КАФЕ ПАУЗА

Tag: познати личности

  • Дознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!

    Дознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!

    За многу познати парови не важи ветувањето „додека смртта не нѐ раздели“, но овие неколку дефинитивно се издвојуваат од останатите благодарение на брзината со која се имаат разведено. Тие избрзале со разводот исто како што избрзале и со венчавањето. Погледнете кои се холивудските рекордери кога станува збор за најкратките бракови!rn

    Бритни Спирс и Џејсон Александар

    rnДознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!rnrnБракот на пејачката со нејзината средношколска љубов траела само 55 часа по брзата венчавка во Лас Вегас.rn

    Кармен Електра и Денис Родман

    rnДознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!rnrnПарот се венчал опиен од љубов и шампањ. 9 дена подоцна, Родман барал поништување на бракот.rn

    Еди Марфи и Трејси Едмондс

    rnДознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!rnrnНивната брачна среќа траела 2 недели, а на крајот бракот бил прогласен за неважечки.rn

    Дру Баримор и Џереми Томас

    rnДознајте кои се најкратките бракови во историјата на Холивуд!rnrnПрвиот брак на убавата актерка бил со британскиот шанкер. Нивниот среќен брак траел 6 недели, а потоа побарале развод.rnrnПродолжете на следната страница за останатите парови…rnrn

  • Можете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојници

    Можете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојници

    Според статистичките податоци, постои барем еден човек во светот кој личи неверојатно многу на вас. Погледнете ги следниве фотографии од обични луѓе кои толку многу личат на некои познати ѕвезди што нема да можете да им поверувате на очите…rn

    Рајан Гослинг

    rnМожете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојнициrnrnЈоханес Лашет е моден блогер и студент по право од Германија. Тој се стекнал со голема слава благодарение на неговата неверојатна сличност со познатиот глумец и срцекршач Рајан Гослинг.rn

    Одри Хепберн

    rnМожете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојнициrnrnДвојничката на Одри Хепберн, Шарлот Тиге, има извонреден вкус кој ѝ овозможува да прави одлични модни комбинации во ретро стил.rn

    Аријана Гранде

    rnМожете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојнициrnrnЛуѓето редовно ја мешаат Џеки Васкез со поп пејачката Аријана Гранде и честопати ја напаѓаат обожаватели кои сакаат да се фотографираат со нивната омилена ѕвезда.rn

    Кејти Пери

    rnМожете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојнициrnrnФранческа Браун може да ги збуни дури и најголемите обожаватели на Кејти Пери. Оваа млада дама сака да започне актерска кариера и се надева дека нејзината сличност со познатата ѕвезда нема да ги уништи нејзините професионални планови.rn

    Кара Делевињ

    rnМожете да препознаете кој е кој? Неверојатни фотографии од познати личности и нивните двојнициrnrnБлагодарение на нејзините густи веѓи и црти на лицето, Оливија Херд изгледа исто како моделот и актерката Кара Делевињ. Таа живее во Уругвај, вежба јога и има свој канал на Јутјуб.rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографиите…rnrn

  • Сакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!

    Сакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!

    Познатите личности понекогаш делуваат многу откачено! Тие прават работи што се непријатни, нерационални, опасни и бесмислени само затоа што можат. Лесно е да ги осудуваме, но кога би се нашле на нивно место најверојатно и ние понекогаш би си дозволиле такво непромислено однесување. Па, доколку сакате да се најдете во кожата на вашите омилени ѕвезди, почнете да ги следите следниве 6 правила…rnrnСакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!rn

    1. Облечете нешто што не е за во јавност

    rnЌе ви откриеме една тајна за модниот свет. 80% од модата ја сочинуваат откачени парчиња облека за кои луѓето тврдат дека се модерни, а останатите 20% се парчиња облека кои се неверојатно скапи без особена причина. Тука спаѓаат градниците што се носат како маички, ремените што се носат како градници, чевлите направени од синтетички, проѕирни материјали и слично… Сите овие апсурдни модни трендови ги имаат поставено познати личности како што се Џиџи Хадид, Кајли Џенер и Канје Вест.rn

