КАФЕ ПАУЗА

Tag: прошетка

  • Колоритна прошетка низ Прага

    Колоритна прошетка низ Прага

    Сара Коцевска се занимава со фотографија само 2 и пол години, но нејзините дела се полни со живост и енергија која блика дури и од дождливите и мрачни сцени.rnrnКолоритна прошетка низ ПрагаrnrnВо октомври, 2013, таа ја посетила Прага, а од прошетката произлегол прекрасен сет фотографии кои го доловуваат чувството на градот.rn
    rn

    „Лично сметам дека најдобрите фотографии се оние случајните, ненаместените во студио. Оние природните, фатени во момент посебен сам за себе. Најмногу од сè сакам да шетам. Сакам да посетувам необични земји, а љубител сум и на различна храна и култура… Сакам да видам и дознаам сè што е различно, и особено сум среќна кога ќе фатам некој таков момент од секојдневниот живот, без разлика дали е тоа тука во Македонија или во странство.“

    rnКолоритна прошетка низ ПрагаrnrnОд прошетката во Прага, нејзиниот следен фотографско-туристички предизвик бил Сингапур, а следна на листата е Австралија. Со нетрпение очекуваме да ја видиме приказната која ќе ни ја раскажат фотографиите од новите прошетки на Сара.rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Вака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен

    Вака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен

    rnКога би воделе видео дневник од вашиот живот, како тој би изгледал? Би му бил ли некому интересен за гледање ако го прикачите на Јутјуб?rnrnЛуис Кол имал многу добра причина за да го сподели своето видео со целиот свет. Воедно, овој 30-годишен дечко својата Јутјуб-слава ја стекнал во 2011 година, кога го отворил својот канал на кој објавувал различни видео записи од неговите бројни патувања.rnrnВака изгледа живеењето секој ден, како да ви е последен rnrnИ оваа година тој ја поминал патувајќи низ светот, документирајќи ги неговите искуства и објавувајќи ги на социјалните мрежи Фејсбук, Твитер, Инстаграм, Јутјуб и Тамблр. Секако, тоа му носи илјадници следачи, кои тој ги нарекува „пријатели“.rnrnИако неговото животно мото делува како клише: „Уживајте во животот и живејте ја авантурата“, компилацијата од видеа која ја објавил во текот на 2013 година, живописно покажува дека тој навистина го живее она што го проповеда.rnrnОд друга страна, видеото многу луѓе ги депримирало и ги натерало да сфатат дека не живеат некој особено возбудлив живот. Погледнете го за да сфатите зошто.rnrnrnrnИ, што ќе кажете? Ве расположи или ве депримира? :)rn
    rn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка

    Обидете се да ги погледнете овие 15 волшебни италијански гратчиња кои шармираат со својата посебност, а да не помислите дека тие се местата во кои живеат измислените ликови од бајките. Прочитајте и кратко инфо за секое од нив.:)rn

    1. Атрани

    rnЛоциран на Амалфијската обала, овој град е најмалиот град во јужниот дел од Италија. Оваа убава општина беше дури и прикажана во реклама за автомобилот Fiat 500. Погледнете ја за да ја почувствувате неговата магија.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    2. Кастелсардо

    rnЛоциран во Сардинија, Италија, овој средновековен град во кој живеат околу 5.000 жители се состои од колоритни згради, кои имаат прекрасен поглед кон Средоземното Море.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    3. Вогоња

    rnСо население од помалку од 2.000 жители, оваа извонредна општина е окружена со цела низа планини и неколку окрузи. Замокот Висконти прикажан на фотографијата, е изграден во 1344 година.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    4. Алберобело

    rnПознат по своите специфични куќички со ѕидан конусен кров, Алберобело е живописно гратче, лоцирано во италијанскиот регион Пуља. Некои од куќичките градени од сув камен (без употреба на малтер) се означени со симболи, што ги прави многу атрактивни за туристите.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrn

