Животот носи изненадувања до самиот крај. Колку и да мислиме дека во поодминатите години работите се попредвидливи, дека нашите сеќавања се точни, дека малку нешта можат да нè изненадат, овој роман ќе ни покаже и една друга перспектива. Независно од годините, љубопитноста, надежта и желбата за вистината ни се подеднакво важни, а потребно е само нешто да нè испровоцира.rnrn„Ова личи на крај“ е неверојатно интересна и возбудлива приказна во издание на Издавачки Центар ТРИ, за еден средовечен маж кој се труди да се помири со минатото за кое долго одбивал да размислува. Антониј Вебстер е убеден дека ги оставил спомените зад себе додека макотрпно ја градел својата иднина, но со годините, бракот му се распаѓа, семејството се растура, кариерата му завршува, па разведениот пензионер старее сам.rnrnИако е напишан во форма на сеќавања, ова е исклучително жив, актуелен и современ роман што начнува длабоки теми со кои сите ние се соочуваме во различни фази од животот, но кои некогаш ги избегнуваме или игнорираме, а ако смогнеме храброст можеме да ги надминеме. Главниот лик се сеќава на средношколските денови, на најдобрите другари, на нештата и ставовите кои во тоа време ги преокупирале, на љубовта, сексот и разочарувањата кои се неодминлив дел за тој период од животот. За предизвиците, другарството, лојалноста и моралот, кои во младоста особено ги предимензионираме и им придаваме преголемо значење, а кои ни предизвикуваат различни чувства.rnrnТокму во осаменоста на пензионерските денови, разочаран од просечноста на својот живот, Антониј наследува мистериозен спомен од минатото што го присилува секојдневно да размислува за сѐ што било и што не било, за нештата што мислел дека ги разбира. Тогаш е принуден одново да ги разгледа случките и луѓето од минатото и да размислува за својот нарав и за своето место во светот.rnrn„Ова личи на крај“ од Џулијан Барнс е роман за сите генерации! Еден од оние романи што се читаат во еден здив, полн со извонредна психолошка и емоционална длабочина и софистицираност.rnrnИнтересен до самиот крај, непредвидлив и генијален, текст кој ќе ни покаже дека нашата перцепција за себе, за она што сме и за она што сме го правеле може да ни се смени и по многу години. Интелигенцијата се развива до 20-тата година од животот, а наравот, карактерот се формира до 30-тата, и тоа се двигателите низ животниот процес, додека сеќавањата под влијание на новите факти и информации се нешто што може да се смени по многу години. Историјата ја пишуваат лагите на победниците или заблудите на поразените. А за вистината треба многу факти, размислувања и прецизно изнесени податоци. Текстот напишан во афект може да предизвика немир, но човечката постапка може да предизвика разочарување и уште поголем немир. Каењето не може ништо да промени, туку само да остави горчина во душата. Сите овие мисли поминуваат низ главата на главниот лик, а неговите сеќавања се менуваат изненадувајќи го и самиот себе.rnrnОва несомнено е роман што треба да се има во личната библиотека и што треба да се препрочитува по извесно време.rnrnЏулијан Барнс е британски автор на десет романи и добитник на многу престижни награди и признанија, вклучувајќи ја и Букерова награда за најдобар роман за 2011 година што му ја донесе токму романот „Ова личи на крај“. За своите претходни дела – „Папагалот на Флобер“ и „Расправа во тројка“, Барнс се стекна и со две високи француски признанијa, наградите Фемина и Медиси, а беше прогласен и за Командант на францускиот Орден за уметност и литература.rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn rnrn


