КАФЕ ПАУЗА

Tag: седење

  • Откријте што кажува за вас положбата во која ви се поставени нозете додека седите

    Откријте што кажува за вас положбата во која ви се поставени нозете додека седите

    Според психолозите кои го проучуваат говорот на телото, положбата која ја заземаат луѓето за време на седењето, зборува многу за нивните намери. Суштината се состои во тоа дека луѓето таквата положба ја заземаат несвесно и така, преку потсвеста се манифестираат нивните скриени инстинкти и желби. Еве што можете да откриете според тоа како ги поставувате вашите нозе додека седите.rnrnОткријте што кажува за вас положбата во која ви се поставени нозете додека седитеrn

    1

    rnПонекогаш луѓето кои претпочитаат да седат во ваква положба, сакаат да не ги забележуваат проблемите и се водени од принципот „Ако се покријам со ќебе над глава, чудовиштата ќе заминат.“ Тие веруваат дека сѐ ќе се реши самото по себе. Понекогаш таквиот принцип функционира и тие се среќни поради тоа, но понекогаш не ум успева, и во овој случај проблемите им ги префрлуваат на другите. Со ваквите луѓе лесно е да се комуницира, тие не се досадни, лесно се менуваат и многу ретко имаат иста мисла цела недела. Тие се креативни, шармантни и по малку со детско однесување. Ваквите личности често знаат прво да изговорат нешто, а потоа да размислат за тоа што го рекле.rn

    2

    rnЛуѓето кои ја избираат оваа положба за седење често сонуваат и имаат добро развиена имагинација. Меѓу нив често се наоѓа некој кој е нарекуван „душата на тимот или на компанијата“, па со нив никогаш не е досадно затоа што тие постојано имаат некои нови, а понекогаш и неверојатни идеи. Таквите луѓе сакаат да патуваат и лесно создаваат нови пријателства. Не е многу веројатно тие да чекаат да дојде понеделник или нова година за да започнат некоја нова животна страница, затоа што сметаат дека сѐ може да започне уште веднаш. Не размислуваат долго и го променуваат својот изглед, партнер, работа, град, па дури и државата. За нив тоа е сосема нормално.rn

    3

    rnЛуѓето кои ги поставуваат нозете на овој начин, повеќе од другите знаат како треба да изгледа висинската удобност. Тие можеби нема во текот на викендите да отидат во шопинг со надеж дека ќе си создадат совршен изглед, но затоа се во состојба да потрошат многу време на тоа да изберат нов парфем или крема. Во суштина, нивниот однос може да биде многу комплициран затоа што тие одбираат многу и бараат маани. Многу често се опкружени со таканаречен „хаос“, но во тоа, што другите го сметаат како хаос, постои одредена логика: Сите потребни работи сопственикот може да ги пронајде со затворени очи. Нивната слаба точка е неможноста да се фокусираат на нешто одредено. Тие долго време не можат да се сконцентрираат, а исто така лесно може да избегаат од темата.rn

    4

    rnЛуѓето кои сакаат да седат во ваква положба обично не сакаат да доцнат, но и самите тешко поднесуваат кога доцни некој друг. Тие се паметни, интелигентни, чувствителни и сметаат дека лошиот мир е подобар од добрата кавга, а по малку се чувствуваат непријатно ако некој до нив ги покажува своите чувства во јавноста (не е важно дали е бакнеж или кавга со партнерот). Ако личноста сака да седи во оваа положба, а притоа се потпира на целото стапало, тогаш таа е прилично отворена, директна, можеби и по малку дрска, а по природа педантна. Ако во оваа положба сака да го подигне горниот дел од стапалото, потпирајќи се на петата, бидете сигурни дека оваа личност секогаш е подготвена да се спротивстави на сѐ и секому. За овие личности светот е непријателско опкружување, а куќата еден вид засолниште, тврдина зад чии ѕидови може да се сокрие од сите катастрофи. Каква било забелешка на сметка на ваквите личности, се смета како укажување на тоа дека нешто не е во ред со нив и веднаш започнуваат контра напад.rn

