КАФЕ ПАУЗА

Tag: рок

  • 11 намирници коишто немаат рок на траење

    11 намирници коишто немаат рок на траење

    Рокот на траење на намирниците може да биде навистина збунувачки. Не само што постојат повеќе датуми што треба да ги разберете, како „Рок на траење“ или „Најдобро да се употреби до“, туку понекогаш и самите датуми можат да бидат целосно погрешни. Поради ова, често се случува да фрламе работи кои воопшто не се за фрлање. Па, погледнете кои се намирниците кои никогаш не се расипуваат и кои можете да ги чувате долго време.rnrn11 намирници коишто немаат рок на траењеrn

    1. Сол

    rnСолта, без разлика дали е морска или камена, не може да се расипе и секогаш останува свежа како и на денот кога сте ја купиле.rn

    2. Шеќер

    rnКај шеќерот не е проблем да ја зачувате неговата свежина, туку да го спречите неговото стврднување и згрутчување. Бидејќи шеќерот не го поддржува развојот на бактериите, тој никогаш не може да се расипе. Единствено треба да го држите подалеку од влага и инсекти.rn

    3. Мед

    rnМедот има неограничен рок на траење. Може да ја промени бојата или да се кристализира, но сепак останува добар за јадење. Доколку медот се кристализира, само ставете ја теглата во сад со топла вода и мешајте додека не се растопат кристалите.rn

    4. Ориз

    rnДури и ако кутијата фати слој прашина, оризот внатре ќе остане добар за консумирање. Ова важи за речиси сите видови ориз, но не и за кафеавиот ориз кој поради поголемото количество масти може да се расипе. Единственото нешто на коешто треба да внимавате е да го чувате оризот од инсекти.rn

    5. Бел оцет

    rnМожете слободно да купите поголемо количество бел оцет бидејќи тој не се расипува. Имено, овој оцет може да трае вечно. Освен за готвење и салати, белиот оцет можете да го употребувате и за чистење.rn

    6. Екстракт од ванила

    rnЧистиот екстракт од ванила засекогаш ќе остане свеж бидејќи се чува во чист алкохол. Обрнете внимание на тоа да станува збор за вистински екстракт од ванила, бидејќи другите продукти немаат толку долг животен век. Па подобро е да се одлучите за вистинската варијанта, иако е малку поскапа.rn

    7. Алкохолни пијалаци

    rnНема потреба да брзате да го допиете секое шише алкохол во вашиот дом. Добро затворените и добро складираните шишиња алкохол можат да траат колку што е потребно. Со текот на времето пијалакот може малку да ја промени аромата, но најверојатно нема воопшто да го забележите ова.rn

    8. Сув грав

    rnИ сувиот грав може да трае до недоглед. Единственото нешто што може да биде проблем е тоа што ќе му треба подолго да омекне пред да го готвите, а понекогаш нема и воопшто да омекне, особено ако сте го чувале 2-3 години. Доброто е што ова не значи дека ја изгубил неговата хранлива вредност.rn

    9. Јаворов сируп

    rnИако јаворовиот сируп не е нешто што се користи често кај нас, доколку го имате дома, добро е да знаете дека и тој нема рок на траење. Слично како медот, и јаворовиот сируп најчесто се користи за прелив на палачинки и други слатки.rn

    10. Пченкарно брашно

    rnИ пченкарното брашно има неограничен рок на траење, но само доколку го чувате добро затворено и на студено место.rn

    11. Инстант кафе

    rnИнстант кафето можете засекогаш да го чувате во вашиот фрижидер, и тоа без разлика дали амбалажата е отворена или не.rnrnПогледнете кои се работите во домаќинството за кои веројатно не знаевте дека имаат рок на траење.

  • Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

    Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци

    Кога ќе се спомене зборот „рок“, веднаш се помислува на гласна музика во која преовладуваат електрични гитари, облека во црна боја и тексас, кожна јакна, алкохол и бунтовнички дух. Рокерите обично се сметаат за бунтовници кои не почитуваат закони и авторитети и кои воопшто не се префинети или софистицирани. Но, ова воопшто не е така, особено кога станува збор за понежниот пол.rnrn

    Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци
    Лед Цепелин – Гитар Бар
    rnrnРок стилот има своја нежна и романтична страна која не ја покажува само преку љубовните рок балади. Таа е видлива и преку начинот на облекување и модните додатоци кои можат да се искористат за да го надополнат рок изгледот и да му дадат елегантна нота. И оваа есен чокерите се повторно во мода, но овој пат во комбинација со парчиња облека карактеристични за рок стилот како што се кожна јакна, скинати фармерки, старки и тексас кошула.rnrn
    Спој на елеганција и бунтовност: Рок културата во Скопје во комбинација со префинети модни додатоци
    Лед Цепелин – Гитар Бар
    rnrnЧокерите се изработени од страна на S & R accessories, каде што можете да најдете и друг рачно изработен накит за секоја пригода. Спојот на елеганција и бунтовност е совршено отсликан од страна на моделот Бојана Нушкова и фотографката Каролина Пандовска. А доколку сте љубител на рок, џез и блуз музиката и постојано се жалите дека во Скопје нема доволно места каде што можете да излезете, помислете уште еднаш бидејќи сите овие фотографии се сликани во уникатните рокерски кафулиња и барови со кои изобилува нашиот град.rnrnПогледнете ги останатите фотографии кои со сигурност ќе ја разбудат рокерката во вас и ќе ве инспирираат да го зачините вашиот стил со интересен чокер…rnrn

  • Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

    Смешни или клише совети за пишување кои навистина функционираат

    Пишувањето е терапија на мозокот, ослободување, лично запознавање, допир со најскриените стравови, желби, задоволства. Најпознатата клише слика за човек кој пишува е глетката на компјутерот и шолја кафе, што иако е клише, на магичен начин нè инспирира и ни дава енергија. Без разлика колку или што пишувате, дали објавувате или си пишувате за себе, ова се неколку совети кои само звучат клише.rnrnСмешни или клише совети за пишување кои навистина функционираатrn

    Запишувајте во бележник, не во тетратка

    rnДоколку имате навика да запишувате белешки и идеи рачно, пробајте наместо во тетратка да фаќате белешки во бележник (каде страниците ги вртите вертикално). Ова придонесува за послободен и поприроден тек на мислите и идеите.rn

    Не грижете се за печатните грешки, само пишувајте

    rnОва сигурно сте го чуле и претходно, но доколку почнете да го применувате ќе сфатите колку е вистина. Ова не важи само за креативно пишување, општо, дури и за задача за на факултет. Додека ја пишувате работната верзија, не запирајте, не прегледувајте ја секоја реченица или пола реченица. Пуштете слободно да извираат вашите идеи од мозокот. Потоа, кога ќе завршите, ќе се погрижите за проверка, поправка на грешки, фонт и изглед.rnrnСмешни или клише совети за пишување кои навистина функционираатrn

    Потхранете ја вашата креативност со музика

    rnМожеби звучи како клише, вие да пишувате а во позадина да свири тивка музика, но токму ова ќе ве опушти и ќе ја поттикне вашата креативност. Без разлика колкава е вашата толеранција на бука додека работите, докажано е дека тивката „галама“ е подобра за концентрација од целосната тишина. Само внимавајте музиката да не биде премногу гласна, вознемирувачка или текстот да ви ги оттрга мислите. Откријте ги типот на музика што најмногу ви годи во пишувањето.rn

    Не се преоптоварувајте со краен рок

    rnДоколку се преоптоварувате со крајниот резултат, со роковите кои мора да ги исполните, со вашата добивка од она што го правите, го попречувате вашиот целосен потенцијал и нема да го дадете најдоброто од себе. Наместо тоа направете пишувањето да ви стане навика, нешто што го правите секојдневно, без притисок, едноставно нешто што е дел од вас. Така за брзо пишувањето ќе ви стане не само навика како миењето заби, туку од обврска ќе се претвори во задоволство.rnrnСмешни или клише совети за пишување кои навистина функционираатrn

    Создадете опуштена атмосфера

    rnСтавете го вашиот комфор на прво место. Клучно е да се чувствувате пријатно. Пишувајте во широка, секојдневна облека. Не ви треба луксуз, ниту куп светкави предмети кои ќе ви го одвлекуваат вниманието. Дури и да не сте такви по природа, кога пишувате бидете минималисти. Осврнете се кон едноставното и намалете ги вашите очекувања.rnrnЗа крај, сепак, пишувањето е лично искуство и секој различно го доживува. Не плашете се да експериментирате, да наоѓате начини кои ви помагаат да бидете покреативни, да внесете промена, да се обидете со нешто ново. Доколку никогаш ни на крај памет не ви било да пишувате поезија, почнете со стих или два.rnrnСреќно пишување и доколку најдете нови начини кои ви помогнале, споделете ги со нас!rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rnrn 

  • Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

    Намирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокот

    Ако видите дека се ближи рокот на траење на одредени намирници, не мора да значи дека веднаш треба да ги фрлите. Овие 5 можете да ги конзумирате дури и откако ќе им помине рокот.rnrnНамирници кои слободно можете да ги јадете по истекот на рокотrn

    Јајца

    rnЈајцата во фрижидерот можат да употребат и до 3-4 дена по истекот на рокот на траење кој е наведен на амбалажата. Сепак, со стареењето јајцата губат на квалитет, па доколку сакате да правите нешто благо, подобро прескокнете ги и употребете свежи.rnrnЗа да проверите дали јајцата се свежи, послужете се со еден кујнски трик. Наполнете еден длабок сад со вода и внимателно спуштете го јајцето внатре. Ако потоне веднаш значи е свежо.rn

    Житарици

    rnКутиите со житарици имаат ознака за рокот на траење, но производителите претпоставуваат дека тие ќе имаат подеднакво добар квалитет и по истекот на наведениот датум. Житариците ќе бидат свежи и ни малку опасни за јадење и по 3 месеци од истекот на рокот на траење.rn

    Јаболка

    rnЗа да им го продолжите рокот на јаболката, сместете ги во пластична ќеса на која ќе направите неколку дупчиња како би можел воздухот да циркулира низ нив. Чувајте ги во фрижидер, а тие ќе бидат свежи дури и по 3 недели.rn

    Салами

    rnХерметички затворените индустриски салами можете да ги чувате и до две недели после истекот на рокот обележан на амбалажата.rn

    Јогурт

    rnЈогуртот кој стои во фрижидер може да се користи без никаква опасност барем 7 до 10 дена по истекот на рокот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Како да организирате максимално продуктивна недела?

    Дали пред вас е недела полна со обврски и задачи? Дали вашата листа со обврски кои треба да ги завршите изгледа како да нема крај? Посакувате да ги имате работите под контрола, а со тоа да го намалите стресот? Засукајте ги ракавите и подгответе се за најпродуктивната недела досега!rn

    1. Точно дефинирајте кои обврски треба да ги завршите

    rnВажно е да знаете кои се обврските кои треба да ги завршите. Составувањето на must-do листа е неопходно за стресната недела што ве очекува. Ако не знаете што точно треба да направите, тогаш голема е веројатноста да не ги исполните вашите обврски. Организирањето на вашите обврски и задачи ќе ве доведе до нивно остварување. Забележете колку време од вашиот распоред бара секоја од обврските кои ги имате и според тоа организирајте го времето.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    2. Поделете ги обврските на помали делови

    rnДоколку вашата главна обврска за оваа недела, на пример е да му доставите на вашиот работодавец драфт од вашиот проект, тогаш вметнувањето на тоа во вашата листа со задачи не ви завршило некоја голема работа. Наместо тоа, поделете ја задачата на помали чекори. Организирајте го времето. На пример, првиот ден ќе барате извори за вашиот проект, вториот ден ќе ја организирате структурата на пишаниот материјал, потоа ќе се консултирате итн. Секоја од овие помали задачи ја има улогата на ментален координатор – знаете што сте направиле и колку далеку сте стигнале.rn

    3. Вистински организирајте се

    rnМала е веројатноста дека нема да работите под стрес ако имате белешки на сите страни и документите кои ви требаат за одреден проект се сосема измешани со други со кои ни најмалку не се поврзани. Ако не знаете што каде се наоѓа и каде да го барате, губите скапоцено време. Најпрво осигурете се дека имате сè што ви е потребно и дека секој лист хартија си го „знае“ своето место на вашето биро. За таа цел хронолошкото подредување е вашиот најголем пријател.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    4. Најдете начини да заштедите време

    rnСекогаш постои начин да заштедите време и нерви. Побарајте соодветна софтверска програма за вашите цели, која значително ќе ви го олесни преживувањето на „пеколната недела“. Секогаш изнаоѓајте начини за заштеда на време и олеснување на вашата работа бидејќи секогаш постојат.rn

