КАФЕ ПАУЗА

Tag: прашања

  • Прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценија

    Прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценија

    Можеби секој ден наоѓате причини зошто би се вклопите подобро во 80-тите. Никој не може да го разбере вашето мислење дека тие денови навистина биле подобри. Ако сте родени во погрешната деценија, речиси сигурно ќе одговорите со „Да“ на овие прашања.rnrnПрашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценијаrn

    1. Дали сакате винтиџ облека?

    rnАко одговорот е да, веројатно сте професионалец во наоѓање стари парчиња облека. Всушност, можно е и често да добивате коментари за вашата облека, дури и на најобично попладне. Сигурно на пријателите не им е јасно кога одите на шопинг и кога ќе се израдувате за некое винтиџ парче облека само затоа што е ретко.rn

    2. Дали го мразите модерното состанување?

    rnДали сметате дека онлајн состанувањето е ужасно? Ако одговорот е да, сигурно не сакате да го пронајдете вашиот партнер преку екран. Но дури и ако ја избегнувате технологијата, речиси никој не оди на вистински состаноци. Вие сакате да танцувате на улицата, да се бакнувате во забавен парк и да имате романтична вечера во некој убав ресторан. Навистина сте среќни ако некој ви ја отвори вратата и ако ви направи плејлиста од омилените песни.rn

    3. Дали имате полароид камера?

    rnДодека сите пријатели прават фотографии за социјалните мрежи, вие уживате во вистинските фотографии. Сакате да можете да ги држите во рака и не ви е проблем што треба да почекате за да ги видите. Сигурно не ви се допаѓа што денес речиси сè е инстантно. За вас гледањето низ објективот е речиси како патување нив времето.rn

    4. Дали не ви се допаѓа модерната музика?

    rnМодерната музика баш и не е за вас ако припаѓате на друга деценија. Сте поминале часови вртејќи ги радио станиците во вашиот автомобил обидувајќи се да бидете во тек со новите поп албуми. Но на крај повторно ги пуштате омилените песни од Битлси кои можат да ве вратат во времето. Ако некој ви даде влезница за класичен рок концерт, би ја прифатиле без двоумење. Голема е веројатноста да имате и плочи и неколку винтиџ маички со бендови.rn

    5. Дали сакате стари филмови?

    rnФилмските маратони со пријателите секогаш вклучуваат барем еден стар филм по ваше барање. Веројатно и имате неколку од нив дома. Ако одговорот на ова прашање е да, сигурно сте воодушевени од Одри Хепбурн и ги знаете сите реплики од „Казабланка“ и „Животот е убав“. Секогаш кога гледате настан на црвениот тепих сонувате за стариот Холивуд. Денес сте изморени од преработките на оригиналите.rn

    6. Дали ја мразите најновата технологија?

    rnПопрво би ја оставиле последната технологија и би се вратиле назад во времето. Помеѓу вашиот лаптоп, камера и телефон, навистина ви е тешко да бидете во чекор. Секогаш има нешто ново. Групните разговори се преполни со пораки, особено кога планирате нешто. На крајот се чувствувате навистина изморено. Вашите пријатели се навикнале на тоа дека повеќе сакате да им се јавите отколку да им напишете порака. Всушност, ако не е неопходен, веројатно целосно би се откажале од мобилниот телефон.rn

    7. Дали сакате да танцувате?

    rnЗа викендот само сакате излезете и да танцувате негде. Вашите пријатели секогаш сакаат да одат во клуб или во некој бар, но вие сте изморени од таа атмосфера. Покрај тоа, музиката не е по ваш вкус. Попрво би оделе на место каде што можете да танцувате до утринските часови.rnrnМожеби навистина ќе се израдувате кога ќе дознаете дека модните трендови од 80-тите ќе бидат хит ова лето.

