La Petite Ceinture, на македонски „Малиот појас“, е железничка линија околу Париз која денес не се користи повеќе. Долга е околу 32 километри и кружи по работ на градот. Била градена во педесеттите и шеесеттите години на 19-тиот век, а користена само до 1934 година кога луѓето почнале повеќе да ги употребуваат автомобилите и метрото. Оттогаш е напуштена, па затоа природата почнала да ја зема под своја контрола и да си го враќа она што некогаш ѝ било одземено.rnrn
rnrnДенес на оваа железничка линија живеат растенија и над 70 видови животни, главно инсекти, но и глувци, лисици и слично. Со оглед на тоа што е напуштена, Парижаните и туристите-истражувачи ја користат за прошетки по какви што Париз не е познат.rnrn
rnrnПокрај оние што сакаат прошетка на ова место каде што се среќаваат природното и урбаното, таа привлекува и графити-уметници и бездомни лица кои овде наоѓаат некаков покрив над главата. Тоа предизвикало дури и да биде основано едно прифатилиште за бездомници во еден од напуштените возови. Сепак, најубавиот дел од неа е оној каде што локалните жители направиле градини во кои се релаксираат во природен амбиент.rnrn
rnrn rnrn
rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук. rnrn






















































rnrn


















rnrn
rnrn
rnrn














