КАФЕ ПАУЗА

Tag: раскинување

  • Хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат врската на почетокот на 2021 година

    Хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат врската на почетокот на 2021 година

    Колку и да е радосна сезоната на празници и исполнета со убави очекувања, за некои луѓе може да биде доста стресна. Новата година носи многу предизвици со себе, поставува нерешени прашања и проблеми, а исто така може да биде причина за прекин ако врската не функционира како што треба веќе подолго време. Дури и многу малите несогласувања во овој период може да се толкуваат како големи проблеми, несовладливи и вредни за прекин. Од астролошка гледна точка, постојат 3 хороскопски знаци кои нема да се двоумат да ја прекинат љубовната врска ако постојат проблеми за време на празниците.rnrnХороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат врската на почетокот на 2021 годинаrn

    Бик

    rnОваа празнична сезона, Сатурн ќе започне да менува знаци и да формира квадрат со Бикот. Секогаш кога две планети се оддалечени 90 степени во Зодијакот, за нив се вели дека се на квадрат, што обично не е добро. Поради ваквата состојба, квадратните планети почнуваат да се иритираат едни со други, а тоа особено се гледа кај инаку многу мирниот Бик. На Бикот ќе му биде потребна силна волја за да му се спротивстави на искушението и да не ја прекине врската во која веќе не гледа иднината.rn

    Лав

    rnЗа време на празниците, Сатурн ќе нападне уште еден хороскопски знак. Тоа е Лавот, кој инаку е многу весел и пријателски настроен. Иако Лавот е тој што ги претставува романсата, креативноста и забавата, Сатурн е тој што ги означува времето, трудот и истрајноста. Ова ќе биде тежок период за Лавот бидејќи тој ќе започне да се чувствува ограничен и угнетуван во врската. Лавот најверојатно ќе заклучи дека врската веќе не му е забавна и ќе одлучи да ја прекине.rn

    Водолија

    rnВодолијата е интересен случај бидејќи Сатурн ќе се всели во нејзиниот знак за време на празниците. Ова не мора да доведе до крај на врската во која се наоѓа Водолијата, но сигурно ќе ја направи тешка за одржување. Водолијата ќе почувствува неверојатен притисок во врската, со секој нов ден и со секој следен предизвик. Сатурн ќе ги натера припадниците на овој хороскопски знак да ги преиспитаат своите цели и ќе останат само оние чија врска е најстабилна. Сè друго ќе згасне.rnrnПрочитајте кои 5 хороскопски знаци ќе имаат многу среќа во љубовта во текот на зимата.

  • Која е последната капка што ќе ја прелие чашата во љубовната врска кај секој хороскопски знак?

    Која е последната капка што ќе ја прелие чашата во љубовната врска кај секој хороскопски знак?

    Секоја личност има различен праг на толеранција, но сè си има свои граници. Во продолжение прочитајте која ваша постапка може да ја уништи врската.rnrnКоја е последната капка што ќе ја прелие чашата во љубовната врска кај секој хороскопски знак?rn

    Овен

    rnКога партнерот ќе ја направи истата грешка двапати. Овенот може да прости еднаш, но не и двапати.rn

    Бик

    rnКога партнерот не го почитува. Бикот не дозволува никој да се однесува лошо кон него.rn

    Близнаци

    rnКога партнерот ќе ги избере своите пријатели пред нив. Тие не бараат многу, но сакаат да ви бидат приоритет.rn

    Рак

    rnКога партнерот ќе каже нешто несоодветно за семејството на Ракот. Тој е заштитнички настроени кон луѓето што ги сака и не дозволува никој да зборува лошо за нив.rn

    Лав

    rnКога партнерот ќе почне да се прикрадува наоколу. Лавот не сака тајни, тој сака да знае сè.rn

    Девица

    rnКога ќе престанат да добиваат внимание од партнерот. На Девиците им е потребно внимание за да се чувствуваат сакани.rn

    Вага

    rnКога партнерот ќе престане да се труди. Вагите не сакаат врската да биде еднострана и да бидат единствените што се трудат.rn

    Скорпија

    rnКога партнерот ќе се обиде да ве промени. Скорпијата сака некој што ќе ја прифати таква каква што е.rn

    Стрелец

    rnКога партнерот ќе престане да спие со вас. Кога страста ќе умре, врската умира.rn

    Јарец

    rnКога партнерот ќе почне да пие премногу алкохол или да се дрогира. Јарецот не сака да биде со некој што сам се уништува себеси.rn

    Водолија

    rnКога партнерот ќе престане да ги поддржува вашите соништа. Вам ви е потребен некој што ќе ве охрабрува да станете најдобрата верзија од себе.rn

    Риби

    rnКога партнерот ќе се обиде да ги оддели од семејството и од пријателите. Рибите секогаш ќе ги изберат своите пријатели отколку партнерот.rnrnПрочитајте зошто секој хороскопски знак се плаши од состанување.

