КАФЕ ПАУЗА

Tag: сеќавања

  • Мандела ефект: Зошто луѓето се сеќаваат на настани кои никогаш не се случиле?

    Мандела ефект: Зошто луѓето се сеќаваат на настани кои никогаш не се случиле?

    Голем број луѓе го изгледале филмот „Војна на ѕвездите“ и повеќето од нив се убедени дека дроидот познат како C-3PO e целиот со златна боја. Но, дали знаевте дека тој всушност има една сребрена нога?rnrnМандела ефект: Зошто луѓето се сеќаваат на настани кои никогаш не се случиле?rnrnДоколку сте фан на „Војна на ѕвездите“, веројатно ја знаете и познатата сцена каде што Дарт Вејдер вели: „Лук, јас сум ти татко“ (Luke, I am your father). Но, всушност, во филмот, репликата на Дарт Вејдер е: „Не, јас сум ти татко“ (No, I am your father).rnrnОва се два одлични примери за феноменот познат како Мандела ефект, односно постоењето лажни сеќавања што ги делат голем број луѓе. На некој начин, ова е како колективно недоразбирање. Фразата била составена во 2009-та година кога Фиона Брум се обидела да го објасни феноменот каде што многу луѓе ширум светот верувале дека јужноафриканскиот лидер умрел во затвор во 1980-тите. Вистината е дека тој беше ослободен во 1990-та година, а подоцна беше претседател на државата и почина на 95-годишна возраст во 2013-та година.rnrnСпоред теоријата на Брум, секогаш постојат повеќе реалности од секој универзум (мултиверзум) и во секој универзум има разни предмети, настани и луѓе. Па, сеќавањата за „неточните“ настани не се навистина лажни, туку се настани од паралелните универзуми кои се вкрстиле со нашиот пат.rnrnНауката има други објаснувања за Мандела ефектот. Сето објаснување се сведува на тоа дека не можеме целосно да се потпреме на човечката меморија. Во ерата на дигиталната технологија, често ги изедначуваме нашите мозоци со компјутерски хард дискови и мислиме дека се органски складишта за нашите искуства. Но нашиот префронтален кортекс, местото каде што се складираат повеќето сеќавања, ја нема истата прецизност како и компјутерскиот хард диск.rnrnКејтлин Аамодт, докторски кандидат на неврологија, смета дека според она што го знаеме за мозокот, можеме да заклучиме од каде потекнува Мандела ефектот.rn

    „Сеќавањата се организирани во мозокот така што сличните сеќавања се наоѓаат во неврони во непосредна близина. Кога се сеќавате на нешто, тие клетки можат да ја променат нивната поврзаност, што овозможува додавање нови информации. Но, бидејќи невроните кои заедно се активираат се поврзани, понекогаш може да се појават лажни сеќавања.“

    rnСеќавањето на нешто често активира и други сеќавања во процесот, така што ги меша сценаријата и луѓето на нови начини. Луѓето се многу подложни на лажни сеќавања или грешно толкување на сеќавања. Лажните сеќавања настануваат кога мозокот се обидува да ги исполни празнините во нецелосните сеќавања. Можно е да се измешаат слични искуства со цел да се добие целосна приказна со детали и емоционални реакции. Ова се случува кај луѓе со невролошки проблеми, како оштетување на мозокот или Алцхајмерова болест, но се појавува и кај здравите личности.rnrnСето ова објаснува зошто една личност се сеќава на настан што никогаш не се случил. Но што кога ова се случува кај голем број луѓе? Едно истражување од 2016-та година покажало дека 88% од онлајн испитаниците погрешно го одбрале Александар Хамилтон како некогашен претседател на САД од понудената листа. Неговото препознавање било многу поголемо за разлика од вистински претседатели на САД.rn

    „Поради споделеното контекстуално поврзување, многу разни луѓе го формирале истото лажно сеќавање дека Хамилтон бил претседател“, изјавила Аамодт.

    rnТаа исто така ја истакнала и моќта на сугестијата.rn

    „Сугестијата е тенденцијата да се верува во она што другите сугерираат дека е вистина. Поради ова на адвокатите не им е дозволено да поставуваат водечки прашања кои укажуваат на одреден одговор.“

    rnДенес постои и огромната моќ на Интернетот и неговата способност да ја зголеми грешката на човекот. Доволно е само една личност да сподели лажна информација, за повеќето да се „сетат“ на неа и да ја прифатат како точна.rnrnПримери за Мандела ефектот без сомнение има многу, па дали вие можете да се сетите на некој?rnrnПрочитајте и за некои од најневеројатните психолошки нарушувања и синдроми.

  • Зошто дел од вашите сеќавања можеби се лажни?

    Зошто дел од вашите сеќавања можеби се лажни?

