КАФЕ ПАУЗА

Tag: постапки

  • 10 постапки што откриваат дека партнерот се грижи за вас

    10 постапки што откриваат дека партнерот се грижи за вас

    Кога ќе ги слушнете зборовите „те сакам“, лесно е да поверувате во нивната вредност. За жал, не секој човек што ги кажува овие зборови е искрен кога ги кажува. Некои дури ќе ви кажат дека ве сакаат само за да можат да ве искористат или да ве злоупотребуваат. Факт е дека не можете да им верувате на зборовите на еден човек кога станува збор за покажувањето љубов.rnrn10 постапки што откриваат дека партнерот се грижи за васrnrnАко сакате да видите како мажите велат „те сакам“ и колку навистина партнерот се грижи за вас, погледнете ги неговите постапки. Следните 10 постапки се многу добри знаци што откриваат дека тој навистина се грижи за вас.rn

    1. Колку често го менува своето однесување кога ќе му кажете дека ве вознемирува нешто што прави

    rnМомчето што ве сака, ќе стори сè што може за да ве направи среќни.rnrnАко слушне дека нешто ве вознемирува, човекот што ве сака ќе се потруди да го поправи тоа. Ако го игнорира тоа што го кажувате, тоа значи дека вашата среќа не му е приоритет.rn

    2. Неговата посветеност

    rnАко тој вели „те сакам“, но не ви е посветен, тоа значи дека всушност не ве сака. Ако партнерот постојано ви посветува внимание и ве покажува во јавност, тогаш дефинитивно ве сака.rn

    3. Колку брзо одговара на вашите повици

    rnДури и ако ви каже дека ве сака, мажот кој е „премногу зафатен“ со денови или со часови за да ви испрати порака, веројатно не е многу заинтересиран за вас.rnrnКога сакате некого, не можете да дочекате да се слушнете. Истото важи и за мажите. И тие одвојуваат време за работите за кои се грижат.rn

    4. Колку често ви помага во обврските

    rnЧовекот кој навистина ве сака, ќе ви помогне во повеќето необични задачи што ги правите, само затоа што знае дека тоа ќе ве направи среќни.rnrnАко тој никогаш не ги мие садовите или не ви помага во некои други домашни обврски, тоа значи дека ве зема здраво за готово.rn

    5. Колку често сте интимни

    rnАко немате редовно секс, или уште полошо, ако треба да го молите за секс, тој не ве сака. Од друга страна, ако тој не може да ги држи рацете подалеку од вас, може да се каже дека ве сака.rn

    6. Неговото гушкање

    rnЕден од најчестите начини на кои луѓето покажуваат љубов е преку гушкањето. Тоа е интимен чин и е резервиран само за луѓето за кои навистина се грижите.rnrnОва особено важи за мажите затоа што тие честопати може да имаат проблем да ги покажат чувствата на овој начин. Тоа што е физички приврзан со вас, дури и кога не станува збор за секс, открива многу за неговите чувства кон вас.rn

    7. Колку често ви кажува што мисли

    rnДобар начин да процените колку сте блиски со партнерот е да видите колку работи ви открива или колку често разговара со вас.rnrnАко забележите дека тој не сака да ви го каже вистинското мислење, тоа не е добар знак. Меѓутоа, ако тој постојано зборува со вас, голема е веројатноста дека е вљубен во вас.rn

    8. Колку често ви дава подароци без причина

    rnНавистина е тешко да најдете партнер што ќе ве опсипува со подароци откако ќе поминете повеќе време заедно. Ако тој го прави тоа дури и по неколку години врска, тоа значи дека навистина ве сака.rn

    9. Ако тој се залага за вас и за вашата врска

    rnАко партнерот навистина ве сака, нема да дозволи некој да ве вознемирува или да ве навредува, ниту пак, да дозволи некоја личност да направи нешто што претставува ризик за вашата врска.rnrnАко тој одбива да им постави граници на луѓето што ве вознемируваат, тој не ве сака доволно и не вреди да се трудите за него.rnrnОд друга страна, ако забележите дека ве брани кога другите ве напаѓаат, тоа значи дека ве сака.rn

    10. Тој е покрај вас кога работите не се одвиваат добро

    rnАко партнерот е покрај вас без разлика што се случува, тоа значи дека тој најверојатно е вистинскиот за вас.rnrnПрочитајте кои 3 несомнени знаци откирваат дека тој се вљубува во вас.

  • 10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителите

    10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителите

    Според истражувањата, бабите и дедовците кои редовно поминуваат време заедно со внуците, ја зголемуваат нивната благосостојба. Тие обично се обидуваат да им помогнат на родителите и да им го олеснат животот, но во реалноста, нивните постапки честопати само ги комплицираат работите. Погледнете кои се најчестите работи што водат до несогласувања помеѓу двете генерации.rn

    1. Ги критикуваат постапките на родителите

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnАвторитетот на родителите е основна алатка во процесот на воспитување на децата. Ниту една негативна изјава од бабата и дедото нема да им помогне на родителите да бидат добар пример за своето дете. Во најлоши случаи, може дури и сериозно да ја наруши довербата помеѓу нив.rn

    2. Купуваат непотребни играчки

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnРодителите многу добро знаат кои играчки ги имаат деца и кои навистина им се потребни. Покрај тоа, кога одбиваат да им купат сè што ќе посакаат, тие ги учат своите деца да ги ценат парите и да ги трошат мудро. Кога се мешаат во овој процес, бабите и дедовците му прават лоша услуга на детето.rn