    5. Направете распоред за извршување на обврските

    rnНекои преферираат најпрво да ги извршат поголемите и посериозни обврски за да си го тргнат најголемиот товар. Други пак, најпрво ќе ги извршат помалите обврски за да си го „исчистат“ патот. Вие одберете го начинот кој најмногу ви одговара. Исто, доколку имате обврски чиј краен рок се наближува, не одлагајте и направете ги примарни.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rnrn

    6. Забележувајте го напредокот

    rnМоже тоа да го правите во табела каде ќе го внесувате секој ваш чекор и накратко ќе го сумирате она што е важно. Така не само што ќе имате поголема прегледност, туку и ќе се поштедите од пребарување по материјалите за некоја важна информација која сте ја внеле.rn

    7. Поделете ги обврските според тоа кога работите најдобро

    rnДоколку сте посконцентрирани наутро непосредно по будењето, тогаш токму тој е периодот кога треба да работите на оние обврски кои бараат од вас максимална концентрација. Доколку пак, вашата креативност е најголема навечер, организирајте го времето така што обврските кои од вас бараат креативност или логично размислување ќе ги извршувате во тој период од денот. Исто, во правењето на вашиот дневен распоред влијаат и други нешта, како на пример, во кој период од денот имате слободна и тивка просторија на располагање и сл.rnrnКако да организирате максимално продуктивна недела? rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

    Работи од домот кои треба навреме да ги фрлите

    Во ова видео ќе ви бидат претставени работите за кои не сте знаеле дека имаат рок на траење. Некои работи ќе ви бидат познати, но за повеќето со сигурност ќе бидете изненадени и ќе ви биде тешко да ги фрлите. Сепак, експертите предупредуваат дека за вашето здравје е подобро да не се приврзувате и навреме да се ослободувате од нив. Ова се неколку од нив.rnrnРаботи од домот кои треба навреме да ги фрлитеrnrnПерници – Доколку ја превиткате на половина и таа не се врати во нејзиниот природен облик, тогаш време е да ја фрлите.rnrnДушек – Нешто слично се однесува и на душеците, бидејќи доколку забележите дека е вдлабнат на повеќе места, треба да си набавите нов. Според процените на експертите животниот век на душеците изнесува 10 години. Сепак, губењето на еластичноста и вдлабнувањето не е најголемиот проблем на старите душеци, туку прашинските грини, бактерии и мртви клетки од кожа кои се собираат во нивната внатрешност.rnrnПешкири – Оние кои се користат редовно треба да ги фрлите доколку се стари од 2 до 5 години.rnrnМашина за перење алишта – Треба да се менува на 10 до 11 години.rnrnМашина за сушење алишта – Треба да се менува на 12 до 13 години.rnrnМашина за перење садови – Треба да се менува на 9 до 11 години.rnrnПравосмукалка – Иако сè уште ви работи, правосмукалката треба да се менува на секои 5-7 години.rnrnЧетка за заби – Треба да се менува на секои 3-4 месеци.rnrnМаскара – Рокот на употреба на маскарата е 3 месеци.rnrnКозметика во прав и кармини – Собираат многу бактерии и доколку се постари од 2 години треба да ги фрлите.rnrnТечна козметика – Поради истите причини како и козметиката во прав, треба да ја фрлите доколку е постара од 6 месеци.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот „Бета Хаус“

    Интервју со бендот „Бета Хаус“

    Интервју со бендот „Бета Хаус“ Бенд: Бета ХаусrnrnОснован: септември, 2009 годинаrnrnСостав: Александар Алексов (гитара), Стефан Стојчев (бас гитара), Бодин Попов (тапани), Раде Кекеновски (вокал и гитара)rnrnТип музика: рок, поп, реге, фанк, дискоrnrn rnrn


    rnrnМлад рок бенд, кој не се ограничува во стилот на музика и експериментира со реге ритмови, диско и фанк гитари и слично…rnrn


