Секој од нас има скриена страна на личноста која доаѓа до израз во разни ситуации преку нашите постапки и однесување. Овој психолошки тест ќе ви ги открие скриените аспекти на вашата личност. Решете го и откријте кои сте навистина.rnrn
rn
1. На излет сте и после долга прошетка изненадено наидувате на:
rnА) Многу привлечна личностrnБ) ПештераrnВ) РаскрсницаrnГ) Необична куќаrn
2. Понудени ви се 4 карти, која ќе ја изберете:
rnА) Кец во баклаваrnБ) Кец во листrnВ) Кец во детелинаrnГ) Кец во срцеrn
3. Ве мачи морбиден кошмар и наеднаш се будите од сонот бидејќи:
rnА) Горите во страшен оган или пламенrnБ) Паѓате од непрегледна височина и пропаѓате во бездна или темницаrnВ) Ве гони страшен монструм, крволочен убиец или давителrnГ) Се давите во водаrn
4. Некој ви подарил:
rnА) ПриврзокrnБ) ЧасовникrnВ) ШапкаrnГ) Парфемrn
5. Необично важен детаљ во вашиот дом има:
rnА) Огледалото над креветот каде што спиетеrnБ) Огромното џакузи во прекрасното купатилоrnВ) Дискретното осветлување и прозоритеrnГ) Големиот топол камин покрај удобната софа или креветотrn
6. Понудени ви се 4 работи. Која ќе ја изберете?
rnА) Стари париrnБ) Песочен часовникrnВ) ЛамбаrnГ) Антички клучrn
7. Да можете да го казните својот најголем непријател, тоа би го направиле на следниот начин:
rnА) Ќе го испратите во манастирrnБ) Ќе му го одземете она што најмногу го сакаrnВ) Ќе го мачите со најлошите направи за мачењеrnГ) Ќе го осудите на вечна самотијаrn
8. Пред вас се наоѓа шпил карти, вие сигурно ќе извлечете:
rnА) КецrnБ) КралrnВ) ЏокерrnГ) Дама или џандар срцеrn
9. Би се чувствувале тотално беспомошно кога би се случило:
rnА) Околу вас да е бескрајна темницаrnБ) Да останете тотално неподвижни, како растение кое вегетираrnВ) Некој да ве затвори во лавиринт од кој нема излезrnГ) Да останете сами после апокалипсаrn
10. После страшен пожар или несреќа, можете да направите само еден потег. Притоа, кого ќе спасите?
rnА) Партнерот/катаrnБ) 10 познати личностиrnВ) Братот/сестратаrnГ) 40 непознати личностиrn
11. Сте фатиле златна рипка која може да ви исполни само една желба. Ќе изберете:
rnА) Комплетна и совршена промена на изгледот, успех и моќrnБ) Патување низ времетоrnВ) Бескрајна младостrnГ) Среќа во љубовтаrn
12. Вашата неостварена фантазија е:
rnА) Да имате моќ и да бидете господарrnБ) Да имате мистична моќ и да постанете волшебникrnВ) Да можете по потреба да постанете невидлив/аrnГ) Да имате крилјаrn
13. Повремено чувствувате страв од:
rnА) Неуспех и немоќrnБ) Загуба и сиромаштијаrnВ) Предавство и измамаrnГ) Осаменост и болестrn
14. Имате прилика да добиете божествен подарок. Ќе изберете:
rnА) Еликсир на вечностаrnБ) Аргусово око кое гледа сѐrnВ) Волшебно стапчеrnГ) Камен на знаење и мудростrn
15. Да можете би сакале:
rnА) Да управувате со светотrnБ) Да посетите други световиrnВ) Да го спознаете и доживеете таинственото и мистичнотоrnГ) Да ја посетите Рајската градинаrn
16. Сакате да се опуштите дома со добар филм. Кој жанр најмногу одговара на вашето расположение?