  • Што би се случило ако…? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

    Што би се случило ако…? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашања

    Алберт Ајнштајн има кажано дека е исклучително важно никогаш да не престанеме да се прашуваме и да го истражуваме светот околу нас. Љубопитноста кај човекот постои со цел да продолжиме да учиме во текот на целиот живот, и по завршувањето на образованието, зашто само така можеме да продолжиме да растеме и да се развиваме. Меѓутоа постојат и чудни прашања коишто ни е незгодно да ги поставиме, а често се прашуваме за нив во себе, но токму тие се и најинтересните за откривање. Во продолжение, прочитајте ги овие 10 апсурдни хипотетички прашања и дознајте ги нивните сериозни, научни одговори. Ви ветуваме дека добро ќе се забавувате!rn

    1. Што би се случило доколку на Земјата снема кислород во времетраење од 5 секунди?

    rnШто би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашањаrn

      rn 011

    • Сите луѓе коишто во тој момент ќе бидат изложени на директна сончева светлина, инстантно ќе добијат изгореници на кожата. Тоа ќе се случи бидејќи кислородот којшто го има во воздухот постојано ја штити нашата кожа од штетните УВ-зраци.
    • rn 011

    • Дури и дневното небо ќе стане темно. Во овој случај, ќе има помалку честички во атмосферата коишто ќе ја распрснуваат сината светлина, па како резултат на тоа небото ќе ја промени својата боја во речиси црна.
    • rn 011

    • На сите ќе им експлодира внатрешното уво. Ова може да се објасни со фактот дека само додека трепнеме со очите, Земјата ќе изгуби околу 21% од својот воздушен притисок.
    • rn 011

    • Сите згради коишто се направени од бетон, би се претвориле во прашина. Кислородот е важен врзувач во бетонските конструкции, па без него тие веднаш би ја изгубиле својата цврстина.
    • rn 011

    • Океаните би испариле, бидејќи водата е сочинета од 1/3 кислород. Без кислород, водородот ќе се претвори во гасовита состојба и ќе се прошири во волумен.
    • rn

    rn

    2. Што ќе се случи доколку ја отворите вратата од авионот во текот на летот?

    rnШто би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашањаrnrnОва е дефинитивно најлошата работа што можете да ја искусите додека летате со авион. Сите патници коишто седат блиску до излезот, ќе бидат исфрлени кон небесната ширина. Температурата во авионот ќе почне драстично да опаѓа, а самиот авион може да почне да се распаѓа. За да го спасите вашиот живот, на располагање би имале само 15-20 секунди за да ја ставите вашата маска за кислород, но дури и да успеете да го направите тоа, вашите шанси за преживување би биле многу мали.rnrnКако и да е, не треба да стравувате од вакво нешто, бидејќи оваа ситуација е целосно хипотетичка. Не постои начин да ја отворите вратата од авионот, освен ако немате натчовечка сила. Ова е така, бидејќи воздушниот притисок ќе ве попречи да направите таква грешка. На таа височина, внатрешноста на авионот е под притисок од 0,7 или 0,8 атмосфери, што е еквивалентно на 5-5,4 кг сила, на површина од 6,4 сантиметри квадратни. Токму затоа, најлошото нешто што може да се случи ако се обидувате да ја отворите вратата од авионот, е да бидете уапсени веднаш штом ќе слета авионот.rn

    3. Што ќе се случи ако Месечината одненадеж исчезне?

    rnШто би се случило ако...? Дознајте ги одговорите на овие 10 апсурдни хипотетички прашањаrn

      rn 011

    • Ноќите ќе бидат значително помрачни, бидејќи Месечината значително го осветлува вечерното небо.
    • rn 011

    • Многу животни ќе бидат збунети поради ненадејното отсуство на Месечината. Истражувањата потврдуваат дека бувовите и лавовите се потпираат на мракот и месечевата светлина за да можат ефикасно да ловат.
    • rn 011

    • Месечината е многу блиску до нас, па повлекувањето од нејзиното тежиште ќе влијае врз нашата планета. Без Месечината, плимата и осеката ќе се креваат и опаѓаат со многу побавно темпо и ќе бидат 60% помали одошто се сега.
    • rn 011

    • Поради гравитациското повлекување, јадрото на нашата планета може малку да се помести. Ова може да предизвика голем број природни катастрофи, како што се земјотресите и вулканските ерупции.
    • rn

    rnПродолжете со читање на следната страница…rnrn

  • 11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто станувате

    11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто станувате

    Секој минува низ период кога се сомнева и кога не е сигурен во себе. Но што да направите ако мислите дека сте тргнале по погрешен пат? Понекогаш нашите лоши навики преземаат контрола над нашиот живот и потребно е да направиме промена. Ако не ви се допаѓа личноста којашто станувате, постои начин да го спречите тоа. За почеток, поставете си ги овие 11 прашања.rnrn11 прашања што треба да си ги поставите ако не ја сакате личноста којашто стануватеrn

    1. Кој/а сум јас?

