КАФЕ ПАУЗА

Tag: раскинување

  • По долга пауза, бившото момче повторно ве бара? Ова се можните причини за тој чекор

    По долга пауза, бившото момче повторно ве бара? Ова се можните причини за тој чекор

    Веќе подолго време не сте се чуле со бившото момче и конечно го надминавте болното раскинување. Неговото име повеќе не ви поминува низ глава и конечно сте среќни, сами со себе. Сѐ до моментот кога баш тоа име ќе се појави на екранот од вашиот телефон. Зошто ве бара сега? Дали се работи за обична порака или пак, се крие нешто зад неа – најверојатно ова се прашањата кои веднаш си ги поставувате. Прочитајте ги во продолжение четирите можни причини кои го натерале да ве побара…rnrnПо долга тишина, бившото момче повторно те бара? Ова се можните причини за тој чекорrn

    1. Сфатил колку сте му важна

    rnПосле сѐ, конечно сфатил колку му значите. Му недостасувате и сака повторно да се видите. Можеби сфатил колку ве сака откако ве изгубил. Можеби имал многу време за добро да размисли, па сфатил колку сте му важна. Во овој случај, треба добро да размислите што сакате. Прашајте се дали сѐ уште го љубите и дали заслужува уште една шанса. Разговарајте со него за сето ова откако ќе бидете целосно сигурни во својата одлука. Сепак, можеби вие двајца сте еден за друг.rn

    2. Се чувствува осамено

    rnАко се чувствува осамено и ви пишува, тоа е така бидејќи му треба некој што ќе направи тој да се чувствува подобро. Звучи грубо, но тоа е вистината. Тој сака да биде сигурен дека, колку и да му е тешко, секогаш ќе ве има вас. Имено, никој не сака да биде сам, па така ни тој. Меѓутоа, како да препознаете дека се работи за осаменост? Можеби се наоѓа во некоја минлива фаза, па бара стабилност. Можеби раскинал со последната девојка, останал без работа или планира да се пресели. Во новите животни околности, луѓето често бараат „стари работи“ на кои можат да се потпрат. Таа „стара работа“ сте вие.rn

    3. Досадно му е

    rnПонекогаш од досада се прават неважни работи, колку да помине времето. Ако досадата е искомбинирана со нечие его кое бара потврда за самиот себе, тогаш ќе се случи следното – нова порака од бившото момче. Можеби знае колку сте го сакале, па затоа е самоуверен дека може да ви пише. Едноставно затоа што нема попаметна работа. Но, првенствено затоа што е сигурен дека ќе му кажете нешто убаво, нешто што ќе му го нахрани егото. Сѐ додека не исчезне повторно…rn

    4. Едноставно помислил на вас

    rnИако звучи чудно, ова може да се случи. Не сте раскинале на лош начин, туку во тој момент сте заклучиле дека не си одговарате повеќе. Секако дека раскинувањето болело, но сега сте свесни дека раскинувањето било вистинскиот избор. Во секој случај, не сте се разделиле со кавга и сѐ уште сте си важни еден на друг. Па, нема ништо лошо во тоа доколку помислил на вас и решил да ве побара за да ве праша како сте. Баш така – ништо.rnrnРаскинувањата не се лесни, па затоа прочитајте и како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

  • Како да ја прекинете врската со личноста во којашто сте вљубени, но не гледате заедничка иднина?

    Како да ја прекинете врската со личноста во којашто сте вљубени, но не гледате заедничка иднина?

    Раскинувањата не се лесни, посебно кога се работи за прекинување на врска со личност во која сѐ уште сте вљубени. Некогаш остануваме предолго во една врска бидејќи партнерот ни е драг, но сепак не можеме да се замислиме себеси покрај него/неа засекогаш. На почетокот е убаво, но во даден момент добиваме впечаток дека го губиме сопственото време со личност со која не би влегле во брак.rnrnrnrnПа, како да прекинете нешто убаво со човек кој го сакате, без притоа да го повредите? Експертите имаат неколку совети за вас.rnrnД-р Џошуа Клапоу, психијатар и водител, предлага да бидете искрени и да не употребувате излитени фрази, убедувајќи го дека не е до него. Доколку сѐ уште го сакате, објаснете му што сѐ ви поминува низ главата. Ова ќе направи личноста да се почувствува ценета од ваша страна, дури и за време на раскинувањето.rn

    „Најважната работа којашто можете да ја направите за оваа личност е да ѝ објасните зошто сте вљубени во неа, но и зошто не сакате да стапите во брак со неа. Доколку ги знаете одговорите на овие прашања, заслужува да ги знае и таа“, вели д-р Клапоу.

