КАФЕ ПАУЗА

Tag: раскинување

  • 15 жени советуваат како да се справите со скршеното срце

    15 жени советуваат како да се справите со скршеното срце

    Првото вистинско раскинување може да биде навистина лошо. Кој би знаел дека е можно да бидете олку тажни? Дали некогаш ќе ви биде подобро? Како ќе продолжите со вашиот живот без личноста што ве оставила?rnrn15 жени советуваат како да се справите со скршеното срцеrnrnЗа жал, не постои едноставен рецепт за справување со скршено срце, а сепак ова е нешто што постои многу долго. Вие не сте првата личност во таква ситуација, а нема да бидете ни последна. Многу жени биле оставени со скршено срце, го преживеале тоа, продолжиле понатаму и научиле многу од целиот процес. Па, многу од нив решиле да ја споделат својата мудрост на Редит. Прочитајте некои од најдобрите совети и подгответе се да се чувствувате подобро.rn

    1. Времето лекува сè

    rn

    „Време.“

    rn

    2. Опкружете се со сакани

    rn

    „Смеење со пријателите, прошетка во природа, напорно џогирање за да немам енергија за размислување навечер, пишување писма и себеанализирање, планирање на мојата иднина и правење листа со обврски, и се разбира, плачење и разговор со луѓе што ги сакам и им верувам. Ми кажуваат работи како: Можеш подобро, заслужуваш некој кој ќе те цени, беше предобра за него…“

    rn

    3. Читајте „Хари Потер“

    rn

    „Читањето на серијалот Хари Потер навистина ми помогна.“

    rn

    4. Напишете писмо до бившиот и не праќајте го

    rn

    „Напишете писма што никогаш нема да ги испратите, читајте книги за справување со тага, спијте за викендите, користете екстра меки ќебиња на креветот, биде тажни, бидете гневни, бидете повторно тажни и гневни, бидете сите овие нешта додека не изгубат смисла.“

    rn

    5. Дајте си простор од бившиот

    rn

    „Држете се настрана од бившиот дури и ако сакате некогаш да бидете пријатели.“

    rn

    6. Испотете се

    rn

    „Вежбајте, за мене тоа беше трчањето. Ми даде со што да го исполнам одеднаш празниот распоред и ми го оттргна вниманието од раскинувањето.“

    rn

    7. Комбинација што ќе го излечи секое скршено срце

    rn

    „Време, сет добри книги, омилените серии, група добри пријатели, рутина за вежбање и шише вино се работите што ми помогнаа. Ми требаше цел месец за да ја преболам и неколку години за целосно да ја заборавам личноста.“

    rn

    8. Ослободете ги солзите

    rn

    „Плачете колку што можете, јадете што сакате, гледајте ги сите лоши филмови и плачете на нив. Наскоро ќе се чувствувате подобро, верувајте ми.“

    rn

    9. Најдете време за другите

    rn

    „Помогнете му на некој друг.“

    rn

    10. Фокусирајте се на добрите врски

    rn

    „Како што ми кажа мојот психијатар додека бев со вцрвенети очи месеци по моето прво лошо раскинување: Не можам да ти дадам пилула за срцето. Она што ќе ти помогне се времето и добрите врски. Ми даде и антидепресиви бидејќи не можев да станам од кревет и почнав да се повредувам. Ми помагаа да го поминам денот. Поврзете се со пријателите, посветете се на работата, одете на состаноци, дозволете си да се распаднете, но секогаш враќајте се на нозе.“

    rn

    11. Пренасочете го фокусот кон себе

    rn

    „Фокусирајте се и размислувајте за нештата што ги сакате кај вас наместо кај бившиот.“

    rn

    12. Најдете хоби

    rn

    „Најдете ново хоби или запишете се на некој курс. Што било што ќе ви ги тргне мислите од бившиот.“

    rn

    13. Понекогаш не е лошо да најдете и некој нов

    rn

    „Велат за да преболите некој, заминете со друг. Искрено ова ми помогна бидејќи ме натера да сфатам дека има и други опции.“

    rn

    14. Запомнете дека сè се случува со причина

    rn

    „Разбирањето дека сè се случува со причина ќе ве направи подобри и посилни. Секоја лекција во животот е успех, а скршеното срце ви кажува што да барате во иднина. Некои велат дека нештата се влошуваат пред да станат подобри, а истото е и со скршеното срце. Светот не престанува да се врти, а некогаш тоа ќе биде одлична приказна. Созревате како личност и ќе знаете дека е така штом ќе го надминете ова.“

    rn

    15. Изгледајте добра комедија

    rn

    „Добра смешна серија. Ја изгледав целата „Паркови и рекреација“ (Parks & Recreation) за да го преболам првото раскинување. Дефинитивно помогна.“

    rnДознајте и кои се најпопуларните методи за преболување што ги користат младите.

  • 4 совети за нега на вашето срце ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

    4 совети за нега на вашето срце ако морате да го гледате бившиот партнер секој ден

    Ајде да го замислиме следново сценарио: веќе сте направиле чекор напред во вашата љубовна врска и сте се вселиле заедно со партнерот. Можеби сте во врска со некој колега или колешка од работа или заедно ги учите испитите со вашата љубов од „факс“, но после извесно време работите тргнале наопаку. Што се случува кога работите не се случуваат како што сте планирале, а сепак сѐ уште морате да се гледате со вашите бивши секој ден?rnrnНека не ве фаќа паника и без грижи. Според експертот за разделби Кејт Галт, има начин да се надмине секое раскинување.rnrn4 совети за нега на вашето срце, ако морате да го гледате бившиот партнер секој денrnrnНејзиното мото е всушност дека „вашето моментално раскинување е подарок“. Без разлика дали моментално го процесирате вашиот гнев или ги собирате парчињата од вашето скршено срце, доколку го гледате бившиот партнер секој ден, веројатно навидум ви изгледа дека е невозможно да се справите со разделбата, но не е така.rnrnНајважните работи со кои можете да се заштитите себеси кога станува збор за надминување на комплицираните разделби од овој тип се трпение, благодарност и грижа кон себе. Дури и ако работите делуваат тешко во моментот, мора да се фокусирате на надминувањето на болката од разделбата и да посветувате повеќе грижа кон самите себе. Имајте на ум дека нема да се чувствувате ужасно засекогаш, дури и ако биде лошо некое време. Знајте дека никогаш не сте сами на светот кога станува збор за тагата од скршено срце. Пробајте ги следниве предлози во ситуациите кога работите изгледаат претешки за поднесување, бидејќи вие можете.rn

