КАФЕ ПАУЗА

Tag: прошетка

  • Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Зошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?

    Кратката прошетка после јадење од околу само две минути може да помогне во намалувањето на нивото на гликоза во крвта и со тоа да го намали ризикот од развој на дијабетес тип 2.rnrnЗошто е важно да отидете на кратка прошетка по секој оброк?rnrnИстражувањето спроведено на Универзитетот во Лимерик во Ирска исто така покажало дека најдобро време е да се отиде на прошетка во рок од 60 до 90 минути по јадење. Во овој период, нивото на гликоза во крвта е на максимално ниво. Дополнително, ова истражување покажало и дека прошетката после оброк дава дополнителни придобивки, особено ако е подолга.rnrnИмено, после оброк, гликозата се ослободува во крвотокот, што резултира со мало покачување на нејзиното ниво во крвта. Иако малите скокови не се абнормални, одржувањето на нормалното ниво на гликоза е од суштинско значење во управувањето со дијабетесот, а мускулите се оние кои го апсорбираат вишокот на гликоза од крвотокот. Прошетката после вечерата исто така ослободува серотонин, кој придонесува за подобро спиење, го регулира апетитот, го поттикнува позитивното размислување и ја подобрува меморијата.rnrnПрошетката после јадење има многу придобивки. Без разлика дали имате висок крвен притисок или дијабетес, кратката прошетка по оброкот ќе го подобри вашето целокупно здравје преку:rn

      rn 011

    • регулирање на функцијата на цревата
    • rn 011

    • оптимизација на лимфниот систем
    • rn 011

    • подобрување на циркулацијата
    • rn 011

    • ослободување на „хормонот на среќата“.
    • rn

    rnВажно е пешачењето да ви биде удобно и да стане вашата омилена активност, па дури и забава.rnrnОткако прочитавте за придобивките од пешачењето по секој оброк, можеби ќе сакате да прочитате и дали пешачењето може да го замени вежбањето.rnrnИзвор: ljepotaizdravlje.hr

  • Ова куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркот

    Ова куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркот

    Секое утро ова кученце ја напушта куќата само, се качува во автобусот и оди во паркот за да се дружи со другите кучиња. Кучето Еклипс станало омилено помеѓу патниците, а некои дури ја нарекувале и независна жена. Еклипс секој ден чека трпеливо на автобуската постојка пред нејзината куќа, а кога ќе пристигне автобусот, таа се качува и секогаш е поздравена од обожавателите.rnrnОва куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркотrnrnОва куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркотrnrnОва куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркотrnrnОва куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркотrnrnОва куче секојдневно само се качува во автобус за да отиде на прошетка во паркотrnrnПрочитајте и за овој велосипедист кој пронашол бездомна мачка која решил да ја носи на патување низ светот.

  • Есен во Амстердам

    Есен во Амстердам

    Амстердам е магичен град. Оваа метропола што всушност наликува на мало и пријатно селце е едно од најубавите места на планетата Земја, особено во текот на есента. Додека шетате низ Амстердам, ќе имате чувство како да не сте на овој свет. Токму затоа и решивме да ги споделиме со вас фотографиите на еден неверојатен фотограф што ќе ви помогнат барем виртуелно да прошетате на ова незаборавно место.rnrn rnrn 

  • Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума има позитивно влијание на нашиот имунитет

    Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума има позитивно влијание на нашиот имунитет

    Шетајќи низ шума, барем еднаш во животот, сигурно сте уживале во убавините на прекрасната природа. Поради тоа, многумина одбираат да живеат во шуми или во нивна близина. Секој слободен момент луѓето го користат да заминат до најблиската планина. Некои се дуеи и поекстремни, па се одлучуваат на далечни патувања во егзотичните прашуми во Јужна Америка, како оние во Костарика или Еквадор. Шумите имаат специфична енергија во себе која на човекот му дава посебна сила и мир. Научници од Јапонија откриле дека тамошната традиција којашто се нарекува Шинри-иоку или „капење во шума“ има силно влијание врз луѓето, а причините за тоа се од биохемиска природа. Имено, научниците откриле дека престојот во шума го подобрува нашиот имунитет, којшто е важен за спречување на појава на ракот или други хронични болести.rnrn(2) Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума го штити два месеца нашиот имунитетrn