    5

    rnЛуѓето на кои им се допаѓа овој вид седење, по правило не брзаат премногу, а ако стапат во брак не сакаат да брзаат да имаат потомство пред да добијат соодветно образование и да изградат кариера, затоа што сметаат дека сѐ има свое време. Тие се карактеризираат со истрајност (понекогаш тоа преминува во тврдоглавост) и ги следат своите животни цели. Амбициите ги поттикнуваат овие луѓе да заборават на нивните каприци и да се движат напред, онаму каде што соништата се остваруваат. Ним им е многу важно како изгледаат и никој не знае на какви напори се спремни за да одржуваат идеална форма. Длабоко во нивната душа кај нив постојат мали несигурности во себе, затоа често добиваат критики.

  • Kолку треба да вежбате доколку седите за време на целиот работен ден?

    Kолку треба да вежбате доколку седите за време на целиот работен ден?

    Доколку поголемиот дел од денот седите, тоа воопшто не е добро за вас. Истражувањата покажале дека доколку подолг период останете во мирување (на пример, осумчасовното седење на работа), тоа може да биде штетно за вашето здравје. За да ги отстраните негативните ефекти, потребно е да започнете со вежбање.rnrnСпоред истражувањата, еве колку треба да вежбате доколку седите поголем дел од времетоrnrnЕдна нова студија, објавена во медицинското списание „The Lancet“, покажува идеална формула за справување со негативните ефекти кои произлегуваат од повеќечасовното седење на работа. Наместо да поминувате во вежбање одреден број часови, тие треба да бидат прилагодени според тоа колку седите. Имено, луѓето што имаат типичен осумчасовен работен ден, треба да поминат најмалку еден час во движење, а пак оние кои седат шест часа дневно, треба да вежбаат половина час. Истражувањето исто така посочува дека ова вежбање не мора да биде одеднаш, а ниту пак премногу да се форсирате. Распоредете ги овие часови активност во текот на целиот ден, а тоа може да биде и нешто едноставно, како на пример пешачење.rnrnТимот што стои зад оваа студија анализирал податоци од еден милион возрасни над 45 години во Западна Европа, САД и Австралија. Користејќи претходни податоци, истражувачите испитувале 16 објавени студии за да утврдат колку вежбање е потребно за да се надополни со седењето. Нивните препорачани дневни вежби биле повисоки од претходниот совет, но добро е да се следат со цел да го заштитите вашето здравје.rnrnМоже да ви звучи застрашувачки кога ќе помислите дека треба да вежбате еден час, но запаметете дека постојат многу вежби кои може да ги направите пред и после работа. Дури и ако тоа вклучува прошетка од десет минути за време на ручекот, вашето тело ќе ви биде благодарно.

  • Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

    Мрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна недела

    Во последниве неколку години има голем број истражувања за врската помеѓу мрзливото однесување (што вклучува седење на каучот, гледање телевизија или користење компјутер по цел ден) и сериозните здравствени проблеми, како срцевите заболувања, дијабетесот, дебелеењето, како и некои типови рак.rnrnИмајќи го тоа на ум, едно ново истражување ни открива и дека седењето цел викенд на каучот може да биде полошо за вашата тежина од работењето во седечка позиција цела недела.rnrnМрзливите викенди се полоши за вашето здравје отколку целата работна неделаrnrnСпоред резултатите, луѓето во просек консумираат помалку храна и се хранат поздраво во текот на работните денови. Затоа можат да поминат со помалку активности за време на овие денови, бидејќи диетата им го овозможува ова. За време на викендите, луѓето јадат повеќе, што значи дека ова однесување бара поголема активност или помалку мрзливи активности за да се балансира влијанието на храната.rnrnЗа истражувањето биле испитани 332 возрасни личности, на возраст од 20 до 35 години и нивната неактивност во период од десет дена. Учесниците исто така ги навеле нивните активности во текот на работните денови и за време на викендот. Во прилог, тие ја мереле нивната тежина и телесни маснотии на секои три месеци во текот на една година.rnrnОд резултатите, просечното време кое го поминувале во седечка позиција, не се разликувало многу за време на викендите во споредба со работните денови. Многу од луѓето имале професии кои ги работат во седечка позиција, како канцелариската работа, но тие не надоместувале за својата неактивност за време на викендите. Ова сугерирало дека начинот на исхрана придонесува кон нездравиот живот.rnrnВажно е да се направи разлика помеѓу вистинското вежбање и помалку време поминато во седење на каучот. Дури и 20-минутното редуцирање на времето поминато на каучот во сабота и недела може да придонесе за намалување на тежината за повеќе од 2 килограми во текот на 1 година.rnrnТоа значи дека за поздрав начин на живот не мора да вежбате или да одите во теретана, туку едноставно за време на паузата помеѓу два филма или ТВ серии, прошетајте 20-тина минути низ соседството или направете неколку едноставни јога вежби за истегнување. Вашето тело ќе ви биде благодарно.

  • Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

    Начинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓето

    Кога ќе се вратите дома после напорниот работен ден, ќе се облечете во вашата најудобна облека и ќе седнете да гледате телевизија, забележете ја положбата во која седите. Експертот за говорот на телото, Роберт Фипс, вели дека несвесниот избор на омилената положба на седење на каучот или фотелјата кажува многу за нас и нашиот карактер. Дека тоа е навистина така покажува и истражувањето од една британска компанија за мебел која направила испитувања на 2.000 возрасни луѓе. Покрај прашањата за работата и приватниот живот, било ставено и прашањето во која положба најчесто седите кога сте опуштени. Резултатите биле доста интересни.rnrnНачинот на седење може да открие многу за карактерот на луѓетоrn

    Исправен грб со стапалата на подот

    rnОние кои седат во оваа формална положба се секогаш внимателни и потешко се опуштаат. Ја избираат луѓето кои сакаат да играат на сигурно и не мислат дека се многу добри на работното место, но сепак се кариеристи. Меѓу другото, тие се задоволни од својата љубовна врска, и од животот воопшто.rn

    Турско седење

    rnСпоред Фипс, оваа поза е карактеристична за активните, здрави и витки луѓе кои имаат добар љубовен и сексуален живот. Не заработуваат многу, но се меѓу оние кои се најзадоволни од својата работа.rn

    Свиткани колена со стапалата на мебелот

    rnИако оваа положба често се поврзува со анксиозноста бидејќи наликува на положбата на фетусот, истражувањето покажало дека неа всушност ја практикуваат луѓето кои лесно се справуваат со стресот, ја сакаат својата работа, се друштвени и задоволни од својот љубовен живот.rn

    Прекрстени нозе

    rnСпоред Фипс, луѓето кои седат со прекрстени нозе сакаат да се опуштат, но никогаш не го спуштаат гардот. Имаат добра концентрација, самоконтрола и заработка и покрај тоа што не уживаат во својата работа. Го сакаат своето семејство и местото на живеење.rn

    На средината на каучот со раширени нозе

    rnОваа положба ја практикуваат луѓето кои се талентирани и го живеат животот до максимум. Сакаат да работат и одлично заработуваат, иако не се целосно задоволни од својата кариера. Но, повеќе од другите сакаат да го подобрат својот љубовен живот.rn

    На наслонот за раце

    rnМногу луѓе имаат обичај да седнат на наслонот за раце од мебелот и изгледаат како да сакаат да станат во секој момент. Тие така и се чувствуваат. Оваа положба најмногу ја избираат зафатените луѓе, оние кои се под стрес и кои немаат време да се опуштат.rn

    Лежење како во кревет

    rnИако каучот и фотелјата не се кревети, луѓето кои така ги користат со телото кажуваат дека не ја сакаат својата работа и телесно бараат положба во која најдобро можат да се опуштат. Сепак, себеси се сметаат за релативно успешни личности кои добро заработуваат. Често земаат храна за носење, имаат многу пријатели, не трчаат по партнерот по секоја цена, но не се толку задоволни од љубовниот живот бидејќи сметаат дека е сиромашен и дека можат подобро.