    3. Објавуваат фотографии без дозвола

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnРодителите може да чувствуваат страв да им испратат фотографии од своите деца на нивните баби и дедовци затоа што тие честопати се појавуваат на Интернет. Постарата генерација не е многу запознаена со информатичката технологија, така што бабите и дедовците понекогаш не разбираат дека апсолутно секоја личност може да ги види тие фотографии. Можеби родителите едноставно не сакаат да споделуваат фотографии од својот приватен живот.rn

    4. Ги поддржуваат внуците за секоја ситница

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnЕдно истражување вели дека прекумерната пофалба може да доведе до недостаток на мотивација. Честопати, бабите и дедовците почнуваат да ги нагласуваат само добрите дела на своите внуци и ги охрабруваат непотребно. Но, таквото охрабрување може да ја убие желбата на детето да напредува.rn

    5. Наметнуваат свои правила

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnСпоред едно истражување, децата се многу подложни на влијанијата од надворешниот свет. Нивниот поглед на светот и нивните вредностите се многу наивни, па затоа е важно тие да се соочат со малку противречности. Кога родителите ги учат децата на една работа, а бабите и дедовците на друга, тоа води до несогласување што може да го комплицира процесот на учење.rn

    6. Тајно им даваат слатка храна

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnСпоред истражувањата, децата на возраст од 2 до 18 години треба да консумираат помалку од 6 лажички шеќер дневно. Обично, децата не се заинтересирани за резултатите од научните истражувања, така што родителите треба внимателно да ја следат нивната исхрана. Кога бабите и дедовците тајно им даваат слатка храна на своите внуци, тоа им претставува задоволство на децата, но во исто време, им нанесува голема штета врз нивното здравје.rn

    7. Им кажуваат на пријателите сè за своите внуци

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnЧестопати барате совет од вашите родители, дури и за воспитувањето на децата. Со нив можете да разговарате за многу интимни работи што не сакате да ги споделувате со странци. Кога родителите ќе откријат дека пријателите на бабите и дедовците не само што дознале за овие работи, туку и темелно разговарале за нив, обично многу се вознемируваат.rn

    8. Им купуваат смешна облека на внуците

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnМодата се менува толку брзо што понекогаш не знаете дали изгледате модерно според современите стандарди. Разликата во возраста помеѓу бабите и дедовците и внуците може да биде многу очигледна кога станува збор за изборот на облека. Родителите не сакаат да ја навредат постарата генерација, но во исто време, сакаат нивното дете да изгледа модерно. Таквата противречност ги става родителите во непријатна ситуација.rn

    9. Го занемаруваат времето за спиење

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnВо обид да ја придобијат љубовта на внуците, бабите и дедовците понекогаш може да им дозволат да си легнат доцна или да не се спијат по ручекот. Но, недостатокот на сон може да доведе до сериозни болести како што е дијабетес и да влијае на мозочната активност. Тоа е причината зошто родителите не сакаат некој да им дозволи на своите деца да го нарушат распоредот за спиење.rn

    10. Им дозволуваат на децата да гледаат телевизија цел ден

    rn10 постапки на бабите и дедовците што ги нервираат родителитеrnrnТелевизијата не е само средство за забава, туку за децата е и начин на запознавање со светот. Но, бабите и дедовците често забораваат на разумните граници. Според научниците, гледањето телевизија повеќе од 2 часа на ден може да доведе до висок крвен притисок кај децата.rnrnПогледнете ги овие прекрасни фотографии што ја покажуваат љубовта на бабите и дедовците кон внуците.

  • 5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањата

    5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањата

    Минувањето низ раскинување или развод може да биде еден од најтешките предизвици во животот. Иако можеби сте го виделе крајот, прекинувањето на врска е голема промена што доаѓа со цел процес на тагување.rnrn5 нешта што дополнително ги отежнуваат раскинувањатаrnrnВажно е да разберете дека нема да се чувствувате добро. Нема точно дефиниран распоред, но треба да знаете дека со секој ден нештата ќе се подобруваат. За да не го направите целиот процес уште потежок, обидете се да ги избегнувате овие нешта.rn

    1. Зборување лошо за бившиот на социјалните мрежи

    rnМожеби социјалните мрежи се секојдневие, но зборувањето лошо за вашиот бивш партнер ќе направи само вие да изгледате лошо. Сепак, еднаш сте одлучиле да бидете во врска со оваа личност. Ако сметате дека пишувањето на она што го чувствувате ви помага да преболите, тогаш пишувајте во дневник. Ако барате поддршка, јавете му се на пријател и добијте ја на вистинскиот начин. Иако можеби ќе чувствувате потреба да му докажете на светот дека не сте доживеале неуспех, ова е лоша идеја.rn

    2. Заглавување во минатото

    rnНемојте постојано да ја слушате „вашата заедничка песна“. Ова воопшто нема да ви помогне и само ќе ви го влоши расположението. Одберете нова песна. Направете ја ваша химна. Можеби не треба да бидете драматични и да уништувате, но сепак е добро да се ослободите од нештата што ве потсетуваат на поранешниот партнер.rn

    3. Се обидувате да останете „само пријатели за секс“

    rnМожеби мислите дека од сексот со бившиот има само придобивки. Сепак ве познава и знае што сакате и со него ќе се чувствувате подобро отколку по секс за една вечер. Но, ова размислување е погрешно. Ова ново пријателство нема да заврши добро.rn