    Соберете ја вашата група за поддршка

    rnКога станува збор за разделби, првиот предлог на Галт е да ги соберете сите блиски луѓе за поддршка. Обратете им се на сите кои ги разбираат вашите емоции и размислувања. Без разлика дали е тоа вашата мајка, сестра, најдобрите пријатели, колеги, цимери или сите заедно, ова се луѓето на кои треба да се потпрете кога се чувствувате преплавени од емоции. Бидејќи е тешко да се навикнете да не зборувате често со вашите бивши како што сте го правеле тоа претходно, практикувајте допишување со вашите пријатели за да ја надополните таа празнина. На пример, доколку ви треба помош околу вашата работа, обратете се кон вашите пријатели или цимери, наместо кон бившиот партнер.rnrnРазмислувајте како да го проширите вашиот систем на поддршка на самото место каде што секојдневно го гледате вашиот партнер. Тоа може и да значи дека треба да му објасните на вашиот професор дека сте се разделиле со вашиот партнер и дека имате потреба да се преместите во друга предавална или пак, да побарате шефот да ве стави на проект со некој друг колега од работа. Голема е веројатноста дека тие ќе пристапат кон вас со разбирање и ќе ги направат потребните промени. Нешто едноставно како промена на местото на седење каде што нема да имате близок контакт со вашиот бивш партнер многу би ви помогнало во надминувањето. Доколку сте колеги на работа, можете да зборувате со вашиот менаџер и да побарате да ве преместат или да работите во други временски рамки. Луѓето најчесто сакаат да помагаат и се флексибилни доколку им објасните што се случува.rn

    Применете грижа кон себе

    rn„Создадете си идеална секојдневна рутина со помош на која ќе си посветите грижа и внимание себеси, а на неа ќе се потпирате секојпат кога работите ќе станат неочекувано тешки“, кажува Галт. Доколку немате како да го избегнете вашиот бивш партнер или партнерка, бидејќи работите на исто место од 9 до 17 часот, ослободете се од чувството на стегнатост барем во моментите кога сте сами.rnrnНа пример, доколку немате многу простор да бидете сами дома, пробајте да се посветите на некое хоби кое ќе ве опушта и ќе ви служи како излез кога ќе ви надојдат прејаки емоции. Новото хоби би можело да биде секојдневно пешачење, џогирање или зачленување во некоја група на читатели. Доколку се гледате со бившиот на работа, погрижете се да си обезбедите повеќе внимание и чувство на емоционална безбедност, во рамките на вашиот дом и во вашата рутина.rnrnГрижата за себе, според Галт, може да ви послужи како ваша комфор-зона кога работите ќе бидат прилично комплицирани. Грижата која ќе си ја посветите е различна за секого. Зависи од вашите лични потреби и преференции, со тоа што можеби ќе имате прекумерна потреба да перете алишта или да си ја средувате и чистите собата. Можеби ова ќе значи дека конечно ќе ги додадете тие уметнички дела на ѕидот, кои одамна ги меркате, а ќе го направат просторот во којшто влегувате секој ден да го чувствувате повеќе како свој дом. Може и да биде едноставна рутина како што е туширањето или миењето заби во исто време секој ден, за да си направите некоја шема. Кога ви изгледа дека вашиот живот се срушил и сакате да се чувствувате нормално како и пред разделбата, имањето добро поставени шеми ќе ви донесе олеснување во текот на денот.rnrn4 совети за нега на вашето срце, ако морате да го гледате бившиот партнер секој денrn

    Разгледајте ги вашите опции

    rn„Имањето простор е клучно за надминување на раскинувањето“, вели Галт. Доколку го гледате вашиот бивш партнер секој ден, не се обвинувајте себеси за одлуките што сте ги направиле во минатото и ве довеле до ситуацијата во којашто сте сега. Животот е флуиден и ситуациите секојдневно се менуваат, а и разделбите помеѓу партнерите се честа појава. Вие сте направиле одлука која своевремено сте ја сметале за правилна и треба да бидете горди поради тоа.rnrnНајдоброто нешто што можете да го направите за себе после разделбата, е да бидете нежни кон себеси и да си ги средувате работите една по една. Кога болката од разделбата малку ќе се намали, седнете со некој близок пријател и размислете за начини на кои би можеле да добиете повеќе простор од вашите бивши. Доколку разделбата не ви била толку лоша, пробајте да седнете со вашиот бивш партнер и да си ги разгледате опциите за да поминувате што помалку време заедно. И двајцата можете да работите со заеднички сили за полесно да ја надминете разделбата. Но доколку сте во лош однос после разделбата, мора да зборувате со него/неа дека ви е потребен повеќе простор и тие мораат да ги почитуваат вашите граници и методи на залечување на раните.rn