    2. Јадете и пијте само едно нешто

    rnИ тоа, колку повеќе, толку подобро. Одберете го вашиот отров. Кое е вашето мало задоволство? Кафе? Пијте колку што сакате! Гума за џвакање? Џвакајте додека не ви испаднат забите! Чизбургер? Салата? Слободно претерајте со храната или пијалакот што ве прават среќни! Не заборавајте само да го документирате тоа со фотографии. Сѐ додека правите доволно селфиња, вишокот калории нема да можат да ви наштетат. И кога сме веќе кај фотографиите…rn

    3. Постојано фотографирајте се

    rnАко нема фотографии, исто како да не се случило. Ако сакате да се чувствувате како ѕвезди, мора да размислувате како ѕвезда, а тоа значи дека мора да почнете да верувате дека целиот свет гледа само во вас. Најдете го најдоброто осветлување во вашиот дом и слободно изгубете контрола! Направете мистериозно селфи, секси селфи, нерасположено селфи, среќно селфи, искрено селфи или соберете ги вашите пријатели и направете фотографија каде што ќе изгледате како да сте најпопуларното друштво во градот. Споделувајте ги вашите Инстаграм приказни и бидете во центарот на вашиот универзум.rnrnСакате да се чувствувате како ѕвезди? Следете ги следниве 6 совети!rn

    4. Носете очила за сонце на места каде што не се потребни

    rnОва е лесно, достапно и привремено. Ставете ги вашите најголеми очила за сонце и носете ги навечер, во затворен простор и на многу други јавни места. Зошто носите очила за сонце во затворено? Тоа не е ничија работа!rn

    5. Вашиот љубовен живот нека остане мистерија

    rnИмате љубовен живот? Супер. Понекогаш објавете фотографија со вашиот партнер, па направете пауза некое време. Дали сте сингл? Објавувајте фотографии со сите ваши познаници. Не заборавајте да ги прегрнете, да го допрете нивното колено или рака на фотографиите и готово! Новите гласини започнаа да се шират, а вашиот љубовен живот ќе биде исто толку интересен колку и на која било друга позната личност.rn

    6. Создадете бизарна и неизводлива рутина за вежбање или исхрана

    rnЗнаете за кои рутини станува збор. Шолја чај пред да станете од спиење, витамини што ќе го претворат шеќерот во самопочит и самодоверба и слично. Ако вежбате помеѓу 3 и 5 часот наутро секој ден и јадете по 19 мали оброци пред зајдисонце, со сигурност ќе изгледате совршено за црвениот тепих. Одберете ја вашата рутина и држете се до неа најмалку 2 недели.rnrnМногу е едноставно! Само претворете се во нешто што не сте и ќе почнете да се чувствувате како познати ѕвезди.rnrnВо продолжение прочитајте како да бидете фотогенични како холивудските ѕвезди.

  • 6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

    6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговор

    Смртта на омилените музичари се доживува многу емотивно. Суперѕвездите делуваат како суперлуѓе и честопати не прифаќаме дека и тие се како нас, со свои мани и недостатоци. Единствената реална разлика помеѓу нив и нас е астрономското влијание што тие го имаат на нивните фанови кои тагуваат откако ќе ја изгубат нивната омилена ѕвезда како да изгубиле член од семејството. Некои навистина упорни обожаватели наместо да тагуваат решиле да ја толкуваат нивната смрт како измама и да бараат докази дека тие не се навистина починати, туку само се кријат некаде далеку од човештвото.rnrn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrnrnИнтернетот е преполн со теории на заговор за музички изведувачи кои ја лажирале нивната смрт за да ја одбегнат славата и да побегнат во Куба. Прочитајте ги следниве 6 теории на заговор кои тврдат дека најпознатите починати музички ѕвезди сѐ уште се живи…rn

