КАФЕ ПАУЗА

Tag: познати личности

  • Најчудните секс-соништа и нивното значење

    Најчудните секс-соништа и нивното значење

    Сексуалните соништа, особено оние кои вклучуваат интимни активности со личност со која никогаш, ама баш никогаш не би имале односи, знаат да бидат прилично вознемирувачки, меѓутоа од нив морате да ја извлечете подлабоката порака. Ваквите сонови многу ретко имаат некаква поврзаност со сексот, туку причината која стои зад нив е воглавно ваша потреба од обединување, спојување на различните, спротивставени делови од самите себе.rnrnНајчудните секс-соништа и нивното значењеrn

    Секс со бившиот/та

    rnНе, ваквиот сон не значи дека сакате повторно да бидете со таа личност. Доколку имате сексуален однос со личност со која во минатото сте биле во врска, тоа најверојатно значи дека сѐ уште размислувате околу некои неразјаснети чувства. Доколку сте со нова личност, таквиот сон може да биде знак за некои ваши стравови во однос на врската или пак повторно преживување на чувствата кои сте ги имале за бившиот/та. Обрнете внимание на природата на сексуалното искуство и како сте се чувствувале додека сте го правеле тоа во сонот, за да увидите какви емоции имате спрема бившиот партнер. Доколку не сте во нова врска, можеби вие и бившиот партнер имате некоја незавршена работа, која ви го поматува умот.rn

    Инцестуозен секс

    rnИнцестуозните сексуални соништа најмногу вознемируваат и многу е тешко да се ослободите од нив после будењето. Сонувањето дека имате секс со некој член од вашето семејство може да значи неколку работи: сексот со родител може да е поврзано со тоа дека станувате возрасна, зрела личност или дека и самите ќе станете родители. Сексот со кој било член на семејството, може да означува ваша потреба да бидете прифатени, некое длабоко опростување, копнеж за блискост или решавање на недоразбирање.rn

    Хомосексуален сон

    rnДоколку во јавето не сте хомосексуално ориентирани, а сонувате дека имате секс со личност од истиот пол, станува збор за вашата самодоверба. Во зависност од тоа како сонот ќе заврши, воглавно станува збор за ваша желба да ги прифатите оние делови од вашето тело или карактеристики кои не си ги сакате. Доколку сонувате хомосексуален сон со некој ваш пријател, тоа може да симболизира некои несогласувања помеѓу вас, несигурност околу самото тоа пријателство или околу некој талент кој таа личност го поседува, а вие посакувате да го имавте. Така што доколку ова ви се случило, не грижете се, не значи дека сакате да спиете со вашиот најдобар пријател/ка.rn

    Секс со позната личност

    rnИако можеби повеќето жени навистина би сакале да спијат со Дејвид Бекам, а мажите со Анџелина Џоли, ваквиот чин во сонот има сосема поинакво значење. Можеби сакате да добиете повеќе внимание, да стекнете слава, богатство, признание или да го зајакнете статусот во вашето друштво.rn

    Секс со странец

    rnПсихологот Карл Јанг има развиено теорија дека секој маж и секоја жена имаат својот анимус. Анимус ја претставува машката енергија на жените, а анима е женската енергија која ја имаат мажите. Сонувањето секс со странец од спротивниот пол, има некаква врска со вашиот анимус/анима. Станува збор за рамнотежа, за спојување на машкиот и женскиот аспект од вас. Доколку сексот со странецот во сонот не е трауматичен, може да биде знак на личен раст и развој.rn

    Силување

    rnОвие сонови се прилично вообичаени. Силувањето значи повредување, наметнување и закана за вашето битие и самодоверба. Можеби во јавето некој ви ја погазува гордоста и ве присилува на работи кои под нормални околности не би ги прифатиле. Од друга страна, може и да значи дека сте принудени да работите работа спрема која чувствувате силна аверзија. Друго значење на овој сон, е дека сте во врска со личност која не ви покажува доволно почит.rn

