КАФЕ ПАУЗА

Tag: седење

  • Што е поштетно: долгото седење на работа или дома?

    Што е поштетно: долгото седење на работа или дома?

    Истражувањето на американските научници покажа дека немаат сите форми на седење подеднакво штетно влијание врз здравјето на срцето. Тие забележале разликата помеѓу седењето додека сте на работа и работите канцелариска работа или сте на компјутер и седењето на софата покрај телевизорот.rnrnШто е поштетно: долгото седење на работа или дома?rnrnОдамна знаеме дека седечкиот начин на живот има многу лошо влијание врз здравјето на една личност, особено врз здравјето на срцето и крвните садови. Самите научници беа изненадени кога открија дека времето што го поминувате седејќи на каучот дома и гледајќи телевизија е повеќе поврзано со зголемениот ризик од развој на срцеви заболувања отколку од седењето на работа.rn

    „Нашите резултати сугерираат дека начинот на кој го поминуваме слободното време по работното време е многу важен за здравјето на крвотокот“, објаснува главниот автор на истражувањето, д-р Кит Дијаз од Универзитетот „Колумбија“.

    rnНаучниците ги анализирале податоците собрани во период од осум и пол години од 3 592 учесници во истражувањето. Податоците содржеле информации за тоа колку време учесниците минувале седејќи на работа и колку време минувале гледајќи телевизија во споредба со вежбањето во слободно време.rnrnДијаз и неговите колеги откриле дека сите оние кои одговориле дека минуваат четири или повеќе часови пред телевизорот секој ден, имаат 50% поголем ризик од развој на кардиоваскуларни проблеми и предвремена смрт, во споредба со лицата кои дневно седат пред телевизор два часа или помалку.rnrnДури и научниците целосно не разбираат зошто седечкиот начин на живот во слободно време е потенцијално поштетен од седењето на работа, но тие веруваат дека одговорот е во долгото непрекинато седење.rnrnПовеќето луѓе имаат навика да седат долго на софата пред телевизор и воопшто да не се движат, а камоли да стануваат. Сепак, на работа, повремено станувате од бирото. Во исто време, додека гледаат телевизија, повеќето луѓе посегнуваат по ужина, преработена и брза храна, засладени и газирани сокови и алкохол. Друго можно објаснување може да биде изборот на време за одмор и седењето во слободно време.rnrnИмено, комбинацијата на обилен оброк и потоа седењето неколку часа може да биде особено штетна. Затоа, треба да бидете активни по работното време.rn

    „Ако сте навикнати да гледате телевизија повеќе од четири часа секој ден, треба да вежбате интензивно два до три пати неделно. Тоа е вкупно 150 минути“, советува Дијаз.

    rnДури и ако работите работа што едноставно бара долги периоди на седење, не залегнувајте на софата по работата, туку правете понапорни вежби. Ова значително ќе го намали ризикот од развој на срцеви заболувања и предвремена смрт.rnrnПрочитајте кој период од денот е најдобар за вежбање.

  • 3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутер

    3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутер

    Повеќето работни места денес се поврзани со компјутер, а ако поминувате повеќе од четири часа на ден пред компјутерскиот екран, важно е да знаете кои се можните последици. Седењето во лоша позиција и постојаното изложување на очите на вештачка светлина може да придонесат за појава на одредени физички проблеми. Ова се трите најчести болести предизвикани од седење пред компјутер.rnrn3 болести што може да ги добиете ако седите премногу долго пред компјутерrn