  • Како се однесуваат хороскопските знаци кога ќе исчезне љубовта?

    Како се однесуваат хороскопските знаци кога ќе исчезне љубовта?

    Љубовта не трае вечно, а астрологијата ви открива како се однесува секој хороскопски знак кога неговата љубовна врска е во криза.rnrnКако се однесуваат хороскопските знаци кога ќе исчезне љубовта?rn

    Овен

    rnАко сте во врска со Овен, ќе ја препознаете кризата преку недостатокот на страст и жар во очите. Покрај тоа, недостатокот на страст е главната причина за раскинување, а на тоа му претходи флертување со личности од спротивниот пол. Исто така, кога љубовта почнува да исчезнува, Овенот почнува да се однесува грубо.rn

    Бик

    rnКога Бикот е заљубен, постојано го допира и го гали партнерот, а кога ќе исчезна нежноста, време е да се загрижите. Исто така, на Биковите им е тешко да одлучат да ја прекинат врската, но откако ќе раскинат, тие никогаш не ѝ се враќаат на старата љубов.rn

    Близнаци

    rnАко партнерот веќе не се смее, тешко комуницира со вас и не се обидува да биде духовит, тоа е алармантен знак. Сепак, Близнаците имаат променливо расположение, па понекогаш споменуваат раскинување дури и кога навистина не го мислат тоа, така што постои добра шанса тие да се премислат и да ја продолжат врската како ништо да не се случило.rn

    Рак

    rnРакот речиси никогаш не ја раскинува врската затоа што секоја љубов ја доживува како „вистинската“. Меѓутоа, кога тој самиот ќе сфати дека врската завршува, веројатно ќе се потруди да ве изнервира и ќе заборави што е романтика.rn

    Лав

    rnЛавовите се диктатори по природа, а тоа е уште поизразено кога се појавува криза во врската. Тој може да биде многу тврдоглав и може да започне да поминува сè повеќе и повеќе време со пријателите и веројатно често ќе ви спомнува дека му е многу досадно во животот.rn

    Девица

    rnПрипадниците на овој хороскопски знак стануваат цинични за време на љубовната криза, честопати се лутат и постојано се жалат. Меѓутоа, ако разговарате искрено, постои шанса вашата врска да преживее.rn

    Вага

    rnАко вашата врска е во криза, бидете сигурни дека Вагата веќе нашла резерва. Вагите не знаат да бидат сами, а првиот знак дека нешто не е во ред е кога партнерот одеднаш ќе стане ладен и воопшто нема да го интересираат вашите проблеми.rn

    Скорпија

    rnПрвиот знак дека вашата врска е во криза е недостатокот на интимност, но и љубомората и постојаното префрлање.rn

    Стрелец

    rnСтрелците по природа се многу искрени. Иако сакаат флертување, тие не сакаат неверство. Кога љубовта ќе почне да исчезнува, тој ќе го помине поголемиот дел од времето надвор од куќата во потрага по својата слобода.rn

    Јарец

    rnЈарецот ќе ви наметнува чувство на вина за разни постапки и ќе стои на дистанца. Овие знаци откриваат дека Јарецот се подготвува да ви раскине. Сепак, за него е многу тешко да одлучи да ја прекине врската, дури и кога постојат многу сериозни проблеми. Дури и ако го изневерите, Јарецот ќе го надмине тоа, но никогаш нема никогаш да го заборави.rn

    Водолија

    rnВодолиите раскинуваат на многу детски начин. Тие едноставно престануваат да ви се јавуваат и ве игнорираат максимално, однесувајќи се како никогаш да не сте постоеле во нивниот живот. Дали ви треба појасен знак дека вашата врска е завршена?rn

    Риби

    rnРибите не знаат како да се справат со проблемите, па затоа претпочитаат да се повлечат и да изгледаат апсолутно незаинтересирано. Ако забележите дека Рибите одеднаш стануваат многу тивки, запрашајте се што се случува.rnrnПрочитајте кои 5 хороскопски знаци нема да се двоумат да ве отстранат од својот живот.

  • Зошто не треба да се смирите со поранешниот партнер, врз основа на вашиот хороскопски знак?

    Зошто не треба да се смирите со поранешниот партнер, врз основа на вашиот хороскопски знак?

