Пролетта, а наскоро и летото, се одлично време за носење бермуди и тексас шорцеви. Тие може да се комбинираат на најразлични начини, но исто така остануваат главен тренд од сезона во сезона. Но сепак, дали знаевте дека секој модел одговара на посебен тип градба на тело? Ако не сте знаеле досега, тогаш задолжително прочитајте го овој водич и одредете кои се идеалните за вас.rnrn
rn
1. Тело со облик на јаболка
rnДоколку имате заоблени рамена и силни нозе, за вас се идеални бермудите со исечени рабови. Тие ќе го формираат вашето тело на вистинскиот начин. Само водете сметка да изберете благо широк модел, а не премногу тесен.rnrn
rn
2. Ниска и ситна градба
rnНа ниските и ситни жени најдобро им стојат бели бермуди со подвиен раб, бидејќи прават нозете да им изгледаат многу подолги. Тие лесно се вклопуваат со разни стилови, а исто така би требало да бидат и тесни.rnrn
rn
3. Подолго торзо
rnБермудите со подвиткан раб кои се благо искинати ќе го привлечат вниманието кон нозете и ќе го скратат предолгото торзо. Ако се одлучите за сандали со каиши ќе го постигнете баш оној посакуван ефект, односно целата ваша фигура ќе изгледа сјајно.rnrn
rn
4. Висока и слаба градба
rnИмате идеална градба за бермуди и тоа за оние до колена. Носете што потесни модели, без разлика дали станува збор за искинати или регуларни фармерки.rnrn
rn
5. Атлетска граба на телото
rnВашето затегнато тело, особено нозете, сигурни сме дека ќе сакате да ги покажувате со гордост, па би било добро да изберете пократки модели со превиткан раб. На тој начин ќе го насочите вниманието кон вашите мускули кои нема да поминат незабележани.rnrn
rn
6. Поголемо стомаче
rnАко имате стомаче кое сакате да го прикриете, а обожавате кратки модели на блузи, тогаш идеално е да облечете бермуди со висок струк и тоа што пошироки. Доколку се искинати на крајот, тогаш сè останато ќе изгледа одлично на вас.rnrn
rn
7. Долги нозе, кратко торзо
rnДоколку спаѓате помеѓу среќниците со долги нозе, класичните модели на бермуди со хоризонтални или вертикални шари ќе направат вашите нозе да изгледаат потполно неодоливо.rnrn
rn
8. Долги нозе, долго торзо
rnПокажете ја вашата манекенска градба со помош на кратките бермуди. Искинатиот и избледен тексас ќе го привлече целото внимание кон вашите долги и витки нозе. Доколку на горниот дел носите блејзер, тогаш ќе изгледате навистина одлично.rnrn
rn
9. Тело со облик на круша
rnДоколку вашите колкови се посилни од останатите делови, кратките бермуди од кои излегуваат џебовите се идеалното решение. Искинатите или подвитканите бермуди ќе дадат илузија дека вашите нозе се подолги, а џебовите ќе го оттргнат вниманието од вашите колкови. Доколку вклопите и кошула, исто така ќе го оттргнете вниманието од вашите колкови на тенката половина.rnrn
rn
10. Витка градба со мали облини
rnВие одлично можете да експериментирате кога се во прашање моделите и должината на бермудите. Изберете ги оние со необичен принт за да ги истакнете вашите облини.rnrn
rn
11. Тело со облик на песочен часовник
rnБидејќи вашиот струк е премногу тесен, а колковите широки, изберете искинати фармерки кој ќе го насочат вниманието на вашиот најдобар дел од телото. Нека блузата биде вклопена, на тој начин што каишот ќе се гледа, а секако вашите нозе нека бидат во прв план. Можеби ќе треба некои бермуди да ги исечете, а некои да ги порабите. Најважно е во секој момент да го истакнете она што е најубаво на вас.rnrn