КАФЕ ПАУЗА

Tag: правило

  • Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

    Променете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!

    Дали некои од вашите соништа останале неостварени? Колку ваши идеи останале скриени во некое катче во вашиот ум? Не заборавајте, никогаш не е доцна да го остварите сонот за кој сте сонувале пред 10, 20 или повеќе години!rnrnПроменете го вашиот живот во рок од 72 часа со помош на ова правило!rnrnВо модерната и позитивна психологија се појави моќно правило од 72 часа, кое гласи: Ако имаме идеја и сакаме да ја оствариме, мора да почнеме да ја спроведуваме во рок од 72 часа. Три дена или 72 часа е крајниот рок кога треба да ги преземете првите, дури и мали чекори – да разговарате за вашата идеја со експерт, да направите шематски план за нејзиното реализирање или дури и да спроведете истражување.rn

    Како да се примени правилото од 72 часа?

    rnПравилото од 72 часа не значи да брзате и да се обидувате да го остварите вашиот план во рок од 72 часа. Главната цел на овој принцип е тоа што ни помага да преминеме од фазата на планирање во фазата на акција. Затоа, ние автоматски се фокусираме на успехот на начин што веќе почнуваме да ги правиме вистинските чекори и сме подготвени да дојдеме до целта.rnrnНо, пред да се посветите на постигнување на вашата цел и да се активирате, треба да одговорите на следниве прашања:rn

      rn 011

    • Која е мојата цел?
    • rn 011

    • Како сакам да го постигнам она што го посакувам?
    • rn 011

    • Колку време ќе ми треба да ја реализирам мојата идеја?
    • rn 011

    • Што треба да знам, со кого треба да разговарам, каде да одам, што да научам?
    • rn 011

    • Какви тешкотии ме чекаат? Како ќе се справам со нив?
    • rn

    rnОва е првиот чекор во примената на правилото од 72 часа, по што следи фазата на планирање. Во оваа фаза, неопходно е да излезете од вашата комфорна зона и да бидете подготвени да зачекорите во непознатото. Размислете за вашите планови, размислете на кој начин ќе ја спроведете вашата идеја, консултирајте се со поискусни луѓе и сето тоа запишете го на хартија.rnrnПравилото од 72 часа има и психолошки придобивки. Тоа ќе ви овозможи да надминете бројни бариери и блокади кои се јавуваат во фазата на планирање на активностите. Од друга страна, можно е да се појават сомнежи кај оние кои сакаат да направат значителна промена од типот „Дали сум доволно паметен/а?“; „Можам ли финансиски да си го дозволам тоа?“; „Зошто мислам дека можам да го направам тоа ако никогаш порано не сум бил/а во овој бизнис?“.rnrnЕмоциите често се вклучени во нашиот процес на одлучување или промена, но важно е да ги ставите под контрола . Ако сфатите дека негативните емоции се јавуваат поради стравот од напуштање на зоната на удобност, тогаш треба да работите на личен саморазвој и зголемување на самодовербата.rnrnОткако прочитавте за ова моќно правило, можеби ќе сакате да прочитате и за тајната „состојка“ за постигнувањето цели во животот.rnrnИзвор: sensa.mondo.rs

  • Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

    Дали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врската

    Ако веќе неколку недели сте во изолација со партнерот, можно е да почне да се појавува нетолеранција кај вас дури и за најмалите проблеми. Поради оваа причина, сексологот Грејс Хазел сподели неколку совети за оние парови кои се препознаваат во ова и кои минуваат низ тешки времиња.rnrnДали се расправате со партнерот во последно време? Ова правило ќе ја спаси врскатаrnrnТаа објасни дека комуникацијата треба да биде искрено изразување на мислите и на чувствата, но дека треба да ги слушате и потребите на партнерот, дури и ако тоа што го кажува звучи како напад или критика.rnrnКога чувствуваат дека следува расправија, паровите треба да ја пробаат оваа петминутна вежба за комуникација.rnrnАко навистина сакате да решите некој проблем, двајцата треба да имате околу пет минути да го искажете она што ве мачи. Не треба да го прекинувате партнерот додека зборува, дури ни со превртување на очите. Кога партнерот ќе заврши, личноста што слушала треба да каже дека слушнала сè што кажал партнерот, дури и пред навистина да размисли за неговите зборови. Потоа, слушателот станува оној што зборувал дотогаш, па така може да се менувате сè додека двајцата не почувствувате дека другиот ве чул и ве разбрал.rnrnЕкспертот за односи, Шенон Смит, забележува дека кога двајцата сте дома по цел ден, понекогаш може да биде тешко да поставите граница помеѓу работата и времето за вас двајцата. Затоа, таа советува дека најдобро е да имате пауза каде ќе направите нешто заедно за што не ви е потребна технологија.rnrnПокрај тоа, таа советува да се обидете да го подобрите „природниот“ разговор: ако подготвувате вечера, на пример, искористете го тоа време како можност да разговарате за вашите омилени јадења или за тоа кои се најдобрите ресторани што сте ги посетиле.rnrnИскористете го овој период за да испробате некои нови работи затоа што и тоа може да биде шанса да разберете како се чувствува другиот. Но, треба да знаете дека понекогаш и тишината е во ред и можете да уживате во друштвото на вашиот партнер без да кажете збор.rnrnПогледнете ги овие 6 начини како да се зближите со партнерот додека сте во карантин.

  • Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Ништо во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полиња

    Сите луѓе им се восхитуваат на упорните и силни личности кои не се откажуваат пред ниту една пречка и сите копнеат по оваа особина. Како да станете и вие таква личност и како да ги надминете сите тешкотии со леснотија? Дали е тоа возможно? Кои карактеристики треба да ги развиете?rnrnНишто во животот не е невозможно, едноставно не се трудите доволно: Со правилото 40% ќе нижете успеси на сите полињаrnrnОна на што треба најмногу да се работи е способноста да се надминат нападите на аксиозност и падот на мотивацијата. Не е невообичаено уште првата пречка со која ќе се соочите да ви предизвика паника и желба да се откажете. Поради тоа, неопходно е да научите да ги совладувате чувствата што ве спречуваат.rnrnПомислете само колку повеќе би постигнале во животот, ако вашите стравови не ве спречуваат да стигнете до целта.rnrnСо правилото „40 %“ ништо не е невозможно. Според истражувањата, кога мислите дека сте направиле сè што е во ваша моќ, всушност сте дале само 40% од вашите можности.rnrnВнимателно прочитајте ја уште еднаш последната реченица. Таа нека биде вашата мантра што ќе ја повторувате секојпат кога ќе наидете на пречка и кога ќе мислите дека не можете да продолжите понатаму. Колку повеќе ќе го кажувате тоа гласно, толку повеќе ќе бидете мотивирани.rnrnНишто во животот не е невозможно, само не се трудите доволно. Упорноста е клучот за многу добиени битки.rnrnЖивотот е непредвидлив и може да ве изненади со околностите што ви ги наметнува, но не брзајте да се откажете уште во истиот момент. Застанете и повторете ја мантрата за 40-те %.rnrnАко не успее првиот пат, кажете ја оваа реченица повторно и ако тоа не е доволно, не двоумете се да ја повторите уште неколку пати. На крајот, ќе чувствувате дека можете да успеете.rnrnОвој метод дејствува како „плацебо ефект“, а разликата е во тоа што навистина е ефикасен. Повторувањето ќе создаде механизам што ќе ви помогне да станете посилни и поистрајни.rnrnНајдобриот начин за надминување на сите пречки е следниот: Прво, направете сè што можете, па ако тоа не ви оди од рака, повторете ја оваа мантра за дополнителна мотивација. Повторувањето на мантрата има ефект само ако навистина верувате во тоа што го правите.rnrnЖивотот е премногу краток за да се откажувате и да бегате од соништата. Развијте ментална сила што ќе ве однесе подалеку во животот.rnrnСпособни сте за многу поголеми работи отколку што мислите. Само вклучете ја вашата глава и размислете вака: „Направив сè што можев. Но, тоа не е ниту половина од тоа што можам. Тоа е само 40%. Затоа, продолжувам напред!“rnrnА кога ќе се почувствувате осамено, потсетете се на овој текст.

  • Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Златното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми

    Меган Маркл е висока 171 центиметри и има само 50 килограми. За идеална фигура, таа вежба јога и секогаш се храни исто. Меѓутоа, често знае да се почести со чаша вино и со омилениот помфрит. Тогаш, како успева да ја задржи истата тежина?rnrnЗлатното правило во исхраната на Меган Маркл поради кое секогаш ќе има 50 килограми rnrnМеган Маркл практикува здрав начин на живот. На Интернет има многу фотографии каде што таа оди на тренинг или вежба јога. Во едно интервју, таа призна дека понекогаш ужива во јадењето торта и во пиењето на нејзиното омилено вино, но тоа во никој случај не влијае на нејзината фигура.rnrnМеган Маркл го следи златното правило на правилната исхрана: веднаш по будењето пие чаша топла вода со лимон. Тоа му помага на телото да се разбуди и да се наполни со енергија, а овој стандарден ритуал секојдневно го применуваат многу познати личности. Меган никогаш не го запоставува појадокот, а за ручек јаде салата и малку протеини, месо, риба или скара без масло, а за вечера тестенини или бифтек со нискокалоричен сос од тиквички.rnrnИнаку, Меган Маркл многу сака да готви и има посебен рецепт за овој сос: тиквичките ги сечка на ситни парчиња и ги загрева во тава без масло. Кога ќе бидат пропржени и меки, ги става во блендер и добива сос кој се комбинира со сите производи или се јаде како посебно јадење.rn

    Приближно дневно мени:

    rnПојадок: овесна каша со банана и мед или јаворов сируп или пудинг со чиа семеrnrnРучек: салата од зеленчук и парче риба (месо) или гравrnrnУжина: едно зелено јаболко, бадеми или зеленчук и овошјеrnrnВечера: тестенини со тиквички и пармезан и една чаша црвено виноrnrnВо нејзиниот фрижидер секогаш има хумус, моркови, овесни снегулки, бадемово млеко и пилешко месо. Меѓутоа, кога ќе ѝ дојдат гости, таа ужива во помфритот во неограничени количини и во морската храна и пие милкшејк. Иако тоа е ретко, сепак се случува. Без оглед на тоа што понекогаш може да се опушти и да ужива во омилената храна, Меган има иста тежина со години.rnrnПрочитајте ги и овие 5 едноставни чекори за целосно исфрлање на глутенот од исхраната.

  • Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

    Правилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајните

    Основачот на јапонскиот автомобилски гигант Тојота, Сакичи Тојода, во секојдневниот живот го користел правилото „петорка“. Ова правило му помогнало да најде одговори на сите прашања и решенија за многу проблеми.rnrnПравилото со 5 прашања од основачот на Тојота: Проверен метод за откривање на желбите и тајнитеrnrnСе работи за ефикасен метод кој ќе ви помогне подобро да ја сфатите ситуацијата, како и да дознаете што криете, што се плашите да си признаете себеси и што всушност сакате. Поставете си себеси 5 „зошто“ прашања и искрено одговорете.rnrnДа речеме дека, на пример, сакате да купите златен прстен… Еве како би се применила стратегијата на петте „зошто“ во овој случај.rnrnЗошто број 1: Зошто сакам да го имам овој прстен?rnОдговор: Затоа што сакам сите пријатели да ми завидуваат.rnrnЗошто број 2: Зошто сакам сите пријатели да ми завидуваат?rnОдговор: Затоа што сакам да бидам подобар од нив.rnrnЗошто број 3: Зошто сакам да бидам подобар од нив?rnОдговор: Затоа што сум несигурен во себе.rnrnЗошто број 4: Зошто сум несигурен во себе?rnОдговор: Затоа што не се развивам, не напредувам, јас сум обична личност.rnrnЗошто број 5: Зошто не се развивам?rnОдговор: Затоа што се плашам од потешкотии и се плашам да ја напуштам зоната на комфорот.rnrnКаква врска има сето ова со прстенот?rnrnСакичи Тојода нѐ учи дека одговорот на петтото „зошто“ ја крие главната причина, која е тешко да се открие на прв поглед. Тој одговор всушност ви ја отвора сегашноста.rnrnОва е многу ефикасна метода која го открива она што всушност се плашите да си го признаете себеси и она што вистински го сакате. Можете да ја применувате во секојдневниот живот за разни проблеми и дилеми со кои се соочувате, но подеднакво ефикасна примена има и во професионалната сфера за идентификување на пречките во работата, застој во процесите и лоцирање на грешките.rnrnВаквите методи се интересен начин за решавање на проблемите во животот. Погледнете и како да се ослободите од депресијата и анксиозноста со помош на методот 54321.

  • Дали треба „со сила“ да пиете по 8 чаши вода дневно?

    Дали треба „со сила“ да пиете по 8 чаши вода дневно?