    Како се случува таквото влијание на шумата врз организмот на човекот?

    rnКога научниците ги тестирале луѓето пред и по двочасовната прошетка во шума, кај осум од девет испитаници, пронашле 50 проценти и повеќе T-клетки. Имале понизок крвен притисок, чувствувале смиреност и имале јасни мисли. Шумските дрвја и билките емитуваат антимикробни органски материи, кои се нарекуваат фитоциди, за да се изборат против габите и бактериите, кои можат да бидат проблем за здравјето на нашиот организам, а ниту дрвјата и растенијата не ги сакаат. Шумските стебла се стари стотици или илјадници години. Дрвјата и другите билки ја усовршиле заштитата, односно спојувањето на материите кои ги убиваат штетниците.rnrn(1) Јапонците нè учат: Половина час во длабока шума го штити два месеца нашиот имунитетrnrnКога човекот се шета низ шума, се соединува со овие компоненти, а ефектот од една таква прошетка трае околу два месеца. Замислете си дека додека се шетате низ шумата, вие се капете во нејзиниот природен имунитет. Токму затоа не чекајте и искористете го викендов кој следува за мирна прошетка во некоја од околните (или подалечните) шуми!

  • 5 одлуки за кои никогаш нема да зажалите

    5 одлуки за кои никогаш нема да зажалите

    Животот се движи со брзо темпо. Работата, разните активности и случувањата често нѐ спречуваат да се фокусираме на најважните делови во животот. Континуираното пропуштање на можноста да си помогнеме на самите себеси или на другите веќе станува норма. Но, животот не мора да биде толку комплициран. Одлуките кои ги носиме денес создаваат сеќавања на кои ќе се навратиме во иднината. Ова се 5-те одлуки за кои никогаш нема да зажалите што сте ги направиле.rnrn5 одлуки за кои никогаш нема да зажалитеrn

    1. Прошетка со некој кој го сакате

    rnКога одите и разговарате со некој кој ви е важен во животот доаѓа до длабоко поврзување на емотивно ниво. Се чувствувате како грижите да исчезнуваат, мирот да се појавува и надежта повторно да се раѓа. Единствената прошетка за која ќе зажалите е онаа на која нема да отидете.rn

    2. Испраќање рачно напишани пораки

    rnБлагодарноста е клучот кој ја отклучува радоста. Кому последно сте му се заблагодариле? Чинот на испраќање рачно напишана порака ја покажува вашата искреност и претставува нешто што се цени и чува засекогаш.rn

    3. Насмевка

    rnСмеењето го подобрува вашето здравје и расположение и ве прави уште попривлечни. Вашата насмевка е заразна и ви дава можност да го поправите како вашиот, така и денот на некој друг. Никогаш не знаете низ што поминува таа личност во тој момент и можеби токму вашата насмевка е тоа што ѝ е потребно за да се почувствува подобро, важно и ценето.rn

    4. Поттик и охрабрување

    rnПоголемиот број луѓе често се соочуваат со тешки ситуации и предизвици: физички, финансиски, деловни, емоционални… Запомнете дека, без оглед на она што се случува, секому му е потребен поттик, охрабрување и мотивација во животот.rn

    5. Вежбање

    rnВашето физичко здравје го одредува квалитетот на вашиот живот. Ако одлучите да вежбате, тоа ќе ви ја обезбеди потребната сила за да совладате сѐ што ќе ви застане на патот кон исполнувањето на вашите цели. Можеби малку ќе ве демотивира напорот кој треба да го вложите, но никогаш нема да зажалите од резултатот.rnrnЖивотот е краток. Дали ќе дозволите во последните мигови жално да се сетите на сите пропуштени шанси низ годините кои изминале или ќе се насмеете од уво до уво? Изборот е ваш.