    Мајкл Џексон

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnСмртта на Мајкл Џексон беше прогласена на 25-ти јуни 2009 година во медицинскиот центар Роналд Риган во Калифорнија. Во неговиот крвоток имало толку голема доза на лекови што неговиот личен доктор Конрад Мјуреј завршил 2 години во затвор.rn

    Кои се теориите?

    rnЈутјуберката Перл Џуниор направила повеќе видеа во кои тврди дека Мајкл не е мртов. Таа спровела огромни истражувања за неговата смрт и верува дека телото на Мајкл можело да биде заменето со восочна фигура и дека пеачот го направил тоа и за фотографиите од болницата. Таа тврди дека Мајкл Џексон на сликите не личи на себе, туку изгледа како пациент болен од рак. Таа исто така смета дека телото што хеликоптерот го подигнал личело на даска за сурфање, а не на тело.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=WVZgj6XStjwrnrnУште еден теоретичар на заговор тврди дека на последното селфи на Парис Џексон на Инстаграм може да се види Мајкл Џексон. Тој верува дека го гледа лицето на Мајкл во купот алишта на задното седиште во автомобилот на Парис. Друг Јутјубер тврди дека го сретнал Мајкл Џексон доцна во ноќта кога отишол до банкомат. „Мајкл Џексон“ му кажал „Извини“ и тој веднаш го препознал гласот на познатиот пеач.rn

    Елвис Присли

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnЕлвис Присли починал кога имал 42 години на 16-ти август во 1977 година во неговиот дом во Тенеси. Тој починал од срцев удар предизвикан од висок крвен притисок, глаукома, зголемено дебело црево и оштетување на црниот дроб. Било пријавено дека имал прекумерна тежина и дека не можел да прави ништо без помош. Исто така бил предозиран со кодеин.rn

    Кои се теориите?

    rnСе верува дека Елвис ја лажирал неговата смрт за да избега од окото на јавноста. Една од причините за тоа е дека на неговата надгробна плоча како средно име пишува Аарон, наместо попознатото Арон, иако официјалното средно име на Присли е навистина Аарон. Исто така, сомнителен е и фактот што еден ден по смртта на Елвис, маж по име Џон Бароуз (псевдонимот што го користел Елвис во хотелите) наводно купил билет до Буенос Аирес.rnrnhttps://www.youtube.com/watch?v=npQ5QL94m7krnrnТеоретичарите на заговор како доказ го користат и чудното интервју од 2005 година каде што Присила Присли спомнува нешто што Елвис го „кажал пред некој ден“. Но, сигурни сме дека кога би требало да зборувате со Опра за вашиот мртов сопруг и вие би правеле грешки при говорот.rn

    Мерилин Монро

    rn6 музичари кои си ја лажирале смртта според теориите на заговорrn

    Што се случило?

    rnМерилин Монро била најдена мртва на 5-ти август во 1962 година во нејзиниот дом во Лос Анџелес. Таа ја заклучила вратата и земала преголема доза апчиња за спиење.rn

    Кои се теориите?

    rnПокрај теориите на заговор кои тврдат дека Мерилин Монро била убиена од страна на ЦИА за да се заштити госпоѓата Кенеди и да не го изгуби нејзиниот статус на прва дама, постои човек кој верува дека Мерилин била жива во 1984 година. Тој наводно ја собрал со автомобил додека таа се обидувала со автостоп да се врати дома од менталната болница каде што се криела за да го одбегне гневот на јавноста.rnrnПродолжете на следната страница за останатите теории на заговор…rnrn

  • 9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

    9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваат

    Гласините за познатите личности се ширеле наоколу уште пред постоењето на Интернетот, но по неговата појава, вестите почнаа да се шират уште побрзо и целиот виртуелен свет постојано е преплавен со сочни озборувања. Некои од тие трачеви станале толку популарни што луѓето навистина почнале да веруваат во нив. Прочитајте ги следниве 9 смешни митови кои докажуваат дека каде што има чад, нема секогаш оган…rn

