КАФЕ ПАУЗА

Tag: прошетка

  • Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Интересни дрвја со несекојдневен облик

    Автор: Боро МирческиrnrnПриродата дефинитивно може да направи неверојатни чуда. Таков е и случајот со овие дрвја кои природно, сами по себе или со умешноста и со мала помош од човековиот фактор, израснале во неверојатни светски атракции чии фотографии ги преплавуваат страниците од весниците и интернет порталите.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликЗамислете дека сте тргнале на прошетка низ најблиската шума. Шетате неколку часови, уморот ве совладува и наеднаш пред вас се појавува вистинска фотелја направена од дрво. Сигурен сум дека никој нема да ја одмине, а да не седне на оваа природна фотелја и неколку минути да поужива во прекрасната глетка, земајќи здив од долгата прошетка.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликУште поинтересна е ситуацијата кога додека се шетате низ шумата здогледувате некој чуден секси задник. Веднаш ќе помислите дека од долгата прошетка премногу сте се измориле и видот почнал да ви се мати! Не, тоа не е девојка, тоа е сепак само едно дрво, каде природата замешала прсти. А не заборавајте дека дрвото во дворот од вашиот дом може да послужи и за неколку намени, било да е тоа летна кујна или пак надворешен тоалет.Интересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликИнтересни дрвја со несекојдневен обликrnrnДрвјата можат да бидат уште почудни, дури и волшебни, а погледнете ги и најчудните растенија во светот.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012

    Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012

    Уживајте во кратките, но слатки филмски анимации кои заслужено ќе отпатуваат на Оскарите…rn
    rn

    Месечината (La Luna)

    rn„Pixar“ очигледно повторно ни спакувал силни емоции во само неколку минути. Паралелно со долгометражниот анимиран филм „Храбра“, изработил и едно кратко, но слатко филмско доживување. Станува збор за генијално 7-минутно филмче во режија на Енрико Казароса, за кое ќе ви биде криво што не трае барем уште толку.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012La Luna“ е безвременска приказна за едно младо момче, кое расте во необични околности. Една убава вечер, неговите татко и дедо за првпат ќе го земат со нив на работа. Стариот дрвен чамец ќе го одвеслаат далеку од копното, некаде на средината на морето. Таму го чека вистинско изненадување. Се соочува со дилемата чиј пат да го следи? На татко му или на дедо му? Ќе успее ли на крајот да го најде својот пат, надвор од судирот на ставовите и на истрошените традиции? Погледајте една од магичните сцени на La Luna.rn

    rn.

    rn

    Утринска прошетка (A Morning Stroll)

    rnОва анимирано филмче ù е добро познато на македонската публика. На Оскарите го испраќаме со веќе оддадено признание во земјата. Тој е добитник на Златната тула на првото издание на македонскиот интернационален фестивал на анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“, кој се одржа од 24 до 26 ноември минатата година во нашата метропола. И оваа анимација трае 7 минути. Во режија е на британецот Гранд Орчад.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012 „Утринска прошетка“ е базиран на приказна раскажана во брилијантната книга на Paul Auster „Вистински приказни за американскиот живот“. Се работи за стара шега која и претходно била филмувана. Дознајте што се крие во утринската прошетка низ Њујорк, во која човек се разминува со кокошка…rn

    rn.

    rn

    Недела (Dimanche/Sunday)

    rn„Недела“ е 9-минутно филмче за човечката рутина, за „програмираниот“ живот погледнат низ очите на едно дете. Монотонијата се чувствува во секоја сцена од филмчето, во боите, во звуците… Анимацијата е во режија на Патрик Дојон и е негово прво филмско остварување.rnКуси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012Филмот стартува со утринско кафе, со гракањето на чавките, со турбуленциите предизвикани од возот кој поминува покрај куќата на едно семејство. Уште една типична недела. Семејството заминува на црковна миса, се движи по истиот пат, оди на вообичаениот ручек кај бабата и дедото… Погледнете како детските очи го перцепираат овој рамнодушен и контрадикторен свет на возрасните.rn

    rn.

    rn

    Дивиот свет (Wild Life)

    rnДивиот свет на Аманда Форбис и Венди Тилби својата премиера ја имаше на фестивалот за краток филм во Торонто, во јули 2011 година. За разлика од „Недела“, тој до последната минута е исполнет со убави цртежи, бои и музика. Ова е втора номинација за двете аниматорки во оваа категорија. Во 1999 година, во битката за најдобар филм влегоа со „When the Day Breaks“.Куси анимирани филмчиња номинирани за Оскар 2012 Столб на приказната во „Дивиот свет“ е еден млад Англичанец кој заминува во Канада да живее како фармер. Ваквата негова одлука е повеќе заснована на ентузијазам, одошто на искуство…rnrn

    rnrnПеттото филмче номинирано за најдобар краток анимиран филм е „Фантастичните летечки книги на господин Морис Лесмор“. За него веќе пишувавме. Потсетете се.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Една недела во Јапонија