    Дајте си повеќе време

    rn„Времето ги лечи сите рани“, вели Галт. Дури и ако гледате некого секој ден, со тек на време нема да чувствувате толкава болка како што чувствувате во моментов. Лошите спомени можеби ќе останат со вас уште долго, но ќе увидите дека е возможно повторно да се чувствувате добро и нормално и да го надминете тоа. Доколку ви е тешко и не можете да поднесете дека вие и вашиот претходен партнер секој ден имате предавања заедно, сетете се дека тие часови нема вечно да траат, бидејќи некогаш ќе дојде денот на вашето дипломирање. Ќе му дојде крајот на заробеништвото што го чувствувате. Ќе дојде време кога нема да ја гледате таа личност често. Грижата и нежноста кон самите себеси е најголем успех кога чувствувате дека вашето срце е скршено на милион парчиња.rnrnСетете се дека не сте сами во светот со оваа болка. Не е лесно да се изгуби љубовта. Раните на срцето тешко зараснуваат, но зараснуваат. Се надеваме дека овие совети ќе ве донесат во состојба каде ќе се чувствувате подобро и работите ќе ви изгледаат подобро. Дури и доколку не ви се чини така во моментот, знајте дека сѐ ќе биде добро понатака.rnrnПогледнете и кои се работите коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување.

  • 7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

    7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување

    Речиси и да нема личност во светот, којашто не се нашла во ситуација да мора да го преболува партнерот, после раскинување на љубовната врска. Директорката на агенцијата за венчавки, Тамсен Фадал, не била исклучок од тоа. Таа поминала низ многу тежок развод, после кој морала да најде нова смисла во животот. Во нејзината книга: „Новото сингл: Пронаоѓање, подобрување и одново вљубување во самите себе“ (The New Single: Finding, Fixing, and Falling Back in Love with Yourself) таа зборува за сознанијата до коишто луѓето може да дојдат, во текот на овој тежок период од животот.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување rnrnВо продолжение, погледнете ги идеите на Тамсен, за важните работи коишто луѓето ги откриваат, откако ќе раскинат со долгогодишниот партнер. Нејзините предлози, ќе ви помогнат да оформите цврста, долготрајна и хармонична врска во иднина. Воедно, таа ќе ви посочи и кои работи не треба да ги правите после раскинување.rn

    1. Ништо страшно не се случува и ќе помине

    rnНа почетокот, ќе почнете да се самосожалувате, ќе страдате и ќе размислувате за времето коешто сте го поминале заедно со претходниот партнер и ќе ги споделувате емоциите со вашите пријатели. Многу често нема да можете да спиете навечер и ќе го изгубите апетитот. Но, во одреден момент, едноставно ќе сфатите дека морате да продолжите понатаму.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување rnrnТамсен смета дека првите 90 дена после раскинувањето, се најтешката фаза. Тие се период на „преживување“. Таа препорачува во овој период да не носите никакви избрзани одлуки, да се ослободите од нештата коишто ве повредуваат и да обрнете внимание на вашиот изглед и здравје.rn

    2. Сфаќате дека многу малку нешта знаете за себеси

    rnВо љубовните врски, луѓето многу често прават компромиси, поради што често забораваат кои навистина се и што сакаат од животот. Бидејќи не сте сакале да го разочарате вашиот партнер, сте го правеле она што тие го очекувале од вас за време на викендите, па дури и сте оделе на одмор, на дестинации коишто нив им се допаѓале.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинување rnrnСега, време е да правите нешта коишто вие ги сакате. Можеби ќе сфатите дека не ви се допаѓа како е уреден вашиот стан, дека не сакате да готвите толку често или ќе дознаете дека не ви се оди толку често на планинарење, бидејќи вам повеќе ве привлекуваат песочните плажи.rn

    3. Посветете повеќе време во мир и тишина

    rnСе разбира, не секој може да си дозволи да отиде сам на патување на некоја далечна дестинација, како што тоа го прават многу ликови од филмовите. Меѓутоа, можете да пробате да јадете некоја нова интернационална кујна или да почнете да медитирате во удобноста на вашиот дом. Тамсен препорачува, да се „дисконектирате сами себе“. Тоа значи, дека треба секој ден да ги исклучувате сите електронски уреди, барем во времетраење од еден час и да инвестирате време во самотија и комплетна тишина. Тоа ќе ви овозможи да се фокусирате на длабоко дишење и запознавање на светот околу вас. На овој начин, ќе почнете длабински да откривате, што навистина вам ви е потребно.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrn

    4. Подобро е да сте сингл, отколку да се чувствувате сами во врската

    rnЕдна од главните причини зошто луѓето остануваат во нездрави љубовни врски, е стравот од тоа да останат сами. Помислата да одите сами во кино, да вечерате во кафуле или да ги поминете викендите тотално сами, за некои луѓе звучи застрашувачки. Реалноста е, дека ние не се плашиме од помислата да бидеме физички сами, туку стравуваме од идејата да бидеме сами со нашите мисли и чувства.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrnrnДа се биде сингл, не е исто со тоа да се биде сам. Тоа не е болест, којашто треба да ја излекувате. Овој статус, е период во којшто ќе имате можност да откриете повеќе нешта за самите себе и да правите сè што отсекогаш сте посакувале.rn

    5. За да ја пронајдете „вистинската личност“ за вас, морате првин да се ослободите од „погрешната личност“

    rnПатот завршува, во оној момент кога ќе пристигнете на вашата дестинација. Истото правило, важи и за љубовните врски. Две личности се запознаваат, се учат меѓусебно на разни животни лекции и кога тие лекции ќе бидат научени, врската станува слаба. И покрај тоа што моментот кога ќе го сфатите тоа, е навистина тежок и тажен, тоа е цената којашто треба да ја платите, за да преминете во следната фаза на личен раст и развој.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrnrnПред да започнете нова врска, прво дојдете до сознание дека сосема сте ја преболеле претходната врска. Доколку тоа не е вашиот случај, нов партнер нема да успее да го пронајде местото во вашиот живот.rn