    1. Лорд има 45 години

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnНеобичниот изглед на Лорд, пеачката од Нов Зеланд, беше предмет на многу озборувања поврзани со нејзината вистинска возраст. Некои велат дека младата ѕвезда има повеќе од 40 години, иако таа имаше само 17 кога излезе нејзиниот прв албум. Овој податок е потврден и со нејзиниот извод на раѓање според кој таа е родена на 7 ноември, 1996 година. За жал, овој доказ не е доволно убедлив за некои луѓе.rn

    2. Измамничка ја заменувала Аврил Лавињ

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnОвој мит се роди во 2015 година, кога еден бразилски веб-сајт посветен на поп панк пеачката тврдеше дека Лавињ починала во 2003 година и била заменета од страна на нејзина двојничка по име Мелиса Вандела. За да ја потврди оваа хипотеза, авторот се повикал на исчезнувањето на бенките од лицето на Аврил Лавињ и промените во нејзиниот изглед. Сите овие аргументи биле отфрлени како неточни, но легендата за мистериозната двојничка сѐ уште постои.rn

    3. Стиви Вондер не е навистина слеп

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnМногумина веруваат дека легендарниот пејач се преправа дека е слеп, затоа што редовно оди на кошаркарски натпревари, купува телевизори, а еднаш се обидел да го фати микрофонот додека паѓал. Оние што ја подржуваат оваа теорија единствено не можат да објаснат зошто Стиви Вондер би се преправал дека е слеп цели 67 години.rn

    4. Мерилин Монро носела облека со број 50

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnТелото на Мерилин Монро се смета за легендарно. Тоа ја претставува идеалната женска фигура, а некои го сметаат и за тело со прекумерна тежина. Меѓутоа, мерките на Монро раскажуваат поинаква приказна. Всушност, тие се многу слични на телесниот облик со мерки 36-24-36, што се смета општо прифатливо во денешно време. Докази за тоа се нејзината облека и белешките од нејзините стилисти кои потврдуваат дека актерката носела облека со број 40. Но, тежината на Монро навистина била променлива. На пример, таа се зголемила за време на нејзината бременост која за жал завршила со абортус. И покрај тоа, таа никогаш немала вишок килограми.rn

    5. Кејти Пери е ЏонБенет Ремзи

    rn9 митови за познатите ѕвезди во кои луѓето сѐ уште веруваатrnrnФановите на оваа поп ѕвезда имаат теорија дека Кејти Пери не е навистина Кејти Пери! А не е ни Кетрин Хадсон (Кејти одлучила да го користи моминското презиме на мајка ѝ за да не биде поврзувана со актерката Кејт Хадсон). Тие мислат дека нејзиното вистинско име е ЏонБенет Ремзи, девојчето кое победило на многу избори за убавина. За жал, Ремзи починала кога имала 6 години, а нејзината мистериозна смрт сѐ уште не е разрешена. Овој факт и сличноста помеѓу ЏонБенет и Кејти биле причината за развивање на апсурдната теорија. Но, многу е лесно да се побие оваа гласина: Кога Ремзи се родила, Кејти веќе имала 6 години.rnrnПродолжете на следната страница за останатите смешни гласини…rnrn

  • Познати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!

    Познати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!

    Не грижете се, немате проблеми со видот! Овие восочни фигури од Мадам Тисо се толку реалистични што можеби ќе помислите дека ви требаат очила, особено кога оригиналите ќе застанат до нив. Погледнете ги следниве интересни фотографии од познати личности кои позираат до нивните восочни фигури и обидете се да препознаете која е вистинската верзија…rn

    Бети Вајт

    rnПознати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!rnrnОригиналните „Златни девојки“.rn

    Фарел Вилијамс

    rnПознати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!rnrnЕкипата од Мадам Тисо потрошила 4 месеци за да го изработи ова ремек-дело и мора да признаеме дека трудот не бил залуден! Можете ли да препознаете кој е вистинскиот Фарел?rn

    Џејн Линч

    rnПознати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!rnrnСју Силвестер во восочна форма изгледа исто толку страшно колку и вистинската верзија.rn