    За сите оние што се борат со пиење на препорачаната дневна доза од 8 чаши вода дневно, научниците имаат добри вести – ова правило не важи за сите! Според експертите, многу е поважно да научите како да го слушате вашето тело за самите да ја одредите потребната количина течности што му е потребна. Иако ова звучи многу неодредено, австриските научници потврдиле дека во истиот момент штом вашето тело нема веќе потреба од вода, вам ќе ви биде потешко да голтате. Сè што треба е да научите како да ја препознавате оваа состојба бидејќи клучно е да го правите само она што вашиот организам го бара. Тоа значи и дека треба да пиете вода кога сте жедни, а не по однапред утврден распоред.rnrnДали треба „со сила“ да пиете по 8 чаши вода дневно?rnrnНаучниците за потребите на ова истражување побарале од 20 испитаници да пијат вода во две ситуации – по напорно вежбање, кога биле многу жедни, и потоа уште еднаш, кога не биле жедни и морале со сила да се тераат. Тие откриле дека во втората ситуација, испитаниците морале да дадат трипати повеќе напор за да ги испијат последните голтки, што е јасен знак дека телото реагира негативно на претераната консумација вода така што ви прави да ви е потешко да ја внесувате. Тоа значи дека иако не треба да заборавите целосно на правилото за 8 чаши вода на ден, ако некогаш ви се чини како да ви е потешко да голтате, престанете и обидете се повторно подоцна. Ова правете го сè додека не научите како самите да го слушате телото и да реагирате во однос на неговите потреби.rnrnНе можете воопшто да се натерате да пиете вода? Погледнете ги и овие 13 интересни начини како да внесувате повеќе течности во вашиот организам…

  • Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?

    Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?

    Ние навистина ретко се потпираме на среќа во нашиот секојдневен живот – најчесто самите одлучуваме каков ќе ни биде денот. Токму ова е тоа што писателот Стивен Ковеј го нарекува „Принципот 90/10“. Но за што точно станува збор?rnrn(0) Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?rnrnРеалноста е дека ние можеме да контролираме само 10% од настаните во нашиот живот. Не можеме да спречиме одредена направа да се расипе или пак, авионскиот лет да биде одложен. Но можеме да ја контролираме нашата реакција на овие работи. Останатите 90% од настаните се резултат на нашите реакции – со неколку зборови, тоа што го правиме кога сме под стрес.rnrnЗамислете го следново сценарио. Имате семеен појадок. Вашата ќерка случајно ви го истура кафето на кошулата. Вие скокате и почнувате да врискате по неа, а потоа и по сопругата што ја ставила шолјата толку блиску до работ на масата. Вие брзате до спалната соба да се пресоблечете, но кога се враќате назад гледате дека вашата ќерка плаче и ниту го завршила појадокот, ниту пак се подготвила за на училиште.rnrn(1) Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?rnrnКако резултат на тоа, таа доцни на училиште, исто како и вие и вашата сопруга доцните на работа. Тоа е и причината поради која возите невнимателно, па не само што ќе пристигнете подоцна туку сфаќате и дека сте заборавиле важни документи дома. Почетокот на вашиот ден бил ужасен, и продолжил со истото темпо и понатаму. Едноставно не можете да чекате да заврши. Кога се враќате дома, вие ги поздравувате и сопругата и ќерката. И двете се во лошо расположение, и има тензија помеѓу вас.rnrnА сега обидете се да одговорите на следново прашање: Зошто имавте лош ден?rnrnа) Бидејќи ќерка ви го истурила кафетоrnrnб) Бидејќи ќерка ви доцнела на училиштеrnrnв) Бидејќи имало застој во сообраќајот и вие доцневте на работаrnrnг) Бидејќи ја одбравте погрешната реакција на ситуацијатаrnrnТочниот одговор е под Г! Вие со вашата реакција го расипавте целиот ден, како за вас, така и за вашето семејство. Едноставно не можевте да направите ништо за кафето, но можевте да ги контролирате своите емоции.rnrnСо само една различна одлука, сè можеше да биде поразлично. На пример, кафето е истурено на вашата облека, а ќерка ви само што не почнала да плаче. Вие ѝ кажувате нежно: „Во ред е, само биди повнимателна следен пат.“ Одите во тоалет, се пресоблекувате, па се подготвувате за работа. Потоа се враќате во дневната соба и ја гледате ќерка ви како е облечена и подготвена за училиште.rnrn(2) Што точно е принципот 90/10 и како тој влијае на целиот ваш живот?rnrnСе поздравувате со вашата сопруга, ја бакнувате и на пат кон работа, ја оставате ќерка ви пред училиштето. Таа е на време. Вие тргнувате кон вашата канцеларија и стигнувате 5 минути порано, енергично поздравувајќи ги сите што ќе ги сретнете по пат. Имате одличен ден на работа, а кога се враќате дома, сопругата и ќерка ви ве пречекуваат со насмевка на своите лица.rnrnИ двете сценарија почнаа на истиот начин, но реакцијата го промени нивниот тек. Да, вие секогаш можете да ги обвинувате другите за неволјите во вашиот живот и да се жалите за сите оние нешта што тргнале наопаку, но зарем некогаш тоа ви помогнало?rnrnОтсега, па натаму не заборавајте го правилото 90/1о и едноставно грижите ќе ви ги снема. Без разлика дали сте заглавиле во сообраќај или пак, авионскиот лет ви бил одложен – не избувнувајте и не правите сцена. Иако вашиот распоред за денот е променет, потсетете се дека одеднаш сте добиле неочекувано слободно време и искористете го правилно. Во сè може да се најде позитивна страна, а ако го почитувате ова правило и самите брзо ќе го забележите тоа.