    4. Обвинување

    rnПостојаното обвинување на бившиот или на самите себе е само трошење време. Секоја врска ве научила на нешто и ве направила подобра личност за наредната. Размислете за она што сте го научиле, како сте се промениле и бидете благодарни за искуството. Оваа врска само ве доближила до љубовта што навистина ја заслужувате. Засега фокусирајте се на закрепнувањето.rn

    5. Намалување на болката

    rnВажно е да сфатите дека навистина треба да го почувствувате очајот за да се ослободите од него. Интересно е што вашата физиологија природно ве штити. Ограничени сте само на искуството со коешто можете да се справите во тој момент. Тоа значи дека употребувањето други средства за намалување на болката како алкохол, дрога, па дури и врска за преболување, ќе го забават неопходното лекување. Искористете ги природните ендорфини во вашето тело на здрав начин наместо да ја продолжувате болката избегнувајќи ја.rnrnДознајте и кои се 4-те фази на раскинувањето.

  • 15 начини да бидете подобра личност

    15 начини да бидете подобра личност

    Не е потребно многу за да бидете подобра личност. Сè што ви треба се малку труд, храброст и сочувствителност за да направите некој да се чувствува посебно и важно. На овој начин не само што ќе бидете подобри, туку и ќе се чувствувате подобро во врска со себе.rnrn15 начини да бидете подобра личностrn

    1. Поставете пример за децата

    rnНема потреба да бидете родител или наставник за да го пренесете вашето знаење на малите. Волонтирајте да бидете поголем брат или сестра на некое дете. Одете во училишта и споделете ги вашите искуства, разговарајте за вашата работа и научете ги децата на некои вештини. Покажете им на малите како изгледа да бидат добра личност во надворешниот свет.rn

    2. Помогнете им на оние на кои им треба помош најмногу

    rnВолонтирајте и разубавете им го денот на помалку среќните. Подгответе оброци за бездомниците, донирајте во добротворни организации, однесете ги предметите и облеката што не ги користите во дом за сираци.rn

    3. Изненадете ги саканите со охрабрувачки пораки

    rnНапишаните охрабрувачки зборови можат да бидат исто толку моќни колку и кажаните. Оставете порака во нечиј ручек. Напишете порака на нечиј автомобил. Дајте му комплимент на некого со порака или имејл. Овој едноставен гест може навистина да го разубави нечиј ден.rn

    4. Оставете подароци за странци

    rnВметнете слатки пораки во книгите што сте ги позајмиле. Оставете чадор на јавно место додека врне, на некој сигурно ќе му треба. Оставете обележена ужина за некого. За да бидете добри не мора секогаш другите да знаат дека сте направиле нешто. Понекогаш треба да останете анонимни.rn

    5. Заменете ги грубите зборови со добри

    rnНеучтивоста може да дојде од странците на улица, но и од најсаканите. Луѓето кажуваат нешта што некогаш звучат како навреда, а понекогаш го прават тоа намерно. Кога ќе се случи ова наместо да возвратите со грубост, кажете некој комплимент.rnrn15 начини да бидете подобра личностrn

    6. Ослободете го вашето место во автобус

    rnПокажувањето добрина значи да им помагате на другите. Ова не мора да биде спасување живот, доволно се учтиви дела и постапки што помагаат. Понекогаш доволно е само да го ослободите вашето место во автобус на некој изнемоштен или постар. Помислете и на другите. Вашата мала неудобност не се ни споредува со радоста што ќе ја почувствува другата личност.rn

    7. Престанете да се жалите

    rnИнтернетот ни дава одлична можност да се жалиме за нашите животи. Обидете се да му одолеете на ова искушение. Наместо тоа користете го Интернетот и социјалните мрежи за ширење позитивност. Ако се случило нешто лошо и сакате да го споделите, кажете и некоја шега со тоа. На овој начин другите ќе видат колку добро се справувате со конфликтите и ќе им биде јасно дека не сакате да ги наметнувате вашите проблеми на некој друг.rn

    8. Бидете подобри кон себе

    rnДа бидете добри кон себе е одличен начин да научите како да бидете добри со другите. Прифатете ги вашите недостатоци. Надградете се за успехот. Немојте да бидете премногу строги кога ќе направите грешка. Препознајте ја вашата вредност за да ја препознаат и другите.rn

    9. Бидете потолерантни со саканите

    rnВистина е дека луѓето кои ви се блиски полесно и почесто ве прават гневни. Да познавате некого значи да ја знаете неговата најдобра, но и најлоша страна. Постојат дури пријатели и роднини кои постојано ги нагласуваат вашите слабости и ви предизвикуваат стрес. За да останете добра личност, потребно е да покажете дополнително трпение околу нив и да научите како да не им дозволите на нивните зборови да влијаат на вас.rn

    10. Кажете „Те молам“ и „Благодарам“

    rnОвие магични зборови што сте ги научиле уште како мали би требало да ги користите целиот ваш живот на правилен начин и во правилно време. Добрината и манирите одат заедно, па користењето на овие зборови е одлично за вашиот имиџ.rnrn15 начини да бидете подобра личностrn

