КАФЕ ПАУЗА

Tag: село

  • Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња

    Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња

    Фотографката Лиза Вуд од Ајдахо, САД ги претвора навидум обичните фотографии од полиња, во прекрасни, надреални и богато обоени селски пејзажи, од кои застанува здивот. Насловена „Art of Farmland“, оваа фотосерија е создадена како резултат на користење тајмлепс техника и комбинација од повеќе експозиции. Овие трикови убаво испреплетени создаваат импресивен ефект во фотографиите, кој отпрвин не изгледа толку очигледен, но е видлив доколку се загледаме подлабоко. Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња
    rn

    Се надевам дека гледачите ќе имаат прилика да ги погледнат руралните пејзажи од поинаква перспектива и дека ќе ја ценат имагинацијата зад овие фотографии и расположенијата кои ги евоцираат“ – вели артистката.

    rnНадреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња Надреални фотографии од живописни пејзажи со полиња
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Живописни села кои пленат со својата убавина

    Живописни села кои пленат со својата убавина

    Доколку вистински сакате да си ја одморите душата и телото, селскиот туризам е вистинското нешто за вас. Ова се еден мал дел фотографии направени од различни фотографи, на кои се прикажани прекрасни живописни села од сите краишта на светот. Ќе ве опијат со својата убавина и колоритност…rnrn

    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Селото на Попај во Малта
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Село на брегот на реката Нигер во Мали
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Скриено планинско село во јужна Кина
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Село во јужна Англија покриено со магла
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Хобитското село во Нов Зеланд
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Риомаџоре во Италија
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Планинско село во Иран
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Прекрасно морско село во Африка
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Халстат, Австрија
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Гасадалур, Фарски Острови
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Село сместено на Хималаите во Тибет
    rnrn
    Живописни села кои пленат со својата убавина
    Замокот Буртанг, кој се наоѓа во истоименото село во Холандија
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Најубавите села во Шпанија

    Најубавите села во Шпанија

    Шпанија има специфичен дух кој најдобро е зачуван во селата каде што ретко доаѓаат туристи. Затоа, ако некогаш ја посетувате оваа прекрасна земја, обидете се да посетите и некое од овие села.rn

    Куенка

    rnОва средновековно село е познато по куќите кои се надвиснуваат од стрмнината на која е сместено, така што Куенка изгледа како да лебди во воздухот. Се наоѓа во централниот дел на Шпанија.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Елче

    rnЕлче е мало шармантно село во близина на Валенсија кое е преубав спој на средновековна архитектура и медитеранската егзотика.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Баеза

    rnБаеза била католички бастион кога Маврите се обидувале да го покорат Иберискиот Полуостров. Од тој период останала неверојатна архитектура која ова мало место го прави привлечно за секој посетител.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Деја

    rnМногу уметници денес одат во Деја барајќи инспирација за своите следни дела. Селото се наоѓа на островот Мајорка, на 27 километри оддалеченост од големите гужви на плажите. Овде на мир може да се ужива во панорамскиот поглед над Медитеранот.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Кармона

    rnКармона се наоѓа во срцето на Андалузија. Таму ќе најдете архитектура оставена од секој освојувач кој некогаш згазнал овде, која останува да раскажува приказни од тие периоди. Иако е мало место, овде има многу ресторани кои служат традиционална андалузиска храна.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Ронда

    rnРонда може да делува застрашувачки со својата местоположба на двата раба на еден кањон, но штом заскитате по нејзините улици ќе бидете маѓепсани од неа. Кањонот ја дели на два дела, но тие се поврзани со мостови кои нудат незаборавен поглед, а покрај тоа овде се наоѓаат и некои од најстарите арени за борби со бикови.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Сантилјана дел Мар

    rnСе чини дека средниот век никогаш не завршил за Сантилјана дел Мар. Посетата на ова мало село сместено на 3 километри од Атлантскиот Океан може да ве врати назад во времето.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Михас

    rnИако Михас не се наоѓа на самиот брег на Медитеранот, туку на една падина која се спушта кон него, погледот кон морето сепак е фантастичен. Селата покрај шпанскиот брег најчесто се исполнети со модерни градби наменети за туристите, но ова село успеало да го задржи шпанскиот дух. Денес плени со своите тесни улички и средновековна архитектура.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Зафра

    rnАндалузиското село Зафра е дестинација за оние кои сакаат да го почувствуваат духот на Шпанија со сиот свој интензитет. Над него има прекрасен замок од 15-тиот век, кој е одлично сочуван.rnrnНајубавите села во Шпанијаrn

