КАФЕ ПАУЗА

Tag: рок

  • Рок бар кој ве носи на патување околу светот

    Рок бар кој ве носи на патување околу светот

    Барот „The Passenger Bar“ е лоциран во Мадрид, Шпанија, а е инспириран од старомодните возови од 20-ти век, уреден со многу кожа, бакар и темно дрво. Но, она што го прави уникатен, е фактот дека овој бар-воз ги води неговите гости на прошетка околу светот, без да ги напушти неговите темели.rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnОвој кафе бар преку ден и рок бар навечер, им нуди илузија на движење на неговите посетители. Трите „прозорци“ покрај седиштата, се всушност видео екрани кои се програмирани да покажуваат синхронизирано движење кое се пренесува од еден кон друг прозорец, кои создаваат чувство дека гледате низ вистински прозорец додека се возите во воз. Па така, додека пиете кафе или коктел во ова интимно место, ќе уживате во убавиот урбан поглед или природна убавина низ која минувате „по патот“. rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnВидеата ги креирал шпанскиот видео артист Франгер, а фотографиите од урбаните сцени и пејзажите се направени од вистински возови, кои возат ширум светот. Фантастична идеја нели?!rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светотrnrnДизајнерите на овој бар од компанијата „Parolio“ биле инспирирани од долгиот и тесен простор, па така продолжиле со концептот за создавање бар кој наликува на воз. Доследни во врска со рок музиката која е присутна во вечерните часови, тие го декорирале ходникот со фотографии од најголемите ѕвезди од класичната рок музика, фотографирани во возови и железнички станици. Сопственици на овој бар се младите шпански актери Родриго Тарамона и Џими Кастро.rnrnРок бар кој ве носи на патување околу светот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Идеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

    Марамите се одличен аксесоар за коса. Со нивна помош може да постигнете секаков изглед, од слатко до секси. Еве неколку интересни идеи за фризури со марама.rn

    Марама и пунџа за женственост

    rnВрзете ја косата во неуредна пунџа. Потоа врзете ја марамата така што врзаниот јазол ќе го поставите на врвот на главата. Зацврстете ја фризурата со неколку шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Рок девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици. Свиткајте ја марамата во триаголна форма, потоа превиткајте ја неколку пати во зависност од тоа колку сакате да биде широка. Поставете ја марамата на челото врзувајќи ја во задниот дел од главата. Зацврстете ја со шноли.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Ретро изглед

    rnВрзете ја косата во ниска пунџа. Превиткајте ја марамата како триаголник и поставете ја на вашата коса така што краевите на триаголникот ќе дојдат напред. Едниот крај извлечете го под другите два, а потоа другите два краеви врзете ги во јазол на врвот на главата.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Хипи девојка

    rnИзвиткајте ја косата во брановити кадрици или врзете ја во неуредна пунџа. Потоа врзете ја и марамата, може да ја превиткате неколку пати, всушност, колку понеуредно, толку повеќе го доловувате изгледот.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџrn

    Слатка и романтична

    rnВрзете ја косата во коњско опавче или извиткајте ја брановито. Извиткајте ја марамата, но гледајте да биде што потенка. Потоа врзете ја со панделка на страна.rnrnИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџИдеи за фризури со марама во согласност со вашиот имиџ

  • А таа ЉУБОВТА, има рок на траење?

    А таа ЉУБОВТА, има рок на траење?

