КАФЕ ПАУЗА

Tag: познати личности

  • 7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

    7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувања

    Понекогаш е навистина тешко да си признаете дека имате проблеми, особено ако не се очигледни. Ова важи и за холивудските ѕвезди кои наводно не би требало да се грижат за ништо. Сепак, и тие се само луѓе, а некои од нив решиле јавно да прозборат за своите ментални проблеми со цел да ја подигнат свесноста за нив.rn

    1. Мараја Кери: Биполарно нарушување

    rn7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувањаrnrnНеодамна Мараја изјавила дека ја криела својата дијагноза цели 17 години бидејќи се плашела дека ќе ѝ ја уништи кариерата. Во 2001-ва година завршила во болница по нервен слом и психичко истрошување. Тогаш била дијагностицирана со биполарно нарушување. Оваа болест е карактеризирана со добро расположение и позитивна енергија следени од депресија и губење мотивација. Последните 2 години биле најтежок период од нејзиниот живот. Тогаш решила да се отвори за нејзиниот проблем и да започне со лекување.rn

    2. Џ. К. Роулинг: Депресија

    rn7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувањаrnrnПознатата писателка признала дека по разводот со нејзиниот прв сопруг останала без пари, била во депресија и имала суицидни мисли. Ја спасиле нејзината ќерка и нејзиниот лекар. Таа ја опишува депресијата како отсуство на какви било чувства, како и губење секаква надеж дека некогаш ќе се чувствува подобро.rn

    3. Дејвид Бекам: Опсесивно компулсивно нарушување

    rn7 познати личности кои јавно прозбореле за нивните ментални нарушувањаrnrnКога Бекам ќе влезе во хотелска соба, не може да се опушти сè додека сите работи не се на своето место. Ова нарушување е состојба каде што луѓето постојано ги проверуваат работите и мораат да повторуваат одредени рутини одново и одново. Сите нешта во неговиот дом мора да се наоѓаат на своето место, вклучувајќи ја и храната во фрижидерот.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ модели

    9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ модели

    Постои стереотип дека сопругите на богатите и успешни мажи не прават ништо освен што одат во салони за убавина. Сепак, вистината е далеку од ова. Повеќето од овие сопруги се обични жени кои се образовани и имаат многу други интереси освен нивниот изглед. Овие среќни „познати“ бракови ќе ви докажат дека овој стереотип не е ништо повеќе од тоа.rn

    1. Ричард Брансон и Џоан Темплман

    rn9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ моделиrnrnКоосновачот на корпорацијата Virgin Group сака да презема ризици. Тој ја запознал својата сопруга на крајот на 70-тите и покрај тоа што таа била во брак, тој се обидувал да ја освои. На крајот Џоан попуштила и парот е заедно неколку децении и има 2 прекрасни деца.rn

    2. Шон Паркер и Александра Ленас

    rn9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ моделиrnrnКоосновачот на Фејсбук и Александра се венчаа во 2013-та година, а тоа беше една од најспектакуларните венчавки во историјата. Церемонијата се одржала во Калифорнија и чинела околу 9 милиони евра. Денес парот има 2 деца.rn

    3. Руперт Мурок и Џери Хол

    rn9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ моделиrnrnРуперт е сопственик на неколку кино компании и издавачки куќи низ целиот свет. Исто така тој е и извршниот директор на 21st Century Fox. Ова не е неговиот прв брак, а причината за разводите е тоа што тој премногу работи. Сепак, овој пар одгледува 10 деца и изгледа навистина среќно.rn

    4. Кевин и Никол Систром

    rn9 парови кои докажуваат дека богатите мажи не одбираат само топ моделиrnrnКевин е основачот на Инстаграм, а социјалната мрежа е она што е денес благодарение на неговата сопруга. Никол го инспирирала да ги создаде филтрите и многу други важни карактеристики на Инстаграм. Парот се познавал уште на факултет, а во брак се од 2015-та година.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • 10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