    Џон Хем

    rnПознати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!rnrnДон Дрејпер го фотобомбардира Дон Дрејпер како во необичен сон од „Луди мажи“ (Mad Men).rn

    Рајан Рејнолдс

    rnПознати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!rnrnВистински другарчиња!rnrnПродолжете на следната страница за останатите фотографии…rnrn

  • Познати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографии

    Познати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографии

    Фотобомбардерите се многу слични на нинџите. За да можат да направат успешна фотобомба, тие треба тивко да се прикрадат, да бидат трпеливи како будистички монах и да имаат добро око за да го препознаат совршениот тајминг. Погледнете ги следниве неколку познати ѕвезди кои ги усовршиле вештините за фотобомбардирање….rn

    Брајан Кренстон и неговиот поранешен партнер во криминал, Арон Пол

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Џесика Бил и нејзиниот здодевен сопруг, Џастин Тимберлејк

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Стивен Спилберг, семејството Сајнфилд и погодете кој? Секако дека Џорџ Клуни!

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Изненадувањето на Лупита Нјонго од неверојатното човечко суштество, Ема Томпсон

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Ен Хатавеј во придружба на нинџата Џаред Лето

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Кендис Камерон Буре се меша во љубовта на Џон Стамос

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Сиена Милер и Кара Делевињ: Модели на работа

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Здраво! Тоа сум јас… Бенедикт Камбербач!

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Бела Торн и Меи Витман… И устата на Кен Џонг

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrn

    Фотографијата на Анџелина Џоли не би била целосна без главите на Џек Блек и Дастин Хофман

    rnПознати личности кои се експерти за „уништување“ на туѓи фотографииrnrnАко овие фотобомби успеаја да ве насмеат, погледнете како е кога познатите ѕвезди упаѓаат во туѓи фотографии.

  • 6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родители

    6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родители

    Многу познати личности посвојуваат деца од разни земји ширум светот за да им овозможат среќен живот. Но, и меѓу славните има такви кои не пораснале со нивните биолошки родители туку во семејство основано од страна на непознати луѓе. Прочитајте ги следниве 6 приказни за посвојување со среќен крај кои сведочат за тоа дека родителската грижа и љубов може да дојде и од луѓе кои не се биолошки родители…rn

    1. Стив Џобс и неговиот биолошки тато Абдулфата (Џон) Џандали

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnСтив Џобс бил роден на 24 февруари 1955 година во приватна клиника во Сан Франциско. Неговата биолошка мајка, студентка по име Џоан Шибли, го оставила детето, бидејќи била под голем притисок од страна на нејзините родители. Кога тие дознале дека забременила од Сириецот Абдулфата Џандали, ѝ се заканиле дека ќе се откажат од неа.rnrnНовиот татко на Стив, Пол Џобс, му ја всадил на детето љубовта кон електрониката. Тој исто така платил за образованието на Стив и на тој начин му ги отворил вратите до успехот. На Стив Џобс не му се допаѓало кога неговите родители биле нарекувани „старатели“. Тој велел дека тие се 1.000% негови родители.rn

    2. Никол Ричи и нејзиниот биолошки татко Питер Мајкл Есковедо

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnРодителите на Никол Ричи се грижеле за неа додека не наполнила 3 години и потоа грижата му ја препуштиле на нивниот пријател Лајонел Ричи. Тоа се случило поради тешката финансиска ситуација на семејството. Родителите на Никол едноставно не можеле да ѝ го овозможат сето она што ѝ било потребно. 6 години подоцна, Лајонел Ричи и жена му, Бренда Харви Ричи, официјално го посвоиле девојчето, а Мајкл Џексон станал нејзин кум.rnrnВо едно интервју Никол го признала следново: „Моите родители беа пријатели со Лајонел…. Тие верува дека тој ќе може подобро да се грижи за мене“. Таа исто така открила дека сѐ уште комуницира со нејзината биолошка мајка.rn