    Раскинувањата понекогаш се многу болни и сигурно ќе чувствувате дека ви недостасува партнерот, но осаменоста никогаш не треба да биде причина да се смирите со него. Пред да помислите дека би можеле повторно да бидете заедно, прочитајте зошто не треба да се смирите со поранешниот партнер врз основа на вашиот хороскопски знак.rnrnЗошто не треба да се смирите со поранешниот партнер, врз основа на вашиот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnСтраста не е исто што и љубовта. Не треба да имате средби со некоја токсична личност, само за да внесете малку возбуда во вашиот живот.rn

    Бик

    rnВие не можете да го спасите партнерот. Не можете да го присилите да се промени.rn

    Близнаци

    rnРазмислувате за поранешниот партнер само затоа што ви е здодевно. Постојат и други начини да го исполните вашето време.rn

    Рак

    rnВие не должите втора шанса никому. Вашата љубезност ќе ви донесе неволји.rn

    Лав

    rnНе вреди да паднете во искушение. Единствено што ќе направите е да си го скршите срцето по вторпат.rn

    Девица

    rnНе треба да се враќате кон вашето минато само затоа што се плашите од тоа што го носи иднината. Не дозволувајте историјата да се повтори.rn

    Вага

    rnВие мислите дека поранешниот партнер е вистинскиот за вас, но вистинската личност се крие тука некаде. Сè уште не сте ја запознале.rn

    Скорпија

    rnРаскинавте со причина. Ако требаше да бидете заедно, никогаш немаше да се разделите.rn

    Стрелец

    rnИмате многу други опции. Не треба да прифатите да бидете со погрешна личност.rn

    Јарец

    rnИ покрај тоа што ретко се поврзувате со некого, треба да го слушате здравиот разум пред срцето. Стојте подалеку.rn

    Водолија

    rnИ покрај тоа што сакате да го видите најдоброто во поранешниот партнер, не можете да заборавите што ви направил. Вашиот оптимизам може да ве повреди.rn

    Риби

    rnВие заслужувате многу повеќе отколку што мислите. Не потценувајте се.rnrnПрочитајте поради која причина раскинува секој хороскопски знак.

  • 5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

    5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањето

    Речиси секој има искусено крај на љубовната врска барем еднаш во својот живот и тоа може да биде многу болно искуство. Не спротивставувајте се кога чувствувате болка и не преправајте се дека сте во ред. Испразнете ги негативните емоции што ги чувствувате и постепено вратете се во живот. Раскинувањата се дел од животот, но и период на личен раст. Иако не можете да го прифатите тоа што ви се случило и тешко ви е да продолжите понатаму, ова е одличен период да се посветите на читањето и да поработите на себе, па добро е да ги прочитате овие пет книги по раскинувањето.rn

    1. „Почувствувај го стравот и соочи се со него“ (Feel The Fear And Do It Anyway) – Сузан Џеферс

    rn5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањетоrnrnСтравот е емоција која навистина може да ви предизвика многу проблеми во животот. Освен што ве спречува да живеете со полни гради и онака како што отсекогаш сте сонувале, поради страв од осаменост, честопати останувате во нефункционални врски. Сузан Џеферс дава преглед на корените на стравот и открива како да се справите со секоја ситуација, а раскинувањето на врската е една од нив. Оваа инспиративна современа класика го содржи клучот за претворање на гневот во љубов и неодлучноста во акција, како и создавање живот што има смисла.rn

    2. „Петте јазици на љубовта“ (The Five Love Languages) – Гери Чепмен

    rn5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањетоrnrnОва е една од книгите што ќе ви помогнат да ја разберете и другата страна на приказната. Гери Чепмен им помага на паровите да го идентификуваат, да го разберат и да започнат да го зборуваат мајчиниот јазик на љубовта на својот партнер кој ги вклучува: зборовите за потврда, квалитетното време, примањето подароци, изразувањето учтивост и физичкиот допир. Со учење на петте јазици на љубовта, вие и вашиот партнер ќе научите уникатни јазици и ќе научите практични чекори за тоа како вистински да се сакате еден со друг. Ова е книга која може да ја прочитате во кој било период од животот, а по раскинувањето може да ви даде одговор на прашањето што постојано си го поставувате – зошто заврши?rn

    3. „Мажите се од Марс, жените се од Венера“ (Men Are from Mars, Women Are from Venus) – Џон Греј

    rn5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањетоrnrnОваа книга ќе ви помогне да ги разберете разликите помеѓу мажите и жените. Мажите зборуваат сосема поинаков јазик од жените, иако не се свесни за тоа. Нивните зборови се исти, но значењата се различни. Ако имавте мал фразеолошки речник со вас, ќе се разберевте едни со други без тешкотии и несогласувања. Оваа книга е токму тоа – речник со основите на граматиката што ќе им помогне на мажите да ги разберат жените. Оваа книга ќе ве ослободи од сите фрустрации со кои некогаш сте се соочиле во врските затоа што идеите изнесени во неа имаат смисла, а советите даваат надеж дека разликите можат да се надминат.rn