    rnДајте си време да размислите за личноста којашто сте. Како би се опишале? Кои се вашите позитивни и негативни одлики? Многу е лесно да си замислите некоја идеална верзија од вас која е далеку од реалноста. Ако сакате да се промените на подобро, важно е да разберете кои навистина сте. Не можете да продолжите напред ако не го сфатите тоа.rn

    2. Дали сум навистина среќен/на?

    rnНа скала од 1 до 10, колку навистина сте среќни? Внимателно разгледајте ги вашите емоции и расположенија во текот на денот. Колку сте задоволни од сегашната ситуација и вашиот животен стил? Ако сметате дека сте почесто несреќни отколку среќни, време е за промена.rn

    3. Што сакам да променам кај мене?

    rnЗапрашајте се што е она што навистина сакате да го промените кај вас. Може да станува збор а навика, одлика, животна ситуација, работно место и слично. Важно е да го најдете изворот на вашата несреќа. Направете листа со нешта што сакате да ги промените кај вас и вашиот живот.rn

    4. Што можам да променам сега?

    rnРазгледајте ја листата и размислете што можете да промените најбрзо. Што можете да направите денес, утре, оваа недела или овој месец? Имајте на ум дека нема да можете да промените сè одеднаш.rn

    5. Кои се вашите достигнувања во последниве 3 години?

    rnИако можеби треба да направите некое подобрување, важно е да бидете свесни и за вашите достигнувања и за позитивните аспекти кај вас. Секогаш е добро да ги користите овие позитивни работи за да изградите нови вештини или таленти.rn

    6. Кои се вашите грешки?

    rnРазмислете за нештата коишто сте ги направиле, а сакате да не сте ги направиле. Во ред е да ги спознаете, но немојте премногу да се фокусирате на нив. Секој прави грешки и тоа е нормално. Она што е важно се лекциите од тие моменти.rn

    7. На кого му се восхитувате?

    rnКој е вашиот идол? Ова може да биде личност која ја познавате, историски лик, некоја ѕвезда и слично. Зошто ѝ се восхитувате на оваа личност? Дозволете им на овие личности да ве инспирираат. Не мора да ги следите нивните чекори, но можете да создадете некоја слика за животот што сакате да го имате.rn

    8. Колку време поминувате во грижа за себе и за вашите желби?

    rnДенес е навистина лесно да ги запоставите вашите желби и потреби. Па затоа е важно да се запрашате кога последен пат сте си посветиле време за себе. Грижата кон себе е клучна за подобар перформанс во сите аспекти од вашиот живот. Не можете да бидете добри за другите ако не се грижите за себе.rn

    9. Како можам да им помогнам на другите околу мене?

    rnРазмислете за пријателите и членовите од семејството кои ги сакате. Како им помагате кога има потреба од тоа? Оваа помош може да биде превоз до работното место, чување нечие дете и слично. Ако сакате да станете подобра личност, важно е да се грижите за вашите сакани. Вашата перцепција за вас значително ќе се подобри кога ќе почнете да имате позитивно влијание на луѓето кои ви се важни.rn

    10. За што сте благодарни?

    rnСекој има моменти кога мисли дека животот му оди во надолна линија. Но ако размислите добро, ќе сфатите дека има и многу моменти за кои треба да бидете благодарни. Одвојте време и заблагодарете се за луѓето и нештата што го прават вашиот живот подобар.rn

    11. Што ве инспирира и мотивира?

    rnШто е она што ве тера да направите промена? Можеби станува збор за некоја страст или пак некое искуство кое имало големо влијание врз вашиот живот. Искористете ги тие нешта за инспирација и мотивација за да ја направите потребната промена.rnrnПогледнете и како да станете подобра личност во 2 едноставни чекори.

  • 20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислиле

    20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислиле

    Би било навистина интересно да можевме повторно да го видиме светот низ детски очи. Децата постојано учат нови работи, а понекогаш доаѓаат до навистина изненадувачки заклучоци. Неколку родители на Твитер ги споделиле најчудните прашања кои им ги поставиле нивните деца. Што би одговориле вие на овие прашања?rnrn20 неочекувани детски прашања на кои возрасните никогаш не би помислилеrn

