КАФЕ ПАУЗА

Tag: прошетка

  • 30 предизвици за 30 дена!

    30 предизвици за 30 дена!

    Велат дека за да создадете нова навика потребни се 30 дена. Самиот процес не е баш наједноставен, потребни се одлучност и посветеност, особено ако сакате некоја стара навика да ја замените со нова. Но, кога станува збор за подобрување на некои аспекти на нашиот живот и работење на тоа да бидеме сè подобри личности, тогаш трудот дефинитивно вреди!rnrnРазмислете добро каква личност сакате да бидете за 5 години од сега, кои доблести сакате да ги поседувате, а кои навики да ги отстраните. Изберете го вашиот предизвик и бидете доследни 30 дена, затоа што времето секако поминува без разлика дали ни се допаѓа тоа или не. Па тогаш, зошто да не го искористите месецот пред вас за животна промена? На крајот на краиштата, не мора да биде некоја животна промена, можеби редно е да најдете време секој ден за нешто во коешто уживате. Еве некои интересни идеи кои можеби ќе се најдат на вашиот список.rnrn30 предизвици за 30 дена!rnrn1. Пишувајте по една убава порака за некој што го сакате. Сигурно има барем 30 нешта што ги сакате кај драгата личност. Искористувајте по една за вашите пораки секој ден во наредниот месец.rnrn2. Секој ден нова фотографија! Не дозволувајте прекрасните моменти да поминат незабележни, овековечете ги.rnrn3. Одвојте време за љубов кон самите себе и научете да се сакате со сите доблести и недостатоци.rnrn4. Разговарајте со непознат. Ќе ја победите срамежливоста, а можеби и ќе наидете на некоја несекојдневна приказна.rnrn5. Размислете повторно за некои ваши верувања и запрашајте се дали сè уште стоите зад нив. Ако не, можеби е време за реевалуација на она во коешто верувате.rnrn6. Одвојте 30 минути за прошетка!rnrn7. Пробувајте нов рецепт секој ден. Најблиските сигурно ќе се израдуваат.rnrn8. Откажете се од алкохол во наредните 30 дена. Можеби е најдобро да се одлучите за овој предизвик откако ќе завршат куќните слави. :)rnrn9. Отсекогаш сте сакале да напишете роман? Ве предизвикуваме, 50.000 зборови за 30 дена!rnrn10. Искористете го вашиот талент за сликање и научете некоја техника во наредниот месец. А и да не сте многу талентирани, кој вели дека мора да имате талент за да си играте со бои?rnrn11. Гледајте документарец секој ден и проширете ги вашите знаења.rnrn12. Прочитајте неколку страни од вашиот омилен роман.rnrn13. Одберете тема или вештина којашто сакате да ја совладате еден ден и одвојувајте време секојдневно во нејзино изучување.rnrn14. Офлајн цели 30 дена! Без Фејсбук, Твитер, вести, телевизија… само вие и вашето слободно време. Ограничете го протокот на информации, изберете неколку омилени сајтови (не ја заборавајте Кафе пауза 🙂 )  и пробајте да живеете едноставно.rnrn15. Имате лоша навика од која навистина сакате да се ослободите? Одложувањето нема никако да помогне, така што, соберете сили и преминете на дело. Ние целосно ве поддржуваме!rnrn16. Инспирирајте се! Некоја добра песна, инспиративно видео, нова мантра за време на вашата медитација, што и да е, само да го одржува вашиот дух. Инспиративните и креативни луѓе се докажано посреќни.rnrn17. Водете дневник, 30 дена без отстапка. Ова е одличен филтер за вашите насобрани емоции, а и секогаш ќе имате прекрасно место за да се навратите на убавите спомени.rnrn18. Цел месец без ниту една лага? Ова сигурно е еден од најтешките предизвици на листата, но можеби конечно ќе научите да го кажете она што ви лежи на душа на начин на којшто нема да ги повредите луѓето околу вас.rnrn19. Будете се рано секој ден. Докажано е дека организмот најдобро функционира кога имате точно одредено време за легнување и станување. Потрудете се барем наутро да станувате во приближно исто време секој ден.rnrn20. Победете ги конечно вашите стравови! Се плашите да му се спротивставите на шефот, цел живот ги избегнувате лифтовите или пак не погледнувате од балкон доколку се наоѓате повисоко од втори кат? Време е да се соочите со стравовите, со по еден секој ден.rnrn21. Медитирајте.rnrn22. Секој ден, направете нешто хумано и од срце, нешто што нема корист за вас воопшто, а многу би им помогнало на другите.rnrn23. Сигурно има мал милион работи во вашиот дом кои треба да се поправат, преместат или едноставно да се фрлат. Менување на прегорената светилка или поправање на чешмата што капе се мали задачи кои нема да ви одземат премногу време, а ќе направат веднаш да се чувствувате подобро.rnrn24. Организирајте си филмски маратон – којшто ќе трае 30 дена. Сите филмови што некогаш сте сакале да ги гледате, а сте немале време, омилените филмови што би ги гледале пак, а и оние за коишто сте сигурни дека не се ваш жанр, но би било добро да ги гледате заради проширување на видиците.rnrn25. Сменете го ставот и наредниот пат кога ќе ве прашаат како сте, одговорете – прекрасно! Уште подобро, во наредните 30 дена користете само позитивни зборови кои ќе измамуваат насмевки и ќе направат да се чувствувате одлично.rnrn26. Споделете го вашето знаење или некоја ваша вештина со луѓето околу вас и научете некого по нешто секој ден.rnrn27. Создадете нешто сосема ново во наредните 30 дена. Во секој од нас се крие креативна душа и сите имаме некој талент кој можеме да го развиеме. За што и да се одлучите да направите, по нецел месец ќе имате нешто ново и целосно ваше!rnrn28. Исплатете некој долг што одамна ве мачи и во наредните месец дена потрудете се да не должите никому ништо.rnrn29. Точно е дека секоја врска треба да се одржува и некогаш е потребна напорна работа за односите да останат добри, но доколу постои личност во вашиот живот којашто постојано ве повредува, можеби е редно време да ја оставите во минатото.rnrn30. Одвојте 10 минути секоја вечер пред спиење и размислете за сè она што ви се случило во текот на денот.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Кога ќе останете без струја…