    6. Сега можете да правите многу нешта, коишто претходно не сте можеле

    rnМожеби, пред сретнувањето на вашиот претходен партнер, сте имале некакви планови и соништа за вашиот живот, но во име на вложување во вашата љубов и заеднички интереси, сте ги промениле вашите приоритети. Сега, откако сте сингл, немате никакви ограничувања и можете да работите на остварување на вашите соништа.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrn

    7. Морате да бидете среќни со самите себе, за да можете да бидете со некој друг

    rnМногу е важно да знаете кому можете да му верувате, но уште поважно е да си верувате на самите себе. Застанете пред огледало и кажете си на глас што ве загрижува и плаши и со тек на време, ќе се чувствувате подобро.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrnrnЗапомнете дека не можете да запознаете нова личност, пред да сфатите што навистина сакате и што ви е потребно.rnrnКога луѓето имаат начин да се изразат самите себе, тие се чувствуваат многу посреќни. Истото се однесува и на вашиот надворешен изглед. Кога сте сингл, можете да облечете буквално што и да посакате, без да прашувате некој друг за мислење. Затоа, уживајте во овој драгоцен период од животот, за да експериментирате со вашиот изглед и стил.rnrn7 работи коишто луѓето ги откриваат за себе после тешко раскинувањеrnrnВо секој случај, она што морате да го запомните, е дека нема ништо толку страшно во раскинувањата. Гледајте на тоа како можност да донесете заклучоци, да ги извлечете научените лекции, бидете ѝ благодарни на личноста за сите среќни денови коишто сте ги поминале заедно и продолжете понатаму.rnrnМоже да ве интересира да ги прочитате и 6-те брутални фази по раскинувањето.

  • 6-те брутални фази по раскинувањето

    6-те брутални фази по раскинувањето

    Ако некогаш сте доживеале тешко раскинување, сигурно знаете дека тоа може да биде вистинска битка. Наредните неколку недели, па дури и месеци, животот може да ви биде навистина тежок. Но, секогаш има светло на крајот од тунелот. Повеќето од луѓето што ги гледате ја почувствувале болката на раскинувањето барем еднаш. И покрај сè, тие преживеале и продолжиле со нивните животи. Ова се 6-те фази со кои ќе се соочите по болно раскинување.rnrn6-те брутални фази по раскинувањетоrn

    1. Фаза „Црна дупка“

    rnОва е можеби најтешката фаза. Почнува веднаш по разделбата кога сè ви изгледа мрачно и очајно. Ова е фазата кога останувате дома, јадете нездрава храна и гледате серии. Има многу плачење и сигурно си замислувате дека ќе бидете сами целиот живот. Бившиот партнер е единственото нешто на коешто можете да мислите. Иако ви изгледа како болката да ќе трае засекогаш, нема. Дајте си време. Нормално е да бидете тажни.rn

    2. Интервенција од страна на пријателите

    rnСо тек на време, на вашите пријатели ќе им биде доста од вашата „црна дупка“ и ќе истапат напред. Како прво, не сакаат да ве гледаат тажни и повредени, а како второ отсекогаш мислеле дека поранешниот партнер баш и не е доволно добар за вас. Ќе ве натераат да станете од креветот, да се средите и да излезете. Во оваа фаза ќе сфатите дека навистина сте им благодарни на пријателите што ве натерале да излезете од дома.rn

    3. Здодевност

    rnКога ќе се тргне темниот облак, конечно ќе сфатите дека ќе поминете низ ова. Раскинувањето нема да ве скрши. Можеби сè уште сте тажни, но веќе сте подготвени да продолжите со вашиот живот. Истовремено, почнува да ви стане здодевно. Сфаќате колку време сте посветувале на врската, а сега сте полни со слобода и можности.rn

    4. Нова рутина

    rnБидејќи не може постојано да ви биде здодевно, ќе почнете со некоја нова рутина. Ќе најдете начин да го исполните целото слободно време. Наскоро ќе немате време ни да се опуштите. Сепак, и ова е некој напредок.rn

    5. Повторно жалење

    rnБидејќи постојано сте зафатени, почнувате да се чувствувате подобро. Тоа што сте продуктивни ви е од корист. Во оваа фаза сте подготвени да му ги вратите работите на бившиот што останале кај вас. Почнувате со чистење на вашиот живот, но повторно почнува да ве интересира поранешниот партнер. Ќе почнете да го следите неговиот профил на социјалните мрежи и повторно ќе се чувствувате тажно. Исплачете се, но следниот пат немојте да си го отежнувате преболувањето.rn

    6. Вистинско преболување

    rnСо тек на време „нападите“ на плачење за бившиот ќе станат поретки и пократки. Ќе почнете навистина да го прифаќате фактот дека не сте заедно и ќе се отворите кон нови можности. Ова е знакот којшто го чекавте. Официјално се лекувате и сте посилни од кога било порано. Конечно стигнавте до светлото на крајот на тунелот.rnrnПогледнете и кои се 5-те видови раскинување кои сите ги имаме искусено.

  • 6 проблеми во врските што дури ни најсилната љубов не може да ги победи

    6 проблеми во врските што дури ни најсилната љубов не може да ги победи

    Понекогаш во животот доаѓаат ситуации кога разделбата на двајца партнери е неминовна. Причините можат да бидат најразлични, а често се поврзани со недоверба, ненадминливи разлики, криење на проблемите „под тепих“ и нерешавање и премолчување на конфликтите во име на мирот во врската. Ризикот врската да „пукне“ е поврзан со следниве проблеми:rnrn6 проблеми кои ни најсилната љубов не може да ги победиrn

    1. Вие живеете во два различни света

    rnМожеби целосно си одговарате физички или пак, уживате во заедничкото друштво, но тоа не значи и дека мора да бидете на иста бранова должина. Разликите се јавуваат кога доаѓа момент да се размислува за брак и семејство, кога се дава приоритет на кариерата или на пријателите и тоа може да доведе до жестоки караници. Затоа е најдобро овие нешта да се дефинираат на самиот почеток, пред еден од партнерите да има превисоки очекувања од врската.rn