    Постои голема шанса дека многу од вашите сеќавања, или делови од нив, се лажни. Искривувањето на меморијата е многу полесно и почесто отколку што мислите.rnrnЗошто дел од вашите сеќавања можеби се лажни?rnrnЕлизабет Лофтус, психолог и експерт за нестабилноста на човечката меморија, го докажала ова преку години поминати во истражување и спроведување експерименти. Иако ова можеби изгледа како нешто лошо, постојат начини да се искористи за добра цел, како на пример во борбата против зависноста или дебелината.rnrnМногу луѓе сметаат дека нивните сеќавања ги дефинираат како личност. Ова им го отежнува прифаќањето на фактот дека некои од сеќавањата се лажни. Сепак, ова е психолошки феномен каде што личноста се сеќава на нешто што не се случило, или пак го помни поразлично. Елизабет го посветила нејзиниот живот за да го разбере овој феномен.rnrnЕден од првите експерименти на Елизабет бил во далечната 1974-та година. На испитаниците им биле покажани видео клипови од сообраќајни несреќни. Потоа им биле поставувани прашања за да се одреди што запомниле од видеата. Се открило дека помнењето на испитаниците зависело од начинот на којшто се формирани прашањата.rnrnНа пример, кога ги прашувале колку брзо се движеле автомобилите кога се „разбиле еден во друг“, наместо кога се „судриле еден во друг“, одговорот секогаш бил повисока бројка. Една недела подоцна ги прашале дали имало скршено стакло. Луѓето на кои бил употребен зборот „разбива“ одговориле со „Да“, иако немало скршено стакло на видеото.rnrnДури и ситните детали, како членување на зборот, правеле разлика. На пример луѓето биле прашувани дали виделе скршено светло или дали го виделе скршеното светло. Оние кои биле прашани со член, почесто се сеќавале на скршеното светло, иако тоа воопшто не постоело.rn

    „Најголемата грешка на полицајците е што зборуваат премногу. Тие не чекаат сведокот да зборува. Понекогаш му даваат информации на сведокот што можат да го променат неговото сеќавање за тоа што се случило, кој го направил делото… Сето ова не е вина само на полицајците. Грешните информации се насекаде во реалниот свет. Сведоците разговараат едни со други, го вклучуваат телевизорот или го читаат весникот ако станува збор за познат настан. Ги слушаат сведочењата на другите сведоци. Сите овие ситуации нудат можност за нови информации или менување на сеќавањето. ДНК тестовите покажале дека има стотици и стотици луѓе кои биле обвинети, а биле сосема невини“, изјавила Елизабет.

    rnВо друг нејзин експеримент од 1995-та година, Елизабет собрала 24 нејзини студенти и нивните најблиски членови од семејството. Секој член запишал 3 настани од детството на студентот. Потоа бил додаден и четврти лажен настан без никој да знае за тоа. Потоа студентите ги читале текстовите на нивното семејство.rnrnСекој од нив требало да каже дали се сеќава на 4-те опишани настани и колку е убеден дека настанот навистина му се случил. 7-мина од 24-те студенти се сеќавале на лажните настани, а неколку од нив си додале и нивни детали.rn

    „Навистина беше возбудливо да се гледа како овие здрави, нормални луѓе го прифаќаат предлогот и ги прифаќаат лажните информации што им ги дававме“, изјавила Елизабет.

    rnРазгледувајќи ги резултатите од нејзините истражувања, Елизабет се запрашала дали покрај тоа што може да всади сеќавање во нечиј ум, може и да влијае на туѓото однесување. Доколку ова е вистина, дали може да им помогне на луѓето користејќи лажни сеќавања.rnrnЦелта на следниот експеримент била да се убедат испитаниците дека навистина се разболеле како деца откако изеле одреден вид храна. Една недела подоцна испитаниците биле испрашувани за инцидентот. Многу од нив „се сетиле“ на настанот, и тоа во детали. Подоцна се открило дека ова лажно сеќавање всушност имало влијание на нивниот начин на исхрана.rnrnЗначи, лажните сеќавања можат да бидат навистина штетни, како на пример, да однесат некој невин во затвор. Но тие можат да бидат и навистина корисни, односно можете да убедите некого дека алкохолот му е одвратен, па на тој начин да му помогнете да се откаже од пиењето.rnrnНашите сеќавања се кршливи и подложни на промена во зависност од сè и секој околу нас. Истражувањата покажале дека кога им давате лажни информации на луѓето за некое искуство кое можеби го имале, можете да го измените или искривите нивното сеќавање.rnrnСте слушнале ли за овие неверојатни митови за меморијата?