    „Комарецот живее еден ден, розата три дена. Мачката живее 13 години, а љубовта три. Најпрво една година страст, потоа година нежност и на крај година здодевност.“ Вака напиша Фредерик Бегбедер во „Љубовта трае три години“. И сега што? Би требало да одбројуваме кога ќе заврши љубовта, да го чекаме крајот? Еден, два, три…се доближуваме до несреќата…А таа ЉУБОВТА, има рок на траење?Можеби има некоја вистина, всушност цврсто верувам дека љубовта е поделена на фази. Можеби има еден период кога исчезнува таа првична заљубеност и пеперутките во стомакот се ништат при самиот удар со стварноста. Стоп – тој и не е така совршен. Стоп – ужасно ме нервира што мојата девојка толку се шминка, зарем не е природно убава? Стоп – леле, кога ќе научи да го спушта капакот од ВЦ школката? Риалити чек, тој/таа има маани. Но, уште поголем риалити чек, и ти имаш.rnrnЌе го цитирам Бегбедер уште еднаш, па нели неговата книга е инспирација за денешнава колумна, „По три години парот мора да се раздели, да изврши самоубиство или да направи деца, тоа се три начини да го ратификува својот крај.“ И што, во првата година оди: „Ако ме оставиш ќе се убијам“, во втората: „Ако ме оставиш ќе страдам, но ќе закрепнам“, а во третата: „Ако ме оставиш отворам шампањско“ ???rnrnАко го тргнеме настрана ова одбројување, можеби нема строго правило до кога трае, но можеби навистина има рок на траење. Можеби навистина по одреден период, за парот да остане заедно, треба да има нешто друго што ќе ги држи еден до друг, како деца, материјална корист, ситуираност, сигурност, немањето големи шанси и можности да се започне одпочеток… Којзнае?rnrnНо, да бидеме реални, сè има рок на траење, од млекото кое ќе го купите во маркет, па сè до вашиот шпорет. Сè кога-тогаш ќе се расипе, уништи, скисели. И во овој свет, каде сè е толку минливо и непостојано, зарем не ни треба нешто цврсто и сигурно? Мајка ми, цврсто противејќи се на рокот на траење на љубовта, ми рече: „Љубовта е жарче, ама види вака Ели, не зборуваме за онаа заљубеност на шестоодделенците, туку вистинската љубов, е таа е жарче. И само гори, пушта искри, некогаш повеќе, некогаш помалку, но гори, не прекинува… Љубов е кога со задоволство го делиш она што го имаш, а не се караш за она што го немаш.“ Има рок на траење вашата љубов кон родителите, жарчето кое гори за татковината, или љубовта кон браќата и сестрите? Не мислам дека тие се ограничени ресурси.rnrn„Љубовта е величествена катастрофа: Да знаеш дека се залетуваш кон ѕид, и сеедно, да забрзуваш. Да се втурнуваш во пропаст со насмевка на усните, љубопитно да го чекаш моментот кога работата ќе се засере. Љубовта е единствено програмирано разочарување, единствена предвидлива несреќа од која се бара репете.“rnrnБи сакале да знаете како завршува книгата? Бегбедер благо ќе ви препорача да не ве залажува насловот. Контраст, пресврт, парадокс… Всушност, оние кои најмногу мрчат за љубовта и оние кои најмногу негативно ја критикуваат, се оние кои најмногу ја посакуваат. Сè е индивидуално, секој различно ќе ги доживее работите, секој сака различни нешта во животот и се стреми кон различни цели. Човек како човек, може да сака, па да престане да сака. Но, на крајот на краиштата, секој сака да има некој покрај себе кога ќе доживее старост, некој кој ќе го држи за рака… Така што, по долго размислување и премислување, ќе речам остро НЕ, љубовта нема рок на траење, но само ако е вистинската… е како да знаеме дека е вистинската, не знам, не можам да ви кажам, не сум доволно зрела за да ја дефинирам затоа нема ни да пробам.rnrnВнимавајте, и вашето кафе има рок на траење, секако откако ќе го подготвите. Кафето го губи вкусот и свежината после дваесет минути, затоа не оставајте го да ве чека, консумирајте го жешко. :)rnrnДо следното читање,rnrnВашата Ели.rnrn
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Рокерскиот стил од деведесеттите

    Рокерскиот стил од деведесеттите

    Гранџ стилот, екстремно популарен во раните деведесетти години, претставува уличен стил инспириран од рок музиката. Станува збор за опуштен стил кој полека го враќаат во мода оние кои преку својот изглед сакаат да дадат изјава во стилот „Не ми е грижа за ништо“.Рокерскиот стил од деведесеттитеВаквиот стил го карактеризираат големи фустани и здолништа, исечени маици, многу тесни фармерки и шарени принтови. Секогаш се добредојдени повеќе слоеви облека и палта или кошули врзани околу половината. Со тесни фармерки, кожни јакни, црни чизми и парчиња облека кои немаат ни трага од женственост, девојките го владеат овој гранџ стил.Рокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттитеРокерскиот стил од деведесеттите
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Интервју со бендот „Омниа“