rnrnОва доживување најчесто се поврзува со нешто за коешто вашиот свесен ум не знае дека постои. Но, можеме да се сретнеме и со уште почуден начин на појавување на овие скриени мисли. На пример, кога одеднаш ќе се сетите на збор или фотографија која нема никаква врска со она за што сте размислувале. Како зборот „портокал“ или замислување на ренде. Тие мисли изгледаат уште почудно бидејќи немаат никаква поврзаност со некое минато искуство, место или личност – мисла без никаква автобиографска основа.rnrnИ покрај тоа што мал дел од луѓето никогаш не се соочиле со вакви искуства, во едно истражување психолозите откриле дека голем број од луѓето имаат вакви мисли барем еднаш дневно. Тие најчесто се појавуваат за време на рутински активности, како додека одите по улица, си ги миете забите или пак, додека се облекувате. Тие исто така се појавуваат и кога вашето внимание е намалено.rnrnЗа некои од овие скриени мисли може да се пронајде причината. Психологот Лија Квавилашвили дава кратко објаснување на оваа тема со свој пример:rnrn
rnrnМажите кои уживаат во уметноста, балетот и некои други културни активности се чувствуваат посреќно и поздраво, според студија која била објавена во мај, 2011 година во Научното списание за епидемиологија. Исто така, за мажите физичката активност, надворешните хобија и волонтерската работа покажуваат поврзаност со степенот на нивната среќа. За разлика од нив, најсреќните жени се оние кои редовно посетувале црковни и спортски настани. Причинско-последичната врска во ова истражување е малку нејасна (можеби посреќните луѓе преферираат да посетуваат повеќе културни активности и спортување), но сепак пораката е јасна: во никој случај овие активности не можат негативно да влијаат на вас.rn
rnrnСопствениците на домашни миленици се уште една група на луѓе кои се стремат кон поголема среќа во нивниот живот. Според едно истражување кое било објавено во Научното списание за личноста и социјалната психологија, оние кои чувале кучиња изјавувале дека нивното милениче ја зголемило нивната самодоверба како и нивните чувства за припаѓање и значење. Истражувањето исто така открило и дека животните имаат слична способност како пријателите да спречуваат појава на чувство на отфрленост.rn
rnrnМоќта на позитивното размислување навистина постои, според студија од 2010 година која ги истражувала сите дотогашни студии на зголемувањето на среќата. Истражувачите кои ги објавиле своите резултати во Научното списание за за клиничка психологија, откриле дека оние луѓе кои запишувале по 3 добри работи што им се случиле во текот на неделата покажувале значајно зголемување на нивната среќа. Тие исто така откриле и дека оние кои пишувале писма со благодарност до одредени личности од нивниот живот биле посреќни со недели по завршувањето на писмото. И што е најинтересно, не морале ни да го испратат – доволно било само да го напишат.rn
rnrnИстото истражување од 2010 година покажало и дека дарежливоста може да ви помогне да бидете посреќни. Овие резултати ги добиле и на студија од 2008 година која била објавена во Списанието за наука. Во неа луѓето кои давале пари во добротворни цели биле посреќни од оние кои трошеле само за себе. И не само тоа. Тие што волонтирале без себични причини живеат подолго, според студијата објавена во август, 2011 година во Списанието за здравствена психологија. Алтруизмот исто така е поврзан и со одржувањето на поцврсти врски. Студија од 2006 година покажала дека најалтруистичните луѓе најчесто имале и најсреќни бракови.rn
rnrnЕкстровертите кои се многу социјални и полни со енергија, исто така се едни од најсреќните луѓе на светот. Не е лесно да преминете од цвет на ѕидот до центарот на забавата, но можете многу лесно да украдете трик за среќата од екстровертите: Гледајте го минатото преку розови наочари. Истражување кое било објавено во јуни, 2011 година во Списанието за личност и индивидуални разлики, покажало дека екстровертите ја должат својата среќа на нивната способност да гледаат во минатата со блага носталгија. Одржувањето на среќните сеќавања и гледањето пооптимистично на оние кои се полоши можат да направат да се чувствувате многу посреќно во сегашноста.rn
rnrnОва можеби ви изгледа несериозно, но задоволството помеѓу чаршафите честопати се поврзува со секојдневната среќа. Едно истражување кое било објавено во 2008 година во Списанието за сексуална медицина покажало дека жените кои имале редовен секс по менопаузата биле многу посреќни. Исто така, на оние кои имале невротично нарушување, сексот многу им помагал со нивната анксиозност, според студија објавена во 2010 година во Списанието на социјална психологија и наука за личноста. Прегратката и физичката приврзаност подеднакво им помага и на мажите и на жените.rn