    rnЗапочнете го разговорот на оваа тема веднаш штом ќе сфатите дека идеите за иднината не ви се поклопуваат. Но, ако сѐ уште имате чувства за оваа личност, треба да бидете целосно сигурни дека сакате да ја прекинете вашата љубовна приказна. Размислете добро за вашиот следен чекор.rn

    „Запрашајте се себеси ‘Зошто не сакам да стапам во брак со него/неа? И што би можело да го промени мојот став?’“

    rnБидете свесни дека дури и ако имате отворена комуникација, постои ризик нивните чувства да бидат повредени. Не останувајте долго во врската, само за да ги заштитите чувствата на партнерот. На овој начин само ќе им го потрошите времето, а болката ќе им биде уште поголема бидејќи сте им дале лажна надеж.rn

    „Не постои лесен начин да се прекине врска со личност која ја сакате. Постои голема веројатност нечии чувства да бидат повредени.“

    rnДополнително, оставете простор и за тоа дека можеби во иднина ќе го смените своето мислење.rn

    „Не секој е сигурен во тоа дали ќе сака да стапи во брак со некого во иднина. Развојот на врската, времето и искуството можат да го променат вашиот став на оваа тема. Можеби во моментов не сакате да стапите во брак, но тоа не значи дека со тек на време ова нема да се смени. Многу е важно вашиот партнер да знае како размислувате за бракот како идеја“, дополнува д-р Клапоу.

    rnАко љубовта сѐ уште постои меѓу вас, не мора да ја прекинете врската само затоа што не сте сигурни дека сакате да стапите во брак. Секако, оваа одлука треба да е обострана.rnrnПрочитајте ги причините зошто љубовта не е доволна за стабилна врска.

  • Како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

    Како да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?

    Дали сте сосема сигурни дека вашиот партнер не е личноста за вас? Дали сте очајни да откриете дали го правите вистинското нешто? Дали сте целосно свесни дека ако не го направите ова правилно, другата личност ќе биде повредена? Иако раскинувањето е болно, сепак можете да го направите без жалење, а во продолжение погледнете како.rnrnКако да ѝ ставите крај на врската без подоцна да зажалите?rn

    1. Осигурете се дека сте го дале најдоброто

    rnПред да се одлучите на крај, важно е да бидете свесни дека сте направиле сè што е во ваша моќ за врската да функционира. Многу луѓе раскинуваат без вистински да се потрудат за врската. Си заминуваат бидејќи партнерот не ги сфаќал нивните чувства или бидејќи им било проблем да излегуваат со пријателите.rnrnНо што ако под сето ова се крие нешто за коешто вреди да се борите? Што ако вашиот партнер не ги разбира вашите чувства, но ве сака толку многу што би сакал да му помогнете да ја поправи оваа грешка?rnrnПред да донесете одлука за раскинување, осигурете се дека не го правите тоа поради некој површен проблем. Копајте длабоко, разговарајте со партнерот за нештата што ви претставуваат проблем и размислете дали можете да ги решите.rn

    2. Раскинете за вистинските причини

    rnВажно е да знаете дека раскинувате поради вистинските причини. Доколку ѝ ставате крај на врската бидејќи во вашиот живот се појавила нова личност, не правете го ова. Без разлика колку неверојатно ви изгледа оваа нова личност, нема секогаш да биде така.rnrnДоколку ѝ ставате крај на врската бидејќи така ви рекле пријателите или семејството, не правете го тоа. Ова е ваша врска и само вие можете да одлучите дали треба да ѝ ставите крај.rnrnДоколку ѝ ставате крај на врската бидејќи партнерот не заработува доволно или слуша чудна музика, не правете го ова. Само затоа што некој не ги исполнува идеалите на општеството, не значи дека не е доволно добар за вас.rnrnОсигурете се дека раскинувате за вистинските причини, дека сте размислиле добро и дека оваа личност навистина не е добра за вас. Доколку не го направите тоа, подоцна ќе зажалите.rn

    3. Не станувајте дух

    rnАко сакате да ѝ ставите крај на врската и да се чувствувате добро после тоа, немојте да исчезнувате.rnrnИгнорирањето денес е навистина лесно – и мажите и жените исчезнуваат од животот на партнерот без никаков збор. Без разлика дали се исплашени да се соочат со партнерот или се премногу мрзливи да се справуваат, луѓето едноставно исчезнуваат. Иако можеби на почетокот ова ќе направи да се чувствувате добро, еден ден ќе зажалите.rnrnЌе ви биде криво што сте покажале непочитување кон некого и што длабоко сте го повредиле. Штом ќе почнете да игнорирате некого, не можете да се вратите назад. Засекогаш ќе останете таа личност.rn

