Сигурно ви се случило да налетате на стар пријател кого не сте очекувале да го сретнете во дадена ситуација или истовремено да направите исто движење/да ги изговорите истите зборови заедно со друга личност. Дали тогаш помисливте: „О, каква случајност!“? Всушност секоја случајност носи конкретна порака.rnrn
rn
Откривање на синхроничноста – науката за случајноста
rnВистината е дека сè е поврзано. Од минатото, преку сегашноста до иднината – секоја ситуација со која се среќаваме е поврзана. Без разлика колку нештото е мало или големо, сè е поврзано во синхроничност.rnСекоја акција што ја преземате создава бранови во вселената. Несвесно ги пренесувате своите мисли на другите луѓе. Тоа е законот на единството. Сите сме поврзани.rnrnНема случајности. Секој настан носи порака. Без разлика дали тоа е совршен ден во кој сè тече без проблеми или лош период кога се случуваат лоши работи, универзумот ви испраќа порака.rnrnСинхроничноста може да се објасни со изреката: Кога ученикот е подготвен, се појавува наставникот. Секогаш кога сте во синхроничност со нешто што навистина го сакате, постојат големи шанси да се поврзете со него. Ова е причината поради која сличните луѓе по карактер „случајно“ се среќаваат.rn
Зошто да верувате во синхроничност?
rnСинхроничност најдобро функционира за луѓе кои веруваат во неа. За почеток, треба да верувате дека случајности не постојат. Ако си кажете дека сè е случајно, вие испраќате слаби духовни сигнали до универзумот кои се контрадикторни со силните сигнали што ви ги испраќа универзумот кога ве става во синхроничност со сè.rnrnСинхроничноста е како огледало што го одразува сето она на кое обраќате внимание и сè во што верувате. Ако се согласувате дека постои законот за синхроничност, ќе можете да се поврзете подлабоко и да испраќате посилни пораки на духовно ниво.rnrnПокрај тоа, ќе станете подобра, посамоуверена личност и полесно ќе воспоставите хармонија во сето она што се случува околу вас.rn
Дозволете можностите да се случат за вас, а не против вас
rnАко некогаш сте слушнале за Марфиевиот закон, тогаш веројатно можете да ја разберете и синхроничноста. Ако една работа тргне наопаку, има добри шанси и други работи да тргнат наопаку и погрешно. Синхроничноста може да работи и против вас. Но, ако очекувате да се случат лоши работи и верувате во Марфиевиот закон, тогаш сте во синхроничност со вашата внатрешна негативност.rn
Науката зад „случајната“ средба
rnДенес сретнавте стар познајник? Дали мислите дека тоа е случајност, среќа или веројатност? Вистинскиот одговор на таа „случајност“ го има науката за случајните средби според која тоа не е случајно и постои причина зошто се случило. Секогаш постои причина кога запознавате некого и искусувате нови работи. Случајноста, од друга страна, е илузија. Нашето минато, сегашност и иднина се целосно поврзани. Иако не секогаш разбираме зошто нешто се случува, секогаш постои причина што станува очигледна по некое време.rnrnЗатоа, прифатете ја синхроничноста онаква каква што е, како дел од духовната и универзалната интелигенција која постојано се обидува да нè научи на нешто, да допре до нас и да ни пружи љубов, поддршка и водство.rnrnОткако прочитавте за случајноста и синхроничноста, можеби ќе сакате да прочитате и зошто во животот ниту една средба не е случајна.rnrnИзвор: atma.hr