    „Кога сирената е повредена, дали оди на доктор или на ветеринар?“

    rn

    „Мојата внука не може да спие бидејќи сакаше да го знае следново: Ако ја продадела нејзината коса и купувачот убие некого и остави влакно на местото на злосторството, дали нејзината ДНК би била доволна за да ја обвинат за убиството? Има 12 години. Сега ни јас не можам да спијам!“

    rn

    „Мамо зошто ме направи вака, а не од пластелин?“

    rn

    „Мојот син гледаше албум со црно-бели фотографии и ме праша: Мамо зошто црно-белиот свет е во минатото?“

    rn

    „Зошто постојат лоши зборови ако не смееме да ги користиме?“

    rn

    „Тато, како се чувствуваше на последниот ден од твоето детство?“

    rn

    „Дали и момчињата се родени од мајки? И зошто тогаш ни се потребни татковците?“

    rn

    „Отидовме со син ми во аптека. Требаше да купам контрацепциски апчиња. Тогаш тој ме праша: Што се тие апчиња? Дали си болна? Што прават? Решив да му ја кажам вистината: Овие апчиња помагаат за заштита од деца! Син ми се исплаши: Новите? Или… старите?“

    rn

    „Ќерка ми, навредена: Зошто ме касаат комарците? Што направив?“

    rn

    „Како ја викаат Црвенкапа кога ја соблекува наметката?“

    rn

    „Син ми: Мамо можеш ли да ми дадеш слатки? Јас: Можам. Син ми: Е, па што чекаш тогаш?“

    rn

    „Син ми: Зошто никој го нема видено Дедо Мраз како крие подароци? Имаме камери… стапици…“

    rn

    „Тато како се вика твојот автомобил? Шевролет. А зошто не го крстиш Ауди?“

    rn

    „Мамо, дали ќе добијам утешна награда на 8-ми март?“

    rn

    „Мамо, имам модринка на челото. Еве допри ја. Чувствуваш колку боли?“

    rn

    „Син ми гледајќи ја сестра му како свири пијано: Во ред, гледам гас, спојка и каде е кочницата?“

    rn

    „Мамо, зошто ме научи да зборувам и да одам, а сега ми велиш да седнам и да замолчам?“

    rn

    „Мамо, кога ќе остариш дали ќе треба јас да ја работам твојата работа?“

    rn

    „Страв ми е сама да се венчам. Ќе го направиш ли тоа со мене?“

    rn

    „Во ред мамо, ајде да го сфатиме ова – дали сум во право или јас сум твоја грешка?“

    rnПогледнете ги фотографиите кои докажуваат дека со деца никогаш не е здодевно.

  • Вистинска или минлива љубов? 25 прашања што ја откриваат вистината за вашиот интимен живот

    Вистинска или минлива љубов? 25 прашања што ја откриваат вистината за вашиот интимен живот

    Терапевтката и лиценцираната советничка за ментално здравје Џиани Адамо составила листа од 25 прашања што можат да ја разоткријат вистинската состојба на вашата љубовна врска. Прашањата се поделени во 5 основни категории што се клучни за иднината на секој љубовен однос – емоции, потреби, комуникација, вредност и иднина. Ако имате какви било двоумења за вашата врска, одговорете ги прашањата и со сигурност ќе сфатите на каде оди вашата љубов, како и што можете да преземете за да ја зацврстите.rnrnvistinska-ili-minliva-ljubov-25-prashanja-shto-ja-otkrivaat-vistinata-za-vashiot-intimen-zhivot-www.kafepauza.mkrn

    ЕМОЦИИ

    rn1. Кога сме заедно, дали се чувствувам пријатно и среќно или тажно, збунето и фрустрирано?rnrn2. Го почитувам таков каков што е или сакам да го променам?rnrn3. Ме почитува ли тој мене или не се грижи за моите емоции?rnrn4. Го ценам ли неговото влијание на мојот живот или се чувствувам како да ме користи?rnrn5. Кога ги споделувам своите мисли, емоции и грижи, дали ме слуша и одговара со емпатија или не ме разбира?rn

    ПОТРЕБИ

    rn6. Дали врската ни е подеднакво важна?rnrn7. Дали секогаш сме тука еден за друг или мора да го молам секој пат кога ми треба?rnrn8. Постои ли баланс во нашиот однос или јас сум таа што ја одржува врската во живот?rnrn9. Дали моите потреби му се подеднакво важни како неговите или ги игнорира на сметка на своите?rnrn10. Дали го извлекуваме најдоброто еден од друг или покрај него се чувствувам како родител што мора да внимава на своето дете?rn