    Интервју со бендот „Омниа“

    Интервју со бендот Омниа Бенд: „Омниа“rnrnОснован: 2012rnrnМузика: рокrnrnСостав: Наташа Михајлова (вокал), Дамир Пух (гитара)rnrnСингл: Знамrn
    rn


    rnОд неодамна на македонската музичка сцена се приклучи и новиот бенд „Омниа“, а ние од тимот на Кафе пауза како вистински вљубеници во квалитетната музика, решивме подобро да ги запознаеме. „Омниа“ се претставија со своето првенче „Знам“ коешто сè почесто може да се слушне на радио станиците. rnrnДвајцата се многу долг период активни на полето на музиката со бројни успеси зад себе. Дамир е посветен на гитарата, има членувано во неколку различни бендови свирејќи различни видови музика. Во 2007 година на еден од нашите најстари музички фестивали – Рок Фест освојува „Награда за најдобар гитарист“.  Со цел да ги надополни своите музички достигнувања започнува со презентирање на својата работа на YouTube, па оттука стартуваат неговите ангажмани како онлајн инструктор. Во 2010 година учествува на натпреварот „Мастер 2010“ во Загреб каде е еден од шестте финалисти избрани од Балканот. Истата година освојува прво место на првиот интернационален натпревар организиран од страна на www.live4guitar.com. rnrnНаташа е апсолвент на Факултетот за музичка уметност – Скопје на отсек соло пеење, има учествувано на четири државни натпревари каде има освоено 4 први награди по солфеж и 1 втора награда по камерна музика. Освен во класичната музика се пронаоѓа себеси во многу правци на рок музиката, па така краток период настапува како вокал со бендот „Mainstream“, а подоцна ја започнува својата соработка со „Misplaced“, каде всушност заедно првпат настапуваат со Дамир. Што открија Дамир и Наташа во интервјуто за Кафе пауза можете да прочитате подолу.rnrn


    rn
    rnИнтервју со бендот ОмниаНајпрво честитки за вашиот прв сингл. Какво е чувството да се претставите за првпат на ваков начин пред поширока публика и тоа со сопствено авторско дело?rnrnД: Ти благодариме! Чувството е одлично, реакциите од публиката се доста позитивни што нè тера и понатаму да работиме со уште поголем интензитет.rnrnН: Среќни сме што успеавме со една ваква енергична песна да се презентираме пред пошироката јавност и горди сме на постигнатиот резултат!rnrnКако настана „Омниа“? Дали идејата ја развивавте подолго време или настана сосема спонтано? Која е позадината на името?rnrnД: „Омниа“ е резултат на нашата желба да креираме авторски дела, што во прв план ќе ги задоволат нашите музички амбиции и секако, желбата да дадеме мал придонес на македонската музичка сцена.rnrnН: „Омниа“ настана многу спонтано, двајцата се согласивме дека сега е вистинското време да започнеме со создавање авторска музика. Со оглед на тоа дека „Знам“ е наше заедничко дело, почнувајќи од музиката, текстот, аранжманот, продукцијата и студиото во кое е снимена песната – псевдонимот „Омниа“ ни дојде како „кец на десетка“, бидејќи латинското значење на зборот омниа  е „сè“.rnrnИако Дамир е гитарист, а Наташа е посветена на класичната музика, сепак успеавте да ја соедините љубовта кон музиката, да пронајдете заеднички јазик и да направите нешто одлично. Претставуваше ли предизвик да соработувате заедно?rnrnН: Секако. Предизвикот е голем бидејќи и двајцата имаме големи познавања од две сосема различни области, кои се трудиме да ги сплотиме во едно. Различен пристап и принцип на работа, различно гледиште и перцепција. Иако ние двајца се познаваме долго време, сепак постоеше период на адаптација, бидејќи на почетокот не се разбиравме доволно добро, хахаха за среќа, меѓу нас постои многу надополнување и споделување на знаење.rnrnД: Наташа и јас сме од два сосема различни света кога станува збор за музичкото образование, влијанијата и методите на работа, но и покрај тоа имаме многу слични вкусови за музика, мал милион бендови/изведувачи што ни се омилени и на двајцата и што е најважно, делиме слична визија за идните планови на „Омниа“.rn