    1. Остеохондроза

    rnОвој назив е другото име за болката во грбот бидејќи речиси 80% од целата болка во оваа област се јавува како последица на остеохондроза. Оваа болест претставува атрофија на ткивото на дискот. Големината на дисковите се намалува, а и апсорпцијата на потребните супстанции, па дисковите ја губат еластичноста и можноста правилно да ги извршуваат своите функции. При остеохондроза, постои намалување на функциите на лигаментите и на мускулите што овозможуваат дисковите да функционираат правилно, а сето тоа влијае на целокупната состојба на ’рбетот.rnrnНајчесто се манифестира со болка во грбот, вратот, рацете и рамената. Оваа болест е често придружена со слаба циркулација, вртоглавица, главоболка, вкочанетост во прстите, болка и чувство на печење во градите, чувство на слабост, а исто така може да доведе и до оштетување на видот.rnrnПревенција: Обезбедете основни услови за работа – столот на кој седите мора да биде удобен, но не премногу мек. Потпирачот за грб не смее да биде рамен, туку да ја следи природната закривеност на ’рбетот. Позицијата на компјутерот или на лаптопот треба да биде таква што средината на мониторот е токму пред вашите очи. Ова ќе спречи дополнително искривување на ’рбетот и притисок на вратот. Исто така, одвојте пет минути за загревање, истегнувајте ги вратот и ’рбетот на секој час и направете неколку вежби.rn

    2. Синдром на суво око

    rnЗаштитниот слој што го покрива окото функционира правилно благодарение на трепкањето. Но, додека гледате во екранот, трепкате двапати помалку од нормалното, така што солзната течност не се обновува навреме. Ова доведува до синдром на суво око и очите ја губат својата природна заштита.rnrnОвој синдром се манифестира со чувство на пецкање, чешање, иритација и црвенило на окото, а може да се појават и други необични симптоми во пределот на очите.rnrnПревенција: Многу е важно да одржувате оптимален внес на течности. Треба да се оддалечувате од компјутерот на секои 20 минути или барем да ги затворите очите најмалку 1 минута. Затворете ги очите колку што е можно поцврсто. Одвојте една минута неколку пати на ден и трепкајте колку што е можно почесто за да го поттикнете создавањето на солзната течност.rn

    3. Синдром на карпален тунел

    rnКарпалниот тунел се наоѓа на предниот дел на рачниот зглоб. Сместен е помеѓу осум мали коски на рачниот зглоб, додека горната страна е затворена со напречно поставен карпален лигамент. Преку него поминува медијалниот нерв, кој кај синдромот на карпален тунел е под постојан притисок. Симптомите вклучуваат чешање, болка и трнење на прстите, на раката и на зглобот, а можна е и вкочанетост на средните прсти.rnrnПревенција: Бирото на кое работите треба да биде доволно големо за да ги ставите двете раце на него. Исто така, столот, тастатурата и глувчето мора да одговараат на вашата анатомија, односно не смеат да ви предизвикуваат никакви проблеми. Правете пауза на секој час и правете едноставни вежби кои траат неколку минути: стискајте ги и пуштете ги тупаниците, вртете ги дланките во насока на стрелките на часовникот и обратно, истегнете ги рацете пред себе и движете ги прстите.rnrnПогледнете кои рани симптоми може да ви помогнат во откривањето на 10 сериозни болести.

  • Како седењето како нашите предци може да ни ги намали хроничните болки?

    Како седењето како нашите предци може да ни ги намали хроничните болки?

    Нездравата храна и високото ниво на стрес го зголемуваат ризикот од хронични болести, исто како и седењето повеќе од 4 часа дневно. Токму поради ова, Марк Сисон од Mark’s Daily Apple и Мет Волден од институтот Чек предлагаат одново да се запознаеме со архетипските положби на седење.rnrnКако седењето како нашите предци може да ги намали хроничните болки?rnrnСпоред експертите, постои силна поврзаност помеѓу долгото седење на стол и хроничните повреди на сврзното ткиво.rnrnИмено, луѓето страдаат од хронични воспаленија поради неколку фактори – нездрава исхрана сиромашна со минерали и витамини, рафинирани масла и семиња и седење долго време во неприродна положба.rnrnЕдно неодамнешно истражување покажало дека луѓето кои страдаат од повреди на петната тетива не секогаш им ја припишуваат нивната состојба на вежбање или спортски повреди. Со други зборови, болеста едноставно се развила. Сисон и Волден сметаат дека седењето на стол без редовно истегнување е главната причина за намалено здравје и квалитет на ткивото.rnrnЗа да се надминат овие состојби, експертите препорачуваат да им се вратиме на некои позиции за седење што нашите предци ги употребувале илјадници години.rn