    4. „Патот по кој поретко се оди“ (The Road Less Traveled) – Скот Пек

    rn5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањетоrnrnОва не е само книга што ќе ви помогне да го преболите раскинувањето. Ова е книга која ќе ви даде мир, позитивност и нови перспективи. Ќе ви помогне да научите како да ја разликувате зависноста од љубовта и како да станете личноста што навистина сте. Уште во воведната реченица дека животот е тежок, а патот на духовниот развој е долг, Пек не се обидува да ги исплаши читателите, туку да ги води низ тешкиот болен процес на промена кон едно повисоко ниво на саморазбирање.rn

    5. „Како да бидеш сама“ (How To Be Single) – Лиз Тучило

    rn5 книги што ќе ви помогнат полесно да го поднесете раскинувањетоrnrnКако што кажува и самото име, ова е една од најтешките задачи во животот, а тоа е да научите да бидете сами и навистина среќни. Хероината на овој роман, Џули Џенсон има 38 години, работи како уредник во издавачка куќа во Њујорк и е сингл девојка. По една лоша средба, Џули сфаќа дека ѝ е преку глава од сите разочарувања и понижувања од сингл животот, ја напушта својата работа, успева да добие скромен договор за пишување книга и тргнува во потрага по одговорот на прашањето како жените низ целиот свет се справуваат со осаменоста.rnrnМожеби сакате да ги прочитате и овие 3 книги за осаменоста.

  • Како повторно да ја освоите вашата поранешна девојка според нејзиниот хороскопски знак?

    Како повторно да ја освоите вашата поранешна девојка според нејзиниот хороскопски знак?

    Раскинувањата се болни, особено ако сè уште чувствувате нешто за поранешниот партнер. Ако постојано мислите на бившата, можеби треба да се потрудите повторно да бидете заедно, а еве како да ја освоите повторно според нејзиниот хороскопски знак.rnrnКако повторно да ја освоите вашата поранешна девојка според нејзиниот хороскопски знак?rn

    Овен

    rnПовторното освојување на Овенот не е невозможно, но мора да бидете внимателни. Тоа е чувствителен период за неа, особено затоа што таа не раскинува лесно, па затоа е важно да ѝ покажете дека сте сериозни.rnrnНајважно е да ги почитувате нејзините потреби и нејзиниот простор. Ако таа ви каже дека ѝ треба време да размисли, дозволете ѝ да го направи тоа.rnrnНо, пред тоа, таа ќе сака да слушне зошто мислите дека треба да бидете повторно заедно, па бидете убедливи. Не заобиколувајте, туку кажете ѝ директно: ја сакате и ви недостасува.rnrnОсвен тоа, покажете ѝ дека вреди да се борите за неа.rn

    Бик

    rnКога се обидувате повторно да го освоите Бикот, запомнете дека треба да користите логика, а не вашата имагинација.rnrnТаа не сака да се преправате како вашето минато никогаш да не се случило, ниту пак, да одите по неа и да ја молите да ви се врати назад.rnrnОдвојте време затоа што освојувањето на Бикот е маратон, а не трка. Таа на почетокот ќе ве одбива, но големи се шансите дека сè уште мисли на вас.rnrnКога повторно ќе почне да покажува интерес за вас, третирајте ја како принцеза. Додворувајте ѝ се како на првата средба.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците веројатно раскинале со вас затоа што им било здодевно.rnrnПоради тоа, една од најважните работи што треба да ги направите кога се обидувате да ги освоите Близнаците е да им докажете дека овој пат ќе биде позабавно.rnrnКога ќе се трудите да ја вратите назад, бидете гласни. Таа сака да чуе како кажувате дека ја сакате и дека сакате да ви се назад. Кога ќе можете да го кажете тоа гласно, тоа значи дека не се плашите да зборувате.rn

    Рак

    rnНе е важно дали раскинувањето помеѓу вас и Ракот било мирољубиво или непријатно – таа ќе биде тажна. Ако сакате таа да ви се врати, треба да знаете дека ќе ѝ биде потребно некое време за тоа.rnrnМожеби е малку вознемирувачки, но важно е да ѝ дозволите да биде себична. Кога ќе сфати дека сте тука да ја слушате, таа ќе попушти и ќе почне да размислува што навистина сакате.rnrnНајважно е да бидете искрени со неа и да користите искрени зборови што доаѓаат од вашето срце, наместо да користите зборови што сте ги научиле од некоја романтична комедија.rn