    4. Дозволете му на партнерот да го каже своето

    rnКога раскинувате со некого, важно е да разговарате за вашата одлука. Луѓето сакаат да размислуваат за раскинувањата и дали врската завршила одеднаш, или постепено умирала. Па, важно е да му овозможите на (бившиот) партнер да разговарате за ова. За да не зажалите подоцна, и вие и партнерот кажете што имате да кажете во врска со раскинувањето.rn

    5. Постапувајте како што би сакале да постапат со вас

    rnНајдобриот начин да ѝ ставите крај на врската без да зажалите е да ја третирате личноста како што би сакале да ве третираат вас. Доколку партнерот ви раскинува вам, сигурно би сакале да се однесува со почит и добрина. Сигурно не би сакале да исчезне или да зборува зад вашиот грб. Ќе сакате да го кажете вашиот дел за да можете да го преболите.rnrnПа, пред да раскинете, размислете како би се чувствувале вие, како раскинувањето би ви било најудобно и овозможете ѝ го тоа на другата личност.rnrnЗа крајот на врската да биде колку-толку добар, важно е да размислите како ќе раскинете. Жалењето и чувството на вина што ќе се појават доколку не сте фер кон бившиот партнер, можат да траат засекогаш.rnrnПа, осигурете се дека не се откажувате пребрзо, дека нема да исчезнете, дека раскинувате поради вистинските причини и дозволете ѝ на другата личност да го каже своето. На овој начин ќе можете да продолжите понатаму и ќе му помогнете на бившиот партнер полесно да ја преболи разделбата.rnrnДоколку навистина ѝ ставивте крај на врската, погледнете што не смеете да правите по раскинувањето.

  • 5 начини на кои љубовта кон себе ќе ви помогне да го преболите раскинувањето

    5 начини на кои љубовта кон себе ќе ви помогне да го преболите раскинувањето

    Дали секое утро се будите тажни поради врската која ве оставила уништени? Дали барате начин како да го заборавите бившиот покажувајќи си љубов кон себе? Најдобриот начин да ја преболите неуспешната врска е да почнете целосно да се сакате себеси. Доколку не знаете како да го направите тоа, следниве совети ќе ви помогнат.rnrn5 начини на кои љубовта кон себе ќе ви помогне да го преболите раскинувањетоrn

    1. Правете нешта што прават да се чувствувате добро

    rnКога ви е скршено срцето и кога мислите дека ви завршил животот, најдоброто нешто што можете да го направите е да се грижите за себе. Вашите тело и ум можеби се скршени, но со малку нега можете да бидете подобро. Па, најдете нешто што ќе направи да се чувствувате добро и правете го тоа. Можете да одите на масажа, на фризер, да излезете со пријателите… Што било што ќе направи да заборавите на вашето скршено срце.rn

    2. Направете нешто добро

    rnОткако ќе раскинете ќе останете со многу слободно време, па зошто да не го искористите за нешто добро? Волонтирањето е одлично поради две причини. Прво ќе ви ги исполни слободните часови и ќе ви ги тргне мислите од бившиот партнер. Покрај тоа, ќе имате можност да му помогнете на некој што има потреба од помош. Ќе запознаете многу луѓе, ќе слушнете многу приказни и на крајот од денот навистина ќе се чувствувате подобро.rnrnВажен дел од љубовта кон себе е и грижата за другите. Ако имате можност да му помогнете на некој, направете го тоа.rn

    3. Поминувајте време со оние коишто ве сакаат

    rnКога ви е скршено срцето и кога се чувствувате осамено, еден од најдобрите лекови е поминување време со саканите. Овие луѓе ќе ве посетат зошто треба да се сакате себеси. Тие ќе ви ја покажат личноста којашто сте биле и пред да ја започнете врската со бившиот. Ќе ви помогнат да сфатите дека сте вредни и дека бившиот партнер сепак не ве заслужувал.rnrnПа, доколку го преболувате раскинувањето, поврзете се со семејството и со пријателите. Тие ве сакаат за личноста којашто сте, а во овие моменти ви е потребно да се потсетите на тоа.rn

    4. Постигнете нешто

    rnДоколку одамна сте сакале да направите нешто, но поради некоја причина сте го одложувале тоа, сега е совршеното време. Без разлика дали сте сакале да почнете некој проект, да се запишете на некој курс или да основате ваш бизнис, сега навистина имате време за тоа. Не значи дека ќе биде лесно, но кога ќе го постигнете посакуваното ќе се чувствувате одлично, а можеби и во процесот целосно ќе го заборавите бившиот партнер.rnrnДоколку не можете да ја преболите врската, време е за промена. Станете личноста којашто отсекогаш сте сакале да бидете и почнете да го правите она што отсекогаш сте сакале да го правите.rn