    3. Џејми Фокс

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnПознатиот американски актер, Џејми Фокс, бил роден во Тексас во семејството на Луис Диксон и Дарел Бишоп. Кратко време по неговото раѓање, родителите го оставиле и тој бил посвоен од страна на Марк и Естер Мари Тели. Џејми пораснал во афроамериканско соседство и неговата баба имала најголемо влијание на него. Таа му ја всадила љубовта кон уметноста, го научила да свири пијано и влијаела на неговата одлука да студира класична музика на факултет.rn

    4. Реј Лиота

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnБиолошките родители на Реј го оставиле, бидејќи не можеле финансиски да си дозволат да се грижат за дете. Момчето било посвоено од страна на богати Италијанци, благодарение на кои добил прекрасно презиме и ново семејство. Тие исто така посвоиле и девојче Линда, па така Реј имал двајца родители и сестра.rn

    5. Коко Шанел

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnНајпознатата модна дизајнерка во светот била родена во 1883 година во Саумур. Нејзините родители не можеле да се грижат за децата, бидејќи покрај Коко имале уште 4 деца, па така тие поголемиот дел од времето го поминувале со нивните роднини.rnrnКога Коко наполнила 12 години, татко ѝ го напуштил семејството. Таа била однесена во сиропиталиште, потоа во католички манастир и на крај во интернат. Според Коко, токму ваквата животна ситуација го наметнала нејзиниот избор за идна професија. Таа била принудена да носи сива, здодевна униформа целиот нејзин живот, па затоа отсекогаш сонувала да ги облекува жените ширум светот во убава облека.rn

    6. Џон Ленон

    rn6 познати личности кои не пораснале со нивните биолошки родителиrnrnКратко по раѓањето на Џон, неговите родители се развеле. Мајка му нашла нов маж и грижата за момчето ѝ била препуштена на тетка Мими и нејзиниот сопруг. Според Ленон, Мими била многу строга и не го одобрувала неговиот интерес за свирење гитара. Таа секогаш велела дека гитарата е убава работа, но нема да му донесе заработувачка.rnrnПрочитајте ги и следнив 6 работи кои успешните личности ги прават пред спиење.

  • Што значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личности

    Што значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личности

    Шегите на сметка на татковците се секогаш смешни и забавни. Нивниот однос со децата е посебен и поразличен од оној на мајките. Татковците честопати немаат поим што прават, секогаш се спонтани и мора да признаеме дека нивните методи на воспитување се многу забавни. Познатите личности не се ништо поразлични од обичните татковци. Прочитајте некои од нивните урнебесни цитати кои совршено ја опишуваат улогата на татковците…rnrnШто значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личностиrn

    „Кога имате деца, тоа е исто како да живеете во студентски дом. Никој не спие, сѐ е скршено и има повраќаници насекаде.“ – Реј Романо

    rn

    „Мажите треба секогаш да менуваат пелени. Станува збор за многу посебно искуство. Го прочистува умот. Тоа е исто како да миете садови, само замислете си дека садовите се вашите деца, што значи дека навистина многу си ги сакате садовите.“ – Крис Мартин

    rn

    „Сакам син ми да носи шлем 24 часа дневно. Ако тоа беше општествено прифатливо, јас ќе бев првиот што би му ставил шлем на детето и маска со решетки на лицето.“ – Вил Арнет

    rn

    „Можете лесно да дознаете која била омилената година од животот на татко ви, бидејќи татковците секогаш го задржуваат токму тој стил на облекување и никогаш не се одрекуваат од него.“ – Џери Сајнфилд

    rn

    „Би требало да има ваква детска песничка: ’Ако сте среќни и го знаете тоа, задржете го за себе и оставете го татко ви да спие’.“ – Џим Гафиган

    rnШто значи да се биде татко? Урнебесни цитати за татковството од познати личностиrn