  • Топ 10 најлуди начини за да согорите калории

    Топ 10 најлуди начини за да согорите калории

    Денес, поголемиот дел од луѓето се опседнати со бројот на калории. Склони сме да „полудиме“ од пресметките за тоа колку калории консумираме, колку трошиме и колку да согориме. Се прашуваме како да согориме калории брзо и лесно…rnrnСекоја активност која бара извесна количина на енергија ќе согори калории. Со интензивниот тренинг се согоруваат вишокот калории кои сме ги консумирале и на тој начин телото се бори со масните наслаги. Но, за жал, поголемиот дел од луѓето немаат многу слободно време за да се посветат на вежбањето.rnrnПа, како да согорите калории? Еве неколку најлуди начини да согорите калории. Погледнете, пробајте, но имајте на ум дека ниту една од овие активности не може да биде добра како интензивното вежбање.rnrnCouple pushing up on floorrn

    Факт 1:

    rnКажете добар виц и смеете се заедно со вашите пријатели од 5 до 10 минути. Ќе согорите околу 40 калории.rn

    Факт 2:

    rnБидете романтични. Забавата во спалната соба од 30 минути може да ви согори повеќе од 200 калории.rn

    Факт 3:

    rnСтрасниот бакнеж за момент може да согори скоро 5 калории. Секако, сè зависи од тоа колку страстен бил тој бакнеж.rnrn2-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

    Факт 4:

    rnАко имате навика постојано да џвакате гума за џвакање, имајте на ум дека тие согоруваат 11 калории на час.rn

    Факт 5:

    rnАко сте поминале еден час допишувајќи се со својот партнер, тогаш сте согореле 40 калории.rn

    Факт 6:

    rnОднесете го вашето милениче на прошетка и лесно ќе согорите 200 калории за еден час.rnrn3-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_rn

    Факт 7:

    rnГушкањето исто така согорува калории, 60 минути – 60 калории.rn

    Факт 8:

    rnЛуѓето кои се постојано во движење, имаат тенденција да согоруваат за 25% повеќе калории од оние коишто цело време седат.rn

    Факт 9:

    rnТанцувањето од 15 минути може да согори повеќе од 75 калории.rn

    Факт 10:

    rnКога одите во маркет, запомнете го ова: туркањето на количката во рок од 30 минути може да согори скоро 100 калории.rnrn4-top-10-najludi-nachini-za-da-sogorite-kalorii-www.kafepauza.mk_

  • Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Како високите потпетици може да го уништат вашиот прв состанок?

    Сакате да се претставите како автентична дама со стил, да му оставите впечаток и да се чувствувате секси. Можеби високите потпетици се добри за вашата самодоверба и транспарентност, но дали некогаш навистина сте морале да одите со нив? И внимателно да го надгледувате секој чекор за вашата штикла да не се заглави помеѓу плочките (ако тие се ситни, бидејќи тоа е вистинска спортска дисциплина), во секој момент да се придржувате до оној кој е до вас за да одржите рамнотежа и на некој начин да поминете дупло поголема далечина од реалната, бидејќи вложувате поголем напор од оние кои не мора да балансираат.rnrn1-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    1. Вие сте повисоки од него

    rnУпс, 15 см се премногу високи. И тој ве гледа налутено. Се обидува да оди малку понапред или поназад од вас, а вие се обидувате да го фатите за рака, бидејќи на жена со високи потпетици ѝ е потребна силна машка потпора. Прашање е колку тој има чувство за вашата урбана дамска ранливост, а може едноставно се чувствува неудобно што не може да ве гледа малку одозгора, како што е редот.rn