  • 2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот

    2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресот

    Колку често се нервирате бидејќи сте заборавиле нешто или затоа што не сте завршиле брзо со обврска за која реално требало малку време? Можеби ви изгледа како последиците од овие ситни секојдневни обврски се краткотрајни, но нивните ефекти можат да бидат почувствувани уште долго време потоа. Токму затоа и еден од корисниците на популарниот веб-сајт „Quora“ споделил 2-минутно правило кое успеало да му воведе ред во неговиот живот, со цел да ни помогне полесно да се справиме со секојдневниот стрес.rnrn2-минутно правило што ќе ви помогне лесно да се ослободите од стресотrnrnНашиот мозок знае да биде многу лош кога станува збор за носење одлуки, бидејќи тие подразбираат промени. Нашите инстинкти работат на тој начин што нè тераат по секоја цена да избегнеме промена. Ова 2-минутно правило е одлично бидејќи ни помага да ги тргнеме одлуките од пат и да започнеме со нешто што во спротивно би го одложувале до бескрај. Па, како ова правило помага?rnrn1. Потребни ви се само 2 минути за да ги измиете садовите веднаш по нивната употреба. Заборавете на насобраните нечисти чинии, за кои понекогаш треба и до половина час средување.rnrn2. Потребни ви се само 2 минути да се преоблечете кога ќе се вратите дома и веднаш да ги здиплите алиштата. Тие никогаш повеќе нема да бидат изгужвани и лесно ќе можете да ги најдете доколку сакате пак да ги облечете.rnrn3. Потребни ви се само 2 минути за да одговорите на имејлот што ви пристигнал. Наместо да ги игнорирате нотификациите и да оставате имејловите да ви се собираат во вашето сандаче, отворајте ги како што ќе пристигнуваат и веднаш одговарајте…rnrn4. Потребни ви се само 2 минути за да се ослободите од лутината. Едноставно излезете на тераса, во двор или каде било на отворено во близина на вашите дом или работа и едноставно наполнете ги градите со свеж воздух. Вдишете длабоко и издишете ги сите проблеми од вас.rnrn5. Потребни ви се само 2 минути за да се опуштите со помош на медитација. Ако секојдневно одвојувате 2 минути во текот на денот за да се смирите, вие воопшто нема да се заморувате и ќе бидете многу поенергични и поефикасни во вашата работа.rnrnЖивотот станува многу поедноставен кога немате долга листа со обврски и ситници. Кога не доцните и не си создавате паника и стрес поради тоа што треба да го завршите, вие ќе бидете многу поисполнети и посреќни. Ова 2-минутно правило може да се примени на многу нешта, не само на овие што ги спомнавме погоре. Размислете, подобро да изгубите 2 минути во истиот овој момент, одошто да одложите и подоцна тие да се претворат во 2 часа.