    5. Неиве

    rnГратчево со население од над 3.000 жители, изгледа како совршената дестинација за набљудување на зајдисонцето.rnrn15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошетка 15 шармантни италијански гратчиња за идеална прошеткаrnrn

  • 18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

    18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британија

    Веројатно може да се напишат стотина нешта што би можеле да ги направите во Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска, но моравме да издвоиме само 18. Проверете ја листата во продолжение и уживајте. Да почнеме.rn

    1. Посетете го Лондон

    rnБез разлика каде сте, препорачливо е да се посети главниот град на земјата во која патувате. Фактот што Лондон е еден од најдобрите градови во светот е доволна причина зошто е на оваа листа. Посетете ги неверојатните историски знаменитости и музеите. Одете на шопинг, вечерајте во ексклузивен ресторан и забавувајте се во едни од најпрестижните ноќни клубови во светот.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrn

    2. Испијте чај во Девон

    rnПостојат многу места во Јужна и Западна Англија каде се служи традиционален англиски чај, но Девон е најдобриот избор. Тоа е така затоа што таму се прави најдобриот тенок колач, густ крем и џем, кои се послужуваат со чајот за целосно уживање.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrn

    3. Посетете ја палатата Бленхајм

    rnПокрај тоа што е родниот дом на војводите од Марлборо, светско наследство и еден од најдобрите примери за рустикална архитектура во Англија, Палатата Бленхајм, исто така е и родното место на Винстон Черчил, кој бил прогласен за „Најголем Британец“. Но, и без врската со Черчил, куќата и градините се прекрасно нешто што вреди да се искуси во живо.rnrn18 нешта кои треба да ги направите во Велика Британијаrnrn

  • Видео прошетка низ грандиозната Кина

    Видео прошетка низ грандиозната Кина

    Искусниот планер Винсент Меј организирал 56 фотографи од 49 кинески градови, кои направиле 200.000 прекрасни фотографии од Кина. На крајот, тоа резултирало со извонредно тајмлепс видео. Интересно е тоа што никои од членовите на тимот не се запознале меѓусебно, во текот на целиот процес на изработката. rnrnВидео прошетка низ грандиозната Кина rnrn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прошетка низ шармантниот Истанбул

    Прошетка низ шармантниот Истанбул

    Автор на текст и фотографија: Петар ПетковскиrnrnИстанбул е вториот најголем град во Европа и осмиот по големина во светот со 14 милиони жители. Ова е еден од најживописните градови на планетата, а многумина го нарекуваат и „Главниот град на светот“.rnrnПрошетка низ шармантниот ИстанбулrnrnОд утро до мрак градот пулсира во еден своевиден организиран хаос, а реките од луѓе и автомобили никогаш не запираат. Секој нареден миг се воодушевувате од секој нов откриен агол на градот, заборавајќи на уморот од километрите поминати во пешачење низ тесните улички, живописните чаршии и тезгите со дрангулии. Хоризонтот е исполнет до бесконечност со џамии и цркви, дворци и кули, кои векови наназад ја прераскажуваат историјата на оваа територија, судирите помеѓу христијанството и муслиманството, спојот на Европа и Азија.rnrnБез разлика дали сакате да се качите на траект и да „скокнете“ во Азија, да се восхитувате на најновата современа уметност во арт-музејот „Istanbul Modern“, да ги видете зашеметувачките византиски мозаици во црквата на Свети Спас, или пак да прошетате низ векови старата чаршија, Истанбул вреди да се посети, и е место каде што буквално, истокот се сретнува со западот.rnrnПрошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул Прошетка низ шармантниот Истанбул