  • 5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабите

    5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабите

    Вежбањето и соодветната здрава исхрана се вашите најголеми сојузници против вишокот килограми, но понекогаш, колку и да се трудите вие едноставно не забележувате промена во вашата тежина. Зошто се случува тоа? Погледнете ги 5-те најголеми причини поради кои не слабеете…rnrn5-те најголеми причини поради кои не можете да ослабитеrn

    1. Стрес

    rnМногу луѓе веруваат дека секојдневниот стрес може да го поттикне телото на трошење дополнителни калории, но вистината е дека тој го зголемува лачењето на кортизолот, хормон кој му сигнализира на телото да чува масни наслаги. Особено во оние делови околу стомакот. Исто така хормоните на стресот ги зголемуваат супстанците кои учествуваат во регулација на резервите на јаглехидрати и на тој начин ја зголемуваат желбата за храна.rnrnСовет: Физичката активност во комбинација со хранлив оброк видливо го намалува стресот.rn

    2. Вежбате, но не слабеете

    rnНајголемата грешка кај оние кои вежбаат е што посегнуваат по шише вода откако ќе завршат со тешкиот тренинг. На тој начин телото при вежбањето предизвикува задржување на водата. Токму затоа доколку вашето тело не добива доволно течности за време на вежбањето, тоа природно се осигурува да не дехидрира, па почнува да складира големи количини вода, која и по вежбањето се задржува во вашето тело.rnrnСовет: Секогаш за време на тренингот имајте шише вода на дофат.rn

    3. Седење подолго од 2 часа

    rnКога седиме, нашето тело полека ја губи способноста да согорува вишок маснотии. Доколку седите неколку часа без притоа воопшто да станете, ќе предизвикате забавено делување на ензимите кои се одговорни за успешно согорување на маснотиите. Истражувањата ни покажуваат и дека со долго седење вие се изложувате на ризик од вишок маснотии околу стомакот, висок крвен притисок, повишени маснотии во крвта, како и абнормално количество шеќер.rnrnСовет: Наместете потсетник на вашиот мобилен или компјутер кој ќе ве потсетува на секој час да се исправите и растегнете.rn

    4. Штедите протеини

    rnДоколку телото не добива соодветна количина протеини, која за жените изнесува од 40 до 80 грама дневно, доаѓа до зголемено чувство на глад, губење мускулна маса и потреба за брза храна. Токму затоа воопшто не треба да штедите на протеини, бидејќи тие го снабдуваат организмот со доволно енергија за функционирање, како и ве прават сити подолго време.rnrnСовет: Чисто месо, јајца, јогурт, сирење или јаткасти плодови се само дел од најдобрите извори на протеини со кои можете да се снабдувате со енергија и да ги поттикнете маснотиите на трошење.rn

    5. Не пиете доволно вода

    rnДоколку не пиете доволно вода, вашето тело ќе почне да добива погрешни информации, па токму затоа и сигналите за жед ќе ги замени со сигнали за глад. Најчестата последица е консумирање непотребни калории поради кои луѓето се здебелуваат.rnrnСовет: Зголемете го внесувањето вода во вашето тело и набрзо ќе почнете да ги губите вашите лажни сигнали за глад.

  • Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

    Обидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 факти

    Сигурни сме дека во моментов додека го читате ова вие седите. Но, откако ќе завршите со читање на овие факти, со сигурност ќе станете! Можеби дури и ќе почнете сериозно да размислувате за работна маса покрај која може да се стои…rnrnОбидете се да не станете откако ќе ги прочитате овие 8 фактиrnrn1. Една студија од Велика Британија открила дека луѓето кои најдолго седат имале 112% повеќе шанси да развијат дијабетес.rnrn2. Сакате поцврст задник? Стоењето може да ви помогне во тоа.rnrn3. Една студија од 2012 година која вклучувала скоро 12.000 испитаници од Австралија открила дека гледањето телевизија 6 часа на ден може да го намали вашиот животен век. За скоро 5 години!rnrn4. Предолгото седење ја намалува циркулацијата, а тоа може да доведе до згрутчување на крвта.rnrn5. Некои истражувачи откриле дека без разлика на тоа колку вежбате, седењето сепак може да биде штетно за вас. Едноставно не можете да избегате од тоа.rnrn6. Според една студија за сообраќајот од 2011 година, просечниот возач поминува 38 часа годишно заглавен во густ сообраќај. Тоа е премногу седење.rnrn7. Според голем број студии, оние кои стојат поголемиот дел од денот се повеќе фокусирани и попродуктивни.rnrn8. Една студија од 2013 година открила дека со стоењето се трошат околу 50 калории повеќе отколку со седењето. Со танцувањето се согоруваат уште повеќе!rnrn

  • Болести кои може да ги предизвика долгото седење

    Болести кои може да ги предизвика долгото седење

    Дали сте знаеле дека долготрајното седење носи дополнителен ризик од одредени болести и дека тој проблем не може да се реши со вежбање? Истражувањата покажале дека ризикот од болести со шеќерот и заболување на срцето расте за 1/4 со секој час поминат на столица, без разлика дали сте физички активни или не. Експертите велат дека е многу важно по 45 минути седење да направите барем 5-минутна пауза со цел да го спречите лошото влијание врз вашето тело.rnrnБолести кои може да ги предизвика долгото седењеrn

    Рак

    rnСедењето може да биде причинител на неколку видови рак. Според една теорија, неактивните клетки можат да се зголемат вон контрола и на крај да резултираат со појава на карцином.rn

    Болести на срцето

    rnОваа болест се развива со децении. Луѓето кои поминуваат многу време во седечка позиција имаат дупло поголема опасност за развивање срцеви заболувања.rn

    Нарушување на работата на панкреасот

    rnСедењето им оневозможува на мускулите ефективно да комуницираат со панкреасот, а со тоа се губи и контролата на нивото на гликоза. Во овие ситуации се лачи многу повеќе гликоза отколку што е потребно и токму тоа може да доведе до дијабетес.rn

    Насобирање сало околу стомакот

    rnСедењето е совршен начин да соберете маснотии околу вашиот стомак. И покрај тоа што ова не е здраво, тоа и не изгледа убаво на вашето тело.rn

    Слаба циркулација

    rnСлабата циркулација доведува до појава на тромбоза, што може да резултира со згрутчување на крвта која може да се прошири и до другите делови на телото.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Столче кое ќе ве натера да балансирате и да ги затегате мускулите

    Столче кое ќе ве натера да балансирате и да ги затегате мускулите

    Автор: Сара ПренкrnrnСе сеќавате на оние денови кога како мали се држевте за маса, па балансиравте на задните две ногарки од столчето? Јас се сеќавам дури и на оние сите пати кога паѓав.rnrn1-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mkrnrnСо ова столче буквално нема да седите спокојно. Звучи малку мазохистички, но токму балансирањето е целта на овој дизајн. Направено од француската дизајнерка Беноа Малта, столчето треба да предизвика „поднослив дискомфорт“.rnrn2-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk 3-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mkrnrnСпоред некои статистички податоци, постојат наоди дека седењето го скратува животниот век, но пак спротивно на тоа, стоењето со саати е исто така штетно. Овој дизајн ни нуди „златна средина“. Столчето „Inactivité“ има само две ногарки, па кога седнувате на него автоматски сте приморани активно да одржувате баланс. Самиот процес на балансирање ни ги активира мускулите на нозете и стомакот, па можеби е добро решение за оние кои немаат многу време за физичка активност.rnrn4-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mk 5-stolche-koe-kje-ve-natera-da-balansirate-i-da-gi-zategate-muskulite-kafepauza.mkrnrnКако што кажува и самата дизајнерка: „Ова столче предлага поинаков начин на седење.“rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Добро размислете: 5 грешки кои ви го уништуваат здравјето, а сигурно сте ги направиле во последните 60 минути!