    КОМУНИКАЦИЈА

    rn11. Уживам ли во нашите разговори?rnrn12. Дали ме разбира и ме следи додека разговараме?rnrn13. Верувам ли во неговите зборови или се чувствувам манипулирано?rnrn14. Дали ги зема предвид моите ставови кога имаме различно размислување или секогаш ме „поткопува“?rnrn15. Дали можам без проблем да му кажам „не“ или моето „не“ никогаш не се почитува?rn

    ВРЕДНОСТИ

    rn16. Имаме ли слични погледи кон светот и ставови?rnrn17. Останувам ли верна на своите ставови или сум ги изгубила во оваа врска?rnrn18. Дали нашите животни стилови се совпаѓаат?rnrn19. Дали тој е финансиски одговорен и има план за иднината или живее од ден за ден?rnrn20. Дали и двајцата во иста мера ги цениме искреноста, отвореноста и преданоста во врската?rn

    ИДНИНА

    rn21. Ме вклучува ли во своите планови, одмори и фамилијарни собири или сум негова „тајна“ девојка?rnrn22. Дали секогаш е јасен во однос на тоа што го сака од животот или избегнува такви разговори со мене?rnrn23. Дали искрено сум му објаснила што очекувам од врската и што ми треба за да бидам среќна?rnrn24. Дали тој може да ми ги овозможи овие нешта?rnrn25. Дали му е важна мојата среќа и дали може да се замисли себеси покрај мене во иднината и дали му е важна нашата долготрајна заедничка среќа?rnrnТестирајте ја дополнително вашата љубов: 5 прашања кои откриваат дали вашата врска е во криза!

  • 12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

    12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараат

    Постојат некои прашања што мислиме дека ги знаеме, бидејќи сме ги чуле илјадници пати, но сепак секогаш ги одговараме погрешно. Ако можете да одговорите точно на половина од овие прашања, може да се сметате за генијалци! Погледнете за кои научни прашања станува збор…rn

    1. Што тежи повеќе, 1 фунта злато или 1 фунта пердуви?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnСигурно мислите дека станува збор за трик прашање. Но, ако одговоривте дека тежат исто, грешите. Фунта пердуви тежат повеќе Зошто? Златото се мери во унци. Па, ако ги претворите обете во основни мерни единици, 1 фунта злато тежи околу 373,24 грама, а 1 фунта пердуви тежи околу 453,59 грама.rn

    2. Кој планински врв се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnМногумина мислат дека одговорот на ова прашање е Монт Еверест. Меѓутоа, врвот Чимборазо во Еквадор се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата. Зошто? Земјата обично се испупчува кај екваторот, бидејќи постојано се врти. Со оглед на тоа што Чимборазо е на врвот на екваторот, тој се наоѓа точно на овој издаток и така неговиот врв е најоддалечен од средиштето на Земјата. Монт Еверест е највисоката планина ако ја мерите од подножјето до врвот, но нејзиниот врв не се наоѓа најдалеку од центарот на Земјата.rn

    3. Дали луѓето навистина верувале дека Земјата е рамна?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnЛуѓето знаеле дека Земјата е тркалезна уште во времето на античка Грција. Многумина веруваат дека во раниот Среден век се појавиле неколку луѓе кои велеле дека Земјата е рамна.rn

    4. Колку трае меморијата на златната рипка?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnМногу луѓе би кажале дека златната рипка има меморија која трае само 3 секунди, меѓутоа нејзините сеќавања траат неколку дена. Златните рипки учат со помош на класично условување, што значи дека кога ќе им се даде храна заедно со друг предмет, тие ги помнат и двете заедно и нивната меморија може да трае со денови.rn

    5. Колку сетила имаат луѓето?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnНие немаме само 5 сетила. Многу невролози препознаваат 9 или повеќе сетила. Точно е дека постојат основните 5: Допир, вкус, мирис, вид и слух, но има и други. На пример, допирот се состои од неколку „телесни“ сетила, како што се перцепцијата за топлина, болка и притисок. Постојат и органски сетила, односно осетот за нашата внатрешна состојба, како што се глад и жед.rn

    6. Дали ајкулите можат да заболат од рак?

    rn12 прашања од областа на науката што луѓето секогаш погрешно ги одговараатrnrnОдговорот на ова прашање е да, ајкулите можат да заболат од рак. И не, не можат да излечат рак. За жал, многумина сѐ уште веруваат дека ’рскавицата на ајкулите може да излечи рак, што доведува до убивање голем број ајкули. Тоа не е вистина и научниците докажале дека постојат ајкули кои имаат тумори.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