    Кога ќе останете без струја…

    Со дождовите и грмотевиците, сведоци сме дека домаќинствата често, по цели вечери остануваат без електрична енергија. Ретко сме подготвени за овие ситуации, па се нервираме и се прашуваме како сега без интернет, телевизија… Но, речиси сите имаме по дома батериски ламби, свеќи, а во некоја од фиоките ни се и старите подзаборавени игри. Имајќи го сето ова предвид, ви сугерираме неколку работи за следниот пат кога ќе останете без струја, а за кои ви се потребни:rn

      rn011

    • Батериски ламби
    • rn011

    • Свеќи
    • rn011

    • Кондоми
    • rn011

    • Книги
    • rn011

    • Пенкало, молив, хартија
    • rn011

    • Топла вода
    • rn011

    • Алкохол и грицки
    • rn011

    • Шпил карти, табла, монопол…
    • rn011

    • … И секако вашите електронски гаџети.
    • rn

    rnКога ќе останете без струја...rnrn1. Една од опциите е да ги повикате пријателите или соседите и на светлината што ќе ја обезбедите од батериските ламби или свеќите, да изиграте по некоја партија бриџ, монопол, табла… (во зависност од она со што во моментот располагате)rnrn2. Ако батеријата на вашиот лаптоп е полна и веќе сте симнале или изнајмиле некое филмче, вистинско време е да го погледнете.rnrn3. Темницата можете да ја искористите и за да раскажувате страшни приказни или едноставно да уживате во долги разговори и евоцирање спомени со семејството или пријателите.rnrn4. Ваквата атмосфера е добра и за опуштање со добра чашка алкохол. Слободно опијте се, и онака не морате да одите никаде.rnrn5. И сексот е опција. Ако останете сами со партнерот, искористете ја приликата, запалете свеќи и уживајте еден во друг.rnrn6. Ако имате обезбедено доволно алтернативна светлина, прочитајте и некоја страница од книгата која веќе сте ја започнале или пак, започнете нова.rnrn7. Романтичарите можат да излезат на прошетка, независно дали надвор врне дожд (без грмотевици) или не. Во првиот случај, во глувото доба ќе можете да уживате во звукот на капките, а во вториот, во ѕвезденото небо. Понесете го и фотоапаратот и креирајте нови спомени. Можете да направите и некое крукче со автомобилот, под услов да бидете исклучително внимателни, бидејќи сообраќајната сигнализација во вакви услови може да не функционира во целост.rnrn8. Ако сте во можност, направете си топла купка и опуштете се под слабата светлина на свеќите, кои добро би било кога би биле миризливи. Искористете ги вашиот телефон, ајпод или лаптоп. Доколку им се полни батериите, пуштете си малку релаксирачка музика.rnrn9. Можеби тишината ќе ја разбуди и креативноста во вас, па ќе напишете или насликате нешто. Не мора да пишувате роман, но можете да се обидете да направите план и да го организирате месецот или барем претстојната недела. Ако имате уметнички склоности, не штедете ја хартијата.rnrn10. Ако не ви се прави ништо од ова, ве советуваме да си легнете и убаво да се изнаспиете. :)rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Магична прошетка низ Лос Анџелес

