КАФЕ ПАУЗА

Tag: седење

  • 8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

    Болките во грбот не мора секогаш да бидат предизвикани од некои болести или здравствени состојби. Дури и најздравите луѓе може да ја искусат оваа тешкотија и неудобност во секојдневниот живот. Прочитајте ги следниве 8 причинители на болките во вашиот грб, кои може да ве изненадат.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    1. Спиете на стар душек

    rnДобар душек треба да се користи 8-10 години. Доколку не сте го смениле вашиот повеќе од 10 години, големи се шансите вашиот ‘рбет да не ја добива потребната потпора. Заменете го стариот душек со нов кој нема да биде ни премногу тврд ни премногу мек.rn

    2. Носите тешка чанта

    rnДоколку сте од оние луѓе кои сакаат да креваат тешки предмети низ домот, имајте на ум дека грбот нема да ви биде благодарен за тоа. Исто така, носењето тешка чанта на едното рамо, создава нерамнотежа на вашето тело и на вашиот ‘рбет. Носете некоја полесна чанта. Чантата со сите работи внатре не треба да тежи повеќе од 10% од вашата телесна тежина.rn

    3. Носите рамни чевли или чевли со превисока штикла

    rnЧевлите со високи штикли ве тераат да го свиткате грбот, при што создаваат притисок на вашите зглобови. Рамните и ниски чевли како што се балетанките или некои патики, исто така можат да бидат лоши за вашиот грб, особено доколку сте дустабан. Сандалите кои немаат задно ременче се исто така лош избор, бидејќи предизвикуваат шетање на вашите стапала од една на друга страна, при што тежината на вашето тело е нееднакво распределена. Секој човек има своја идеална висина на штикла, пронајдете ја вие вашата.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    4. Држите лутина

    rnИстражувачите од еден универзитет откриле дека луѓето кои почесто опростуват, поретко се чувствуваат огорчени, депресивни, гневни и имаат помалку болки. Вашите емоции, напнатоста во мускулите и мислите, можат директно да влијаат врз јачината на физичката болка којашто ја чувствувате. Не само што држењето лутина е лошо за вашето физичко здравје, негативно влијае и на вашата емоционална состојба.rn

    5. Седите цел ден

    rnЛоши вести за сите оние кои работат на компјутер – тоа е многу лошо за вашето здравје. Седењето цел ден можеби ви изгледа убаво во однос на оние луѓе кои работат физичка работа, но повеќето луѓе не седат во правилна положба додека работат на компјутерот 8 часа дневно, што предизвикува ослабување на грбните мускули поради неактивност. Плус седењето создава 50% повеќе притисок врз вашиот ‘рбет отколку стоењето. Доколку работното место не ви овозможува да работите стоејќи на повисок пулт како би ви биле мускулите на грбот постојано активни, тогаш одвреме-навреме потпрете го грбот на столчето под агол од 130 степени, за да го избегнете набивањето на дисковите во ‘рбетниот столб. Исто така, многу е битно главата да ја држите исправено додека работите на компјутерот, а не да ви биде напрегната нанапред.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грботrn

    6. Под стрес сте

    rnКога сте под стрес, целото тело ви е исто така под стрес, вклучително и мускулите на вашиот врат и грб кои се згрчуваат и стискаат. Доколку продолжите да се стресувате, тие затегнати мускули нема да добијат шанса да се опуштат, што од своја страна предизвикува болки во грбот. Постојат многу докажани начини за намалување на нивото на стресот, меѓу кои спаѓаат редовното вежбање, медитацијата и топлата бања.rn

    7. Не вежбате редовно

    rnСпортот ги оформува и тонира мускулите кои го држат вашиот грб. Кога не вежбате доволно, тие се вкочанети и слаби, а ‘рбетните дискови се деформираат. Вежбите кои ги зацврстуваат грбот и стомакот, се најдобар избор за оние кои имаат болки во грбот.rn

    8. Јадете премногу нездрава храна

    rnНе е за изненадување, дека внесот на висококалорична храна, со малку хранливи материи, доведува до зголемување на телесната маса. Зголемената тежина, исто така негативно влијае врз вашиот грб. Вишокот тежина околу стомакот, ја повлекува карлицата нанапред, што создава напнатост во грбот. Лицата со прекумерна тежина имаат зголемен ризик од остеоартритис. Намалувањето на барем 5-10% од вашата телесна тежина, може да ја подобри состојбата со вашиот грб.rnrn8 лоши навики кои предизвикуваат болки во грбот

  • Што може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?

    Што може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?