    5. Направете листа со нешта што можете да ги понудите

    rnСите луѓе имаат листа со карактеристики што би ги сакале кај нивниот партнер. Но зошто да не направите листа со вашите квалитети и карактеристики што би го направиле идниот партнер среќен? Можеби сте добри пријатели, добри родители, интелигентни, забавни, успешни… Запишете ги сите добри нешта за вас и закачете ја листата на видно место. На овој начин секојдневно ќе се потсетувате дека вредите и дека заслужувате да се сакате себеси и нема да ја изгубите надежта за љубов во иднина.rnrnНавистина е лесно да се фокусирате на вашите недостатоци откако сте биле одбиени, но не правете го ова. Грижете се за себе, грижете се за другите, минувајте време со луѓето што ги сакате и постигнете нешто. Иако раскинувања не се лесни, љубовта кон себе ќе ви помогне многу побрзо да го преболите целиот настан.rnrnДознајте и што не смеете да правите по прекинување на врската.

  • Поради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?

    Поради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?

    Луѓето наоѓаат разни причини за прекинување на врската кои за другата личност можат да бидат целосно несфатливи. Но доколку верувате во хороскоп, голема улога во раскинувањето има и хороскопскиот знак. Погледнете ги главните причини за раскинување на секој знак.rnrnПоради кои причини хороскопските знаци ги прекинуваат врските?rn

    Овен: Посесивност

    rnНезависните Овни тешко ги поднесуваат посесивните партнери покрај кои се чувствуваат затворено. Луѓето родени во овој знак не се откажуваат од нивната слобода и нема да толерираат никој којшто ги гуши.rn

    Бик: Непочитување

    rnГордите Бикови очекуваат другите да ги ценат, а оние кои не го прават тоа немаат место во нивниот живот. Дури и ако навистина се вљубени во некого, нивните чувства ќе исчезнат доколку партнерот покаже и најмало непочитување.rn

    Близнаци: Резервираност

    rnОвие луѓе сакаат да излегуваат и да водат активен друштвен живот. Некој којшто е повлечен и не е друштвен тешко може да ги седи Близнаците и воопшто не одговара на нивните карактеристики.rn

    Рак: Затвореност

    rnЕмотивните Ракови сакаат да ги покажуваат нивните чувства, а истото го очекуваат и од партнерот. Па, не сакаат тајни и сакаат да делат сè со саканата личност. Доколку партнерот е затворена и резервирана личност, врската нема да трае.rn

    Лав: Срамежливост

    rnЛавовите навистина сакаат да бидат во центарот на вниманието и не планираат да го променат тоа за партнерот. Многу ги ценат самоуверените луѓе бидејќи сакаат и предизвици.rn

    Девица: Пасивност

    rnНа амбициозните Девици во животот најважни им се кариерата и успехот. Па доколку се со пасивна личност, едноставно не можат да најдат заеднички јазик.rn

    Вага: Негативност

    rnВагите го гледаат светот низ розови очила и сакаат да бидат опкружени со слични луѓе. Во нивниот живот нема место за негативност и драма.rn

    Скорпија: Неискреност

    rnСкорпиите не поднесуваат лаги. Лажењето е една од најлошите човечки особини за нив. Кога ќе го фатат партнерот дека лаже, тоа е обично и крај на врската.rn

    Стрелец: Мрзеливост

    rnРодените авантуристи, Стрелците, секогаш се подготвени за акција и сакаат да го искористат буквално секој ден. Партнерот што не може да ги следи тешко ќе ја издржи врската со нив.rn

    Јарец: Неодговорност

    rnЛуѓето родени во овој знак најчесто се најодговорните. Иако можеби го трпат детинестото однесување на нивните пријатели, неодговорност во врската никако не ја толерираат.rn

    Водолија: Практичност

    rnВодолиите се родени сонувачи и никогаш не пораснуваат целосно. Практичните и реални луѓе воопшто не ги привлекуваат, а ако сфатат дека партнерот сака да „ ги спушти на земја“ веднаш ѝ ставаат крај на врската.rn

    Риби: Нечувствителност

    rnЕмотивните Риби обично ги кријат нивните чувства, но бараат партнер кој може целосно да се отвори. Ги одбиваат емоционално недостапни луѓе и оние кои немаат разбирање за туѓите чувства.rnrnДознајте и што треба да направи секој хороскопски знак после раскинување.