    Изневерувачки секс

    rnДоколку сонувате дека го изневерувате вашиот партнер, нема потреба да паничите. Станува збор за некои тешкотии и несигурности кои е сосема природно да се појават во секоја врска. Ако во сонот вие сте личноста којашто изневерува, веројатно се чувствувате виновни во врска со нешто. Доколку во сонот гледате дека вие сте изневерени, тоа е знак дека се чувствувате премногу несигурно.rn

    Секс со пријател/ка на партнерот

    rnДоколку сте сонувале ваков сон, сигурно кога сте се разбудиле сте се чувствувале многу виновно. Немојте да бидете премногу самокритични, бидејќи ваквиот сон најверојатно значи само дека ве привлекува некоја особина којашто ја има оваа личност и сакате да ја имате и вие, или сакате да ја пронајдете во вашиот партнер.rn

    Чудни гениталии

    rnЧетири дојки, два пениса, пенис и вагина заедно, опашка која ви расте од задникот. Што се случува? Доколку во сонот нешто чудно се случува со вашите гениталии, тоа има некаква врска со вашата сексуалност или креативност. Во зависност од деформацијата, вие можеби ја испитувате вашата сексуалност или сексуалната желба. Запрашајте се дали чувствувате вина или срам поради вашиот сексуален живот или го немате во доволни количества? Можеби созревате, растете и се менувате како личност. Доколку сте жена која сонува дека има машки гениталии или пак сте маж кој сонува дека има женски гениталии, можеби станува збор за развој на вашиот анимус или анима. Доколку пак сонувате дека имате и машки и женски полови органи, тоа може да е знак на хармонија помеѓу машката и женската страна од вашиот карактер.rn

    Секс во тројка

    rnДоколку сонувате дека имате секс во тројка, тоа не значи дека вие имате „валкани“ мисли, туку дека чувствувате потреба од поголема поддршка или дека нешто ви недостасува во животот. Доколку во тројката доминираат жени, тоа значи дека имате недостаток од некаков емоционален елемент во вашиот живот. Доколку во сексот доминираат мажи, тоа значи дека имате потреба од физичко внимание. Во секој случај, ваквиот сон може да е знак дека треба да побарате поголема поддршка од вашето семејство или од пријателите.

  • 10 познати фаци за кои можеби не сте знаеле дека имаат близнаци

    10 познати фаци за кои можеби не сте знаеле дека имаат близнаци

    Дали знаевте дека жешката холивудска актерка Скарлет Јохансон има брат-близнак? Оваа животна приказна ја делат и Ештон Кучер, Аланис Морисет, Вин Дизел… Погледнете ги и споредете ги. :)rnrn

    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Скарлет и Хантер Јохансон
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Ештон и Мајкл Кучер
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Жизел и Патриција Бундшен
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Кифер и Рејчел Сатерленд
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Џовани и Мариса Рибиси
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Џејсон и Џереми Лондон
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Аланис и Вејд Морисет
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Џон и Даниел Хедер
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Вин и Пол Дизел
    rnrn
    Запознајте ги близнаците на богатите и славните
    Џил и Жаклин Хенеси
    rnrn rnrn


    rnrnБидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел свет

    Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел свет

    Кога гостите во ексклузивниот њујоршки хотел „Standard“ во Менхетен ќе го посетат тоалетот во клубот „Boom Boom Room“, ги пречекува прекрасен поглед кон градот, низ стаклените прозорци од таван до под. За жал, истото воодушевување не може да се очекува и од случајните минувачи надвор, кои се стаписуваат кога на 18-от кат од хотелот буквално гледаат како луѓе одат по мала или по голема нужда.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светТоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светЗабавниот момент во овој необичен тоалет е фактот дека кога ќе влезете внатре нема никаков знак кој ќе ве предупреди, па можеби токму поради тоа луѓето мислат дека стаклото не е провидно од надворешната страна и продолжуваат да уживаат во своите приватни мигови. Сепак, стаклата се провидни од двете страни, па голем број туристи однадвор, кои се во посета на Хај Лајн Паркот, се забавуваат фотографирајќи ги голите задници.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светНекои луѓе коментираат дека погледот однатре е фантастичен, но однадвор е ужасен. Други велат дека додека седеле на веце-шолјата забележале како луѓе им мавтаат однадвор и биле шокирани, а трети сметаат дека нема ништо срамотно во тоа да се оди во веце.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светОвој хотел е омилен помеѓу познатите личности, а едни од посетителите на овој хотелски клуб и тоалет се Леонардо Дикаприо и Камерон Дијаз.Тоалет со стаклени ѕидови преку кои може да ве види цел светПогледнете како изгледа овој тоалет, прикажан преку видео снимка:rn