    rnКаде ја пронајдовте инспирацијата за песната? Има ли некоја позадина?rnrnД: Првичната идеја за „Знам“ дојде сосема спонтано, во еден момент на инспирација настана главниот риф од кој ја изградивме целата песна и напишавме текст кој носи силна порака и кој е во склад со музичката позадина.rnrnН: Со текстот сакаме да го разбудиме духот на луѓето, особено на младите. Во денешно време сè е некако еднолично, сиво, бидејќи повеќето не се залагаат за она во што веруваат. Пораката на „Знам“ е токму спротивното.rnrnКои се вашите планови за во иднина? Дали можеме да очекуваме нови песни, па и албум во скоро време?rnrnН: Во подготовка е нова песна. Немаме долгорочни планови, сакаме работите да се одвиваат постепено и спонтано колку што е тоа возможно. Единствено нешто што ни е во план и кое сакаме да го реализираме е да создаваме квалитетна музика.rnrnД: Ни претстои доста интересен период. Имаме доволно идеи, сакаме да експериментираме со нив, па ќе видиме каков резултат ќе даде сето тоа.rnrnДали можеби сте размислувале за некаков препознатлив имиџ на „Омниа“?rnrnД: Работиме напорно да изградиме препознатлив музички стил, уникатна звучна слика и тоа е нашиот приоритет во моментов. За сè останато гледаме да сме што поприродни и подоследни на себе. Одлично се чувствуваме во сопствената кожа.rnrnСигурно е потребно многу напорна работа (и многу кафе 🙂 за да се постигне ова ниво на кое што сте вие сега. Која е тајната?rnrnД: За нас ова претставува забава пред сè. Без разлика дали се работи за совладување некој инструмент или креирање музика, забавниот елемент е тој што те движи напред – напорната работа, жртвите и целосното посветување доаѓаат после тоа. Со текот на годините учиш  кога треба да форсираш, а кога да си дадеш оддишка. А ние имаме уште многу за учење.rnrnН: И секако, кафето си има удел во целата приказна, посебно кога инспирацијата ќе „те удри“ после полноќ, што често знае да се случи.Интервју со бендот ОмниаДамир, во 2010 победи на првиот натпревар организиран од страна на Live4Guitar Community, а исто така си активен и со онлајн часовите по гитара. Јасно е дека голем дел од твојата работа се одвива во виртуелниот свет. Колку мислиш дека тоа ти помогна од аспект на стекнување искуство и промовирање?rnrnД: Резултатите од неколкуте гитарски натпревари и мојата активност во виртуелниот свет имаат големо влијание во тоа што сум денес како музичар. Среќен сум што живееме во време кога е многу лесно да се промовира сопственото дело и да се остварат контакти преку интернет. Токму тоа искуство ми е од голема помош за секој нареден проект затоа што не почнувам од апсолутна нула.rnrnНаташа,  одлично успеваш да ги избалансираш љубовта кон класичната и рок музиката, но зборувајќи долгорочно, сметаш ли дека ќе успееш да го одржиш тој баланс?rnrnН: Се сметам себеси за доволно силна личност која успешно ќе направи баланс помеѓу класичната и рок музиката, но тука не запирам. Музиката е уметност која нема граници, па зошто тогаш јас да се ограничувам? Ме чека многу работа. Се отвораат многу нови врати и сето ова не знам до каде ќе ме доведе. Мојата цел е еден ден да успеам како комплетен музичар.rnrnИ за крај, што би им препорачале на читателите на „Кафе пауза“?rnrn Д и Н: Поздрав до сите ваши читатели, уживајте во секој момент од животот, слушајте квалитетна музика и не заборавајте да го започнете денот со добро кафе и секако со Кафе пауза!rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Дали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?

    Што слушаш – тоа и си! Многумина млади својот идентитет го градат врз основа на музиката која ја слушаат, токму затоа на другите луѓе музиката може многу да им открие за нивниот карактер. Доколку некој ви го открие својот музички вкус, природно е врз основа на тој податок вие да изградите некој претпоставен став за тој човек, неговите вредности, неговото друштво и неговите навики.rnrnДали ги проценуваме луѓето според музиката која ја слушаат?rnrn rn

    „Музиката е моќно средство за друштвени експресии, која може да ги појача стереотипите и предрасудите“ – вели психологот и водачот на истражувањето за музичките вкусови, Џејсон Рентфроу од Универзитетот Кембриџ.

    rnРезултатите од ова истражување покажале дека љубителите на класична музика, луѓето ги доживуваат како тивки, неатрактивни и досадни. За разлика од нив, љубителите на рокот се сметаат за емоционално нестабилни и бунтовници по природа, како и за многу неодговорни луѓе. Обожавателите на попот повеќето луѓе ги процениле за по малку смотани, оние на рапот за спортски духови и за агресивни луѓе, а покорниците на електронската музика за невротични ликови. Најдобро прошле обожавателите на џезот, бидејќи нив луѓето ги сметаат за вешти, мирољубиви, либерални, љубезни и отворени по природа.rn
    rn

    „На луѓето не можеме на лице место да им направиме психолошка анализа преку прашања, за да изградиме слика за нивната личност. Ова истражување покажува дека, иако нашите претпоставки не мора да бидат точни, си создаваме слика за некој човек според одговорот на прашањето ‘Каква музика слушаш?’“ – заклучува Рентфроу.