    Лав

    rnЛавот верува дека секое извинување треба да биде придружено со подарок. Но, дури и ако се обидете да ја освоите со ласкави коментари за тоа колку убаво изгледа и со некои скапи чоколатца, не заборавајте зошто навистина сте таму.rnrnТаа нема да го одбие подарокот, но ако мисли дека само се умилкувате пред да ја молите да ви се врати, таа само ќе ги преврти очите и ќе ви каже збогум.rnrnПовторното освојување ќе биде малку тешко, но може да се направи. Можеби не изгледа така на моменти, но Лавовите сакаат љубов и внимание исто како и сите други.rn

    Девица

    rnКога се обидувате повторно да ја освоите Девицата, мора да бидете подготвени да ја пробиете нејзината надворешна обвивка.rnrnТаа сè уште може да има чувства кон вас или сака повторно да бидете заедно, но сигурно нема прва да го признае тоа. За да го направите тоа, треба да размислувате логично и да бидете смирени. Таа нема да реагира позитивно на вашите солзи или на изразувањето какви било емоции.rnrnНајважното нешто за Девицата е да ѝ покажете дека сте подготвени да вложите напор за да ја усовршите врската.rn

    Вага

    rnВагата сака голема љубов, па по раскинувањето сигурно ги мери добрите и лошите страни и мисли на вас.rnrnАко сакате да ја освоите Вагата повторно, треба да вложите многу труд. Прво, треба да покажете дека ја почитувате како личност. Таа сака да ја гледате како индивидуа, а не само како некој што ќе ве надополнува вас.rnrnНемојте да се двоумите да ѝ кажете дека ја сакате назад и зошто го сакате тоа. Ако таа може да биде силна, и вие треба да бидете. Бидете искрени и покажете ѝ дека вреди да се обидете да бидете повторно заедно.rn

    Скорпија

    rnЌе биде многу тешко да ја освоите Скорпијата, но ако ја сакате, вреди да се обидете. Најважно е да бидете искрени затоа што најмногу ја нервира ако залудно го трошите нејзиното време, па бидете разумни со вашите аргументи.rnrnОна што ја тера да дава толку отпор е тоа што веројатно имало многу добра причина за да ставите крај на врската. Кога ќе се вратите кај неа да барате прошка, докажете ѝ дека навистина го сакате тоа.rn

    Стрелец

    rnСоочувањето со минатото е многу тешко за Стрелецот, па кога се обидувате да ја придобиете, бидете подготвени за сосема нова личност.rnrnТаа не сака негодувања и драми за работите што веќе се случиле. Големи се шансите вашата врска да е веќе затворен случај. Ако сакате повторно да ја освоите, треба да бидете подготвени да го напуштите минатото и да започнете од почеток со неа.rn

    Јарец

    rnЗа да го освоите Јарецот, треба да го користите вашиот мозок, а не на срцето.rnrnКога ќе ѝ пристапите, важно е да бидете смирени и да размислувате логично. Јарецот речиси никогаш не реагира добро на емоциите, па обидот да ја освоите со плачење само ќе ја оддалечи од вас.rnrnОбјаснете ѝ зошто сакате да ви се врати назад и почитувајте го она што го кажува. Таа ќе дава многу отпор, но барањето прошка дефинитивно ќе ви помогне.rn

    Водолија

    rnЗа да ја освоите Водолија, треба да дојдете кај неа со целосно отворени ум и срце. Таа знае дека врските се тешки, па ќе сака да ви даде втора шанса ако ѝ покажете дека ја заслужувате.rnrnВо оваа рана фаза, додека таа сè уште се обидува да открие што сака да направи, важно е да се фокусирате на вербалната комуникација, без прегратки или бакнежи. Бидете искрени за вашето минато и за иднината со неа.rnrnОткако ќе ѝ кажете дека ја сакате назад, не заборавајте да ѝ дадете онолку време и простор колку што треба. Дозволете ѝ да ја преземе контролата и таа да дојде кај вас кога ќе биде подготвена, но барајте ја одвреме-навреме за да знае дека имате сериозни намери.rn

    Риби

    rnРибите сакаат да бидат во врска, но мразат да бидат повредени. Ако ја повредите, таа никогаш нема да ви се врати назад. Но, не е невозможно да ја освоите повторно, сè додека навистина ја сакате, а не само поради тоа што сте го поминале заедно.rnrnЗа да ја натерате да ве слушне, треба прво вие да ја слушнете неа. Најверојатно ќе сака да се отвори во врска со емоциите што ги чувствува сега, како и за тоа што го чувствувала кога раскинавте. Исто така, важно е да зборувате за вашите сопствени чувства затоа што тоа треба да биде двонасочен разговор.rnrnПрочитајте поради која причина раскинува секој хороскопски знак.