    Архетипските положби за седење на подот се:

    rn

      rn 011

    • Целосно чучнување, со петите залепени на земја
    • rn 011

    • Ниско коленичење
    • rn 011

    • Високо коленичење
    • rn 011

    • Седење со прекрстени нозе
    • rn 011

    • Испружено седење
    • rn 011

    • Странично седење
    • rn

    rnКако седењето како нашите предци може да ги намали хроничните болки?rnrnВо секоја од овие положби, некои ткива се истегнуваат, додека некои се потиснуваат.rn

      rn 011

    • Чучнувањето ги истегнува грбот, задникот и листовите.
    • rn 011

    • Ниското коленичење ги истегнува стапалата и квадрицепсите.
    • rn 011

    • Високото коленичење ги истегнува квадрицепсите и тетивите на петите.
    • rn 011

    • Седењето со прекрстени нозе ги истегнува колковите.
    • rn 011

    • Испруженото седење ги истегнува бутовите и зглобовите.
    • rn 011

    • Страничното седење ги истегнува внатрешниот и надворешниот дел од колкот.
    • rn

    rnСпоред Сисон и Волден, најдобро е да ги менувате положбите. На овој начин ќе го истегнете секој екстремитет и ќе го поттикнете лекувањето на болките.rnrnПокрај тоа, многу од овие положби ја сопираат циркулацијата на крвта во одредени делови од телото, а ова докажано го поттикнува заздравувањето на ткивото. Овие начини на седење можат да ја подобрат и толеранцијата на гликоза.rn

    „Цитираме истражување кое покажува дека нежната пасивна програма за истегнување го намалува нивото на шеќер во крвта кај дијабетичарите.“

    rnИако ова откритие звучи добро, сепак е потребно дополнително истражување.rnrnПовеќето луѓе имаат проблем со следење на редовен режим за истегнување. Добро е да направите и дополнително истражување за архетипските положби на седење. Овие положби се релаксирачки и можете да ги изведувате додека слушате музика, гледате телевизија или читате книга.rnrnПогледнете и кои се лошите навики кои предизвикуваат болки во грбот.

  • Зошто не треба да седите со прекрстени нозе?

    Зошто не треба да седите со прекрстени нозе?

    Кога станува збор за седењето, многу жени, но и мажи, имаат едно заедничко нешто – прекрстувањето на нозете. Најверојатно на овој начин ги спречуваат несаканите погледи под здолништето. Но иако изгледа елегантно, овој начин на седење е сè освен безопасен по здравјето. Погледнете зошто.rnrnЗошто не треба да седите со прекрстени нозе?rn

    1. Страдаат нервите

    rnДоколку сметате дека при овој начин на седење трпи само долната нога, се лажете. И двете нозе страдаат. Имено, во областа на колената се наоѓа важен нерв, кој доколку предолго и преинтензивно се притиска, ќе го умртви долниот дел на ногата и стапалото. Доколку се оштети неповратно, може да предизвика дури и парализа на стапалата и ножните прсти.rn

    2. Се зголемува крвниот притисок

    rnПокрај нервите, со овој начин на седење ги притискате и крвните садови, па можно е да се намали дотокот на крв до срцето. Поради ова, другите крвни садови мораат да ја преземат задачата и поради тоа преоптоварување, се зголемува крвниот притисок. Притисокот можеби ќе се намали брзо, но тоа не значи дека крвните садови ќе останат неоштетени.rn

    3. Проширени вени

    rnСамо од прекрстувањето на нозете нема да ви се појават проширени вени. Но поради другите фактори, како напнатост, генетски предиспозиции или бременост, би требало да бидете внимателни. Притисокот што го трпат крвните садови во оваа положба на седење може да предизвика оштетување.rn

    4. Влошено држење на телото

    rnСедењето со прекрстени нозе не е природната положба на телото. Доколку секојдневно седите на овој начин, ризикувате да го искривите вашиот грб. Сигурно не сакате целиот живот да го поминете со болки во грбот.rnrnЗнаете ли кои се болестите што може да ги предизвика долгото седење?

  • Какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок?

    Какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок?

    Ова не се некои нови вести, но денес луѓето седат премногу. Без разлика дали седите во канцеларија 8 часа, или седите дома на работната маса, да се биде возрасен во модерното општество значи дека најчесто ќе бидете во седечка положба.rnrnКакво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок?rnrnСигурно веќе сте свесни дека ова има лошо влијание врз вашето тело. Но дали знаете какво е влијанието на постојаното седење врз вашиот мозок? Според Американското здружение за рак, постои голема поврзаност помеѓу долгото седење и зголемениот ризик од смрт од која било причина, вклучувајќи рак, срцеви болести, мозочен удар, дијабетес и уште многу.rnrnНо нема потреба од паника. Само затоа што седењето е голем дел од вашиот живот, не значи дека немате контрола над него. Всушност, можете да додадете повеќе стоење во животот на многу едноставни начини, како одење додека разговарате на телефон или размрдување додека чекате да поминат рекламите. Доколку ви е потребна дополнителна мотивација, погледнете ги негативните ефекти врз мозок предизвикани од седењето.rn

    1. Седењето влијае на меморијата

    rnИзгледа како седењето и меморијата да немаат ништо заедничко, но доколку постојано го губите телефонот или заборавате да вратите на некоја порака, можеби проблемот е токму во седењето. Пречестото седење го намалува дотокот на крв до главата и е поврзано со влошување на делот од мозокот што ни помага да примаме нови и да се потсетиме на старите информации.rn

    2. Седењето го намалува фокусот

    rnДали некогаш сте седеле пред компјутер и одеднаш ви станало нејасно што правите или што треба да правите? Овие чудни моменти на исклучување можат да бидат поврзани со фактот дека сте седеле предолго. Кога седите, не го активирате мускулоскелетниот систем или кардиопулмоналниот систем, кои имаат влијание на функцијата на мозокот. Доколку седите долг период, испуштате потенцијално подобрување на невротрансмитерите, кое доаѓа со разни движења.rn

    3. Седењето може да ве направи мрзливи

    rnИако воглавно телото се чувствува мрзливо по долг период на седење, понекогаш мрзливоста настанува бидејќи седењето води до намалување на кислород во мозокот. Иако звучи навистина страшно, решението е во неколку мали промени на вашата рутина. На пример, можете да го започнете денот со „стој на глава“ (слободно искористете го ѕидот како потпора). Ова ќе го зголеми дотокот на крв во главата и ќе се чувствувате освежено. Доколку не можете да изведете „стој на глава“, обидете се да се размрдате секогаш кога ќе имате можност за тоа.rnrnПогледнете ги и овие одлични вежби за луѓе кои премногу седат.

  • Научниците докажуваат дека седењето дефинитивно не е полошо од пушење

    Научниците докажуваат дека седењето дефинитивно не е полошо од пушење

    Сигурно имате слушнато дека седењето е новото пушење. Но група истражувачи од Канада, Австралија и Америка почнале да ги анализираат доказите за да докажат дека седењето во никој случај не е споредливо со пушењето во однос на здравјето на јавноста, достигнувањата и цената.rnrnИстражување: Седењето не е новото пушењеrn