  • Ако мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го ова

    Ако мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го ова

    Дали некогаш толку многу ви недостасуваат некои минати моменти што дури чувствувате болка? Во осамените часови постојано ги оживувате заедничките слатки моменти со некоја сакана личност, лудите авантури и истражувања на новите места, преспивањата под отворено небо и длабоките разговори до длабоко во ноќта.rnrnКога мислите дека секогаш ќе ви недостига минатото, прочитајте го оваrnrnБи дале сè за да ги вратите тие моменти. Очајно барате нешта што ќе ја спречат болката од прифаќањето на промените во вашиот живот, едноставно бидејќи сите луѓе што сте ги сакале или се промениле, или ги нема повеќе. А не можете да обвините никого бидејќи животот е таков. Знаете дека присуството ќе биде заменето со отсуство, но сепак никогаш нема да бидете подготвени за чувството што доаѓа кога луѓето што ги сакате ќе ве напуштат.rnrnНикој не вели дека не би требало да гледате назад. Сосема во ред е да се сеќавате на минатото бидејќи тоа е единствениот начин да ги одржите тие луѓе живи во вашето срце. Дури и една фотографија може да направи да ги слушнете нивните гласови, песна може да ве потсети на нивните насмеани лица, а некое место може да ви овозможи одново да ги почувствувате тие моменти.rnrnНо, вистината е дека најчесто не ви недостасуваат моментите или луѓето, туку она што сте биле вие во минатото.rnrnПонекогаш ние луѓето погрешно го толкуваме чувството на празнотија во нас. Кога се чувствуваме тажно обвинуваме надворешни фактори наместо да сфатиме дека ние самите ја создаваме тагата. Тоа е природна и нормална човечка реакција за преживување. Тогаш ќе си кажете дека премногу ви недостигаат луѓето и ќе почнете да барате начин да ги вратите, додека всушност вие не сте задоволни со личноста којашто сте сега. Кога ви недостигаат старите добри денови, тоа е знак дека не сте среќни со вашата ситуација во сегашниот момент.rnrnМожеби сега живеете живот што не го сакате – сте ја напуштиле вашата страст, живеете според туѓите очекувања, разочарани сте од некои луѓе, или пак можеби очекувате премногу од животот.rnrnВо овие моменти на носталгија, вашето внатрешно јас сака да ви каже дека нешто не е во ред со вашиот сегашен живот. Важно е да сфатите дека никој нема да ги врати тие позитивни чувства освен вие. Откријте што е она што прави да ви недостига минатото. Најдете луѓе кои можат да ви ја дадат истата, па дури и поголема среќа, најдете нови места што ве прават возбудени и најдете ја вашата вистинска страст за да има што да правите наместо да жалите за сегашниот живот.rnrnТреба да бидете зафатени со создавање нови сеќавања сè додека не престанат да ви недостигаат старите. Запомнете дека ќе го живеете овој ден само еднаш во вашиот живот. Немојте да зажалите затоа што сте го поминале во минатото. Постојат илјадници луѓе кои чекаат да ја запознаат вашата верзија од иднината, а со некои од нив ќе имате навистина неверојатни сеќавања.rnrnЈасно е дека е полесно да се каже отколку да се направи. Сите знаеме дека сеќавањата се удобна зона. Но потребно е да сфатите дека тие луѓе, оние коишто веќе си заминале, можат да живеат среќно без вас, а истото го можете и вие. Чувајте ги луѓето што ги сакате блиску до вашето срце, но не заборавајте го вашиот живот во овој сегашен момент.rnrnПонекогаш носталгијата и не е толку лоша. Овие придобивки од неа коишто навистина ќе ве изненадат ќе ви го докажат тоа.

  • 10 сеќавања што треба да ги направите во 20-тите за да не ви биде криво подоцна во животот

    10 сеќавања што треба да ги направите во 20-тите за да не ви биде криво подоцна во животот

    Никој не сака да ги напушти 20-тите без да го извлече најдоброто од оваа златна деценија. На оваа возраст вие сте полни со авантура, страст и желба за патување и не сакате залудно да го потрошите вашето време. Сега живеете во сегашноста и потребно е да направите некои сеќавања за подоцна да не ви биде жал.rnrn10 сеќавања што треба да ги направите во 20-тите за да не ви биде криво подоцна во живототrn

    1. Одете на спонтано патување со автомобил

    rnОтворен пат, разгорена душа и група пријатели желна за авантури. Покрај парите за гориво и вкусните грицки, ова се клучните нешта што ви се потребни за епско патување со автомобил. Не е важно каде ќе одите, а токму тоа е и забавниот дел.rn

    2. Одете на фестивал или настан што трае цел викенд

    rnМузиката навистина ги спојува луѓето. Па, додека е лето искористете ги летните музички фестивали и посетете некој. Овде ќе сретнете многу луѓе со ист вкус за музика, а ќе направите и неверојатни фотографии.rn

    3. Поканете го на состанок момчето што ви се допаѓа

    rnСигурно не сакате целиот живот да се прашувате што навистина би се случило ако излезевте со момчето што ви се допаѓа. Преземете ризик и верувајте им на вашите емоции. Никогаш не се знае, можеби тој е вашата сродна душа.rn

    4. Направете голема роденденска забава

    rnБарем еден роденден во 20-тите прославете го на епски начин. Изнајмете го омиленото место и направете ја најдобрата забава досега. Роденденот е важен секоја година, но барем една година разгалете се повеќе.rn

    5. Направете групен костим за 1-ви април

    rnЗа групните костими е потребно навистина креативно размислување, но крајниот резултат сигурно нема да ве разочара. Од каде знаете, можеби вашата маска навистина ќе се прослави.rn

    6. Изнајмете куќа на плажа со огромната група пријатели

    rnСо пријателите секогаш правите одлична забава каде и да сте, па зошто да не изнајмите куќа покрај некоја плажа? Еден викенд во рајот со омилените луѓе е навистина незаборавно искуство.rn

    7. Искористете го пасошот

    rnИмате пасош со причина, па излезете од државата и истражувајте. Ако немате, обидете се да извадите што е можно побрзо. Овој документ ви овозможува да ги видите местата за коишто отсекогаш сте сонувале.rn

    8. Направете нешто од вашата листа на желби

    rnСте го завршиле најлесниот дел, а тоа е сонувањето. Сега е време добро да ја разгледате листата со желби и конечно да ја направите реалност. Овие искуства нема никогаш да ги заборавите, дури и да сакате.rn

    9. Одете на фестивал за јога

    rnПоврзете се со вашата духовна страна. Краткиот фестивал за јога ќе ве подмлади и ќе ве ослободи од стресот кој доаѓа со 20-тите.rn

    10. Следете ги вашите соништа, дури и да не успеете

    rnПостојат толку многу сеќавања што можете да ги направите кога станува збор за вашите соништа. Можеби ќе го најдете работното место од соништата или ќе ја пронајдете вашата страст. Што и да е, дајте им шанса на соништата и не се откажувајте ако не успеете.rnrnПогледнете и кои грешки е добро да ги направите во вашите 20-ти.