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Цитати од легендарниот Џими Хендрикс

    Цитати од легендарниот Џими Хендрикс

    Легендарниот гитарист Џејмс Маршал “Џими” Хендрикс до ден-денес е огромна инспирација за музичарите. Неговите неверојатни способности и извонредни перформанси на сцената, неколку пати досега му го резервираа местото најдобар гитарист во историјата на рокот. Меѓу најпознатите настапи на музичкиот гениј е свирењето гитара со заби.rnrnХендрикс прерано замина во легендите. Почина на 27 години, најверојатно од предозирање со апчиња за спиење, но за причините за неговата смрт сè уште се шпекулира. Еве неколку цитати кои ќе ви го доловат неговиот поглед кон животот и музиката…rnrnЦитати од Џими Хендрикс - најдобриот гитарист на сите времињаrnrn

    „Музиката е мојата религија.“

    rn

    „Блузот е лесен за свирење, но тешко е да го почувствуваш.“

    rn

    „Толку добро ме имитираа луѓето, што дури и ги копираа моите грешки.“

    rn

    „Знаењето зборува, но мудроста слуша.“

    rn

    „Кога силата на љубовта ќе ја надмине љубовта кон силата, тогаш светот ќе го запознае мирот.“

    rn

    „Ќе фрлам клетва врз тебе и сите твои деца ќе се родат скроз голи.“

    rn

    „Музиката не лаже. Ако постои нешто што може да се промени во овој свет, тоа може да се случи единствено преку неа.“rnrn„Музиката е безбедна дрога.“

    rnЦитати од Џими Хендрикс - најдобриот гитарист на сите времињаrnrn

    „Треба да продолжиш понатаму, и да лудуваш. Лудоста е како рајот.“

    rn

    „Имагинацијата е клучот до моите текстови. Останатото е направено со малку научна фантастика.“

    rn

    „Ако сум слободен, тоа е бидејќи постојано сум во трка.“

    rn

    „Знам дека не сум совршен и не живеам за да станам. Но, пред да го впериш прстот во мене, биди сигурен дека ти се чисти рацете.“

    rn

    „Приказната за животот е побрза и од едно трепкање на окото, приказната за љубовта е здраво – збогум.“

    rn

    „Моментот кога ја запалив гитарата, беше како жртвување. Ги жртвуваш работите што ги сакаш. Јас ја сакам мојата гитара.“

    rn

    „Извинете ме додека го бакнувам небото.“

    rnИ за крај, потсетете се на неколку од неговите најголеми музички хитови…rnrnrnrnrnrnrnrn

  • 6 рок класики настанати од шега

    6 рок класики настанати од шега

    Иако ние веруваме дека најголемите музички хитови се направени со многу љубов и внимание, сепак тоа не е секогаш така. Понекогаш генијалноста на големите музичари испливува на површина сосема случајно. Токму следните шест класични рок хитови се настанати на таков начин – од шега.6 рок класики настанати од шегаrn

    Loser – Beck

    rnХитот кој го вивна Бек меѓу рок легендите е создаден во кујната на продуцентот Карл Стивенсон. Бек почнал да рапува, Карл снимал, а кога ја пуштил снимката за да ја преслушаат, Бек се изнасмеал затоа што звучело многу лошо и саркастично запеал: „I’m a loser, baby, so why don’t you kill me“. Сепак, Карл не го делел неговото мислење и го убедил да ја снимат песната со новиот стих. Откако таа биле пуштена на едно калифорниско радио, станала голем хит, а продуцентските куќи започнале војна за да потпишат договор со него.rn

    rn
    rn

    Sweet Child O’Mine – Guns ‘n Roses

    rnЕден од најпознатите гитарски рифови на сите времиња за малку немало ниту да дојде до ушите на публиката. Кога Слеш се обидел да отсвири нешто што наликувало на циркуска мелодија правејќи му смешни фаци на тапанарот Стивен Адлер, Аксл Роуз бил убеден дека го имаат новиот хит. Слеш не сакал од неговата шега да прават песна, но по кратко убедување прифатил да ја стават на албумот за да го пополни просторот. Останатото е историја.rn

    rn
    rn

    Stuck in the Middle with You – Stealers Wheel

    rnНасловот можеби не ви е многу познат, ама мелодијата сигурно сте ја слушнале. Многумина мислат дека овој хит е дело на Боб Дилан, но тој всушност е направен за да го исмее токму него. На Stealers Wheel не им се допаѓало тоа што во своите текстови Боб Дилан ги генерализира разните групи луѓе нарекувајќи ги кловнови и џокери, па направиле текст кој е пародија на сè што тој отпеал дотогаш. Тешко е да се утврди дали успехот на песната се должи на имитирањето на Боб Дилан, но достигнувањето на шестото место на Билборд листата во 1973 не е мала работа.rn