    2. Изгледате неадекватно

    rnИзлегува дека тој ве однел на неговото омилено место, а таму никој не е дотеран и вие едноставно се издвојувате. Премногу сте елегантни за место на кое сите се опуштени, не поради тоа што не се грижат за себе, туку поради амбиентот во кој се наоѓаат. Вие се чувствувате толку неадекватно што сакате да заминете дома и да се пресоблечете или пак да ја најдете најблиската продавница и да купите балетанки. Може да побарате да одите на некое друго место или да го спроведете горенаведениот план. Состанокот е пропаднат, затоа што вие се чувствувате лошо, но прашање е како тој ќе се однесува и дали ќе има разбирање околу тоа. Ако тоа му е забавно, кој знае, може со задоволство ќе се сеќавате на тој состанок.rnrn2-kako-visokite-potpetici-mozhe-da-go-unishtat-vashiot-prv-sostanok-www.kafepauza.mk_rn

    3. Романтична прошетка – лоша идеја

    rnМомчето е романтично и мислело на сите ситници. После лесната вечера со вино, тој сакал малку да прошетате. Лесната прошетка после вечерата требало да овозможи лежерен разговор и воспоставување на таа комуникација која произлегува од удобно поминатото време и бришењето на почетната напнатост. Одлична идеја. Но, вие не сте во можност да шетате, бидејќи одењето во штикли претставува напор, концентрација и предизвик, а удобната прошетка е невозможна кога постојано внимавате да не се сопнете. Покрај тоа, кој е во состојба да шета половина час одејќи на прсти?rn

    4. Цело време мислите на вашите обувки

    rnСе облековте за седење и прекрстување на нозете и сега ви е криво бидејќи не можете да прошетате, како и што делувате вкочането во негово присуство во атмосфера во која баш ви било удобно да одлучевте поинаку да се облечете. И така, наместо навистина да се опуштите, бидејќи тоа е единствено нешто што може да го направите додека седите, вие размислувате за моментот кога одлучувавте дали да одите со оние пониските чевли на платформа, кои ви се многу удобни и овие елегантни сандали и како победила желбата да оставите впечаток наместо да ја послушате интуицијата.

  • Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

    Викенд книга: „Прошетка по облаците“ – Ева Мари Еверсон

    Што кога човек ќе ја изгуби волјата да продолжи понатаму?

    rn

    Наша оцена: 8/10

    rn

    Ваша оцена: [ratings]

    rnrnvikend-kniga-proshetka-po-oblacite-eva-mari-everson-kafepauza.mkrnrnОвој викенд нашиот предлог за вас е оваа прекрасна и возбудлива прошетка по облаците, инспирирана од вистинска приказна. Станува збор за еден прекрасен, возбудлив живот каде цути љубовта, кој одеднаш се претвора во кошмар. Колку брзо можат да се разрушат сите наши идеали? Само за секунда, со еден куршум длабоко во ноќта и една жена која не знае што со себе после тоа…rnrn