    Без оглед од која причина денот ви поминува претежно во седење, треба да бидете свесни за последиците по вашето здравје и изглед. Ова се најчестите проблеми кои ги предизвикува предолгото седење на столче и предлог-решенија како да се справите со нив.rnrnШто може да ви се случи доколку по цел ден седите на столче?rn

    Ризик од дијабетис

    rnСтресното опкружување на работното место, кај жените го зголемува ризикот за срцев удар и заболување од дијабетис. Затоа на секој саат прошетајте малку низ работното место или барем до кујната или до апаратот за вода.rn

    Болни колкови

    rnСо седењето се зголемува притисокот на колковите, колената и кичмата, што може да предизвика разни заболувања. Затоа најдобро е да ја прилагодите столицата, аголот помеѓу грбот и нозете да ви биде 90 степени.rn

    Синдромот на карпален тунел

    rnСиндромот на карпален тунел е притисок на нервот медијанус, кој поминува низ истоимениот тунел во рачниот зглоб. Симптомите се јавуваат поради компресија на овој нерв, а најчест е вкочанетост на прстите. Затоа задолжително користете ергономски тастатури, а на секои 15 минути истегнете ги зглобовите. Кога ќе дојдете дома, правете кружни вежби со дланките.rn

    Дебелеење

    rnБидејќи ве притискаат работните обврски, немате време дури ни да појдете на нормален ручек, па често консумирате брза храна или некои грицки. Затоа, дома задолжително пригответе здрав оброк, кој ќе го понесете на работа.rn

    Суви очи

    rnПоголемиот број луѓе ги напрегаат своите очи, целодневно гледајќи во компјутерските екрани. Во просек човекот трепка од 12 до 15 пати во минута, а додека гледа во екран максимум 7 пати. Затоа во текот на денот гледајте да направите пауза во природа, за да се одморат вашите очи.rn

    Проширени вени

    rnСедејќи подолго време во иста положба ги зголемувате шансите за настанување на проширени вени, кои мачат повеќе од 50% од жените. Задолжително носете хулахопки од ликра, кои ќе ви ги стегнат нозете и ќе ја стимулираат циркулацијата.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Говорот на нозете според Плејбој

    Говорот на нозете според Плејбој

    Во едно издание од Плејбој од 1969 година детално е обработен говорот на телото, односно поконкретно говорот на нозете кое ги „издава“ најважните карактерни црти на девојките. Станува збор за уникатна студија од страна на клиничкиот психолог Џон А. Блејзер кој сметал дека според тоа како девојките ги наместуваат своите нозе веднаш кога ќе седнат, можете да го одредите начинот на кој да треба да им пристапите.rnrnГоворот на нозете според ПлејбојrnrnПогледнете ги наредниве неколку позиции и добро запомнете ги. Можеби нареден пат ќе препознаете некои од сигналите и успешно ќе започнете нова врска со девојката која веќе подолго време ја набљудувате, но не знаевте како да ѝ пристапите… :)rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    rn

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Организаторка

    rnЈа возбудуваат педантноста и уредноста кај мажите.rnrnНесигурноста ѝ пречи, па затоа однапред подгответе план за вечерта и држете се до него.rnrnАко стапалата ѝ се свртени навнатре, несигурна е и има ниска самодоверба. Зголемете ѝ го егото и таа ќе го стори истото за вас.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Сплеткарка

    rnИ покрај тоа што однадвор изгледа урамнотежено, всушност таа се чувствува загрозено од мажи.rnrnМногу е амбициозна и има голем натпреварувачки дух.rnrnНежно предизвикајте jа во некоја игра со карти и изгубете – така ќе победите во поголемата игра.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Конформистка

    rnАко ја забележите на забава, тргнете накај нејзиното столче сигурно, но тивко.rnrnТаа обожава да ѝ кажуваат што да прави, но не сака да привлекува внимание кон себе.rnrnЗапочнете полека и откако врската ќе ви стане посериозна, таа ќе биде ваша со целото свое срце.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Перфекционистка

    rnТаа многу се грижи за впечатокот кој го остава и поради тоа може да биде несигурна и анксиозна.rnrnТаа искрено ужива кога им помага на луѓето околу неа, па затоа разговарајте за вашите проблеми.rnrnКога ќе го „возбудите“ нејзиното сочувство, ќе ја возбудите и неа.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Социјална работничка

    rnТаа има многу слични особини со перфекционистката, но е уште понесебична од неа.rnrnОднесувајте се беспомошно и таа веднаш ќе стане чувствителна и дарежлива кон вас.rnrnАко ѝ укажете дека навистина имате потреба од неа, таа ќе ги стави вашите интереси пред нејзините.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Еманципирана девојка

    rnНезависна и неконвенционална, таа е пример за „модерна девојка“.rnrnТаа ја обожава својата слобода, најновата мода и далечните места.rnrnДоговорете заедничко патување на некој егзотичен остров, и оттогаш таа ќе биде засекогаш ваша.