    rn
    rn

    Cum On Feel the Noize – Quiet Riot

    rnОваа песна успеала да стигне до петтото место на Билборд топ 100 листата, што е одличен успех со оглед на тоа што членовите на бендот не сакале таа воопшто да излезе во јавност. Кога нивниот продуцент им рекол да направат кавер верзија на постара песна, ним тоа не им се допаднало, па кога влегле во студиото се погрижиле да звучи ужасно. Тапанарот не обрнувал внимание на гитарите, а вокалистот буквално вриштел. Сепак, публиката поинаку реагилрала на оваа шега и добиле голем хит.rn

    rn
    rn

    (You Gotta) Fight for Your Right (to Party) – Beastie Boys

    rnБисти Бојс се уште еден бенд кој се обидел да исмее некого, но завршил со рок класика. Мразејќи ја рок сцената од осумдесеттите, напишале „бесмислен забавен текст“ наречен „Мора да се бориш за правото на забава“, на кој додале по некој едноставен риф и тапани. Изненадени од големиот успех на нивната шега, направиле видео кое требало да биде подеднакво смешно. Сепак, кога сфатиле дека публиката која ја слуша музиката која ја исмеваат е виновна за големиот успех, престанале да го изведуваат овој хит во живо.rn

    rn
    rn

    Smells like Teen Spirit – Nirvana

    rnSmells like Teen Spirit на Nirvana ја смени мејнстрим музиката во деведесеттите преку ноќ и денес важи за најдобрата рок класика од оваа декада. А сепак, не настанала преку сериозна и макотрпна работа. На ѕидот од собата на Курт Кобејн еден негов пријател со спреј напишал „Курт мириса на Teen Spirit“, односно на дезодорансот на неговата девојка. На славниот рокер ова му звучело некако револуционерно, па се обидел да ја исмее оваа мисла. Напишал текст, а потоа и саркастична музика која имала за цел да ја исмее „More Than a Feeling“ на Boston. Идниот светски хит бил експресно одбиен од членовите на бендот. Курт сепак ги натерал да ја свират одново и одново околу час и половина, по што попуштиле.rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како славните рок бендови ги добиле имињата?

    Како славните рок бендови ги добиле имињата?