    2. Неспособност да се решаваат проблемите

    rnЗа да бидете со некого во сериозна врска, мора и да му бидете поддршка во тешките и стресните моменти. Ризикот постои и кај новите парови, но и кај оние кои веќе заедно надминале претходни проблеми. Понекогаш се случува, едноставно, едниот партнер веќе да нема слух и разбирање за другиот. Квалитетот на врската го дефинираат токму тешките моменти и доколку не успевате да се снајдете во тоа, врската е пред распаѓање.rn

    3. Разлика во годините

    rnИако во најголем дел од врските годините не значат ништо кога е љубовта во прашање, може да се случи и токму поради возраста, интересите на партнерите да се премногу различни. А разликите во ставовите и интересите и последиците од нив веќе ги дефиниравме во првата точка.rnrn6 проблеми кои ни најсилната љубов не може да ги победиrn

    4. Недостаток на доверба

    rnНедовербата е еден од најголемите непријатели на љубовта и кога таа постои, врската веќе е на стаклени нозе. Може да се појави доколку партнерот го фатиме во лага или доколку едниот изневери или на некој друг начин го повреди другиот. Едно е сигурно, еднаш срушена доверба многу тешко закрепнува.rn

    5. Различни идеи за поминување на слободното време

    rnЕдниот партнер сака да излезе, а другиот да остане дома? Едниот има желба за големо патување, а на другиот му е доволно да излезе до најблискиот маркет? Во вакви ситуации едниот ќе најде начин да го пополни своето време со пријателите, а другиот ќе си пронајде круг на луѓе со слични интереси. Во првите фази на врската лесно е да се воспостават компромиси, но како што поминува времето, многу е веројатно дека компромисите ќе се претворат во исполнување на желбите само на едниот од партнерите, на сметка на трпението на другиот.rn

    6. Едноставно, сте избрале погрешна личност

    rnКолку и да е тоа брутално, може да се случи едно утро да се разбудите покрај партнерот и да сфатите дека тоа не е личноста со која сакате да продолжите понатаму во животот. Иако имате слични навики, очекувања и ставови, ако постои она чувство кое укажува дека овој партнер не е вистинскиот, тогаш соберете храброст и признајте си најпрво себе, а потоа и на другиот. Можеби ќе го повредите, но понатаму во животот ќе бидете благодарни што сето тоа се случило пред да стапите во брак или да станете родители.rnrnПотсетете се и зошто сексот по раскинување не е добра идеја.

  • 5 причини зошто раскинувањата се толку болни

    5 причини зошто раскинувањата се толку болни

    За некои луѓе раскинувањето е едно од најболните искуства. Додека раскинувањето може да биде вистинска шлаканица, секој човек различно ја преболува разделбата. Некои веднаш се помируваат со тоа и продолжуваат со својот живот, но некои како да не можат да преболат. Па, кои се вистинските причини за тоа?rnrn5 причини зошто раскинувањата се толку болниrn

    1. Љубовта е зависност

    rnИстражувањата покажале дека кога се вљубуваме се активираат центрите за зависност во нашиот мозок. Ова се истите центри кои се активираат кога некој е зависен од хероин или кокаин. Имајте го ова на ум пред да се шегувате со некого што не може да го преболи раскинувањето. Можно е буквално да чувствувате симптоми на апстиненција кои ќе влијаат на вашата способност да ја преболите разделбата.rn

    2. Љубовта ја менува вашата реалност

    rnСилните емоции можат да делуваат како филтер за перцепција на целото ваше постоење. Сигурно сте ја слушнале изреката „Гледање на светот низ розови очила“. Љубовта ви го прави токму тоа. Целосно го менува начинот на кој ја гледате реалноста, па кога ќе ја снема вашиот поглед кон светот повторно се менува. Ова враќање во реалноста може да биде навистина болно.rn

    3. Љубовта би требало да трае засекогаш

    rnАко навистина сте верувале дека љубовта со партнерот ќе биде вечна, а потоа тој ве напушта, може да биде навистина тешко да сфатите како нешто што би требало да трае вечно завршило. Многу често мозокот го зема концептот „засекогаш“ и го додава на болката од раскинувањето. Односно, љубовта требало да трае засекогаш, но не се случило тоа, па сега вашата болка ќе трае засекогаш. Ова е лош трик кој самите си го правиме.rn

    4. Љубовта има длабоки еволуциски корени

    rnВо нашата ДНК има меморија од нашите предци, меморија која го оформува нашиот став кон нештата како одбивање. Уште во раната фаза на човештвото, ако некој бил одбиен од племето тоа значело дека ќе умре. Најверојатно ова е причината што напуштањето од страна на саканата личност може да предизвика чувство на очај и паника.rn

    5. Љубовта буквално боли

    rnСкенирањата покажале дека луѓето кои само што доживеале разделба со сакана личност покажале зголемена активност во центрите за болка на мозокот. Ова значи дека љубовта не само што ве повредува емоционално, туку може да предизвика и физичка болка. А кога ја чувствувате таа болка би направиле речиси сè за да престане. Можеби ова е причината што многумина ја голтаат својата гордост и се обидуваат повторно да го освојат срцето на личноста што ги напуштила.rnrnАко чувствувате кој било од овие симптоми, важно е да запомните дека времето навистина лечи сè. И покрај сè, постојат докази кои покажуваат дека делот од мозокот кој се активира по болно раскинување со текот на времето ја намалува својата активност. Ова значи, како што поминува повеќе време од разделбата, силните чувства и импулси ќе се намалат и евентуално ќе се чувствувате подобро. Исто така добро е да имате на ум дека често најдобриот начин да ја заборавите лошата врска е да започнете нова и да го повторите целиот убав циклус.rnrnЗнаете ли што кажува вашето последно раскинување за вашата следна врска?

  • Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

    Науката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?

    Луѓето имаат различни причини поради кои решаваат да ја прекинат нивната врска. Понекогаш, тие се премногу зафатени и немаат време да се посветат на врската покрај сѐ друго што им се случува во животот. Понекогаш, им треба време за бидат сами и да се запознаат подобро себеси. Понекогаш, нивната љубов едноставно исчезнува. Но, постои една причина за раскинување што предизвикува најголема болка кај оставениот партнер. Можете да погодите за што станува збор?rnrnНауката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?rnrnВашето срце ќе биде најскршено доколку бидете оставени поради друга личност. Истражувачите од Универзитетот Корнел спровеле неколку експерименти со 600 испитаници за да видат како раскинувањето влијае на луѓето. Секој експеримент бил направен на таков начин што одредени испитаници се чувствувале како да се оставени поради друга личност. На пример, во еден од експериментите учествувале 1 маж и 2 жени кои работеле со истражувачкиот тим тајно. Сите тројца се наоѓале во соба каде што една од жените требала да реши загатка. Таа можела да одлучи да ја реши загатката сама или со уште еден човек. Таа секогаш решавала да соработува со другата жена. Токму поради тоа, машките испитаници секогаш се чувствувале отфрлено.rnrnСтанува збор за многу едноставен експеримент, но сигурни сме дека многу од вас можат да сочувствуваат со машките испитаници во оваа ситуација. Ако некогаш ве оставиле поради друга личност, знаете колку е лошо чувството.rn

    Зошто луѓето се чувствуваат толку повредено кога партнерот ќе ги остави поради друга личност?

    rnКако што покажале истражувањата, сите одбивања и отфрлања се болни. Но, луѓето се чувствуваат најмногу повредени кога некој ќе ги одбие поради друга личност. За разлика од другите видови одбивања, отфрлањата поради друг човек прават да се чувствувате неприфатено и исклучено.rn

    „Кога некој ќе ве остави поради друг човек, тоа побудува многу длабоки и комплицирани емоции. Во таква ситуација, не само што треба да се справите со фактот дека сте го изгубиле партнерот, туку ќе треба да се соочите и со фактот дека сте биле изневерени и заменети. Ваквата замена прави луѓето да се чувствуваат како губитници и предизвикува чувства на срам“, објаснуваат психолозите.

    rnНауката открива: Која причина за раскинување може најмногу да ви го скрши срцето?rnrnИстражувањата исто така откриле дека доколку не добиете никакво објаснување за раскинувањето, исто така ќе се чувствувате многу повредени и тажни. Ако не постои конкретна причина, автоматски ќе претпоставите дека сте биле оставени за друга личност.rn

    „По шокот предизвикан од сознанието дека биле заменети, луѓето формираат лажни верувања за себе со цел да го објаснат она што не го разбираат. Овие лажни верувања психолозите ги нарекуваат когнитивни искривувања. Когнитивните искривувања се засилуваат кога умот се обидува да најде докази или објаснувања зошто лагата во која веруваат може да биде вистинита“, откриваат психолозите.

    rn

    Како да се утешите доколку сте биле оставени за друга личност?

    rnДоколку партнерот ве оставил поради друга личност, нормално е да се чувствувате лошо во врска со себе. Вашето искривување во главата може да стане многу негативно. Но, постојат начини на кои ќе можете да се изборите со овие мисли.rn

    „Наместо да ја барате причината внатре во себе, побарајте ги надворешните фактори што придонеле за раскинувањето. Наместо да си велите ’Јас сум виновен/на. Не сум доволно добар/а’, кажете си ’Врската не успеа поради следниве причини…’“, советуваат психолозите.

    rnДоколку ова не ви помогне, обидете се да се сетите какви сте биле пред да се случи сето ова. Многу е важно да се вратите назад кон позитивните когнитивните верувања што сте ги имале за себе. Сетете се колку сте забавни, паметни и добри. Мислете на сите ваши неверојатни карактеристики. Разберете дека раскинувањето не може да го избрише животот што сте го имале пред него.rnrnОсвен тоа, многу е важно да ги одбегнувате социјалните мрежи и да не го прогонувате поранешниот партнер. Дајте си време за да се исплачете и да разговарате со вашите најблиски. Најважно од сѐ, не заборавајте дека не сте вие виновни за тоа што партнерот ве оставил поради друга личност.rnrnДоколку сакате да ја прекинете врската без да го повредите партнерот, потребно е да ги знаете следниве правила за раскинување.

  • Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

    Кои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?

    Раскинувањата се нормален дел од животот. Следните фази се преболувањето и продолжувањето понатаму. Некои преболувања одат полесно од останатите, а ѕвездите имаат замешано прсти во сето ова. Во продолжение, дознајте кои хороскопски знаци најлесно ќе ги преболите, а за кои ќе ви треба малку повеќе време…rnrnКои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?rn

    1. Скорпија

    rnНајлесно ќе го преболите партнерот доколку е роден во знакот Скорпија. Лесно е да се преболи Скорпијата бидејќи врската со неа многу брзо преминува од уживање во незадоволство. Благодарение на нивната магнетна привлечност, луѓето лесно се вљубуваат во Скорпиите, но и брзо ги преболуваат. Кога врската станува посериозна, нивната љубомора и опседнатост излегуваат на површина, па затоа не им недостасуваат многу на партнерите по раскинувањето.rn

    2. Близнаци

    rnЛесно е да се вљубите во Близнаците бидејќи тие се многу забавни, возбудливи и интересни. Но, многу лесно ќе можете и да ги преболите поради нивната површност и недоследност. Нивните партнери никогаш не успеваат да ги запознаат целосно, па затоа многу брзо ги преболуваат.rn