  • 6-те хороскопски знаци на кои им е најтешко да раскинат

    6-те хороскопски знаци на кои им е најтешко да раскинат

    За жал, поголемиот дел од врските се неуспешни и понекогаш причината за тоа е добра. Секој хороскопски знак има различни верувања за врските и се однесува различно со партнерот. Додека некои знаци не трпат ништо од партнерот, на другите им е навистина тешко да стават крај. Погледнете кои се хороскопските знаци на кои им е навистина тешко да ја раскинат врската, без разлика колку е лоша.rnrn6-те хороскопски знаци на кои им е најтешко да раскинатrn

    1. Риби

    rnВие имате срце од злато и сите го знаат тоа. Исто така настојувате да го идеализирате вашиот партнер и да го гледате само најдоброто кај него. Проблемот со ова е што често ги испуштате предупредувачките знаци кои ви кажуваат дека можеби е најдобро да ставите крај. Иако е добро да ѝ се посветите на личноста и да се обидете врската да функционира, сакате да верувате дека личност што ја љубите никогаш нема да ве повреди и ќе ја браните до самиот крај. Кога ќе се случи нешто лошо, нема да раскинете бидејќи нема да сакате да прифатите дека вашиот партнер всушност не е личноста којашто сте ја замислиле.rn

    2. Рак

    rnВие навистина сакате да бидете вљубени, и тоа многу добро се гледа. Иако не би започнале врска со кого било, сепак настојувате да верувате дека секоја врска ќе биде онаа вистинската и си ја замислувате заедничката иднина почесто отколку што сакате да признаете. Бидејќи многу брзо се поврзувате со вашите партнери, често му дозволувате на срцето да ги носи одлуките наместо на вашиот мозок. Иако љубовта е неверојатно нешто, таа нè е се. Секогаш сте вљубени во вашиот партнер и дури и ако се појават сериозни проблеми, токму поради тоа нема да помислите на разделба. Ќе останете во врската што е можно подолго, освен ако имате друга опција.rn

    3. Девица

    rnВашите стандарди се навистина високи, имате изградено многу ѕидови и се отворате пред некого дури откако ќе поминете многу време заедно. Минувате многу време барајќи го совршениот партнер и не започнувате врска со кој било. Но, тоа не значи дека вашите врски се совршени. Вие сте интелигентни и свесни сте кога ќе настане проблем, но наместо да ставите крај, се обидувате да решите сè дури и кога решението не постои. Имате огромно трпение и останувате и во лоша врска само затоа што верувате дека со доволно време може да се реши што било.rn

    4. Бик

    rnВие сакате ред и структура и сакате сите да го знаат тоа. Штом животот ви е мирен, вие сте задоволни, без разлика дали тоа е добро или лошо. Кога станува збор за врските, можеби забележувате дека вашиот партнер не е најдобриот или дека не сте вљубени колку што треба, но раскинувањето само ќе ви предизвика хаос и неудобност со кои не сакате да се справувате. Можеби нема да останете во врската поради љубов, но нема да раскинете бидејќи тоа е најудобното и најлесното нешто.rn

    5. Вага

    rnМожеби верувате во бракот, но тоа не е причината зошто останувате во врската. Вие сте навистина посветен партнер и иако ви е потребно време да започнете врска, штом ќе му се посветите некому, навистина ви е тешко да заминете. Сакате врската да биде што посреќна и хармонична бидејќи сакате да го зачувате мирот. Сакате да ви биде удобно, но почесто ова им го посакувате на другите отколку на себеси. Нема да раскинете бидејќи не сакате да предизвикате непотребна болка, без разлика што понекогаш крајот е најдобрата опција. Кога сепак ќе ставите крај, неретко повторно му се враќате на бившиот партнер бидејќи не можете да го заборавите.rn

    6. Скорпија

    rnКога станува збор за врските, вие сте навистина страстен партнер. Не се вљубувате често, но кога ќе се случи тоа целосно сте опседнати со партнерот. Толку многу вложувате во врската што партнерот никогаш нема да ја заборави. Речиси никогаш нема да раскинете, освен во екстремни околности, како на пример, предавство или неверство. Во овој случај не само што ќе раскинете, туку ќе барате и одмазда и никогаш нема целосно да ја заборавите личноста што ве повредила.rnrnПогледнете и кои се хороскопските знаци кои најтешко се справуваат со раскинувањето.

  • 5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце

    5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срце

    Навистина е тешко да преболите раскинување, но тоа не значи дека е невозможно. Сепак, милиони луѓе го прават тоа секојдневно, а голема е веројатноста да ви се случило и вам. Кога ќе сфатите неколку вистини, ќе си го олесните целиот процес на преболување.rnrn5 лаги што си ги кажувате по раскинувањето поради кои останувате со скршено срцеrnrnМногу често по раскинувањето луѓето страдаат, се сожалуваат и се чувствуваат беспомошно и безнадежно. Причината за ова се неколку верувања на кои им дозволуваат да ги водат. Но кога ќе ги промените овие верувања, ќе можете да го промените и начинот на којшто се чувствувате. Па, погледнете за кои станува збор.rn