    11. Паметно одбирајте ги вашите битки

    rnЗа некои нешта вреди да се борите, но не мора да ја добиете секој битка. Понекогаш попаметно е да си заминете, особено кога не станува збор за нешто големо. Не само што ќе бидете поголемата личност, туку нема да ја трошите вашата енергија на лоши мисли и постапки.rn

    12. Почитувајте ги туѓите верувања

    rnЛуѓето имаат разни верувања во зависност од нивната социјална и културна позадина. Но, едно нешто е сигурно – никој не сака да му судат поради неговите верувања. Наместо да им судите, обидете се да ги разберете верувањата на другите. Можеби нема да се согласите со нив, но барем ќе знаете доволно за да го почитувате туѓото верување.rn

    13. Бидете добри и кон оние коишто не се добри кон вас

    rnЛесно е да бидете добри со оние коишто се добри кон вас. Но, кога ќе се соочите со потешка личност можеби ќе ви биде потребен потсетник. Дајте го најдоброто од себе за да бидете добри и кон овие луѓе, дури и ако не го добиете истото за возврат.rn

    14. Слушајте

    rnМоже да станува збор за едноставна порака, нудење помош, слушање… Без разлика на кој начин ќе помогнете, важна е идејата зад овие постапки. Кога сте со некој кога тој има потреба од тоа, вие му покажувате дека се грижите.rn

    15. Искажете ја добрината

    rnНема подобар начин да бидете добри од тоа да докажете дека навистина го мислите тоа. Не мора да станува збор за некој голем гест што ќе го забележат сите. Делење оброк, испраќање картичка или давање комплимент ќе ја покажат вашата добрина кон другите.rnrnПогледнете ги и фазите низ кои треба да поминете за да станете подобра личност.

  • 6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

    6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

    Непријатно е да гледате како некој плаче, без разлика дали е тоа некој пријател, член на семејството или некој непознат. Ако не можете да помогнете, сигурно нема да знаете и како да се однесувате. Уште почудна ситуација е доколку забележите како плаче некој колега на работното место и тоа може многу да ви го смени начинот на кој ја гледате оваа личност.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариераrnrnГледањето како плачат вашите колеги може да предизвика промена на вашата перцепција за нив, а на некој начин ќе ви се намали и почитта што ја имате. Постојат 6 работи кои може во голема мера да ѝ наштетат на вашата кариера, а во продолжение погледнете за што поточно станува збор.rn

    1. Плачење

    rnВеќе споменавме дека плачењето може да ви ги попречи можностите за развивање на вашата кариера, особено кај мажите. Во суштина, истражувачите заклучиле дека плачењето на јавното место, како и на работа, покажува карактеристики на ранливост, што е во спротивно со културните норми, дека мажите треба да бидат силни. Од таа причина, колегите и менаџерите може да ја загубат почитта.rn

    2. Бес и напаѓање

    rnНормално е на работното место понекогаш да се соочите со стрес кој ќе ве направи бесни и лути, но многу е важен начинот на кој ќе реагирате. Имено, доколку почнете со викање, напаѓање и целосно губење на смиреноста, вашите колеги и претпоставени ќе почнат да ве гледаат со поинакви очи. Размислете, дали е нормално вашиот шеф или колега да почнат да ги расфрлаат предметите од нивното биро само затоа што се нервозни?rn

    3. Често останување дома

    rnУште еден лесен начин да ја уништите вашата кариера е постојано да останувате дома. Секому му се случува да биде болен одвреме-навреме или да му е потребен слободен ден, но и ова има граници во кои треба да се движите. Дури и вашето работно место да ви нуди можност за работа од дома, важно е што почесто да се појавувате во канцеларијата за да ја покажете својата заинтересираност.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариераrn

    4. Не се однесувате пристојно

    rnНадворешниот изглед значи многу. Но, не само тоа, туку за вас може да зборуваат и вашите акции, па дури и начинот на кој го одржувате вашиот личен простор, што и како јадете и слично. Ако вашата работна маса е полна со трошки, што би помислиле колегите за вас? Можеби ќе помислите дека не е нивна работа да ви судат, но со тоа сигурно нема да оставите добар впечаток, а ниту пак ќе можете да очекувате унапредување.rn

    5. Го нарушувате редот и мирот на другите

    rnКога работат со повеќе луѓе во една канцеларија, луѓето треба да бидат повеќе толерантни. Но, некои колеги едноставно не ги знаат границите и постојано ги надминуваат, така што слушаат гласна музика, телефонот постојано им вибрира, зборуваат гласно со своите блиски и слично. Ова може да предизвика нервоза и фрустрација кај останатите личности, па така, кариерата не би можела да ви се искачи едно скалило погоре.rn

    6. Станувате насилници

    rnВикањето на работното место и насилното однесување не може да ви донесат ништо добро, баш напротив. Некои луѓе се обидуваат на ваков начин да добијат почит, но постигнуваат само негативни ефекти. Размислете добро како сакате да го градите вашиот професионален однос и паметно смислувајте ги вашите постапки и зборови.rnrn6 постапки со кои ја уништувате вашата кариера