    10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекорди

    Гинисовата книга на рекорди постои повеќе од 60 години. Секоја година одобрува околу 6.000 рекорди од 50.000 аплицирања. Па не е ни чудо што некои од овие рекорди ги држат познати личности. Во продолжение погледнете некои од најпознатите личности на планетата кои си го заработиле своето место во оваа книга.rn

    1. Шакира

    rn10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекордиrnrnШакира поседува дури 3 сертификати за светски рекорди. Таа го држи рекордот за најпродаван шпански албум, најпродаван шпански сингл, како и рекордот за првата личност која собрала 100 милиони допаѓања на Фејсбук.rn

    2. Хилари Клинтон

    rn10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекордиrnrnКога ќе се земе предвид популарноста на претседателските избори во САД, не е ни чудо што Хилари стана најпребарувана жена на Интернет во 2016-та година. За малку ќе станела и најпребарувана личност во САД, но Доналд Трамп ѝ ја зел оваа титула. Претходно титулата ѝ припаѓала на Лејди Гага.rn

    3. Ози Озборн

    rn10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекордиrnrnВо 2010-та година бил срушен светскиот рекорд за најдолгото и најгласното викање од публика. Во викањето учествувале 52.000 луѓе, а го водел фронтменот на Блек Сабат, Ози Озборн. Тој дури добил и сертификат за ова достигнување.rn

    4. Двејн Џонсон

    rn10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекордиrnrnАктерот може да се пофали со неколку рекорди, но најинтересен е оној со селфи фотографиите. Џонсон успеал да направи 105 селфи фотографии во само 3 минути. За овој подвиг имало услов – лицето и вратот постојано требало да бидат во фокус, а ова го прави достигнувањето уште поневеројатно.rn

    5. Металика

    rn10 познати личности кои успеале да влезат во Гинисовата книга на рекордиrnrnОва е првиот бенд кој имал турнеи на сите 7 континенти. Го постигнале рекордот кога одржале концерт на една база на Антарктикот. Нивниот концерт бил втор на овој континент и имале публика од 7 луѓе.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Познати личности vs. Инста ѕвезди: Кој го сочинува македонското ѕвездено небо?

    Познати личности vs. Инста ѕвезди: Кој го сочинува македонското ѕвездено небо?