    Кадакес

    rnКадакес е обично и многу едноставно рибарско село близу границата со Франција, но токму во тоа е неговата магија. Има и прекрасни песочни плажи, а водата е совршено чиста.rnrnНајубавите села во Шпанијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Италијанската верзија на хобитското село

    Италијанската верзија на хобитското село

    Нов Зеланд е земјата која најмногу се поврзува со хобитите, но и селото Алберобело во Јужна Италија не е далеку од овој имиџ. Сите куќи во ова чудно, но шармантно село се изградени во стил кој многу потсетува на магијата на хобитскиот Шаер.rnrnИталијанската верзија на хобитското селоrnrnЛокалните жителите нив ги нарекуваат трули. Се градат со помош на градежна техника која овозможува ѕидот да го издржи она што се поставува врз него. Интересно е и тоа што се градат директно врз каменетата подлога, без копање на темели. Самата конструкција е од варовник, не се употребува малтер, а покривите се конусовидни.rnrnИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското селоИталијанската верзија на хобитското село
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Совршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светот

    Во јужниот дел од африканската држава Буркина Фасо, се наоѓа мало село од околу 1.2 хектари, наречено Tiébélé. Тоа е дом на луѓето Касена, една од најстарите етнички групи, која се населила на територијата на Буркина Фасо уште во XV век. Tiébélé е познато по фантастичната традиционална архитектура и внимателно декорираните ѕидови од куќи.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnБуркина Фасо е сиромашна држава, дури и според западно-африканските стандарди. Можеби е и најсиромашната земја во светот. Но луѓето одовде се културно богати и декорирањето на фасадите од кал на куќите, е многу битен составен дел од нивното културно наследство. Декорирањето на ѕидовите претставува задача на заедницата и тоа секогаш го прават само жените. Процесот на изработка е всушност античка вештина, која датира од XVI век од нашата ера.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnЛуѓето Касена ги градат нивните куќи целосно од природни материјали: земја, дрво и слама. Земјата помешана со слама и кравји измет формира влажна смеса со совршена пластичност, со која може да се формираат речиси вертикални површини. Куќите во Tiébélé се градени имајќи ја предвид безбедноста на ум, без разлика дали станува збор за заштита од климатски непогоди или од потенцијални непријатели. Ѕидовите се дебели околу 30 см, а домовите се дизајнирани без прозорци, освен еден или два мали отвори, кои овозможуваат доволно продор на светлина. Влезните врати се само 60 см високи, а покривите се заштитени со дрвена конструкција. По дома, мештаните си пијат од локалното пиво (dolo).rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrnПо изградбата на куќите, жените прават фрески, служејќи се со обоена кал и бела креда. Мотивите и симболите се преземени од секојдневниот живот, од религијата и од верата. Насликаните ѕидови потоа внимателно се полираат со камења, при што секоја боја посебно се полира, за да не се помешаат меѓусебно. На крајот, целата површина е обложена со природна глазура, добиена со варење мешунки од „néré“, африканско багремово дрво. Дизајните воедно служат и за заштита на ѕидовите. Декорирањето обично се завршува пред стартувањето на дождовната сезона и ја штити фасадата од дождот. Додавањето кравји измет, набивањето слоеви кал и полирањето со néré, ги прави дизајните отпорни на влажните климатски услови, овозможувајќи ѝ на структурата подолго да трае.rnrnСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотСовршено декорирани куќички од кал во најсиромашното село во светотrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куклица – оживување на старата легенда

    Куклица – оживување на старата легенда

    Ако ви треба идеја за викенд прошетка, наш предлог е селото Куклица, близу Кратово, каде ќе ги најдете камените кукли. Ова необично место им е познато на странските туристи и како камен град, а крие легенда која ќе ве натера на размислување и ќе ви ја скокотне фантазијата.Куклица – оживување на старата легендаНајпознатата легенда за ова место вели дека во дамнешно минато, на една свадба во селото Куклица се случила огромна трагедија. Една разочарана и вљубена девојка, била бесна поради тоа што момчето се жени за друга, па ги проколнала. Клетвата ги стигнала на денот на свадбата, кога веселејќи се, сите гости на веселбата, заедно со зетот и невестата, се скамениле. Локалните жители, тврдат дека на секои 5 до 6 години, се појавува по една нова камена кукла.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаНаучниот аспект е сосема спротивен. Научниците тврдат дека камените кукли се создале уште пред да се појави каква било населеност на планетава, и тоа од вертикална ерозија на вулкански карпи.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаМожеби легендите на народот не се толку логични и не звучат вистинито, сепак секогаш се поинтересни од тврдењата на научниците. Затоа легендата останала и ќе се пренесува од генерации на генерации. Ќе се зборува за разочараната девојка, нејзината клетва и скаменетите свадбари. Местото ќе ве понесе да верувате во оваа легенда, дури и да си ги замислувате лицата на свадбарите и јасно да ги гледате зетот и невестата како стојат еден до друг во прегратка.Куклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легендаКуклица – оживување на старата легенда
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за еднодневна екскурзија за 1 Мај

