КАФЕ ПАУЗА

Tag: сеќавања

  • Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

    Не заборавајте го минатото, ослободете се од него

    Минатото е токму тоа – минато. Моментите кои изминале, сеќавањата, местата кои сме ги посетиле, грешките и изборите кои сме ги направиле. Наречено е минато со причина – бидејќи дошло и заминало. Сега е зад нас. Но, тоа е сѐ уште важно. Некои велат дека треба да го заборавиме минатото. Да ги заборавиме сите наши значајни зборови кои сме им ги кажале на другите и зборовите кои ни биле кажани нам. Да ги заборавиме болните искуства и она што сме го чувствувале. Но, тие не се право.rnrnНе заборавајте го минатото, ослободете се од негоrnrnМинатото не треба да се заборава. Напротив, на многу начини, минатото треба да се прославува. Тоа нѐ учи колку сме пораснале, колку сме се развиле, што сме научиле, луѓето на кои сме им дозволиле да нѐ оформат и личноста која сме постанале. Ако го закопаме минатото, тогаш нема да можеме да учиме од грешките, нема да знаеме како да ги препознаеме своите емоции, нема да можеме ментално да еволуираме. Можеме да избереме да се ослободиме од минатото, но никогаш да го заборавиме.rnrnНаместо тоа, треба да ги чуваме сите негови лекции и среќни моменти блиску до нашето срце, а треба да се ослободиме од каењето и болката. Но, постои причина зошто не треба да ги заборавиме, а тоа е за да не ги повториме во иднината, за да се заштитиме себеси, за да бидеме свесни. Да се ослободиме од сиот товар, но никогаш да не ги заборавиме лекциите кои сме ги научиле и да не дозволиме тие да го огорчат и затворат нашето срце.rnrnИнтересното за животот е тоа што ние секогаш ќе сретнуваме нешта кои ќе нѐ потсетуваат на саканите, на навиките на луѓето кои си заминале од Земјата, на мислите за оние кои сме ги сретнале и местата кои сме ги посетиле. Секогаш ќе бидеме делчиња од своето минато, зрна песок за секоја личност која сме ја запознале, сакале, почитувале. И тоа е најубавото нешто за минатото: Тоа нѐ изградува. И без него нема да бидеме истата личност.rnrnЗатоа, не треба да го заборавиме или да се преправаме дека никогаш не се случило, ниту пак можеме вечно да се држиме за него. Клучот е да пронајдеме една средина. Место на прифаќање и сеќавање, но и место на слобода. Место кое знае што сме биле, но гледа нанапред, кон онаа личност која ќе постанеме.

  • Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?

    Поучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?

    Честопати мудроста и тајната на среќниот живот се кријат во старите поучни приказни кои секогаш носат моќна порака со себе. Во тој контекст, прочитајте ја приказната за двајцата пријатели која нѐ учи дека лошите периоди, непријатните ситуации и оние моменти кога некој нѐ повредил не треба само да ги заборавиме, туку и да се обидеме да ги простиме, бидејќи простувањето е дар кој ја ослободува душата. А, добрината, љубезноста и благодарноста се оние работи кои вреди да останат засекогаш врежани во вашите сеќавања.rnrnПоучна приказна за двајца пријатели: Како треба да го памтиме злото, а како добрината?rnrnДвајца пријатели шетале низ пустината. Во еден момент се скарале и едниот го удрил другиот. Повредениот не рекол ништо, но запишал во песокот: Денес мојот пријател ме удри.rnrnИ така продолжиле по својот пат. По некое време наишле на една оаза и одлучиле да се одморат. Но, пријателот кој бил удрен паднал во жив песок. Другиот го спасил. Во тишината, спасениот пријател изгребал на една камена плоча: Денес пријателот ми го спаси животот.rnrnОној кој го удрил и кој му го спасил животот, го прашал: „Кога те удрив, тоа го запиша во песок, а кога ти го спасив животот, тоа го забележа на камен. Зошто?“rnrnПријателот му одговорил: Кога некој ќе те повреди, тоа мора да го запишеш во песок за да може ветрот на простувањето да го избрише. А, кога некој ќе направи нешто добро за тебе, тогаш тоа треба да го запишеш на камен, за ветрот никогаш да не може да го избрише и да го однесе во заборав.“

  • Откријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазија

    Откријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазија

    Замислете си песочна плажа, каде што брановите од морето удираат на брегот, а сонцето заоѓа на хоризонтот. Успеавте? За многумина ова е лесна задача, но за еден мал дел од човештвото е невозможна. Докторите за прв пат успеале да идентификуваат состојба наречена „афантазија“ која не им дозволува на луѓето да формираат ментални слики во нивниот ум.rnrnОткријте дали и вие спаѓате помеѓу ретките луѓе кои страдаат од афантазијаrnrnСе верува дека секој 50-ти човек може да има афантазија. Некои од луѓето кои биле идентификувани со оваа состојба признале дека се чувствуваат осамено и изолирано, бидејќи знаат дека не можат да ги гледаат нештата како што повеќето можат. Исто така тие се чувствуваат вознемирено бидејќи не можат да си ги замислат дури ни блиските во своите мисли. Од друга страна, некои од нив тврдат и дека едноставно научиле како да живеат со афантазијата и сметаат дека го доживуваат животот на малку поразличен начин од другите. Една од овие личности е Нил Кенмуир од Ланкастер, Англија.rn

    „Се сеќавам дека не можев да разберам што точно значи ‘броење овци’ кога не можев да заспијам. Верував дека тоа има фигуративна смисла, бидејќи кога се обидував да го направам тоа, сфаќав дека во мојата глава нема ништо повеќе од невидливи овци. Поминав години во барање информации за мојата состојба, но не наоѓав ништо. Сега сум среќен затоа што конечно се дефинира и истражува.“

    rnКогнитивниот невролог, професорот Адам Зимен, бил првиот кој ја именувал оваа состојба во својата нова студија. Таа најпрво била идентификувана во 1880 година и одвреме-навреме била објаснувана како резултат на голема мозочна повреда, но феноменот досега привлекол многу малку внимание. Еден од пациентите со оваа состојба, Том Ибејер од Онтарио, Канада, не сфатил дека има афантазија сè додека не наполнил 21 година. Сите негови сетила биле под влијание и тој не може да се потсетува на звук, текстура, па дури и миризба.rn

    „Тоа имаше сериозно емоционално влијание врз мене. Почнав да се чувствувам изолирано и неспособно да направам нешто што е толку основно за човечкото искуство. Јас немав способност да се навраќам на сеќавања и доживувања, на миризбата на цвеќињата или пак, на звукот на гласот на љубената личност. Пред да откријат дека сè ова е можно за другите, јас воопшто не знаев ни што пропуштам.“

    rnСе верува дека визуелизацијата е резултат од низа региони кои се расфрлани ширум мозокот, но кои заедно работат за да создадат слики базирани врз сеќавањата. Се претпоставува дека оние кои имаат афантазија, некако имаат и попречување во врските на овие области во мозокот. Тоа исто така објаснува и зошто оваа состојба настанува како последица од голема мозочна штета. За нештата да бидат уште почудни, оние со афантазија не можат доброволно да создаваат слики во своите мисли, но сепак можат да сонуваат.rnrnЗимен е сигурен дека оваа состојба постои, но тврди дека не станува збор за нарушување и планира многу повеќе да истражува со цел да може да дојде до поцврст заклучок.