    Неодамна ми се заврте една мисла во глава што ја чув од пријател и соработник и која гласи „Во Македонија нема јавни личности, има само личности кои јавноста ги јава“. Неодамна помина и Златната бубамара на популарноста. Популарност. Има ли воопшто луѓе кои се популарни во Македонија? Што се подразбира под тоа „популарни“? Дали за популарни се сметаат оние кои јавноста веднаш би ги препознала кога би ги видела на улица или пак оние кои имаат најмногу обожаватели/следбеници?rnrnПознати личности vs. Инста ѕвезди: Кој го сочинува македонското ѕвездено небо?rnrnВо странство, познатите личности не можат да излезат од дома без телохранители, бидејќи луѓето го следат секој нивен чекор, постојано бараат да се фотографираат со нив, бараат автограми и слично. Јас лично немам видено македонска позната личност да излезе на кафе и да не може глава да крене од делење автограми. Напротив, нашите „ѕвезди“ слободно можат да одат каде сакаат, кога сакаат, без притоа да се грижат дали некој ќе ги види со извалкана маица и без шминка. Можеби ќе бидат препознаени, можеби ќе се свртат неколку глави по нив, но нема да им биде дадено огромно значење.rnrnМакедонските познати личности слободно можат да излегуваат по клубови и да се забавуваат како и секој обичен човек. Единствената штета од тоа може да биде глупав натпис на некој евтин портал од типот: „Шокантно: Елена забележана мртва пијана во најпознатиот македонски клуб“. Па, зошто Македонците не им придаваат толкаво значење на нашите најпопуларни пејачи, актери, уметници и слично? Дали воопшто јавноста ги препознава сите нив и знае зошто се толку популарни?rnrnПознати личности vs. Инста ѕвезди: Кој го сочинува македонското ѕвездено небо?rnrnВистината е дека Македонија е многу мал пазар. Славата не може да трае долго на толку мало место. Познатите личности се познати само додека се актуелни, додека траат нивните промоции и настапи. Потоа, бидуваат заборавени. Мораат постојано да бидат активни за да останат запомнети како личност која луѓето ја гледаат на телевизија. Нивната слава трае буквално 5 минути и затоа мораат да ги искористат максимално. Некои ги искористуваат 5-те минути на правилен начин, преку неуморна работа, нови, иновативни идеи, постојано снимање песни, спотови, филмови и слично. А постојат и такви што се обидуваат да ја задржат својата слава преку скандали, менување партнери, провокативно однесување на социјалните мрежи и слично.rnrnОвие вторите се најголеми ѕвезди на Инстаграм и на ни едно друго место. Самото име на социјалната мрежа кажува какви ѕвезди се тие: Инста ѕвезди. Тоа се луѓе кои стануваат познати преку ноќ, но чија слава не е реална. Нивниот статус на „селебрити“ важи само на Инстаграм. Нив нема да ги препознаете на улица, бидејќи во реалноста не изгледаат онака како што се претставуваат онлајн. Нивниот вистински живот е далеку од тој гламур и луксуз што го гледаме на нивните објавени фотографии.rnrnПроблемот е што токму овие Инста ѕвезди се однесуваат како најголеми ѕвезди. Тие се толку заглавени во нивната илузија што си дозволуваат да се однесуваат арогантно, супериорно и дрско. Сликата што ја имаат за себе ја создаваат преку „срценцата“ што ги добиле на последното селфи. Нивната самодоверба зависи од тоа колку директни пораки добиле по последното преинтересно Инста стори. Тие немаат потреба да работат, бидејќи ја имаат привилегијата да се нарекуваат себеси „инфлуенсери“. „Инфлуенсер“ во превод значи влијателен човек. Па, колкаво е влијанието на нашите инфлуенсери? И што е уште поважно: КАКВО е нивното влијание врз нивните следбеници? Дали бројот на следбеници на Инстаграм може некому да му даде статус на ѕвезда?rnrnПознати личности vs. Инста ѕвезди: Кој го сочинува македонското ѕвездено небо?rnrnНе или барем не би требало. Не постои сомнеж дека во Македонија има луѓе кои го заслужуваат статусот ѕвезда, благодарение на нивниот талент, примерно однесување, неуморна работа и останатите квалитети што ги поседуваат. За жал, на овие простори тоа не е можно бидејќи луѓето се преоптоварени со своите проблеми и немаат време да трчаат по некого за автограм. Освен тоа, Македонците страдаат од синдромот „туѓото е секогаш поквалитетно од нашето“, па затоа никогаш не би ѝ придале поголемо значење на наша позната личност. Не е срамота да се сподели песна од Цеца и да се оди на концерт на Ана Николиќ и Раста, ама срамота е да се сподели песна од Калиопи и не вреди да се дадат 300 денари за концерт на македонски изведувач. Секако дека има исклучоци (од типот на Каролина која ги распродаде сите концерти и мораше да закаже нови поради огромниот интерес), но тие се бројат на прсти.rnrnМакедонскиот менталитет не дозволува Македонија да има ѕвезди, а ние колку сакаме можеме да се лажеме себеси. Пример од прва рака: Пред мене само што се појави Дејан Лилиќ, еден од нашите најпознати и најдобри актери. 10 минути се мачеше да фати такси. Безброј луѓе поминаа покрај него и го одминаа, најверојатно воопшто не препознавајќи го. Да се работеше за таков актер во Америка, ова сигурно не би се случило. Ама сепак ние сме само Македонија…

  • Познати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички таленти

    Познати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички таленти

    Иако познатите ѕвезди живеат под лупа, сепак некои од нив успеале да ги скријат своите тајни таленти. Станува збор за славни личности кои почнале да сликаат уште пред да станат славни или пак ја откриле уметноста малку подоцна во животот. Некои од нив со години сликале под псевдоним и можеби веќе сте чуле за нив како уметници. На пример, Луси Лиу најпрво почнала да ги покажува своите дела под псевдонимот Ју Линг во 1993 година, но сега прави изложби со нејзиното вистинско име. Откако ќе ги погледнете уметничките дела на овие познати личности сигурно ќе си помислите дека некои од нив би требало да се откажат од нивните кариери и да работат само како уметници…rn