rnrnДоколку одлучивте да ги примените претходните неколку совети, мора да бидете претпазливи. Во мај, 2011 година една студија покажала дека доколку ѝ придавате преголемо значење на среќата можете парадоксално да ја намалите.rnrn
rnrnНекои од нив се:rn
rnrnДа ја заклучам ли душава со клучот на замрзнатите чувства,rnда го исушам ли срцево-море, па да не може ТОЈ да го разбранува немирот?rnВрз последниот жар да истурам млаз студена вода,rnта да не може ни најмало ветре со емоции да разгори некоја искра?rnДа го закопам некаде во градиве, длабоко под себе,rnили да го оставам да живее?rnДа го оставам да бие?rnПроклет спомен на тебе.rnПече. Боли.rnСонувам или јаве е?rnГо слушам твојот мил шепот или студениот ветар си поигрува со мене?rnНедостигаш…rnШто остана? Само солзи и сеќавања.rnА утре? Истите талкања низ моите урнати светови.rnБарам прошка за мирен почин на твоето рамо.rnБарам да ми се врати сјајот во очиве и спокојот во душава.rnЌе земам длабоко здив, да не ми го одземеш кога ќе блеснеш под месечевата светлина.rnЌе соберам сила, да не ме соборат солзите на коленици кога ќе застанеш пред мене.rnЌе ги проголтам овие црни денови.rnЌе ја соборам суровата препрека пред мојата иднина, како што мене ме собори минатото.rnТоа е животот. Суров или не, доделен ни е.rnТоа е како клавир. Црно, бело, црно, бело и тогаш паѓа капакот.
rnrnГи памтиш ли снежните утра кои ги дочекувавме во топлина, се вкусно кафе и насмевки на лицата, а утрата беа толку бели, изгледаа така смирено и невино. А јас, јас бев сигурна дека што и да се случи, смиреноста ќе ја пронајдам со тебе. Колку и да беше бурно попладнето, твојот лик на крајот од денот ми носеше мир. Снегот се стопи, нашите траги во него исчезнаа, останаа само влажните улици, а без тебе тие се некако ладни и мрачни…Но не грижи се, среќата пак ќе најде пат до двајцата нас, само што нема да ја делиме истата.rnrnСега смирено на мојот прозорец го чекам првиот снег од новата зима, подготвена сум за него. И не се плашам, јас сум храбра девојка, можам и сама да чекорам по снегот, да ги оставам моите траги во него, моите стапки, и оваа година како дете да му се израдувам на снежно-белиот убавец. А новата љубов… ќе се случи, дали ќе ја донесе новиот снег, или пак, пролетното сонце, не е ни важно, важно ќе се случи, а во меѓувреме, со сета моја среќа, со сите мои насмевки и сета моја надеж, ќе уживам во белите утра, зашто се прекрасни!
Пред 6 години во јуни,rnтелата ни беа потенки,rnдушите послободни,rnа грижите некако детинести.rnСе соблекувавме крај ширум отворената балконска врата,rnсе допиравме како да ни е првпат,rnсе сакавме без да не оптоварува мислата за љубовта…rnСакам да е јуниrnи тоа не кој било, туку оној кога го осетив она,rnзнаеш… истото што го осети и ти.rnСега се допираме, поретко од порано,rnпоинаку од порано…rnСега сме пријатели, најверни другари,rnбизнис партнери и партнери во домот.rnМи недостига да грицкаме семки за 20,rnда шетаме цела ноќ по Партизанска,rnда ме испратиш до влезот на мојата зградаrnи пешки да се вратиш до твојата.rnМи недостига да не можеш да си дозволиш роза,rnно сепак да купиш една за мене со парите од твојот пропуштен оброк.rnБи сакала да беше јуни,rnне оној кога бев дете,rnне оној кога веќе станав жена,rnго сакам точно оној јуни,rnкога јас и ти бевме млади, заљубени и безгрижни,rnкога те сакав помалку од денес, но поубаво,rnкога не мислев на иднина, туку на сегашност,rnкога повеќе се смеев одошто плачев,rnкога твојата љубов ја купував со мојата,rnа ти мојата ја освојуваше на кредит…rnЗнам дека времето не оди наназад,rnи дека денес можеби е дури полесно од тогаш,rnно ете така, овој декемвриrnсакав да се сетам на јуни,rnне на кој било…rnна оној кога бев посреќна со помалку…


rnrn
rnrn
rnrn
rnrn














rnrnrn