КАФЕ ПАУЗА

Tag: шорцеви

  • Разиграјте го викенд изгледот

    Разиграјте го викенд изгледот

    Автор: Софија СионоваrnrnЗа време на викендот, правиме релаксирани комбинации со основни парчиња облека како фармерки и бела маица. Можеби звучи досадно, но со добар избор на материјали, бои и додатоци овие основни парчиња можат да изгледаат едноставно неодоливо. Сѐ зависи од начинот на комбинирање. Еве 2 начини како да ја разиграте викенд комбинацијата, а сепак да не вложите премногу труд. Сепак викендот е за одмор, нели?rnrn01-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mkrn

    1. Комбинација со маица

    rnЗа да ја разиграте обичната маичка со графички принт, потребно ви е нешто поженствено и посвечено така што ќе ги споите овие два елементи. Миди здолништата се одличен избор, бидејќи тие се сепак комотни, изгледаат прекрасно и плус додаваат по некој сантиметар. Во комбинација со штикли со интересен геометриски принт, овој изглед е совршен за дневна прошетка или кафенце со пријателките.rnrn1-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 2-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 3-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 4-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 5-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 6-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mkrn

    2. Комбинација со фармерските шорцеви

    rnФармерките се задолжително парче облека во сечиј плакар. Можете да ги носите со високи потпетици, ако самата локација ви дозволува, така што ќе изгледате повисоки. Уште едно парче што морате да го имате во вашиот плакар е и белата кошула. Пожелно е да биде пикната во предниот дел од шорцот, така што ќе го нагласи вашиот струк. Вие носете ја кошулата, а не таа вас. Исто така, не се плашете да експериментирате со накитот.rnrn7-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 8-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 9-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mk 10-Razigrajte-go-vikend-izgledot-kafepauza.mkrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Џемпер и шорцеви со висок струк – секогаш добитна комбинација

    Џемпер и шорцеви со висок струк – секогаш добитна комбинација

    Како што му се ближи крајот на летото, полека треба да свикнеме на промената во гардероберот што ни ја носи есента. Сигурно поседувате макар еден пар шорцеви со висок струк. Еве како да ги комбинирате со џемпер – секогаш добитна комбинација со која успевате да го постигнете посакуваниот ефект.rnrnЏемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинацијаrn

    Кежуал

    rnОвој изглед е микс од женствени, слатки и кежуал елементи. Искомбинирајте бели шорцеви со висок струк, може да бидат и искинати, џемпер со впечатлива и освежителна боја како ментол зелена и со интересен принт. Надополнете го изгледот со ниски морнарски патики кои даваат кежуал шмек, цветен ранец и нежни обетки за женственост а како јаготка на шлагот одберете марама за коса.rnrnЏемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинацијаrn

    Земјени тонови

    rnОваа смела комбинација остава впечаток на девојка која има за цел да го пропатува светот. Одберете едноставен и еднобоен џемпер со V-израз, лесни шорцеви со ацтеки или трајбал дезен, кожни ниски сандали и марама во топли бои за да го надополните ефектот на едноставност и комфор. Како аксесоари, одберете еднобојна голема чанта, златни обетки и голема алка или неколку округли алки.rnrnЏемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинацијаrn

    Отмено и елегантно

    rnОваа навистина тренди и елегантна црно-бела комбинација е совршена за на прв состанок. Искомбинирајте црни кожни шорцеви и бел џемпер кој може да биде сосем обичен или да има монисти како украс околу вратот. Не заборавајте ги црните хулахопки кои ќе ве топлат во веќе сè поладните ноќи и црни штикли или чевли со висока плута кои ќе ги истакнат вашите нозе и ќе добиете впечатлив изглед без многу труд. За крај одберете мала плик чанта, сребрени алки и нежни сребрени обетки.rnrnЏемпер и шорцеви со висок струк - секогаш добитна комбинација

  • Татко ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин

    Татко ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начин

    Скот Мекинтош од Јута се одлучил на многу интересен потег за да ја научи својата ќерка на лекција. Тој одлучил да ѝ покаже како се чувствува кога ќе ја види дека носи прекратки шорцеви, за таа да сфати дека тоа не е слатко. Така тој облекол жешки пантолончиња на една семејна вечера во ресторан.rnrnТатко ѝ одржува лекција на својата ќерка на многу смешен начинrnrnСвојот аутфит го надополнил и со маичка „Најдобриот татко што постои“, а фотографијата што ја споделила неговата жена Беки на својот блог, инстантно станала хит по социјалните мрежи.rn
    rn