  • 10 причини зошто другарките од детството остануваат засекогаш најдобри

    10 причини зошто другарките од детството остануваат засекогаш најдобри

    Пријателствата од детството се оние првите, спонтаните и најискрените. Пријателките од детските денови кои сме ги одбрале спонтано следејќи го инстинктот на искреност се оние кои остануваат за цел живот. Со најдобрите другарки градиме врски кои се многу поголеми од обичните пријателства.rnrn1-10-prichini-zoshto-prijatelite-od-detstvoto-se-zasekogash-najdobri-kafepauza.mkrn

    1. Тие ве разбираат најдобро затоа што имаат присуствувано на секој ваш „прв пат“ додека растевте

    rnКако во моментите кога повраќавте во када по првата текила, тогаш кога го удривте ретровизорот додека учевте паралелно паркирање, кога ви раскина првиот дечко…rn

    2. Поминувавте низ разни непријатни ситуации во исто време

    rnВие никогаш не се задевавте меѓусебно за ненадејното растење на градите, за љубовните проблеми, за времетраењето на вашата менструација. Тие работи ви се случуваа истовремено.rn

    3. Најдобрите приказни се од времињата кога сите бевте заедно

    rnТоа не значи дека вашите студентски денови не се легендарни, но ништо нема да го надмине времето кога најголемите фраерки бегаа заедно од часови.rnrn2-10-prichini-zoshto-prijatelite-od-detstvoto-se-zasekogash-najdobri-kafepauza.mkrn

    4. Ве потсетуваат на некои стари луди случувања

    rnНа пример како времињата кога сите се пикавте во гардероба за да пробувате градници со „D“ корпа или упорно ѕвоневте на домашниот телефон на вашата симпатија и потоа спуштавте.rn

    5. Не е страшно ако не зборувате нонстоп

    rnПреплавени сте со обврски и сè што сакате во моментов е да зборувате со некоја од вашите другарки од детството за тоа колку животот е зафркнат. Таа ви крева телефон и потоа вие три саати ѝ ги раскажувате вашите слатки маки. Таа не само што го слуша секој ваш збор, туку и паметно се надоврзува со своите совети, искуства и мудрости.rn

    6. Тие беа тука за вас кога останатите беа ужасни

    rnКога некој се однесувал ужасно со вас за време на средношколските денови, вашите вистински пријателки застанале на ваша страна и пред сите ве одбраниле, правејќи ве херој. Ништо не е подобро во животот од оставањето на некој кој не вреди, затоа што веќе сте сфатиле дека оние луѓе кои се околу вас се прекрасни.rnrn3-10-prichini-zoshto-prijatelite-od-detstvoto-se-zasekogash-najdobri-kafepauza.mkrn

    7. Кога ви треба бегство од реалноста, тие се идеално друштво

    rnФактот дека повеќе не размислувате исто како вашите пријателки, не е задолжително лоша работа. Кога работите не ви одат, освежувачки е да добиете мислење од различна перспектива за вашата работа, колегите и животните проблеми. Дури можете час и половина да ги оговарате сликите на вашето момче од осмо одделение, за да ви се оттргнат мислите од сè.rn

    8. Имате повеќе места кои можете да ги наречете дома

    rnМожете да отидете кај една ваша другарка и да ручате кај неа, да го галите кучето на другата кое го сакате како свое, со часови да седите на подот од собата на третата и да зборувате за животот…rnrn4-10-prichini-zoshto-prijatelite-od-detstvoto-se-zasekogash-najdobri-kafepauza.mkrn

    9. Од оваа гледна точка точно знаете кои другарки ќе ви останат верни и посветени

    rnПријателите од факултет може да исчезнат по некое време, колегите од работа се заменуваат со други кога ќе го смените работното место, но луѓето кои навистина ви значат, тие остануваат.rn

    10. Средношколските сеќавања се најсмешни кога сте пијани

    rnЗемете 3 шишиња вино и потсетете се на моментот кога добивте единица по хемија. Kолку смешно звучи сега тоа?

  • Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Заборавање: 5 чудни факти за меморијата

    Меморијата понекогаш знае да си поигрува со нас. Таа собира детални настани од нашето детство, но не секогаш ни дозволува пристап до нив. Постојат неколку видови сеќавања и нашиот мозок има уникатен начин при заборавање на секое од нив. Психолозите ги класификувале различните начини на кои ние забораваме, а биолозите го проучувале овој процес на клеточно ниво.rnrnЗаборавање: 5 чудни факти за меморијатаrnrnТие откриле дека заборавањето е сосема нормално, но исто така и клучно за начинот на кој мозокот функционира. Погледнете ги следниве чудни нешта поради кои луѓето забораваат…rn

    1. Начинот на кој вратите ја уништуваат меморијата

    rnВо едно често, но мистериозно губење на краткотрајната меморија, луѓето се наоѓаат себеси во соба, без притоа да помнат како стигнале таму. Истражувачите велат дека во овие ситуации, големи се шансите дека вратите се виновни. Самиот акт на поминување низ врата може да му даде знак на мозокот дека започнува нова сцена и дека е потребно да ги тргне настрана оние сеќавања од досега, па токму затоа се појавува чудно губење на меморијата.rn

    „Влегувањето или излегувањето низ врата може да служи како граничен настан во мозокот, кој ги дели епизодите на активност и ги трга настрана“, вели психологот Габриел Радвански. „Потсетувањето на одлуката или активноста која била направена во различни соби е тешко бидејќи таа е тргната настрана.“

    rnНо, сепак менталните граници на настаните се корисни, бидејќи тие ни помагаат да ги организираме временски настаните во нашата глава и да запомниме каде и кога се случиле тие.rn

    2. Активности кои се бришат од умот

    rnИ покрај тоа што ова се случува премногу ретко, постојат активности кои можат да резултираат со моментална загуба на меморијата или пак, „магла“ во мозокот. Оваа појава се нарекува краткотрајна глобална амнезија. На пример, постојат случаи во кои сексот предизвикал проблеми со меморијата, каде што пациентите заборавале на целиот претходен ден и имале потешкотии при формирање нови сеќавања.rnrnЛуѓето со краткотрајна глобална амнезија не доживуваат сериозни несакани последици и најчесто проблемите со сеќавањето им исчезнуваат за само неколку часа. Сè уште не е јасно зошто ова се случува, бидејќи скенирањата на мозокот на пациентите не покажуваат никакви знаци на оштета на мозокот ниту пак, на мозочен удар.rn

    3. Сеќавањата можат да постојат, дури и ако ние не можеме да пристапиме до нив

    rnДали заборавените песни можат да продолжат да живеат во нашите глави без притоа ние да ги знаеме? Во еден необичен случај од 2013 година, истражувачите опишале жена која имала музички халуцинации на песна која таа не ја препознавала, но другите ја знаеле.rn

    „Колку што ние знаеме, ова е прв извештај за музички халуцинации на песна која самата личност не ја препознава, но која оние околу неа ја знаат“, велат истражувачите.

    rnСпоред нив, жената сигурно ја знаела оваа песна во одреден момент од нејзиниот живот, но со тек на време ја заборавила. Овој случај го поставува прашањето што точно се случува со заборавените помнења и ни сугерира дека можеби тие се сместени во мозокот во форма во која е достапна за нас, но која не можеме да ја препознаеме.rn

    4. Мозокот може да е програмиран да го заборави раното детство

    rnНашите најрани сеќавања од детството избледуваат и сигурно за тоа постои причина. Многу често луѓето не се сеќаваат на нешта кои се случиле во најраните години од нивниот живот, најчесто пред 3 или 4-годишна возраст. Ова се нарекува инфантилна амнезија.rnrnНаучниците претходно мислеле дека раните сеќавања се сè уште таму, но дека децата едноставно немале говорни вештини за да ги вербализираат. Но, нови истражувања покажуваат дека децата создаваат сеќавања за време на нивните рани години и потоа ги забораваат преку намерни механизми. Едно можно објаснување за ова е развивањето на мозокот, чие растење и генерирање клетки ги брише зачуваните помнења.rn