  • Мажите не можат да разберат колку овие работи им се значајни на жените

    Мажите не можат да разберат колку овие работи им се значајни на жените

    Жените се познати по тоа што обрнуваат многу внимание на деталите, сакаат почит, разбирање и љубов. Покрај зборовите, многу значат и постапките кои ги прават мажите. Па, погледнете ги овие работи кои им се значајни на жените и кои тие ги ценат многу.rnrnМажите можеби не сфаќаат, но овие работи навистина им се значајни на женитеrnrn1. Не доцни на состаноци и никогаш не ве остава да чекате.rnrn2. Јасен е при изразување на своите чувства и не игра никакви игри.rnrn3. Зборува правилно, наместо да користи некои зборови кои се користат при текстуалната комуникација.rnrn4. Ве претставува како негова девојка кога ве запознава со нови луѓе.rnrn5. Има вистински морали – тој е против лажење, изневерување или крадење.rnrn6. Кога ќе ви вети нешто, тоа и го исполнува.rnrn7. Не ги навредува вашите родители или пријатели.rnrn8. Не го проверува неговиот телефон додека зборувате.rnrn9. Не ве става во непријатни ситуации пред неговите пријатели или семејството.rnrn10. Ви прави услуга, без притоа да очекува нешто за возврат.rnrn11. Никогаш не флертува со други жени пред вас, ниту пак зад вашиот грб.rnrn12. Секогаш ви се заблагодарува кога ќе направите нешто за него.rnrn13. Ви ја нуди неговата јакна кога ви е студено.rnrn14. Секогаш ви ја кажува вистината, иако можеби ви е тешко да ја слушнете.rnrn15. Се нуди да ја плати (или барем да ја поделите) сметката кога сте излезени.rnrnМажите можеби не сфаќаат, но овие работи навистина им се значајни на женитеrnrn16. Се извинува кога ќе направи грешка, наместо да ги обвинува другите околу него.rnrn17. Им отстапува место на постари лица или бремени жени.rnrn18. Често прашува за вашите родители.rnrn19. Тој ви дава вистински комплименти.rnrn20. Учтив е со непознатите, како на пример со келнерот во ресторан или возачот во такси.rnrn21. Ви отвора врати.rnrn22. Чува за вас вишок работи во неговата бања кои може да ги користите.rnrn23. Кога му се јавувате, одговара на телефон, наместо да ви пише СМС порака.rnrn24. Внимава на деталите.rnrn25. Не им придава значење на некои неважни работи.rnrn26. Се грижи за својот изглед, но не е опседнат со него.rnrn27. Удобно се чувствува со неговата женствена страна.rnrn28. Секогаш вози одговорно.rnrn29. Помни значајни датуми и настани.rnrn30. Се тушира пред да бидете интимни.rnrnМажите можеби не сфаќаат, но овие работи навистина им се значајни на женитеrnrn31. Секогаш кога ќе остане подоцна на работа, ви се јавува за да ве извести за тоа.rnrn32. Наместо да ви наредува, учтиво ве замолува да направите нешто за него.rnrn33. Неговата брада, гениталиите и ноктите секогаш се средени.rnrn34. Не му е страв, ниту срам да ја покаже својата романтична страна.rnrn35. Секогаш ве прашува како ви поминал денот.rnrn36. Никогаш не ве притиска да направите нешто што не ви е пријатно.rnrn37. Го составува неговиот дневен распоред така што ќе има време и за вас.rnrn38. Се нуди да ве одведе некаде каде што треба да отидете.rnrn39. Никогаш не се однесува кон вас на понижувачки начин.rnrn40. Кога вашата врска станува официјална, тој ги брише сите апликации за состанување.rnrn41. Ве бакнува на рацете и челото.rnrn42. Не зјапа во вашето деколте додека зборувате.rnrn43. Тој е посветен и вреден работник.rnrn44. Тој не испушта гасови во несоодветни моменти.rnrn45. Никогаш не ви испраќа непријатни фотографии.rnrnМажите можеби не сфаќаат, но овие работи навистина им се значајни на женитеrnrn46. Кога е лут, не дозволува нештата да излезат надвор од контрола.rnrn47. Ви ја држи раката во јавност.rnrn48. Тој е ваше рамо за плачење секогаш кога сте вознемирени.rnrn49. Секогаш ве слуша кога ќе му кажете „не“.rnrn50. Без разлика на приликите, тој кон вас се однесува само со почит.rnrnМомци, освен ова, погледнете кој е најдобриот комплимент што можете да ѝ го упатите на една жена!

  • 5-минутна здрава навика: Масирајте ги вашите уши и добијте повеќе енергија

    5-минутна здрава навика: Масирајте ги вашите уши и добијте повеќе енергија

    Кога луѓето се премногу зафатени и немаат време за одмор, тие најчесто како лек за заморот посегнуваат по кафето. Но, доколку сакате да го намалите внесувањето на кофеин, постои подобар начин за опуштање. Станува збор за масирање на ушите. Иако ви звучи чудно, масирањето на ушите е практика која со векови се практикува во традиционалната кинеска медицина. Па, наредниот пат кога ќе се почувствувате уморно после ручекот, ставете ги заедно палецот и показалецот и нежно тријте ушите.rnrnПетминутна здрава навика: Масирајте ги вашите уши и добијте повеќе енергијаrn

    Зошто функционира тоа?

    rnИсточната медицина вели: Тоа предизвикува енергијата да тече низ вашите меридијани (исто така познати како енергетски канали во вашето тело). Западната медицина вели: Тоа ги стимулира рефлексните центри во мозокот затоа што ушите се преполни со нервни завршетоци. Па, зошто да не? Погледнете кои чекори ги опфаќа оваа постапка.rn