  • Вистински приказни за луѓе кои се сеќаваат на претходните животи

    Вистински приказни за луѓе кои се сеќаваат на претходните животи

    Според многу истражувања, постои феномен познат како детска амнезија според кој луѓето не можат да се сетат на настани кои се одвивале пред да наполнат 2 или 3 години. Причината за ова е тоа што мозокот сè уште не е доволно развиен за да зачува такви сеќавања. Сепак, некои луѓе тврдат дека имаат сеќавања од овој период, па дури и порано.rnrnvistinski-prikazni-za-lugje-koi-se-sekjavaat-na-minatitezhivoti-kafepauza.mkrnrnИстражувањата укажуваат дека овие сеќавања не се вистински, туку се визуализација на приказните кои им ги раскажувале другите и фотографиите кои ги виделе. Психологот Џулија Шо тврди дека кога некој ќе каже дека се сеќава на нешто пред да наполни 2 години, тоа е лажно сеќавање. Но, постојат многу приказни кои не се совпаѓаат со ова верување. Можеби сте скептични и нема да верувате, но овие вистински приказни навистина ќе ве замислат.rn

    1. Во претходниот живот бил жена по име Пам…

    rnОваа приказна е за претходни животи и реинкарнација. Една жена по име Ерика ја споделила приказната за нејзиниот син Лук, кој постојано тврдел дека во претходниот живот бил жена по име Пам. Пред да почне да зборува за неа, Ерика забележала дека син ѝ постојано бил загрижен за безбедноста. Друго нешто што ја зачудило било тоа што нејзиниот син сите работи ги нарекувал Пам. Кога го прашала зошто го прави тоа, тој ѝ одговорил:rn

    „Мислам дека е убаво име.“

    rnПо некое време почнувал да кажува работи како:rn

    „Кога бев девојка имав црна коса… Имав такви обетки кога бев девојка.“

    rnКога конечно го прашала што е целата работа со Пам, тој ѝ кажал дека тој всушност бил таа жена. Таа не знаела за што ѝ зборува сè додека не ѝ рекол:rn

    „Бев Пам, но умрев. Отидов во рајот и го видов Бог. Тогаш тој ме турна назад и кога се разбудив бев бебе и вие ме крстивте Лук.“

    rnНо, ова не е крајот на приказната. Ерика почнала да истражува и го прашала Лук како умрела Пам. Тој ѝ кажал дека имало пожар во Чикаго, и Пам морала да скокне од зградата и така загинала. Тогаш Ерика пронашла информации за пожар во хотелот Пакстон во Чикаго во 1993 година, каде што загинала жена по име Памела Робинсон.rn

    2. Момчето кое го памети своето раѓање

    rnСпоред оваа приказна, една жена по име Никол која била наставник ја имала честа да биде присутна на породувањето на нејзината пријателка. Се родило момче кое го крстиле Мајкл. За жал, мајката се разболела и умрела неколку месеци подоцна, а Никол изгубила секаков контакт со семејството и со бебето сè додека малиот Мајкл не станал нејзин ученик. Еден ден на часовите разговарале за сеќавања од детството, а Мајкл почнал да раскажува за моментот кога бил роден. Тој опишал детали кои само Никол би можела да ги знае, како на пример фактот дека возеле сив автомобил, песната која била во автомобилот, па дури и тоа дека се изгубиле на патот кон болницата.rn

    3. Жена која го гледала сопственото раѓање

    rnЕдна жена тврди дека се сеќава на своето раѓање. Таа ја опишува ситуацијата многу детално, и тоа од изгледот на просторијата, до нејзината мајка која се подготвувала да се породи.rn

    „Одеднаш бев во една соба, ѕиркав помеѓу нозете на некоја жена и го гледав целиот пораѓај. Последното нешто што го паметам е дека собата беше темна и студена. Внатре имаше некои луѓе, но не знам кои. После ова само претпоставувам дека мојата душа „влегла“ во мене и бев родена.“

    rn

    4. Баба му му помогнала да си го одбере телото додека биле во вселената…

    rnДецата имаат многу бујна фантазија, но во нормални услови тие не можат да кажуваат факти за луѓе што не ги сретнале. Но, едно момче по име Каспер, ѝ кажало на мајка си дека разговарало со неговата баба Евелин. Таа починала долго пред да се роди Каспер и иако мајка му му кажала некои работи за неа, тој знаел за Евелин многу повеќе отколку што треба. Каспер ѝ рекол на мајка си:rn

    „Пред да дојдам овде бев во вселената, каде што живее Евелин. Ја знаеш мамо, и ние те знаевме тебе.“

    rnПотоа ѝ кажал дека таа му помогнала да го одбере ова тело, и му рекла да ѝ пренесе порака на мајка му:rn

    „Доби подарок, а тој подарок е твојот син.“

    rn

    5. Дедо Роберт го донел на Земјата…

    rn3-годишниот Џони секогаш сакал да слуша приказни за неговиот прапрадедо. Една вечер тој ѝ рекол на мајка му да му раскаже за дедо Роберт. Излегло дека Роберт бил прадедото на Џони кој починал пред мајка му воопшто да се венча. Мајка му никогаш му немала спомнато за Роберт. Па, кога го прашала од каде го знае, тој ѝ одговорил:rn

    „Па мамо, тој ме донесе на Земјата.“

    rn

    6. Те сакам повеќе. Не, јас те сакам повеќе

    rnЕднаш една жена си играла „Те сакам повеќе бидејќи…“ со својот 4-годишен син. Таа сметала дека победила бидејќи му рекла:rn