    5. Заборавање можат да предизвикаат и повреди на мозокот

    rnМожно е да ги изгубите сеќавањата уште пред тие да имаат шанса да бидат запомнети поради повреди на структурите на мозокот кои се специфично вклучени во формирање, одржување и сеќавање на запомнетите нешта. Оштетувањето во овие области може да резултира со чудни форми на амнезија.rnrnВо една од најпроучуваните студии со амнезија, пациентот Х. М. ја изгубил способноста да формира нови сеќавања откако еден дел од неговиот мозок, хипокампус, бил отстранет со операција со цел да се лекува неговата епилепсија. Друг исто така познат случај е и приказната на пациентот Е. П. кој доживеал слична судбина откако добил воспаление на мозокот кое било предизвикано од вирус.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 9 инспиративни сеќавања кои секогаш треба да ги чувате во себе

    9 инспиративни сеќавања кои секогаш треба да ги чувате во себе

    Постојат сеќавања кои едноставно имаат моќ да нè исполнат со живот и енергија. Тие нè потсетуваат на позитивни чувства и нè водат низ животот. Овие сеќавања не ни дозволуваат да се откажеме и кога ни е најтешко, секогаш се тука да нè инспирираат. Токму затоа треба да ги чувате покрај себе и да се обидете никогаш да не ги заборавите.rnrn9 инспиративни сеќавања кои треба да ги чувате покрај себеrn

    1. Времето поминато со вашите баби и дедовци

    rnНе само што можете многу да научите од вашите баби и дедовци, туку исто така и времето поминато со нив е бесценето. Тие се едни од малкуте луѓе на оваа планета кои ве сакаат безусловно и кои ќе направат сè што е во нивната моќ за да ве насмеат. Баба ви можеби малку ќе ве здебели, но тоа е ризик кој вреди да се прифати! Поминувајте што е можно повеќе време со нив и собирајте спомени, бидејќи токму тоа што ќе го научите од нив може понатаму да ве води во вистинската насока во животот.rn

    2. Вашиот прв бакнеж

    rnСе сеќавате на првиот бакнеж, кога не знаевте точно што правите, но некако работите сепак излегоа совршено? Првиот бакнеж е еден голем чекор во вашиот живот, па токму затоа никогаш не треба да го заборавите. Тој нè враќа во едно безгрижно време, кога сме биле вистински слободни и токму затоа тоа помнење секогаш ќе мами насмевка на нашето лице.rn

    3. Првата љубов

    rnИ покрај тоа што можеби спомените од првата љубов ви се малку болни, сепак доколку се навратите на самиот процес на заљубување ќе се потсетите исклучиво на позитивни чувства. Не го туркајте ова помнење на страна, бидејќи тоа ви покажува дека вие сте способни вистински и целосно да љубите и дека доколку се осмелите да го отворите вашето срце, можете повторно да доживеете вистинска љубов.rn

    4. Фамилијарните приказни

    rnСите ние имаме по некоја фамилијарна приказна која се пренесува со генерации. Токму овие приказни се оние покрај кои и вашите деца ќе растат, но и понатаму ќе продолжат да ги прераскажуваат. Чувајте ги овие спомени, бидејќи тие вредат богатство.rn

    5. Летните одмори со вашите родители

    rnШто се однесува до летните одмори со вашите родители, тие исто така треба да имаат посебен дел во вашето срце. Кога ќе поминувате низ тежок период навратете се на нив и дозволете ѝ на енергијата со која тие ве исполнуваат да ве понесе дури и низ најголемите проблеми.rn

    6. Моментот кога сте почнале за прв пат сами да се издржувате

    rnСе сеќавате на моментот кога се иселивте од домот на вашите родители? Вие истовремено чувствувавте и тага и среќа. Но, токму одлуката да почнете да се грижите сами за себе ве направила посилни, па и покрај тоа што родителите се секогаш тука за вас, вие научивте колку е добро да се биде независен, како и целосно одговорен за себе.rn