    „Ентузијазмот на медиумите за осудување на седењето споредувајќи го со пушење одамна ги надмина научните докази“, запишале научниците во истражувањето.rnrn„Очигледно е дека седењето и пушењето се различни активности со различно ниво на ризик.“

    rnПретераното седење не е нешто за коешто би требало да бидеме безгрижни бидејќи е поврзано со многу здравствени проблеми, како зголемен ризик од дијабетес и депресија. Но врските избледуваат кога седењето се споредува со пушењето кое го зголемува ризикот од прерана смрт и болести како рак, деменција, Алцхајмер и слично.rnrnРазмислете на момент… Пушењето е наречено една од „најголемите катастрофи на 20-тиот век“. Само во 21-ви век ќе има 1 милијарда смртни случаи поврзани со пушење.rnrnПушењето чинело околу 400 милијарди евра само во 2012-та година. Иако не е малку, трошокот од физичката неактивност бил околу 50 милијарди евра во 2013-та година. Истото важи и за здравствениот ризик.rn

    „Додека луѓето кои многу седат имаат околу 10% до 20% зголемен ризик од некои видови рак и кардиоваскуларни болести, пушачите имаат повеќе од двојно зголемен ризик“, изјавил доктор Тери Бојл кој работел на истражувањето.

    rnИзвештајот исто така истакнува дека додека пушењето предизвикува штета и на другите (2,5 милиони непушачи умреле од вакви причини меѓу 1964-та до 2014-та година), седењето не претставува закана за другите.rn

    „Личноста најчесто може да одлучи дали ќе стои, седи или ќе се движи. Но луѓето не можат да го избегнат пасивното пушење. Покрај тоа, не постои истражување кое покажало дека навиките за седење на една личност можат да му наштетат на друг.“

    rnБидејќи и претераното седење не е безопасно, погледнете кои се болестите што може да ги предизвика.

  • Како предолгото седење може да го влоши памтењето?

    Како предолгото седење може да го влоши памтењето?

    Доколку поголемиот дел од денот го поминувате во седење, имаме лоши вести за вас. Предолгото седење во иста положба, без паузи, може да заслабне делови од мозокот кои се поврзани со памтењето. Ова е причина плус за почесто да правите паузи доколку работите работа при која долго седите, но и кога имате слободно време да го користите за раздвижување.rnrnКако предолгото седење може да го влоши памтењето?rnrnВо една нова студија објавена во списанието „PLOS One“ се вели дека долгото седење не е опасно само за срцето и линијата, туку може да му наштети и на мозокот. За време на истражувањето е утврдено дека седечката положба влијае да заслабнат мозочни структури во делот одговорен за паметење. Заслабнувањето на овие делови може да бидат причина за намалување на когнитивните функции или развој на деменција и Алцхајмерова болест. Но, како што се наведува во статијата, физичката активност не е доволна за да се надомести негативниот ефект од долгото седење.rnrnНа УКЛА било спроведено истражување во кое учествувале 35 здрави лица на возраст меѓу 45 и 75 години. Од нив било побарано да ја мерат физичката активност, но и времето кое го поминуваат во седење. Притоа на сите им била направена снимка со помош на магнетна резонанција, за да се забележи состојбата на мозочното ткиво пред почетокот на истражувањето.rnrnПо одреден период, кога прегледот бил повторен, констатирано е дека физичката активност не влијаела нешто особено врз зацврстувањето на мозочната маса, но предолгото седење дефинитивно ги заслабнувало деловите и центрите одговорни за паметење.rnrnКако предолгото седење може да го влоши памтењето?rnrnПросечниот број на часови во денот во кои испитаниците седеле бил помеѓу 7 и 9, а заслабнувањето било поголемо кај оние кои подолго седеле. Овие заслабнувања, според истражувањето, може да бидат причина за намалување на когнитивните функции и за нарушено здравје на мозокот.rnrnОваа студија на УКЛА сама по себе не дава многу информации, бидејќи е направена врз мал примерок, но била мотив да продолжи да се истражува претпоставката, што довело до поцврсти докази за поврзаноста меѓу седењето и губењето на меморијата. За во иднина е планирано истражувањето да се прошири на повеќе држави, да се испитаат припадници на различни возрасни групи, како и дали демографијата и типичното однесување влијаат во заслабнувањето на мозокот во делот на помнењето.rnrnВо меѓувреме, стои препораката дека предолгото седење е штетно за сите и дека секогаш треба да се вклучи повеќе активност во животниот стил.rnrnПотсетете се и на овие 7 неверојатни митови за меморијата.