    Идеи за еднодневна екскурзија за 1 Мај

    Постојано велиме „Македонија е прекрасна.“ Но, колкав број од вас всушност ја виделе таа убавина со свои очи? Искористете го слободниот ден за овој 1 Мај и организирајте незаборавна еднодневна екскурзија за вас и вашите најблиски на место каде што не сте биле никогаш до сега. На тој начин, барем малку подобро ќе ја запознаете Македонија и со сигурност ќе имате поинакво искуство од овој ден кое долго ќе го паметите. rnrnЕве кратка листа на идеи кои ќе ви помогнат со изборот и доколку имате и вие некоја добра идеја споделете ја со нас.rn
    rn

    Беровско езеро – Берово

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајБеровското езеро се наоѓа на околу 5 километри од градот Берово. Поради високата надморска височина на која се наоѓа, нема многу високи температури и е многу пријатно за дневна посета. Областа околу езерото е совршена за првомајски пикник, додека пак за оние со поавантуристички дух има прекрасни шумски патеки за мала прошетка. На враќање, доколку имате време посетете ги и водопадите во Пехчево кои се наоѓаат на околу десетина километри од Берово.rn
    rn

    Колешински водопади – Струмица

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајКолешинските водопади се наоѓаат на северниот дел од планината Беласица, во долниот тек на реката Баба. Тие се едни од највисоките водопади во Македонија со висина од 15 метри. Доколку имате вишок енергија и сте расположени за прошетки, оваа локација е совршена за вас, бидејќи на околу 100 метри од овие водопади се наоѓаат неколку помали водопади, распоредени во низа со височина од 2 до 4 метри. Секој од нив има сопствена убавина по која се одликува.rn
    rn

    Маркови кули – Прилеп

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајМарковите кули се тврдини од средниот век кои го добиле името според кралот Марко, најпознатиот јунак на епското народно творештво во Македонија. Тие се наоѓаат во централниот дел од Македонија, во близина на градот Прилеп. Доколку никогаш не сте ги посетиле, оваа година е вашата шанса за тоа. Ќе си поминете одлично со најблиските и истовремено ќе научите нешто ново за историјата на Македонија.rn
    rn

    Корабски (Пројфелски) водопади – Кораб

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајОваа локација е совршена за авантуристите и за оние кои сакаат цел ден да го поминат во одење. Корабскиот водопад се наоѓа во горниот тек на Длабока Река, на планината Кораб. Се јавува во пролетните месеци поради топењето на снегот. Најдобриот пристап до водопадот е преку долината на Длабока Река. До него можете да стигнете од левата страна на реката преку селата Нистрово и Жужње или пак, од десната страна преку Бибај покрај врвот Кабаш. Дел од патеките се тесни и слабо обележани, а на неколку места треба да се преминува реката преку необезбедени премини, така што за оваа авантура добро би било доколку бидете со некој кој ја познава областа.rn
    rn

    Опсерваторија Кокино – општина Старо Нагоричане

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајДоколку ви е здодеано од традиционалните првомајски собири, оваа локација е создадена за вас. Кокино се наоѓа на врвот Татиќев Камен, на 35 километри од Куманово, а името го добило по селото кое се наоѓа во близина. Најинтересното за оваа локација е што е создадена во 1800 година п.н.е и била употребувана за следење на циклусите на Сонцето и Месечината, како и за мерење на времето.rn
    rn

    Кањон Матка – Матка

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајСе наоѓа на 17 километри од Скопје и е кањон на реката Треска (која е десна притока на Вардар). Оваа област изобилува со неверојатни пештери и голем број цркви и манастири. Од пештерите најмногу се издвојува Врело, која е една од најдлабоките во таа област. Дел од оваа пештера е над вода, а другиот дел е подводен. Во длабочината на пештерата се наоѓаат и две езера, Мало и Големо Езеро кои имаат и своја плажа.rn
    rn