    Џим Кери

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Мајкл Џексон

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Мерилин Менсон

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Ентони Хопкинс

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Џони Деп

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Тони Бенет

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Рони Вуд

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrn

    Дејвид Боуви

    rnПознати личности кои ќе ве изненадат со нивните скриени уметнички талентиrnrnПродолжете на следната страница за останатите уметнички дела…rnrn

  • Познати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасни

    Познати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасни

    Секој почеток е тежок. Тоа им е познато и на некои од најголемите ѕвезди во Холивуд кои ја започнале својата кариера во порно индустријата. Не знаеме дали денес се срамат од тоа или не, но сигурни сме дека не се каат поради тој потег, бидејќи токму филмовите за возрасни им послужиле како отскочна штица за успехот во којшто уживаат моментално. Прочитајте за кои ѕвезди станува збор…rn

    Мет Лебланк

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnПред да ја добие улогата на Џои во популарната ТВ серија „Пријатели“, Мет Лебланк глумел во популарниот еротски серијал „Дневниците на црвените чевли“ (Red Shoe Diaries).rn

    Камерон Дијаз

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnХоливудската миленичка, Камерон Дијаз, за прв пат го покажала своето прекрасно тело пред камера на 19-годишна возраст. Таа се појавила потполно гола во видеото „Таа не е ангел“ (She’s No Angel). Видеото привлекло големо внимание, но Камерон очигледно сакала кариерата да ѝ тргне во поинаква насока, па затоа го тужела творецот на видеото, а тој завршил зад решетки. На огромно задоволство на нејзините обожаватели, видеото сепак се појави на Интернет.rn

    Џеки Чен

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnЛегендата на кунг-фу филмовите, Џеки Чен, не глумел само во акции и комедии. Имено, во 1975 година тој имал улога во порно филмот „Сите во семејството“ (All in the Family).rn

    Дејвид Духовни

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnПред да ја добие улогата на агентот Молдер која го прослави благодарение на ТВ серијата „Досиеја Икс“, Дејвид Духовни не глумел само сериозни ликови оптоварени со постоењето на вонземјаните. Имено, тој исто како и Мет Лебланк бил дел од серијалот „Дневниците на црвените чевли“.rn

    Силвестер Сталоне

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnПред да стане познат како Роки и Рамбо, Силвестер Сталоне глумел во еротскиот филм „Забава кај Кити и Стад“ (The Party at Kitty and Stud’s). Дејството во филмот се случува на една забава која се претвора во оргија, но филмот не привлекол големо внимание. Меѓутоа, во 1976 година Сталоне станал славен благодарение на филмот „Роки“ и тогаш еротскиот филм повторно почнал да се прикажува во киносалите за возрасни под името „Италијански пастув“.rn

    Хелен Мирен

    rnПознати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасниrnrnЕдна од најпознатите светски глумици, Хелен Мирен, во 1979 година глумела во филмот „Калигула“, адаптација на римски еп, кој на крајот бил забранет поради контроверзното сценарио. Поголемиот дел од луѓето кои го гледале филмот велат дека изобилува со порнографска содржина.rnrnВо продолжение, прочитајте нешто повеќе за познатите личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот.

  • Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

    Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

    Овие познати личности кои признале дека се зависници од секс спиеле со по 80 жени месечно! Станува збор за сериозна зависност што може да доведе до смртоносни заболувања, лоши навики, разводи и уништен живот. Ова се познатите личности кои имале проблем токму со оваа зависност…rn

    Мајкл Даглас

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnВо биографијата што ја објавил во 2012 година, Мајкл Даглас ја признал неговата зависност од секс. Тој поминал одредено време на клиника за одвикнување поради оваа зависност, а овој проблем бил и една од причините за неговиот прв развод. Во едно интервју, тој изјавил дека татко му, Кирк Даглас, се гордеел со фактот што син му е сексуален зависник.rn

