот. Најчесто штом ќе ги ставите во паричникот заборавате на нив. Но, зошто да не го собирате? Чувајте ги железните монети и користете ги за кафе или за ужина. На овој начин ќе потрошите многу помалку за секојдневните потреби.rn

    12. Поправајте ги нештата пред да ги фрлате

    rnИако богатите сакаат да трошат, тие му се посветуваат на секој купен предмет до самиот крај. Подобро е да ги поправате електронските направи додека можете, наместо веднаш да се откажувате од нив. Поправањето ќе ви помогне да заштедите, но и да ја зачувате планетата.rnrnПогледнете ги и правилата за штедење што треба да ги следи секоја жена.