    Осоговски Манастир – Крива Паланка

    rnИдеи за еднодневна екскурзија за 1 МајМанастирот Св. Јоаким Осоговски кој е стар околу 1000 години се наоѓа на 3 километри од Крива Паланка. Дабовата шума која се наоѓа околу него е совршена за кратка прошетка со најблиските. Откако ќе завршите со посетата на манастирот како и со шумските прошетки, посетете го и рибникот Гиновци кој се наоѓа на 2 километри пред Крива Паланка. Тоа е одлично место за семејна скара и првомајски пикник.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Колоритно селце сместено во карпа

    Колоритно селце сместено во карпа

    Манарола е мало рибарско селце, кое е лоцирано во округот Ла Специја, кој се наоѓа во покраината Лигурија во северна Италија. Селцето е распространето на дивиот и каменлив теснец на крајбрежјето на Лигурско Море. Тоа е едно од петте мали селца во делот од Италијанското крајбрежје познат како Чинкве тере. Чинкве Тере или преведено „петте земји“ се однесува на пет села кои ги спојува една пешачка улица: Монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаМанарола е најстарото и второто најмало селце помеѓу петте кои се наоѓаат во Чинкве Тере, чиј камен-темелник е црквата Сан Лоренцо, која датира од 1338 година. На западниот крај има малечко пристаниште, а на десниот крај се наоѓа црквата и плоштад на кој мештаните се среќаваат за да извршат разни активности. Инаку на поголемиот дел од Чинкве Тере има лозја на многу места.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Маранола има малечко пристаниште на кое има рампа за бродови, згради во разни бои и карпеста патека по која луѓето можат да се спуштат надолу за да се искапат во морето. За оние кои се спремни за малку поавантуристичко пливање, има скалички за да се качат од водата кон карпите за да скокаат, а кога ќе завршат со спортувањето можат да се искапат под тушевите.Колоритно селце сместено во карпаКолоритно селце сместено во карпаВо Манарола традиционално прво се развиле рибарската и винарската индустрија. Локалното вино т.н. „Sciacchetrà“ е прочуено по својот квалитет. Манарола заедно со останатите четири села се популарни туристички дестинации, особено во текот на летните месеци. Атракција за туристите претставува шетањето по пешачката патека која се наоѓа измеѓу Манарола и Риомаџоре т.н. Via dell’Amore (Патека на љубовта), искачување по карпестите патеки и разгледување на лозјата над селцето.Колоритно селце сместено во карпа
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пештерско село во Иран

    Пештерско село во Иран

    Скриено во далечниот северозапад на Иран, се наоѓа селото Кандован, кое не е познато само поради својата убавина, туку и поради специфичниот стил на градбата на домовите. Многу од куќите во ова село се направени во пештери сместени во конусни карпи направени од наталожен вулкански пепел.rnПештерско село во Иран Жителите на ова село тврдат дека тоа постои повеќе од 700 години. Луѓето кои се плашеле дека ќе бидат повикани за во монголската армија, бегале тука и се криеле во пештерите. Куќите се познати како „каран“, а грубо преведено зборот на турски би значел кошници.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранСо текот на годините, мештаните ги проширувале своите домови. Сега повеќето од нив имаат од два до четири ката на кои се наоѓаат простории за живеење, подрум и простории за чување добиток. Овие домови се едни од најдобрите енергетско-ефикасни во земјата, бидејќи каменот е одличен изолатор кој обезбедува добра топлина за време на долгата и ладна зима. Исто така, домовите се постојано ладни во летниот период од годината.Пештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во ИранПештерско село во Иранrn———————————————————————————————————————————————————————rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпи

    Североисточно од планинскиот масив Сера де Естрела во Португалија, се наоѓа осаменото село Монсанто, кое целосно е изградено помеѓу големи карпи. Куќите во ова место се набиени помеѓу огромни стени, кои ги разделуваат тесни калдрмести улички.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиИзгледот на селото се нема променето со векови. Дел од куќите имаат влезови изработени во Мануелски стил (португалски стил за архитектонски орнаменти од почетокот на 16-ти век), а рушевините од замокот кој бил замислен да изгледа како населба, даваат фантастичен поглед кон планината.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиВо 1938 година, на едно национално натпреварување, Монсанто било изгласано за „Најпортугалско село во Португалија“, па оттогаш со градежни рестрикции било овозможено селото да постане музеј на отворено. До селото не е лесно да се пристигне со јавен транспорт, но неверојатната панорама, пејзажите и живописноста на селото, вредат за да тргнете на едно далечно возење. Доколку патот ве однесе кон Португалија, не мислете се, појдете и уверете се во убавините на ова мало парче рај на Земјата.Неодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпиНеодоливо португалско село изградено помеѓу карпи
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.