  • 10 намирници кои треба да ги јадете (и пиете) доколку поголемиот дел од денот го поминувате седејќи

    10 намирници кои треба да ги јадете (и пиете) доколку поголемиот дел од денот го поминувате седејќи

    Седењето е новото пушење, предупредуваат докторите кои јасно зборуваат за тоа колку денешниот седечки начин на живот е штетен за нашето здравје, особено кога станува збор за предизвикување воспаленија во телото. За среќа, штетата може да се намали доколку на секој половина час станете и прошетате, редовно вежбате и ги консумирате овие намирници.rnrn2-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_rn

    1. Шумско овошје

    rnРедовното консумирање на шумското овошје ги намалува воспаленијата во телото благодарение на флавоноидите кои воедно му даваат и богата темна боја. Боровинките имаат најголем процент од овие флавоноиди, а исто така се богати и со витамин Ц и ресвератрол, состојки кои исто така ги победуваат слободните радикали кои предизвикуваат воспаленија. За максимална ефикасност, додајте шумско овошје во утринското смуди, помешајте ги во салатата или комбинирајте ги со зобната каша заедно со бадемите.rn

    2. Јаткасти плодови

    rnЈатките се најбогатиот растителен извор на омега-3 масни киселини. Оревите имаат најмногу омега-3 масни киселини, додека бадемите се еден од најголемите извори на најдобриот антиоксиданс, витамин Е, кој ги штити клетките од оксидација што резултираат со воспаленија. Најздрава варијанта ќе биде доколку помешате неколку видови незаситени јаткасти плодови и семки.rn

    3. Ананас

    rnОва овошје го содржи најдобриот ензим за борба против воспаленијата, бромелаин. Секој дел од ананасот ја содржи оваа вредна состојка, но најголем дел се наоѓа во стебленцето кое е прилично незгодно за јадење. Обидете се да го измешате горкото месо од самото јадро со слаткото место од ананасот за максимално да ги искористите бенефициите на ова егзотично овошје.rnrn1-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_rn

    4. Маслиново масло

    rnИсто како лекот ибупрофен, така и маслиновото масло е одлична превентива за воспаленијата, спречувајќи произведување на ензимите COX-1 и COX-2. Најдобрата маснотија која ја познаваме, исто така го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести и помага при слабеењето, но само доколку се консумира правилно. Затоа нека маслиновото масло биде вашиот прв избор на масло за приготвување на храната.rn

    5. Куркума

    rnСвоите лековити својства куркумата ги должи на состојката куркумин, која е позната по своите антиоксиданси и моќни дејства против воспалеијата. Освен тоа, докажано е дека куркумата помага при слабеењето, а овој зачин особено е ефикасен за губење на масното ткиво на стомакот.rn

    6. Лук

    rnБројни истражувања докажале дека лукот помага и таму каде што антибиотиците не можат, а најдобро е пред консумирањето да го згмечите, за сите негови лековите состојки максимално да се активираат. Помеѓу останатото, лукот помага во регулација на шеќерот и маснотиите во крвта.rn

    7. Зелен чај

    rnБлагодарение на високиот процент на полифенол, зелениот чај има посилно дејство против воспаленијата во телото од кој било друг вид чај. Заедно со тоа, тој доста помага при слабеењето и одржувањето здрава телесна тежина. Заради тоа би требало да биде задолжителен дел во исхраната на секоја личност која поголемиот дел од денот го минува во седење.rnrn3-10-namirnici-koi-treba-da-gi-jadete-i-piete-dokolku-sedite-vo-pogolem-del-od-denot-www.kafepauza.mk_rn