    rn

    Доделуваме 2 книги во соработка со Издавачката куќа Сакам книги

    rnrnrn


    rnrnСаманта Крофорд има сè – прекрасен сопруг кој безрезервно ѝ дарува љубов, и успех во кариерата како писателка на детски книги. Таа е личноста која им го разубавува животот на децата и им го прави поинтересен. Таа е личноста која ги учи децата дека Бог има план за секого, дека се грижи дури и за малите обични врапчиња. Но, таа е личноста која ќе престане да верува во сето она што самата го пишувала до пред некое време, доведувајќи се себеси на раб на очај.rnrnНејзиниот сопруг Били е повикан на работа доцна во ноќта во едно опасно гето познато како Комонс и никогаш не се враќа дома. Саманта е приморана да се носи со смртта на нејзиниот сопруг и од петни жили да проба да се справи со ужасната осаменост, со спомените кои болно навираат, но и со фактот дека убиецот на нејзиниот сопруг веројатно никогаш и нема да биде пронајден и изнесен пред лицето на правдата.rnrnСакајќи и самата да си го одземе животот, судбината ја враќа назад во Комонс, на годишнината на смртта на Били, за магично да ја донесе во животот на децата од гетото. Така, животот ја спојува и со нејзиниот стар пријател од детството, Џо, кој се грижи за децата од Комонс. Џо никогаш го немал својот татко крај себе, па така одлучил да им биде татко и да ги изведе на прав пат децата од гетото. Сето ова за брзо се претвора во една волшебна приказна која ќе ѝ ја врати желбата за живот на оваа осамена жена…rnrnСпоред оваа книга е снимен филмот „Unconditional“, и како што и секогаш ве советуваме, пред да го гледате прво прочитајте ја книгата. Се разбира дека ќе сакате да го погледнете бидејќи прекрасниот Мајкл Ерли е во улогата на Џо, но еднакво прекрасно уживање нуди и самата книга, која на моменти ќе ве насмее, а на моменти ќе ви ги наполни очите со солзи. Особено ќе се пронајдат жените кои изгубиле нешто големо во животот, а може дури и да им биде утеха. Прекрасна и навистина инспиративна приказна за љубовта, пријателството и новата шанса која секој ја има во животот. Книга која ќе ве научи дека сè се случува со причина, дури и тогаш кога две деца ненадејно ќе ви упаднат во животот за да ве однесат до нешто што ќе ве промени засекогаш.rnrn
    Изданијата на Сакам Книги можете да ги набавите од сите поголеми книжарници.
    rnrnЗа да учествувате во наградната игра треба да оставите коментар, да го твитнете постот или да го пинувате на Пинтерест, користејќи го хаштагот #СакамКнигаОдСакамКниги и вашето име и презиме (ако не може да се прочита точно од вашиот профил). Имате време до недела, 5 јули 2015.rnrnДобитниците ќе бидат објавени на профилите на Кафе пауза на Фејсбук, на Твитер и на Пинтерест, а наградите ќе бидат доставени по пошта.rnrn

    rn

  • Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Идеален состанок за секој хороскопски знак

    Како изгледа идеалниот состанок за секој хороскопски знак? Прочитајте и подгответе се пред да го поканите новиот партнер за излегување.rnrnidealen-sostanok-za-sekoj-horoskopski-znak-kafepauza.mkrn

    Овен

    rnНив ќе ги импресионирате со одење во клуб каде што ќе можете да играте цела ноќ. Обидете се да бидете во првите редови на некој гламурозен настан, затоа што Овните сакаат да бидат видени на важни случувања. Тие исто така ќе уживаат во кино или на музички фестивал. Блескаат во друштво на познати и успешни личности. Добра идеја е да ги одведете на различни спортски случувања, манифестации и натпревари, како на пример куглање, тенис, билјард и сл. Овенот е активен и енергичен знак, па затоа сака постојано да е во некоја акција.rn

    Бик

    rnПредложете им опуштен ручек, како на пример пикник во парк, на брег или на плажа. Биковите се вистински гурмани и познати по тоа дека сакаат да уживаат во добра храна и добар разговор, па затоа секогаш можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Ако сакате да ги импресионирате, потрудете се да зготвите нешто добро и поканете ги кај вас или предложете им заедно да направите вечера. Како алтернатива може да го искористите киното и да се опуштите заедно без никаков притисок.rn

    Близнаци

    rnБлизнаците сакаат да разговараат на сите теми. Тоа може да се случи на кое било место, но за разговорот да ви биде попријатен ви треба добра атмосфера. Со одење во музеј ќе ги направите работите поинтересни за нив. Припадниците на овој знак, уживаат во долги прошетки на кои ќе можат да забележат улични артисти и музичари. Изненадете ги со одење во ресторан во кој се служи егзотична храна. За нив разновидноста претставува главен зачин во животот, па затоа немојте да се плашите да предложите нешто необично. Близнаците не можат да го задржат вниманието на едно место, на нив им е потребна промена и новитет.rn