    „Те сакам повеќе бидејќи те сакам повеќе од бесконечноста, два пати околу месечината, околу Марс и до секоја ѕвезда по патот назад.“

    rnНо, неговиот одговор бил уште подобар:rn

    „Мамо! Јас те сакам повеќе бидејќи јас те одбрав тебе додека бев во рајот!

    rn

    7. Го одбрал гласот на неговата мајка

    rnСосема е нормално да бидете скептични за овие приказни. Една мајка се чувствувала исто, особено кога нејзиниот син почнал да ѝ раскажува за неговите искуства додека бил во матката. Таа сметала дека сето тоа биле креативни приказни бидејќи ѝ кажувал дека бил возбуден што е во нејзиниот стомак, се плашел да излезе, но на крај бил пресреќен која ја видел. Но, по некое време син ѝ имал проблеми со слухот и морал да оди на операција. Веднаш по операцијата таа почнала да му пее, а она што ѝ кажал ја натерало да верува во сите приказни:rn

    „Мамо, твојот глас е толку убав! Ова е гласот кој го одбрав!“

    rn

    8. Што е иднина?

    rn6-годишниот Чејс сакал да му раскажува на семејството како изгледал рајот. За сите слики на кои бил претставен рајот тој велел дека не изгледа така. Според неговата баба, Чејс секогаш имал нешто интересно да каже, и еднаш ѝ рекол на мајка си:rn

    „Те видов кога беше бебе во рајот. Беше многу слатка!“

    rnНо најчудното нешто што ѝ рекол на баба му било:rn

    „Бабо, сонував за мојата иднина синоќа… Што е иднина?“

    rn

    9. Девојчето што го одбрало семејството пред да се роди

    rnПостојат многу приказни за деца кои си го одбрале семејството пред да се родат. Едно мало девојче од 3 години ѝ рекло на мајка си:rn

    „Мамо многу ми е мило што ве одбрав тебе и тато.“

    rnТаа ѝ кажала дека пред да се роди ги гледала од горе и дека ги одбрала да ѝ бидат родители. Всушност, таа ја познавала и сестра ѝ пред да се родат, и ја одбрала и неа.rn

    10. Живеење во вселената

    rnПовеќето деца кои имаат вакви сеќавања, често кажуваат дека биле во рајот или во вселената. Едно момче по име Остин ѝ кажало на мајка си дека се сеќавал што се случувало пред да се роди. Она што е интересно е дека мајка му истражувала за вакви случувања пред тој да ѝ го спомне ова. Тој ѝ рекол:rn

    „Кога живеев во вселената го погледнав моето тело и бев дух. Не очекував да дојдам на Земјата бидејќи беше огромна и цврста. Таму каде што бев беше неверојатно. Бев во вселената и видов и други души. Тогаш не можев да зборувам, немав уста. Знаев дека ќе дојдам во тебе и не ми беше страв. Се сеќавам дека душите беа сини. Ги видов сите планети и ја видов месечината. Сонцето не беше далеку од мене.“

    rn

    11. Посета на плажа пред раѓање

    rnКога една мајка се подготвувала да го однесе своето малечко на плажа за прв пат, детето ѝ рекло дека веќе било на таа плажа:rn

    „Мамо јас ја имам посетено таа плажа. Тоа беше одамна, пред да дојдам во твојот стомак.“

    rnПрочитајте и за некои неверојатни случајности кои нема да ви се верува дека се случиле.

  • Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Најмногу нè повредуваат сеќавањата што не знаеме дека ги создаваме

    Понекогаш не знаеме дека се наоѓаме во сеќавање сè додека не помине моментот. Неколку денови подоцна ние почнуваме да размислуваме за моментот и да ги анализираме деталите, разговорите, зборовите. Се обидуваме да го зачуваме тој момент во нашиот ум и се држиме за него.rnrnsekjavanjata-koi-ne-znaeme-deka-gi-sozdavame-ne-povreduvaat-najmnogu-kafepauza.mkrnrnНо не е секогаш вака. Понекогаш знаеме дека создаваме сеќавања во моментот кога ги создаваме. Застануваме и си велиме „Никогаш нема да го заборавам овој момент“, и не го забораваме. Ги внесуваме во нашата меморија звуците, глетките и мирисите. Тоа е како првиот годишен одмор за кој знаеме дека родителите потрошиле многу пари, и иако понекогаш ни изгледал како присилена семејна забава, сепак имаме прекрасни сеќавања, а понекогаш и фотографии од тие денови. Или пак, сеќавањата за нашите баби и дедовци, и викендите поминати со нив играјќи карти или гледајќи телевизија. Овие моменти го оформиле нашиот живот. Тие се местата кои ги посетуваме кога ги затвораме очите, слушаме некоја песна или гледаме некој стар филм.rnrnНо сеќавањата за кои не сме биле свесни дека ќе бидат сеќавања, се оние кои нè „убиваат“. Тие се прикриваат како најобично одење до продавница и завршуваат врежани во нашиот мозок. Тие се сеќавањата за кои е доволно само една песна да нè врати назад.rnrnИзгледа дека и најдобрите сеќавања може да нè натераат да ни недостасуваат работите поврзани со нив. Начинот на кој се одвивале работите, нешта кои можеле да се случат, но не се случиле. Ние сакаме овие моменти да бидат повеќе од сеќавања. Сакаме да ги преживееме, па дури и само на кратко. Можеби ќе сме променеле нешто и резултатот би нè променил нас. А можеби нема да промениме ништо, но ќе уживаме во нив барем уште една секунда. Збогувањето ќе трае подолго, последниот бакнеж ќе биде поубав… Тогаш можеби нема да бидеме загрижени дека тој момент би бил нашето последно сеќавање…rnrnПогледнете ги и овие цитати кои ќе ви го разубават утрото.