    Една недела во Јапонија

    Мајк Матас, заедно со својата девојка, во ноември 2011 година поминал една недела во прекрасната Јапонија. Тие патувале со воз од Кјото до Нара, потоа од таму до Хаконе, а на крајот отпатувале за Токио. Една недела во ЈапонијаЗа време на нивното патување тие направиле безброј фотографии, па Мајк решил од нив да направи видео. Одбрал 4.000 фотографии кои ги сметал за најинтересни и го создал ова интересно видео низ кое е прикажана живописноста, културата и убавините на Јапонија. Уживајте во оваа 3-минутна прошетка.rn

    rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    Секојдневието на кучињата се состои од играње, пешачење, трчање, спиење и јадење. Но, сакајќи постојано нешто да грицкаат помеѓу забите, и кучињата исто како и луѓето, можат да се здебелат од консумирање нездрава храна и да станат тромави и мрзливи. Доколку сакате да се погрижите вашето куче повторно да има добра линија, прочитајте како да му помогнете да ги стопи вишокот масти, со помош на здрава диета.

    rn

    Каква диета му е потребна на вашето полничко куче?

    rnrn

    Дали вашето куче е дебело?

    rnАко не сте сигурни дали е вашето куче полно или има таква природна конструкција, прво посоветувајте се со ветеринар, да видите што тој мисли. Ако и тој утврди прекумерна тежина, тогаш време е да преземете нешто. На кучињата кои имаат нормална телесна тежина, мешето не треба да им виси повеќе од градниот кош кога ќе го погледнете во профил. Исто така грбот не треба да му биде многу обемен.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Измерете му ги килограмите на вага

    rnПред да го стартувате здравиот режим на живот на вашето куче, кренете го внимателно во раце и качете се на вага. Потоа едноставно, одземете ја вашата телесна тежина и ќе ја добиете неговата маса. Проверете која е идеалната тежина за расата на вашето куче, според табелата направена од американското здружение за спречување на здебелувањето на животните.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Не му давајте да јаде од вашата храна

    rnПрвата работа која треба да ја направите за да ја ставите под контрола тежината на вашето куче, е да престанете да му давате храна за луѓе. Миленичето можеби на почетокот ќе биде вознемирено, ќе ви се лути, а можеби и ќе ве моли со тажниот поглед во очи, да му фрлите некое мевце под трпезата. Но, доколку сакате да му помогнете со проблемот со килограмите, тогаш не треба да му попуштате. Човечката храна многу лесно се таложи на кучињата. Можеби си мислите „ако јас ја јадам, зошто да не може и моето куче?“, но неговото тело не е исто како вашето и нему не му е потребна вашата храна, си има своја.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Избегнувајте да му давате да грицка помеѓу оброци

    rnДиетата за вашето куче не мора да биде многу строга. Откако ќе престанете да му давате од вашата храна, внимавајте да не му давате многу често да грицка меѓу оброците. Почекајте да видите дали ќе има некаква промена во неговите килограми. Вие ќе можете и понатаму да го почестите зашто на пример, дента многу послушно реагирало на вашите наредби, а притоа да не внесува непотребни калории. Дајте му здрави грицки како морков или целер. Не сте сигурни дали вашето куче ќе сака да јаде морков? Обидете се, можеби ќе се изненадите од неговата реакција.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко и понатаму е доста полно вашето кутре, тогаш ќе мора да ја намалите количината на кучешка храна која му ја давате, но за ова е подобро прво да се посоветувате со неговиот ветеринар, за да не дозволите тоа да прегладнува.rn

    Избегнувајте ја диеталната кучешка храна

    rnНе користете диетална кучешка храна за поедноставно да го решите овој проблем. Основните хранливи состојки се отстранети од оваа храна, за да се намали нејзината калоричност. Проблемот се состои во тоа што, основните масти се неопходни за вашето мило животинче да има здрава кожа, убаво крзно и високо енергетско ниво. Ако сепак решите да му давате диетална храна, правете го тоа постепено, а не одеднаш. Првите денови мешајте му ја со регуларната храна која ја јаде.rn