  • Причини да го посетите Рим наесен

    Причини да го посетите Рим наесен

    Автор: Сања СтојковскаrnrnКултурната страна на Рим оваа есен вклучува многу настани што вреди да се погледнат.rnrnДоколку сте љубител на топло есенско кратко патување и доколку ги имате сите можности, препуштете се на есенскиот Рим и на можностите што овој град ги нуди.Причини да го посетите Рим наесенРим или вечниот град како што го нарекуваат сите, е град што ги комбинира тишината и интимноста на селата со културолошките црти на европските метрополи. Во Рим, урнатините од класичниот период и ранохристијанските места за богослужби се лоцирани веднаш до ренесансните палати и барокните фонтани. Средно медитеранската клима во Рим, пак, е вистински магнет за туристите од студениот север.rnrnРим во есен го одликува хаотичен, брз, работен ритам. Секој посетител што сака да најде потивко место ќе мора да почека до крајот на ноември или до заминувањето на божиќните и новогодишните празници.rnrnВи приложуваме неколку настани за посета на Рим оваа есен:rn

      rn011

    • Ноќта на музеите: Овој настан се одржува во средината на октомври и опфаќа околу 90 римски музеи и културни установи кои ги отвораат своите врати за посетителите бесплатно од 20 до 02 часот.
    • rn

    rn

      rn011

    • Римско лето: Овој период всушност, трае малку после вообичаените летни месеци. Сè до октомври, ширум градот се одржуваат концерти на отворено, танцувачки и театарски претстави, кино проекции и други настани на отворено што ги анимираат римјаните во текот на жешките месеци. Еден од поглавните настани е Островот на киното – филмски фестивал на островот Тибер.
    • rn

    rnПричини да го посетите Рим наесенrn

      rn011

    • Изложба за Октавијан Август: По повод одбележување на 2000 години од смртта на римскиот император Октавијан Август се одржува изложба со почеток на 18-ти октомври, а ќе биде поставена до 9-ти февруари 2014-та година.
    • rn

    rn

      rn011

    • Фестивал Рим-Европа: Во текот на цел месец септември и октомври постои исклучителна програма на римско-европскиот фестивал што вклучува авангардни танци, музика и драмски претстави донесувајќи во градот цели ансамбли, оркестри и уметнички дела од целиот свет.
    • rn

    rn

      rn011

    • Римски филмски фестивал во ноември: 10-тина дена во почетокот на ноември се одржува филмски фестивал во Аудиториум-паркот на музиката, којшто е домаќин на многу проекции, дебати и настани од сличен карактер вклучувајќи филмски премиери и класици со познати меѓународни филмски имиња.
    • rn


    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магијата сокриена во секојдневието

    Магијата сокриена во секојдневието

    Без разлика дали дејството се случува во природата или во вртоглавата урбана средина, илустрациите на артистот Паскал Кампион, создаваат причина за радост кон секојдневниот живот. Илустраторот од Сан Франциско успева да ја претвори вечерната дождовна прошетка во спектакуларно искуство кое зрачи со енергија и елан за живеење на животот. Не е важно кој период од годината е, бидејќи секогаш има причина за насмевки.rnrnМагијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневиетоrnrnСекој цртеж од растечката колекција на Кампион раскажува една убава приказна. Заедничката тема е почитување на секојдневието, поминато во овој чудесен свет. Во неговата работа се проткајува и детската радост и љубопитност, која потсетува зошто треба да го сакаме нашиот живот. Едноставните нешта како талкањето низ шумата со вашето куче, набљудувањето на рибите во езерото од мостот или фантазирањето додека гледаме во облаците, му даваат смисла и богатство на нашиот живот.rnrnМагијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието Магијата сокриена во секојдневието rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Ноќна прошетка низ Венеција

    Ноќна прошетка низ Венеција

    Венеција е доволно необично место за да привлече илјадници туристи кои секој ден се восхитуваат на сето она што таа има да го понуди. Но, градот којшто преку ден врие од туристи, навечер добива сосема поинаков амбиент.rnrnНоќна прошетка низ ВенецијаrnrnОние кои ја посетуваат Венеција попладне се прибираат во некое од соседните многу поевтини гратчиња каде што обично отседнуваат. Рестораните и кафулињата не работат до доцна во ноќта, така што веќе на полноќ владее тишина. Тоа е одличен момент за полноќна прошетка во која Венеција може да се доживее со сета своја грациозност низ призма на мистериозноста и магијата кои го носи ноќта.rnrnНоќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венеција Ноќна прошетка низ Венецијаrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

    Како секојдневно се релаксираат народите ширум светот?