    „Единствениот начин на кој би можел да го опишам татковството е со крајот на филмот ’Како Гринч го украде Божиќ’. Се сеќавате како неговото срце стана 5 пати поголемо? Сѐ е полно. Сѐ е едноставно полно цело време.“ – Мет Дејмон

    rn

    „Татковството е супер, бидејќи можете да уништите некого уште од самиот почеток.“ – Џон Стјуарт

    rn

    „Попрво би испил врела чинија течно беснило отколку да се качам на авион со моите две деца. 2-годишните деца секогаш ја соблекуваат сета облека и се запознаваат со сите луѓе во авионот. Поставуваат прашања од типот: ’Ве молам, можеме ли да слетаме на фарма?’.“ – Рајан Рејнолдс

    rn

    „Ја повлекувам мојата претходна изјава која гласеше: ’Никогаш не би можел да се вљубам во девојка која редовно кака во гаќи.’ Тогаш сѐ уште ја немав запознаено ќерка ми.“ – Декс Шепард

    rn

    „Како е можно мојот 3-годишен син да ги знае сите видови диносауруси, а јас да не можам ни да си го запаметам телефонскиот број?“ – Теј Дигс

    rnВо продолжение прочитајте ги следниве 8 мудрости што татковците треба да им ги пренесат на нивните синови.

  • Занимливите навики во исхраната на познатите ѕвезди

    Занимливите навики во исхраната на познатите ѕвезди

    Многумина од нас сакаат секојдневно да ја консумираат својата омилена храна. Без разлика за што станува збор, мораме барем еднаш во денот да се насладиме, инаку нашиот ден би немал смисла. Можеби звучи смешно, но не сте сами, бидејќи многу познати личности ја имаат оваа интересна навика. Секако, некои од нив консумираат нешто поздраво, додека други воопшто не се грижат за своите килограми. Па, пребарувајќи по Интернет дознавме дека познатите се малку чудни кога станува збор за храната, а еве какви „занимливости“ тие сакаат да консумираат секојдневно, без исклучок.rnrn1-zanimlivi-namirnici-koi-poznatite-gi-konsumiraat-sekojdnevno-www,kafepauza.mk_rnrnКим Кардашијан, на пример, секојдневно јаде пилешка кинеска салата со манго. Всушност, ова и не е толку лоша навика.rnrnНејзината сестра Кортни Кардашијан пак, е тотално опседната со здравјето, а без оглед на неколкуте породувања, таа и понатаму има сјајна фигура. Ситна и слаба – кој не би посакал да изгледа како неа? Инаку, таа денот секогаш го започнува со лажичка специјален гхи путер, а дваесет минути подоцна не јаде ништо и тоа мора да биде првата работа што ќе ја стави во својот стомак. Инаку, ова е трикот со чија помош можете да бидете послаби, помускулести и енергични, а заедно со тоа и поздрави и ментално поостри. Погледнете ја Кортни како доказ.rnrnКриси Тајген не може да го замисли својот ден без риба со лук. Некогаш една, некогаш две… Не може да престане!rnrnФерги со својот сопруг Џош Дамел имаат специјален утрински ритуал и тоа во вид на смуди. Нивната „енергија во чаша“ содржи спанаќ, кељ, целер, јаболко, банана и круша. Овој појадок го практикуваат седум години наназад.rnrn2-zanimlivi-namirnici-koi-poznatite-gi-konsumiraat-sekojdnevno-www,kafepauza.mk_rnrnЕва Мендез нема проблем со навиките во јадењето. Таа секој ден руча и вечера комбинација од лосос и ориз и тоа за неа е сосема во ред. „Гориво“ за телото.rnrnКајли Џенер додека била со Тајга, секое утро за него подготвувала омлет со ориз и колбаси, а тој не можел да си го замисли денот без него и секогаш барал повеќе.rnrnМараја Кери имала чудна и доста тешка диета. Секој ден консумирала само две намирници, а тоа се норвешки лосос и копар. И тоа секој ден, по цел ден. Но, се разбира, брзо се откажала.rnrnБела Хадид секое утро јаде сирење на скара и помфрит со малку кечап. Сите ние можеме да се пронајдеме во оваа слатка ужина. Само, прашање е колку вежбање се крие зад овој оброк…rnrnrnrnПогледнете ги и овие славни личности кои изгледа како да не стареат!