    Чарли Шин

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnЧарли Шин е познат како лошото момче од Холивуд, а тоа се должи на неговиот бурен сексуален живот. Уште кога имал 25 години, тој се пријавил во една клиника поради овој проблем, но никогаш не успеал да го реши. Неговиот брак со Дениз Ричардс се распаднал поради неговата сексуална зависност, а секоја негова наредна врска била осудена на неуспех поради овој проблем. Глумецот пред 2 години откри дека е ХИВ позитивен.rn

    Роби Вилијамс

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnРоби Вилијамс се смири откако стапи во брак, но претходно имаше големи проблеми со дрога и алкохол. Се верува дека зависниците заменуваат една зависност со друга, па така музичарот ја заменил зависноста од дрога и алкохол со зависност од секс.rn

    „Се откажав од дрогата и алкохолот и сакав да го заменам тоа со нешто друго, па затоа имав многу секс. Но, не наоѓав среќа во тоа“, изјавил пејачот.

    rn

    Дејвид Духовни

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnДејвид Духовни ѝ е познат на јавноста како детективот Молдер од „Досие Икс“, но и како писателот Хенк Муди од ТВ серијата „Калифорникација“ кој беше зависник од алкохол и жени, исто како и глумецот. Тоа му го уништи долгогодишниот брак со Теа Леони.rn

    „Доброволно се пријавив во клиника за лекување зависност од секс“, изјавил глумецот во 2008 година по разводот со сопругата.

    rn

    Џек Николсон

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnГлумицата Ким Бесинџер го изјавила следново за Џек Николсон „Тој е луд. Никогаш не сум запознала човек кој е толку опседнат со сексот“. Ни самиот глумец не крие дека го обожава сексот, бидејќи кога му било поставено прашањето колку деца има, тој одговорил на следниов начин:rn

    „Можеби имам и 9.000 деца, бидејќи некогаш живеев прилично слободно и никогаш не ми беше доста од жени. Имаше денови кога завршував во кревет со 4 или повеќе жени.“

    rn

    Расел Бренд

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnРасел Бренд има богат сексуален живот исто како и Џек Николсон. Овој глумец наводно има и свој тим на луѓе кои му бараат жени за секс. Тој не крие дека е зависен од секс и тврди дека некогаш има спиено со 80 жени месечно.rn

    Тајгер Вудс

    rnПознати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексотrnrnТајгер Вудс од спортска икона многу брзо се претвори во пропаднат спортист и зависник од секс. Оваа зависност му го уништи бракот со Елин Нордегрен, а подоцна признал дека зависноста од сексот била посилна од него и не можел да се сопре, па затоа, по разводот и бројните афери што испливале на површина, Вудс побарал стручна помош.rnrnВо продолжение, дознајте кои холивудски ѕвезди страдаат од смртоносни и неизлечиви болести.

  • Познати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариерата

    Познати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариерата

    Многу жени кои не се задоволни од својот изглед решаваат да направат пластична операција. Меѓутоа, тоа понекогаш е многу лоша одлука и може да остави сериозни последици на здравјето и квалитетот на животот. Следниве познати дами се доказ за тоа, бидејќи токму пластичната хирургија ставила крај на нивната кариера.rn

    Лара Флин Бојл

    rnПознати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариератаrnrnМногумина ја сметаа за Лара за една од најталентираните актерки од својата генерација. Таа стана славна преку ноќ, благодарение на улогата Дона Хајвар во култната ТВ серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks). По неколкуте филмски улоги добила прилика да отиде на аудиција за главна улога во ТВ серијата „Али Мекбил“. Иако улогата на смешната адвокатка на крајот ѝ припаднала на Калиста Флокхарт, авторот на серијата, Дејвид Кели, бил толку импресиониран од аудицијата на Лара што посебно за неа го создал ликот Хелен Гембл во неговата друга хит серија „Правда за сите“ (The Practice).rnrnНејзината физичка преобразба започнала во 2001 година кога ги зголемила усните за прв пат. Според многу обожаватели, нејзините црти на лицето биле апсолутно совршени, но изгледа Лара не го мислела истото и за жал продолжила со корекциите, поради кои денес таа се има сосема изобличено. Тоа се одразило и на нејзината кариера. Работните понуди значително се намалиле, па почнала повремено да се појавува во мали проекти, а од 2014 година до денес нема остварено ниту една филмска и телевизиска улога.rn