    Магична прошетка низ Лос Анџелес

    Инспириран од љубовта кон својот роден град, фотографот Колин Рич го создал ова прекрасно дело со кое нè води на возбудлива прошетка низ улиците на Лос Анџелес. Покрај прикажувањето на бројни спектакуларни глетки од Градот на Ангелите, Колин во своето видео се обидува и да си поигра со транзицијата од ден кон ноќ во градот.rnrnМагична прошетка низ Лос Анџелесrn
    rn

    „Никогаш нема да ми здодее сликањето на транзицијата од ден кон ноќ во градот додека хоризонтот на исток е обоен во пурпурна боја, а халогенските светилки кои трепкаат во далечината полека ја совладуваат сè послабата сончева светлина,“ вели тој.

    rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Соочување со најголемиот страв

    Соочување со најголемиот страв

    Кој е вашиот најголем страв? Сте се запрашале ли некогаш зошто се плашите токму од тоа во тој степен и дали сте преземале нешто за да го надминете?rnrnСоочување со најголемиот стравrnrnЛинда Харисон имала фобија од змии. Нејзиниот страв бил толку голем што дури и кога ќе видела змија на телевизија, морала да ги затвори очите или да излезе од просторијата за да избегне напад на паника.rn
    rn

    „Знам дека звучи патетично и ирационално, но дури и самата помисла на змии прави да треперам од страв.“

    rnТаа решила да се соочи со својот страв со помош на работилница каде што ќе треба да одржува одредени јога положби во соба полна со змии. Станува збор за час по „Kumara Serpent Healing“, кој е многу сличен на традиционалната јога, но на крај сите кои учествуваат имаат шанса да погалат змија. Овој курс се наоѓа во „Центарот за јога, медитација и многу повеќе од тоа“ во Лондон, Англија.rn
    rn

    „Часот беше многу напорен и се работеше многу брзо. Една јога положба, сигурно претпоставивте дека е наречена кобра, беше проследена со многу склекови. Но, болката која ја чувствував ми помогна да не размислувам на змиите во просторијата. Имаше и неколку чудни положби при кои се чувствував како идиот, но според инструкторката Квали Кумара, тие требаше да го трансформираат нашиот страв во љубов.“

    rnПо 2 напорни часови поминати во вежбање, целата група застанала во круг. Линда сè уште била преплашена од змиите и покрај изјавувањата на Квали Кумара дека се пријателски настроени.rn
    rn

    „Земав воздух длабоко, ја испружив раката и допрев една змија, кралски питон. Таа се завитка околу мојата рака и почна да се движи накај моето рамо. Успеав да издржам контакт со сите 17 змии во просторијата и со секоја од нив се чувствував сè посигурно и повеќе под контрола на ситуацијата.“

    rnМожеби ќе ви звучи чудно и невистинито, но по сè ова Линда успешно ја совладала својата фобија. Доколку и вие имате некаков страв или фобија која ви пречи во нормалното функционирање во текот на денот, погледнете ги овие неколку совети кои ќе ви помогнат полесно да се изборите со нив:rnrnСоочување со најголемиот стравrn

      rn011

    • Дајте си слободно време. Одвлечете си го вниманието од стравот така што ќе излезете на воздух. Прошетајте 15 минути во најблискиот парк. Доколку не сте во можност да излезете направете си чај кој ќе ви помогне да се смирите. Никако не дозволувајте им на емоциите да преовладуваат со вас, бидејќи има големи шанси потоа да не можете да ги контролирате.
    • rn011