    7. Вашата свадба

    rnОва е еден од оние денови кои силно се врежуваат во вашите мисли. Дури и да имало некои непријатни ситуации, со тек на време вашиот мозок ќе ги изолира само позитивните настани и секогаш кога ќе се навратите на тој ден ќе чувствувате топлина во вашето срце. Потсетувањето дека токму тогаш сте одлучиле да го посветите својот живот на личноста која ја сакате е моќно сеќавање кое може да ви помогне многу побрзо да ги надминувате несогласувањата со вашиот партнер.rn

    8. Бременоста и првиот момент кога сте го погледнале вашето бебе

    rnМожеби во моментов не ви изгледа така, но бременоста е нешто што би сакале да го запомните. Самото чувство дека во вас расте мало човече е неверојатно. Тоа е чувство што треба да го држите длабоко во вас и подоцна да се обидете да го пренесете на вашите деца. Од друга страна пак, нема мајка на оваа планета која ќе ви каже дека постои поголема среќа од моментот кога за прв пат го видела своето новороденче. Тоа е моментот кога животот на жената целосно се менува и кога таа конечно започнува вистински да живее.rn

    9. Фамилијарните традиции

    rnНикогаш не ги заборавајте вашите фамилијарни традиции. Тие биле градени со години наназад и со нивното почитување ги почитувате и оние кои повеќе не се меѓу живите. Одржувајте ги овие традиции и пренесете ги на вашите деца. Некои работи никогаш не би требало да се заборават.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

    Мажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнење

    Една студија која вклучувала над 3.000 мажи и жени ни открива дека овие два пола различно ги процесираат емоциите и токму тоа влијае врз нивното помнење. И покрај тоа што емоциите ги подобруваат сеќавањата и кај мажите и кај жените, оваа студија ни покажува зошто жените често подобро поминуваат на тестовите за меморија отколку мажите.rnrnМажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнењеrnrnРезултатите доаѓаат од голема студија во која учествувале 3.398 луѓе кои биле дел од 4 различни тестирања. Овие тестирања вклучувале гледање серија од фотографии, од кои некои биле емоционални, а другите неутрални. Потоа тие биле тестирани за тоа колку ги запомниле овие фотографии.rnrnОткритието кое било објавено во журналот за невронаука, ни покажува дека до жените, за разлика од мажите, повеќе допираат оние фотографии кои биле емоционални, особено негативните.rnrnД-р Клара Спалек, авторката на оваа студија, вели:rn
    rn

    „Резултатите го поддржуваат верувањето дека жените се повеќе емоционално експресивни од мажите.“

    rnВо однос на целото истражување жените покажувале подобро помнење, а нивната меморија била особено добра за негативните фотографии.rnrnД-р Анет Милник, која ја водела оваа студија, објаснува:rn
    rn

    „Ова откритие ни укажува на разлики помеѓу половите во емоционалното процесирање и меморијата кои настануваат од различни механизми.“

    rnИстражувачите ги испитале и сликите од скенирањето на мозокот кај луѓето кои гледале во различни видови емоционални фотографии и откриле дека мозокот кај жените е многу поактивен при процесирањето на негативните фотографии отколку кај мажите. Особено во оние делови од мозокот кои се поврзани со моторните функции.rnrnНа фотографијата подолу можете да забележите како црвените и жолтите области во мозокот се поактивни и кај мажите и кај жените кога гледаат во емоционално стимулирачки фотографии. Зелената боја ни ја покажува специфичната област каде што мозокот на жените бил поактивен.rnrnМажите и жените ги обработуваат емоциите на различни начини и токму тоа влијае врз нивното помнењеrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Ослободете се од болните сеќавања за да живеете посреќни и поисполнети во сегашноста

    Ослободете се од болните сеќавања за да живеете посреќни и поисполнети во сегашноста