    Рок бендовите најчесто имаат невообичаени имиња чие значење ретко кога е познато, но знаејќи колку рокерите се ексцентрични, тоа и не треба да зачудува. Нивните кариери секогаш се пропратени со разни приказни за сè што прават, па така ниту следниве кои се поврзани со начинот на којшто ги крстиле своите бендови не се исклучок.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„The Beatles“ – Бендот започнал да се пробива под името „Beetles“ на предлог на првиот басист Стјуарт Сатклиф кој бил инспириран од една театарска претстава, а подоцна на иницијатива на Џон Ленон спелувањето е сменето во „Beatals“. Конечното име The Beatles е добиено на иницијатива на Џон Ленон и младиот поет Ројстон Елис затоа што новото име било микс од „beat poetry“ и „beat music“.rnrn„The Rolling Stones“ – Иако се шпекулира дека името го добиле според песна на Боб Дилан, тие тврдат дека го добиле според песната на Мади Вотерс, „Mannish Boy“.rnrn„Ramones“ – Името го одбрале во чест на Пол Макартни, кој што во младоста го користел името Пол Рамоун (Paul Ramone). Сите членови на бендот подоцна го додале Ramone како презиме.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Coldplay“ – Кога им здодеало името „Starfish“ членовите на групата културно прашале еден нивен пријател дали може да го позајмат името на неговиот бенд. Тој се согласил и почнале да се нарекуваат „Coldplay“.rnrn„Steppenwolf“ – Бендот прво се викал „Sparrow“ (врапче), но откако гитаристот Џон Кеј ја прочитал „Степски волк“ од Херман Хесе предложил да се прекрстат.rnrn„Aerosmith“ – Кога на тапанарот на бендот, Џои Крамер, му било здодевно на часовите во средно училиште, во тетратката го пишувал зборот аеросмит затоа што му звучел многу убаво. Останатите членови на бендот прво биле против ваквото име бидејќи го помешале со лектира од средно, но кога ја слушнале приказната на Крамер се согласиле.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„U2“ – Боно вели дека името доаѓа од интеракцијата со публиката (you too – и ти исто така). Покрај тоа U2 е назив на американски борбен авион.rnrn„Pink Floyd“ – Момците од бендот користеле повеќе различни имиња пред да се решат за ова. Имињата како „The Meggadeathes“, „T-Set“ и „The Screaming Abdabs“ претходеле на „The Pink Floyd Sound“, што подоцна било скратено. Инаку името е изведено од имињата на нивни колеги музичари Пинк Андерсон и Флојд Консил.rnrn„Metallica“ – Тапанарот Ларс Улрих, се обидувал да му помогне на негов пријател да одбере име за магазин наменет за фановите на рок и метал музиката. Изборот паднал на „Метал Манија“, а Ларс потоа го крстил својот бенд според една од неуспешните сугестии.rnrn„Alice Cooper“ – Една од приказните вели дека тоа „Alice Cooper“ е името што им се појавило на членовите на бендот при еден обид да воспостават контакт со духови од друг свет. Тоа подоцна го негирал вокалистот Винсент Фурниер (кој денеска има соло кариера со името Алис Купер) велејќи дека на тоа име се сетил додека јадел чипс, а другите членови го прифатиле без некоја особена причина.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Deep Purple“ – Еден од најголемите рок бендови на сите времиња името го добил според омилената песна на бабата на гитаристот Ричи Блекмор.rnrn„Creedence Clearwater Revival“ – Прекрстувањето почнало кога лидерот Џон Фогерти, го избрал зборот „Creedence“ според името на еден негов пријател. На тоа го додал „Clearwater“, неговото омилено пиво, кое што било повлечено од пазарот пред да биде вратено од страна на друга пиварница. Резултатот: „Creedence Clearwater Revival“.rnrn„AC/DC“ – Браќата Малколм и Ангус Јанг го виделе името на машина за шиење и многу им се допаднало. Значењето на кратенката е „наизменична струја/еднонасочна струја“, а според нив тоа ја симболизирало енергијата на бендот.rnrn„Black Sabbath“ – Бендот на Ози Озборн е крстен според еден не многу успешен хорор филм од 1963 година каде тема била вештерството.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„The Doors“ – Името е дадено од страна на славниот вокалист и поет Џим Морисон според поема на Вилијам Блејк. „Ако вратите на перцепцијата се исчистат, секое нешто ќе се појави пред човек онакво какво што е, бесконечно“. Легендарната рок група го добилa името според овие врати.rnrn„Pearl Jam“ – Според вокалистот Еди Ведер, името е изведено од процесот во којшто се создаваат бисерите. Всушност, начинот на кој што отпадот се претвора во нешто прекрасно.rnrn„Iron Maiden“ – Се работи за средновековна направа за тортура. Третманот на Ајрон Мејден вклучувал челични острици кои бавно навлегувале во телото предизвикувајќи бавна и болна смрт. Ова било инспиративно за момците од бендот и го присвоиле токму ова име.rnrn„Dire Straits“ – Некој е во „Dire Straits“ кога е во голема неволја и му треба многу среќа за да најде начин да се извлече. Момците од бендот биле токму во ваква ситуација кога решиле дека ќе основаат бенд, затоа што немале скршен денар.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„KISS“ – Членовите на оваа рок група велат дека сакале да имаат име кое што во исто време звучи и опасно и секси, но има уште една приказна, која тие ја негираат, а вели дека името е кратенка од Knights in Satan’s Service (витези во служба на сатаната).rnrn„Lynyrd Skynyrd“ – Леонард Скинер е името на професорот по физичко кој ги терал членовите на бендот да ги скратат долгите коси, а еден од нив поради него дури го напуштил училиштето. Името и начинот на којшто се изговара е избрано во знак на потсмев кон професорот.rnrn„The Who“ – Бабата на гитаристот Пит Таунсенд била речиси глува, па така ги нарекувала сите бендови од тоа време. По неколку прекрстувања, групата на нејзиниот внук го добила токму тоа име во нејзина чест.rnrn„Guns ‘n Roses“ – Името е микс од поранешните бендови на гитаристот Изи Страдлин и тапанарот Роб Гарднер, Hollywood Rose и LA Guns.rnrnКако славните рок бендови ги добиле имињатаrnrn„Nirvana“ – Името Нирвана означува состојба на внатрешен мир, што за Курт Кобејн било многу попривлечно отколку за тоа време вообичаените вулгарни имиња.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Oстварете си ги соништата – направете план