    • Размислете што би било најлошото нешто што може да се случи. Ако имате лист и пенкало во близина почнете да ги запишувате сите мисли кои ви поминуваат низ глава и потоа прочитајте ги. Дури и да ви се оствари најлошото сценарио, големи се шансите дека ќе останете живи. 🙂
    • rn011

    • Изложувајте се себеси на стравот. Ако се соочувате со него, тој ќе почне да бледнее бидејќи вашиот мозок ќе почне да сфаќа дека навистина не е толку страшно колку што сте мислеле претходно. Не мора одеднаш да се соочите целосно со стравот. Смислете си неколку помали предизвици кои ќе ги надминувате на дневна база.
    • rn011

    • Визуелизирајте. Кога ќе се почувствувате нервозно, затворете ги очите, замислете си мирно и безбедно место (плажа, вашиот кревет…) и дозволете им на позитивните чувства да ве смират.
    • rn011

    • Разговарајте отворено за вашите стравови. Споделете ги со најблиските и објаснете им детално кога се јавуваат тие и што е потребно да направите за да се смирите. Овие разговори многу често влијаат смирувачки на личноста и помагаат при полесно прифаќање на стравовите.
    • rn011

    • Наградете се себеси. При секое успешно соочување и надминување на вашите стравови дозволете си масажа, прошетка во природата или пак, направете си го вашето омилено кафе.
    • rn

    rn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    Кога патувате низ светот, покрај со различните луѓе и обичаи, голема е веројатноста да се сретнете и со најразлични закони – некои премногу строги, други глупави, трети смешни… Но, какви и да се, штом се закони, треба да се почитуваат, бидејќи нивното непочитување може значително да го олесни вашиот паричник, а не е исклучена ниту можноста да завршите зад решетки.rnrnСписанието Travel&Leisure направи список на 10-те најдосадни закони, со кои се судираат недоволно информираните туристи:rn

    1. Гренада – забрането е шетање во бикини!

    rnНа плажа, може да си лежите во бикини колку ви душа сака, но немојте ниту да помислите да тргнете во прошетка, без претходно, преку нив да наметнете уште нешто. Казната за овој „грев“ изнесува 270 долари, но по настојување на локалниот туристички одбор, властите не го применуваат премногу овој закон.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    2. Данска, Чешка – задолжително вклучете ги автомобилските светла!

    rnОд неодамна и ние можеме да се пофалиме со овој закон. Значи, како во овие европски земји, така и во Македонија возењето со запалени светла на автомобилите е задолжително, без оглед на сезоната или времето. Иако изгледа по малку чудно, сепак има разумно објаснување за тоа – истражувањата покажале дека возењето со вклучени светла значително ги намалило инцидентите во сообраќајот, бидејќи возачите навремено го забележуваат возилото, кое им се приближува од спротивната страна.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    3. Германија – забрането застанување на автопат!

    rnДа снемате гориво на автопат во Германија е строго забрането. 🙂 Ако од какви било причини го сопрете вашиот автомобил, бидете подготвени да се соочите со строгите сообраќајни критериуми во земјата. Истите важат и за пешачењето по перфектните германски автопати, кое исто така, е строго забрането! Затоа, ако се подготвувате за пат во оваа земја, претходно добро наполнете го резервоарот, затоа што запирањето чини безмалку 100 евра, а пешачењето уште толку.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    4. Италија – не ги хранете гулабите!