    Постапка за масажа на ушите

    rnЧекор 1: Наместете се удобно. Седнете во удобна положба, или легнете ако имате можност за тоа. Тргнете ја косата подалеку од вашите уши и започнете со нежно масирање, почнувајќи од ушните ресички, па сè до врвот кој ги допира вашите слепоочници. Истовремено со прстите масирајте го и скалпот.rnrnЧекор 2: За да се ослободите од напнатоста и да си помогнете во лекување на главата и вратот, нежно притиснете ги вашите меки, меснати делови од ушите, помеѓу палците и првите два прста. Движете се кон рамената, лактите, зглобовите, стапалата и глуждовите, фокусирајќи се на масажата по должината на рабовите на ушите, така што нежно ќе ги притискате.rnrnЧекор 3: Нежно притиснете ги со палците наборите на вашето надворешно уво и масирајте со кружни движења. Надворешните делови на ушите се поврзани со вратот, колковите, колената, долниот дел на грбот и карлицата.rnrnЧекор 4: За масирање на внатрешниот орган, што ќе ви помогне да го контролирате гладот, ставете ги палците во центарот на увото, но не директно во ушните канали. Масирајте така што нежно ќе притискате и фокусирајте се на различни точки во центарот на увото.rnrnЧекор 5: Ставете ги палците во центарот на вашите уши и лесно повлечете ги нагоре кон косата. Додека го правите ова, масирајте со кружни движења.rnrnЗавршете ја оваа масажа така што ќе ги покриете ушите со дланките на рацете. Движете ги рацете во кругови и масирајте го скалпот додека се релаксирате.

  • Астрологијата ја открива тајната за освојување на секој хороскопски знак

    Астрологијата ја открива тајната за освојување на секој хороскопски знак

    Некои личности е потешко да ги придобиете, особено ако не ги познавате доволно за да знаете што сакаат, а што не. Наместо да правите работи кои му се одбивни на момчето што ви се допаѓа, хороскопскиот знак може да ви помогне со некои едноставни совети. Пронајдете го неговиот знак и погледнете што треба да правите доколку сакате оној по кој копнеете да биде ваш.rnrnЕве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момчеrn

    Овен

    rnПрестанете да му испраќате пораки за флертување. Не му кажувајте дека ви недостига, ако не планирате состанок. Погледнете го во очи и кажете му да ве одведе во кино. Да, гледајте го директно во очи, затоа што за Овенот ништо не е посекси.rn

    Бик

    rnКупете му подарок, а тоа нека биде нешто мало, како на пример неговото омилено чоколадо, приврзок или маска за телефон во неговата омилена боја, кое ќе му покаже дека внимавате на него. Тоа ќе направи да сфати колку е среќен што покрај себе има некој како вас.rn

    Близнаци

    rnКористете го вашиот талент како ваша предност. Ако свирите на некој инструмент, поканете го да ја гледа вашата изведба. Ако обожавате да пишувате, испратете му некој ваша приказна. Ако пеете, однесете го на караоке забава. Дозволете му да ве види какви сте додека сте во акција.rn

    Рак

    rnРаковите сакаат љубов. Ако тој е сингл, тогаш најверојатно сака да биде во љубовна врска. Токму затоа, треба да му кажете дека би бил одличен дечко, дека секоја девојка би била среќна кога би го имала и дека вие би сакале да имате покрај себе некој како него.rn

    Лав

    rnЛавовите сакаат да се чувствуваат привлечно. Затоа, на овие личности треба да им доделувате комплименти за нивниот физички изглед. Кажете им колку секси мускули имаат и колку убаво им прилега сината боја. Јасно дајте им до знаење дека сексуално ве привлекуваат.rn

    Девица

    rnДевиците се срамежливи, па затоа вие треба да го направите првиот чекор. Но, внимавајте да не претерате и да направите нешто со што ќе го исплашите. Тоа значи дека не би требало да го поканите во вашиот нов стан и веднаш да го однесете во вашата спална соба. Започнете со поедноставно дружење во некое кафуле или ресторан.rnrnЕве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момчеrn

    Вага

    rnЛичностите родени во знакот Вага се активни и сакаат активности на отворено, па затоа овие момчиња треба да ги поканите на трчање или пак, едноставно да прошетате на отворено. Додека шетате низ паркот, може да споделувате некои работи за себе и да се запознаете подобро. Колку повеќе време ќе поминувате заедно, толку побргу тој ќе сфати дека вие сте девојката за него.rn

    Скорпија

    rnБакнете го. Иако ова може да ви звучи како драстичен потег, сепак, тоа ќе ви даде задоволителни резултати. Скорпиите не се заинтересирани да разговараат за своите чувства или за љубовните врски. Тие повеќе се под влијание од постапките, отколку од зборовите. Па, ако го сакате, покажете му го тоа!rn

    Стрелец

    rnОвие личности се нестрпливи, па не треба да чекате многу долго за да го направите првиот потег. Поканете го да гледате филм заедно, а доколку не сте подготвени за бакнеж, барем потпрете се на неговото рамо, за да му покажете дека сте заинтересирани за него.rn

    Јарец

    rnЛичностите родени во знакот Јарец се независни, па затоа, внимавајте да не ги гушите премногу. Кога ќе го поканите да излезете, однесувајте се обично. Кога му пишувате пораки, не праќајте му десетина по ред. Дајте му простор да дише, за да не почне да се гуши, па да избега од вас.rn