    Oстварете си ги соништата – направете план

    Сигурно сонувате за многу работи. Поради вашите соништа веројатно многу пати во денот фаќате друг правец со мислите, а често не можете око да склопите додека навечер се обидувате да заспиете. Соништата се убави, мотивирачки и охрабрувачки, понекогаш страшни и неизвесни. Но, сами по себе соништата не ви вршат работа. Она што ви треба е план да ги остварите. Планот е всушност мапа по која треба да се раководите за да стигнете до целта – остварувањето на вашите соништа. Еве како да почнете со мапирање:rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 1: Запишете си го сонот

    rnЧинот на преточување на сонот во зборови на хартија или пак во документ на вашиот компјутер, значи дека се посветувате на него, а ова понатаму моќно ќе влијае за конечно да си го реализирате. Исто така, кога треба да запишете нешто, мора да вложите екстра напор за да размислите подобро што е она што сакате да го евидентирате како ваш сон. Можеби имате сон да станете многу богати, но ако направите план да заработувате 20.000 евра годишно, веќе имате многу поконкретна цел кон која можете да се стремите.rn

    Чекор бр. 2: Разгледајте ги можностите

    rnШто  и да претставува вашиот сон, секогаш има повеќе од еден начин за да го остварите. На пример, ако сакате да направите многу пари, можете:rn

      rn011

    • да ја смените вашата кариера, во некоја попрофитабилна
    • rn011

    • да работите повеќе за да бидете унапредени на актуелното работно место
    • rn011

    • да се запишете на факултет, за да ги завршите студиите или пак да продолжите на постдипломски студии, за да бидете поквалификувани
    • rn011

    • да започнете сопствен бизнис како претприемач
    • rn011

    • да штедите пари за некоја крупна цел
    • rn011

    • да си земете богат маж/жена
    • rn011

    • да играте игри на среќа
    • rn

    rnПостојат многу опции. Запишете ги сите, дури и оние кои не ви изгледаат реално, па дури и оние кои сметате дека се глупави и смешни. Но, некогаш глупава идеја може да ве доведе до некоја добра. Не пропуштајте ги таквите.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 3: Изберете јасна цел

    rnОткако ги разгледавте сите можности, посветете се на избирање на вистинската. Можеби на пример ќе одлучите да се пробате во друго поле на работа или пак во друга компанија, каде ќе можете да ја заработувате посакуваната плата.rnrnИзберете цел која ќе ви претставува предизвик да ја реализирате, но истовремено која е возможно да се реализира. Нема поента да изберете цел која е поставена премногу високо на скалилото. На тој начин, само повторно ќе им се вратите на соништата и на мечтаењето по нешто, за што немате конкретен план за да го постигнете.rn

    Чекор бр. 4: Поставете си краен рок

    rnМногу е полесно кога ќе си поставите рок. Но, бидете реални и не плашете се да си поставите предизвик. Колку е поголема вашата цел, толку подолг рок треба да си оставите и обратно. Доколку вашиот сон е како оној во примерот, добро е да си поставите рок од околу 3 години за да направите промена во кариерата и да заработувате колку што сакате. Добро е крајниот рок да го врзете со некој конкретен датум или настан, на пример, вашиот 35-ти роденден или пред да почне вашиот син/ќерка да оди на училиште.rnrnOстварете си ги соништата - направете планrn

    Чекор бр. 5: Запишете ги конкретните чекори за да стигнете до крајната цел

    rnОва е финалниот чекор кога треба да се посветите максимално на планирањето. За големи соништа и цели, може да ви биде од помош доколку погледнете малку наназад:rn

      rn011

    • Што се бара на работното место кое треба да го прифатите за да ја работите таа работа?
    • rn011

    • Како можам да станам квалификуван/а за работата (на пр. забрзан курс по англиски)?
    • rn011

    • Треба ли нешто да знаете/поседувате претходно (на пр. пари за да го платите курсот)?
    • rn011

    • Како можете да го реализирате тоа?
    • rn

    rnТреба да дојдете до чекор кој ќе ви постави јасна цел за да се поместите од точката каде што сте во моментот. Таква цел би била доколку на пр. решите да тргате на страна по 100 евра секој месец во наредната година.rnrnАко наидете на чекори кои не знаете како да ги завршите, обидете се да им се навратите подоцна. Најважно е да сфатите што точно сакате да постигнете за да си го остварите сонот, а тоа е првиот чекор кон негово реализирање. Имајте храброст, тоа може да ви го промени животот.rnrnКои се вашите соништа? Преземате ли нешто за да ги остварите или само мечтаете по нив?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.