    rnВо Венеција забраната за хранење на гулабите е еден совршено логичен закон, бидејќи со намножувањето на овие птици, прекрасните венецијански дворци се преплавуваат со нивниот измет, а чистењето чини многу пари. Така што, ако ве фатат како го делите вашиот сендвич со гулабите на плоштадот Св. Марко, ќе мора да се простите од околу 60 долари. Ако пак, го повторите делото, може да добиете и неколку пати „посолена“ казна, односно одморот ќе ве чини дополнителни 600 долари.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    5. Канада – ограничено е плаќањето со жолти центи

    rnНасекаде во светот парите си се пари, независно од нивната номинална вредност, но не и во Канада. Локалните закони определуваат колку максимум монети може да користите за плаќање на сметката. Целта за ваквото ограничување е да не им го губите времето на касиерите, продавачите или келнерите со бескрајно броење на жолтите центи.rnrnНо, може да се каже дека законот не е баш прецизен. Во него стои дека клиентот може да плати „соодветна сума“ во центи, но никаде не пишува колку изнесува таа „соодветна сума“. Колку монети се премногу, не е јасно прецизирано. Нема казна за овој грев, но продавачот во некој маркет може да одбие да ви продаде нешто, ако смета дека му давате премногу ситни парички.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    6. Москва – исперете ги автомобилите или платете казна

    rnПогрижете се за чистотата на вашиот автомобил кога сте во Москва или ќе се судрите со законот. Внимавајте и на изгледот на вашата возачка дозвола, зашто и таа може да ви создаде проблеми. Но, никаде не пишува колку тие треба да бидат валкани за да заработите казна – тоа е оставено на проценка на „компетентните органи“. Како и да е, внимавајте, бидејќи казната изнесува 100 долари!rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    7. Обединети Арапски Емирати – забрането е конзумирање храна на јавни места за време на Рамазан!

    rnАко патувате во ОАЕ за време на Рамазан, бидете исклучително внимателни. Јадењето на улица во светиот дел од денот може да ве чини многу. Може дури и да се најдете зад решетки, како двајца британски туристи, кои се дрзнале да го нарушат строгото муслиманско правило, регулирано со закон. Наместо на плажа, поминале три седмици во затвор. Друг поданик на кралицата пак, платил 275 долари, бидејќи непретпазливо испил сок на јавно место.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    8. Франција и Англија – никакви бакнежи на железничките станици!

    rnСпоред многумина, романтиката на француските железнички станици била „погребана“ во 1910 година. Оттогаш бакнувањето за збогување на перонот е забрането со закон! Всушност, законот е прифатен за да обезбеди почитување на возниот ред и не е предвидена казна за прекршителите на ова необично правило.rnrnСепак, службениците имаат право да ве замолат да се повлечете на посебно означено место за бакнување, кое се наоѓа близу до паркингот… Вам сигурно ви звучи чудно, но на некои Британци очигледно им се видело добро смислено, па забраната ја вовеле и на дел од островот.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    9. Тајланд – казна ако сте разголен до половината додека сте зад воланот!

    rnДа ја соблечете кошулата во тропските горештини на азиската држава можеби изгледа како добра идеја, но внимавајте – казната за такво „освежување“ е 10 долари.rn

    Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

    rn

    10. Сингапур – строго со мастиките

    rnЏвакањето мастики, плукањето по улиците и хранењето на птиците се апсолутно забранети на островот Сингапур! Всушност, непријатности може да навлечете и ако заборавите да пуштите вода во тоалетот. Законот, кој го забранува сето ова, е донесен исклучително заради естетски причини, бидејќи не е пријатно да се шетате по улици, покриени со нечии исплукани мастики и птичји измет. Уште погрозно е да влезете во нечист тоалет…rnrnОва строго правило претрпело мали измени во 2004 година, кога било дозволено џвакањето на никотинските мастики „Nicorette“.  Но, ништо и од ова, ако со себе не го носите рецептот со кој докторот ви го препишал средството против пушење тутун. Локалните лекари пак, се задолжени да водат списоци на сите пациенти, на кои им ја препишуваат ваквата терапија.rnrnЧудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристиrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Утринска прошетка на умот

    Утринска прошетка на умот

    Викендот помина и повторно нѐ очекува уште една напорна работна недела. Наместо да очајувате и со нетрпение да го чекате следниот викенд, започнете ја со свежина оваа работна седмица, набљудувајќи ги овие фасцинантни пејзажни фотографии, кои ќе ви го ослободат умот од грижи. Утринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотЗа љубителите на добрата фотографија каква што е оваа, можеби овие магични уметнички дела ќе ги инспирираат да го избришат фотоапаратот од насобраната прашина и да тргнат во потрага по нешто уште поубаво од ова. Имајте пријатна работна недела, драги кафепаузаџии. 🙂Утринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умотУтринска прошетка на умот
    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Еднодневна прошетка во магичната Венеција