    „Во нашето семејство имаме прилично цврсти ставови кога станува збор за скромноста. Јас верувам дека начинот на кој се облекуваме испраќа порака за нас и влијае на тоа како се однесуваме и како останатите се однесуваат со нас.“ – напишал Скот, инаку татко на седум деца

    rnТој вели дека на овој потег се одлучил кога неговата ќерка не сакала да ги пресоблече кратките пантолони кои ги одбрала за одење на поотмена вечера во ресторан. Додава и дека неговата фината успеала, бидејќи на неговата ќерка ѝ било срам да влезе со татко ѝ така облечен.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Направете шик летен шорц од стари фармерки

    Направете шик летен шорц од стари фармерки

    Стари фармерки, ножици, скалпел, моливче, кујнска даска за сечкање и машина за перење алишта. Тоа е сè што ви е потребно за да ги направите овие модерни ретро шорцеви, од стариот пар фармерки кои со години фаќаат прашина во вашиот плакар.rnrnНаправете шик летен шорц од стари фармеркиrnrn1. Облечете ги старите фармерки (долги или куси) и обележете со моливче за облека, до каде точно сакате да биде нивната должина.rnrnНаправете шик летен шорц од стари фармеркиНаправете шик летен шорц од стари фармеркиrnrn2. Соблечете ги фармерките и со ножиците почнете да сечете полукружно од надворешниот кон внатрешниот раб. Оставете поголема должина кај внатрешниот раб, бидејќи поубаво ќе изгледаат ако се покуси кај надворешниот раб. Поклопете ги двете ногавици и обележете ја неисечената ногавица, за да ги поткастрите идентично.rnrnНаправете шик летен шорц од стари фармеркиrnrn3. Повторно облечете ги шорцевите и видете дали ви се допаѓа должината. Коригирајте ги уште малку доколку така преферирате. Откако ќе ја добиете посакуваната должина, поставете ја кујнската даска на масата и со скалпел направете неколку хоризонтални линии на едната ногавица и неколку пократки на другата. Притоа внимавајте да не ги исечете џебовите и задната страна од ногавиците.rnrnНаправете шик летен шорц од стари фармеркиrnrn4. Исперете ги шорцевите во машина за перење, со цел сината боја од конците да стане бела и за да добиете подефинирани отвори. За уште повеќе да ги растресете конците, употребете пинцета и повлечете ги малку. Оставете ги шорцевите да се исушат и потоа погледнете дали ви се допаѓаат. Доколку сакате повеќе отсечоци напред, повторете ја постапката со скалпелот и машината за перење, додека да станете задоволни.rnrnНаправете шик летен шорц од стари фармерки Направете шик летен шорц од стари фармерки

  • Летен хит: шорцеви за секси изглед

    Летен хит: шорцеви за секси изглед

    Шорцевите веќе не се парче облека за опуштено издание, туку моден хит кој ова лето ги замени кратките здолништа. Тие можат да се носат во различни стилови и за различни намени.  Иако со нив ги откривате скоро целите нозе, кога се одлично искомбинирани, тие воопшто не се сметаат за непристојни и вулгарни.rn
    rn

    Шорцеви со висок струк

    rnОвие шорцеви се совршени за жени кои негуваат ретро стил и кои сакаат да го нагласат својот струк. Ваквиот вид шорцеви многу лесно може да се искомбинира и за свечени и за лежерни прилики.Летен хит: Шорцеви за секси изгледrn

    Шорцеви со дезени

    rnОваа година во мода се материјали со различни принтови мотивирани од флората и фауната, како и риги, точки или некои апстрактни егзотични мотиви. Овие модели најчесто се наменети за носење во слободно време и за лежерно уживање.Летен хит: Шорцеви за секси изгледrn

    Сако во комбинација со шорцеви

    rnДоколку одите на работа во сако, пробајте да го искомбинирате со елегантни шорцеви. Оваа комбинација можете да ја искористите и за деловни состаноци, коктели и слични настани.Летен хит: Шорцеви за секси изгледrn

    Комбинација за ноќно излегување

    rnДоколку сакате да експериментирате со стиловите и доколку сте љубители на малку поекстравагантни комбинации, особено за вечерно излегување, краткиот шорц во комбинација со интересна блуза или кошула е дефинитивно вистинскиот избор за вас.Летен хит: Шорцеви за секси изглед
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

    Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат

    Секоја девојка се труди да биде секси и да остави некаков впечаток, особено ако има посебна личност од чија страна треба да биде забележана. Ова се неколку летни парчиња облека и комбинации, кои мажите ги сметаат за секси. Мини здолништа, тесни фармерки, но и спортски и лежерен изглед често знае да им ја разбуди фантазијата, особено во лето.rn
    rn

    Ританки

    rnДелуваат природно, опуштено и оставаат впечаток дека не сте се труделе премногу околу својот изглед. Мажите го сакаат тоа.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Мини здолништа

    rnТие се слатки и секси, плус ги нагласуваат струкот и задникот… кое машко не го сака тоа?Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Тесни фармерки

    rn Тесните фармерки најдобро ги нагласуваат облините на женското тело. Делуваат спортски и лежерно, а со соодветни потпетици, одговараат на повеќе различни пригоди. Тесните фармерки се само уште еден доказ дека не мора да биде разголено за да биде секси.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Горен дел без прерамки

    rn Се гледаат рамениците и дел од грбот, затоа ваквиот изглед мами воздишки.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Рамни обувки

    rn Слатки се и женствени. Покажуваат дека личноста која ги носи е слободна, полна со самодоверба и не е опседната со својот изглед.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Летни фустанчиња

    rnСекси, лежерно, лелеаво… летно! Буди фантазија кај мажите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаатЛетни парчиња облека кои мажите ги сакаатrn

    Кратки шорцеви и обувки на висока плута

    rnКратките шорцеви во комбинација со сандали на висока плута, се одличен летен, кежуал избор. Момците ја сакаат оваа комбинација, бидејќи сандалите на висока плута, ненападно ги истакнуваат женските нозе, а кратките шорцеви ги нагласуваат колковите.Летни парчиња облека кои мажите ги сакаат
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 3 правила за носење шорцеви на работа

    3 правила за носење шорцеви на работа

    Носењето шорцеви на работа е „жешка“ тема, не само заради тоа што тие се кратки, туку и заради тоа што е вечно дискутабилен начинот на кој се носат. Дури и доколку дрес кодот, кој се почитува на вашето работно место, дозволува лежерен изглед, не смеете да дозволите шорцевите кои ги носите да изгледаат како да сте на плажа. Еве на што треба да обрнете внимание ако се одлучите да ги носите на работното место:3 правила за носење шорцеви на работа

    rnrn

      rn011

    • Одберете елегантна свила или цврст растеглив памук, а одбегнувајте го млитавиот памук и згужваниот лен.
    • rn

    rn

      rn011

    • Шорцевите треба да имаат едноставен, јасен крој како пантолоните и должината треба да им биде точно над колениците.
    • rn

    rn

      rn011

    • Кога одбирате шорцеви, размислувајте исто како кога одбирате здолниште – треба да можете да ги носите со убава блуза, спортско сако и крупен накит. Ваквиот изглед треба да го надополните со соодветни обувки: сандали со висока платформа, елегантни салонки, чевли од лакирана кожа или рамни балетанки со металик боја.
    • rn

    rn

    3 правила за носење шорцеви на работа

    rn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Задолжителни летни модни парчиња

    Задолжителни летни модни парчиња

    Го планирате годишниот одмор, секое слободно време го поминувате на кафе со пријателките, а на вашата летна гардероба од минатата година очајно ù е потребно освежување. Без разлика со колкав буџет располагате и колку нови парчиња можете да си дозволите, избирајќи ги вистинските, секогаш можете да изгледате свежо и различно. Еве неколку предлози за универзални модни парчиња кои ќе го направат вашиот изглед апсолутно летен:rnrnЗадолжителни летни модни парчињаrn

    1. Сламена торба

    rn

    Има ли нешто посоодветно за лето од сламена торба. Лесна, со земјен ефект и за опуштен изглед, оваа торба можете да ја носите додека шетате низ кафулињата во вашиот град или пак за на плажа.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    2. Нешто неонско

    rn

    Додадете неонски парчиња облека и модни додатоци во вашата гардероба ова лето. Изберете си ја омилената боја и освежете го вашиот вообичаен избор за бои на гардероба.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rn