    Водолија

    rnВодолиите уживаат во големи, романтични гестови. Па, откако ќе се запознаете со него, напишете му песна. Научете да ја свирите на гитара неговата омилена песна. Направете нешто лудо само за него.rn

    Риби

    rnРибите се социјални личности, што значи дека тој најверојатно има многу пријателки. Затоа, треба да му покажете дека вашите намери не се само пријателски, туку дека флертувате. Ако не направите вашите чувства да изгледаат очигледни, тогаш никогаш нема да го придобиете.rnrnЕве што треба да направите според неговиот хороскопски знак, за тој да ви стане момче

  • 11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

    11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу вас

    Многу често со некои од вашите секојдневни навики ги нервирате оние околу вас, а во посериозни ситуации тие може да се оддалечат, па дури и да ви се налутат. Ако сте загрижени дека не оставате добар впечаток, тогаш треба да ги анализирате своите постапки и да сфатите што не е во ред. Доколку самите не можете да го направите ова, побарајте помош од вашите пријатели кои ќе ви посочат кои се вашите навики што ги иритираат. Потоа, сѐ повеќе обрнувајте внимание на тие постапки и трудете се да ги отстраните од вашето секојдневие. Покрај другото, постојат и многу лоши навики што ги практикуваат поголем дел од луѓето, а еве дел од нив на кои треба да внимавате.rnrn11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу васrn

    1. Зборувате испрекинато, со поголеми паузи помеѓу зборовите

    rnНа пример, започнувате да раскажувате некое случување и сите едвај чекаат да го слушнат крајот, но тогаш вие ќе почнете да ги испрекинувате речениците постојано велејќи „Хм“, „Па…“ Ова навистина може да ги иритира слушателите, при што не само што ќе им го одвлече вниманието, туку исто така може да направи да изгледате и неспособни за раскажување. Во вакви случаи не плашете се да паузирате еднаш и да ги средите вашите мисли.rn

    2. Ги прекинувате другите додека зборуваат

    rnЛуѓето се нервираат кога некој ќе им навлезе во зборувањето и ќе ги прекине. Иако можеби сте возбудени и вие да го споделите вашето искуство, сепак, почекајте да заврши соговорникот. Ако несвесно го направите тоа, тогаш учтиво извинете се. На овој начин полека ќе успеете да ја отфрлите оваа лоша навика.rn

    3. Постојано се жалите

    rnСекој може да се пожали од лошото време, дека е уморен, дека има главоболка и уште многу други работи. Но, прекумерното жалење може да ги нервира оние околу вас, затоа што така оставате впечаток на личност која е фокусирана само на негативните работи. Прифатете ги секојдневните проблеми и продолжете понатаму, а вашите жалби чувајте ги за кога тоа навистина ќе вреди.rn

    4. Гледате во телефонот

    rnВо денешно време вистинска реткост е да излезете со вашите пријатели и притоа никој да не гледа во телефонот. Напротив, тоа изгледа како нешто нормално што сите го прават. Но, имајте предвид дека кога гледате во телефонот вие покажувате дека не сте целосно присутни во тој момент, а во зависност од ситуацијата, тоа може да ги нервира оние околу вас.rnrn11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу васrn

    5. Ставате точка на крајот од пораката

    rnАко мислевте дека завршувањето на пораката со точка изгледа малку сериозно и страшно, тогаш сте во право. Една студија објавена во списанието „Компјутерите во човековото однесување“, покажува дека кога ја завршувате реченицата на крајот во пораката со точка, изгледате помалку искрени. Па, ако се допишувате со вашите пријатели или партнерот, користете барем неколку емотикони, со што сигурно ќе им олесните.rn

    6. Ги откажувате плановите во последна минута

    rnИако можеби мислите дека не е ништо страшно ако го промените планот во последна минута, сепак, ова е уште една навика што ги нервира оние околу вас, особено ако со тоа се променат и многу нивни планови. Ако честопати го правите ова, вашите пријатели ќе имаат мислење дека вие сте несигурна личност.rn

    7. Не слушате додека другите ви зборуваат

    rnМожеби ќе гледате во својот телефон или пак едноставно ќе размислувате што да кажете наредниот момент, па кога ќе треба да им одговорите, вие нема да знаете како да го направите тоа, при што ќе биде јасно дека не сте го слушале разговорот.rn

    8. Ја префрлувате вината на некој друг

    rnПотребно е храброст за да признаете кога грешите, а токму тоа е и причината што многумина имаат навика да ја префрлаат вината на некој друг. Оваа навика ги нервира останатите околу вас, па трудете се да ја промените што побрзо. Признајте ги вашите грешки, размислете како можете да ги поправите и спречете истите да се случат повторно. Така ќе добиете и поголема почит од другите.rnrn11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу васrn

    9. Остварувате лош контакт со очите

    rnМожеби звучи чудно, но контактот со очите во некои ситуации може да ги изнервира другите. Можеби го правите тоа премногу често и нападно, или пак воопшто не погледнувате во луѓето. Како и да е, погрешниот контакт со очите не е добра навика, затоа, обидете се да најдете златна средина.rn

    10. Ветувате нешто што немате намера да го исполните

    rnНе правете планови за вашата идна кафе средба кога добро знаете дека таа никогаш нема да се оствари. Во ред е понекогаш да бидете учтиви, но, не дозволувајте овие лажни планови да ви станат навика. Па, размислете два пати пред да ветите нешто, затоа што последиците од неговото прекршување некогаш може да бидат непоправливи.rn