    8. Авокадо

    rnАвокадото се смета за најздравото овошје на светот. Тоа ги спречува воспаленијата во мускулните клетки, отпорноста на инсулин и создавањето масно ткиво на стомакот. Олеинската киселина е една од најздравите состојки во авокадото, а истражувањата докажале дека исхраната која е богата со таа мононезаситена маснотија спречува насобирање на масно ткиво околу стомакот. Додајте авокадо во салатата или сендвичот и уживајте во сите придобивки на ова овошје.rn

    9. Риба која е богата со омега-3 масни киселини

    rnПреработената храна (брз храна, бисквити и слично) содржи нездрави транс маснотии и растителни масла кои имаат висока концентрација на нездравите омега-6 маснотии, а ниска концентрација на здравите омега-3 маснотии. Луѓето јадат толку многу намирници кои се подготвени со растителни масла што исхраната на просечна личност има размер на омега-3 и омега-6 20:1, а би требало да биде 1:1. За да го зголемите внесувањето на здрави маснотии потребно е да го намалите консумирањето на брза храна и масла со лош квалитет, односно да го зголемите внесувањето на омега-3 масти. Масната риба како што е лососот е еден од најдобрите извори на омега-3 маснотии.rn

    10. Ленено семе

    rnОваа намирница брзо оксидира, па за да ја јадете нејзината најздрава верзија, купете цели семки лен и здробете ги пред самото консумирање. Исто како лососот, така и семките лен се исклучително богати со омега-3 масни киселини, а истражувањето докажало дека редовното консумирање ленено семе или ленено масло ја подобрува способноста на организмот да ги преработи маснотиите.rnrnНо, дали знаевте дека според начинот на седење, лесно можете да одредите нечиј карактер.

  • Одберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!

    Одберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!

    Најверојатно сте забележале дека постојано седите во истата положба што ви е најудобна и најпријатна. Но, дали сте знаеле дека начинот на седење може да открие многу работи за вашиот карактер? Погледнете ги следниве 10 најчести седечки положби, одберете ја вашата и дознајте нешто интересно за себе.rn

    1. Исправено седење

    rnОдберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!rnrnВие сте самоуверена личност со цврста волја која никогаш не се сомнева во своите дела и одлуки. Сакате да ја преземате контролата во ваши раце. Освен тоа, имате добра комуникација со роднините и колегите и секогаш им помагате кога имаат некаков проблем.rn

    2. Потпрени со грбот на столчето

    rnОдберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!rnrnВие сте емотивни и сочувствителни личности кои никогаш не остануваат рамнодушни на туѓите емоции. Секогаш внимавате на своите одлуки и дела и многу ги анализирате. Пред да направите нешто значајно, најпрво ја набљудувате целата ситуација подолго време, споредувајќи ги позитивните и негативните страни.rn

    3. Поднаведнати нанапред

    rnОдберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!rnrnОваа положба е карактеристична за оние луѓе кои секогаш се интересираат за нови, различни работи. Љубопитни сте и отворени за нови познанства. Знаете како да оставите добар впечаток, многу вешто давате комплименти и го фалите соговорникот доколку сметате дека заслужил.rn

    4. Споени нозе

    rnОдберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!rnrnНа прв поглед делувате како многу ладна личност, но кога луѓето ќе ве запознаат подобро, дознаваат дека дека сте многу љубезни, дружељубиви и искрени. Меѓутоа, знаете да бидете многу директни во сериозни ситуации. Точни сте и прецизни и сакате да се држите до планот без разлика за што станува збор.rn

    5. Вкрстени глуждови

    rnОдберете ја положбата во која најчесто седите и дознајте сѐ за вашиот карактер!rnrnВие секогаш имате некаква цел и покажувате лидерски способности. Се обидувате постојано да бидете информирани и сакате сѐ да биде под ваша контрола што понекогаш делува заповеднички. Лесно стекнувате нови пријатели, но во љубовните врски знаете да бидете љубоморни.rnrnПродолжете на следната страница за да дознаете што откриваат останатите положби на седење…rnrn