    Мелани Грифит

    rnПознати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариератаrnrnИ Мелани Грифит ја снашла истата судбина. Актерката неодамна изјавила дека не ни била свесна колку ѝ се променило лицето поради драстичните корекции сѐ додека не ги чула критиките за нејзиниот изглед.rn

    „Ништо не знаев додека луѓето не почнаа да велат ’Боже, што направила од себе?’. Се чувствував повредено. Отидов кај друг доктор и тој почна да ги вади сите глупости што претходната докторка ми ги имаше ставено во лицето. Се надевам дека сега изгледам понормално“, искрено признала Мелани.

    rn

    Џенифер Греј

    rnПознати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариератаrnrnЏенифер Греј е дефинитивно најдобар пример за актерка која си ја уништила кариерата поради непотребните корекции. Ѕвездата од култниот романтичен филм „Валкан танц“ (Dirty Dancing) одлучила да го оперира носот непосредно по успехот на филмот и набрзо горко зажалила.rn

    „Влегов во хируршката сала како ѕвезда, а излегов како потполно анонимна личност. Тоа беше операција на носот од пеколот. Засекогаш ќе бидам онаа славна актерка која никој повеќе не ја препознава поради операцијата на носот“, изјавила Џенифер.

    rnЏенифер сакала да биде убава според конвенционалните стандарди и затоа се одлучила на корекција на носот, но од хируршката сала излегла како комплетна нова личност која го изгубила она што ја правело препознатлива. Нејзиниот нос не бил ниту „грд“, ниту преголем, туку уникатен и посебен, но актерката признава дека предоцна го сфатила тоа и дека операцијата е најлошата одлука што некогаш ја донела.rn

    Мег Рајан

    rnПознати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариератаrnrnВо 90-тите години од минатиот век, ниту една романтична комедија не можеше да очекува голем комерцијален успех без омилената холивудска актерка Мег Рајан. Меѓутоа, сѐ поретко ја гледаме Мег на филмското платно, бидејќи таа подлегна на голем број естетски операции поради кои сега не личи на себе.rn

    „Не се само усните во прашање. Носот е поинаков, исто како и јагодичките, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластичната хирургија. Таа не е единствениот пример. Обично, на тој начин луѓето се обидуваат да решат некој вид лично незадоволство“, изјавил еден познат холивудски пластичен хирург.

    rn

    Џенис Дикинсон

    rnПознати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариератаrnrnЏенис Дикинсон била најплатената светска манекенка во 70-тите години на минатиот век и била прогласена за првиот супермодел. Но, како што стареела, така сѐ повеќе подлегнувала на пластични операции, додека не си го уништила добриот изглед. Дикинсон гостувала во многу реални шоуа каде што биле прикажани нејзините многубројни операции. Некогашната модна икона и секс симбол, денес служи како предупредување за младите девојки кои сакаат да ги поправат своите недостатоци по пат на пластични операции.rnrnАко овие примери не ви беа доволни, погледнете што се случува кога пластичната операција ќе тргне наопаку…

  • 9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

    9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болести

    Кога ќе ги погледнеме холивудските ѕвезди, нивните животи делуваат совршено. Тие секогаш изгледаат совршено и затоа претпоставуваме дека многу добро се грижат за нивните тела. Редовно вежбаат, јадат салати и одбегнуваат брза храна за да го зачуваат своето здравје. Нивните здрави навики им помагаат да се заштитат од настинките, грипот и слично. Сепак, нивниот труд не вреди ништо кога станува збор за хронични болести. Следниве холивудски ѕвезди страдаат од неизлечиви болести кои се опасни за нив и може да ја причинат нивната смрт. Прочитајте за кои познати личности станува збор…rn

