За повеќето луѓе најважното нешто во врска со тестаментите е да одредат колкав дел од нивниот имот ќе заврши кај разни членови од семејството или пријателите. Но кај многу познати личности во овој документ биле вклучени и неколку необични барања.rn
1. Вилијам Шекспир
rn
rnrnВо тестаментот на познатиот писател имало барање дека по неговата смрт, неговата сопруга би требало да го добие вториот најудобен кревет од неговиот дом. Неговиот најудобен кревет не го оставил никому.rn
2. Чарлс Дикенс
rn
rnrnКога станува збор за наследување имот, тестаментот на Чарлс Дикенс не се разликува многу од останатите документи од овој вид. Но, тој имал многу специфични барања во однос на изгледот на ужалените на неговиот погреб. Тој напишал дека луѓето кои носеле марами, црни машни и наметки не смееле да присуствуваат на погребот.rn
3. Наполеон
rn
rnrnПознатиот француски владетел барал по неговата смрт да му ја избричат главата, а косата да ја раздадат на неговите најдобри пријатели.rn
4. Филип Симор Хофман
rn
rnrnПознатиот актер не сакал да ги разгали своите деца, па целиот свој имот ѝ го оставил на неговата девојка. Исто така сакал неговиот син Купер да биде одгледан во три града – Њујорк, Чикаго и Сан Франциско.rn
5. Мерлин Монро
rn
rnrnКога го пишувала својот тестамент, Мерлин Монро одлучила да не му остави ништо на нејзиното семејство. Наместо тоа целиот нејзин имот завршил кај Лиј Стразберг, нејзиниот учител по глума.rn
6. Џенис Џоплин
rn
rnrnПопуларната пејачка не сакала луѓето да си одат тажни по нејзиниот погреб. Поради тоа во тестаментот одвоила 2.000 евра за организирање целовечерна забава во нејзиниот омилен паб по завршувањето на погребот.rn
7. Александар Меквин
rn
rnrnМодниот дизајнер поголемиот дел од своето богатство го донирал во хуманитарни организации. Околу 70.000 евра биле одвоени за погребување на неговите кучиња.rn
8. Џорџ Бернард Шо
rn
rnrnПоследната желба на познатиот драмски писател била неговите преостанати пари да се искористат за финансирање на развој на ново писмо кое треба да биде фонетско и да има вкупно 40 букви.rnrnЗнаевте ли дека некои познати личности заработуваат и по нивната смрт?