  • Поради која причина раскинува секој хороскопски знак?

    Поради која причина раскинува секој хороскопски знак?

    Колку и да толерирате некои работи, одредени карактеристики што ги поседува партнерот може да ве натераат да ставите крај на врската. Откријте кои се причините поради кои не успева врската со секој хороскопски знак.rnrnПоради која причина раскинува секој хороскопски знак?rn

    Овен: Гушење

    rnНе можете да издржите со партнер што е залепен до вас и постојано има некои барања бидејќи вие сте исклучително независни и сакате да имате сопствен живот надвор од вашата врска. Исто така, сакате да имате простор и слобода и нема да толерирате да бидете со некој што ве задушува, дури и ако ве задушува со љубов.rn

    Бик: Непочитување

    rnВие сте премногу горди и имате екстремно високи стандарди, така што секој што не ве почитува, ќе биде исфрлен од вашиот живот. Без оглед колку ја сакате личноста, никогаш нема да ја гледате на истиот начин ако некогаш покажала непочитување кон вас, дури и на шега.rn

    Близнаци: Дистанцираност

    rnВие не можете да бидете со некој што не е дружељубив затоа што постојано напредувате во активниот социјален живот и тоа е вашето секојдневие. Имате многу пријатели и познајници и потребен ви е партнер кој е во состојба да се справи со овој вид социјален притисок. Тивката личност нема да може да се справи со вашата желба за дружење.rn

    Рак: Приватност

    rnНе можете да бидете со некој кој е мистериозен или резервиран и крие нешто од вас. Како емотивен и интуитивен хороскопски знак, вие сакате да разговарате со партнерот, да му помогнете ако минува низ тешки времиња и не сакате тој да крие тајни од вас. Некој што нема да ви се отвори, нема да може да ви ја даде силната емоционална врска што ја посакувате.rn

    Лав: Срамежливост

    rnВие сте во центарот на вниманието и не можете да бидете со некој што ќе го заземе вашето место, но не можете да бидете ниту со некој што не се ни обидува да ве засени. Тука станува збор за самодоверба и вие сакате партнер кој може да ве предизвикува. Ако сте со некој кој е срамежлив или резервиран, ќе се чувствувате како да нема возбуда во врската.rn

    Девица: Недостаток на амбиции

    rnСè е поврзано со вашата кариера и со вашиот успех. Сакате партнер кој е на исто ниво и кој ги прифаќа вашите цели и соништа, но има и свои. Ако имате пасивен или неамбициозен партнер ќе се чувствувате како нешто да недостасува во вашата врска и во вашите секојдневни разговори затоа што кариерата и амбициите се главните теми за кои сакате да разговарате.rn

    Вага: Негативност

    rnВие сте позитивна личност и секогаш мислите дека утре ќе биде подобро. Затоа не можете да бидете со негативен партнер или со некој што прави драми. Сакате да бидете опкружени со добри вибрации и со позитивна енергија, а не со некој што ќе ја црпи вашата енергија.rn

    Скорпија: Лаги

    rnМожете да ги прифатите сите недостатоци на вашиот партнер освен лажењето. Лажењето е главната причина за раскинување и веројатно најбрзиот начин некој да ве изгуби, дури и да станува збор за бела лага. Вие ја цените искреноста и никогаш нема да му простите на партнерот ако ве лаже.rn

    Стрелец: Мрзеливост

    rnНе можете да бидете со мрзлив партнер затоа што вие секогаш сте во движење и постојано барате екстремни авантури или земји што сакате да ги посетите. Ако вашиот партнер не може да биде во чекор со вас, веројатно сите овие работи ќе ги направите без него. Затоа, подобро е да најдете енергична личност која ќе се вклопи во вашиот брз начин на живот.rn

    Јарец: Неодговорност

    rnНе можете да бидете со некој кој не знае да преземе одговорност или со некој кој не знае што сака. Вие знаете што сакате и секогаш го добивате тоа и сакате некој кој може да се грижи за вас затоа што вие секогаш се грижите за сите други. Покрај неодговорниот партнер, секогаш ќе се чувствувате како вие да сте личноста која се грижи за двајцата.rn

    Водолија: Практичност

    rnКако можете да зборувате за вашите ексцентрични идеи и соништа ако имате реалистичен партнер? Вие сте неконвенционални, бунтовни, понекогаш бизарни и не можете да бидете со некој што е прагматичен или што не ја охрабрува вашата креативност. Потребен ви е некој кој може да сонува заедно со вас и да ги поддржува вашите најлуди соништа, дури и ако не може да ги сфати.rn

    Риби: Нечувствителност

    rnВие сте многу чувствителни и емотивни, дури и ако не го покажувате тоа. Да бидете со некој што не е заинтересиран за вас или не се грижи за вашите чувства е доволно добра причина за да раскинете. Не можете да бидете во врска со себичен партнер, вам ви е потребен некој што има големо срце.rnrnПрочитајте со кои 6 хороскопски знаци е предизвик да бидете во врска.