    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • 13 познати фаци родени на петок 13-ти

    13 познати фаци родени на петок 13-ти

    Погледнете кој од познатите имал среќа да се роди на еден од „најнесреќните“ денови во годината 🙂 :rnrn

    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    1. Нејтан Бедфорд Форест – петок, 13 јули, 1821 година (поранешен американски генерал, трговец со робови и еден од лидерите на Кју Клукс Кланот)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    2. Боб Крејн – петок, 13 јули, 1928 година (американски актер, познат по неговата улога како полковник Кол Хоган во ТВ серијата „Хероите на Хоган“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    3. Диди Кон – петок, 13 јули, 1951 година (американска актерка, најпозната е по нејзината улога како Френчи во филмот „Брилијантин“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    4. Фидел Кастро – петок, 13 август, 1926 година (поранешен претседател на Куба и генерален секретар на Комунистичката партија на Куба)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    5. Алфред Хичкок – 13 август, 1899 година (британски режисер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    6. Стив Бушеми – петок, 13 декември, 1957 година (американски актер, писател и филмски режисер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    7. Кристофер Пламер – петок, 13 декември, 1929 година (канадски актер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    8. Џулија Луис-Драјфус – петок, 13 јануари, 1961 година (актерка, најпозната по нејзината улога како Елејн Бенес во ТВ серијата „Сајнфилд“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    9. Питер Торк – петок, 13 февруари, 1942 година (музичар, актер и член на поп-групата „The Monkees“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    10. Семјуел Бекет – петок, 13 април, 1906 година (ирски писател, драматург и поет)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    11. Буч Касиди – петок, 13 април, 1866 година (познат американски гангстер)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    12. Дон Адамс – петок, 13 април, 1923 година (американски актер, најпознат по неговата улога како Максвел Смарт (Агент 86) во ТВ комедијата „Get Smart“)
    rnrn
    13 познати фаци родени на петок 13-ти
    13. Дариус Рукер – петок, 13 мај, 1966 година (американски музичар, фронтмен на рок групата „Hootie & the Blowfish“)

    rnrn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

  • Портрети од зборови

    Портрети од зборови

    Американскиот уметник и писател Џон Сокол, создава портрети на познати личности со зборови од нивните историски дела и говори. Успеал да направи спој помеѓу двете негови животни опсесии, уметноста и литературата. Тој е роден во Охајо, во 1947 година. Погледнете го неговиот уникатен труд.rnrn

    Портрети од зборови
    Американскиот поет Џејмс Тејт претопен во неговото дело „Riven Doggeries“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Чарлс Дарвин нацртан со зборови од неговите истражувања, објавени во книгата „Патувањето на Бигл“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Барак Обама со зборовите од неговиот култен говор „Многу посовршена унија“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Данте Алигиери – првиот дел од Божествената комедија „Пеколот“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Ирскиот писател Џејмс Џојс со делови од неговиот најпознат роман „Улис“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Американскиот поет Езра Паунд со стихови од поемата „The Cantos“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Елизабет Хардвик и нејзините „Непреспиени ноќи“.
    rnrn
    Портрети од зборови
    Писателот Р. К. Нарајан со зборови од „Добавувачот на слатки“.
    rnrn Дел од овие ремек дела на Џон Сокол се веќе продадени. Ако сте заинтересирани што сè има на располагање во моментот, погледнете на неговиот веб сајт.rn
    rn


    Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.