rnА) Акција или еротикаrnБ) Комедија или мјузиклrnВ) Научна фантастикаrnГ) Психолошка драма или романсаrnrn
rn
Резултати:
rn
Најмногу одговори под „А“:
rnНајголемиот животен предизвик за вас се крие во другите луѓе и односите со нив. Ве води голема страст, импулс кој се заснова на сетилата, допирите, хедонизмот и уживањето. Без разлика колку делувате силно, психолошки или физички, вие не можете без другите. Тежнеете кон екстремности, им дозволувате на другите да ве усреќуваат, но исто така и да ве разочараат и повредат. За вас искуството нема важно влијание, склони сте да ги повторувате истите грешки. Понекогаш одите по тенка линија помеѓу радоста и тагата, среќата и несреќата, нагонот за создавање и нагонот за уништување. Важно ви е да се движите и да подложите понатаму во животот. Во суштина вие сте послаби одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Понекогаш не умеете да се сопрете во критични ситуации. Имате нагласена склоност кон фиксации.rn
Најмногу одговори под „Б“:
rnВие имате нагласена потреба да го истражувате светот околу себе, но првенствено за да ги задоволите личните пориви. Кога ќе ги остварите своите цели и ќе ги задоволите вашите широки апетити, тогаш и другите можат да бидат задоволни. Задоволството, радоста и среќата ги делите со другите, но за возврат очекувате посебно признание или награда. Многу сте упорни во своите намери и скоро секогаш пронаоѓате начин или оправување да ги остварите своите цели. Доколку сте разочарани, тажни или повредени, барате начин брзо да ја повратите загубата и да ја потиснете својата слабост. Искуството на вас делува поучно, но понекогаш заради скриените слабости умеете да попуштите пред новите предизвици. Вие сте посилни одошто се претставувате во својата околина и одошто другите мислат. Потребни ви се другите за да сопрете во критичните моменти. Имате нагласена склоност кон разни сублимации.rn
Најмногу одговори под „В“:
rnВие знаете да го привлечете вниманието и да оставите впечаток, уште на прв поглед или со помош на необичниот стил на однесување или оригиналност. Ве привлекуваат секакви несекојдневни ситуации и големи екстреми. Понекогаш сакате да ги заобиколите правилата. Несвесно се водите по принципот: кога е добро за вас, добро е и за другите, кога ви е лошо вам, на другите им е уште полошо. Поседувате огромна енергија, но не ви е лесно да ја контролирате. Позитивниот пулс ви создава можност за радост, задоволство и среќа, но вашиот внатрешен импулс за промена е посилен од потребата да се воздржите. Кога сте разочарани, тажни или повредени, ќе направите сѐ што е потребно за да ја елиминирате таа непријатност. Се учите од своите грешки и знаете да ја предимензионирате стварноста или светот околу себе. Одрекувањето и казнувањето е цената која ја плаќате или наплатувате за разни пропусти. Вие сте послаби одошто се претставувате во околината и одошто другите мислат. Голема слабост ви е што не умеете да застанете во критичните ситуации. Имате склоност кон разни опсесии.rn
Најмногу одговори под „Г“:
rnКај вас се нагласени големата имагинација и емотивноста, но всушност таа длабока емотивност претставува истовремено и вашата најслаба страна на личноста. Доколку својата енергија ја насочите кон афирмација и задоволство, вие претставувате бескраен извор на радост. Но, ако доживувате разочарување, бол и страдање ќе се тргнете од другите и постанувате склони кон самоказнување. Без разлика колку делувате зависни од другите, длабоко во себе тежнеете кон комплетен развој на личноста. Во суштина, вие сте посилни отколку што се претставувате пред луѓето во својата околина и отколку што другите мислат. Имате одличен инстинкт за самоодржување, можете да претчувствувате опасност или неволја. Вие знаете да запрете во критични моменти, но ако сакате можете да ги сопрете и другите. Имате нагласена склоност кон големи фантазии.