    20 прашања кои мора да си ги поставите во животот

    Дали светот би бил подобро место ако поставуваме повеќе прашања? Тажната вистина е што општеството повеќе ги сака одговорите отколку прашањата. Многу од нас го запоставуваат важниот дел од личното откривање – себепрашувањето. Па, кои прашања би требало да си ги поставите? Никој не може да ви го даде правилниот одговор, но можеме да ви кажеме неколку насоки. Во продолжение погледнете кои се 20-те прашања кои би требало да си ги поставите во животот.rnrn20 прашања кои мора да си ги поставите во живототrn

    За вашата личност

    rnИстражувањето на вашата личност или работите кои ве прават вас, е клучно за себеоткривањето. Нормално е да немате секогаш јасен одговор на овие прашања. Животот може да биде навистина непредвидлив, па немојте да бидете премногу строги кон себе.rnrn1. Дали сум среќен/среќна?rnrn2. Дали продолжувам да учам?rnrn3. Дали сум онаму каде што сакам да бидам?rnrn4. Дали го живеам животот како што сакам да го живеам?rnrn5. Дали давам и добивам љубов?rn

    За вашата професија

    rnРечиси половина од животот го поминуваме работејќи. А во зависност од вашата перцепција, ова може да биде или добро или лошо. Вистината е дека без разлика дали работите нешто што го сакате или не, треба секогаш да бидете благодарни за вашиот приход. Покрај тоа, секогаш можете да направите промена ако нешто не ви се допаѓа.rnrn1. Дали правам нешто што ме прави среќен/среќна?rnrn2. Дали правам разлика со моите избори?rnrn3. Дали сакам да останам во оваа кариера? Зошто?rnrn4. Дали сум благодарен/благодарна за оваа работа и плата бидејќи ми овозможува…?rnrn5. Дали правам напор професионално да се подобрам?rn

    За вашиот производ

    rnПод производ се подразбираат работите кои ги креирате со намера. Овде може да станува збор за емоции, однесување, како и некој производ, волонтирање и слично. Со други зборови, што е она што го оставате во светот?rnrn1. Дали на општеството му давам нешто за возврат?rnrn2. Дали правилно се справувам со времето и напорите?rnrn3. Дали свесно се обидувам да бидам добар, од помош и дарежлив?rnrn4. Дали се вклучувам во животот?rnrn5. Што оставам во наследство за другите?rn

    За вашите „други работи“

    rnВашите „други работи“ се прашања кои потекнуваат од вашата душа. Прашања кои само вие можете да си ги поставите и одговорите. Постојат копнежи во душата што ви го бараат вниманието. А само со вашето внимание можете да влезете во нематеријалното. Иако природата на овие прашања е индивидуална, овие примери ќе ви покажат како би изгледале.rnrn1. Дали верувам во судбина или слободна волја?rnrn2. Дали универзумот може да праќа и да добива сигнали?rnrn3. Постои ли повеќе од еден вид свест (на пример колективна свест)?rnrn4. Има ли повисока интелигенција? Ако да, тогаш што?rnrn5. Има ли нематеријална компонента на човечкото постоење?rn

    „Учете од вчера, живејте денес, надевајте се за утре. Важното нешто е да не престанете да поставувате прашања. Љубопитноста постои со причина.“ – Алберт Ајнштајн

    rnПогледнете ги и овие прашања што ќе ви помогнат да си го подобрите квалитетот на животот.

  • 7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

    7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смисла

    Некои луѓе уште веднаш знаат која е нивната крајна цел. Тие можат да ги искажат своите желби и соништа со зборови и бестрашно му кажуваат на светот дека еден ден ќе станат доктори или претседатели. Овие луѓе најчесто успеваат затоа што имаат план за својот живот и знаат како да го реализираат. Но, за повеќето луѓе ова не е толку едноставно. Животот е празен кога нема смисла. Смислата му дава значење на вашиот живот. Но, како да откриете која е вашата смисла? Одговорите на следниве неколку прашања ќе ви помогнат да ја откриете вашата животна смисла…rnrn7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смислаrn

    1. Што ве интересирало кога сте биле деца?