    1. „Нема да можам да чекам толку долго за повторно да најдам толку добар партнер“

    rnПовршински, ова верување изгледа како преувеличување. Сигурно не сте чекале многу долго за да ја најдете првата љубов во вашиот живот. Всушност, ви било потребно подолго време за да созреете емоционално и да бидете подготвени за врска, а сега кога сте го направиле тоа нема причина да чекате. Новата врска ќе ви биде подобра и многу полесна бидејќи веќе ќе знаете што сакате и што очекувате од вашиот партнер.rn

    2. „Бившиот сигурно не ме сакал и оваа врска не му значела ништо“

    rnДруго често верување кај луѓето кои се соочени со раскинување е тоа дека целата врска била една голема лага. Но запрашајте се, доколку бившиот не чувствувал ништо кон вас, дали би биле заедно толку долго? Навистина ретко се случува врските да завршат бидејќи не постоела љубов помеѓу партнерите. Најчесто причините за раскинување се различни базични верувања или недостаток од добра комуникација. Ако сепак бившиот не чувствувал ништо кон вас и врската не му значела ништо, тоа е негова загуба. Важно е да знаете дека вам ви значела нешто и не сте го губеле времето залудно.rn

    3. „Имавме совршена врска“

    rnАко врската била совршена, сè уште ќе сте биле заедно и немало да барате начин да го преболите бившиот. Всушност, врската сигурно била далеку од совршена, но сега кога ја немате се сеќавате само на убавите моменти од неа. Воглавно, не ја гледате целата слика, туку само она што ви причинувало задоволство. Важно е да сфатите дека ако врската завршила, требало да се случи тоа. Ако едниот од партнерите е доволно мизерен за да посака да стави крај, со раскинувањето им прави услуга и на двајцата.rn

    4. „Ова е најлошото нешто што ми се има случено“

    rnДруго верување што е многу често е дека не сте искусиле нешто олку ужасно. Тоа е сосема разбирливо бидејќи раскинувањата се навистина болни. Но што ако болката, беспомошноста и безнадежноста што ги чувствувате се всушност алатки што можат да ви помогнат? Што ако со нив можете да ја развиете љубовта кон себе и да се фокусирате на вашиот развој? Замислете си, „најлошото“ нешто што ви се случило, може да се претвори во најдоброто. На овој начин ќе си покажете сочувство, ќе почувствувате поголема љубопитност за животот и ќе го гледате бившиот партнер како личност којашто само ви помогнала да созреете.rn

    5. „Бесцелно е повторно да љубам“

    rnМногу луѓе сакаат целосно да се откажат од љубовта по болното раскинување. Но ова може да биде моментот во вашиот живот кога сè ќе почне да се менува на подобро. Ова е момент во вашиот живот кога имате можност повторно да се пронајдете себеси. Можеби ова раскинување е огледалото што конечно ќе ви открие кој дел од вас треба да созрее. Вистината е дека доколку сакате да љубите, мора постојано да ризикувате. Со текот на времето ќе сфатите дека не можете да ја избегнете болката, туку дека таа е потсетник дека сте живи и дека можете да чувствувате длабоко.rnrnПосле секоја бура има виножито. Неуспешната врска ќе ви помогне да созреете, да се фокусирате на себе и да станете подобар партнер во иднина. Можеби не можете самите да се справите со ова, но секогаш можете да побарате помош од пријателите, семејството, па дури и професионалец.rnrnДоколку сепак сте убедени дека никогаш нема да се чувствувате подобро, погледнете кои се работите коишто луѓето ги откриваат после тешко раскинување.

  • Дали е време да ставите крај на вашата врска?

    Дали е време да ставите крај на вашата врска?

    Дали сте во врска којашто ве први несреќни и ве тера да се прашувате дали можеби е време за крај? Дали ви е страв за иднината и се прашувате дали раскинувањето е вистинскиот чекор? Раскинувањата се навистина тешки. Сите врски започнуваат со надеж дека ќе траат и навистина е тешко кога ќе сфатите дека реалноста е друга. Доколку се прашувате дали е време да се збогувате со партнерот, обрнете внимание на овие знаци.rnrnДали е време да ставите крај на вашата врска?rn

    1. Не се чувствувате добро во врска со себе

    rnЗа секоја врска е клучно да се чувствувате добро во врска со себе. Ако мислите дека ви е потребен некој за да ве дополни и ако ви е страв да бидете сами, тогаш не сте на добро место и добрата врска е нешто невозможно. Луѓето кои имаат премногу потреба од партнерот или имаат проблем со несигурноста не се добри партнери. Ако се чувствувате така, вашата врска не е здрава и можеби е време за крај.rn