  • 7 причини зошто е важно да ги печатите вашите фотографии

    7 причини зошто е важно да ги печатите вашите фотографии

    Порано, ако сте сакале да ги видите фотографиите, прво требало да ги испечатите. Но со развојот на технологијата, дигиталните фотоапарати и смартфоните, ретко кој ги печати неговите фотографии. Погледнете 7 причини зошто треба да ги печатите вашите „сеќавања“.rn

    1. Ви овозможуваат да го преживеете моментот

    rn(1)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnМагијата во печатењето на фотографиите е тоа што можете да се вратите во времето кога тие биле направени. Кога ќе ја држите фотографијата во вашата рака, носталгијата ќе биде посилна, а тоа чувство не може да се спореди со ниту едно друго.rn

    2. Кога ги печатите фотографиите, вие создавате приказна

    rn(2)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnСо секоја фотографија што ја правите, вие создавате приказна. А кога ќе ја испечатите приказната, таа ќе трае многу генерации.rn

    3. Ќе ви помогне да се поврзете

    rn(3)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnКога гледате фото-албуми со вашите пријатели или со семејството, секој од вас нурнува во тој момент. Сигурно вие, или личноста со која ги гледате фотографиите ќе има да сподели некоја приказна, и тој момент ќе стане навистина убав.rn

    4. Ќе го направите домот поудобно место

    rn(4)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnКога ќе се вратите изморени од работа и кога мислите дека сè околу вас се распаѓа, доволен е еден поглед кон фотографиите закачени на ѕидот за да ви се подобри расположението.rn

    5. Никогаш не знаете кога ќе ви се расипе технологијата

    rn(5)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnСе разбира, технологијата е вклучена во секој дел од нашиот живот, а овде спаѓаат и нашите сеќавања. Но, немате никаква гаранција дека вашите фотографии се безбедни во вашиот компјутер или на мемориската картичка. Во секој момент може да се расипат и да изгубите голем дел од животот. Па, најбезбедно е да ги испечатите омилените фотографии наместо да се надевате дека компјутерот вечно ќе работи.rn

    6. Фотографиите се едни од најдобрите подароци

    rn(6)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnФотографијата е нешто што кажува илјадници работи без да изусти ниту еден збор. Кога некому ќе му подарите фотографија од момент кој ви е значаен, не можете да ја замените со никој друг подарок.rn

    7. Одлични се за украсување на личниот простор

    rn(7)7-prichini-zoshto-e-vazhno-da-gi-pechatite-vashite-fotografii-kafepauza.mkrnrnВашето катче можете да го направите прекрасно место исполнето со сеќавања. Ова е најдобриот начин да украсите барем еден ѕид во вашиот дом.rnrnПогледнете ги и овие корисни апликации за фотографии за вашиот смартфон.

  • Работи кои засекогаш ќе се врежат во сеќавањата на вашите деца

    Работи кои засекогаш ќе се врежат во сеќавањата на вашите деца

    Во очите на децата родителите се семоќни. Љубовта која децата ја чувствуваат кон нив е безусловна, а довербата апсолутна. Така стојат работите додека тие се мали, а кога ќе пораснат и ќе станат критичари и бунтовници, она што го впиле додека вие активно сте ги користеле вашите родителски супермоќи, се повлекува во позадина – но и понатаму е тука, за да излезе во прв план кога тие се тажни, кога им недостигате, кога треба да донесат важни животни одлуки, кога им треба совет и поддршка или кога им е потребен некој на кого би му се спротивставиле за да ја докажат својата автентичност.rnrnНекаде во себе, сите ние и понатаму сме деца на нашите родители, кои понекогаш плачат, имаат потреба од утеха и болно го чувствуваат сето она што не го оствариле во односот со своите родители. Имајте на ум дека и вашите деца ќе се чувствуваат така и дека сеќавањата кои ќе ги создадете за нив ќе бидат драгоцени. Можеби нема да можете во целост да го контролирате она што тие ќе го впијат, но тие впиваат сè, а особено она од што би сакале да ги заштитите. Ова се сеќавањата кои ги чува детето во секоја возрасна личност.rnrn1-raboti-koi-kje-se-vrezhat-vo-sekjavanjeto-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rn

    1. Чувството на сигурност или несигурност

    rnОва е основно чувство кое се стекнува уште на мајчините гради. Децата се беспомошни, а вие сте им единствената стабилност и заштита. Вие сте нивната сигурност. Безгрижноста заминува со заминувањето на детството, потоа стануваме свесни и загрижени и должни сме самите да пронајдеме рамнотежа помеѓу сигурноста и несигурноста. Ако во детството сигурноста сме ја барале во сопствениот свет, надвор од секојдневните напнати семејни односи, тоа ќе влијае за да ја пронајдеме и кога ќе пораснеме, бидејќи тоа е нешто кое сме го научиле уште како мали. Голема е веројатноста дека личноста ќе биде постабилна и ќе има способност за подобра проценка во однос на довербата и внимателноста, ако со себе го носи основното чувство на сигурност, кое имплицира дека светот е безбедно место во кое таа е добредојдена и каде што има место за неа – место во кое среќата е можна и реална.rn