    1. Анџелина Џоли

    rn9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болестиrnrnОваа прекрасна актерка отсекогаш ги освојувала срцата на нејзините обожаватели. Со години ги зазема првите места на листата на најубави жени во светот и има глумено во многу познати филмови. Освен тоа, Анџелина е позната и по нејзиниот контроверзен љубовен живот, тргнувајќи од Били Боб Торнтон, па сѐ до разводот со Бред Пит. Што се однесува до нејзиното здравје, Анџелина Џоли има мутација на BRCA1 генот, што значи дека е изложена на ризик од рак на дојка. Постојат големи шанси дека во иднина ќе треба да се соочи со сериозните последици.rn

    2. Селена Гомез

    rn9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болестиrnrnПоранешната ѕвезда од Дизни сега е една од најубавите жени во светот. Во јавноста секогаш се појавува со насмевка на лицето. Таа е многу позитивна и весела. Но, понекогаш немаме поим колку солзи се кријат зад насмеаните очи. Селена Гомез страда од лупус, автоимуна болест. Болеста влијае на нејзините здрави ткива и органи и се обидува да ги оштети. Селена неодамна имаше трансплантација на бубрег.rn

    3. Лил Вејн

    rn9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болестиrnrnЛил Вејн призна дека има епилепсија по многубројните шпекулации од страна на медиумите и неговите чести посети на болницата. Кога во 2013 година доживеал 3 напади по ред, рап ѕвездата ја потврди сериозноста на неговата состојба и откри дека можно е наскоро да почине. Лил Вејн бил дијагностициран со епилепсија уште од дете, а нападите ги припишува на претераната работа, стресот и недостатокот на одмор. Страшно е тоа што нападите кај раперот се случуваат ненадејно и тој комплетно губи свест. Откако поминал речиси цела недела во болница во март 2013-та година поради многубројните напади, Лил Вејн објаснил дека се исплашил дека ќе го изгуби животот, но тоа не било првиот пат кога му се случило такво нешто.rn

    4. Тони Брекстон

    rn9 холивудски ѕвезди кои страдаат од смртоносни и неизлечиви болестиrnrnТони Брекстон била дијагностицирана со лупус во 2010 година. Пејачката отсекогаш била отворена во врска со нејзината битка со оваа автоимуна болест, но иако постојано се чувствува исцрпено и редовно има симптоми на грип, таа не дозволува тоа да ја попречи во градењето на нејзината кариера.rnrnПродолжува на следната страница…rnrn

  • Рај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 година

    Рај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 година

    Секоја година уште од 1985, списанието Пипл ја доделува престижната титула за „најсекси маж во светот“. Но, изгледот не е пресуден при изборот. Душата на мажот треба да биде исто толку убава колку и неговиот надворешен изглед. Предност имаат мажите кои донираат во хуманитарни цели, се залагаат за некои социјални цели и глумеле во филмови што постигнале успех. Сигурно не би ви пречело да побегнете некаде далеку со повеќето од овие популарни легенди!rnrnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrnrnНо, изборот за 2017 година предизвика многу прашалници. На почетокот од ноември, Пипл го прогласи кантри пејачот Блејк Шелтон за „најсекси маж“. Многумина не се согласија со изборот, не само поради необичниот изглед, туку и поради многуте негови расистички и хомофобични твитови.rn

    „Бев грд целиот мој живот. Ако можам да бидам секси барем една година, ќе го прифатам тоа“, изјавил Шелтон.

    rnБез разлика дали се согласувате со овогодишниот избор, погледнете кои мажи биле прогласени за најсекси според насловните страници на списанието Пипл од 1990 година, па сѐ до 2017…rn

    1990, Том Круз

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1991, Патрик Свејзи

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1992, Ник Нолти

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1995, Бред Пит

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1996, Дензел Вашингтон

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1997, Џорџ Клуни

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1998, Харисон Форд

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrn

    1999, Ричард Гир

    rnРај за очи: Погледнете ги сите познати ѕвезди кои биле прогласени за најсекси мажи од 1990 до 2017 годинаrnrnПродолжете на следната страница за останатите најсекси мажи…rnrn