    3. Овен

    rnВрската со Овните е полна со авантури и непредвидливи ситуации. Но, партнерите без проблем ги забораваат, затоа што на Овните многу брзо им здосадуваат работите. Тие јасно им даваат до знаење на нивните партнери дека не сакаат да се врзуваат и со тоа успеваат да ги исплашат и оддалечат од себе.rn

    4. Рак

    rnРаковите се на 4-то место, бидејќи постојано прават пресметки, држат лутина и одбиваат да ги признаат грешките што ги направиле. Врската со нив е многу напорна, па затоа на партнерите не им треба многу време за да ги преболат.rn

    5. Лав

    rnЛавовите имаат големо срце и креативен поглед кон животот, па затоа луѓето лесно се вљубуваат во нив. Но, понекогаш знаат да се однесуваат премногу заповеднички и нивната опседнатост со контролата станува премногу напорна за другата личност во врската.rn

    6. Риби

    rnРибите се наоѓаат на средина, бидејќи никогаш не знаат што сакаат. Иако се многу сочувствителни како партнери, тие имаат превисоки очекувања и никогаш не кажуваат отворено што сакаат. Токму затоа, врските со нив се многу напорни и тешки.rnrnКои хороскопски знаци ќе успеете да ги преболите, а кои нема да можете да ги заборавите по раскинувањето?rn

    7. Јарец

    rnЈарците се многу амбициозни и посветени на нивните соништа, а повеќето луѓе ги обожаваат ваквите поединци. Меѓутоа, партнерите можат да ги преболат по некое време, бидејќи Јарците никогаш не се вложуваат целосно во врската и честопати претпоставуваат дека ќе се случи најлошото, па затоа само чекаат да сѐ да се распадне. Тоа што го мислат најчесто и го привлекуваат.rn

    8. Стрелец

    rnНе е лесно да се преболи Стрелецот, благодарение на неговата смеа, радост и оптимизам. Единственото нешто што им помага на нивните партнери да ги преболат е тоа што понекогаш припадниците на овој знак не се сигурни дали се вљубени, а тоа ги плаши повеќето луѓе и ја намалува нивната љубов кон Стрелците.rn

    9. Водолија

    rnМногу е тешко да се преболат Водолиите, бидејќи потребно е да помине многу време за партнерите да се вљубат во нив. Луѓето многу се трудат да ги запознаат и да ги срушат нивните емоционални бариери, па затоа кога конечно ќе успеат во тоа, многу им е тешко да ги заборават и да продолжат понатаму како ништо да не било.rn

    10. Вага

    rnПартнерите не можат толку лесно да ги заборават Вагите. Припадниците на овој знак се неодоливи и луѓето обожаваат да бидат во врска со нив. Единственото нешто што може да ги одбие е нерешителноста на Вагата и неподготвеноста да биде во сериозна врска. Сепак, Вагите се толку опуштени и шармантни што луѓето не ни забележуваат дека не се заинтересирани за врска.rn

    11. Бик

    rnТешко е да се преболат Биковите, бидејќи кога ќе се заљубат, врската станува нивниот главен приоритет. Тие се лојални и грижливи и никој не сака да прекине врска полна со љубов и топлина.rn

    12. Девица

    rnНајтешко е да се преболи Девицата! Иако на почетокот ќе ви биде тешко да ги запознаете припадниците на овој знак поради нивната срамежливост и затвореност, ако се вљубите во нив никогаш нема да посакате да ги оставите. Врската со Девиците е посебна и неверојатна, па затоа многумина никогаш не успеваат да ги преболат целосно.rnrnДали сте знаеле дека вашиот хороскопски знак може да ви ја открие причината зошто не можете да го/ја заборавите?

  • 7 знаци дека се присилувате да го сакате вашето момче

    7 знаци дека се присилувате да го сакате вашето момче

    Присилувањето да сакате некого не е секогаш очигледно, а звучи и малку смешно. Но сепак ова се случува премногу често. Можеби мислите дека никогаш нема да ви се случи вам, но верувајте дека има големи шанси. Знаците е суптилни, па ако сте во врска каде што нешто не е како што треба, имајте ги следниве 7 работи на ум. Ако ве опишуваат, можеби и вие се присилувате да го сакате вашето момче.rnrn7-znaci-deka-se-prisiluvate-da-go-sakate-vasheto-momche-kafepauza.mkrn

    1. Дел од вас се надева дека ќе ви раскине

    rnКога се присилувате да го сакате вашето момче, не мора да значи дека постојано сте мизерни. Сигурно вашиот партнер има и добри страни. Но кога сте искрени кон себе, дел од вас се надева дека тој ќе ја прекине врската. Ова чувство не е нормално кај функционалните врски.rn

    2. Се прашувате дали постојат среќни врски

    rnЛуѓето можеби ја гледаат вашата врска и сметаат дека е одлична. И таа можеби е… понекогаш. Но дали иднината со него ви изгледа мрачна? Дали ви е тешко да мислите дека ќе имате среќен живот со него? Среќните врски постојат, но во оваа ситуација вие се присилувате да го сакате партнерот.rn

    3. Вашите емоции се чудни

    rnДали вашата анксиозност се засили откако почнавте да се гледате? Дали плачете повеќе од обично? Секој од нас има добри и лоши моменти, но ако искусувате екстремни промени на расположението, може причината да е вашата врска. Иако можеби сè уште не сте го сфатиле тоа, кога се присилувате да сакате некого вие го потиснувате вашиот инстинкт, па вашите емоции стануваат вистински неред.rn

    4. Не сакате да го повредите, дури и тоа да значи да се повредите себеси

    rnКога знаете дека некој ве сака, може да биде навистина тешко да го повредите, дури и ако се повредувате самите. Можеби ве „бркал“ долго време. Или пак ви кажува како не може да си го замисли животот без вас. Тешко е да кажете некому кој ви значи дека не сте вистински еден за друг. Но, одложувањето на раскинувањето само повеќе ќе ве повреди и двајцата.rn