    Венеција се наоѓа во североисточниот дел на Италија и е составена од 118 мали острови кои се одвоени со канали, но се споени меѓу себе со мостови. Овој град најмногу е познат по убавината на средината, уникатноста на архитектурата и неверојатната уметност.rnrnЕднодневна прошетка во магичната ВенецијаrnrnПогледнете го ова кратко видео кое одлично ги доловува овие магични карактеристики на Венеција.rnrnrnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Пролетна прошетка во Охрид

    Пролетна прошетка во Охрид

    Охрид во пролет смирува, мотивира и инспирира. Со оваа мала галерија го доближуваме цутењето на пролетта во Охрид поблиску до вас, со цел да ви помогнеме да ја впиете целата позитивна енергија која ја носи овој прекрасен град.Пролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во ОхридПролетна прошетка во Охрид
    rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 5 трикови да го победите уморот на работа

    5 трикови да го победите уморот на работа

    Многумина од нас, особено во попладневните часови, се чувствуваме изморени на работното место. Како најбрзо решение, посегнуваме по нешто благо кое мислиме ќе ни ја врати изгубената енергија и волјата за работа. Други пак, спасот за уморот го пронаоѓаат во шолја кафе и пијалаци кои содржат кофеин. Сепак, слатките и кафето имаат краткотраен ефект кој воопшто нема да ни помогне, а наредниот ден повторно ќе се чувствуваме уморни.rnrn5 трикови да го победите уморот на работаrnrnСпоред стручњаците од оваа област, постојат 5 трикови кои ќе ни помогнат полесно да се справиме со уморот на работното место.rn

    Добар сон

    rnБидејќи многу од обврските не можеме да ги завршиме преку ден, ги оставаме за навечер како најпогодно време да се посветиме на сите работи што ни заостанале. Занесени во работата, не ни забележуваме дека времето летнало за час и повторно си легнуваме доцна во ноќта. Непроспиените ноќи можат многу да се одразат на утрешниот работен ден. Тоа што сте пропуштиле да отспиете претходната ноќ, телото ќе мора да го надополни преку ден. Затоа, за да бидете свежи и спремни за работа, обидете се секој ден да отспиете минимум 8 саати.rn

    Внимавајте на исхраната

    rnДенот се познава по утрото, па така и работниот ден ќе зависи од тоа што сте појадувале. Доколку имате квалитетен појадок, во текот на денот помалку ќе сте уморни од оние кои не појадувале. Исто така се препорачуваат мали и хранливи оброци распоредени во чести интервали во текот на денот.rn

    Кафе и шеќер

    rnКафето и сите слатки нешта богати со шеќер ќе ви дадат енергија која ќе трае многу кратко, за потоа повторно да ве совлада здодевниот умор. Наместо тоа, благите работи можете да ги замените со крекери со сирење. Јадењата богати со протеини како јајцата и туната, исто така се одлични борци против уморот.rn

    Прошетка за време на паузата

    rnСекогаш кога можете, без разлика на временските прилики, искористете да прошетате на свеж воздух. Кратката прошетка ќе ви ја подобри концентрацијата на работното место, која опаѓа особено во попладневните часови.rn

    Распоред на обврските

    rnМногу е важно како ќе ги распоредиме дневните обврските. Од нашата организација, зависи дали работниот ден ќе ни биде ефективен и полн со енергија, или едвај ќе чекаме да си отидеме дома. Најдобро е најобемните работи да ги започнеме наутро, кога сме и најодморени. Додека оние работи кои ни се интересни и не толку обемни, да ги оставиме за попладневните часови. Стручњаците за оваа област, исто така препорачуваат да комуницирате со колеги кои имаат позитивна енергија.rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 24 часа во Њујорк

    24 часа во Њујорк

    Прошетајте го  прекрасниот Њујорк во нешто помалку од 6 минути. Интересно видео кое ни го доловува начинот на живот, енергијата и разновидноста во овој неверојатен град. rnrn24 часа во ЊујоркrnrnДоколку некогаш планирате да го посетите, ова видео ќе ви направи една кратка тура, за да се запознаете со едно негово деноноќие. Уживајте во прошетката.rnrnrn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.