    rnrnИнтервју со бендот „Бета Хаус“Како дојдовте до идеја за името на бендот?rnrnМногу спонтано. 🙂 Свиревме на некоја журка и требаше сето тоа некако да се најави, па на Бодин (тапанарот) му текна дека гледал филм во кој Бета Хаус праеле супер журки. И така некако остана името.rnrnКолку често правите проби?rnrnНеделно, два или три пати. Некогаш помалку, некогаш повеќе во зависност колку настапи и обврски имаме.rnrnМожете ли да издвоите некој поважен или можеби омилен настап? И каде може да ве чујат вашите фанови?rnrnСекој настап си има некоја своја убавина, но ако треба да издвоиме, тогаш настапите на фестивалите. Голема сцена, огромен број луѓе, многу енергија, настап на отворено небо – тоа секогаш се памти. Свириме скоро во сите скопски клубови, а кога зборуваме за фестивали ќе настапуваме во понеделник на „Schools Out“ на 10 јуни во Градскиот парк на Школка. Така да, бујрум!Интервју со бендот „Бета Хаус“Дали би направиле екстремна промена во стилот на музиката, ако некој ви понуди многу пари? rnrnЕве нека биде кратко и јасно. Не :)rnrnЧеститки за вашата прва авторска песна. Кажете ни нешто повеќе за неа?rnrnДа, деновиве излезе првиот сингл „Мона Лиза“. Летна песна во даб реге стил. Моментално се врти на сите национални радио станици, а спотот е во подготовка.rn

    rnДали сте свиреле на свадби или сте имале понуди за свирење?rnrnНе сме свиреле, а додуша не сме имале ни понуди. Чекаме да ни подостари генерацијата уште малку, да почнат да се женат и мажат, па да нè бараат.rnrnШто правите кога не се занимавате со музика?rnrnСекој со своето, главно сите студираат или завршуваат факултети.rnrnКои македонски бендови или изведувачи особено ги почитувате?rnrnНашата генерација порасна со „Суперхикс“. Ние и фамилијарно сме поврзани со нив, а и комшиски, бидејќи на исто место правиме проби. Но, ги почитуваме и „Нокаут“, „Леб и Сол“, „Ареа“, „Д.Н.О.“ и други.Интервју со бендот „Бета Хаус“Што би сакале да ви се случи за да бидете задоволни од успехот на вашиот бенд?rnrnСакаме да правиме квалитетна македонска музика. Сметаме дека има недостаток на таква музика кај нас. Ако барем малку придонесеме кон тоа, македонската музика да биде подобра, послушана и помодерна, би биле среќни.rnrnКако го гледате бендот после 25 години?rnrnАуу, па не гледаме толку далеку. Ние во моментов се фокусираме на свирење и правење музика. За иднината нека се грижи Сабина од Амазон. :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.rn

  • Рок-верзија на најавната шпица на „Симпсонови“

    Рок-верзија на најавната шпица на „Симпсонови“

    Фантастичното интро на „Симпсонови“ доби рок-верзија. Заслугите одат на сметка на Џулиен Брасарт. Уживајте! 😉(1) Рок-верзија на најавната шпица на „Симпсонови“rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Одлични кавери на две македонски момчиња

    Одлични кавери на две македонски момчиња

    Кафе пауза секогаш поддржува талентирани, млади луѓе кои имаат голема жар да ја изразат својата креативност и да направат нешто различно. Особено ни е драго, кога ќе чуеме за талентирани млади луѓе од Македонија, какви што се момците Давид Димов и DjGoce D’Sauce (RawNWicked), кои ги следат музичките трендови во светот, и ја започнуваат својата Јутјуб кариера.rnrnНивниот проект насловен „AcousticSundays“, се состои од преработки на веќе постоечки песни во нова акустична варијанта. За Аудио&Видео продукцијата е задолжен DjGoce D’Sauce (RawNWicked), а за перформансот Давид Димовски. Ова се дел од нивните одлични кавери, а момците планираат на секои 2 недели да објавуваат ново видео. Само напред!Одлични кавери на две македонски момчињаrn

    rn

    rn

    rn

    rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Уметник се обидува да нацрта слика за 90 секунди

    Уметник се обидува да нацрта слика за 90 секунди

    Брзото цртање е вештина со која џорџијанскиот уметник Ди Вестри се пријавил да се покаже на шоуто за таленти Андерсон. Тој вели дека за 90 секунди или помалку може да заврши една слика. rnrnУметник се обидува да нацрта слика за 90 секундиrnrnСитуацијата е напната до самиот крај, жирито се чуди, но најбитно е дали тој ќе успее да заврши во рокот кој сам си го постави. Погледнете!rnrnrn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.