  • 6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот

    6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиот

    Изминатите неколку години ги поминавте со вашиот партнер, правевте сè заедно, а сега сето тоа се само спомени. Мислевте дека сте ја запознале личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, но сега сфаќате дека не сте биле во право. Тешко ви е да го прифатите тоа, па погледнете низ кои фази треба да поминете додека да прифатите дека тој не е вистинскиот за вас.rnrn6-те фази низ кои треба да поминете за да сфатите дека тој не е вистинскиотrn

    1. Шок

    rnНе знаете што се случило. Целата љубов што ја чувствувавте до вчера ви исчезна од пред очи. Телото веќе не ви затреперува кога ќе ве погледне, а неговиот бакнеж не успева да го забрза ритамот на вашето срце како порано. Престанавте да ја искористувате секоја можност да бидете покрај него. Порано чувствувавте разочарување кога ќе почувствувавте дека не лежи покрај вас, а сега сакате да замине на работа пред вие да се разбудите. Сето тоа се случува одеднаш – љубовта ја нема.rn

    2. Негирање

    rnМислите дека е само фаза низ која минувате. Но, се согласувате да одите на пијачка со вашиот колега по работното време затоа што барате друштво од некој друг, а не од човекот со кој делите сè. Никогаш не ве привлекувале други мажи или не сте барале бегство од љубовта што ја чувствувате. Сепак, ова е само фаза и верувате дека двајцата ќе бидете повторно заедно. Всушност, вие сте сигурни во тоа.rn

    3. Лутина

    rnГневни сте затоа што не ви одговара на вашите повици. Не го изневеривте, па не можете да разберете зошто не посегнува по телефонот. На крајот на краиштата, сè што направивте беше љубовта што ја чувствувавте кон него давајќи му ги најдобрите години од својот живот. Вие не можете да го проголтате тоа и постојано им повторувате на сите што ве слушаат што сè сте направиле за него. Немаше да ги има пријателите што ги има сега ако не бевте вие. Немаше да ја работи работата од соништата ако вие не го натеравте да оди на интервју. Неговиот стан немаше да биде удобен простор за живеење ако не беа вашите вештини за уредување. Се надевате дека тој се сеќава на сето тоа секој пат кога ќе ја стави главата на скапите перници што вие ги купивте. Но, сè уште не одговара на вашите повици.rn

    4. Преиспитување

    rnПочнувате да ја доведувате во прашање вашата улога во врската. Постојано се прашувате што можевте да направите поинаку за да бидете посреќни. Можеби ако не работевте толку доцна и ако почесто бевте дома за вечерата, ќе можевте да поминувате повеќе време заедно. Се прашувате дали требаше да се запознаете подобро пред да ја започнете врската, па така можеби ќе имаше повеќе шанси да опстане. Или можеби требаше да велите „те сакам“ секоја ноќ пред спиење како што си ветивте дека ќе биде на почетокот на врската. Можеби сè ќе беше како порано ако се трудевте малку повеќе.rn

    5. Депресија

    rnСе прашувате каде сте. Изминатите неколку години ги поминавте со оваа личност, правевте сè заедно, а сега тоа се само спомени. Мислевте дека сте ја запознале личноста со која ќе го поминете остатокот од животот, но сега сфаќате дека не сте биле во право. Никогаш веќе нема да можете да сакате. Никогаш нема да сакате да останете повторно со скршено срце и ќе ѝ дозволите на вистинската љубов да ве одмине. Не сте станале од креветот со денови. Тагата ве обзема и не ви остава друг избор освен да ѝ се предадете. Се плашите дека никој друг маж нема да ве сака. Вие сте скршени и повредени толку многу што е невозможно да му дозволите на некој друг да влезе во вашето срце. Не можете да замислите дека работите ќе се подобрат.rn

    6. Прифаќање

    rnВерувате дека сè се случува со причина и тоа важи и за судбината на вашата врска. Задоволни сте со вашата одлука да се разделите и знаете дека така е најдобро за двајцата. Подобро да се разделите сега, отколку многу години подоцна, кога ќе биде уште потешко. И покрај тоа што едно поглавје од вашиот живот заврши, знаете дека тоа не е крајот на вашата приказна. Размислувате подобро отколку во деновите по завршувањето на врската и сега сакате да го исчистите патот што е пред вас. Љубовта што ја чувствувавте за вашиот поранешен партнер секогаш ќе биде присутна, како што се надевавте дека ќе биде. Но, му посакувате да биде среќен со некоја друга знаејќи дека тоа нема да бидете вие.rnrnПрочитајте кои 6 знаци откриваат дека тој е вистинскиот за вас.