    2. Времето кое сте го поминале во игра со вашите деца

    rnОколу децата има доста работа, но тоа не е посветување и тие не паметат како сте ги бањале, пресоблекувале, хранеле, како сте заработувале и сте го одржувале редот, за тие да имаат сè што им треба. Бидејќи, сè што им е потребно на децата е вашето целосно внимание. Сето она што ви го одвлекува вниманието од нив, за нив е само пречка. Тоа што вие морате да подготвите храна, да ги измиете садовите, да отидете до маркет, да се затворите во бањата, да спиете или да правите што било друго во кое тие не учествуваат, децата не можат да го разберат. Но, кога потполно ќе им се посветите, кога ќе оставите сè друго и ќе си играте со нив, како и кога секојдневните работи ќе ги правите низ игра, тие ќе бидат воодушевени и тоа е она што засекогаш ќе го паметат. Години подоцна, тие ќе се сетат на работите кои вие потполно сте ги заборавиле, бидејќи тие за вас претставувале родителска задача, нешто во кое можеби не сте биле присутни со целото срце, но сепак сте правеле сè што е потребно, за тие да го зачуваат помеѓу своите најомилени спомени од детството.rnrn2-raboti-koi-kje-se-vrezhat-vo-sekjavanjeto-na-vashite-deca-www.kafepauza.mk_rn

    3. Вашата брачна комуникација

    rnДецата набљудуваат како комуницираат нивните родители. Поголемиот дел не го разбираат, но сè чувствуваат, стекнуваат впечатоци и изведуваат сопствени заклучоци, кои остануваат дел од нивната несвесна содржина и имаат големо влијание врз нивните емотивни односи. Ако се обидувате да не се карате пред вашите деца, тоа сепак нема да ги заштити од нарушените односи, бидејќи тие многу прецизно ќе ја регистрираат вашата напнатост, чија причина не им е позната, а тоа за нив претставува минско поле од впечатоци и сопствени заклучоци. Доколку вие и вашиот партнер имате однос во кој преовладуваат љубов, доверба, искреност, разбирање и почитување, децата ќе го знаат тоа и ќе го чувствуваат, дури и кога ќе се расправате или еден кон друг ќе бидете нестрпливи и негативни. Децата секогаш ја чувствуваат вистината, па би требало да бидете свесни за тоа. Кога ќе пораснат, најтешко ќе им биде да ви простат поради работите за кои сте ги лажеле – и за кои сте се лажеле и себеси.rn

    4. Вашата поддршка и разбирање

    rnНе мора да го одобрувате сето она што тие го прават. Можете да ги критикувате, да им поставувате граници, да ги наградувате или казнувате, настојувајќи да спроведете некој разумен воспитен метод, кој од вашето дете треба да создаде стабилна, одговорна и способна личност. Секој воспитен метод е добар, ако сте доследни и верувате во она што го правите. Но, ако го осудувате вашето дете, никогаш не сте горди на него, не се воодушевувате од она што тоа го прави и постојано барате да се коригира, да биде подобро и да се огледа на подобрите од него, им нанесувате трајна штета на неговата самодоверба и способноста да се сака себеси.rn

    5. Семејната традиција

    rnНачинот на кој ги прославувате важните датуми и важните моменти во вашето семејство се вашата традиција. Приказните пред спиење, бакнежите за добро утро и добра ноќ, начинот на кој се јавувате кога ќе влезете дома за да го огласите вашето присуство, важноста која им ја давате на нештата кои ги работите со вашето дете – сето тоа се семејни традиции. Нешто кое ќе го носат во срцето, што ќе ги грее, што секогаш ќе ги следи и за кое еден ден ќе им раскажуваат на своите деца.

  • Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    Научниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежа ву

    На сите ни се има случено да се најдеме во одредена ситуација која ни се чини дека веќе сме ја доживеале во минатото. Досега дадени се еден куп теории зошто се случува тоа, но ниту една не е докажана со сигурност, па овој феномен сѐ уште останува една од најголемите мистерии на човечката психологија.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnНо, научниците имаат ново објаснување за оваа чудна мозочна појава. Шкотскиот професор Акира О’Конор верува дека овој феномен е последица од проверката на фактите која ја прави нашиот мозок.rnrnЗа да ја докаже неговата теорија, доктор О’Конор спровел низа експерименти во кои тој вештачки ја предизвикал појавата на дежа ву. На испитаниците им биле кажувани одреден број зборови поврзани меѓу себе, но притоа бил изоставен главниот заеднички концепт за сите тие зборови. На пример, тие ги слушале зборовите „перница“, „кревет“, „ноќ“, но не го слушнале зборот „спиење“.rnrnПотоа, истражувачите ги прашале испитаниците дали чуле збор со буквата „с“ во него и одговорот бил негативен. Меѓутоа, подоцна, кога на испитаниците им било поставено истото прашање, поголемиот дел од нив рекле дека чуле „спиење“. Тие мислеле дека навистина го чуле зборот затоа што логички припаѓа на остатокот од низата зборови. Мозоците на учесниците почнале да ги преиспитуваат нивните сеќавања и како последица на тоа, токму во тој момент, се јавило силно чувство на дежа ву.rnrnНаучниците конечно објаснија зошто понекогаш доживуваме дежавуrnrnМагнетната резонанса покажала дека најактивните делови од мозокот во тие моменти биле оние што се одговорни за донесување одлуки, а не за сеќавања. Доктор О’Конор претпоставил дека овие области од мозокот создаваат чувство на дежа ву затоа што ги следат сеќавањата и бараат грешки во нив. Кога ќе најдат некоја недоследност, веднаш се активираат, а ние доживуваме морничаво чувство дека тоа веќе ни се има случено порано.rnrnСпоред еден друг истражувач, Стефан Келер од Канада, можно е да се случува и некој конфликт при донесувањето решенија во мозокот за време на овој феномен.rnrnПотребно е да се соберат уште многу податоци пред да се докажат овие теории, но ако некоја од нив е вистинита, феноменот дежа ву конечно ќе биде разоткриен. Тогаш со сигурност ќе знаеме дека мозокот само го проверува квалитетот на нашите сеќавања и бара недоследности помеѓу она што навистина го паметиме и она што мислите дека го паметиме.