    Рак

    rnИскористете ја приликата да уживате во некој италијански ресторан, во романтична атмосфера, со цвеќиња и свеќи на масата. Пријатната и романтичната атмосфера, добрата кујна и релаксирачката музика претставуваат добра основа за почеток на романса. Избегнувајте ги гужвите и пренатрупаните места, затоа што Раковите тоа не го сакаат. За нив соодветната атмосфера е романтична и интимна. Немојте да ги запознавате со вашите пријатели или семејството веднаш на почеток. Тие имаат потреба од одредено време додека потполно се опуштат. Ќе знаете дека работите се одвиваат добро со тоа што Ракот ќе ве покани во својот дом што значи дека веќе ви верува и почнува да се отвора.rn

    Лав

    rnЛавовите поседуваат префинет вкус, сакаат екстравагантни и скапи работи, па затоа одведете ги на вечера во ексклузивен ресторан, им се допаѓа кога уживаат со сите сетила и кога се услужени. Додатно ќе ја зачините романтичната вечера со цвеќе, добро вино или чоколадо. Полн погодок е одењето на коктел, лесна вечера и танц после тоа. Тие уживаат во елегантни и префинети случувања, тоа им го одзема здивот. Мора да се потрудите за вашиот изглед, изгледајте совршено и Лавот нема да ви одолее.rn

    Девица

    rnНекои претставници на овој знак ќе уживаат во заедничко посетување на јога час, а потоа одење на лесна вечера. Други ќе уживаат во возење велосипеди покрај прекрасни области, трчање низ парк или одење на пиво. Понудете им да одберат ресторан во кој ќе вечерате. Девиците обично сакаат да посетуваат манифестации и настани од областа на културата и уметноста – изложби на слики или промоции на книги. Ќе ви треба повеќе време и трпение кога ќе излегувате со Девица, затоа што овој знак нема така лесно да ви се препушти и да ви верува. Прескокнете ја рутината и заедно правете некои нови и интересни работи.rn

    Вага

    rnВагите ќе ги освоите со вечера во висок стил. Одведете ги во некој луксузен ресторан, а доколку не можете да си го дозволите тоа, поканете ги дома, но внимавајте деталите да бидат совршени – менито, салфетките, приборот за јадење, осветлувањето, музиката. Тие го ценат и сакаат убавото, имаат добар и истанчен вкус и нема да погрешите ако ги одведете на некој настан од културен и уметнички тип, затоа што тоа за нив е прилика да го покажат својот добар вкус. Одлични се во разговори со други луѓе, затоа одведете ги на пијалак и уживајте во разговорот за интересните и актуелните случувања. Вагите преферираат чисти, уредни и префините места за излегување. Посветете внимание на вашиот изглед.rn

    Скорпија

    rnСкорпиите се потполно непредвидливи личности. Внимателно слушајте ги кога зборуваат за нивните интереси и хобија, и според тоа предложете им место за излегување. Поради тоа што се полни со живот и енергија, предложете им некоја рекреација или спортска активност во која ќе можете заедно да учествувате. Уживаат во романтичните вечери со својот партнер, а идеалната вечер е покрај камин и со чаша добро вино. Најмногу им се допаѓа мирот, тишината и интимните ситуации. Тие сакаат сè да биде под нивна контрола, или барем да мислат дека е така. Скорпиите сакаат отмени места и ресторани.rn

    Стрелец

    rnОдведете ги на музички фестивал, концерт или во екстравагантен ресторан. Организирајте забава и повикајте ги вашите и нивните пријатели, затоа што Стрелците сакаат да запознаваат нови луѓе. Тие се доста активни личности и ќе уживаат во заедничкото возење велосипеди или долгите прошетки во непознати области. Тие ја сакаат авантурата и секогаш се спремни за акција. Предложете им некоја дестинација на која претходно не сте биле.rn

    Јарец

    rnТие сакаат активности кои ги исполнуваат и збогатуваат на одреден начин. Таквите активности треба да им дадат добра и квалитетна вредност на вложените пари. Можете да ги одведете на ручек или вечера во некој добар ресторан. Уживаат во случувањата и активностите за кои после тоа ќе можат да разговараат. Соодветни активности за нив се одењето во театар, музеј или кино. Сакаат да посетуваат нови и актуелни места.rn