  • Хороскоп: Како да дознаете дали партнерот планира да ви раскине?

    Хороскоп: Како да дознаете дали партнерот планира да ви раскине?

    Астролозите откриле како се однесува секој припадник на одреден хороскопски знак пред раскинување. Дознајте како би се однесувал партнерот кога би планирал да ја прекине врската со вас.rnrnХороскоп: Како да дознаете дали партнерот планира да ви раскине?rn

    Овен

    rnТој се оддалечува од вас и престанува брзо да одговара на вашите пораки. Повеќе не ги планира викендите со вас.rn

    Бик

    rnТој е нерасположен. Постојано се жали на сè што правите и се расправа со вас за секоја ситница.rn

    Близнаци

    rnТој престанува да разговараат со вас, да ве бакнува, да ве гушка, да води љубов со вас.rn

    Рак

    rnТој престанува да ги споделува со вас сите детали за тоа како му поминал денот. Почнува да ви дава одговори со еден збор и избегнува сериозни разговори.rn

    Лав

    rnПрестанува да се грижи за вас. Не ви забележува за грешките. Повеќе не избувнува кога не правите нешто како што треба. Не се грижи доволно за да расправа со вас.rn

    Девица

    rnТој почнува да ги истакнува вашите недостатоци и сака да се расправа со вас. Почнува да ви дава причини за да си заминете.rn

    Вага

    rnПрестанува да ви кажува дека ве сака и да прави слатки мали нешта за вас. Престанува да се вложува во врската.rn

    Скорпија

    rnТој поминува многу време плачејќи за врската и постојано ја преиспитува.rn

    Стрелец

    rnТој почнува да ја споредува вашата врска со секоја друга врска, со пријателите, со бившите, со странците.rn

    Јарец

    rnТој почнува отворено да ви кажува дека не знае уште колку ќе трае вашата врска.rn

    Водолија

    rnТој се повлекува емотивно и престанува да се „отвора“ пред вас. Повторно ги поставува своите лични граници.rn

    Риби

    rnПрестанува да зборува за својата иднина со вас и да „крои“ далекусежни планови.rnrnМожеби сакате да прочитате и што предизвикува депресија кај секој хороскопски знак?

  • 3 хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантин

    3 хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантин

    Ако моменталната ситуација ве тера да ја преиспитате вашата врска додека сте дома, никој не може да ве обвини за тоа бидејќи колку и да сакате некого, не значи дека секој момент треба да го поминувате заедно. Додека многу луѓе чекаат да помине оваа ситуација, некои хороскопски знаци ќе одлучат да ја прекинат долгата врска додека се во карантин.rnrn3 хороскопски знаци што најверојатно ќе ја прекинат долгата врска додека се во карантинrn

    1. Овен

    rnОвенот е полн со енергија и има потреба постојано да се движи. Припадниците на овој хороскопски знак не сакаат да бидат затворени дома, а присилното затворање прави да се чувствуваат многу непријатно. Овните најчесто ги поставуваат своите потреби пред сè друго. Ако нивната желба за простор и слобода не е исполнета, ним ништо нема да им биде погодено, а камоли врската. Карантинот може да предизвика да одлучат да ја прекинат врската дури и со личноста со којшто се долго време заедно и за која веруваат дека е вистинската.rn

    2. Бик

    rnНа припадниците на овој хороскопски знак не би им пречело да останат дома заедно со партнерот. Но, Уран, планетата на немирот, сега е во Бик. Поради тоа, Биковите може да се чувствуваат 10 пати повознемирено отколку што нормално би се чувствувале. Сите навики на партнерот што досега ви беа симпатични, сега ќе почнат да ве нервираат. Сепак, раскинувањето може да биде само привремено, освен ако партнерот не направил нешто што многу ќе го повреди Бикот.rn

    3. Јарец

    rnАко Јарецот почувствува дека врската не функционира, тој ќе одлучи да стави крај. Припадниците на овој хороскопски знак се свесни дека не треба да трошат време и енергија за нешто што нема да трае долго. Додека се во карантин, овие личности можеби ќе сфатат дека им треба нов почеток, а за некои тоа може да значи и прекинување на долгата врска.rnrnПрочитајте на кои хороскопски знаци им е потребен личен простор во врската.