    Некои народи секојдневно си практикуваат начини на одморање, а не само на патувањата. Животниот стил на Шпанците, Грците или Канаѓаните можете и сами барем делумно да си го применувате, и на тој начин да го надоместите тоа што не сте биле на патување подолг временски период или едноставно да се одморите после секој работен ден. Прочитајте на кои начини се опуштаат одредени народи.rn

    Шпанија

    rnТрадицијата на практикување „siesta“ кај Шпанците, односно правење пауза после секојдневниот ручек, во траење од два до три часа, стана позната ширум светот. Сиестата е дури составен дел и од работниот ден на Шпанците, иако економската криза му се заканува на овој прекрасен начин на опуштање. Зборот „siesta“ потекнува од латинскиот израз „sexta hora“, односно „шести час“, како час наменет за одмор после ручекот.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Шведска

    rnПаузата за кафе во Шведска која се нарекува „fika“ станала културна институција во оваа земја. Шведските работници редовно прават пауза во текот на работното време и седат со пријателите или колегите во нивното омилено кафуле, уживајќи во топлиот пијалак и нешто благо.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Грција

    rnВо текот на топлите летни месеци, жителите на помалите градови и села во Грција, ја негуваат традицијата на „volta“ (прошетка). Кога сонцето ќе зајде, целото семејство излегува на релаксирачка прошетка.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Италија

    rnИталијанците се „исклучуваат“ двапати дневно, еднаш попладне и уште еднаш навечер. Како што туристите најчесто и забележуваат, Италијанците имаат некој вид продолжена пауза за ручек „riposo“, па затоа продавниците се обично затворени во период од 13 до 16 часот. Од друга страна „passeggiata“ е периодот во вечерните часови, кога уживаат во бавна прошетка на свеж воздух, проследена со разговор.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Канада

    rnВо текот на пролетните и летните месеци, Канаѓаните кои живеат во урбани средини, викендите ги поминуваат во колиби без интернет, лоцирани во комплетна дивина. „Културата со колибата“ е дел од идентитетот на Канаѓаните, која им овозможува да се опуштат после напорната работна недела, во прекрасната природа. Традицијата е особено популарна во Онтарио.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Франција

    rnФранцузите го имаат усовршено стилот на доброто живеење, а во центарот на нивното опуштање се наоѓаат заедничките оброци со пријателите и членовите на семејството, кои се најчесто грижливо припремени. Дневниот ритуал се нарекува „l’aperitif“ и се случува пред вечерата, кога собраните луѓе уживаат во некој вид мезе и чаша вино или друг вид алкохол. Французите на овој начин го негуваат заедништвото и љубовта спрема убавото живеење.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rn

    Јапонија

    rnВо јапонската култура длабоко е вкоренета тивката благодарност кон изворите на храна, која се искажува во текот на вечерниот оброк. Во тој момент, собраните на масата размислуваат, не само за тоа колку се благодарни за сè што имаат пред себе, туку и за тоа како секоја намирница дошла до нив. Јапонскиот збор „itadakimasu“, претставува поврзување со будистичкиот принцип на почитување на сите живи работи. Во едноставен превод би значело „благодарам за храната“, но истовремено личноста им се заблагодарува и на земјоделците која ја произвеле и на членовите од семејството кои ја набавиле, како и на самата природа која ја створила сета храна којашто ја јадат. Така што, доколку кажете „itadakimasu“ пред вечерата во Јапонија, значи дека го цените сето она што е поврзано со храната којашто ќе ја јадете.rnrnКако секојдневно се релаксираат народите ширум светот?rnrnКој е вашиот ритуал за секојдневно опуштање?rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.