    Самите се осудуваме себеси многу повеќе отколку што останатите нè осудуваат нас. Свесно или не, се стремиме кон постојано навраќање кон минатото и тоа што се случило, што често забораваме дека живееме денес и за сега, а времето не можеме да го вратиме назад. Мислиме на грешките што сме ги направиле или на луѓето кои нè повредиле, па им дозволуваме да завладеат со нашата сегашност.rnrnСе случува сеќавањата да се толку многу болни што имале неверојатно влијание врз онаа личност која што сме денес. Некогаш, потребна ни е само нечија помош за да продолжиме понатаму, да преминеме преку некои работи. Потребен ни е разговор со најблиските, можеби дури и со стручно лице, но пред сѐ мора да ги средиме нашите мисли и да разговараме со личноста која сме ја повредиле или нè повредила нас.rnrn(1)-Oslobodete-se-od-bolnite-sekjavanja-za-da-zhiveete-posrekjni-i-poispolneti-vo-segashnosta-kafepauza.mkrnrnПрвиот чекор кон решавањето на проблемот е прифаќање на минатото. Прифаќање на случувањата, луѓето кои биле дел од нив и најмногу од сѐ, нашата улога во сето тоа. Сѐ додека не го направиме ова, нема да можеме да се соочиме со минатото, а уште помалку да продолжиме понатаму. Факт е дека сѐ се сведува на нас, нашата одлучност и волја, нашите мисли и перцепции. Мора да си дозволиме да го согледаме проблемот за да можеме да го решиме, а тоа единствено го можеме ако со бистра глава и без предрасуди ги ставиме картите на маса и ги погледнеме настаните од свежа перспектива.rnrnВториот чекор е ослободување на умот и мислите за кои можеби и не сме свесни дека нè кочат. Треба да им дозволиме на зборовите кои сме ги чувале долго време да излезат од нас, неопходно е да ги разоткриеме нашите чувства и, дозволувајќи им на солзите да протечат, да се ослободиме од стегите на минатото. Земете лист хартија и започнете да пишувате. Кажете си себеси сѐ што ви лежи на срце и потоа искинете го. Направете го тоа на салфетка или на згужваната сметка која сигурно ви се наоѓа во џеб. Не е важно ни каде ни кога, туку само да го исфрлите негативното од себе. Ќе видите дека кога ќе прочитате што сте напишале, сосема поинаку ќе гледате на работите. А потоа одете и разговарајте со кого и да чувствувате потреба за тоа со цел да не се оптоварувате повеќе. Со фактите и чувствата разделени едни од други, ќе успеете многу полесно да го решите проблемот, додека држењето нешто во себе само го засилува гневот кој го чувствувате.rnrnТретиот чекор е учење на лекцијата која секој момент од нашиот живот ја носи со себе. Можеби не сѐ се случува со причина, но дефинитивно сѐ носи лекција со себе која, за наше добро, е неопходно да ја научиме. Таа лекција знае да биде многу потешка отколку што очекуваме и може да не сме подготвени за неа. Може да не ни се допаѓа, па да решиме да не ја научиме. А можеби е премногу реална за нас. Но колку и да е страшна целата ситуација, порано или подоцна ќе мора да се соочиме со тоа што се случило и да го гледаме како искуство од кое сме научиле нешто. Само на овој начин ќе станеме способни да погледнеме внатре во нашата болка и да откриеме нешто позитивно, нешто за кое не сме ни знаеле дека постои.rnrnНе можеме да побегнеме од минатото. Кога тогаш тоа ќе се судри повторно со нас, а колку повеќе ја одложуваме таа средба, толку повеќе го зголемуваме тој јазол меѓу замисленото и вистинското јас. Ние самите одбираме како ќе живееме, со кого ќе бидеме и што ни е важно. Да заборавиме не можеме, но да преминеме преку некоја работа можеме и тоа како. Сѐ што треба е да одлучиме дека сакаме повеќе. Повеќе смеење, повеќе нови убави спомени, повеќе љубов. А кога тажните и болни сеќавања ќе чукнат на врата, што е неизбежно, цврсто да се држиме до ветувањето кое сме си го дале себеси: да научиме од тоа што се случува, да погледнеме и од друга перспектива и секогаш да бидеме присутни во сегашноста. Животот е еден и добиваме само една шанса да го живееме најдобро што може.

  • Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

    Начинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на друга

    Една нова студија покажала како стресните сеќавања можат да се пренесат преку клетките, од една генерација на друга, односно од мајката на ќерката. Во ова истражување со глувци се покажало дека застрашувачките сеќавања за мирис можат да бидат пренесени од родителот врз детето, дури и во оние ситуации кога детето немало никаков контакт со таа миризба.rnrnНачинот на кој сеќавањата генетски се пренесуваат од една генерација на другаrnrnПроцесот кој е наречен епигенетика не значи дека самите гени се менуваат под влијание на стресни настани, туку дека постои разлики во начинот на кој тие гени се изразуваат. Оваа студија која била објавена во престижниот журнал „Наука“, овозможува докази за контроверзната теорија дека сеќавањата можат да бидат пренесени преку генетскиот код.rnrnМногу научници сè уште се скептични за студиите поврзани со епигенетиката, бидејќи не постојат цврсти докази за постоењето на овој механизам. Но, професорката Сузан Строум, биолог на Универзитетот во Калифорнија која ја водела оваа студија вели:rn
    rn

    „Одамна постои дебата за пренесување на меморијата преку поделбата на клетките и низ генерациите и ние конечно покажавме дека таа постои. Во студиите во кои е документирано епигенетското наследување од родител на дете, не е јасно што точно се пренесува и сфаќањето на молекуларно ниво е премногу комплицирано. Ние имаме специфичен пример за епигенетска меморија која се пренесува и можеме да го забележиме тоа преку микроскоп. Тоа е само еден дел од загатката.“

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Зошто не помниме ништо од раното детство?

    Зошто не помниме ништо од раното детство?

    Научниците веруваат дека можеби конечно успеале да го одговорат прашањето: Зошто немаме сеќавања од нашето најрано детство? Поголем дел од возрасните личности имаат само мал број сеќавања од пред нивниот 3-ти роденден и сè до денешен ден ова е огромна мистерија.rnrnДали научниците конечно успеале да откријат зошто не помниме ништо од раното детство?rnrnЕден тим предводен од Кетрин Ејкерс, кои работат во Торонто, откриле дека мозокот на бебето се развива толку брзо што новите сеќавања ефективно ги бришат старите. Истражувањето, кое било објавено во журналот „Наука“ на 9 мај 2014 година, сугерира дека неврогенезата (раѓањето на нови неврони) може да игра значајна улога во оваа „инфантилна амнезија“ која се случува кај голем број животни, вклучувајќи ги и луѓето.rnrnИстражувачите со помош на благи електрични шокови успеале да истренираат група глувци да се плашат од одредена околина. Потоа тие им овозможиле пристап до тркало за трчање, бидејќи трчањето се покажало како природен начин на убрзување на неврогенезата. Кога Ејкерс и нејзините колеги ги вратиле глувците во околината на која биле истренирани да ѝ се плашат, поголемиот дел од оние кои трчале на тркалото заборавиле на овој страв, додека пак оние кои биле помалку активни се покажало дека многу добро ги помнеле ефектите на електрошоковите.rnrnЗа подетално да го истражат ова откритие, истражувачите со помош на медикаменти ја успориле неврогенезата кај инфантилните глувчиња, кои во нормални услови создавале поголеми нивоа на неврони отколку возрасните глувци и потоа откриле дека тие на овој начин задржуваат поголем број сеќавања отколку оние кои не биле третирани.rnrnИ покрај тоа што оваа теорија е многу интересна, голем број научници велат дека сè уште треба да се истражува.rn

    „Доколку сакаме подобро да ја сфатиме меморијата, неврогенезата во хипокампусот може да биде интересен пат по кој би можеле да тргнеме,“ вели Марк Хауи, истражувач на меморијата од Градскиот Универзитет на Лондон, кој бил дел од оваа студија.