    2. Не можете да разговарате со партнерот

    rnЧесто врските завршуваат бидејќи партнерите не можат да комуницираат меѓу себе. Не можат да разговараат за нивните чувства, ниту пак да слушнат за чувствата на партнерот. Врските можат да бидат навистина интензивни и лични, па за да се справите со нив комуникацијата е од голема важност. Кога ќе настане проблем, потребно е да се соочите и да најдете заедничко решение. Важно е да добивате, но и да давате, така што во врската ќе постои рамнотежа. Во спротивно ќе почнете да го барате она што ви е потребно надвор од врската, а тоа е сигурен знак за крај.rn

    3. Опсесивни сте

    rnДали целиот ден го минувате размислувајќи за вашиот партнер? Дали постојано го следите на социјалните мрежи и размислувате каде би го сретнале? Доколку се пронајдовте, најверојатно станува збор за опсесивна љубов. Во овој случај вие имате потреба да го поседувате партнерот и не можете да прифатите одбивање. Љубовта е прекрасна емоција, додека опсесијата е деструктивна. Па ако она што го чувствувате за партнерот е опсесија, најдобро е да ставите крај на врската. Овој однос не е здрав ни за партнерот, ни за вас.rn

    4. Немате ваш живот

    rnВажно е партнерите да не зависат еден од друг за нивната среќа. Кога сте во врска важно е да имате живот и надвор од неа. Имајте работа, хоби или каква било обврска што ќе ја правите сами и ќе ја сакате. Важно е да имате и други пријатели освен партнерот. Исто така поминувајте време сами за да ви биде удобно во ваше друштво. Ако целосно се потпирате на партнерот за вашата среќа, можеби е време за збогување.rn

    5. Партнерот ви испраќа измешани пораки

    rnДали понекогаш партнерот е совршен, а следниот ден се оддалечува од вас? Никој не заслужува такво однесување. Ако тој навистина ве сака, ќе биде подготвен да направи сè за вас. Доколку ве сака само некои денови, а другите не сака ни да ве види, тогаш не ви е потребен во вашиот живот.rn

    6. Не ја добивате потребната љубов

    rnНајважното нешто што го бараме во врските е љубовта. За жал многу луѓе се со партнери кои не им го овозможуваат тоа. Дали партнерот повеќе не се грижи за вашите чувства? Дали не ви обрнува внимание како порано? Дали не слуша кога му зборувате? Овој партнер повеќе нема што да ви понуди и голема е веројатноста да не е вљубен во вас. Па, добро размислете за вашата врска. Што направил партнерот за вас во последно време? Ако не можете да се сетите на ништо, можеби е време за крај.rn

    7. Минатото се повторува

    rnДали вие и партнерот сте заглавени во циклус од добри и лоши денови? Дали ви изгледа како овие денови да се повторуваат? Дали раскинувате, а по неколку недели партнерот ви се јавува да ви каже дека му недостасувате? Ако ви е позната оваа шема каде што врската не е постојано добра, тогаш е време да продолжите понатаму.rnrnДали знаете кои се 4-те фази на раскинувањето?

  • Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

    Доколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнер

    Кога прв пат ќе раскинете со некого, можеби воопшто не помислувате на смирување. Ако поминал некој период и се прашувате дали да му се вратите на бившиот партнер, потребно е да земете предвид неколку нешта.rnrnДоколку сте раскинале поради овие 11 причини, најдобро е да се смирите со бившиот партнерrnrnИако некои сметаат дека никогаш не е добра идеја да му се враќате на минатото и дека раскинувањата се со причина, понекогаш треба да размислите за вашата одлука. Ако сакате да знаете дали можете да ја обновите вашата врска, најважно е да ја знаете причината за вашето раскинување. Доколку сте раскинале за некоја од следниве 11 причини, можеби би требало да ѝ дадете уште една шанса на вашата врска.rn

    1. Сте се запознале додека сте биле со некој друг

    rnИако сте биле подготвени кога конечно сте биле заедно, факт е дека ве чекало уште закрепнување. Едноставно не сте биле на вистинското место за оваа нова врска. Без разлика што тој бил висинскиот партнер, се појавил во погрешно време.rn

    2. Сте биле во период на транзиција во кариерата

    rnОва ви оставило малку време и енергија за врската.rn

    3. Не сте сфатиле што сте имале

    rnВи станало јасно колку го сакате партнерот дури откако си заминал.rn

    4. Не сте биле подготвени

    rnМожеби во тој момент сè уште не сте биле подготвени за нешто толку реално и интензивно.rn

    5. Сте биле емоционално врзани за бивш партнер

    rnМожеби не сте бил подготвени да го отворите вашето срце за некој друг, без разлика што бившиот бил токсична личност, а новиот партнер одличен за вас.rn

    6. Требало да работите на себе

    rnМожно е и да сте биле во период на созревање, учење и истражување. Сте го искористиле времето додека сте биле разделени за да го направите тоа.rn