    Носете го секојдневно на прошетка во паркот

    rnТерајте го вашето куче повеќе да вежба за да ја намали неговата тежина. Секако, тоа не значи дека треба да го носите вашето куче на едночасовна прошетка, доколку тоа досега било навикнато на 15 минути движење на ден. Исто како и кај луѓето, и на вашето куче му е потребно прво да стекне малку кондиција, за да не се исцрпува и да нема болки во телото. Постепено, од ден на ден, покачувајте ги минутите наменети за прошетка и трчање. Така, ако тоа е навикнато на 15 минути спортување дневно, тогаш покачете го ова време на 20-25 минути на ден. После една недела покачете го уште за 5-10 минути и така секоја седмица.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Терајте го да трча кога ќе му фрлите играчка

    rnВо продавниците за миленичиња, ќе најдете разнообразни играчки за кучиња. Сите играчки кои се лесно преносливи, се одлични за неговата диета. Користете топчиња, фризби, плишани играчки или некоја друга ваша омилена играчка. Фрлете ја во тревата еднаш, два пати, пет пати, сè додека вашето кученце не се растрча малку.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rn

    Шетајте го по трева и песок, а не по асфалт

    rnСекогаш земајте ја предвид површината по која вашето куче пешачи. Оние кучиња кои секогаш пешачат по тротоари и асфалтни површини, ги абат нивните зглобови и шепи. Пешачењето по трева и песок е добро за неговите зглобови, а зелената околина ментално ќе ја стимулира неговата љубопитност и ќе го направи потолерантно за подолго движење.rn

    Вежбајте го вашето куче наутро

    rnАко го терате вашето куче да вежба рано наутро, пред да јаде појадок, ефектите ќе бидат многу поголеми отколку ако вежба поручек или навечер. Однесете го на прошетка во зеленило рано наутро што ќе му овозможи да согорува калории во текот на целиот ден, дури и кога ќе одмора. Доколку ова го практикувате секој ден и вие паралелно ќе одржувате здрава линија на вашето тело.rn

    Стимулирајте го психички

    rnУпотребувајте мили зборови и погалете го вашето куче пред, за време и по вежбањето, за тоа да знае дека ја прави вистинската работа и ги исполнува вашите желби. Колку и да ве сака кучето, ако му претставува тешкотија да вежба, ќе треба повеќе да се потрудите со менталната стимулација.rnrnКаква диета му е потребна на вашето полничко куче?rnrnАко вашето куче има здравствени проблеми, слушајте ги исклучиво советите од ветеринарот. Доколку тоа е сосема здраво, а има проблем само со тежината и сакате да создадете здрави навики во неговото, а со тоа и во вашето секојдневие, тогаш правилно следејќи ги овие освети, очекувајте резултати за неколку месеци. Идеално е вашето куче, на неделно ниво да губи од 1-2% од телесната тежина.rnrnПрочитајте и како правилно да го чешлате вашето бушаво куче.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Прошетка која ги излудува мажите

    Прошетка која ги излудува мажите

    Научниците велат ако одите на улица испрчено, автоматски тоа ве прави да изгледате секси и успешно. Сите знаеме како се оди, нели? Но, истражувањата на универзитетот Queen’s во Канада покажале дека постои едноставна формула за одење која дефинитивно го задржува вниманието на другите. Која е формулата?rn

    Ви текнува на песната Walk this way од Aerosmith?

    rnТоа е успокоена верзија на одот на моделите од Victoria’s secret. Главата горе, рамениците исправени и наназад, градите нанапред. Рацете треба да се движат разлабавено напред-назад, додека колковите се движат од една кон друга страна. Тежината повеќе паѓа на вашите потпетици. Ако ви се чини дека за ваков од треба малку вежба, додека одите, во себе повторувајте ја следнава мантра: Раменици, колкови, потпетици…rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrnrnКога одот ќе почне да ви доаѓа природно додека чекорите, веќе е полесно. Комбинацијата од симетричното усогласување на вашето тело и ритмички движења е дефинитивно добитна бидејќи веднаш испраќа порака до сите оние кои се околу вас. Ваквото чекорење остава впечаток дека сте самоуверена и дека имате контрола во вашиот живот.rn

    Убиствена самодоверба

    rnОдењето на ваков начин нема само да ве направи да се чувствувате секси. Ќе се чувствувате посекси од која било жена околу вас и ќе бликате од самодоверба, бидејќи вашиот ум веднаш ќе ја „купи“ пораката што му ја праќа телото.rnrnПрошетка која ги излудува мажитеrn

    Напред за облините

    rnНикој не сака да гледа ковчесто тело и жена на која ѝ се проѕираат коските. Облините секогаш се и ќе бидат во мода. Освен што облините одлично му прилегаат на женското тело, тие даваат една неверојатно силна слика кај оној кој ве набљудува.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.