    Добро размислете: 5 грешки кои ви го уништуваат здравјето, а сигурно сте ги направиле во последните 60 минути!

    Во моментот кога започнува вашиот работен ден, вие скоро веднаш започнувате да правите неколку грешки кои се чинат безопасни, но всушност многу негативно влијаат на вашето здравје. Прочитајте и добро размислете кои од овие грешки редовно ги правите, па сами проценете дали конечно треба да почнете да се самоконтролирате и да се откажете од лошите навики.rnrndobro-razmislete-5-greshki-koi-vi-go-unishtuvaat-zdravjeto-a-sigurno-ste-gi-napravile-vo-poslednite-60-minuti-kafepauza.mkrn

    1. Сте се допреле по лице

    rnЛуѓето едноставно не можат да престанат да се допираат по лице. Статистичките податоци покажуваат дека човек во просек се фаќа 4 пати за лице, во период од само 1 час. Се прашувате во што е проблемот? Јавните површини се преполни со бактерии. Доближувајќи ги прстите до лицето, ја зголемувате можноста за развој на болести или избивање на некои израстоци на кожата.rn

    2. Не сте станале од столче

    rnНачинот на живот кој подразбира долго седење го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес и кардиоваскуларни болести. Проблемите со кичмата да не ги ни спомнуваме. Ако сакате да го спречите ризикот од сето наведено, станувајте на секој половина час и растегнете се. На секои 60 минути, барем на кратко протегнете ги нозете.rn

    3. Сте грицкале покрај компјутер

    rnАко имате навика да јадете пред екранот на компјутерот или телевизорот, во организмот внесувате многу повеќе калории во однос на луѓето кои на своето јадење можат да му се посветат без попречување. Иако можеби сметате дека јадењето додека истовремено завршувате работа ве прави практични, вистината е дека на тој начин всушност само му наштетувате на обемот на вашиот струк.rn

    4. Сте ги триеле очите

    rnЧесто триењето на очите е поврзано со болест на раздразнување на рожницата позната под името кератоконус. Оваа навика со тек на време доведува до потреба од носење очила, контактни леќи или ласерска корекција. Ако носите леќи и ги триете очите, уште повеќе може да му наштетите на својот вид.rn

    5. Сте ја стискале бешиката

    rnОд премногу обврски не сте стигнале да појдете до тоалетот? Повременото стискање на бешиката е нормално, но ако тоа го претворите во навика, може да станете подложни на уринарни инфекции или да си направите проблеми со инконтиненција (неможност за контролирање).

  • Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Работи кои секојдневно ни го скратуваат животот

    Колку и да се грижиме за нашето здравје, сепак постојат некои работи за кои не ни помислуваме дека можат да бидат фатални по нашата здравствена состојба. Ова не значи дека треба да најдете начин во целост да ги исфрлите од вашиот живот, но доколку секоја од овие работи е премногу присутна во вашето секојдневие тогаш треба да преземете нешто.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    1. Тешко пронаоѓате љубов

    rnДоколку имате тешкотии да најдете партнер, тоа може да ве мачи и да ви го скрати животот за неколку месеци. Но, доколку подолг период сте сами, тоа може тотално да ве уништи. Истражувањата покажале дека луѓето кои никогаш нема да се венчаат, го зголемуваат ризикот за смрт за 32%.rn