    Најбезбедно е ваквите парчиња да се комбинираат со неутрални бои. Еве неколку примери:

    rn

    Задолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчињаЗадолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    3. Голем шешир за заштита од сонце

    rn

    Овој моден додаток е особено хит оваа година. Поволното е што одлично изгледа и има заштитна функција. Носете го со вашиот костим за капење и со омилениот пар сандали додека одите на плажа. Изберете модел кој најмногу ќе ви се допадне и ќе ви одговара.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    4. Шорцеви во сите бои

    rn

    Зафрлете ги фармерките подалеку во вашиот плакар и носете што повеќе шорцеви, и тоа во различни бои. Која и да е вашата омилена боја, сигурно ќе можете да си изберете некои. Комбинирајте ги со облека на која ù треба освежување со друга боја или пак за да го создадете оној модерен шик изглед на комбинирање парчиња во бои.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    5. Долг фустан

    rn

    Овие долги лелеави фустани се носат веќе неколку сезони, па ако си немате купено досега, крајно време е сега да го направите тоа. Овие фустани се лесни за навлекување на себе, па се добри за во секое време, кога брзате и не знаете што да облечете или пак за да го покриете костимот за капење враќајќи се од плажа. Ваквите фустани создаваат боемски изглед и се добра алтернатива за типичните летни фустанчиња.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnrn

    6. Еспадрили

    rn

    Еспадрилите се секогаш добар избор за во лето, но оваа година боите, шарите и стиловите овозможуваат секој да си го пронајде својот вкус. Без разлика дали сакате рамни, тантелени или шпицести, сигурно ќе најдете нешто по вкус.

    rn

    Задолжителни летни модни парчиња

    rnДали оваа година веќе си купивте некое од овие летни парчиња? Со што би го надградиле вашиот летен имиџ?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Костими за капење што не изгледаат добро на секого

    Костими за капење што не изгледаат добро на секого

    Оваа летна сезона ќе биде преполна со различни опции за костими за капење. Некои ќе им прилегаат на вашето тело, некои не. Тоа што го носат моделите на модните писти, не секогаш изгледа така добро и на вашето тело.Костими за капење што не изгледаат добро на секогоrn

    1. Плетен дезен

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоПлетените костими за капење се купуваат и носат само за сончање, во никој случај за да се плива со нив. Кога ќе се наводенат, се проѕираат, немаат правилен облик и со тоа го изобличуваат телото.rn.rn

    2. Бикини со висок струк

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоОва е модниот крик оваа сезона. Изгледаат феноменално, но не на сечие тело. Оние кои се поплонички во пределот на стомакот, овие бикини ќе ја нагласат таа нивна карактеристика, додека на оние со рамен стомак, кои сепак сакаат да сокријат поголем дел од него, одлично ќе им прилегаат.rn.rn

    3. Костими за капење со принтови

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоrnrnОдбегнувајте костими за капење со големи принтови сконцентрирани само на еден дел, во случајов кај градите. Нив сакате да ги покажете, а не да ги сокриете кога сте на плажа. Не предизвикувајте ги луѓето да се вртат по вас заради погрешната причина :)rn.rn

    4. Бикини-шорц

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоИ повеќе од јасно е дека не се за секого. За да се решите за вакви бикини, треба многу добро да го познавате сопственото тело. Сигурно не сакате вишокот наслаги околу стомакот или дебелките нозе да излегуваат низ овие припиени шорцеви.rn.rn

    5. Костим за капење како долна облека

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоРазграничете ги костимот за капење од долната облека. Тие се купуваат за две различни цели. Плус тоа, ваков костим за капење е сосема непрактичен, а понекогаш изгледа и смешно на нечие женско тело. Освен ако немате закажано фотосесеија на некоја од плажите, не купувајте го.rn.rn

    6. Пресечен едноделен костим за капење

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоОвие костими за капење се вистински хит во последниве години. Освен ако немате ултратенко и витко тело, овој костим не е препорачлив за вас.rn.rn

    7. Едноделни костими за капење

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секого…особено во беж боја. Иако неутралните бои се ин оваа сезона, избегнувајте ја оваа беж варијанта, освен ако не сакате сите да помислат дека сте речиси голи. Причината е едноставна – кога се наводенети се проѕираат.rn.rn

    8. Бикини-школки

    rnКостими за капење што не изгледаат добро на секогоТие без исклучок изгледаат лошо на сечие тело. Ако веќе сте ги купиле, гордо закачете ги како украсен декор во вашата соба.rnrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.