  • Според начинот на седење, лесно можете да одредите нечиј карактер

    Според начинот на седење, лесно можете да одредите нечиј карактер

    Многумина од нас поголемиот дел од денот го поминуваат во седење, бидејќи такви ни се работните позиции. Дури и ако вашата работа не бара да го поминете поголемиот дел од денот зад биро, сигурно поминувате многу време седејќи на креветот, во кујната или во удобно столче.rnrnrnrnДодека долгото седење може да има несакани ефекти на нашето здравје, постои нешто за седењето кое луѓето не го знаат. Всушност, начинот на кој седите може да каже многу за тоа каква личност сте. Дали седите со вкрстени нозе? Или секогаш ги вкрстувате глуждовите? Што е со оние од вас кои сакаат да седат на подот? Погледнете што има да каже за вас начинот на кој седите.rn

    1. Вкрстени нозе

    rnrnrnВкрстувањето на нозете укажува на отворена и безгрижна личност. Оваа позиција, со колената раширени на страна, покажува дека сте отворени за нови идеи. Исто така, флексибилноста која е потребна за овој начин на седење покажува дека сте и емоционално флексибилни.rn

    2. Исправени, со добро држење

    rn(2)kakva-lichnost-ste-spored-nachinot-na-koj-sedite-kafepauza.mkrnrnКако што можете и да претпоставите, оваа положба покажува дека имате голема самодоверба. Ако ова е вашата вообичаена положба на седење, вие сте силна и доверлива личност и секој ви се обраќа вам кога има потреба од помош или утеха. И иако сè ви е под конец, вие знаете како да се забавувате и како да уживате во малите работи во животот.rn

    3. Навалени наназад

    rnrnrnДали сте знаеле дека ако се навалувате наназад на вашите раце, вие сте добри аналитичари? Навалувањето на рацете ви овозможува да набљудувате некоја ситуација без да се вклучите во истата. Ова значи дека сакате да го примите она што го гледате, но сте многу внимателни пред да се вмешате. Исто така сте и внимателна личност и многу често сте свесни за чувствата и емоциите на другите.rn

    4. Вкрстени глуждови

    rn(4)kakva-lichnost-ste-spored-nachinot-na-koj-sedite-kafepauza.mkrnrnВкрстувањето на глуждовите значи дека сте отмени и елегантни, но истовремено отворени и приземни. Бидејќи ова е релаксирачка положба, таа укажува дека се чувствувате удобно. Бидејќи седењето со вкрстени глуждови изгледа „кралски“, ќе направите секој околу вас да се чувствува уверено.rn

    5. Стискање на потпирачите за раце

    rn(5)kakva-lichnost-ste-spored-nachinot-na-koj-sedite-kafepauza.mkrnrnАко седите здрвено и ги користите потпирачите за раце, тоа значи дека сте чувствителни и секогаш сте свесни за вашето опкружување. Потпирачите ве поддржуваат и физички и емоционално. Тие исто така ви нудат удобност и безбедност. Користењето на потпирачите често значи дека вие сте стабилна и приземна личност и вашите пријатели ве гледаат како емоционална поддршка.rn

    6. Вкрстени раце

    rn(6)kakva-lichnost-ste-spored-nachinot-na-koj-sedite-kafepauza.mkrnrnВкрстувањето на рацете често е знак за сила, одбранбеност и самодоверба. Исто така значи дека се чувствувате заштитнички бидејќи буквално го штитите вашето тело користејќи ги рацете. Луѓето кои ги вкрстуваат своите раце обично се внимателни, сериозни и по природна се добри аналитичари.rnrnНе ја најдовте вашата омилена позиција за седење? Продолжете на следната страница…rn