    Водолија

    rnВодолиите лесно ќе можете да ги запознаете и да ги придобиете во кругот на пријателите. Тие сакаат друштво и дружење со музика. Одведете ги на вечера со пријателите или со друг пар или одете на забава кај заеднички пријатели. Тие сакаат да водат долги разговори на интересни теми. За нив интересна би било посетата на некоја изложба од полето на науката или технологијата. За вечера предложете им ресторан во кој се служи егзотична храна. Заборавете ја традицијата и однесувајте се спонтано.rn

    Риби

    rnРибите ќе бидат во својот елемент доколку се покрај вода или во вода, затоа одведете ги на пливање, шетање покрај река, пикник на брег на река или езеро. За нив идеална прошетка е под ведро небо и држење за рака. Нив исто ги привлекува и музиката, филмот, уметноста, па можете да им предложите да одите во кино, на концерт, на изложба на слики или скулптури.

  • 15-минутен трик кој ќе ви помогне да го победите копнеењето по благо

    15-минутен трик кој ќе ви помогне да го победите копнеењето по благо

    15-минутната прошетка е доволна за да ги сопре вашите копнежи по храна кои настануваат од стресни ситуации. Едно неодамнешно истражување покажало дека овој трик може да им помогне на 97% од жените и на 68% од мажите кои се во ваква ситуација. Резултатите од оваа студија се поклопуваат со резултатите од слична студија која покажала дека 15-минутната прошетка е доволна за да ја намалите потребата за чоколадо дури за половина.rnrn15-минутен трик кој ќе ви помогне да го победите копнеењето по благоrnrnПрофесорот Адријан Тејлор, кој ја водел оваа студија објаснува:rn

    „Ние знаеме дека внесувањето храна со многу калории, како чоколадото, додека сме на работа може да ни стане навика за која воопшто не размислуваме, па токму затоа и да доведе до зголемување на телесната тежина. Ние многу често ја јадеме оваа храна со цел да го доживееме зголемувањето на енергијата кое произлегува од неа и на тој начин да можеме полесно да се справиме со стресот во нашата работа, вклучувајќи ја и досадата. Луѓето многу тешко можат да намалат со оваа навика, па токму затоа овие студии ни покажуваат начин на кој сите ние можеме полесно да се справиме со потребата за внесување високо калорична храна.“

    rnОваа студија вклучувала 47 луѓе со прекумерна телесна тежина чија просечна возраст била 28 години. Сите тие редовно јаделе чоколадо и други видови „ужини“ кои содржат многу калории. 3 дена пред да започнат со истражувањето, учесниците биле замолени да не јадат ништо од нивната храна за утеха. Идејата била кога тие ќе дојдат на тестирање, да имаат навистина голема потреба за благо.rnrnДодека траело истражувањето, половина од учесниците поминале 15 минути на лента за одење, додека пак другата половина седеле тивко во друга просторија. Потоа и на двете групи им бил зададен психолошки тест со цел да им го подигне нивото на стрес и со тоа да им го стимулираат копнежот за благо. Тие исто така добиле и слатки кои требало да ги отворат, но кои не смееле да ги јадат.rnrnРезултатите покажале дека оние кои оделе на лентата имале многу помала потреба за храна, отколку оние кои седеле тивко. Вежбањето исто така предизвикало и пониско психолошко возбудување при соочување со благото. Авторите заклучиле:rn

    „Кратката физичка активност може да ја намали потребата за слатки кај луѓето со прекумерна телесна тежина. Кога консумирањето на оваа високо калорична храна ќе им стане навика на оние кои имаат проблем со телесната тежина и кога тие ќе изгубат контрола врз неа, зголемувањето на кратки физички активности може да биде клучно во оние моменти кога тие копнеат по храна и се ранливи, како на пример, кога се под стрес и кога имаат слатки при рака.“