    5. Изморени сте од одбивање

    rnАко сте раскинале неколку пати, а вашиот партнер ве молел да се смирите, на крајот вие се предавате. Ако сметате дека сте биле во право кога сте ставиле крај, паметете го тоа чувство и навистина ставете крај. Истражувањата покажале дека паровите кои често раскинуваат и се смируваат немаат среќна иднина.rn

    6. Очајно сакате да бидете во врска

    rnОчајот ретко води до добри одлуки. Има една тајна: Ако сте несреќни кога сте сингл, ќе бидете несреќни и во врска, освен ако не го промените вашиот живот. Немојте да почнувате врски ако очајно сакате некој да ве направи среќни. Не функционира така. Започнете врска со некој кој се чувствува исто како и вас.rn

    7. „Одличен е, ама…“

    rnНајверојатно вашето момче е одлично. Но, ова не значи дека мора да бидете во врска со него. Ако постојано барате оправдувања за вашата врска, запрашајте се зошто сè уште сте со него. Постојат многу одлични луѓе на светот. И двајцата заслужувате да бидете во врска во која и двајцата се чувствуваат исто.rnrnПричината зошто сте се нашле во ваква врска е тоа што може да биде навистина тешко да бидете искрени кон себе. Ако можете да се препознаете во овие знаци, направете си услуга. Она што ќе го откриете може да ви го промени животот.rnrnПогледнете ги и проблемите во врската кои едноставно не можете да ги решите.

  • 5 прашања кои треба да си ги поставите ако постојано ги повторувате истите грешките во љубовта

    5 прашања кои треба да си ги поставите ако постојано ги повторувате истите грешките во љубовта

    Секое раскинување е тешко, без разлика кој бил иницијаторот. Можеби ќе ви биде потребно време после раскинувањето, а можеби веднаш ќе започнете нова врска. Како и да е, изборот е ваш. Од неуспешната врска можете да научите нешто и да најдете подобар партнер, или како повеќето повторно да ги повторите истите грешки.rnrn5-prashanja-koi-treba-da-si-gi-postavite-ako-gi-povtoruvate-istite-greshki-vo-ljubovta-kafepauza.mkrnrnПравењето листа ќе ви помогне да ја согледате реалноста за вашата врска, и лошите и добрите страни, и ќе ви помогне да ги средите вашите чувства. Покрај тоа, овие листи ќе ви помогнат да забележите кои грешки ги повторувате, па следниот пат ќе знаете што да избегнувате. Кога ќе ја правите оваа листа, поставете си ги следниве прашања.rn

    1. Што сте сакале кај него?

    rnДури и најлошите врски имаат нешто добро што ве натерало да останете заедно толку долго. Дали се чувствувавте поврзано? Дали ви годело да имате некој покрај себе? Дали заедно се смеевте? Дали тој ги ценел вашите чувства? Дали сте се чувствувале заштитено кога сте биле заедно? Вклучете го секој дел од врската кој ви се допаѓал. Можеби некои од овие работи ќе ги најдете и кај наредниот партнер, а може некои ќе останат само кај поранешниот.rn

    2. Што не сте сакале кај него?

    rnМногу често луѓето мислат само на убавите мигови по раскинувањето, дури и ако врската била навистина лоша. Поврзувањето со другата личност било силно, па по раскинувањето се чувствува празнина. Оваа листа ќе ви помогне да бидете пореални. Дали сметавте дека не сте му приоритет? Дали требало да се извинувате за неговото однесување? Дали секогаш се сомневал во вас? Можеби пак, не водел добра грижа за себе? Запишете сè, па дури и некој физички недостаток. Кога ви недостига, дали ви недостига тој или вие двајца заедно? Оваа листа нека ве потсетува зошто е во ред тоа што сте разделени.rn

    3. Што ве прави вредна личност?

    rnКои се квалитетите со кои можете да се пофалите? Дали сте добар слушател? Дали сте добар готвач? Дали сте возбудени за животот и љубовта? Набројте сè што ќе ви падне на ум. Не заборавајте да ги наброите работите кои ќе му недостигаат на поранешниот партнер, квалитетите кои нема да може да ги пронајде кај друга. Ако постојат некои работи на кои сакате да поработите, запишете ги и нив и уште веднаш почнете со подобрување. Станете жената која сакате да бидете. Станете жената која ве прави среќни. Ова ќе ја зголеми вашата самодоверба, а другите ќе го забележат тоа.rn

    4. Што научивте за себе пред и по раскинувањето?

    rnДали сте сфатиле дека сте одлична девојка? Или пак можеби сте биле премногу несигурна? Дали целосно сте се посветиле на врската или пак ви било страв да не бидете повредени? Дали сте биле љубоморни или лојални и искрени? Набројте сè што сте научиле, и добро и лошо. Размислете и како сте се чувствувале за себе пред да ја започнете врската. Како сте се чувствувале додека сте биле заедно, и како се чувствувате сега? Дали сте биле несреќни кога сте биле сингл, а сега сте сфатиле дека тоа е подобро? Или пак сте се чувствувале среќно и безбедно во врската, па сега едвај ја чекате новата?rn

    5. На што треба да работите пред да го запознаете следниот партнер?

    rnДали ви е потребна поголема самодоверба? Дали треба да научите да ги искажувате вашите чувства? Како што веќе знаете, мажите и жените зборуваат разни јазици, а ваше е да откриете што сакате во здрава врска. Она што звучи добро за вас, може да биде навистина лошо за некои мажи. Добро запознајте се себеси и научете ефективно да комуницирате со мажите. Ова ќе ви помогне да се движите во правилната насока, а резултатите навистина пријатно ќе ве изненадат.rnrnПогледнете и кои се знаците кои покажуваат дека е време да ѝ ставите крај на врската.