    rnИгрите што сме ги играле како деца најчесто се основа на развојот на нашиот потенцијал кој излегува на виделина кога стануваме возрасни. Помислете на барбиките. Дали сте ги облекувале или сте правеле облека за нив? Помислете на вашите колички. Дали сте се тркале со нив или сте граделе целосен град со улици, куќи, дрвја, продавници и гаражи? Што сте играле со часови? Можете ли сѐ уште да се поврзете со тоа? Ако можете, размислете како би можеле да го вклучите тоа во вашиот моментален живот. Нашите таленти се скриени во детските интереси, во работите коишто природно ни оделе од рака. Вратете се назад во времето и ќе откриете неверојатни богатства.rn

    2. Кога не би имале работа, како би го поминувале времето?

    rnКога не би имале работа и не би ви било дозволено да седите дома и ништо да не правите, како би си го исполниле времето? Каде би оделе и што би правеле? Да речеме дека ќе потрошите дел од времето за да се опуштите и вежбате, но што би правеле со остатокот од денот? Дали би го поминале денот активно истражувајќи го градот или би оделе во музеи и уметнички галерии? Дали би читале, волонтирале или пак би посетувале часови по нешто?rn

    3. Што ви помага да заборавите на светот околу вас?

    rnДали има нешто што навистина многу сакате да го правите? Нешто што ви помага да изгубите осет за време? Ако некогаш сте биле толку многу вклучени во некоја активност, најверојатно го разбирате чувството што се јавува кога сте комплетно обземени правејќи нешто. Сите сме го доживеале тоа. За некои луѓе тоа е процесот на создавање, за други тоа е организирање настани, за трети тоа е грижењето за туѓите потреби. Кога сте целосно обземени, вие заборавате на времето, храната, пиењето и местото. Кога последен пат сте го доживеале ова?rnrn7 необични прашања што ќе ви помогнат да ја најдете вашата животна смислаrn

    4. За кои проблеми се грижите најмногу?

    rnДали постои некој проблем што навистина многу ве засега? Какви теми сакате да читате? Кои теми ги следите на вести, на кои проблеми постојано се навраќате? Какви веб-сајтови ве привлекуваат? За што разговарате со вашето семејство и пријатели? Дали некои проблеми ве вознемируваат толку многу што имате потреба да направите нешто во врска со нив?rn

    5. Со кого го поминувате времето и за што разговарате?

    rnПовеќето луѓе го поминуваат времето со луѓе кои ги споделуваат нивните интереси и погледи кон светот. Тоа може да ви открие нешто за вашата животна смисла. Дали го поминувате поголемиот дел од вашето слободно време со пријателите кои се занимаваат со велосипедизам или со оние кои уживаат во дружбата и алкохолот? Дали разговарате за вашата заедничка страст кон велосипедизмот или само пиете со пријателите во блискиот бар? Дали луѓето со кои го поминувате времето ви даваат знаци која е вашата вистинска страст? За што разговарате? Дали луѓето ви се обраќаат за совет? Зошто би барале луѓето совет од вас? Дали имате некакво специфично знаење? Како сте го стекнале тоа знаење? Одговорите на овие прашања би можеле да ви ги отворат очите.rn

    6. Кои се желбите што сакате да ги остварите додека сте живи?

    rnШто сакате да постигнете додека сте живи? Оваа вежба исто така може да ве просветли. Ако направите листа на работи што сакате да ги направите, тоа ќе ви помогне да сфатите што посакувате во животот и што никако не би сакале да пропуштите.rn

    7. Кога би имале сон, дали би можеле да го остварите?

    rnСериозно размислете за ова прашање. Дури и да сте имале сон, но никогаш не сте се осмелиле да го остварите од некоја причина, сѐ уште можете да го земете предвид и да го претворите во нешто лесно остварливо. Помислете на многуте историски фигури кои ги претвориле своите најлуди соништа во реалност и земете ги за пример. Запрашајте се: Што ве спречува? За сѐ има помош. Не мора да знаете сѐ и не мора сѐ да правите сами. Можете да побарате помош за да си ги остварите соништата. Размислете. Вашиот сон и вашата животна смисла најверојатно се едно исто.rnrnСѐ уште не знаете од каде да почнете со потрагата? Прочитајте што е смислата на животот.