    7. Сте се обиделе да воспоставите временска рамка во врската

    rnМожеби сте биле подготвени за запросување, брак и деца, но не и партнерот. Па, сте го оставиле за да најдете некој со ист „распоред“ како и вашиот.rn

    8. Сте имале проблеми

    rnСте имале проблеми од минатото со кои требало да се соочите и да се помирите, а сега веќе сте го направиле тоа.rn

    9. Сте биле во „забавната“ фаза од врската

    rnНе сте биле подготвени да се „смирите“ во тој момент. Сега сте.rn

    10. Не сте знаеле што точно сакате и што ви треба

    rnВи било поважно да најдете згоден и богат партнер, наместо некој кој ќе ве сака и ќе ве цени. Приоритетите ви биле други, но сега конечно ги знаете.rn

    11. Не сте биле среќни со себе

    rnСте барале надвор од себе за да бидете среќни и не сте сфатиле дека без разлика со кого сте, ќе се чувствувате осамено доколку вие не направите промена.rnrnАко сте биле во која било од овие ситуации, добро размислете како сте го поминале времето додека сте биле одвоени од бившиот. Важно е да научите што треба за здрава и трајна врска. Треба да ви е јасно што сакате и кои ви се потребите. Повеќе не завршувате со кого било, туку сте подготвени за вистинскиот.rnrnИсто така треба да бидете среќни и исполнети со себе. Тоа што имате партнер со кој ќе го споделите животот е само плус. И можеби личноста што сте ја барале во сите е личноста на којашто не можете да престанете да мислите – вашиот бивш партнер.rnrnКога ќе ја обновите врската, ќе знаете во што се впуштате. Ќе знаете кои проблеми можат да настанат. На овој начин ќе бидете подготвени за нив и ќе ги решите на продуктивен и здрав начин. Па, дајте му уште една шанса на бившиот. Можеби сепак тој е вашата сродна душа.rnrnДоколку веќе сте во врска и размислувате за раскинување, погледнете кои се знаците кои покажуваат дека партнерот не ве цени доволно и дека е време за крај.

  • 5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањата

    5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањата

    Минувањето низ раскинување или развод може да биде еден од најтешките предизвици во животот. Иако можеби сте го виделе крајот, прекинувањето на врска е голема промена што доаѓа со цел процес на тагување.rnrn5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањатаrnrnВажно е да разберете дека нема да се чувствувате добро. Нема точно дефиниран распоред, но треба да знаете дека со секој ден нештата ќе се подобруваат. За да не го направите целиот процес уште потежок, обидете се да ги избегнувате овие нешта.rn

    1. Зборување лошо за бившиот на социјалните мрежи

    rnМожеби социјалните мрежи се секојдневие, но зборувањето лошо за вашиот бивш партнер ќе направи само вие да изгледате лошо. Сепак, еднаш сте одлучиле да бидете во врска со оваа личност. Ако сметате дека пишувањето на она што го чувствувате ви помага да преболите, тогаш пишувајте во дневник. Ако барате поддршка, јавете му се на пријател и добијте ја на вистинскиот начин. Иако можеби ќе чувствувате потреба да му докажете на светот дека не сте доживеале неуспех, ова е лоша идеја.rn

    2. Заглавување во минатото

    rnНемојте постојано да ја слушате „вашата заедничка песна“. Ова воопшто нема да ви помогне и само ќе ви го влоши расположението. Одберете нова песна. Направете ја ваша химна. Можеби не треба да бидете драматични и да уништувате, но сепак е добро да се ослободите од нештата што ве потсетуваат на поранешниот партнер.rn

    3. Се обидувате да останете „само пријатели за секс“

    rnМожеби мислите дека од сексот со бившиот има само придобивки. Сепак ве познава и знае што сакате и со него ќе се чувствувате подобро отколку по секс за една вечер. Но, ова размислување е погрешно. Ова ново пријателство нема да заврши добро.rn

    4. Обвинување

    rnПостојаното обвинување на бившиот или на самите себе е само трошење време. Секоја врска ве научила на нешто и ве направила подобра личност за наредната. Размислете за она што сте го научиле, како сте се промениле и бидете благодарни за искуството. Оваа врска само ве доближила до љубовта што навистина ја заслужувате. Засега фокусирајте се на закрепнувањето.rn

    5. Намалување на болката

    rnВажно е да сфатите дека навистина треба да го почувствувате очајот за да се ослободите од него. Интересно е што вашата физиологија природно ве штити. Ограничени сте само на искуството со коешто можете да се справите во тој момент. Тоа значи дека употребувањето други средства за намалување на болката како алкохол, дрога, па дури и врска за преболување, ќе го забават неопходното лекување. Искористете ги природните ендорфини во вашето тело на здрав начин наместо да ја продолжувате болката избегнувајќи ја.rnrnДознајте и кои се 4-те фази на раскинувањето.