  • Дознајте дали цело време погрешно ги користевте марамчињата за отстранување на шминка

    Дознајте дали цело време погрешно ги користевте марамчињата за отстранување на шминка

    Влажните марамчиња за отстранување на шминката можат да ни бидат од голема корист. Меѓутоа, освен тоа што не е добро да ги употребувате премногу често, важно е и да ги користите на вистинскиот начин. Доколку не го правите тоа, набрзо ќе забележите не толку убави ефекти на кожата на лицето. Во продолжените дознајте кој е вистинскиот начин на користење на овие марамчиња.rnrn1-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnНајнапред, би требало да знаете зошто не е добро да ги користите марамчињата за отстранување на шминка секоја вечер. Освен тоа што купените марамчиња може да предизвикаат иритација на кожата, дури и кога тоа не е случај, знаете и самите дека служат само за прва помош. Со нив не можете да ја отстраните целата шминка и нечистотија од лицето. Затоа, неопходни ви се средство за миење на лицето, вода и евентуално лосион за лице. Секако, кога немате друг избор, подобро би било да ги користите марамчињата отколку да заминете на спиење со шминка на лицето.rnrn2-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_rnrnСите ние најчесто го чистиме лицето од средина кон надворешната страна на лицето. Но тоа, не е вистинскиот начин. Значи, бактериите и нечистотиите се насобираат во Т зоната, односно, во пределот околу брадата, носот и челото. Доколку го започнете чистењето од тие предели, сето она што не треба ќе го пренесете на останатите делови од лицето.rnrnЗатоа, започнете со чистење на делот околу ушите, горната линија на челото и вратот, па продолжете кон средина. Откако ќе завршите со марамчињата, задолжително измијте го лицето со вода и нанесете соодветен крем за лице. На тој начин, ќе спречите вашето лице да биде иритирано и суво.rnrn3-doznajte-dali-celo-vreme-pogreshno-gi-koristevte-maramchinjata-za-otstranuvanje-na-shminka-www.kafepauza.mk_

  • Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Основно правило на универзумот: Давај за да добиеш!

    Помислете за момент на вашиот организам. Во него сѐ се одвива врз основа на принципот на соработка и размена, сите органи соработуваат и секој го дава она што му е потребно на другиот за да може да функционираат како целина. Кога еден од органите би се одделил, би станал себичен и би решил да работи сам за себе, целиот организам би престанал да функционира, заедно со тој одделен орган.rnrnОсновно правило на универзумот: Давај за да добиеш!rnrnТака функционира и целиот универзум. Природата постојано ни дава, но ние не сме научиле да возвратиме, туку само земаме и не знаеме како да даваме. Сите бараме нешто и постојано се прашуваме „Зар премногу барам?!“. Универзумот е богата ризница во која има повеќе отколку што можеме да замислиме, но прашањето е како да стигнеме до неа, како да го добиеме она што го сакаме. Одговорот е: Давајте и бидете дел од целината.rnrnИма приказна за еден оџа кој се давел во реката. Луѓето му приоѓале и му велеле: „Оџа, дај ја раката!“, но тој не реагирал и се удавил. Кога дошол друг оџа да види што се случило и кога ги видел сите тие луѓе, прво ги нападнал затоа што никој не го спасил. Меѓутоа, тие му раскажале дека му приоѓале и му велеле „Оџа, дај ја раката“, но тој не одговарал. На тоа верскиот службеник им рекол: „Сте погрешиле. Не сте требале да велите ’дај ја раката’, туку сте требале да велите ’оџа, повели раката’ и ќе го спасевте“.rnrnТоа што не разбираме дека во давањето лежи спасот, ќе нѐ одведе во пропаст и ќе се згушиме во сопственото верување дека ќе се спасиме ако се фокусираме на себе и сопствените потреби, но на тој начин само ќе создадеме неплодно тло.rnrnСекој запченик, дури и оној најситниот, е неопходен за непреченото функционирање на целиот механизам. Сѐ е важно. Се вели дека кога пеперутката ќе замавне со крилјата на едно место, тоа има влијание на друг континент.rnrnПостојат безброј начини тој механизам да се покрене, односно да му го дадеме она што на другиот му е потребно и да се однесуваме според законите на универзумот: Доколку можеме да помогнеме со материјални средства, да кажеме убав збор, да им помогнеме на соседите, да ги нахраниме животните, да не озборуваме, да им помогнеме на другите да го постигнат она што го сакаат. На тој начин се излегува од микро планот и фокусот кон самите себе и се влегува во општиот, универзален план.rnrnСо тоа што ќе станеме дел од механизмот за остварување на сопствената цел, ние дејствуваме како запченик во часовник, додека нашите дела претставуваат семе со кое ќе можеме да ги насадиме нашите желби и намери. Според обичајот треба да фрлиме паричка во фонтаната и да посакаме желба. Самиот чин на фрлање паричка потврдува дека ние имаме добивка преку чинот на давање. Законот е едноставен: Давајте за да добивате.