    2. Седите неколку часа дневно

    rnДоколку седите по повеќе од три часа дневно можете да изгубите две години од животот. Едно истражување направено во Австралија покажало дека дури ни редовното вежбање не може да ги намали негативните ефекти од седењето.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    3. Занемарување на пријателите

    rnЛуѓето со послаб социјален живот имаат поголема стапка на смртност, а долгогодишната осаменост може да биде лоша за здравјето исто колку секојдневно пушење на 15 цигари. Од друга страна е докажано дека постарите лица кои имаат голем број пријатели, за 22% ги зголемуваат своите шанси да живеат подолго. Друштвените врски позитивно влијаат на здравјето на мозокот.rn

    4. Вегетирање пред телевизор

    rnСамо два часа дневно пред телевизор може да доведе до предвремена смрт, срцеви заболувања и дијабетес тип 2. Според некои истражувања секој час поминат пред телевизор по навршувањето на 25 години, го скратува животот за 21,8 минути.rn

    5. Јадете премногу нездрава храна

    rnБрзата храна, белиот леб, црвеното месо, сувомесните производи и многу други продукти, кога се јадат во преголема количина ни го скратуваат животниот век за околу 20%.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    6. Не можете да најдете работа

    rnНевработеноста може да го зголеми ризикот од предвремена смрт, судејќи според едно канадско истражување кое траело 40 години и во кое учествувале околу 20 милиони луѓе од 15 земји. Уште едно истражување покажало дека кај белите жени најчести фактори поврзани со прерана смрт се пушењето и невработеноста. Докажано е и дека постарите лица кои ја губат својата работа за време на рецесијата, губат три години од својот живот поради оваа промена во животот.rn

    7. Долго патување до работа

    rnДоколку долго патувате до работното место, го зголемувате нивото на стрес, ги добивате истите негативни ефекти како кај седењето, ги намалувате и шансите да учествувате во здрави активности.rnrnНајголем ризик имаат жените кои до работното место патуваат 50 или повеќе километри. Едно шведско истражување го поврзува долгото патување до работното место со зголемување на тежината, несоница и со високата стапка на разводи.rn

    8. Сексуална неактивност

    rnЕдно истражување направено на мажи покажало дека неможноста за редовно доживување на оргазам потенцијално може да ја зголеми смртноста за 50% во однос на оние кои редовно имаат сексуални односи. Ова е случај кога се одземаат факторите како пушење цигари, старост и социјалниот статус. Од друга страна, оргазмите се поврзани со голем број здравствени придобивки.rn

    9. Лош однос со колегите на работа

    rnНедостаток на поддршка од страна на колегите може да биде силен показател за ризик од предвремена смртност, тврди едно истражување направено од Универзитетот во Тел Авив.rnrnРаботи кои секојдневно ни го скратуваат животот rn

    10. Премалку или премногу спиење

    rnИстражувањата покажале дека животниот век се скратува доколку спиете помалку од пет часа или повеќе од девет часа дневно. Хроничниот недостаток на сон е поврзан со кардиоваскуларни болести, дијабетес, некои врсти рак, деменција, когнитивни проблеми, дебелина и прерана смрт.rnrnСпоред голем број истражувања, на човекот му се потребни 8 часа сон за да функционира нормално, но според некои други сè што е повеќе од 7 часа дневно е премногу и штетно.rn

    11. Се плашите од смртта или не сакате да живеете онолку колку што треба

    rnБолен парадокс е тоа што стравот од смрт го скратува животниот век. Едно поново истражување во кое учествувале пациенти кои боледуваат од рак, покажало дека животниот век кај оние кои се плашеле од смртта се намалувал.rnrnКај оние луѓе кои не боледуваат од смртоносна болест, интензивниот страв од смртта го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести за три до пет пати. Благиот страв има позитивно влијание, бидејќи го тера човекот да ја зголеми физичката активност и му ја зголемува желбата за здрав живот.rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.