  • Поставете си ги овие 3 прашања за да ја откриете вашата вистинска страст

    Поставете си ги овие 3 прашања за да ја откриете вашата вистинска страст

    Поставете го вистинското прашање, и одговорот навистина ќе ве изненади. Поставете го погрешното прашање, и можно е целиот труд да ви бил залуден. Прашањата се навистина моќни бидејќи ни помагаат да сфатиме што сакаме да правиме со нашите животи. Кога ќе го поставите вистинското прашање можно е да ви се разјаснат многу работи и да тргнете на авантура која никогаш нема да ја заборавите. Па, за да ја откриете вашата вистинска страст, поставете си ги следниве 3 прашања.rnrnpostavete-si-gi-ovie-3-prashanja-za-da-ja-otkriete-vashata-vistinska-strast-kafepauza.mkrn

    1. Кои се 3-те нешта кои би ги правеле ако знаевте дека утре ќе умрете?

    rnОва прашање ве тера да се потсетите на вашата смртност. Замислете си дека само што сте се вратиле од болница и сте биле дијагностицирани со рак. Лекарот ви рекол дека имате само уште еден ден живот. Што би направиле тогаш? Кое е првото нешто што ви доаѓа на ум? На некои работи ќе се сетите веднаш, а ова ќе ви помогне да сфатите што навистина сакате.rn

    2. Ако парите не се проблем, што би работеле?

    rnСигурно ова е прашање што го имате слушнато и порано. Размислете добро и одговорете што навистина сакате да правите. Која е вашата страст? Што би правеле ако парите немаа никаква улога? Проблемот со ова прашање е што им даваме толкава вредност на парите, што дури ни е тешко и да замислиме дека сме богати. За полесно да си дадете одговор, замислете си дека сте наследиле многу пари. На овој начин полесно ќе сфатите што навистина сакате да работите.rn

    3. Дали моите дела се совпаѓаат со мојата вистинска страст?

    rnОва прашање зависи од одговорот на првите две. Овде целта е да ги поврзете точките. Знаете што сакате, знаете во која насока треба да се движите, но сега е време да се запрашате што ќе направите. Ова прашање ќе ви помогне да откриете некои потенцијални конфликти. Понекогаш не го одговараме второто прашање. Причината за ова е тоа што веќе сме научиле општеството да ни кажува што да правиме и што да сакаме. Ова прашање ќе ви помогне да го идентификувате внатрешниот конфликт, па дури и ќе ви разјасни некои работи.rnrnПогледнете ги и овие прашања кои ќе ви помогнат да ја откриете вашата животна цел.

  • 25 прашања на кои не сакате да го знаете одговорот

    25 прашања на кои не сакате да го знаете одговорот

    Дали сте љубопитни? Повеќето луѓе се. Но, колку и да е голема вашата желба за знаење, сигурно има некои прашања на кои не сакате да им ги слушнете одговорите. Ако сте малку похрабри, ви претставуваме 25 такви прашања.rn

    1. Што всушност има во базените?

    rn(1)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnСигурно мислите дека во базените има само хлор. Всушност во базените има хлорамин, производ од мешањето урина и хлор.rn

    2. Колку се потите во текот на една година во креветот?

    rn(2)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnВо просек, годишно лачите околу 98 литри пот навечер.rn

    3. Дали може да постојат живи организми во аналниот отвор?

    rn(3)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnЗа жал да. Една од најпознатите инфекции е онаа со црви што ја добиваат барем 25% од децата. Црвите, во вид на јајца, се внесуваат во телото преку устата, а подоцна растат во цревата. Откако ќе созреат, излегуваат низ ректумот и оставаат нови јајца на надворешноста од анусот.rn

    4. Колку фекални материи има на четката за заби?

    rn(4)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnСекогаш кога пуштате вода во тоалетната школка, материите од неа се разнесуваат низ воздухот. Па, сега сами пресметајте.rn

    5. Од што се направени виршлите?

    rn(5)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnСпоред Организацијата за храна и агрикултура, материјалите од сурово месо кои се користат за готвени продукти се направени од остатоци од мускули, масно ткиво, месо од глава, нозе, животинска кожа, крв, дроб и други биопродукти кои остануваат како вишок.rn

    6. Колкава е веројатноста за уништување на Земјата од астероид?

    rn(6)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnОва е тешко да се одговори, но не е невозможно. Секој астероид кој има дијаметар поголем од 1 километар може да предизвика масовно уништување. Постојат барем 15 вакви астероиди кои поминале во близина на Земјата, но доволно далеку за да нè одминат.rn

    7. Дали некои тумори имаат заби?

    rn(7)25-prashanja-na-koi-ne-sakate-da-im-go-znaete-odgovorot-kafepauza.mkrnrnИмаат и повеќе од тоа. Кај некои тумори може да има очи, коса, па дури и мозочна материја.rnrnПродолжува на следната страница…rn