    Говорот на нозете според Плејбојrn

    Филантропка

    rnТаа е топла, дружељубива и со добар хумор. Задоволна е од себеси и од другите околу неа.rnrnОваа романтичарка има многу да ви понуди и тоа ви го подарува бесплатно.rnrnНе обидувајте се да ја „врзете“ за себе, бидејќи таа е љубовничка на сите мажи.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Неколку чекори до правилно држење на телото

    Неколку чекори до правилно држење на телото

    Неверојатно е како само со подобрување на држењето на телото може да се стигне до толку многу бенефити. Правилното држење ја намалува болката во вратот, грбот и рамената, навидум ја зголемува висината, дава самоуверен изглед, ја зголемува концентрацијата, па дури може и да ја подобри работата на внатрешните органи. За жал, денешниот начин на живот бара најголемиот дел од времето да го поминуваме седејќи, со што доброто држење на телото е отежнато, но ако следните неколку совети ви станат дел од секојдневната рутина, тоа ќе се промени кон подобро.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Станете свесни за вашето сегашно држење

    rnПрв чекор кон решавање на овој проблем е прифаќањето на фактот дека лошо го држите телото. Многумина мислат дека имаат правилно држење ако го истакнат градниот кош напред и ја исправат главата, но тоа е погрешно. Телото се држи правилно кога ’рбетот е исправен, односно кога е благо накривен од вратот кон рамената и од рамената кон половината. Ако го држите телото како робот пак ќе се појават болки.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Стојте исправено

    rnЗастанете пред огледало и потрудете се да ги доведете ушите, рамената и колковите во права линија. Кога ќе го направите тоа, тогаш сте успеале да постигнете правилно држење на телото, но тука не е крајот. Следниот предизвик е да одолеете на потребата да ја навалите главата напред, по која ќе се навалат и рамената и претходниот труд ќе биде залуден.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Седете исправено

    rnАко денот го минувате во седечка положба важно е да седите на стол кој му одговара на вашиот ’рбет, а тоа обично се оние кои се малку искривени кај долниот дел од грбот и половината. Ако немате таков, мало перниче на тоа место многу ќе помогне. Вашето биро треба да биде високо колку и вашите лакти, држете ги рамената исправени во линија со колковите и немојте премногу да ја навалувате главата напред. Ако, пак, морате да ја навалите главата за да прочитате нешто на компјутерот, најдобро би било да го повлечете мониторот кон вас.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Спијте правилно

    rnДржењето на телото ќе го подобрите ако спиете на грб или на страна, а не се препорачува спиење на стомак. Кога спиете на страна поставете перниче помеѓу колената, а кога спиете на грб ставете го под нив. Тоа не е задолжително за да ја постигнете саканата цел, но несомнено ќе помогне.Неколку чекори до правилно држење на телотоrn

    Вежбајте

    rnОдржувањето на телото во добра кондиција ќе се забележи преку начинот на неговото држење. Без разлика дали трчате, вежбате јога или боречки вештини, ќе почувствувате дека нешто почнало да се менува. Ако, пак, не практикувате ниту еден спорт, посветете дел од денот барем на истегнување на мускулите на телото, меѓу кои и на оние кои се од важност за оваа цел.Неколку чекори до правилно држење на телото
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде…

    Компанијата „Woouf“ од Барселона, Шпанија дошла до интересна идеја да дизајнира оригинална колекција персонализирани перници за седење. Тие фантастично би се вклопиле во сечиј дом, дури и кога би немале никаква улога на мебел.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnДоколку имате музичко студио или едноставно ја сакате музиката, можете вашата просторија да ја направите многу интересна, доколку си набавите перница која изгледа како пијано, звучник или вуфер. Ако сте голем гурман и сакате да го потенцирате тоа пред вашите пријатели, едноставно купете си хамбургер или еден помфрит и седнете на него. Доколку пак обожавате да патувате, одберете си го куферот кој најмногу ви се допаѓа и седејќи на него, размислувајте каде ќе одите на патување. Има и фотоапарат, на кој можат да седнат љубителите на добрата фотографија.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrnОвие дотерани перници, наполнети со морска пена и изработени од многу издржлив материјал, не само што претставуваат место плус за седење во вашиот дом, туку прават секој дизајн на столче да изгледа толку досаден во споредба со нив, гледајќи ги само на фотографии. Нивната оригиналност, ќе го задоволи вкусот на возрасните, исто колку што и на помалите деца. Цената на комфорниве пернички варира од 90 до 275 евра.rnrnПијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...Пијано на кое не се свири, хамбургер кој не се јаде...rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Мебел направен од карбонски влакна

    Мебел направен од карбонски влакна

    Овој необичен мебел е направен од Питер Дондерс од Белгија. Неговите модели C-Bench и C-Stone изгледаат како 3-D шкрабаници, на кои можете да седите и лежите, а најинтересно е тоа што најверојатно никогаш нема да се оштетат.rnМебел направен од карбонски влакнаТоа е така бидејќи карбонските влакна се ултра силен материјал, кој се користи за изработка на многу нешта, од автомобили до вселенски бродови.rnМебел направен од карбонски влакнаМебел направен од карбонски влакнаДвата модела тежат по околу шест килограми и се направени во ограничен број.rnМебел направен од карбонски влакнаМебел направен од карбонски влакна