    11. Пишувате скромни изјави на социјалните мрежи, а всушност сте горди и сакате да привлечете повеќе внимание

    rnГорди сте што сте си поминале прекрасно со партнерот на вашиот одмор од соништата и сакате да го споделите тоа на социјалните мрежи, но во описот додавате: „Многу сме уморни, станавме во 5 часот наутро“, со цел да изгледате малку скромно. Вашите пријатели ја сфаќаат пораката, а оваа навика само може да ги изнервира.rnrn11 работи што ги правите несвесно, а ги нервираат оние околу васrnrnДоколку и вие се пронајдовте во овие лоши секојдневни навики, трудете се да ги избегнувате, па нема да ги нервирате луѓето околу вас и ќе оставите впечаток на подобра личност.

  • Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и да се прифатите во целост

    Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и да се прифатите во целост

    „Совршеноста е постигната, не кога нема што да се додаде, туку кога нема што да се одземе.“ – Антоан де Сент Егзипери

    rnМожете да ја откриете тајната на привлечноста доколку станете свесни за своите мисли и емоции и се прифатите онакви какви што сте. За да го достигнете ова, треба да бидете личен извор на позитивни емоции и размислување, а не да очекувате некој друг да го направи тоа за вас. Треба постојано да работите на овој ментален концепт преку континуирано оценување на својата личност и на своите постапки. Но, најглавно од сè е да го отстраните чувството дека не сте доволно добри.rnrn(4) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себеrnrnЕдно истражување посветено на привлечноста кај луѓето, покажува дека жените кои се свесни за себеси и своите особини им се многу попривлечни на мажите, додека помеѓу мажите, се издвојуваат оние кои се способни да бидат присутни со умот „овде и сега“, а не да се навраќаат во минатото или со мислите да патуваат во иднината. Притоа многу е важно да не постои осудување и премерување на емоциите кои се развиваат во секој од нас. Кога сте свесни за себеси, тогаш не размислувате што останатите луѓе мислат за вас. За да се отстранат непотребните слоеви кои можат да ја покријат вашата уникатност, можете да се повикате на дефиницијата за принципот Парето. Овој принцип посочува дека 80% од нашите резултати доаѓаат од 20% од причинителите. Па така, наместо да се фокусирате на целосна промена на вашиот живот, обидете се да се сконцентрирате на 20% од работите и луѓето кои влијаат врз вашиот развој.rnrn(2) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себеrnrnНа пример, доколку сте свесни за тоа како изгледате и знаете дека поседувате одредени недостатоци, не се фокусирајте на нивно прикривање со шминка или облека, туку работете на себеси да се прифатите онакви какви што сте. Колку и да изгледате беспрекорно и прекрасно, доколку не сте свесни за тоа, секогаш ќе наоѓате нешто што нема да ви се допаѓа и нема да можете да се видите во своето вистинско издание. тоа ќе ја намали вашата самодоверба и ќе стави бариера меѓу вас и околината. Доколку сте оптоварени единствено со својот физички изглед и со негово доведување до совршенство, може да дојде ден кога навистина ќе се разочарате. Вие треба да работите на својот изглед, но за вас самите, а не затоа што завидувате некому. rnrnСосема е во ред доколку имате некоја личност со која сакате да се споредувате и таа да ви претставува одредена мотивација да одите напред, но сепак вие треба да си поставите свои цели и да го следите својот пат. Единствено на тој начин ќе бидете целосно исполнети. Друг пример е што многу луѓе се обидуваат да ја најдат својата лична среќа во љубовните врски. Сличните умови се привлекуваат, но не можете да очекувате од вашиот партнер да ја преземе вашата одговорност за личната среќа. Многу често се случува луѓето да речат: „Конечно најдов некој, сега можам да бидам среќен/среќна“, но на крајот ќе откријат дека среќата лежи во самите нив.rnrn(3) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себеrnrnТреба да научите да се ослободите од потребата за нешто или некого, за да ја достигнете личната среќа. Мора да сфатите дека вашето вистинско „јас“ е полно со позитивни емоции и преку прифаќањето на околината и на луѓето и целосната отвореност кон нив, тоа се доживува како екстремно позитивна енергија којашто ги привлекува луѓето кон вас. Замислете си да имате некој до вас, кој нема строги правила, не ве осудува, но е забавен и прекрасен? Во таков случај луѓето се ослободуваат бидејќи немаат страв дека некој ќе ги суди за нивните постапки. Сфатете дека светот станува ваша рефлексија.rnrn(5) Привлечноста не значи да бидете убави, туку да бидете свои и свесни за себеrnrnВие сте личноста која е свесна за себеси. Сè останато, вашето минато, вашата работа, карактер и другите физички и ментални аспекти се само дел од вашата свесност. Вие сте свесноста која е свесна за „искуствата“ во вашиот живот. Искуствата се како звук, а свесноста е тишината од која што произлегува звукот. Без тишината, тој нема да постои, но нема да има ниту тишина без звук. Без свеста за себеси не можете да имате емоции и мисли, затоа што вие сте оние кои се свесни за нив. Прифаќајќи се со сите доблести и недостатоци, вие се полните со позитивни емоции, кои ги одразувате на околината. Затоа луѓето кои си се сакаат себеси и не се осудуваат ниту самите, ниту околината, се вистински магнет за останатите.