nnПомеѓу младото население на возраст од 14 до 25 години, постојат два пати повеќе депресивни девојки за разлика од машки. Научниците решиле да откријат која е причината за ова.nnАнхедонијата, односно недостатокот од радост и уживање во активности кои некогаш ни причинувале задоволство, е еден од главните симптоми на депресивното нарушување. На невролошко ниво, анхедонијата претставува намалена активност во областа на мозокот која реагира на наградувањето.nnСпроведеното истражување ни дава увид за тоа како половите разлики кај депресијата се манифестираат во мозокот. Имено, научниците откриле дека воспаленијата имаат влијание врз различни области на мозокот кај мажите и жените.nnИспитаниците биле поделени во две групи – контролна, односно плацебо група и група на која ѝ дале ниска доза ендотоксин. Два часа подоцна, откако дејството на ендотоксинот било најсилно, на испитаниците им биле дадени задачи за кои требало да добијат парична награда.nnПритоа, нивниот мозок бил набљудуван со магнетна резонанца. Мозокот на мажите, во делот кој реагира на наградување, се однесувал поразлично од мозокот на жените.n
rnrnВо текот на зимата, организмот лачи повеќе мелатонин, хормон за спиење. Во пролетта, организмот мора да се прилагоди на честата изложеност на светлина, па почнува да лачи повеќе серотонин. Некои луѓе потешко се прилагодуваат, па токму поради овие промени можат да почувствуваат симптоми како замор, нервоза, вртоглавица, главоболка, па дури и депресија.rnrnСимптомите можат да траат до три недели, односно додека телото не се прилагоди на новиот ритам. За полесно да го пребродите овој период, можете да следите неколку едноставни совети:rn
rn
rnrnНа Европската уролошка конференција биле претставени резултати од истражување спроведено во Англија, што навистина ги изненадиле научниците. Истражувањето покажало дека генетското оштетување на спермата се случува по ејакулацијата, односно кога спермата се движи кон јајце клетката што треба да ја оплоди.rnrnНаучниците анализирале примероци од сперма од неплодни мажи и откриле дека таа е во подобра состојба додека се наоѓа во тестисите.rnrnВо истражувањето учествувале 63 неплодни мажи и 76 мажи чија сперма била здрава. Спермата на неплодните мажи била пооштетена по ејакулацијата, за разлика од спермата на плодните, што и не е изненадувачки. Она што ги зачудило научниците е тоа што кај ист маж, спермата била различна кога била во тестисите и после ејакулацијата. Односно, во вториот случај, спермата имала пооштетена ДНК. Мажот бил истиот, спермата била истата, единствената разлика бил оргазмот кој се случил во меѓувреме.rn
rnrnДефинираната мускулна маса е најважното нешто што ја одредува брзината на метаболизмот. Со други зборови, колку ви се поголеми мускулите, толку повеќе калории согорувате. Мускулната маса почнува да се намалува околу 30-тата година, а процесот се забрзува во 40-тите. Доколку не преземете нешто за да ја заштитите или да изградите мускулната маса, на телото ќе му бидат потребни помалку калории за да се здебели. Истовремено, метаболизмот ќе забави, а изгубената мускулна маса ќе биде заменета со масно ткиво.rnrnПокрај намалувањето на мускулната маса, за полесното дебелеење во староста се одговорни и хормоналните промени, склоноста кон пасивниот начин на живот, зголеменото количество стрес и недостатокот од сон. За сето ова причината се сè поголемите и почести обврски.rnrnДоколку сакате да го забавите процесот на губење мускулна маса, потребно е да водите сметка за неколку работи:rn
rnrnОчигледно кафето станало важен ритуал за многу луѓе, па веројатно се имате прашано зошто речиси сите имиња на видовите кафе се на италијански јазик. Од лате до макијато, сите користиме италијански термини кога порачуваме кафе. Па како дошло до ова? Сепак, кафето не ни потекнува од Италија.rnrnСпоред легендата, кафето потекнува од Етиопија и било откриено од козарот Калди. Кафето се проширило низ Арабискиот Полуостров, пред Европејците да дознаат за него во 17-тиот век. Холанѓаните се најзаслужни за глобалното прошарување на кафето, но повеќето пијалаци кои ни се познати денес навистина потекнуваат од Италија, а сè е поврзано со изумот на еспресо машината.rn
rn
rn