  • 7 неверојатни митови за меморијата кои сигурно не сте ги знаеле

    7 неверојатни митови за меморијата кои сигурно не сте ги знаеле

    Секој човек има сеќавања. Некои од луѓето велат дека имаат подобра меморија, некои пак се жалат дека потешко запаметуваат имиња, ликови, датуми… Меморијата и способноста на мозокот да памети одредени настани и случки е особено интересна област за истражување. Постојат многу студии кои ја опфаќаат оваа тема, но истовремено има и многу митови во кои луѓето веруваат, а се поврзани со меморијата. Можеби и вие не сте знаеле за овие 7 нешта поврзани со нашите сеќавања…rnrn(1) 7 мита за меморијата кои не сте ги знаелеrn

    1. Нашите сеќавања се само наши

    rnВистината е дека сеќавањата се општествени конструкции. Секој пат кога споделуваме некое сеќавање со околината, ние го обновуваме. На пример, многу често нашите мемории ги адаптираме или ги правиме позабавни за луѓето на кои им ги раскажуваме. Затоа, добрите приказни со секое ново прераскажување, стануваат уште подобри. Од друга страна, секој пат кога ќе слушнеме нечија верзија за одредена случка, постои можност да ги „украдеме“ сеќавањата на личноста која ни раскажува. Многу често потоа ги вметнуваме во нашата верзија, па дури почнуваме да веруваме дека тоа навистина нам ни се случило. Всушност сите ние сме „крадци на сеќавања“, а не сме свесни за тоа.rn

    2. Лаже оној кој не ја кажува вистината

    rnЛичноста која раскажува нешто што очигледно не е точно, не значи дека лаже, туку можеби станува збор за нешто што се нарекува „лажно сеќавање“. Лажната меморија е сеќавање што раскажувачот го чувствува како вистински настан, дури и ако на одреден начин, не е точно. Можеме да имаме лажни сеќавања во врска со мали детали, како на пример погрешно запаметени имиња на луѓе, па дури и цели настани кои не ни се случиле ниту нам, ниту на некој друг.rn

    3. Долготрајната меморија вклучува сеќавања од барем неколку месеци

    rnКога научниците говорат за „краткотрајна меморија“ тие мислат на информации кои се складираат во мозокот околу 30 секунди. Сè што останува подолго од 30 секунди се смета за „долготрајна меморија“. Оваа меморија може да трае една минута, или цел живот.rn

    4. Се сеќаваме на настани кога сме биле бебиња

    rnНаучниците вообичаено тврдат дека не е возможно да имаме сеќавања од возраста до две и пол години. Тоа, како што објаснуваат, е затоа што нашиот мозок до таа возраст не е доволно голем и зрел, да си направи организација на светот што нè опкружува и потоа да ги сними настаните. Овој феномен е познат како „детска амнезија“. Научниците понатаму тврдат дека човекот има „делумна детска амнезија“ на возраста меѓу три и седум години, кога нашата меморија сè уште не е толку добро развиена и долготрајна, како по седумгодишна возраст.rn

    5. Има нешто што се нарекува фотографска меморија

    rn„Фотографската меморија“ не постои. Најблискиот термин до овој феномен е еидетско помнење – исклучителна меморија за настани и слики. Околу 5% од децата имаат ваков тип меморија, но тоа наместо да претставува ментална супер моќ, може да укажува и на некаков проблем во развојот.rn

    6. Сите се сеќаваат каде биле за време на важни историски настани

    rnКога сме сведоци на важни историски настани, вообичаено секој човек има точна и многу реална слика за тоа каде бил и што правел во тој момент. Од поновата историја, за пример може да ги земеме бомбашките напади во Париз, уривањето на кулите „Близначки“ на 11-ти септември или смртта на принцезата Дајана. Но, тие сеќавања за тоа каде сме биле и што сме правеле, многу често не соодветствуваат со реалноста и не се најточни. Довербата во нашите сеќавања, поврзани со таквите моменти е често на многу високо ниво, што укажува дека токму таа може да биде лош показател за точноста.rn

    7. Имагинацијата и меморијата се две сосема различни работи

    rnНо, всушност и не се. Нашите сеќавања се неверојатно сложени, флексибилни и креативни. Ние ги користиме истите делови од мозокот за да ги замислиме нештата коишто се случуваат преку употреба на нашата имагинација, исто како кога ги паметиме работите. Бидејќи, истите мозочни ќелии можат да се употребуваат за имагинација и помнење, овие два процеса можат да се измешаат. Па така, многу често може да ги измешаме работите кои сме ги замислувале, со нештата кои вистински сме ги доживеале. На овој начин, научниците кои ја истражуваат меморијата кај човекот, можат да ги убедат луѓето дека доживеале одредени емоционални настани, кои всушност воопшто и не се случиле.